|
Скопје низ годините |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | |||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 13.Јануари.2012 во 18:28 |
||
Дечки има една тема за плоштадот Плоштадот - срцето на Скопје, друга План за Скопје после земјотресот.. и трета Каква архитектура има Скопје?...ама мене ова во ниедна не ми се вклопуваше. Се се некои конкретни муабети, па не сакам да го нарушам текот...
Една споредба на Скопје низ годините. Ако смета темава, слободно префрлете во една од постоечките СКОПЈЕ НИЗ ГОДИНИТЕГрадот Скопје своите почетоци ги бележи уште во старата Римска империја кога под името Скупи се наоѓал на левата страна на р. Вардар. Градот се развил од легионарски логор во 13-11 год.п.н.е., во време на владеењето на Октавијан Август. Градот станал престолнина на провинцијата Дарданија, сe до неговото разурнување во катастрофалниот земјотрес во 518 г. Место него, се подигнал нов град, главно на територијата на денешно Скопје, кој во византискиот период бил нарекуван Јустинијана Прима, според својот жител, императорот Јустинијан, роден во околината на Скопје. По смртта на Јустинијан и повеќегодишните напади на Словените врз градот, племето Берзити го зазело Скопје и засекогаш се населило во него. Следните неколку века, Скопје било постојано освојувано и ослободувано, а се менувала власта на Византијците, па на Србите, Бугарите. Во 14 век Скопје станал втора царска престолнина на српскиот цар Душан. Во тој период градот имал не само политичко туку и културно значење заради обновувањето и изградбата на многу цркви, манастири, болници и сл. Благодарејќи на својата географска положба, Скопје се издигнал како важен трговски и економски центар. Биле изградени анови во кои се одморале трговски каравани кои оделе сe повеќе во правец кон Скопје, отколку кон Запад. Градот тргувал и со Византија-Солун и со Дубровник. По заземањето на Скопје од страна на Турците во 1392 год. настапил период на стагнација и иселување на словенското население од него, а градот бил колонизиран со турско население. Градот претрпувал постојани растежи и падови и од природни катастрофи. Сепак, повеќе странски патеписци запишале дека Скопје до 17 век пораснал во голем центар, трговски и економски, со жив безистен, караван-сарај, пазари, водовод, чаршија и преубава саат кула. Сета оваа убавина била уништена со опожарувувањето во 1689 год. од страна на австрискиот војсководец Пиколомини. По повеќевековното стагнирање, во 19 век Скопје повторно се возобновува и развива. Кон средината на 19 век градот повторно станува главен трговски центар на Повардарјето. Во развојот на градот посебна улога одиграла железничката линија Солун-Скопје-Косовска Митровица, изградена во 1873 год., а особено линијата Белград-Скопје-Солун од 1888 год. Тогаш Скопје станува железнички крстопат и добива непосредна врска со Белград и преку него со Средна и Западна Европа. Со лоцирање на железничката станица на десната страна на реката Вардар, овој дел прераснува во средиште на градот и се развива во модерен европски град, додека на левата страна на реката Вардар останува чаршијата како старо јадро на Скопје. На 13.10.1912 год., по 520 год. турско ропство, Скопје го заземаат српските војски и воспоставуваат своја окупациона власт која ќе трае сe до Втората светска војна, со единствен прекин од 1914 до 1918 год. кога за време на Првата светска војна градот бил окупиран од германски, австриски и бугарски војски. По Првата светска војна Скопје станало главен стопански центар на целата моравско-вардарска област. До почетокот на ХХ век градот се наоѓал на левата страна на реката Вардар и по текот на реката Серава. По изградбата на железничката станица од десната страна на р. Вардар, градот Скопје се шири кон неа сe до подножјето на Водно, односно кон Каршијакот. Тој дел постепено станувал средиште на градот и се развивал во модерен европски град, додека левата страна сe повеќе добивала карактеристики на вистински турски-источен град. Иако градот Скопје не бил секогаш главен трговски центар, тој со својата географска поставеност долго време бил главна точка каде што се судирале патиштата кои воделе низ средиштето на Балканскиот Полуостров. Така на пример, низ Скопје минувале главните комуникациски линии од Приморјето до Цариград, од Белград до Солун, потоа од Скопје до Сараево, т.н. “Босански пат”, Скопје-Солун, Скопје-Ниш итн. Покрај овие, постоеле и локални патишта, “Кумановски” од Скопје до Куманово, “Тетовски” од Скопје до Тетово, “Штипски” од Скопје до Штип итн. Географската положба на градот Скопје имале огромен удел во неговиот историски развој. ИЗВОР | http://www.staroskopje.vestel.com.mk Првата железничка станица во Скопје. Изградена 1873 година со возни линии до Солун и Белград. Подоцна уништена од Србите кои изградиле нова моденрна желеничка во 1930-тите, која пак подоцна е уништена за време на катастрофалниот земјотрес во 1963 година. По изградбата… 1963 година по земјотресот Скопското Кале, изградено во времето на византискиот император Јустинијан. Сликата е од времето на Турците. Поголем дел од него е уништен за време на земјотресот во 1963 година. Скопје во времето на Србите. Градскиот парк во турско време, нарекуван Ислахана. На сликата е истотака Кермес, легендарниот Скопски ресторан од 19-тиот век, уништен за време земојотресот во 1963 година. Куршумли Ан. Хотел во турското време (16-ти век). Го преживеа земјотресот во 1963 година. Џамијата која ги преживеа сите земјотреси, војни, владетели. Изградена во 1492 година. Постои и денес како активна џамија посетувана од муслиманското население. Саат кула, втората најубава џамија во Скопје која преживеала се. Денес сеуште постои но не е толку атрактивна колку што заслужува. Џамија која повеќе непостои. Срушена за време на Србите кои на тоа место изградиле Офицерски дом кој подоцна бил жртва на земјотресот во 1963 година. Офицерскиот дом Српскиот крал во посета на Скопје. Куќата на Српскиот крал во Скопје. Скопскиот плоштад во 30-сетите. Воена болница Скопскиот Универзитет, уништен за време на земјотресот 1963 година. Соборната црква Св. Богородица Црквата била градена од делкан камен од скопската околина. Иако надворешноста на храмот била скромна, внатрешноста била складна и убава со богат иконостас од мермер и ореово дрво со длабока резба на Светите Двери и богат архиерејски стол. За време на Втората светска војна, црквата била запалена од страна на бугарските окупатори и не биле најдени остатоци од богатиот црковен инвентар-иконостасот, олтарот и др. Стариот Скопски театар изграден во првата половина 20-сетите, уништен од земјотресот во 1963 година. Скопски театар 1960 годнина Народната банка, уште една жртва на земјотресот во 1963 година. Народната банка заедно со Камениот мост. Улица Македонија низ годините 1910-сетите 20-сетите 30-сетите 50-сетите 1963 година Скопје 1963 година по земјотресот Плоштадот Македонија низ годините 20-сетите 30-сетите 50-сетите 60-сетите 2004 година Денес Скопје и понатаму се гради, а каква иднина му престои… |
|||
I'm out bcz of pathetic around here
|
|||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
добра тема, тука може да ја разгледаме урбаната историја на Скопје која е мошне интересна, хронолошки да разгледаме некои работи, простори и тоа како се менувале
инаку, мене омилени периоди на градот ми се периотдот меѓу двете војни и постземјотресниот период, се до осумдесетите, бидејќи Скопје тогаш било во најисполнет развој |
|||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||
abnormalen
Сениор ... Регистриран: 05.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 168 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Gluposta e najneobična od site bolesti - od nea NE pati bolniot tuku, SITE OSTANATI!
|
|||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Santijago голема благодарност за убавите слики од старото Скопје, на некои просто не ми се верува дека било толку убаво. Па Скопје било речиси светска метропола по прашање на архитектура! Како ли ќе изгледаше Скопје денес да не беа уништени во земјотресот делата на српските архитекти?(земајќи во предвид дека сепак ќе се ширеше, понешто ќе мораше да се руши, дислоцира или реновира). Но за утеха 2014 ќе стане античка метропола со изразена безосетност за геометријска композиција.
Дали некој има слики како изгледала од внатре старата железничка? Наводно внатре имало некои големи слики(со теми од времето на НОБ?)??? |
|||
Бог повторно му говори денес на човештвото преку Неговата пророчица, Габриеле од Вирцбург. Тој не ја говори речта на Библијата!
|
|||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Мило ми е што ти се допаѓаат
Ми го пратија линкот за да го разгледам Скопје (јас не сум од Скопје) затоа што секогаш сум прашувал какво било Скопје пред земјотресот. Убава архитектура, денес би бил еден од најубавите на овие простори, најверојатно подобар и од Белград. Иако ме импресионираше и архитектурата во Тирана Имам на компјутер други слики од старо Скопје ама не знам дали има од железничката внатре. Ќе гледам да ги закачам некаде па после да ги постирам тука. Ако има добро, ако не ќе бараме некаде
|
|||
I'm out bcz of pathetic around here
|
|||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
ќе бидам задоволен ако некој има слика од внатрешноста на станицата, имам поприлично јасна претстава како изгледало, според тоа што денес е останато на истиот простор каде што бил холот, ама сепак фотографија е подобро од фантазија
инаку железничката станица е еден од моите омилени објекти од тој период, за тоа време современа архитектура, мислам дека беше Арт-деко а самата железница која поминувала од таму, ја почитувам како историја, бидејќи да не беше таа, градот ќе се развиваше сосема поинаку и во други насоки |
|||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
abnormalen
Сениор ... Регистриран: 05.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 168 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
|
|||
Gluposta e najneobična od site bolesti - od nea NE pati bolniot tuku, SITE OSTANATI!
|
|||
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Овие фотографии направени во периодот од 1960-1980 година прикажуваат за некои проекти кои се граделе во Скопје во тоа време.Во период од шеесетите до осумдесетите години биле изградени Градскиот ѕид, Зоолошката градина, железничката пруга, Музејот на современата уметност, зградата на Македонската радио телевизија... Во деведесеттите години во главниот град изградбата стагнираше...не е изграден ниту еден позначаен проект. Градежниот сектор, посебно во овој поглед, како да мируваше. Но, денес Скопје прерасна во вистинска метропола. Повторно почна да се гради! Во последниве три години во Скопје има градежна експанзија каква што нашата метропола не памети од по земјотресот во 1963 година. Главниот град добива современ лик, а скопјани се горди на тоа. |
|||
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|||
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Интересна ми е сликава од Карпош 1 и 2... всушност никогаш не научив каде е границата меѓу Карпош 1,2,3 и 4
Колку било празно..некако растеретено..Барем имало и пешачки патеки..немало дрвореди, но немало ни сообраќај како денес...Оноа уличното осветлување како да не е сменето од кога е ставено Посетата на Тито после земјотресот...а и Кирче бил таму Си пишува... После поплавата 1962 година... Споредба со денешно Скопје...па сега го знаете, не ви требаат слики..
|
|||
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
раскрсницата на Рекорднекаде во пеесетите, на местото на бифето сега има продавница на Сваровски, а на местото на големата зграда на крајот од улицата, денес е Жена-борец парк
денешен булевар Крсте Петков мисирков, на просторот кај Битпазар, без многу шиткаџии и картонски кутии на местото на тоа брановитото покривче, денес има доградба која би требало да е хотел |
|||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|||
Kastro
Сениор Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
|
|||
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
1993
|
|||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|||
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |