IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Универзален Живот - Прахристијани
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Универзален Живот - Прахристијани

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 26>
Автор
Порака
Nikki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 259
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nikki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Универзален Живот - Прахристијани
    Испратена: 18.Јули.2008 во 00:00
Ај да дознаеме нешто повеќе за оваа прахристијанска црква

На пример:
Каде низ историјата Христијаните верувале во реинкарнација ?
Каде во историјата Христијаните забранувале да се јаде месо ?
Каде се пренесуваат во живо пораките на Габриела ( на нет или радио или сателит )
Дали Габриела пророкувала нешто конкретно за следните времиња, или сите пораки се дека Господ не сака ?
Кога прв пат се појави Универзален Живот
Кој ги основа
Кој верувал како тие што веруваат низ последните 2000 год.


Фала Фала Фала



Кон врв
the king Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Август.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 458
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај the king Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2008 во 17:52
ova e interesna tema iako gleda deka nema za nea golem interes...


e sega da ti odgovoram na site ovie potprasanja samo so eden odgovor..


vo praistorijata nemalo hristijanstvo.....

vo praistorijata imame edna religija koja kazuvala deka treba da se veruva vo eden i edinstven bog, nasproti mnoguboztvoto....


e sega najgolemoto prasanje e koja e taa religija?????


site religii nastanale posle isa a.s (isu), pred nego postoele pratenici od boga koi provedale ednobozstvo i povikuvale vo dobro a odstranuvale od zlo....


bi gi dobil pooddelno odgovorite na tvoite prasanja samo koga bi ja nasol taa religija....
!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2008 во 18:11
Кинг - коментарот ти е сосема off-topic. Прашањето е многу конкретно. Овде на форумов има член на таа црква која е спомната и би било убаво да одговори, за да се информираме повеќе.
Нема потреба во секоја тема излишно да филозофираме.
Do what is right, come what may...
Кон врв
the king Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Август.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 458
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај the king Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2008 во 18:49
ne e nisto off topic se si e na mesto kazano, a ako na nekoj ne mu se dopaga ne mora da go komentira.....
!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2008 во 18:58
Ептен е оф-топик - затоа што "пра", не се однесува на пра-историско, туку се однесува на пра-старо, односно првично, и тоа во случајов се однесува на Христијанството.
Прашањето е во врска со конкретната црква.
Do what is right, come what may...
Кон врв
the king Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Август.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 458
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај the king Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2008 во 19:03
toa prahristijanstvo se podrazbira periodot za koj ne mame nikakvi dokumenti, periodot pred dokumentiranoto,

primer praistorija e vremeto pred pismoto, znaci periodot od koj nemame pisani dokumenti...


znaci toa si e na mesto.....
!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2008 во 19:06
King - а бе ти велам јас нешто не си разбрал...
Прахристијанство се однесува на првите христијански заедници, на првичното Христијанство. Запознај се малку со темата пред да коментираш. Ако тебе зборот те асоцира на нешто друго, не значи дека е тоа неговото значење.
Ајде да оставиме оние кои знаат за конкретната црква да кажат какви се нивните принципи и да одговорат на соодветните прашања...
Do what is right, come what may...
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2008 во 22:50
Originally posted by Nikki Nikki напиша:

Ај да дознаеме нешто повеќе за оваа прахристијанска црква

Бидејќи изразот црква многу луѓе ги асоцираше на институционалните цркви тој израз е отфрлен. Воедно мотото е дека „Исус беше човек од народот, не од црквата„ и „БОГ е Вистина - затоа: црква НЕ!„ така да би било најкоректно да се каже дека се работи за верска или духовна заедница. Оваа духовна заедница не треба да се меша со американската црква "Universal Life Church". Во САД Прахристијанската заедница Универзален живот се вика: UNIVERSAL LIFE - The Inner Religion.

Местата на собирање на прахристијаните во Униврзален Живот се нарекуваат и места на прахристијански среќавања - Средба на боготрагачите. И се одвиваат во обични јавни простории, не во верски објекти со надворешни обележја.

Originally posted by Nikki Nikki напиша:

На пример:
Каде низ историјата Христијаните верувале во реинкарнација ?

Учењето за реинкарнацијата било составен дел од изворното христијанско мисловно добро. Во Библијата постојат траги, но тие можат и поинаку да се толкуваат. На вселенските собири реинкарнацијата односно преваплотувањето била осудена како еретичко учење и заменета со верувањето во вечното проклетство.

Originally posted by Nikki Nikki напиша:

Каде во историјата Христијаните забранувале да се јаде месо ?

Првите христијански заедници биле со вегетаријански режим на исхрана. Ситуациите во кои Исус јадел месо, материјализирал риби(опишани и во библијата) итн. биле специфични - повеќе објаснувања на тие стихови има во книгата „Ова е Мојата Реч Алфа и Омега„ објавена од Христос 1989год. преку внатрешната Реч, сега достапна и на македонски јазик.

Originally posted by Nikki Nikki напиша:

Каде се пренесуваат во живо пораките на Габриела ( на нет или радио или сателит )

Во местата на пра-христијански среќавања обично во рамките на Космичка Животна Школа секоја недела во 10Ч.
Во Скопје, на ул.Црвена Општина Б.Б. 3 кат(зграда на сметководители - до Даут Пашин Амам, влез од страна на МНТ)тел.02/3111-043 и секој петок од 19:30ч. Влезот е слободен - секој може слободно да дојде или напушти без обврска.

За адресите на прахристијанските заедници ширум светот(Германија, САД, Србија, Индија, Гана, Аргентина итн.) погледнете го сајтот на Универзален живот: www.universelles-leben.org

На интернет преку:
http://www.radio-santec.com (потребен е RealAudio player)

може и преку сателитска но не ги знам фреквенциите.

Треба да се прави разлика кога Габриеле говори од својата отворена духовна свест врз основа на она што таа го искусила и остварила - и разлика кога Христос или Брат Емануел(херувимот на божествената Мудрост) се објавуваат преку нејзе. Објавите обично почнуваат со зборовите:
„Мојот Небесен Мир и го донесувам на мојата внатрешна заедница. Бидете утешени... Животот владее од векови до векови!...„ или „Јас СУМ Реч и речта е во Бога и Бог е реч! Кој има уши за слушање тој нека чуе...„

Originally posted by Nikki Nikki напиша:

Дали Габриела пророкувала нешто конкретно за следните времиња, или сите пораки се дека Господ не сака ?

Во врска со иднината и конкретната ситуација во светот, објавите преку Габриеле се од обопштен карактер. Не се соопштуваат датуми и имиња на живи луѓе - воедно тоа е еден од критериумите за чиста божествена објава.

Кажано е дека Времето на милост е завршено, сега се` повеќе се активира времето на отплата. Тоа не е божја казна, бидејќи Бог е Љубов и никогаш и никого не казнува но не се вмешува во причините создадени од луѓето и дозволува да тие донесат соодветни последици. Во таа смисла Исус од Назарет предупреди за постоењето на причинско-последичниот закон: „Што човек сее, тоа тој и ќе жнее!„.

Во тек е веќе промена на климата и зголемување на радијацијата(објавено уште 1980 - тогаш сите тераа мајтап со објавеното). Предстои изрипнување на половите, пореметување на земјиното динамо, голема битка на народите, моќни метеори ќе пустошат делови од земјата, многу нешто водата и лавата ќе прекријат, за жал тнр. христијански запад нема да го преживее времето(раката што повеќепати му беше подадена од Вечниот, беше одбиена).

Но дури кога многу тоа ќе биде опустошено, тркалото на повторно раѓање за ниските т.е. тешко оптеретени грешни души ќе престане да се врти. Ќе можат да се раѓаат(инкарнираат) само посветли души. Луѓето ќе се свестат и уште поинтензивно ќе почнат да го подготвуваат доаѓањето Христово кое допрва ќе треба да се случи.

Откога ќе се одигра (во Духот) второто Христово доаѓање следи еден долг период на мир на Земјата - симболично Откровението Јованово зборува за 1000 години - во смисла мошне долг временски период. Кога Царството на Мирот ќе заврши, демонските сили накратко повторно ќе можат да се распламтат на темните дамки кои ќе опстојат на планетата, потоа Земјата ќе ја испушти својата душа т.е. планетата ќе се ослободи од својот грубоматеријална обвивка и потоа духовните сили ќе започнат постепена асимилација на материјалниот универзум во првобитната чиста етерична светлосна сусптанција. Кога и тој (долг) процес ќе се заврши, ќе се заврши во целост и Падот на Ангелите. Сите души преку чистењето на своето грешно и со Христова помош(бидејќи Тој е Патот, Вистината и Животот) ќе го поминат светлосниот ѕид и ќе се вратат во духовниот Универзум. Тогаш ќе биде големо славје на трпезата Господова!

Originally posted by Nikki Nikki напиша:

Кога прв пат се појави Универзален Живот

Габриеле од Вирцбург првпат го доживеа продорот на внатрешната Реч на 6 јануари 1975год. кога во нејзе се подигнаа спонтано зборовите: „Јас Сум Исус Христос - избавител на световите!„, по некое време следеле објавите на херувимот на божествената Мудрост - за луѓето наречен Брат Емануел - кој некогаш бил отелотворен на земјата како пророк Исаија со налог од Господа. Објавите најпрвин ги слушаа еден потесен круг на познаници и пријатели но постепено интересот се ширел и во јануари 1977 година беше дадена првата објава во јавноста.

Исус Христовата Мисија на Водење во татковината основана јануари 1977, во 1984 год. прерасна во Универзален Живот.

На просторите на поранешна СФР Југославија Универзален живот (во Загреб) постои од 1986год.,
а во Република Македонија е регистрирана како верска заедница од 1994 година.

Originally posted by Nikki Nikki напиша:

Кој ги основа

Христос и божествениот свет преку Габриеле и тогашните луѓе со добра волја.

Originally posted by Nikki Nikki напиша:

Кој верувал како тие што веруваат низ последните 2000 год.

Малце е нејасно прашањето.

Дел од Духовното знаење кое се соопштува преку пророкот, се објавува за првпат во историјата на човештвото соодветно Исусовото ветување: „Уште многу имам да ви кажам но сега тоа не можете да го носите...„.

Но во смисла она што е есенција во Универзален живот и дека Бог во сите времиња им говорел преку пророци и пророчици на луѓето тогаш треба да се кажат меѓу другото:

Апостолите Исусови, првата генерација христијани, Ориген, Манихејците, Богомилите, Хилдегард Бингенска(била католичка опатица но Бог остро ја критикуваше црквата преку нејзе), Мајстер Екхарт, Џироламо Савонарола(спален како еретик), Џордано Бруно(спален од инквизицијата како еретик), Емануел Сведенборг(научник и мистичар од Шведска, живееше во Англија 18век, последните 25год. од животот пророк), и Јакоб Лорбер(диригент, музичар и подоцна како велеше за себе „само писар Божји„). Сите тие се надоврзуваат на прахристијанската струја и го имале феноменот на внатрешната Реч - пророштвото.
Повеќе за тој феномен зборувал, некаде 20-те години од ХХ век, протестантскиот теолог Валтер Ниг во својата книга: „Пророчки Мислители - Духот не згаснува„ - за жал колку што знам истата е достапна само на германски јазик.

Не велам дека и вие треба да верувате во истото - само одговорив на поставените прашања.

Ако има други прашања од информативен карактер, повелете, ќе се обидам да ги одговорам...



Изменето од Majkl - 27.Јули.2008 во 15:05
Кон врв
Nikki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 259
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nikki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2008 во 00:22
Фала,прекрасно ни објасни
Голем да пораснеш
Господ да го допреш
Кон врв
Al_Masih_Qam Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 113
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Al_Masih_Qam Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2008 во 01:01
Originally posted by напиша:

Бог во сите времиња им говорел преку пророци и пророчици на луѓето тогаш треба да се кажат меѓу другото:

Апостолите Исусови, првата генерација христијани, Ориген, Манихејците, Богомилите, Хилдегард Бингенска(самата католичка опатица но Бог остро ја критикуваше црквата преку нејзе), Мајстер Екхарт, Џироламо Савонарола, Џордано Бруно, Емануел Сведенборг(научник и мистичар од Шведска, живееше во Англија 18век, последните 25год. од животот пророк), и Јакоб Лорбер(диригент, музичар и подоцна како велеше за себе „само писар Божји„).


Вака сега моде, може да мрчиш до смрт, можеш да ме бришеш, можеш комотно одма да ме банираш и да си го задржиш „мирот“ на форумот „во веки“... ама ова е брате „во 5 кај вртелешките“... какви бре вртелешки - ова е бре тоталално отидено!

Како мре Михало несреќен ги поврза Ориген и Савонарола, како ја поврза ги поврза Манихејците и Богомилите со Бруно, како жити мајка (сиротица...) Сведенбер со Мајстер Екхарт (!!!) и сите купче со апостолите?!?!?! Ако ти благе везе имаш што самите овие луѓе и движења претставувале, што пишувале, што правеле и со што се занимавале - е онда сум ја пентакосталец (ко што рече Маре наша на една од соседните теми).

...

Не... не можам да коментирам понатаму... ми се блуе... [:-&] (о ужас! безвезното смајли што блуе не функционира...)

...

Ма какво блуење, у право си Николче:

„Фала,прекрасно ни објасни
Голем да пораснеш
Господ да го допреш“
AL MASIH QAM! HAQQAN QAM!
ВОИСТИНУ ВОСКРЕСЕ ХРИСТОС БОГ!
Кон врв
MAKEDON-FILIP Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Декември.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 731
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MAKEDON-FILIP Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2008 во 01:22
Е шоубаво му кажа
ама и он се потрудил де
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2008 во 05:17
АлМасих - само ќе те опоменам за начинот на кој се обраќаш кон член на форумот. Инаку - коментарот ти е на место, затоа што идејата дека Бог се обраќал преку сите тие кои ги наведе Мајкл е доста чудна - со оглед на тоа што пола од нив проповедаат работи доста спротивни на другата половина...
Но - се надевам дека ќе има некакво толкување на целава работа...
Do what is right, come what may...
Кон врв
evangelec Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 19.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 56
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangelec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2008 во 14:55
navistina ima mnogu religii vo koi ne veruvam, i znam deka se lazni, no priznavam deka barem vo mentalniot sklop na sopstvenata religija imaat smisla.

ova, navistina covek ne moze da go veruva, osven ako ne se zboguva so razumot.
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2008 во 15:08
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

АлМасих - само ќе те опоменам за начинот на кој се обраќаш кон член на форумот. Инаку - коментарот ти е на место, затоа што идејата дека Бог се обраќал преку сите тие кои ги наведе Мајкл е доста чудна - со оглед на тоа што пола од нив проповедаат работи доста спротивни на другата половина...
Но - се надевам дека ќе има некакво толкување на целава работа...

A што е тоа спротивно на другата половина? Јас сум ги читал објавите преку Јакоб Лорбер, записите на Емануел Сведенборг, од Џордано Бруно сум читал само извадоци додуша како и Савонарола и објавите преку Хилдегард Бингенска. Но не гледам суштинска разлика...Сите тие имаа контакт со божествениот свет...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 26>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.