IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Македонци ширум светот
  Активни теми Активни теми RSS - Што би работел кога ке се вратам од печалба во Мк
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Што би работел кога ке се вратам од печалба во Мк

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
Автор
Порака
nostalgija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
сениор

Регистриран: 12.Септември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 231
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nostalgija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Што би работел кога ке се вратам од печалба во Мк
    Испратена: 21.Ноември.2012 во 05:53
Ме натера да ја отворам оваа тема една јака дискусија во врска со тоа што би работеле кога би се вратиле од печалба во Мк...

Значи доага време да се вратиш дома,ете си бил на печалба(Ирак,Авганистан,Америка,итн)имаш некој капитал и сега што?Дали да се почне свој бизнис и да се работи или да се стават парите кои се спечалени со мака во банка и да се живее од камата.

Од мое предходно искусто во Мк,работејки низ градовите во Западна Македонија и во Албанија забележав еден интересен да го наречам феномен.Албанците,барем јас со кои соработував сите работеле во Швајцарија,Германија,итн....и сите сега имаат некој свој бизнис.Не навлегувам во тоа дали им оди добро бизнисот или не,дали плакаат рекет на некој и сл,туку нивната заинтересираност да на некој начин инвестираат во својот роден град.
За разлика од нив нашите кои работеле и сеуше работат во странство,на прсти се бројат оние кои одлучиле да отворат свој бизнис.Повекето од нив,за жал или ги потрошиле парите на скапи автомобили и одмори во Европа,само еден дел одлучил да ги стави во банка па да живее од камата(ако се живее со 30000евра вложени од камата,тогаш добро),а само 1% од нив се одлучиле да отворат свој бизнис.
Сите знеме дека во овие матни времиња,е многу тешко да се започне сопствен бизнис,но дали тоа важи само за нас или Албанската популација е порешителна да почне свој бизнис или можеби е нешто друго во прашање.Да,сите ке речат па они плакаат,па рекет,па не знам што друго.Во ред,штом е така зошто тогаш и ние не правиме како нив,па белким ке ни тргне и на нас.
Генерално гледано,и од мое лично искуство овој проблем се влече долг временски период,и да е трагедијата најголема не се превземаат конкретни мерки да се реши.
На крај секогаш ја обвинуваме владата дека не ни помага,итн,итн.....За нашата неспособност секогаш друг ни е крив.

Па повелете..
I WILL NEVER APOLOGIZE FOR BEING MACEDONIAN
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2012 во 06:53
Pazi se sea
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85165
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2012 во 07:22
Ќе ви кажам што прави мојата бивша девојка од Куманово : 

Уште кога бевме пар она беше во војска . Одлучи да оди да заработи во Афганистан . 

И така работи 4 години . Од почетокот на оваа година ( 2012 ) се врати во Куманово . Во истото време  парите спечелени од странство си ги вложи во ренивирање на куќата . Фатила си е дечко ,нејзин колега од Далас . На моето прашање кога прочитав на фејсбук дека е обврзана каде ќе живеете  со момчето она ми одговори видам ли го дека е озбилен заминувам за Америка и нема да се вратам повеќе .
Кон врв
nostalgija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
сениор

Регистриран: 12.Септември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 231
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nostalgija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2012 во 09:04
Originally posted by BellaGrandma BellaGrandma напиша:

Pazi se sea

Јак коментар.А и тоа се очекуваше од тебе..
I WILL NEVER APOLOGIZE FOR BEING MACEDONIAN
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2012 во 09:13
Mislev pazi se sea...koga ke dojdat da ti ja rasipat i ovaa tema..

A veruvaj deka nikoj od ovie sto ziveat na visoka noga tamu nekade nema da se spustat od konj na magare...ete zatoa ne bi se ni vratile od pecalba..
Podobro e da si ja trosis penzijata vo MK...ama ne i zastedata
Sto znaci ako bi se vratile najverojatno ne bi bili vo bliska idnina...pa da mu ja mislat...
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2012 во 14:11
ама полесно е да убедуваш некој како тука е одлично да отвориш свој бизнис, отколку ти да го отвориш и комплетно да се посветиш само на него намигнување

размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2012 во 16:16
Originally posted by BellaGrandma BellaGrandma напиша:

Mislev pazi se sea...koga ke dojdat da ti ja rasipat i ovaa tema..

A veruvaj deka nikoj od ovie sto ziveat na visoka noga tamu nekade nema da se spustat od konj na magare...ete zatoa ne bi se ni vratile od pecalba..
Podobro e da si ja trosis penzijata vo MK...ama ne i zastedata
Sto znaci ako bi se vratile najverojatno ne bi bili vo bliska idnina...pa da mu ja mislat...
...ama , ako sudish sprema  toa shto ovie tuka go...''drobat''...i tamu bile na magare,

...ili ..ako ne bash tie,...ke bidat onie nesposobnite ...shto ne znaat na konj da javaat .

...shto e i napolno tochno toa ama,...koj bre  cheka  od takvite da ''javaat konj'' tamu ?збунетост
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2012 во 23:53
Кога ќе ми се запали сијаличката за бизнис тогаш најверојатно и ќе почнам со бизнис. Вака си седам и фаќам сеир на овие што почнаа бизнис и го изедоа немиен.

А уствари тие што имале нос за бизнис што барале на печалба, кој си го бива, пари прави и овде во Мк, на овој или на оној начин...
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2012 во 01:04
Originally posted by nostalgija nostalgija напиша:

Ме натера да ја отворам оваа тема една јака дискусија во врска со тоа што би работеле кога би се вратиле од печалба во Мк...

Значи доага време да се вратиш дома,ете си бил на печалба(Ирак,Авганистан,Америка,итн)имаш некој капитал и сега што?Дали да се почне свој бизнис и да се работи или да се стават парите кои се спечалени со мака во банка и да се живее од камата.

Од мое предходно искусто во Мк,работејки низ градовите во Западна Македонија и во Албанија забележав еден интересен да го наречам феномен.Албанците,барем јас со кои соработував сите работеле во Швајцарија,Германија,итн....и сите сега имаат некој свој бизнис.Не навлегувам во тоа дали им оди добро бизнисот или не,дали плакаат рекет на некој и сл,туку нивната заинтересираност да на некој начин инвестираат во својот роден град.
За разлика од нив нашите кои работеле и сеуше работат во странство,на прсти се бројат оние кои одлучиле да отворат свој бизнис.Повекето од нив,за жал или ги потрошиле парите на скапи автомобили и одмори во Европа,само еден дел одлучил да ги стави во банка па да живее од камата(ако се живее со 30000евра вложени од камата,тогаш добро),а само 1% од нив се одлучиле да отворат свој бизнис.
Сите знеме дека во овие матни времиња,е многу тешко да се започне сопствен бизнис,но дали тоа важи само за нас или Албанската популација е порешителна да почне свој бизнис или можеби е нешто друго во прашање.Да,сите ке речат па они плакаат,па рекет,па не знам што друго.Во ред,штом е така зошто тогаш и ние не правиме како нив,па белким ке ни тргне и на нас.
Генерално гледано,и од мое лично искуство овој проблем се влече долг временски период,и да е трагедијата најголема не се превземаат конкретни мерки да се реши.
На крај секогаш ја обвинуваме владата дека не ни помага,итн,итн.....За нашата неспособност секогаш друг ни е крив.

Па повелете..

Добра ти е поентата на темава, ама лоша ти е споредбата.. Зошто е лоша, претпоставувам се мислиш..
Епа Албанците и Македонците како народ се различни многу. Кај албанците сеуште важи правилото дека парите спечалени во странство задолжително е да се инвестираат дома. Тие каде и да се, на крајот дома се враќаат. Таму живеат каков таков живот, некои поубав, некои полош, но се задолжени да испраќаат секој месец пари дома. Е сега на кој му упалила среќата, па заработил добра пара (не навлегувам на каков начин), задолжително ја инвестира во МКД. Исто така кај муслиманите важи правилото да се помага и на сиромашните и тие што немаат.
А за жал или за волја на вистината, нашето македонче, ќе оди во туѓина, ќе рмба што ќе рмба.. Ќе живее каков таков живот и во туѓината, ако остане да пушти дома некоја паричка ок, ако не сето тоа оди на сметка и се акумулира. Значи огромен дел од тие печалбари, само акумулираат парични средства и никако не вршат обрт со нив, ниту пак сакаат да ги множат, него се водат по принципот колку се, толку се, токму се... Евентуалната инвестиција на тие пари значи купување на сопствен дом во родната земја, под услов ако го немаат како лично свој и толку. Остатокот ќе се акумулира и ќе се чува за недај боже за црни дани, за децата ако сакаат некој ден бизнис да отворат или слично.
Е тука сме многу различни од албанците. Друга работа е што албанците се заштитени како бели мечки па така да нивните бизниси тука можат да пропаднат само од нивната неукост или неспособност, а од разно разни инспекции, владини лихвари и други ствари нема шанси да пропаднат. Даноците за нив се поим кои само на вести го слушаат и ред др. работи.
Што се однесува до привремените печалбари, од типот Авганистан, Ирак и сл. можам да кажам дека исто така во голема мера од нив ја прават истата грешка како и другите печалбари од македонска националност. Заработуваат, праќаат пари дома семејствата да живеат, остатокот оди на сметка во банка и се акумулира. Кога ќе се вратат, се градат куќи, се купуваат станови, коли, се оди по одмори, се луксузираат.. Мал дел од нив за кои лично знам пробаа или сеуште пробуваат да се протнат во некаков бизнис од типот кафич, кафана, препродавање возила, лихва и сл. Можам да кажам дека ни 0.001 % од нив парите не ги има пуштено во оптек, најпрво заради несигурноста во државата, друго заради неспособноста да се започне некој профитабилен бизнис.
Сепак постојат многу фактори и параметри околу инвестирањето на парите од туѓината, но свеста на печалбарите премногу споро се менува и мислам дека така ќе остане и во недогледна иднина.

И ова да го надополнам за да не го заборавам. Кај албанците сеуште е развиена свеста за бизнис. Способноста да се заработат пари на било каков начин. Тие ги учат децата уште од мали како да дојдат до пари, како да ги зголемат, како да ги вртат. И само заради тоа можам да кажам дека албанците иако самоуки, се одлични бизнисмени (за наши услови). Никогаш не се срамеле да работат ништо, а додека македонците се водат по правилото дека децата се деца и не треба да се замараат со заработка. Од една страна исправно од друга страна лошо. Лошо бидејќи ги правиме нашите деца зависни од нас, од тоа што ние ќе им го дадеме, а додека албанските деца не се разгалени и се научени како да заработат за тоа што го сакаат. Образованието е сила, образованието е моќ, но во Македонија сеуште важат правилата на џунглата. Послабиот секогаш бива изеден од појакиот, а тоа ќе потрае уште долго време.

Изменето од NRGMKD - 22.Ноември.2012 во 01:11
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
nostalgija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
сениор

Регистриран: 12.Септември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 231
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nostalgija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2012 во 04:08
Originally posted by NRGMKD NRGMKD напиша:

Значи сепак проблемот е кај нас самите,а не кај институциите и системот.Зошто секогаш причината за нашиот неуспех ја бараме кај друг,а никогаш не ја бараме кај нас самите.Многу е лесно да се обвини некој друг за својата неспособност да се направи нешто повеке во животот.

Ке ги земам за пример Кумановци кои се добри 10 години по Ирак и Авганистан.На прсти се бројат тие кои во Куманово се обидоа да отворат свој бизнис.Останатите се фрлија на трошење на купување скапи коли,одмори,телефони,итн....А зошто?Или е оној наш синдром да не видат каде сме стигнале.А трагедијата е што иситите тие луге сега се пак во Ирак и Авганситан бидејки парите се потрошени.И сега кој е крив?Државата,владата,министрите.....

Затоа никогаш нема да се помрднеме од мртва точка.....
I WILL NEVER APOLOGIZE FOR BEING MACEDONIAN
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2012 во 05:00
10тина % од луѓето се кадри да водат успешен бизнис
20тина % сонуваат дека можат да бидат бизнисмени или дека еден ден тоа ќе бидат
останатите се имаат помирено со судбината дека ќе бидат наемна работан сила.

Би рекол 80% пак се стручњаци, експерти, теоритичари, фолозфи и мислат дека знаат како треба.

Да Македонецот, не инвестира туку, само калапи, пари.

Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
nostalgija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
сениор

Регистриран: 12.Септември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 231
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nostalgija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2012 во 15:54
Се надевав дека нешто е променето во МК,но по се изгледа дека работите не се мрднати од мртва точка.Темата ја отворив со надеж дека ако не ништо друго младата популација има некоја визија за понатаму.Очигледно е дека вакви теми се сеуште осетливи,така да залудно е да се коментира и да се постира.Сите постови се на основа,продавање памет од стручни лица,кои се или не се во Мк.
Никој не постираше нешто конкретно.......

Жалосно е што никој не се обидува да промени нешто.......Е па наздравје Македонче...И немојте да кукате кога си играат мајтам со нас....

Од мене толку...........
I WILL NEVER APOLOGIZE FOR BEING MACEDONIAN
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2012 во 00:18
Аха, занчи ти темава ја имаш замислено како brain stоrming session, think tank.....

Епа на погрешно место си ја поставил, а и аудиторимумот со сите свои карактеристики е questionable!

Мислиш навистина некој ќе истрча со идеи за тоа што би работел кога би се вратил во Македонија? Колку би инвестирал и каде?

Да не посакаш да ти приложи некој физибилити студија, економски-технички елаборат, business case и бизнис план?

Еве почни ти, дај им личен пример на младите. Наместо да се изиграва, координатор, проект менаџер, засукај ракави!

Навистина мислиш дека со својот однос и тон позитвно делуваш некој да ти ја подржи дикусијата и истата биде конструктивна?

Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
nostalgija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
сениор

Регистриран: 12.Септември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 231
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nostalgija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2012 во 08:56
Originally posted by Platenik Platenik напиша:

Аха, занчи ти темава ја имаш замислено како brain stоrming session, think tank.....

Епа на погрешно место си ја поставил, а и аудиторимумот со сите свои карактеристики е questionable!
е
Мислиш навистина некој ќе истрча со идеи за тоа што би работел кога би се вратил во Македонија? Колку би инвестирал и каде?

Да не посакаш да ти приложи некој физибилити студија, економски-технички елаборат, business case и бизнис план?

Еве почни ти, дај им личен пример на младите. Наместо да се изиграва, координатор, проект менаџер, засукај ракави!

Навистина мислиш дека со својот однос и тон позитвно делуваш некој да ти ја подржи дикусијата и истата биде конструктивна?

Дефинитивно не си го разбрал мојот последен пост.Кога кажав за идеја од младите не мислев на некаква студија или конкретно решение,туку како да се изкорени овој синдром.Не изигравај некој си локал патриот на 6000км од МК,зошто од таквите патриоти гледам ни цветаат рози.

Прво не знаеш со кого разговараш,така да не ти личи да се ставаш себеси пред другите.Јас ако толку те интересира,а гледам гориш од желба да дознаеш,или можеби си сеирџија,имам инвестирано во МК.Значи не сум локал патриот на 6000км од дома со доларите во џеб и да пишувам на форумот се и сешто.

Инаку сум еден од оние Македонски печалбари кои ги заработија крваво своите пари.Јас сум бивш Авганистанец кој ги остави коските во таа пустелија 4 години.Е сега дојде време да се вратам дома.И се вратив,и сега сум на свое.Значи имам своја фирма,и работам за себа а не за друг.Значи давам личен пример.Не кажувам дека е сјајно,напротив е тешко и има многу трчање,ама е твое лично.

Не ги ставив парите во банка да живеам од камата,не купив кола од 30000евра ниту имам кука на 2-3 спрата(сеуште живеам во 45м3),туку решив да работам за мене.Е сега дали сум згрешил или не,времето ке каже.

Значи пак ке речам.Како да се смени или подобри тој начин на размислување.Никој не напиша ништо конкретно,туку она што секој го знае.Да така е,ама никој со идеја како да се смени.

Ете јас сум глупав и ги фрлив моите пари во мој бизнис,да работам за мене.Значи за некои сум глупав,за некои нездрав,а само мал дел кажаа секоја чест на човекот.

И за крај престани да ги користиш тие американизми,или што и да е,сепак овој форум е на македонски јазик.Мислиш дека со тоа си нешто попаметен од останатите членови на форумот.Не?

Од мене толку....
I WILL NEVER APOLOGIZE FOR BEING MACEDONIAN
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.