IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ХРИСТИЈАНСТВО
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Затворена темаХРИСТИЈАНСТВО

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 1 Гласови, Просечно 5,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Директен линк до овој коментар Тема: ХРИСТИЈАНСТВО
    Испратена: 07.Јануари.2009 во 23:50
Христијанството е една од трите најбројни монотеистички вери во светот и се базира на учењата и животот на Исус Христос, како што е опишано во Новиот Завет.
 

Христијанската вера произлегува од Јудеизмот, наследувајќи ги старозаветните свети книги (канон) од евреите, но со дополнување на истите со уште 27те новозаветни книги (4 Евагелија и 23 книги на Апостолите) и воспоставување на Нов Завет (пакт, договор) втемелен на Христовата жртва на Голготскиот крст. Во првите векови од своето постоење Христијанската вера била сметана за ерес (секта) и била прогонувана.

Со едиктот на толеранцијата во Милано, во 313 година, царот Константин го легализирал христијанството со што сопрело  прогонството на христијаните. Христијанството како официјална државна религија во Римската Империја се востановува во 380 година од императорот Теодосиј на истокот и Грацијан на западот, а притоа се забрануваат другите религии.

 

Денес Христијанството главно се пројавува во трите поголеми групи на вероисповед:
 
 
Православие

Римокатолицизам

Протестантство

 

 
Свети книги 

 
Христијаните ги смeтaaт за свeти книгитe сoдржaни вo Светото Писмо(Библиjaтa) - Стар и Нов Завет.  
 

 
Основни верувања и доктрини

 
1. Бог е еден по природа,а троичен по лица (Свето Тројство): Отецот, Синот(Христос) и Светиот Дух.

2. Бог е семоќен, безпочетен, вечен, сеприсутен, сезнаен, причина и извор на се што постои.

3. Бог е (безусловна) љубов, многумилостив, долготрпелив, верен на Своите завети и ветувања.

4. Во едната личност на Исус Христос се кријата Неговите две природи - Божјата и човечката. Он во се е потполн Бог, и во се е потполн човек освен во гревот.

5. Христос е еднородниот Божји Син Кој беше пратен од Отецот за искупување и спасение на човекот.

6. Човекот е создадено битие од тело и душа.

7. Човекот е создаден по Божјиот образец и подобие.

8. Човекот е создаден безгрешен но заради Адамовиот грев денес се раѓа и е носител на падната и грешна природа.

9. Спасот од гревот се постигнува само преку делотворна вера во Господ Исус Христос.

10. Исус беше роден безгрешно од девицата Марија преку нејзиното осенување од Светиот Дух

11. Исус беше распнат на крст и умре на него заради гревовите на луѓето.

12. Исус воскресна на третиот ден.

13. Исус се вознесе на Небото 40 дена по Неговото воскресение.

14. Исус повторно ќе се врати од небото, на истиот начин како што се вознесе на небото пред очите на Апостолите.

15. Светиот Дух им е даден на Христијаните како Придружник, Утешител и Упатувач во Вистината.

16. Црквата претставува Христово тело, а Христос е нејзината Глава.

17. Молитвата претставува комуникација со Бог преку која ние ги искажуваме пред Бог нашите молби, благодарности, барања, тешкотии, преку која го величаме и славиме Бог итн. Христијаните го молат Бог во Христовото Име.

18. Крштевањето претставува умирање за стариот човек и воскресение на новиот, простување на гревовите и заветување пред Бога.

19. Господовата спомен вечера (причест) претставува разделување на раскршен леб и гроздов плод (Тело и Крв Христова) меѓу верниците со цел да си припомнуваат на Христовата застапничка смрт заради спасение на луѓето и да ја разгласуваат истата на идните поколенија.  

 

Десетте Божји заповеди (Стар Завет)

 
1. Јас сум Господ Бог твој и да немаш други богови освен Мене.

2. Не прави идол или слика од оноа што е горе на небото, што е долу на земјата, што е во водата и под земјата, не им се поклонувај и не им служи.

3. Не изговарај го напразно името на Господа, твојот Бог.

4. Спомнувај си за денот на одморот за да го празнуваш, шест дена работи и сврши ги сите работи, а седмиот ден посвети го на Господа, твојот Бог.

5. Почитувај ги таткото свој и мајката своја за да биде добро и да поживееш долго на земјата.

6. Не убивај.

7. Не прави прељуба.

8. Не кради.

9. Не сведочи лажно против својот ближен.

10. Не пожелувај ништо што е туѓо.  

 
 
 Неколку од поглавните учења и заповеди на Исус Христос (Нов Завет)

 
- Љуби го Господа својот Бог со сето свое срце, со сета своја душа, сиот свој разум и со сета своја сила.

- Љуби го ближниот свој како што се љубиш себе си.

- Прави им на другите она што сакаш тие да ти прават тебе.

- Не судете, за да не бидете судени.

- Проштевајте им на другите, ако сакате Бог да ви прости вам.

- Љубете ги своите непријатели и молете се за оние кои ве прогонуваат.

- Не грижете се за храната и облеката. Барајте го најнапред Божјото Царство и Неговата правда, и сето тоа ќе ви се додаде.

- Молитвите, постот и милостината треба да бидат дискретни. - Бог сака внатрешна искрена побожност, а не надворешна, фалбаџиска и ритуална.

- Што и да побарате од Мојот Татко во Мое Име, ако молите со вера и не се сомневате, ќе ви биде дадено. 

- Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание!

- Одејќи, направете ги сите народи Мои ученици, крштавајќи ги во името на Таткото и Синот и Светиот Дух! Учејќи ги да пазат се што Сум ви заповедал!

 

--------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

ПРАВОСЛАВНО ХРИСТИЈАНСТВО

 

 

СИМВОЛ НА ВЕРАТА

 

Верувам во Едниот Бог Отец Седржител, Творец на небото и земјата, на се видливо и невидливо; И во Едниот Господ Исус Христос, Синот Божји Единороден, Кој е роден од Отецот пред сите векови; Светлина од Светлината, Вистински Бог од вистинскиот Бог, роден, несоздаден, единосуштен на Отецот, преку Кого се станало; Кој заради нас и нашето спасение слезе од небесата, и се воплоти од Светиот Дух и Дева Марија, и стана човек; И Кој беше распнат заради нас во времето на Понтиј Пилат, и страдаше и беше погребен; И Кој воскресна во третиот ден, според Писмото; И Кој се вознесе на небесата, и Кој седна оддесно на Отецот; И Кој пак ќе дојде со слава да и суди на живите и мртвите, и Неговото Царство не ќе има крај; И во Светиот Дух Господ, Кој дава живот, Кој исходи од Отецот, Кому заедно со Отецот и Синот Му се поклонуваме и го славиме, и Кој говорел преку Пророците; Во Една, Света, Соборна и Апостолска Црква; Исповедам едно крштение за простување на гревовитеЧ Го чекам воскресението на мртвите; И животот на идниот век. Амин!

 

 

Свети Тајни во Светото Православие

 
Свети Тајни, или misteryon, се свети дејства во кои преку видливо дејство, на душата на човекот кој верува, невидливо и се дарува Божјата благодат. Светите Тајни се постојана мистична врска која го соединува човековиот живот со Бога. Тие се плодови на животот и смртта на Господ Исус Христос и низ нив тече скапоцената крв на Спасителот. Светите Тајни, исто како и Црквата, се и видливи, и невидливи и во секоја од нив се наоѓа надворешен, видлив знак и внатрешна духовна благодат. Според зборовите на Свети Јован Златоуст, тие се нарекуваат тајни токму поради тоа што она во што веруваме за нив не е исто со она што го гледаме; ние гледаме едно, а веруваме во друго. Како продолжение на тајната на Христовото присуство на земјата, носат во себе две битни обележја: тие се како икона на идниот век и, секогаш се остваруваат во заедница - Света Црква. Во нив верниците задобиваат предвкус на Царството Божјо кое дошло и доаѓа, иако сеуште не во својата полнота. Бидејќи се наоѓаат во Светата Црква, тие се неопходни за сите нејзини членови. Тоа Светата Црква го изразила во десеттиот член од Символот на Верата кој гласи: ”Исповедувам едно крштение за опростување на гревовите”. Иако во овој член се спомнува само Св. тајна Крштение, се подразбираат и останатите Св. Тајни, а тоа е спомнато затоа што преку него се влегува во Св. Црква, а и се стекнува право на сите Свети Тајни.

 

1. Света тајна Крштение

2. Света тајна Миропомазание 

3. Света тајна Евхаристија (Света Причест)       

4. Света тајна Покајание       

5. Света тајна Свештенство       

6. Света тајна Брак       

7. Света тајна Елеосвештение

 

1. Света тајна Крштение

Преку Светата Тајна Крштение, на таинствен начин, преку трикратно потопување во вода во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух човекот повторно се раѓа за нов духовен живот (Јн. 3.5; Мк.16.16). Со Крштението се станува член на Светата Христова Црква, и без оваа тајна, не е можно практикување на другите Свети Тајни. При Крштението човекот се откажува од сатаната, се покајува и го исповедува Символот на верата. Основен предуслов за Светото Крштение е верата во Господ Исус Христос, дека Тој е Син Божји, дека пострада на Крстот и дека воскресна, и дека повторно ќе дојде да им суди на живите и мртвите.

 

2. Света тајна Миропомазание

Миропомазанието е Света Тајна во која преку помазување на одредени делови од телото (чело, уши, нос, уста, гради, рамена, раце и нозе) со Свето миро, во името на Пресвета Троица, на крстениот му се даваат посебни дарови на Светиот Дух, кои го крепат, осветуваат и усовршуваат во духовниот живот (Мт.3.16; Мк.1.10; Лк.3.2). Се извршува после Светото Крштение. Тоа што за телесното напредување на новороденчето е мајчиното млеко, тоа за духовниот напредок на новокрстеното новороденче е Светото Миропомазание.

 

 

3. Света тајна Евхаристија

Светата Евхаристија, односно Причест, по зборовите на Свети Теодор Студит преставува повторување на целиот Домострој на спасението. Овде човекот во вид на леб и вино се причествува за вечен живот со вистинското тело и крв на Својот Спасител Господ Исус Христос (Мт.26.26-28; Лк.22.19). Светата Евхаристија се подготвува и прима за време на Светата Литургија, а е востановена од самиот Господ Исус Христос. Постојат поделени мислења околу тоа колку често треба некој да се причестува. Секој верник ова прашање го решава со својот духовник.

 

4. Света тајна Покајание

Целта на Св. тајна Покајание е повторно да ce измири со Бога. Секој грев нa одвојува од Бога, но покајанието е лек за секој грев, а со тоа и лек за секоја духовна смрт. Нема грев од кој човек не може да се ослободи преку покајанието и покајничката исповед (Мт.18.18; Јн.20.23). Епископите и свештениците, како наследници на Светите апостоли ја имаат моќта да опростуваат гревови. Во некои случаи, зависно од тежината на гревовите кои се исповедани, свештеникот одредува и епитимија, односно дополнителна мера за увидување на грешките, која може да биде во вид на дополнителен пост, молитвено правило, милосрдие или забрана за причестување на определено време, согласно каноните. 

 

5. Света тајна Свештенство

Светата тајна Свештенство, е тајна во која Св. Дух преку молитва и полагање на раце од страна на епископ за време на Света Литургија дава на правилно избрано лице, благодат за вршење на Св. Тајни и раководење на Христовото стадо во вера и побожност. Значи, свештеникот станува посредник пред Бога по примерот на Христа (Тит 1.5). Во оваа тајна постојат три чина: ѓаконски, свештенички и епископски. И оваа Света Тајна е востановена од Господа Христа, а ја вршеле неговите свети ученици. 


 
6. Света Тајна Брак

Бракот е Света Тајна во која младоженецот и невестата пред свештенослужителот и пред Светата Црква, даваат слободно ветување на брачна верност и взаемна помош во нивниот евангелски живот, поради законско раѓање и христијанско воспитување на деца (Јн.2.2; Еф.5.31-32; Д.ап.20.28). Бог уште во рајот ја осветил брачната врска кога го благословил Адама со Ева.

 

7. Света тајна Елеосвештение

Елеосвештение е Света Тајна, во која на христијанинот со осветен елеј (масло) му се помазуваат одредени делови од телото и, невидливо му се дава благодат Божја, која ги исцелува не само духовните туку и телесните болки (Јак.5.14-15). И оваа Света Тајна е востановена од Господа Исуса Христа. Се извршува над тешко болни верници за излекување од нивните болести.

 

Вселенски собори

Вселенски собори ce собрание на епископите кои ја претставуваат целата Црква): колегијален начин на изјаснување на Вселенскиот епископат за содржините на верата и за дисциплински прашања. Покрај тоа што епископот има одредена помесна служба, тој има соборна одговорност во прашањата од општиот интерес на
Црквата. Во периодот пред расколот (пред 1054 г.), определбата
“Вселенски” на некој Собор му е давана со присуството и претставувањето на епископатот од целата империја. Затоа,присуството на римскиот трон (т.е. на италијанската епрхија) на Соборите било неопходно. Иако биле
свикувани од царевите, Вселенските Собори не биле царска институција. Царевите ги потпишуваат соборските акти, но не гласаат, ниту пак влијаат на одлуките, оставајќи им на епископите потполна автономија во дискусиите и одлучувањето.


Во соборските одлуки треба да се прави разлика
меѓу догматот – кој има доктринарна содржина на верата (???? ), и канонот – кој има дисциплински карактер. Ни свикувањето од страна на царот, ни вселенското присуство и потписите на епископите на соборските акти – не го гарантираат суштинското православие на искажаната вера или на символот на верата. Одлуките на Вселенските Собори не се надворешен критериум на учењето, зашто ниту една надворешна власт не може да го
наметне она што е против вистината на верата. Затоа, одлуките на Соборите треба да ги прифати и потврди свеста на Црквата. Православната традиција признава седум Собори со Вселенски карактер, меѓу кои се одржале многубројни помесни или регионални собори.

Вселенските собори во историјата претставувале собранија на епископите од целата вселена на кои се изразувало единството на Црквата, правата вера и вистинитото знаење за Бога.
Единството на сите помесни Цркви на вселенско ниво се остварува кога нивните епископи, припаѓајќи на едното Тело на Црквата, исповедаат една вера, односно кога, според зборовите на св. Игнатиј Богоносец, „епископите од сите краишта на земјата се во едната волја (мисла) на Исус Христос.”

Целата Црква, епископите, свештенството и народот,
учествуваат во искажувањето на правилното учење или на догматот за Бога како Света Троица и за односот на Бога кон светот. Вистината, значи, не jа искажуваат ни првиот во јерархијата, сам и одвоен од црковната заедница, ниту пак, вистината е ствар на мнозинството. Историјата на Црквата ни покажува примери на учители и исповедници на верата кои не
заземале највисоки црковни достоинства, а сепак биле столбови на Православието. Таков пример е св. Атанасиј Велики, кој во времето на Првиот вселенски собор бил ѓакон. Секако, св. Атанасиј бил таков богослов затоа што со целото свое битие живеел во Вистината, заедно со сите Свети, пројавувајќи го соборното единство на целата Црква. Вистината е достигнување на целата Црква како заедница, на секој нејзин член кој со својот живот го сведочи целиот Христос. Само Црквата како
заедница на даровите, во која постои проникнување меѓу првиот, како мистагог и сите други членови – ја има и ја објавува вистината за целиот Христос.

Тргнувајќи од ваквиот начин на поимање на
црковниот живот, сите одлуки на Вселенските собори се донесувани така што ја изразувале верата и совеста на целата Црква, а тоа правило на верата важи секогаш кога соборските одлуки минуваат низ проверка, односно кога соборно се прифаќани од сите членови на заедницата. Овде треба да се бараат причините зошто дури и големите Вселенски собори, како на пр. Првиот и Четвртиот, не биле прифатени веднаш, туку поминале години, дури и децении, додека одлуките да добијат икуменско (вселенско) значење. Великите Отци и Учители на Црквата не се раководеле со идејата за моќта или власта во спроведувањето на своите одлуки, туку стрпливо чекале Вистината да биде доживеана и прифатена во секоја пора на црковниот живот.


За да биде израз на живата вера, соборската одлука мора да биде соопштена во сите помесни Цркви на Света Литургија. Без согласност на верниот народ – определена одлука не може да се спроведе во литургискиот живот. Имено, дури кога верниот народ со своето „Амин” (што значи: нека биде така) ќе го изрази потполното согласување со одлуката на некој Собор, одлуката се усвојува. Со други зборови, соборската одлука конечно се прифаќа кога во неа потполно се огледува литургиското и подвижничкото искуство на Црквата.

Вселенските собори го следат образецот на утврдувањето и соопштувањето на вистината кој е установен на Апостолскиот собор во Ерусалим (49 г.), кога сите Апостоли еднодушно рекле: „Ни беше угодно на Светиот Дух и на нас” (Дела. 15,28). Тоа
значи дека одлуките на Соборите ја подразбираат хармонијата на двете волји во Црквата: на Божјата волја – која невидливо ја соопштува Светиот Дух, и човечката – која ја искажуваат епископите, кои, бидејќи го иконизираат Христа во Евхаристијата, имаат посебен дар, како начелници и обединители на евхаристиските собранија – да го исповедаат единството на Црквата во Христа, а оттаму и правилното учење на Соборите, исто онака како што тоа го правеле Светите Апостоли во раната
Црква.

Одлуките на Вселенските собори превосходно ги искажуваат вистините на верата доживеана во Крштението и Евхаристијата.
Затоа, во одлуките на Соборите особено дошло до израз учењето искажано во тнр. крштелни Символи на верата на помесните Цркви, кои ги изговарале катихумените кога биле крштевани. Одлуките на Соборите, исто така, во голема мерка се засновани и на анти-еретичките списи на Светите Отци, кои ја исповедале вистината доживеана во Црквата како литургиска заедница, наспроти еретичкото учење кое секогаш се засновува на индивидуалистички мислења.

Во досегашната историја на Црквата се одржани седум големи Вселенски собори.

Првиот Вселенски собор се состанал во Никеја, 325 година, а повод било еретичкото учење на Ариј, кој Господа Христа погрешно го сметал за створен, а не предвечен Син
Божји, како што учи Православната Црква. Никејскиот собор, според зборовите на св. Атанасиј Велики е „изобличување на секоја ерес… зашто тој ја исповеда совршената и потполна вера во Света Троица… во која вера ние и крштеваме и преку која се соединуваме со Бога.” На тој Собор е составен Символот на верата кој потоа бил дополнет на Вториот вселенски собор.

Вториот вселенски собор е одржан во Цариград, 381 година. Повод за неговото свикување била духоборечката ерес, чии претставници говореле дека Светиот Дух е создание, а не
(несоздаден) Бог. Црквата го отфрлила нивното неправилно учење и го дополнила Никејскиот Символ на верата, така што го проширила осмиот член, во кој се нагласува дека на Светиот Дух му припаѓа иста слава и поклонување како им припаѓа и на Отецот и на Синот, со други зборови, дека според Божеството е со иста чест со Отецот и со Синот. Заради ова дополнување, како и заради искажувањето на верувањето во Црквата, во едното Крштение, во Васкрсението и животот на Идниот Век, востановениот Символ на верата се нарекува Никејско-цариградски.

Третиот Вселенски собор се состанал во Ефес, 431 година, за да ги потврди одлуките на претходните Собори и да ја одбрани верата на Црквата од Несториевата ерес. Несториј сметал дека и божествената и човечката природа на Христос треба да имаат по една личност. Отците на Третиот Собор го отфрлиле неговото
учење со кое би се внесувала поделба во едната Личност на Господ Христос. На овој Собор е потврдено дека Господ Исус Христос е една Личност со две природи: со божествена природа – од вечноста, од Отецот, и со човечка природа – која ја примил во времето, од Пресвета Богородица.
 
Несториј уште говорел дека Пресвета Дева Марија не
го родила Бога, туку го родила човекот Исус и затоа не го прифаќал името Богородица, а ја нарекувал човекородица или Христородица. Бидејќи Исус нема човечка личност и бидејќи мајката може да биде само „нечија”, а не мајка на нешто т.е. наприрода, Марија Дева навистина е Мајка на Бога, односно, Богородица.

Несториевата заблуда во врска со Богородица потекнала од неговиот страв на Дева Марија да не бидат припишани божествени особини. Исповедајќи дека Дева Марија е Богородица и дека го родила Бога во тело, Црквата, меѓутоа, на неа не дава особини на богиња. Таа не го родила предвечниот Бог според божествената природа, туку го родила Бога Логосот според овечката природа. Кога слегол на земјата, тој зел обличје на човек, но не престанал да биде бесмртниот Бог кој од вечноста е во заедница со
Отецот и со Светиот Дух.

Четвртиот Вселенски собор е свикан во Халкидон, 451 година, заради монофизитската ерес. Монофизитите (грч. една природа) застапувале став дека Христовата човечка природа при Воплотувањето до таа мерка се слеала со божествената, што потполно се изгубила во неа. Православната Црква своето учење во врска со овој догмат го формулирала во тнр. Орос (одлука) во кој стои дека Христос е воплотениот Син Божји и Логос, една
Личност со две природи: божествена – со која е едносуштен (со иста суштина) на Отецот, и човечка по Воплотувањето – со која станал едносуштен со нас. Монофизитите, заради нивното погрешно учење, направиле раскол во Црквата и останале до денес издвоени од неа (Копти, Етиопјани и Ермени).

Петтиот Вселенски собор го свикал цар Јустинијан, 553 година, во Цариград, за на него уште еднаш да биде потврдено учењето на Црквата за Господ Христос како воплотен Син Божји. Во одлуките на Соборот се говори за Исус Христос како за една Личност со две природи, тако што природата на Логосот не се претворила во природата на телото, ниту природата на телото се претворила во природата на Логосот, по соединувањето што настанало со Воплотувањето. Цар Јустинијан ја напишал познатата литургиска химна „Еднороден Сину” која зборува за Синот Божји кој се воплотил, бил распнат на Крст и ја победил смртта, останувајќи Еден од Света Троица.

Шестиот Вселенски собор е одржан во Цариград, при крајот на 680 г. и почетокот на 681 г. Повод за овој собор биле монотелитската ерес (грч.една волја) и моноенергитската ерес (грч.една енергија). Застапниците на овие учења погрешно сметале дека Господ Христос имал една волја и една енергија. Наспроти нив, св. Максим Исповедник говорел дека во Христа постојат две природи и според тоа, две природни волји и енергии: божествена и човечка. Овие две волји и енергии се во меѓусебно
општење и проникнување, а едната Личност на Христос Богочовекот ги придвижува Своите природни волји и енергии и дејствува во нив.

Седмиот Вселенски собор се состанал во Никеја, 787 година, а како повод ја имал иконоборечката ерес. Иконоборците биле против почитувањето на светите икони во Црквата, тврдејќи дека тоа е грев на идолатрија (идолопоклонство). Бранителите на светите икони; св. Јован Дамаскин и св. Теодор Студит
истакнувале дека почитувањето на иконите е можно и правилно, зашто Синот Божји примил човечко тело (Логосот стана тело – Јн. 1, 14) и затоа, како воплотен Бог може и да биде насликан. Оние што ги отфрлале иконите го отфрлале и Христовото Воплотување и го сметале за привид и фантазија. Светите икони треба да ги почитуваме и да им се поклонуваме, но да не ги обожуваме. Поклонувајќи се на Пресвета Богородица, на светителите кои се претставени на иконите, се поклонуваме на Прволикот – Господ Христос кој е основата на секој лик што е насликан на икона. Секој светител е повторен Христос кој и со ликот потсетува на Господа Христа. Затоа, поклонувајќи се на светителите, се поклонуваме на самиот Господ Христос, кому тие му служеле и кого со својот живот го прославиле.


Соборите – израз на богооткриената Вистина

Црквата на сите Вселенски и помесни собори, користејќи го богатото наследство на верата кое е забележено во Светото
Писмо и е посведочено во соборното искуство на Светите Отци, вложила огромни напори да ја изрази богооткриената вистина, одолевајќи им на сите бранови на еретичките учења. Во таа смисла, соборските одлуки претставуваат неисцрпен и незаменлив извор на верата и сигурен патоказ во соочувањето на Црквата со сите подоцни погрешни учења низ историјата.



 

 ---------------------------------------------------------

 

 

КАТОЛИЦИЗАМ

 

 

Rascepot (skizmata) na Edinstvenata Hristijanska Crkva se sluchi vo 1054 godina koga Papata Leo IX go ekskomunicira patrijarhot Michael Cerularius od Konstantinopol (vodachot na Istochnata Crkva). Vo odgovor na ova, patrijarhot go anatemizira Papata. Od togash Hristijanskata Crkva se podeli na Rimokatolichka (Zapadna) i Pravoslavna (Istochna). Podelbata se dolzhi na doktrinalni, teoloshki, lingvistichki, politichki i geografski prichini.

 

 

 

Католиците веруваат дека Марија телесно и духовно беше крената на небесата за да биде вечно со својот син Исус. Католиците го слават 15 Август како ден на нејзиното вознесение. Со прокламација во 1950 година Папата Пиус XII вознесението го прогласи за догма врз база на теолошката доктрина и Универзалниот Концензус на Црквите, а не врз основа на Библискиот авторитет. Универзален Концензус на Црквите Универзалниот Концензус на Црквите прокламира дека сите Црковни верувања и учења се Богодадени и како такви се самоевидентни и неоспорни вистини. Црквата доаѓа до таков концензус со упатување од страна на Светиот Дух, а Светиот Дух не може никогаш да биде грешен. Папа Папата ( ,,Татко,, на латински ) во католицизмот се смета за директен наследник на апостолот Петар на кој што Исус му го довери раководството на Црквата. Секој Папа се смета апостолски наследник во непрекинатиот ланец и како таков се смета за неприкосновен врвен авторитет за Католичката Црква. Втори според хиеархијата се Кардиналите кои го одбираат Папата од своите редови.  

 




 --------------------------------------------------------------------------------------------- 

PROTESTANSTVO

 

 

 

 

 ---------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

ХРИСТИЈАНСКИ ДОМИЦИЛНИ И НЕДОМИЦИЛНИ РЕЛИГИИ И ВЕРУВАЊА

 

 

ПРАХРИСТИЈАНСКА ЗАЕДНИЦА - УНИВЕРЗАЛЕН ЖИВОТ

Универзален живот е динамична прахристијанска верска заедница раширена во бројни земји низ целиот свет, првобитно основана под името „Исус Христова мисија за водење во Татковината„ во јануари 1977 година во Германија. Подоцна, во годината 1984 прерасна во духовната заедница Универзален живот*(германски: Universelles Leben).

ПРОРОЧКА РЕЧ

Прахристијаните веруваат дека Исусовите зборови од Новиот завет: „Уште многу имам да ви кажам но тоа сеуште не можете да го носите. Но кога ќе дојде Тој, Духот на вистината, ќе ве воведе во целата вистина„ Евангелие според Јован 16:12 се остваруваат токму во денешното време на големи промени.Тој говорел преку просветлени мажи и жени со налог да ја пренесуваат неговата света Реч т.е. пророци и пророчици во сите времиња(на пр. Хилдегард Бингенска, Џироламо Савонарола, Емануел Сведенборг, Јакоб Лорбер и тн...) користејќи ги како еден вид медиуми(инструменти) преку кои неговиот глас можеле луѓето да го чујат, и дека феноменот на пророчката реч е присутен и ден денес, односно дека Бог повторно говори до човештвото. Но денес, за прв пат се излева целата вистина низ пророчка уста во збор и писмо.

Пророкот за денешното време низ кој Бог се објавува е една жена. Нејзиното име е Габриеле и дејствува во градот Вирцбург во Германија.

 
ОВА Е МОЈАТА РЕЧ: АЛФА И ОМЕГА - НАЈВАЖНА ДУХОВНА КНИГА ВО УНИВЕРЗАЛЕН ЖИВОТ

 

Деталите за животот и учењата на Исус од Назарет од пред 2000 години, нивната смисла, како и пораки упатени од Христа до човештвото денес се дадени 1989 година во обемната книга со наслов: „Ова е мојата Реч: Алфа и Омега. Евангелие Исусово - Христова објава која светот не ја познава„ (Денес со поднаслов: „Која вистинскитеите христијани во целиот свет ја познаваат„). Таа е капиталната објава од Христос примена преку Габриеле и воедно ги ословува сегашните, но и идните генерации кои ќе живеат во Исус Христовото царство на Мирот.За главен духовен авторитет се прифаќаат откровенијата примени преку божјата пророчица Габриеле. За Библијата и светите списи на другите светски религии се има став дека содржат многу вистини, но дека содржат и многу примеси вметнати намерно и ненамерно од свештеничките касти, преведувачите а понекогаш и од самите автори. Сржта на учењето е содржана во Десетте Божји Заповеди и Исусовата Беседа на Гората кои Христос преку пророчката реч на денешницата ги има објаснето и продлабочено со цел на денешните луѓе им бидат појасни за да истите можат да ги оставарат во својот секојдневен живот.

 

Bажни карактеристики на учењето: - Десетте божји заповеди и Исусовата Беседа на Гората се главни упатства за правилен христијански живот според Божјата волја - духовен авторитет се откровенијата примени преку пророкот за денешно време, не Библијата - пра-изворот е Духот - материјалниот свет е последица на падот на ангелите а не на директно Божјо создавање, тој е минлив. Духовниот божествен свет е вечен и никогаш нема да помине. - Човекот има слободна волја да се одлучи за или против Бога. Одговорноста која од тоа произлегува човекот си ја сноси самиот, а не Бог или некој друг. - Мислите се енергија. Тие не се ослободени од данок. Затоа човек треба да се учи да го контролира своето мислење да биде во склад со Божјите закони. - верување во причинско-последичниот закон: „Што човек сее тоа тој и ќе жнее!„ - Бог е љубов, тој никогаш и никого не казнува. Тој само не се вмешува во причините создадени од луѓето, кои со тек на време донесуваат одредени последици. Бог нема ништо заедничко со патењето на луѓето. Тој меѓутоа секогаш нуди помош доколку е човек спремен да ја прифати. - верувањето во реинкарнација (повторно раѓање) на човечките души во човечки тела. - Смислата на човековиот живот е да стане повторно божествен, со тоа тој излегува од процесот на реинкарнација. - Човек треба постепено да ги облагородува своите сетила а не да се одрекнува присилно и да ги потиснува своите сетилни желби. Фанатизмот е штетен. - контактирањето со душите(спиритизам) на починатите е во спротивност со божјите закони и е мошне опасно - вегетаријанство и веганство - генетскиот инжинеринг, експериментите со животни, пресадувањето органи не се во склад со Божјите закони - тие водат кон понатамошни патила. - Христос е единствен Небесен спасител и избавител на сите луѓе и души. Никој не пристигнува повторно кај Бога освен преку Христа - Еден ден преку Христа сите души ќе се вратат кај Бога во вечната Татковина. Никој нема да биде вечно проколнат или уништен, затоа што Бог е љубов која сите свои деца подеднакво ги љуби.  РЕИНКАРНАЦИЈА - ПОВТОРНО РАЃАЊЕНие не живееме првпат. Позади секој поединец на Земјава има неколку или многу претходни инкарнации. Се` додека во човековата душа има неиcчистени гревови и претерано силни човечки склоности, душата е заробена во тркалото на повторното раѓање. Спротивно од источните релиигии (хиндуизам и будизам) во Христовите објави преку пророкот, објаснето е дека деградирањето во животинска или растителна душа и тело е невозможно. ЗАКОНОТ НА СЕЕЊЕ И ЖНЕЕЊЕ - ЧОВЕКОТ Е САМИОТ ОДГОВОРЕН ЗА СВОИТЕ СТРАДАЊА Човекот е несреќен и страда поради својата оддалеченост од Бога, т.е. поради континуираното прекршување на божјите закони кои се всушност негова природна состојба. Секоја мисла, збор или постапка е како едно семе засадено во нива кое порано или подоцна донесува плодови соодветни на семето.

Бог никого не казнува доколку некој реши да постапува поинаку, но не се вмешува во последиците кои при тоа настануваат.

ПАТОТ КОН БОГА - ВНАТРЕШНИОТ ПАТ Човекот не може да најде трајна среќа, задоволство и мир во надворешните материјални работи, но ниту во надворешните религии, филозофии и мислења изградени од луѓе. Кога човек би почнал да патува накај Бога преку остварување во пракса на законите Божји тогаш тој постепено би станал среќен, смирен и здрав. Патот кон Бога е составен од 7 духовни скалила наречени:

 

1. Ред

2. Волја

3. Мудрост

4. Сериозност

5. Трпеливост

6. Љубов

7. Милосрдие Суштината на патот кон Бога се состои во препознавањето на нашето сопствено погрешно однесување кон ближните и природата и тоа во: мислите, зборовите и постапките и трансформирање на истите во позитивни енергии.

 

 

ХРИСТОС  ДИРЕКТНО ГО ВОДИ ЧОВЕКА Христос на четвртиот степен на духовниот развој, степенот на Сериозност го превзема во целост духовното водство. Тогаш на човека повеќе не му се потребни пророци за да го чуе Бога. Христос директно му се објавува, но објавите примени се однесуваат само за него, а не за друг или трет.

Кога душата на човекот ќе го достигне седмиот степен, степенот на Милосрдието, таа може да влезе во тнр. Чисто Небо - вечното постоење, од каде некогаш многу одамна излегла. Чистото Небо кое всушност претставува еден бесконечен духовен универзум е нашата вистинска, изворна Татковина. ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ГРЕВОТ Прахристијаните не веруваат во тнр. пра-родителски грев на Адам и Ева. Секој е самиот одговорен за себе, не за туѓите постапки. Ослободување од гревот е возможно само ако се добие прошка од оштетените и воедно човек биде подготвен и самиот да прости. Бог би бил неправеден кога би дозволил гревовите да можат да бидат простени преку други или трети лица, без при тоа засегнатите страни да се изјаснат. Од тоа произлегува и дека праведноста треба да биде секогаш пред правото.

 

БОГ СЕ ЗАЛАГА И ЗА ЖИВОТНИТЕ Една од божјите заповеди примени преку пророкот Мојсеј гласи: „Ти не треба да убиеш!„ Оваа заповед важи и во човековиот однос кон животните. Бог им ги дарувал на луѓето семињата, овошјето и другите земјоделски плодови за исхрана на луѓето, но не животните. Животните имаат право на мирен и достоинствен живот. Човек треба да се храни вегетаријански - без месо и риба.

„Универзален живот„ како поим за верска заедница не треба да се меша со црквата „Universal Life Church„ во САД која има сосема поинакво учење и историјат. За да нема забуна, во англиското говорно подрачје називот на прахристијанската заедница гласи „Universal Life - the Inner Religion„.

Подетално за животното и верското убедување на прахристијаните: Тема: Универзален Живот - Прахристијани http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=14592


 

 





Изменето од Messenger - 21.Јуни.2015 во 03:32
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2009 во 22:41
Messenger чекам продолжение за Протестантството, бидејќи постојат некои разлики во споредба со католицизмот.
Темата е одлична. Поздрав

Изменето од GlenKlouz - 10.Јануари.2009 во 22:42
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2009 во 22:56
Blagodaram na chestitkata. Taa vsushnost treba da se upati do nekolkumina chlenovi (EvAngelos, Opiten, Miki P, vaskapraska i Tetratka) koi zemaa aktivno uchestvo vo sostavuvanjeto i modificiranjeto na tekstovite. Povekje za toa kje najdesh tuka:

http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=17327

Isto taka, jas bi preporachal za natamoshni kometari i diskusii okolu ovaa tema da se koristi toj link za da mozheme temava da ja chuvame sto pochista i popregledna za chitanje.

Inaku, nie imame nekoi chlenovi i posetiteli koi pripagjat na Protestantskite hristijanski veruvanja i jas ochekuvam od niv edna poaktivna sorabotka vo zbogatuvanje na temava, barem koga se raboti za blokot PROTESTANTSTVO.

Изменето од Messenger - 20.Јануари.2010 во 04:48
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Crnorizec Hrabar Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 12.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 19
Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2009 во 03:03
GLAVNATA RAZLIKA POMEDJU KATOLICIZMOTI PROTESTANTIZMOT E PRASANJETO NA AVTORITET, T.E. KOJ E GLAVNIOT IZVOR NA ZNAENJE ZA GOSPOD I STO E NORMA NA HRISTIJANSTVOTO, NA STO TREBA DA MU SE DADE PREDIMSTVO I PRIORITET.

KATOLICIZAM

1. CRKVEN MAGISTERIUM (UCITELSTVO)
2. TRADICIJA
3. BIBLIJA

PROTESTANTIZAM

1. BIBLIJA
2. TRADICIJA
3. CRKVEN MAGISTERIUM (UCITESTVO)

NEMAM NAMERA DA GI ELABORIRAM SITE POEDINECNO OSVEN AKO SE POJAVI NEKOJ INTERES VO IDNINA, BIDEJKI MISLAM DEKA SUSTINATA NA RAZLIKATA E SOSEMA JASNA.
KAJ KATOLICITE TRADICIJATA I CRKOVNITE UCITELI ZAZAMAAT NAJVISK PRIORITET DODEKA KAJ PROTESTANTIZMOT BIBIJATA E NAJVISOK AVTORITET I NORMA A NE ONOJ STO JA TUMACI (TRADICIJATA I CRKVENITE UCITELI. KAJ PROTESTANTIZMOT POSTOI VERUVANJE DEKA BIBLIJATA SE TUMACI SAMATA SEBE I PREMA TOA ZAZEMA ILI TREBA DA ZAZEMA NAJVISOK AVTORITET. VO TOJ POGLED TRADICIJATA ZAZEMA SEKUNDARNO MESTO ZAEDNO SO CRKOVNITE UCITELI ILI MAGISTERIUM.
OBICNO VO TEOLOGIJATA I VO ISTORIJATA NA CRKVATA SE ODELO VO PRENAGLASUVANJE NA EDNIOT AVTORITET NA STETA NA DRUGIOT I OBRATNO. NAJGOLEMIOT HRISTIJANSKI APOLOGET NA 20 VEK JOHN STOTT -ANGLIKANEC(EVANGELIKALEC) SPORED VEROISPOVEST REKOL; NA HRISTIJANSTVOTO MU E POTREBEN BBC-BIBLICAL BALANCED CHRISTIANITY. BALANSOT E POTREBEN DA SE VRATI BIDEJKI NE POSTOI BIBLIJA BEZ TRADICIJA I CRKVENI UCITELI ILI CRKVENI UCITELI BEZ BIBLIJA. I EDNOTO I DRUGOTO E VAZNO. SEPAK SUM PRI MISLENJE DEKA PROTESTANSKIOT POREDOK NA AVTORITETOT I PRIORITETITE E PODOBAR, PRVO BIBLIJA KAKO NORMA NA HRISTIJANSKOTO UCENJE A POSLE TRADICIJA I CRKOVNI UCITELI, SVETCI, DEJCI ITN. POZDRAV!
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2009 во 13:55
Вистинското ХРИСТИЈАНСТВО - како и сите вистински учења што упатуваат на СОВРШЕНАТА ВИСТИНА - во својата суштина се дели на три нивоа.

* Институцијално
* Интелектуално
* Мистично

Само третото ниво - преку кое единствено се доаѓа до СÈОПФАТНОТО ЕДИНСТВО - неможе да се научи нити присили, туку тоа се случува.

Таа случка е одлучувачката во животот на човекот, преку која тој ја доживува ВИСТИНАТА што е повисока, поголема, постара, ... од секој ум и традиција.

Таа случка неможе да се изнуди, таа случка е Милостив дар!


Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2009 во 00:31
Јас ми сакал да се  промени насловот на темата КАРОЛИЦИЗАМ - во РИМОКАТОЛИЦИЗАМ за правилно да ги дефинираме работите, а од таму и правилно да ги разбереме


бидејќи и Православната црква е католичка...

СВЕТА КАТОЛИЧКА (СОБОРНА) ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА,

сенадевам ме разбравте што ми е поентата
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2009 во 00:45
Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:

Јас ми сакал да се  промени насловот на темата КАРОЛИЦИЗАМ - во РИМОКАТОЛИЦИЗАМ за правилно да ги дефинираме работите, а од таму и правилно да ги разберемебидејќи и Православната црква е католичка...СВЕТА КАТОЛИЧКА (СОБОРНА) ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА,сенадевам ме разбравте што ми е поентата


Што зборуваш бе дечко, информирај се подобро малку пред да дадеш таков смешен коментар-православната црква била римокатоличка.
Римокатоличката си е римокатоличка, православната православна, протестантската башка, баптистичка, лутеристичка. Тие имаат само едно заедничко-сите се христијански цркви а за тоа ти што зборуваш се деноминации на христијанството а не е едно исто.

Изменето од GlenKlouz - 29.Март.2009 во 00:46
Beauty fades, dumb is forever
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2009 во 01:12
Originally posted by GlenKlouz GlenKlouz напиша:

Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:

Јас ми сакал да се  промени насловот на темата КАРОЛИЦИЗАМ - во РИМОКАТОЛИЦИЗАМ за правилно да ги дефинираме работите, а од таму и правилно да ги разберемебидејќи и Православната црква е католичка...СВЕТА КАТОЛИЧКА (СОБОРНА) ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА,сенадевам ме разбравте што ми е поентата


Што зборуваш бе дечко, информирај се подобро малку пред да дадеш таков смешен коментар-православната црква била римокатоличка.
Римокатоличката си е римокатоличка, православната православна, протестантската башка, баптистичка, лутеристичка. Тие имаат само едно заедничко-сите се христијански цркви а за тоа ти што зборуваш се деноминации на христијанството а не е едно исто.


Јас  би сакал да се  промени насловот на темата КАРОЛИЦИЗАМ - во РИМОКАТОЛИЦИЗАМ за правилно да ги дефинираме работите, а од таму и правилно да ги разбереме


бидејќи и Православната црква е католичка...

СВЕТА КАТОЛИЧКА (СОБОРНА) ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА,

сенадевам ме разбравте што ми е поентата


ако имаш проблеми со видот - познавам многу очни лекари и ајван-докроти...
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2009 во 01:41
Да имам сериозни проблеми со видот, затоа читам Православната црква е КАТОЛИЧКА.
Се надевам дека ќе дојдат и други слепци за да можеш подобро да ни ја расветлиш мистеријата околу твојов исказ.
И еве јас не ја разбрав твојата поента а ти не се потруди да ја објасниш туку ми даде упат за на очен.
Beauty fades, dumb is forever
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2009 во 03:14
Originally posted by GlenKlouz GlenKlouz напиша:

Да имам сериозни проблеми со видот, затоа читам Православната црква е КАТОЛИЧКА.
Се надевам дека ќе дојдат и други слепци за да можеш подобро да ни ја расветлиш мистеријата околу твојов исказ.
И еве јас не ја разбрав твојата поента а ти не се потруди да ја објасниш туку ми даде упат за на очен.

ОБЈАСНАТО Е НА КИРИЛИЦА!!!

  Εἰς μίαν, Ἁγίαν, Καθολικὴν καὶ Ἀποστολικὴν Ἐκκλησίαν
ова е тоа што те интересира: Καθολικὴν καὶ Ἀποστολικὴν Ἐκκλησίαν

Црквата е КАТОЛИЧКА - тоа на елински значи СОБОРНА

1054 год црквата се дели на Источна и Западна - и Западната е РИМО-КАТОЛИЧКА, А ИСТОЧНАТА ПРАВОСЛАВНО-КАТОЛИЧКА

сега јасно ти е ? или треба реферати да пишувам?


Изменето од Tetratka - 18.Јануари.2010 во 15:58
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2009 во 19:18
Глен Клоуз - кога не ги познаваш работите, не се расправај непотребно, а прашај.
Православната Црква е Католичка. Римската црква е Римо-католичка. Католичка значи Универзална, Соборна, Сеопшта.
Do what is right, come what may...
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2009 во 20:29




Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Глен Клоуз - кога не ги познаваш работите, не се расправај непотребно, а прашај.
Православната Црква е Католичка. Римската црква е Римо-католичка. Католичка значи Универзална, Соборна, Сеопшта.


Да!

Црквата Христова е:

ЕДНА, СВЕТА, КАТОЛИЧКА (СОБОРНА) И АПОСТОЛСКА ЦРКВА, а Западната црква се именува: РИМО-КАТОЛИЧКА.

Поздрав.







Изменето од Miki_P - 29.Март.2009 во 20:30
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2009 во 00:05
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Глен Клоуз - кога не ги познаваш работите, не се расправај непотребно, а прашај.
Православната Црква е Католичка. Римската црква е Римо-католичка. Католичка значи Универзална, Соборна, Сеопшта.


Се извинувам понизно за својата неукост и прашав а засегнатиот одговори и немав никакви желби за расправија. Фала на одговорот не требаше толку да се трудите, укапирав. Можеше да биде да стои (прев.)католичка-соборна зашто не се сите толку „уки„ во религијата.
Сеедно, поздрав.
Beauty fades, dumb is forever
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2009 во 00:23
Се извинувам и јас за грубиот коментар... сега приметив дека несоодветно се обратив.
Do what is right, come what may...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.