|
Кој е всушност... другарот Заев ? |
Внеси реплика | страница <1234 28> |
Автор | ||
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Слуша само тоа што му одговара... Ете тој е Заев ,,, Профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ со име „Ел Чека“, веќе неколку дена споделува некои прислушувани материјали или т.н. „бомби“, кои датираат од периодот од 2008 до 2015 година, период во кој тајната полиција нелегално прислушувала илјадници граѓани, а подоцна дел од тие разговори беа објавени од поранешниот опозициски лидер Зоран Заев. Во овие разговори се слушаат функционери на ДУИ кои разговараат меѓу себе, меѓутоа има и разговори меѓу нив и претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, со кои тогаш беа на власт, известува „Порталб.мк“. Од Министерството за внатрешни работи, велат дека во координација со Јавното обвинителство ги преземаат сите неопходни мерки за расчистување на случајот со поставувањето снимки од прислушуваните разговори во социјалната мрежа „Фејсбук“. „Констатирано е кој стои зад профилот на „Фејсбук“, од каде се поставени овие содржини и за тоа е известено Обвинителството. Исто така, е известена и социјалната мрежа „Фејсбук“. По целосното разјаснување на случајот, МВР ќе поднесе кривична пријава против сторителот и соодветно ќе ја информира јавноста”, се вели во соопштението на МВР. Премиерот Зоран Заев денес рече дека не ги слушнал објавените прислушувани разговори во последните неколку дена во социјалните мрежи. Заев се воздржа од нивно коментирање, додавајќи дека истражните органи треба сериозно да поработат на случајот. „Прислушуваните разговори не влијаат на односите со ДУИ, и кој и да ги објавува треба да знае дека, со Договорот од Пржино, опозицијата ги предаде прислушуваните разговори во СЈО и дека нивното објавување е забрането”, рече Заев, додавајќи дека не ја негира можноста прислушувани разговори да има и трета страна, бидејќи според него, опозицијата поседувала само една третина од прислушуваниот материјал во УБК. ДУИ бараат одговорност од надлежните органи, бидејќи според нив, истото се повторува постојано, но никој не се казнува. „Обвинителството, Министерството за внатрешни работи, Дирекцијата за заштита на личните податоци, да се ангажираат бидејќи гледаме постојано повторување уште од 2015 година, без никакви конкретни резултати, секогаш со идентификација на проблемот, но не и решение. Мислам дека одговорноста треба да се бара од сите овие институции, бидејќи вака не може да се развие општеството и не може да се функционира со такви методи на дејствување, какви што не можеме да видиме никаде во светот. ДУИ е постојано дел на напади од страна на одредени групи било со пропаганда, лажни вести или други начини и секогаш триумфирал во сите овие процеси, бидејќи гледаме дека ниту еден криминал, корупција не се документира од сите овие напори”, вели за „Порталб.мк“, пратеникот на ДУИ Артан Груби. |
||
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Премиер со најмногу слободни денови!
|
||
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Заев: Ако Пендаровски загуби од Силјановска ќе има избориПремиерот Зоран Заев остави простор за предвремени парламентарни избори, но само доколку кандидатот на СДСМ и владеачката коалиција Стево Пендаровски загуби од опозицискиот – Гордана Силјановска Давкова. Ваков дуел се најавува на 27 април, односно на 7 мај за кога се закажани следните претседателски избори. – Ако кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски, загуби на претстојните претседателски избори од кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска, ќе се распишат предвремени парламентарни избори, изјави Заев, според кого СДСМ се уште водела пред ВМРО-ДПМНЕ, но со мала разлика. Заев ги најави законите за социјална помош и за социјална пензија, но стравува дека за нивно донесување во Собранието ќе треба повеќе време затоа што претстојат претседателските избори, а и можно е шефот на државата Ѓорѓе Иванов да не ги потпише, односно да ги врати на повторно гласање. – Ако не наскоро, тогаш се надевам дека ќе се стигне до почетокот на мај – рече Заев пред новинарите. Додаде дека не очекува од Иванов да амнестира некого пред да си замине од својата функција, затоа што, како што вели тој, не постои законска можност за тоа. – Не постои таков случај за кој ќе има таква можност. Се знае кога претседателот или министерството за правда тоа можат да го сторат. Оние што беа амнестирани добија таква можност со посебен закон кој го донесовме во инклузивен процес – наведе шефот на македонската Влада. Извор:kurir.mk |
||
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Заев без маска меѓу маскираните – сакаме преговори со ЕУ
Време е! Нека почне Струмичкиот карневал“, објави кралот и почна карневалот. Кралската свита, во која беа принцот и принцезата, придружувани од Струмичките мажуретки и Блек оркестарот на Струмица, кои со неформалната химна на градот „Под кулите на Струмица“, го означија почетокот на уште еден голем струмички карневал. Премиерот Зоран Заев на Струмичкиот карневал симболично побара преговори за членство со Европската Унија. На парадата на карневалските маски која се движи низ центарот на градот, после настапот на една група со наслов „Чекор напред“ во која маскираните играа со сите знамиња на земји на ЕУ плус македонското, излегоа Заев, евроамбасадорот Самуел Жбогар и министерот за надворешни работи Никола Димитров да се фотографираат. На прашање на водителкaта што им значела маската, Заев рече „сакаме преговори со ЕУ“. своите настапи и со своите креации. |
||
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Секој треба да знае зошто се прави 8-ми март на 9-ти март, жената не го заслужува само вчерашниот ден туку сите останати денови. Нашите маршови не се за славење туку за борба за жените и девојките. Ќе маршираме се додека не ја стасаме нашата цел – Единство Можеме, истакна денеска премиерот Зоран Заев по традиционалниот марш за денот на жената. „Да ставиме крај на сиромаштијата, да обезбедиме здрав живот и благосостојба за сите, да овозможиме инклузивно и еднакво квалитетно образование за секого, за родова еднаквост и охрабрување на жените, еднакви шанси за вработување и пристојна и еднаква плата. Ние сме Социјалдемократи и успеавме во отстварување на големи цели, светот ги препозна нашите успеси.
Премиерот и го честита денот и на кандидатката за претседател од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Силјановска Давкова велејќи дека рамноправно ќе му ја честита победата на Стево Пендаровски на 5-ти мај.
|
||
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Силјановска до Заев: Надвор сум од концептот во кој работа има само за децата на вашите функционериОбјавено пред 5 часа - 18 февруари, 2019Од МакфаксКандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, се огласи на својот профил на „Фејсбук“ кога премиерот Зоран Заев изјавидека таа е спротивност на концептот на едно општество за сите. „На навредите и етикетите кон мене им се придружи и премиерот. И морам да кажам дека се согласувам со него дека сум надвор од неговиот концепт за живот. Јас сум надвор од неговиот концепт на живот во кој работа има само за децата на неговите министри и владини функционери. Надвор сум од неговиот концепт за живот во кој тендери има само за неговите соработници, пријатели, роднини и партиски другари. Не сакам да бидам дел од концептот во кој живеењето значи од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да исчезнат 19 милиони и никој да не одговара. Да, јас сум надвор од моралните норми во кои во сообраќајна несреќа загинаа 15 луѓе, а никој не презеде политичка одговорност за трагедијата“, напиша Силјановска. |
||
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Тој веќе не е другар, господин па ич
туку е само едно суштество што оди на две нозе и наместо глава ...носи црпка.... Отаде и прекарот ...црпнат !
|
||
Zelenikovo
Сениор Регистриран: 16.Јуни.2018 Статус: Офлајн Поени: 809 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
некој вели Зајко си го купил премиерското столче, мислејќи претседателското во партијата, јас би рекол тоа било спремано за него бар како го истураа напред во минатото а во услови кога го снема Шема а друг погласен немаше освен Зајко, дури тоа партиската снимка дека ќе канибалисуваат неистомисленици ко да беше намерно пуштена во јавност за да се мобилизира подмладок дека ете и по Банко има Банко и дека ќе се врателе од 10 годишен нокаут, ете ги со евроатлански судии кревајќи им и гард и тупаници за нив додека имаа натегнато канвас шорцеви, сега му помагаа на Македонскиот Народ да му става венци во Устав, а натака сигурно ќе крунисаат за Претседник но како и Банко треба изгледа мандат два за да не биде очигледно дека е апла инкубиран месонски бот, за што заради нетранспаретност само можеме да претпоставуваме [1] или насетуваме меѓу редои [2] илити сконтаме каков табиет и говор на тело имал пред и после седнувањето на капетанското столче на левучарската флотила [3] како тогаш не се кезеше ко сега сеуште не бил инаугуриран, бреј ги учипуваат сите потенцијални удбалитичари и без да знаат или сакаат, иако некои навидум закаснето ретерираат бидејќи ги освестиле отповеќе дека не е само пенкалото во прашање туку енергии дрмале во позадина [4] туку фул ми нот, може ли некој да каже колку тежи кланот на Заев, Зајко пријавил дека неговиот џеб за екс градоначалник не е многу длабок [1] но не ае срами да каже дека тоа има и систем на врзани џебои во позадина: "тоа е на берза купување акции и знам дека таму сме малцински партнер, дел од компаниите на моето семејство, изјави Заев вчера" [2][2] бреј 700к, треба може да има ставка и за имотот на поблиската фамилија, иако новинарски до тие информации лесно би требало да се дојде преку цдхв, само што ќе немаат право да фи објавуваат јавно па затоа и пожелна е ваква антикорупциска норма, онака не само својот и семјниот туку и фамилијарниот капитал да биде на ачик ... знаејќи дека елитизмот генерира коруптивност, друг битен а корисен момент како норма би било да членство во тајни здруженија како масонските бидне забрането за политичари освен ако 100% не се отворени таквите дувла на удбалитичари и аристократија, просто да мора да пријави политичарот во кои се здруженија е член а доколку некое од тие здруженија нема за јавност на ачик се' во врска своето функционирање да не може нивен член да бидне изборно биран за Народен Претставник или пак да биде член на политичка партија, бидејќи ако си тераат вака ко до сега и понатака не е далеку од памњт да си продолжат удбалитичарите да експериментираат со својот Народ и Држава како да се заморски глувци во нечии туѓи агенди, чунки така бар потешко ќе им биде на месоните да ги учипуваат или им вртат водата на своја воденица, хм, сега во еу пристапно ова би поминало само во престапно столетие ... |
||
Zelenikovo
Сениор Регистриран: 16.Јуни.2018 Статус: Офлајн Поени: 809 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
да се оправдам за бош-тастер, не ми делел мене туку на новинарките ИМ делел ПетритА парфемчиња, може некоја чува примерок да видиме што имало внатре освен мирисот, но Заев гарантирам не е толку оригинален, којзнае може ќе бидне, ето нека го советуе Банко кој бил редовен гостин на денс забави кај Аме, бар така разбрав за малку и јас не завршив на тој бал 90-ти, туку што им требаше предреферендумски толку пари на концертен-агитпроп за отанизација да потрошат [1] наместо сега да си празнуваа, ќе да си велеа со време да се израдуваат ко случајно грчките удбалитичари кикснат, а сега пак ако истиот филм го етат ќе губат поени предизборно, па топтан после избори јасно прештимани ќе си се опѕштат ко што треба, може и да одложат за да ушпараат за отворањето на целофанот оџ евроболшевичката бомбоњера, ќе стигнат ли некогаш бомбони да лапаат, или рокот и е пред истекување битно брзаат бар малку прсти да чоколадираат, е тоа личи на Заев доволно амбициозен глобалист за да и кога рокот и истече гинубедува сите колку нема да ги боли стомак ако продолжат од федералното пакување да јадат, нормал него го прејале со време па сега сеисто му е каква ќе иде бомбоњерата, битно да се лапа, макар немале свое јас ко што на Народ тука му беше АСНОМнкако земен идеал ... бар чесно е што сите при очи улави ги прават користејќи ја Смиреноумноста на Македонскиот Народ кој знае дека цел овој свет е минлив, а во кој некогап ако сме биле на врвот сега ете стигнавме и до дното, фората ќе биде пак да тераме нагоре, но тоа значи на злото да му враќаме со зло а така ексик од земен идеал ако го загинеме Духоносниот кој како Православно Христијански не познава за страдање кое не можеме да го истрпиме заради Христа а Господ знае колку ни е дадено та нема ни да не остави и заборави, јасно ако сме Искрени а не декларативни Христијани тоа ќе биде измолено и побрзо за да заврши, но убаво е да се потсетуваме постојан дека Господ не дозволува да се случи зло ако со тоа зло не се поништи поголемо зло ... ... вака видено ако Зајко не ви чини кузнај што ќе беше за него супститут туркан од меснските агенди на евроатланските детерминисти, нивниот есап нема демократски аршин, затоа ко залетани таму без друг грб бидете среќни што не ве потепале инстант, само ви ја исполнија желбата виа зајковци да станете дел од нивниот матрикс, бидејќи самите тоа сте им го парафирале изборно на самите ваши удбалитичари во многу циклуси, не се жалите и трпете чекајте да видите за какви мед&млеко станувало збор бидејќи Зајко е тој кој го дал, може ќе успее да се оправда за цела уставна касапана, но токму и да кренете на 5000к а не 500к просечна плата баш тогаш кога се' ќе имате анационално ресетирана чест како материјалисти најмногу и ќе ве здоболи, но како велат ако у е орсирана како центрифуга на региони, а така вие си стане малцинство ко Македонци во СеМ па и нема да биде толку болно ова ерга-омнес харикири, ќе бидете ко Македонските Иселеници ама по дома ќе си пѕштате вода колку е убаво што имате музеј за Изворни Ора и Песни, можеби ЗоЗа сега прв ќе земе тој момент да го обновуе, само Танец сеуште во новокомпониран објект делует, истиот оној од титоизмот само проширен и надграден за да биде транзиционо компатибилен, бидејќи нели никој не најдвит акал сега откако веќе Егејците се на шкрги во Мичурин да им ајенекоја соодветна централно музејска локација [1] уште ова заедно со јазикот ни останаа како културен спунт за Македонски Опстанок ... |
||
Zelenikovo
Сениор Регистриран: 16.Јуни.2018 Статус: Офлајн Поени: 809 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
не би ги анализирал маските на удбалитичарите бидејќи ги имаат на претек, но на денешното интервју за истакнување потенцијален дРамски претседателски кандидат на sdSSm и кога би било тоа, воочив една појава кај ЗАЈко каков е сега затегнато окезен т.е. опуштено напнат а во однос каков беше порано како клановски бизнисмен од Струмица, овој лик сега е Народен ко што беше ГРУјо пред него иако интензитетот сеуште не му е на исто ниво бар медиумско-лопатно, што е нормално бидејќи фокусот до сега им беше како револуционерен насочен надворешно политички та повеќе е меѓу евроатлански елити него меѓу Македонски Народ, но она што ми го привлече вниманието а откако деноиве чнав пак во клановскиот му бизнис сега проширен и на корпоративна марихуана, ме замисли дали не е вака чудно опуштен бидејќи може е на канабис уље, знале тој или не може му го мачкаат дома на лепче наутро, битно се носи некако со цел удбалитичарско одродувачки притисок иако ете со скоцкана насмевка веројатно освестувајќи се за сета каузалност која оди подрака преку ерга-омнес заврзламата [1">1] би му порачал сака ли да ја оправи работата нека се Воцркови пред неговите мењонски браќа не му врзат уште појака машна па после да мора ко Банко притисок да олабавуе виа белка у рум, или пак ко што тврдеше БАНко за љУБКо дека испушта пареа виа пси'терапија, релано најубо би му било и сега и тогај да ја врти како ГРУјо на дневна доза борење со железо на бенч и орбитрек, ќе речете тоа го праи со железни опинци но за да има ефект ќе треба така на утрински џогинг да тера 35-ка спринтерски бар за да жуљеви му заблагодарат испуштајќи пладневномвишок енергија како би се справил прЕМИеРО со секојдневната владина рутина, за гланцање огледала ... сепак позитивен исчекор би бил доколку обзнани дека се мачак со уље канабисово, а и така го има на претек па може бар пензиоерите да ги олабави врзаувајќи го пласманот за социјален бањски туризам, ако ја продолжиле таа програма која ја возеше дпмн, или може да пушти срце за дамите па ако тој стане претседнички кандидат на sdSSm како што петРитАмеР ми делеше во прв круг на пресои парфеми на Новинарки така и ЗОРАносЗАЈкос да им дели ГАНџаПоМАДи за да и тие се фино окезени кога ги пресира пардон пирсира на прас конференции, претпоставувам зелник им дели за ужина додека го чекаат, за него со спанаќ а за нив со праз за да се сеќваат дека се на прес и не откачат од смеење ко помадисани коректно ... кога веќе думам за ведрата страна на неговата појава, чуден ми е говорот на телото, за кој ми недостасуваат кадри како маршира долго на инаугурации, за да можам да кажам колку е папет на тапет а колку куклар, не дека се замарам но кога дома те масираат укуќани со теле ука неможеш а да го промашиш бидејќи го има на сите канали, само што престана да стега тупаници и крцка со заби, претпоставувам повторно како резултат на уљето канабисово, кое го прави сигурно помалку социопат а повеќе технократ, само му недостасува да извади џепчето за жетони да видиме каде влегуваат, ако не му вградиле бежична безготовинска активација, весело во секој случај делува тоа што глуми Независен така, а од авион ае гледа дека ет евроатлански џанак, навлечен доволно за да сите ет ги фрли во отанизирачки транс виа ерга-омнес апансаз гревотација, може грешам во семплирањето претпоставки што е тоа што го сторил како џојстик во sdsSSm може е грејвотација според нивниот евроатлански толковник која отанизираните ја читаат еа-гравитација, точно сега ќе ви натежнуваат помвијуги не само локалните туку и интерконтиненталните удбалитичари чии изјави секојдневно ќе ви ги лансираат по медиуми како државнички, особено што како сервомаусдонци сега сте пример парексаланс за еа-федералистички шоурум дека нели ете нанционализирање воопшто не боли иако воа сега е на помал урнек, да видиме како ќе им го шиткаат овој експеримент на останатите, реално европејската политика на региони која требаше да подготви терен за наднационално хомогенизирање е на шкрги та и нема некоја особена радосна нишка за наднационално федерализирање на унионистите заради што се плашам дека ќе пробаат со брегзит да здрмаат контролиран екомномски колапс бар да се оправдаат дека не се како евроболшевици криви за тоа а потоа да ги присилат сите на се'или ништо федерализација на европските Нации, незнам само вомкој дел од нивниот федералистички музеј ќе им врамат портретите на БАНко&ЗАЈко бреј со банзаи етикета можеби, јасно ако каузално не им пореметат токму тие цела шема ... |
||
Zelenikovo
Сениор Регистриран: 16.Јуни.2018 Статус: Офлајн Поени: 809 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
се сменија улогите, а Зајко си е ист како глобалист, кој би поверувал дека тоа и му се сонило, како поинаку да се протолкува неговиот Глобал мол во Струмица, битно бил и си е тамошна елита која стана и скопска потоа регионална а сега и интерконтинентална, му недостасува во џубокс уште панконтинентален штембил од Малта, којзнае може и го има чим го прошетале во дувло [1] но веројатно Банко го посоветувал не го вади на Сонце да не ти го стопат!? а ни за Грујо не разбравме дали го помалтежиле, веројатно не, бидејќи не се изнивелирал со нивните агенди правовремено, иако ако репер е буК*решкиот отан самит сигурно и го учипиле, само што елитизмот му бил послаб од национализмот та не одработил до крај, дури како самиот најави референдум како одродувачка норма може да се каже народното му било пред интеграциското, но дали и граничните премини од секогаш му биле мили, нема двојби, Зајко пак не ги обича бидејќи рекет не мора тој да стега откако сите му стегнаа, а заради послушност ќе му инкасираат директ на конто бидејќи отворил границите ширум, ко што е во најава, аирлија си вели тој, но тешко на Младите со такви премиери во балканско опкружување, Бугарија со годиње во еу па пак гранична контрола има и со Грција [1] и со Романија [2">2] бреј Хрватска со Словенија врват андари да проверат документи во автобус ...
|
||
Внеси реплика | страница <1234 28> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |