IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Македонци ширум светот
  Активни теми Активни теми RSS - Успешни Македонци во Австралија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Успешни Македонци во Австралија

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Успешни Македонци во Австралија
    Испратена: 22.Август.2010 во 13:43

Успешни Македонци во Австралија

Нина Кепеска  
21.08.2010 17:45
 

 

Рекорден број од дваесеттина успешни бизнис луѓе Македонци што живеат и работат во Сиднеј се избрани за најдобри бизниси за 2010 година од општината Рокдаил, каде живеат сто илјади жители.

Во конк*ренција од 700 номинирани бизниси од повеќе етнички заедници, Македонците покажаа дека знаат да прават највкусен бурек, најубави цветни аранжмани, имаат најубав моден бутик, агенции и деликатесни продавници, нудат најквалитетни здравствени услуги, иновираат единствени душеци за спиење со клима.

Рокдаил е општина каде Македонската заедница е најбројна. Македонските иселеници кои со децении живеат тука, се занимаваат со најразлични бизниси.

„Со свој бизнис во Сиднеј за свечена женска тоалета на познати Австралиски и светски дизајнери се занимавам повеќе од четири години. Наградата посебно ми значи и ми импонира бидејќи ме стави во редот на врвните модни бизниси во нашата метропола, во Сиднеј“, вели Неда Ристевска-Ѓореска, сопственичка на ексклузивен моден бутик во Сиднеј.

„Такви душеци какви што правиме ние, нема во Австралија, па имаме ексклузивни клиенти. На наш душек спие најбогатиот човек во Австралија. Една од врвните актерки во Австралија и светот Никол Кидман, и таа има од нашите душеци“, вели Никола Ристевски, сопственик на фабрика за душеци во Рокдаил.

„Веќе девет години работиме и доста од нашите пациенти се од Македонско потекло. Баш ми е драго дека можеме да им помогнеме на нашите Македонци кои се наоѓаат во Австралија“, изјави Лилјана Стојановска-Петровска, лекар, сопственик на медицинска клиника во Сиднеј.

Четврт мандат градоначалник на Рокдаил е Македонецот Бил Саравиновски.

„Македонците во Рокдаил, Сиднеј и Австралија се покажавме и докажавме пред другите нации дека имаме способни бизнисмени. Ќе се бориме за другата година да имаме уште повеќе наградени наши бизнис луѓе“, вели градоначалникот на општина Рокдаил Бил Саравиновски.

Прогласувањето на најдобрите бизниси во Рокдаил, синоќа го проследи повеќе од илјадна публика, која се забавуваше со најславниот радио водител во Сиднеј Џејсон Морисон и познатиот шоу мен Скот Радбун.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=126589

Ocigledno samo vo Makedonija e problem da se bide uspesen Makedonec...


Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44574
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2015 во 16:50
Не се сеќавам да мина кај нас низ медиумите,поодамна е.Но вреди да се одбележи...
Отец Гаврил Галев добитник на престижна награда во Австралија.

Изменето од Орка - 23.Август.2015 во 16:50
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.