Испечати | Затвори го прозорот

Што би работел кога ке се вратам од печалба во Мк

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Македонци ширум светот
Опис на форумот: Новости и активности на нашинците од сите континенти
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=26158
Датум на принтање: 23.Ноември.2024 во 21:12
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com

Тема: Што би работел кога ке се вратам од печалба во Мк
Постирано од: nostalgija
Наслов: Што би работел кога ке се вратам од печалба во Мк
Датум на внесување: 21.Ноември.2012 во 05:53
Ме натера да ја отворам оваа тема една јака дискусија во врска со тоа што би работеле кога би се вратиле од печалба во Мк...

Значи доага време да се вратиш дома,ете си бил на печалба(Ирак,Авганистан,Америка,итн)имаш некој капитал и сега што?Дали да се почне свој бизнис и да се работи или да се стават парите кои се спечалени со мака во банка и да се живее од камата.

Од мое предходно искусто во Мк,работејки низ градовите во Западна Македонија и во Албанија забележав еден интересен да го наречам феномен.Албанците,барем јас со кои соработував сите работеле во Швајцарија,Германија,итн....и сите сега имаат некој свој бизнис.Не навлегувам во тоа дали им оди добро бизнисот или не,дали плакаат рекет на некој и сл,туку нивната заинтересираност да на некој начин инвестираат во својот роден град.
За разлика од нив нашите кои работеле и сеуше работат во странство,на прсти се бројат оние кои одлучиле да отворат свој бизнис.Повекето од нив,за жал или ги потрошиле парите на скапи автомобили и одмори во Европа,само еден дел одлучил да ги стави во банка па да живее од камата(ако се живее со 30000евра вложени од камата,тогаш добро),а само 1% од нив се одлучиле да отворат свој бизнис.
Сите знеме дека во овие матни времиња,е многу тешко да се започне сопствен бизнис,но дали тоа важи само за нас или Албанската популација е порешителна да почне свој бизнис или можеби е нешто друго во прашање.Да,сите ке речат па они плакаат,па рекет,па не знам што друго.Во ред,штом е така зошто тогаш и ние не правиме како нив,па белким ке ни тргне и на нас.
Генерално гледано,и од мое лично искуство овој проблем се влече долг временски период,и да е трагедијата најголема не се превземаат конкретни мерки да се реши.
На крај секогаш ја обвинуваме владата дека не ни помага,итн,итн.....За нашата неспособност секогаш друг ни е крив.

Па повелете..

-------------
I WILL NEVER APOLOGIZE FOR BEING MACEDONIAN

Коментари:
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 21.Ноември.2012 во 06:53
Pazi se sea

-------------
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.

Постирано од: емил
Датум на внесување: 21.Ноември.2012 во 07:22
Ќе ви кажам што прави мојата бивша девојка од Куманово : 

Уште кога бевме пар она беше во војска . Одлучи да оди да заработи во Афганистан . 

И така работи 4 години . Од почетокот на оваа година ( 2012 ) се врати во Куманово . Во истото време  парите спечелени од странство си ги вложи во ренивирање на куќата . Фатила си е дечко ,нејзин колега од Далас . На моето прашање кога прочитав на фејсбук дека е обврзана каде ќе живеете  со момчето она ми одговори видам ли го дека е озбилен заминувам за Америка и нема да се вратам повеќе .

-------------

Постирано од: nostalgija
Датум на внесување: 21.Ноември.2012 во 09:04
Originally posted by BellaGrandma BellaGrandma напиша:

Pazi se sea

Јак коментар.А и тоа се очекуваше од тебе..

-------------
I WILL NEVER APOLOGIZE FOR BEING MACEDONIAN

Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 21.Ноември.2012 во 09:13
Mislev pazi se sea...koga ke dojdat da ti ja rasipat i ovaa tema..

A veruvaj deka nikoj od ovie sto ziveat na visoka noga tamu nekade nema da se spustat od konj na magare...ete zatoa ne bi se ni vratile od pecalba..
Podobro e da si ja trosis penzijata vo MK...ama ne i zastedata
Sto znaci ako bi se vratile najverojatno ne bi bili vo bliska idnina...pa da mu ja mislat...

-------------
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.

Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 21.Ноември.2012 во 14:11
ама полесно е да убедуваш некој како тука е одлично да отвориш свој бизнис, отколку ти да го отвориш и комплетно да се посветиш само на него намигнување

-------------
размисли пред да напишеш глупост

Постирано од: brza
Датум на внесување: 21.Ноември.2012 во 16:16
Originally posted by BellaGrandma BellaGrandma напиша:

Mislev pazi se sea...koga ke dojdat da ti ja rasipat i ovaa tema..

A veruvaj deka nikoj od ovie sto ziveat na visoka noga tamu nekade nema da se spustat od konj na magare...ete zatoa ne bi se ni vratile od pecalba..
Podobro e da si ja trosis penzijata vo MK...ama ne i zastedata
Sto znaci ako bi se vratile najverojatno ne bi bili vo bliska idnina...pa da mu ja mislat...
...ama , ako sudish sprema  toa shto ovie tuka go...''drobat''...i tamu bile na magare,

...ili ..ako ne bash tie,...ke bidat onie nesposobnite ...shto ne znaat na konj da javaat .

...shto e i napolno tochno toa ama,...koj bre  cheka  od takvite da ''javaat konj'' tamu ?збунетост

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein

Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 21.Ноември.2012 во 23:53
Кога ќе ми се запали сијаличката за бизнис тогаш најверојатно и ќе почнам со бизнис. Вака си седам и фаќам сеир на овие што почнаа бизнис и го изедоа немиен.

А уствари тие што имале нос за бизнис што барале на печалба, кој си го бива, пари прави и овде во Мк, на овој или на оној начин...

-------------
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.

Постирано од: NRGMKD
Датум на внесување: 22.Ноември.2012 во 01:04
Originally posted by nostalgija nostalgija напиша:

Ме натера да ја отворам оваа тема една јака дискусија во врска со тоа што би работеле кога би се вратиле од печалба во Мк...

Значи доага време да се вратиш дома,ете си бил на печалба(Ирак,Авганистан,Америка,итн)имаш некој капитал и сега што?Дали да се почне свој бизнис и да се работи или да се стават парите кои се спечалени со мака во банка и да се живее од камата.

Од мое предходно искусто во Мк,работејки низ градовите во Западна Македонија и во Албанија забележав еден интересен да го наречам феномен.Албанците,барем јас со кои соработував сите работеле во Швајцарија,Германија,итн....и сите сега имаат некој свој бизнис.Не навлегувам во тоа дали им оди добро бизнисот или не,дали плакаат рекет на некој и сл,туку нивната заинтересираност да на некој начин инвестираат во својот роден град.
За разлика од нив нашите кои работеле и сеуше работат во странство,на прсти се бројат оние кои одлучиле да отворат свој бизнис.Повекето од нив,за жал или ги потрошиле парите на скапи автомобили и одмори во Европа,само еден дел одлучил да ги стави во банка па да живее од камата(ако се живее со 30000евра вложени од камата,тогаш добро),а само 1% од нив се одлучиле да отворат свој бизнис.
Сите знеме дека во овие матни времиња,е многу тешко да се започне сопствен бизнис,но дали тоа важи само за нас или Албанската популација е порешителна да почне свој бизнис или можеби е нешто друго во прашање.Да,сите ке речат па они плакаат,па рекет,па не знам што друго.Во ред,штом е така зошто тогаш и ние не правиме како нив,па белким ке ни тргне и на нас.
Генерално гледано,и од мое лично искуство овој проблем се влече долг временски период,и да е трагедијата најголема не се превземаат конкретни мерки да се реши.
На крај секогаш ја обвинуваме владата дека не ни помага,итн,итн.....За нашата неспособност секогаш друг ни е крив.

Па повелете..

Добра ти е поентата на темава, ама лоша ти е споредбата.. Зошто е лоша, претпоставувам се мислиш..
Епа Албанците и Македонците како народ се различни многу. Кај албанците сеуште важи правилото дека парите спечалени во странство задолжително е да се инвестираат дома. Тие каде и да се, на крајот дома се враќаат. Таму живеат каков таков живот, некои поубав, некои полош, но се задолжени да испраќаат секој месец пари дома. Е сега на кој му упалила среќата, па заработил добра пара (не навлегувам на каков начин), задолжително ја инвестира во МКД. Исто така кај муслиманите важи правилото да се помага и на сиромашните и тие што немаат.
А за жал или за волја на вистината, нашето македонче, ќе оди во туѓина, ќе рмба што ќе рмба.. Ќе живее каков таков живот и во туѓината, ако остане да пушти дома некоја паричка ок, ако не сето тоа оди на сметка и се акумулира. Значи огромен дел од тие печалбари, само акумулираат парични средства и никако не вршат обрт со нив, ниту пак сакаат да ги множат, него се водат по принципот колку се, толку се, токму се... Евентуалната инвестиција на тие пари значи купување на сопствен дом во родната земја, под услов ако го немаат како лично свој и толку. Остатокот ќе се акумулира и ќе се чува за недај боже за црни дани, за децата ако сакаат некој ден бизнис да отворат или слично.
Е тука сме многу различни од албанците. Друга работа е што албанците се заштитени како бели мечки па така да нивните бизниси тука можат да пропаднат само од нивната неукост или неспособност, а од разно разни инспекции, владини лихвари и други ствари нема шанси да пропаднат. Даноците за нив се поим кои само на вести го слушаат и ред др. работи.
Што се однесува до привремените печалбари, од типот Авганистан, Ирак и сл. можам да кажам дека исто така во голема мера од нив ја прават истата грешка како и другите печалбари од македонска националност. Заработуваат, праќаат пари дома семејствата да живеат, остатокот оди на сметка во банка и се акумулира. Кога ќе се вратат, се градат куќи, се купуваат станови, коли, се оди по одмори, се луксузираат.. Мал дел од нив за кои лично знам пробаа или сеуште пробуваат да се протнат во некаков бизнис од типот кафич, кафана, препродавање возила, лихва и сл. Можам да кажам дека ни 0.001 % од нив парите не ги има пуштено во оптек, најпрво заради несигурноста во државата, друго заради неспособноста да се започне некој профитабилен бизнис.
Сепак постојат многу фактори и параметри околу инвестирањето на парите од туѓината, но свеста на печалбарите премногу споро се менува и мислам дека така ќе остане и во недогледна иднина.

И ова да го надополнам за да не го заборавам. Кај албанците сеуште е развиена свеста за бизнис. Способноста да се заработат пари на било каков начин. Тие ги учат децата уште од мали како да дојдат до пари, како да ги зголемат, како да ги вртат. И само заради тоа можам да кажам дека албанците иако самоуки, се одлични бизнисмени (за наши услови). Никогаш не се срамеле да работат ништо, а додека македонците се водат по правилото дека децата се деца и не треба да се замараат со заработка. Од една страна исправно од друга страна лошо. Лошо бидејќи ги правиме нашите деца зависни од нас, од тоа што ние ќе им го дадеме, а додека албанските деца не се разгалени и се научени како да заработат за тоа што го сакаат. Образованието е сила, образованието е моќ, но во Македонија сеуште важат правилата на џунглата. Послабиот секогаш бива изеден од појакиот, а тоа ќе потрае уште долго време.

-------------
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.

Постирано од: nostalgija
Датум на внесување: 22.Ноември.2012 во 04:08
Originally posted by NRGMKD NRGMKD напиша:

Значи сепак проблемот е кај нас самите,а не кај институциите и системот.Зошто секогаш причината за нашиот неуспех ја бараме кај друг,а никогаш не ја бараме кај нас самите.Многу е лесно да се обвини некој друг за својата неспособност да се направи нешто повеке во животот.

Ке ги земам за пример Кумановци кои се добри 10 години по Ирак и Авганистан.На прсти се бројат тие кои во Куманово се обидоа да отворат свој бизнис.Останатите се фрлија на трошење на купување скапи коли,одмори,телефони,итн....А зошто?Или е оној наш синдром да не видат каде сме стигнале.А трагедијата е што иситите тие луге сега се пак во Ирак и Авганситан бидејки парите се потрошени.И сега кој е крив?Државата,владата,министрите.....

Затоа никогаш нема да се помрднеме од мртва точка.....

-------------
I WILL NEVER APOLOGIZE FOR BEING MACEDONIAN

Постирано од: Platenik
Датум на внесување: 22.Ноември.2012 во 05:00
10тина % од луѓето се кадри да водат успешен бизнис
20тина % сонуваат дека можат да бидат бизнисмени или дека еден ден тоа ќе бидат
останатите се имаат помирено со судбината дека ќе бидат наемна работан сила.

Би рекол 80% пак се стручњаци, експерти, теоритичари, фолозфи и мислат дека знаат како треба.

Да Македонецот, не инвестира туку, само калапи, пари.

-------------
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Постирано од: nostalgija
Датум на внесување: 22.Ноември.2012 во 15:54
Се надевав дека нешто е променето во МК,но по се изгледа дека работите не се мрднати од мртва точка.Темата ја отворив со надеж дека ако не ништо друго младата популација има некоја визија за понатаму.Очигледно е дека вакви теми се сеуште осетливи,така да залудно е да се коментира и да се постира.Сите постови се на основа,продавање памет од стручни лица,кои се или не се во Мк.
Никој не постираше нешто конкретно.......

Жалосно е што никој не се обидува да промени нешто.......Е па наздравје Македонче...И немојте да кукате кога си играат мајтам со нас....

Од мене толку...........

-------------
I WILL NEVER APOLOGIZE FOR BEING MACEDONIAN

Постирано од: Platenik
Датум на внесување: 23.Ноември.2012 во 00:18
Аха, занчи ти темава ја имаш замислено како brain stоrming session, think tank.....

Епа на погрешно место си ја поставил, а и аудиторимумот со сите свои карактеристики е questionable!

Мислиш навистина некој ќе истрча со идеи за тоа што би работел кога би се вратил во Македонија? Колку би инвестирал и каде?

Да не посакаш да ти приложи некој физибилити студија, економски-технички елаборат, business case и бизнис план?

Еве почни ти, дај им личен пример на младите. Наместо да се изиграва, координатор, проект менаџер, засукај ракави!

Навистина мислиш дека со својот однос и тон позитвно делуваш некој да ти ја подржи дикусијата и истата биде конструктивна?

-------------
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Постирано од: nostalgija
Датум на внесување: 23.Ноември.2012 во 08:56
Originally posted by Platenik Platenik напиша:

Аха, занчи ти темава ја имаш замислено како brain stоrming session, think tank.....

Епа на погрешно место си ја поставил, а и аудиторимумот со сите свои карактеристики е questionable!
е
Мислиш навистина некој ќе истрча со идеи за тоа што би работел кога би се вратил во Македонија? Колку би инвестирал и каде?

Да не посакаш да ти приложи некој физибилити студија, економски-технички елаборат, business case и бизнис план?

Еве почни ти, дај им личен пример на младите. Наместо да се изиграва, координатор, проект менаџер, засукај ракави!

Навистина мислиш дека со својот однос и тон позитвно делуваш некој да ти ја подржи дикусијата и истата биде конструктивна?

Дефинитивно не си го разбрал мојот последен пост.Кога кажав за идеја од младите не мислев на некаква студија или конкретно решение,туку како да се изкорени овој синдром.Не изигравај некој си локал патриот на 6000км од МК,зошто од таквите патриоти гледам ни цветаат рози.

Прво не знаеш со кого разговараш,така да не ти личи да се ставаш себеси пред другите.Јас ако толку те интересира,а гледам гориш од желба да дознаеш,или можеби си сеирџија,имам инвестирано во МК.Значи не сум локал патриот на 6000км од дома со доларите во џеб и да пишувам на форумот се и сешто.

Инаку сум еден од оние Македонски печалбари кои ги заработија крваво своите пари.Јас сум бивш Авганистанец кој ги остави коските во таа пустелија 4 години.Е сега дојде време да се вратам дома.И се вратив,и сега сум на свое.Значи имам своја фирма,и работам за себа а не за друг.Значи давам личен пример.Не кажувам дека е сјајно,напротив е тешко и има многу трчање,ама е твое лично.

Не ги ставив парите во банка да живеам од камата,не купив кола од 30000евра ниту имам кука на 2-3 спрата(сеуште живеам во 45м3),туку решив да работам за мене.Е сега дали сум згрешил или не,времето ке каже.

Значи пак ке речам.Како да се смени или подобри тој начин на размислување.Никој не напиша ништо конкретно,туку она што секој го знае.Да така е,ама никој со идеја како да се смени.

Ете јас сум глупав и ги фрлив моите пари во мој бизнис,да работам за мене.Значи за некои сум глупав,за некои нездрав,а само мал дел кажаа секоја чест на човекот.

И за крај престани да ги користиш тие американизми,или што и да е,сепак овој форум е на македонски јазик.Мислиш дека со тоа си нешто попаметен од останатите членови на форумот.Не?

Од мене толку....

-------------
I WILL NEVER APOLOGIZE FOR BEING MACEDONIAN

Постирано од: Platenik
Датум на внесување: 23.Ноември.2012 во 09:58
Најмалку имав желба да дознам кој си и со што се бавиш.

Немав намера, исто така, да те судам или проценувам.

Ти си тој кој може да одлучи каде ќе ги троши тешко спечалените пари, посебно оние од Авганистан или било и кое да е друго воено жариште. И јас, напротив ќе речам браво, а не дека си глуп. Авганистан сигурно не е трајно решение. Но самиот чин што си донел таква одлука, да жртвуваш 4 години од сопствениот живот е за секоја пофалба. Средствата кои крваво си ги заработил, сигурен сум дека паметно си ги инвестирал и на долги стази ќе ти обезбедат пристојна егзитенција. Сигурен сум дека не би сакал повторно да одиш некаде таму, каде повторно би исправувал криви Дрини.

Ниту пак ти знаеш со кого зборуваш и незнам по што заклучи дека се ставам себеси пред другите?

Што се однесува до “моите амриканизми“ не се користени со цел некој да се прави попаметне. Тие на некој начин се сарказам ради употребата на англиските термини кои се почесто велгуваат во секојденвната употреба на македонскиот јазик. Посебно тоа важи за бизнис или менаџерската тереминологија. И бизнис и менаџер се англиски зборови, нели? Има и многу други, да не ги набројувам сега! Тоа е тренд, модерно!

-------------
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Постирано од: nostalgija
Датум на внесување: 23.Ноември.2012 во 12:01
Јас колку што можам да приметам во МК како и лугето со кои комуницирам,ама баш никој не користи англиски термини,можеби јас понекогаш ама останато од минатото(veri gud,gud job,itn)ама тоа е повеке како еден вид моја шега со лугето со кои работам.Да кај младата генерација постои тој начин на уфрлување на американизми,но мене не ми личи на сарказам туку на упропастување на нашиот јазик.

Значи не изигрувам ниту локал патриот,ајдеееееееееее темата одитде на друг крај....Е поради овие причини не ми се отвараат теми од секојдневието,зошто се нема навика да се дискутира,или како што имаше во еден погорен пост...пази сеа ке ти ја упропастат темата...

Значи прашањето е што да се прави со парите кои се спечалени некаде надвор и донесени во МК,и дали сме кадарни да направиме нешто,или само да окривуваме некого за својата неспособност,и дали тој тренд некогаш ке се промени,за да конечно се придвижат работите напред.

Не сакам да звучам партиски,зошто ако бев со партија немаше да скапам 4 години во пустелијата.Само сакам да се обидам да го пронајдам одговорот зошто е тоа така,и да се слушне мислењето и на другите,како и дали се обидуваме да промениме нешто,или сепак ке оставиме генерациите што ке бидат после нас да си кршат глава....

Значи сепак според постовите напишани по се изгледа дека сепак проблемите ги оставаме друг да ги реши,зошто сега на нас ни е добро,и не сакаме да го менуваме.......

Од мене толку........

-------------
I WILL NEVER APOLOGIZE FOR BEING MACEDONIAN

Постирано од: Alekxandar
Датум на внесување: 23.Ноември.2012 во 15:55
Добро е размислувањето да се отвори сопствен бизнис,но пред се треба да си свесен за нивото на знаење кое го поседуваш во областа каде ке се натпреваруваш со конкуренцијата.

Постирано од: brza
Датум на внесување: 23.Ноември.2012 во 16:23
...znam lugje shto debela para imaat ''fateno'' vo avganistan ili vo irask,...za samo nekolku godini !...para koja shto tuka ne mozat da ja zarabotat ni cel zivot...prosechno mmislam .....

...ama deka  krvavo im se zaraboteni,...ma ajde!

...shto e toa  krvavo  navistina ne mozam da sfatam изненадување, osven toa shto se vo ''ratna ''zona,...kade shto shirokite masi se naogjaat silom prilike tamu...iako  rado bi otishle od tamu,...

..a  ovie otishle da pechalat od na drugite...makata!

-dali nekogash ,..voopshto ...im bil zivotot vo opasnost,...dali  se vratile  bez neshto ( od teloto) doma?

...psihichkata sostojba ne ja rachunam ,...zatoa shtyo mislam deka  ne sekoj moze da odi ''tamu''....
...a , onoj shto ne e za tamu , a sepak otishol...be bi go zalel voopshto !

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein

Постирано од: nostalgija
Датум на внесување: 23.Ноември.2012 во 17:42
Originally posted by brza brza напиша:

А бе ајде не заебавај,стварно.....Еј знаеш дека ич не ми текна после толку време поминато во Авганистан дека не било опасно.......

А бе не мели празна слама по форумите само.....Како прво не си стапнал таму,па да видиш како се заработуваа тие наши пари......И не ја упропастувај темата,или можеби само за тоа те бива....

Место да се зафатиш да направиш нешто корисно во твојот живот,само мелеш тука без врска.......

Оди бркај работа не замарај.........

-------------
I WILL NEVER APOLOGIZE FOR BEING MACEDONIAN

Постирано од: Alekxandar
Датум на внесување: 23.Ноември.2012 во 19:44
Сите тука си имаме свое мислење,став кон нештата и зато не треба дразнење веднаш...
Носталгија ти се врати од таму каде шо беше и сега размислуваш за отварање на бизнис во Македонија,мене ме прават луд шо правам напор да заминам каде што беше ти зошто во македонија ми било многу добро и гледаш,секој си имаме своја приказна.
Друга работа кога рече дека многу Кумановци купиле коли,станови,и ги вложија парите во банка наместо да отварат бизниси во државата,ти си тотално во право,но огромен број од тие луге ги натера државата да заминат на печалба со тоа шо им се затворија фабриките па од која причина би отварале бизниси во Македонија а не во Србија ??

Постирано од: brza
Датум на внесување: 23.Ноември.2012 во 20:02
Originally posted by nostalgija nostalgija напиша:

momak...prvo i prvo....ochigledno e deka ti ne si osetil prava opasnost, ni tamu niti bilo kade, pa shto seresh tuka  za nekakva si  (prepotentno) tvoja krvava zarabotka , samo poradi toa shto (dobrovolno i toa!) si otishol na nekoja opasna teritorija vo...zamisli  samo........pechalba!
...osven ako ne si bil nekoj vozach na kamion tamu, koj moral da vozi sekade kade shto ke mu kazat,..(a ne , na primer nekoj  vozach na viljushkar ili ''knjishki moljac" i sl. vo amerikanskite bazi ).
 ...ne lupaj tuka, ( a veruvam i po drugi forumi istoto go pravish) , za nekakva si teshko zarabotena celozivotna plata  za samo nekolku godini,...''krvava'' maka!

...ako tvojata para e krvava,...kako bi ja narekle be na site onie vojnici shto , ako imale srekja, od tamu se vratile ''falichni'' doma....a?ма ајде

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein

Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 23.Ноември.2012 во 23:08
Без лични навреди дечки ако може...нека ти е срам

-------------
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.

Постирано од: Platenik
Датум на внесување: 23.Ноември.2012 во 23:40
Originally posted by brza brza напиша:

Originally posted by nostalgija nostalgija напиша:

momak...prvo i prvo....ochigledno e deka ti ne si osetil prava opasnost, ni tamu niti bilo kade, pa shto seresh tuka  za nekakva si  (prepotentno) tvoja krvava zarabotka , samo poradi toa shto (dobrovolno i toa!) si otishol na nekoja opasna teritorija vo...zamisli  samo........pechalba!
...osven ako ne si bil nekoj vozach na kamion tamu, koj moral da vozi sekade kade shto ke mu kazat,..(a ne , na primer nekoj  vozach na viljushkar ili ''knjishki moljac" i sl. vo amerikanskite bazi ).
 ...ne lupaj tuka, ( a veruvam i po drugi forumi istoto go pravish) , za nekakva si teshko zarabotena celozivotna plata  za samo nekolku godini,...''krvava'' maka!

...ako tvojata para e krvava,...kako bi ja narekle be na site onie vojnici shto , ako imale srekja, od tamu se vratile ''falichni'' doma....a?ма ајде

Фалични?! Тоа е жив ќар. Има такви кои воопшто не се вратиле.

И јас не би го користел терминот печалба, но во суштина на тоа се сведува. Секој кој тргнал по белиот свет од економски причини, неговото заминување може да се нарече печалба. Не верувам дека Носталгија трганл од алтруистички, а уште помалку од политчки побуди. Секој не е спремен на таков чекор, затоа малку повеќе респект за таквата одлука.

Додека ние јадеме бурек по форумиве, овде навистина имало и вистински платеници.

-------------
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Постирано од: nostalgija
Датум на внесување: 24.Ноември.2012 во 03:48
Originally posted by brza brza напиша:

Originally posted by nostalgija nostalgija напиша:

momak...prvo i prvo....ochigledno e deka ti ne si osetil prava opasnost, ni tamu niti bilo kade, pa shto seresh tuka  za nekakva si  (prepotentno) tvoja krvava zarabotka , samo poradi toa shto (dobrovolno i toa!) si otishol na nekoja opasna teritorija vo...zamisli  samo........pechalba!
...osven ako ne si bil nekoj vozach na kamion tamu, koj moral da vozi sekade kade shto ke mu kazat,..(a ne , na primer nekoj  vozach na viljushkar ili ''knjishki moljac" i sl. vo amerikanskite bazi ).
 ...ne lupaj tuka, ( a veruvam i po drugi forumi istoto go pravish) , za nekakva si teshko zarabotena celozivotna plata  za samo nekolku godini,...''krvava'' maka!

...ako tvojata para e krvava,...kako bi ja narekle be na site onie vojnici shto , ako imale srekja, od tamu se vratile ''falichni'' doma....a?ма ајде

ХА ХА ХА ХА ХА
Рибарски приказни 100левел

Лелееееее,ама ме изнасмеа сега слатко,охохохохоххохохохохохох........

А бе оди бутни се во твоето дувло и место да навредуваш по форумот,земи направи нешто корисно во твојот живот...Ти ти немаш визија....А да и ако немаш работа можам да ти понудам работно место во мојата фирма од КРВАВО ЗАРАБОТЕНИТЕ ПАРИ ОД АВГАНИСТАН.....Да не дангубиш и да не трошиш енергија по форумите.Вака барем ке заработиш некој денар....

ХАХАХХАХАХАХАХАХАХА ама ме насмеа слатко хихихихихихихихи

-------------
I WILL NEVER APOLOGIZE FOR BEING MACEDONIAN

Постирано од: NRGMKD
Датум на внесување: 24.Ноември.2012 во 04:08
Нема потреба од оспорување за тоа кој како ја заработил парата во неговиот живот.. На кој како му упалила среќата.. И јас бев во Авган, бев и во Ирак.. Но не бев преку Дајнкорп, Флуор или некоја друга компанија. Бев во сосема поинакво својство.. не е битно.. Животот таму колку беше лесен, толку беше и тежок.. Најмалце е тоа битно. Битно е што македонскиот синдром е таков што македонецот заработените пари од печалба, многу ретко се одлучува да ги реинвестира во нешто профитабилно. Повеќето за рентабилност ја сваќаат банката па своите 50-100 илјадарчиња ги орочуваат и чекаат каматичка на секој 1 од месецот. Повеќето тоа го прават заради незаинтересираност да инвестираат, или заради стравот ако инвестираат во нешто, како тоа ќе им се врати. Факт е дека и државата не нуди некоја сигурност доколку започнеш со некој бизнис. На почетокот секако ќе бидеш малку раат од државните лихвари, ама ако бизнисот тргне нагоре, дефакто е дека ќе добиеш ненајавена посета. Многу работи во државава не се како што треба, па заради тоа и народот не се одлучува да инвестира тука. Медиумските кампањи од типот Осмели Се, Направи го првиот потег имаат двоен аршин. Првиот е да го натераат народот да инвестира, а од друга страна да се дограбат и до тие малку пари кои се преостанати кај народот. Како и да е. И јас мојата заштеда ја депонирав на чување во банка и сега покрај редовната плата, на секој 1 од месецот си подигам камата. Едноставно деликатноста на мојата работна позиција не ми дозволува инвестирање на парите во изградба на сопствен бизнис. За понатака не се знае. Но како стојат работите во државава, немам никаква намера да им ги поклонувам моите КРВАВО (со право можам да го кажам тоа) заработени паричиња.

-------------
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.

Постирано од: Polar Bear
Датум на внесување: 24.Ноември.2012 во 06:55
Тема - Што би работел кога ке се вратам од печалба во Мк
 
Јас не сум на печалба, а и немам намера да се враќам во МК. Уште помалку да инвестирам во нешто озбилно, таму ни домашните македонци не инвестираат. А и ако се вратам, веројатно ќе сркам пиво негде на кеј и ќе гледам како тече Вардар.
 
На носталгија му честитам на одлуката да инвестира. На оние кои донеле одлука да не инвестираат, исто така им честитам. Им честитам и на сите кои донеле било каква одлука за да си го променат животот на подобро. А останатите кои не можат да донесат никаква одлука и го трошат времето со плукање по оние одлучните, ги поздравувам со песната Среќа од Хладно Пиво.
 
-------------
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!

Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 25.Ноември.2012 во 00:58
не можеш да водиш бизнис од патриотски побуди, затоа што првичната поента на приватниот бизнис е да создадеш профит, а не да ја оправаш државата и нејзината економија, особено не во хаотична држава како нашава
ако некој е одлучен озбилно да отвори свој бизнис и увиди дека за тоа во државава има најповолни услови, многу нормално дека ќе го направи тоа, без разлика каде и во која земја го создал капиталот потребен за тој бизнис... и не може тука да се лажеме, секако дека прва анализа кој ја направиле „патриотските инвеститори“ е за тоа колку профитабилен ќе е тој бизнис, а не за тоа какво влијаније ќе има на државната економија
и убаво си рече НРГМКД погоре, нема ниеден нормален човек на планетава, што ќе инвестира во нешто, знаејќи дека некој на крај ќе му ги излапа парите

значи не се работи тука за никаков синдром, туку за здрав разум, базиран на нешто што сме го добиле со напорна посветеност и работа, и не сакаме да отиде јабана тукутака...

а оние што ги зборите, што ги трошеле парите на к*рчење, тие се онаа група на луѓе што ги заработиле парите со таква претходна цел, или се оние што заработиле пари само колку да си ја пробаат среќата, па после не знаат каде...

-------------
размисли пред да напишеш глупост

Постирано од: brza
Датум на внесување: 28.Ноември.2012 во 23:52
Originally posted by nostalgija nostalgija напиша:

...Ти ти немаш визија....А да и ако немаш работа можам да ти понудам работно место во мојата фирма од КРВАВО ЗАРАБОТЕНИТЕ ПАРИ ОД АВГАНИСТАН.....Да не дангубиш и да не трошиш енергија по форумите.Вака барем ке заработиш некој денар....

abe ''krvav'' ,газење од смеење... ushte mnogu godini ke treba ''krvavo''da gi potroshish  kaj shto si  , vikash, bil,...za da imash dovolno pari, ti  mene da me plakjash tuka !
..od takvi kako tebe ''vizioneri'',  ...koishto sê znaat i së videle i ...vrie vo zemjava ! ...pa zatoa i e tolku napredna !

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein

Постирано од: nostalgija
Датум на внесување: 30.Ноември.2012 во 08:55
Originally posted by brza brza напиша:

Originally posted by nostalgija nostalgija напиша:

...Ти ти немаш визија....А да и ако немаш работа можам да ти понудам работно место во мојата фирма од КРВАВО ЗАРАБОТЕНИТЕ ПАРИ ОД АВГАНИСТАН.....Да не дангубиш и да не трошиш енергија по форумите.Вака барем ке заработиш некој денар....

abe ''krvav'' ,газење од смеење...
ushte mnogu godini ke treba ''krvavo''da gi potroshish  kaj shto si  ,
vikash, bil,...za da imash dovolno pari, ti  mene da me plakjash tuka !
..od takvi kako tebe ''vizioneri'',  ...koishto sê znaat i së videle i ...vrie vo zemjava ! ...pa zatoa i e tolku napredna !

Големи мисли од малиот мозок....

-------------
I WILL NEVER APOLOGIZE FOR BEING MACEDONIAN

Постирано од: brza
Датум на внесување: 13.Декември.2012 во 23:55

СЕ ПОВЕЌЕ ПЕЧАЛБАРИ ОД МАКЕДОНИЈА ВО ВОЕНИТЕ ПОДРАЧЈА

Војните во Ирак и Авганистан ни ги полнат стомаците

Иако клучниот момент за заминување на работа во земја во која може да се изгуби животот е финансиски, односно заработки и до 50.000 евра годишно, причини има и во традицијата, историјата и културата на нашиот народ, кој векови наназад одел на печалба и бил прогонуван, смета социологот Илија Ацески

Во Ирак и Авганистан се пука, ама и добро се заработува. Македонските граѓани тоа одлично го знаат, па се помасовно заминуваат на работа во американските воени бази. Работат прости работи, а имаат шанса да заработат повеќе од најскапо платените доктори на науки во Македонија. Парите, пак, што ги праќаат дома, бидејќи таму имаат "ол инклузив", им обезбедуваат одличен живот на нивните семејства, но и сериозно го поткрепуваат платниот биланс на државата.

Илјадници македонски државјани, претежно од кумановскиот и од тетовскиот крај каде што се седиштата на фирмите што ги регрутираат, во моментов го приготвуваат јадењето за војниците, им ги перат и пеглаат алиштата, ги задолжуваат и раздолжуваат на рецепцијата, ги поправаат и возат возилата или го одржуваат компјутерскиот систем во базата. Колку ги има, нема точни податоци, зашто фирмите кои ги ангажираат овие работници се затворени за такви информации, а ги немаат ни надлежните органи во државата.

..............................

- Едно здраво разумно објаснување е дека луѓето се разочарани и ако останат тука ја губат надежта. Ова добива длабоки психички и психолошки димензии. Тешко се објаснува оваа појава, но може да се каже дека поради чувството дека ако не се замине, нешто ќе се изгуби, па покрај ризиците и несигурноста, физичкиот опстанок се става во втор план - вели Ацески.
Тој објаснува дека историјата во која нашиот народ бил подложен на иселувања и повеќе од стогодишната печалбарска традиција со која биле опфатени цели краишта, се врежале во народот и му дале чувство дека треба да биде на некое друго место.

Во анкетата на ЦЕА, како најголема причина за заминување на работа во воените бази во Авганистан и Ирак е истакната потребата за обезбедувањето подобра иднина на сопствените деца...................................
- И во двете општини, Тетово и Куманово, голем дел од парите се трошат за задоволување на семејните потреби, обезбедување храна, облека, образование, комунални давачки и слично. Тетовчани многу повеќе ги трошат парите за уредување и проширување на куќите и становите во кои живеат. Многу интересно е што кумановци многу повеќе ги депонираат своите пари во банките или купуваат нови станови и куќи. Исто така, процентот на лица што ги трошат парите за започнување на бизнис во Тетово е двојно повисок во споредба со лицата од Куманово - се наведува во студијата на ЦЕА за трансфери од Ирак и Авганистан.

...........................

$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$

.............znachi,  kako shto kazav( iako napamet!намигнување)ama sepak tochno bilo,

...ete shto rabotat  ''krvavite'' makedonci vo amerikanskitye bazi tamu!

..i me interesira samo edno:...kolku dushi ima dosega zaginato od onie shto se naogjale bash na teritorijata na bazite vo kritichniot moment? ( ama od celoto ''naselenie'' vo bazite!)

..znachi,za nekolkju godini ''strav'' tamu,...''hrabrite'' makedonci  si obezbeduvaat  celozivotna dobra plata,

...koga bi ja zarabotuvale doma!ма ајде

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein

Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 14.Декември.2012 во 00:40
Originally posted by brza brza напиша:

..i me interesira samo edno:...kolku dushi ima dosega zaginato od onie shto se naogjale bash na teritorijata na bazite vo kritichniot moment? ( ama od celoto ''naselenie'' vo bazite!)

.

Нема точни информации, посебно за неамериканските цивилни жртви.

-------------
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.

Постирано од: brza
Датум на внесување: 15.Декември.2012 во 14:13
-ma pushti ti tochni informacii,

...da chujam kolku dushi(od  site shto se vnatre) ima zaginato ili raneto za site ovie godini vnatre vo bazite ,
...kaj shto se ''stacionirani''makedonskite ''hrabri srca'',намигнување
....pa da vidime kolku krvavi im se zarabotenite  pari tamu.

..inache , mislam deka e nesporedlivo  poopasno da shetash niz chair i topaana (osobeno nokje!) vo skopje , ...otkolku da ''shpartash'' vnatre niz amerikanskite bazi,..pa kaj i da se  naogjaat !

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein

Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 15.Декември.2012 во 21:41
Originally posted by brza brza напиша:

-ma pushti ti tochni informacii,

...da chujam kolku dushi(od  site shto se vnatre) ima zaginato ili raneto za site ovie godini vnatre vo bazite ,
...kaj shto se ''stacionirani''makedonskite ''hrabri srca'',намигнување
....pa da vidime kolku krvavi im se zarabotenite  pari tamu.

..inache , mislam deka e nesporedlivo  poopasno da shetash niz chair i topaana (osobeno nokje!) vo skopje , ...otkolku da ''shpartash'' vnatre niz amerikanskite bazi,..pa kaj i da se  naogjaat !

Не  е битно колку души се, и еден да е- многу е. Колку се крвави заработени парите секој си знае за себе. Има бази кои цело време биле гаѓани, има бази на кои со месеци не била истрелана граната. Се зависи од среќата. Никој не пошол таму со намера да биде црна статистика, сите имаат други сметки кога одат таму. Самото чувство дека во секој момент може да падне граната е доволно да не ти дава мир да спиеш ко човек. Кој треба според тебе да каже дека му се крваво заработени парите? Оној што погинал? Е тој тешко дека нешто ќе каже. Прашај го неговото семејство, можеби тие ќе кажат.
Последниот месец пред да си дојдам дома ширум Ирак низ базите имаше 6 загинати во 3 различни бази ( за овие знам со сигурност, можеби биле и повеќе). Еден од тие загинати беше во база на која немаше паднато ништо цела година. За сите што преживеаја таму и заработија пари -секоја чест. На оние кои го изгубија животот- слава им. За сите што им се чини лесно таму, а не биле- повелете отидете.да

-------------
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.

Постирано од: lion888
Датум на внесување: 29.Јануари.2013 во 14:50
Ne planiram da se vrakam bidejki jas ne sum pecalbar tuku sum iselenik a za da investiram vo MK ne pomisluvam ni pod razno. Makedonija nema povrat na kapitalot i sudska sigurnost za da bidam siguren deka moite pari nema da otidat vo pogresni race.

Taka da mozam da im pozelam sreka na novite investitori od Indija, Amerika ili Grcija i se nadevam posle nekoja godina koga ke se setam na odmor po regionot da go vidam narodot sreken, sreden i relaksiran a drzavata del od EU.

Site nie i posakuvame dobro na MK bez razlika dali planirame da se vrakame nazad ili ne.

Постирано од: laki_bu
Датум на внесување: 30.Септември.2015 во 23:44
Ne bi rabotel nisto, oti nema da se vratam vo MKда

-------------
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....

Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 30.Септември.2015 во 23:55

laki - Локација: Switzerland

Кај си моментално, да не си http://www.tio.ch/News/NewsBlog/Mondo-Animale/1050624/Finite-le--vacanze--per-gli-orsi-bernesi/" rel="nofollow - во Берн кај мечкиве?  
Тие се вратиле од одмор... плазење

-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.

Постирано од: Devojcence
Датум на внесување: 30.Септември.2015 во 23:59
Vo penzija ke bidam i ke odmaram a po potreba ke pomagam na tie sto im treba pomosh.

Постирано од: Орка
Датум на внесување: 01.Октомври.2015 во 08:33
Лаки само немој да не заборавиш за изборите...Ќе им значи.
Нека ти е со памет,здравје и среќа.

Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk