IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Писмени состави,семинарски...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Писмени состави,семинарски...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 6768697071 113>
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 3 Гласови, Просечно 3,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
Belata Ciganka Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2012
Статус: Офлајн
Поени: 37
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Belata Ciganka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2013 во 12:39
За МАЛИНДА -
Една моја авантура
Денот ми започна сосема вообичаено. За време на вечерата не ми се јадеше и си заминав во мојата соба. Имав некое чудно претчувство. Неможев да заспијам па одлучив да излезам малку на терасата, на свеж воздух. По 10-тина минути, забележав нешто чудно на небото. Доаѓаше некаква светлина, како што се доближуваше до мене стануваше се поголема и поголема. Кога пристигна не видов, бидејќи почувствував како таа светлина да ме проголта. Ги затворив очите, бидејќи светлината наликуваше на златен прав, како ветер да го раздувал. Кога ги отворив се најдов на сосема различно место, беше величествено тоа што го видов. Еден голем грчки храм. Прекрасно беше. Влегов внатре и сите луѓе ме гледаа како да виделе вонземјанин. Можеби затоа што отпатував во минатото. Облеките им беа чудни, за мене дури и помалку смешни, додека јас имав патики, некои беа боси или со кожни римјанки. Се беше како во стара Хелада, а потсетуваше малку и на римската култура. Јас не разбирав што зборуваат, така да неможев да кажам од каде доаѓам, едвај ме разбраа дека моето име е Џули, после толку мимики. Неколку часа бев со еден советник, кој се трудеше да ме разбере ама се беше бесуспешно. Бидејќи народот се исплаши од мене, помислија дека сум некакво предупредување од боговите за некоја катастрофа,па затоа одлучија да ме однесат во лавиринтот. Јас не ни помислив што ме очекува таму. Ми дадоа еден меч, кој беше потежок од мене и ме натераа да влезам внатре. Беше многу морничаво и страшно место, како во филмовите, само што воопшто не ни размислив дека внатре го има она најглавното, знаете минотаурот (половина човек-половина бик). Татко ми ме воспитуваше секогаш да бидам храбра и одлучна девојка, па решив конечно да ги послушам неговите зборови. Со сигурност и храброст продолжив да одам низ лавиринтот, чувствував како се повеќе и повеќе се губам и дека никогаш нема да излезам оттука. Кога наеднаш слушнав силно рикање, ако може да се нарече тоа така, беше толку бучно, мислев срцето ќе ми застане, чувстував како некој трча и се повеќе ми се доближува, почнав да бегам, а всушност уште повеќе се загубив. Беше скоро невозможно да се излезе од лавиринтот. Веќе се уморив и одлучив да застанам, си реков ионака нема да излезам подобро да видам што ме очекува. После 20-тина минути трчањето и рикањето беа се поблиску, а јас се повеќе се испплашив. Дојде моментот кога помислив дека сум готова, дека за мене е се завршено, но се случи сосем спротивното, затоа немојте да се надевате и многу убави работи ќе ви се случат. Минотаурот се исправи пред мене, беше со глава на бик, толкави рогови никогаш не сум видела, многу се исплашив но ете решив да бидам храбра во тој момент. Минотаурот долго време зјапаше во мене, потоа одлучив да го поздравам, му реков Џули и со раката се удрив во градите. Така тој сфати дека моето име е Џули, потоа тој проговори, а тоа беше најмалку што очекував, ми рече: - ЕГОУ ПОРИФИРИС (кое би требало да значи јас сум Порифирис). Потоа јас му се поклонив за да разбере на некој начин дека ми е мило што го запознав. Седна спроти мене, 2-3 часа ме гледаше, а јас почувствував како да полудувам, 16-годишно девојче, од 21 век, отпатува во минатото, а моментално седи спроти минотаурот Порифирис, значи супер, уште сега ги гледам насловите во весниците дека ќе бидам прогласена за лудача. Сето ова на глас си го размислував, дури почнав и самата со себе да зборувам. А минотаурот т.е ПОРИФИРИС љубопитно ме следеше што зборувам, потоа тој проговори на македонски јазик, а јас само останав вчудоневидена. Си реков јас мора да сонувам, како може тој да го знае овој јазик. Ми рече не грижи се млада девојко Џули, ти си тука за да ми помогнеш, таа светлина што ја виде беше испратена од мојот бог заштитник ЕЛЕНИДО. Ми рече само ти можеш да ме извадиш од овој лавиринт, во кој сум повеќе од 16 години. Тебе те чекам, бидејќи ти си потомок на боговите, ти беше испратена во сонот на Филип II да му кажеш дека син ќе му се роди кој ќе го освои светот. Јас и понатака мислев дека сум во сон, но решив да соработувам и да му верувам на Порифирис, иако тоа што го кажуваше изгледаше како бајка. Тој имаше компас, само што незнаеше како да ракува со него, затоа јас помогнав, по долго време и големи маки, успеавме да дојдеме до излезната врата на лавиринтот. Му требаше повеќе од 1 час да ја сруши и конечно после долго време затворени, излеговме на чист воздух, на виделина што се вели. Минотаурот ми се заблагодари од се`срце, ми го даде неговиот медалјон кој беше во форма на позлатен круг, а во внатрешноста се преливаше светлината што ме донесе тука. Порифирс ми рече дека секогаш ќе биде со мене, и кога и да му затре**м само да дувнам во кругот тој ќе ми го реши проблемот. Потоа ми раскажа дека јас ќе бидам позната во светот по тоа што ќе ја најдам гробницата на Александар Македонски, кој всушнот бил чистокрвен Македонец, барем така ми призна Порифирис. Дека тој е грк било само измислица од страна на народот, кои го пренесувале тоа на нивните поколенија како вид на приказна. Откако се збогував со Порифирис, светлината повторно се појави, и ме проголта, и јас повторно се најдов на мојата тераса, само со медалјонот околу врат. Едноставно не ми се веруваше, истрчав да им кажам на моите, мислев дека се загрижени што ме немало толку долго време, а вусшност ме направија лудача бидејќи ме немало помалку од 10 минути. Не ми се веруваше, а кога го свртев медалјонот имаше порака на него, драга Џули твојата авантура ќе остане тајна, ама за твојата слава ќе дознае целиот свет. - Порифирис.
Јас само се насмевнав и сфатив дека тоа што го доживеав беше една прекрасна авантура, можеби наликуваше на измислена бајка, но се беше вистинито. И многу би сакала да се повтори, а во врска со тоа дека ќе го пронајдам гробот на Александар Македонски ќе дознаете сами, да не ви откривам детали.
- Сама го составав, јас имав нешто сл. за мојата писмена, и добив чиста 5 со пофалба се надевам дека ќе ти се допадне, голем поздрав.
„Добрите луѓе завршуваат лошо во животот, а лошите завршуваат уште подобро“.
Кон врв
Анушка Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 19.Март.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анушка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2013 во 13:41
Би ве замолила некој да ми помогни за пишување на состав на следниве теми:
I. Печалбарството како мотив во македонските битови драми.
(План за составот)
Клучни зботови: Печалбарство, опфатеноста со битови драми.
1. Што е печалбарство? Зопто заминале на печалба?
2. Инспирацијата на македонските драмски писатели да пишуваат за печалбарството?
3. "Печалбари" "Парите се отепувачка" -конкретно
4. На каков начин е прикажана судбината на печалбарите.
5. Заклучок.

II. Социјалните елементи во македонските битови драми.

Ако можи некој да помогни за утре ми е, ви благодарам.

Изменето од Анушка - 19.Март.2013 во 13:43
Кон врв
MilaGagoPet Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 19.Март.2013
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MilaGagoPet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2013 во 13:52
Mi e potreben tekst na tema ,,Knigata i Internetot" Ve molam neka bide pobrzo za pismena po Makedonski mi e.
Кон врв
Belata Ciganka Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2012
Статус: Офлајн
Поени: 37
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Belata Ciganka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2013 во 13:57
За АНУШКА
Македонската театрологија, македонската литературна наука, но и културната историја на македонскиот народ имаат сериозни причини, ама и обврски, постојано - а не само пригодно/пригодничарски, или инцидентно! - да потсетуваат на интригантниот феномен што вообичаено го именуваме како битова драматика/драматургија. Театрологијата е (можеби) најмногу обврзана соодветно да ја истражува, толкува и вреднува исклучителната историска мисија што битовата драматика/драматургија ја исполни не само спектакуларно, но и исклучително функционално. Имено, театрологијата постојано нагласува дека се работи не само за одредена литературна и/или театарска појава, туку за вистинска мисија која што, во еден мошне чувствителен историски и геополитички миг, битно придонесувала кон развојот на одредени урбани културни стандарди (на овие турбулентни балкански простори секогаш малку инсуфициентни !), но и кон формирање/форматирање на одделни социјални чувства (на припадност), оттука и оние со националниот предзнак.
Не смее да се заборави и најважното: пробив и афирмација на битовата драматика, која - како што знаеме - од сцената "зборувала" на повеќе македонски говори значително пред македонскиот литературен јазик да биде кодификуван, битно придонесувала и кон постапно официјализирање (и стандардизирање) на истиот тој јазик.
Најпосле, театрологијата никогаш не пропушта да напомене дека - благодарение токму на мисијата на македонската битова драматика/драматургија, одделни македонски говори - започнувајќи уште од ноември 1900-та година, од митската праизведба на "Македонска крвава свадба" на Војдан Поп Георгиев ?ернодрински, триумфално ги освојуваа официјалните театарски сцени во повеќе балкански земји, наметнувајќи им се на нивните монолингвални државни политики на мошне суптилен, но и незапирлив начин.
Со други зборови, театрологијата постојано потсетува оти мисијата што, во протег на изминативе стотина-и-кусур години, толку маестрално ја извршуваше македонската битова драматика - драматика што, во некоја порадикална естетичка смисла, можеби и може да се оцени како "кревка" - дека таа мисија никогаш не била само театарска и само литературна. Напротив.
За битовата драматика./драматургија може и треба да се зборува во разни ситуации и по најразлични поводи. Денешниов, кој се врзува за оваа пригодна изложба, навидум е "поттикнат" од неколку формални годишнини:
Пред десет години, на 1 ноември 1995, во Скопје починал најизведуваниот и несомнено еден од најрелевантните автори-битовци Васил Иљоски (роден во Крушево, 1902); пред триесет години, 1975, починал уште еден битовец, можеби најлуцидниот и најоригинален од сите драматичари што ја развиваа битовската стилска формација, Ристо Крле (роден во Струга, на 3 септември 1900); пред точно стотина години, на 13 април 1905 (или, можеби, пред сто-и-една, бидејќи, во случајот, располагаме со повеќе различни години на раѓање), во Стар Дојран се родил Антон Панов, автор на можеби најамблематската битова пиеса "Печалбари" (починал, инаку, во Струмица, на 28 август 1968); на 20 ноември оваа година, се заокружат цели 105 години од софиската праизведба на најславната пиеса што му припаѓа на битовскиот драмски/драматуршки модел - "Македонска крвава свадба"; најпосле, пред точно 130 години - на 15 јануари 1875 - во село Селци, Дебарско, роден е Војдан Поп Георгиев ?ернодрински, митскиот "татко" (родоначалник/втемелувач) на македонскиот институционален театар, неспорен македонски театарски првоборец (починал во Софија, на 8 јануари 1951)...
Какво е местото на битов(ск)ата драматика, како во контекстот на македонската литература и театрологија, така и во контекстот на славјанската, односно на европската литература и театрологија?
Кои се и какви вредностите на битовскиот драмски корпус, односно: кои се и (објективно) какви естетичките вредностите на поединечните драмски дела што произлегоа од оваа голема/долга/стогодишна стилска формација?
Во што се гледаат тие вредности, вистински или потенцијални - доколку постојат - денес; во што можеме да ги видиме ние: во самите драмски дела, во историските релации кои што се воспоставуваа помеѓу нив и нивните дамнешни гледачи, во денешниот колективен однос кон таканареченото културно наследство?
Дали е тоа - воопшто - жив театар? Дали е можно, воопшто, некакво негово денешно упризорување?
Има ли вистински можности за "ново читање" на неговите "традиционални", стереотипни, безмалку архајски предлошки?
И што да правиме, најпосле, со целиот тој фонд од текстови, познати и непознати?
Пребарувајќи ја големата база на театрографски податоци што перманентно ја ажурира научно-истражувачкиот тим на Институт за театрологија при ФДУ во Скопје, може да се евидентираат следниве цврсти/неспорни факти:
- битовската драмска библиографија содржи отприлика 250 поединечни текстови, потпишани од вкупно 80-тина поединечни автори; одвај педесеттина од овие текстови успеале да бидат поставени на сцените на професионалните театри;
- во текот на изминативе 105 години (од 20 ноември 1900-та година, кога е праизведена "Македонска крвава свадба", до 21 јануари 2005, кога на сцената на Битолскиот театар премиерно била изведена 11-та премиерна постановка на пиесата "?ест" од Васил Иљоски), професионалните театри што функционираа и функционираат на почвата на Македонија (вклучително и сите театри на ?ернодрински, коишто секогаш и секаде функционираа само на македонски јазик) премиерно поставиле, приближно, околу 140 битовски наслови (вклучувајќи ги сите нивни постановки); доколку имаме предвид дека истите тие театри поставила - вкупно - 5000 драмски претстави, лесно е да се пресмета оти битовите драми во вкупниот репертоар партиципираат само со 3 насто!
- бројот на евидентираните репризни изведби, што безмалку сите битови драми го регистрираат во безмалку сите професионални театри, не е само убедливо најголем по однос на сите други текстови, но е и рекорден: на пример, од петте најизведувани претстави во историјата на скопскиот МНТ, првата (со 346 репризии) е "?орбаџи Теодос" а петтата (со 173 репризи) "Македонска крвава свадба"
- според формалните показатели, најизведуваниот битовски драматичар е Васил Иљоски, чиишто пиеси биле поставени вкупно 67 пати и тоа: "?орбаџи Теодос" 26 пати, "Ленче Кумановче"/"Бегалка" 23 пати, "?ест" 11 пати, "Кузман капидан" 6 пати...
Нема ниту еден македонски режисер кој не се обидел, барем еднаш, да постави некоја од битовите пиеси. Големиот Петре Прличко можеби е и рекордер по бројот на битовите режии. Неколкумина режисери настојуваа и сериозно да го истражуваат битовскиот феномен - најзаслужен и најодан од сите нив несомнено е Бранко Ставре. Ставрев има поставено дури 11 текстови што на различни начини ја маркираат битовската поетика/естетика, при што најсериозно и најтемелно го истражувал токму антологискиот, можеби и најсигнификантниот од сите нив, текстот на Ристо Крле "Парите се отепувачка", кој го работел три пати, секој пат сосема поинаков (1970 и 1976 во МНТ; 1997 во Народниот театар во Битола).
Посебно треба да се нагласи големиот интерес што кон битовската драмска и театарска традиција систематски го развива еден од најиницијативните македонски режисери, Љупчо Ѓоргиевски (1955), кој во текот на изминативе десеттина години не само што има поставено најмногу текстови кои формално/формативно му припаѓаат на овој тренд, но и - поставувајќи ги консеквентно, некои од нив и повеќе пати - успеал да ја профилира сопствената "битовска режисерска поетика". Благодарение на ваквиот темелен интерес и ангажман на Ѓоргиевски, рецентната македонска театарска продукција може да евидентира најмалку три антологиски битовски претстави одиграни помеѓу 1995 и 2002 година, сите три поставени во Народниот театар о Битола: "Бегалка" на Васил Иљоски (1995), "Македонска крвава свадба" на Војдан Чернодрински (1999) и "Парите се отепвачка" на Ристо Крле (2002).
На 21 јануари оваа година, млада Софија Ристеска (штотуку дипломирана режисерка на една од најдобрите школи во регионот, софиската академија "Крстју Сарафов"), на сцената на Битолскиот театар ја има поставено драмата "?ест". Изборот го образложила со едноставниот факт дека денес - во турбулентните времиња во кои живееме - токму предметот на оваа драма на Иљоски, честта, станува најдубиозна и најпроблематична категорија. Заради што и се наметнува како сериозен повод за театрализација.
Како што знаеме, чест е клучниот мотив на сета битовска драматика.
„Добрите луѓе завршуваат лошо во животот, а лошите завршуваат уште подобро“.
Кон врв
Belata Ciganka Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2012
Статус: Офлајн
Поени: 37
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Belata Ciganka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2013 во 14:01
За АНУШКА
http://makedonskijazikiliteratura.blogspot.com/2011/02/blog-post_4770.html

http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9F%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D1%81%D0%B5_%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%87%D0%BA%D0%B0

и обично луѓето оделе на печалба бидејќи сакале да се збогатат, да им овозможат подобар живот на своите семејства и сл. и обично печалбите завршуваат трагично зошто поради тешката работа печалбарите се разболуваат и нели на крај умираат обично. се надевам ќе ти помогне нешто од ова..поздрав!
„Добрите луѓе завршуваат лошо во животот, а лошите завршуваат уште подобро“.
Кон врв
Belata Ciganka Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2012
Статус: Офлајн
Поени: 37
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Belata Ciganka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2013 во 14:04
ИТНО МИ ТРЕБА : Aнализа на Родриго во трагедијата Сид (есеј). и ако имате нешто за ова .. Дебата, споредба на трагичното и мелодрамското во драмата Сид Ве молам за оценка ми е, фала однапред!
„Добрите луѓе завршуваат лошо во животот, а лошите завршуваат уште подобро“.
Кон врв
Анушка Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 19.Март.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анушка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2013 во 14:06
Благодарам душе ми помогна :).. поздрав !
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2013 во 14:42

Сид - Пјер Корнеј

Сид - Пјер Корнеј

"Сид" е класицистичка трагедија напишана токму од основоположникот на ваквата драма. Пјер Корнеј создал трагедија која се разликува од античките трагедии. Таа не завршува со смрт на главниот лик и не предизвикува стравопочит. Со овој вид на драма ја најавил таканаречената трагедија на интрига. Во овој вид на драма настанува пресврт на крајот и се случува нешто што не сме го очекувале, за да денес таа драма прерасне во современа драма. Токму таква е и "Сид" каде што мотивот е земен од шпанската литература.

Главни ликови се Родриго и Химена и основниот мотив е судирот меѓу обврската да се одбрани честа и љубовта. Корнеј сметал дека таа традиција треба да се искорени и го прикажал тоа и во драмата.

Според таа традиција јунакот во делото, оној најсилниот кој го брани народот, треба да биде убиен, што е апсурдно!!!

Значајно во "Сид" е тоа што ликовите му служат на разумот, а не на чувствата. Додека во античките драми заплетите ги разрешуваа боговите, овде таа улога ја има кралот, поради апсолутизмот којшто бил присутен во времето на Корнеј.

Интересно е што на крајот Корнеј можел да направи оваа драма да биде вистинска трагедија, но тој не го направил тоа ни во другите негови драми, поради што предизвикал полемики и најпрво делото го сместувале меѓу трагедија и комедија.

Тој направил повеќе отстапувања од правилата за трагедиите. Не е испочитувано тројното драмско единство. Отстапување има и во однос на стиховите. Поради ваквите отстапувања Корнеј бил критикуван од Француската академија, но, сепак, делото било премногу добро прифатено од народот, кој се бунтувал против овие критики.

За народот ова дело претставувало нешто совршено, поради што другите дела биле споредувани со него и доколку некое дело било прекрасно велеле: "Убаво како Сид".

Отсекогаш ме импресионираат дела кои носат во себе нешто ново, носат пресврт, нешто што се разликува од она што е запишано зад нив и смелоста на писателот да отстапи од правилата. Така се создава едно оригинално дело, што е и целта на големите уметници.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2013 во 14:42

Сид

Пјер Корнеј е основоположник на класичната трагедија во европската литература која што ја довел до совршенство.
Трагедијата Сид е напишана според мотив на шпанска легенда.Сид е трагедија за среќата и љубовните надежи на двајца вљубени Родриго и Химена.

Во Сид се обработува тогашниот култ на волјата и култот кон херојството.Корнеј ги гради своите ликови во конфликтот во кој се вкрстуваат волјата и должноста,родовата и индивидуалната чест,но и повисоките,надиндивидуални интереси кои ги победуваат чувствата.
Ликовите во неговите трагедии се типични класицистички продукти во кои разумот ги победува страстите.
И во Сид без оглед на крајот од делото всушност должноста е над љубовта.
Родриго не може да го одбие авторитетот на таткото,кој е неговата врска со предците.
Навреден е неговиот татко.Навреденикот-таткото на Химена.Химена согласно со кодексот на однесување во тоа време мора да се постави над љубовта.Таа ја бара одмаздата за својот татко.Химена го гони Родриго,но не може да го казни.
Разумот е единствениот или главниот извор на сознанието.Човекот се води исклучиво според разумот и ги покрива чувствата и страстите.

Трагичната страст која најчесто се обработува во класицизмот била љубовта,а КОрнеј на стравот и на сожалувањето како ефект на трагичното го додава и восхитувањето баш каква што е и оваа трагедија-восхитувачка.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
goxsi123 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 19.Март.2013
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај goxsi123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2013 во 17:40
1.Vidov taga vo ocite na majka mi
2.Zboram za edna zadocneta vistina
3.Napraviv dobro delo.
Ova se temi za pismena rabota po makedonski,ve molam napisete sto pobrzo ako e mozno,fala :)
Кон врв
marko_kasas Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 19.Март.2013
Статус: Офлајн
Поени: 4
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marko_kasas Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2013 во 21:00
ке ве молам за есна услуга.Ми треба состав за писмена работа по македонски јазик на тема,,Една авантура".Ве молам за таа услуга овој состав ми е многу важен.
Ви благодарам од напред.
Кон врв
marko_kasas Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 19.Март.2013
Статус: Офлајн
Поени: 4
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marko_kasas Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2013 во 21:07
Ве молам ми треба состав на тема ,,Авантура".Ви благодарам однапред
Кон врв
Маск Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 19.Март.2013
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Маск Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2013 во 22:30
Му се наваѓа ли на некој писмена на тема "Секој со своето огледало" или "Слободата ми се измолкна од раце"? :)
Кон врв
Belata Ciganka Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2012
Статус: Офлајн
Поени: 37
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Belata Ciganka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2013 во 19:03
за MARKO KASAS
Една моја авантура
Денот ми започна сосема вообичаено. За време на вечерата не ми се јадеше и си заминав во мојата соба. Имав некое чудно претчувство. Неможев да заспијам па одлучив да излезам малку на терасата, на свеж воздух. По 10-тина минути, забележав нешто чудно на небото. Доаѓаше некаква светлина, како што се доближуваше до мене стануваше се поголема и поголема. Кога пристигна не видов, бидејќи почувствував како таа светлина да ме проголта. Ги затворив очите, бидејќи светлината наликуваше на златен прав, како ветер да го раздувал. Кога ги отворив се најдов на сосема различно место, беше величествено тоа што го видов. Еден голем грчки храм. Прекрасно беше. Влегов внатре и сите луѓе ме гледаа како да виделе вонземјанин. Можеби затоа што отпатував во минатото. Облеките им беа чудни, за мене дури и помалку смешни, додека јас имав патики, некои беа боси или со кожни римјанки. Се беше како во стара Хелада, а потсетуваше малку и на римската култура. Јас не разбирав што зборуваат, така да неможев да кажам од каде доаѓам, едвај ме разбраа дека моето име е Џули, после толку мимики. Неколку часа бев со еден советник, кој се трудеше да ме разбере ама се беше бесуспешно. Бидејќи народот се исплаши од мене, помислија дека сум некакво предупредување од боговите за некоја катастрофа,па затоа одлучија да ме однесат во лавиринтот. Јас не ни помислив што ме очекува таму. Ми дадоа еден меч, кој беше потежок од мене и ме натераа да влезам внатре. Беше многу морничаво и страшно место, како во филмовите, само што воопшто не ни размислив дека внатре го има она најглавното, знаете минотаурот (половина човек-половина бик). Татко ми ме воспитуваше секогаш да бидам храбра и одлучна девојка, па решив конечно да ги послушам неговите зборови. Со сигурност и храброст продолжив да одам низ лавиринтот, чувствував како се повеќе и повеќе се губам и дека никогаш нема да излезам оттука. Кога наеднаш слушнав силно рикање, ако може да се нарече тоа така, беше толку бучно, мислев срцето ќе ми застане, чувстував како некој трча и се повеќе ми се доближува, почнав да бегам, а всушност уште повеќе се загубив. Беше скоро невозможно да се излезе од лавиринтот. Веќе се уморив и одлучив да застанам, си реков ионака нема да излезам подобро да видам што ме очекува. После 20-тина минути трчањето и рикањето беа се поблиску, а јас се повеќе се испплашив. Дојде моментот кога помислив дека сум готова, дека за мене е се завршено, но се случи сосем спротивното, затоа немојте да се надевате и многу убави работи ќе ви се случат. Минотаурот се исправи пред мене, беше со глава на бик, толкави рогови никогаш не сум видела, многу се исплашив но ете решив да бидам храбра во тој момент. Минотаурот долго време зјапаше во мене, потоа одлучив да го поздравам, му реков Џули и со раката се удрив во градите. Така тој сфати дека моето име е Џули, потоа тој проговори, а тоа беше најмалку што очекував, ми рече: - ЕГОУ ПОРИФИРИС (кое би требало да значи јас сум Порифирис). Потоа јас му се поклонив за да разбере на некој начин дека ми е мило што го запознав. Седна спроти мене, 2-3 часа ме гледаше, а јас почувствував како да полудувам, 16-годишно девојче, од 21 век, отпатува во минатото, а моментално седи спроти минотаурот Порифирис, значи супер, уште сега ги гледам насловите во весниците дека ќе бидам прогласена за лудача. Сето ова на глас си го размислував, дури почнав и самата со себе да зборувам. А минотаурот т.е ПОРИФИРИС љубопитно ме следеше што зборувам, потоа тој проговори на македонски јазик, а јас само останав вчудоневидена. Си реков јас мора да сонувам, како може тој да го знае овој јазик. Ми рече не грижи се млада девојко Џули, ти си тука за да ми помогнеш, таа светлина што ја виде беше испратена од мојот бог заштитник ЕЛЕНИДО. Ми рече само ти можеш да ме извадиш од овој лавиринт, во кој сум повеќе од 16 години. Тебе те чекам, бидејќи ти си потомок на боговите, ти беше испратена во сонот на Филип II да му кажеш дека син ќе му се роди кој ќе го освои светот. Јас и понатака мислев дека сум во сон, но решив да соработувам и да му верувам на Порифирис, иако тоа што го кажуваше изгледаше како бајка. Тој имаше компас, само што незнаеше како да ракува со него, затоа јас помогнав, по долго време и големи маки, успеавме да дојдеме до излезната врата на лавиринтот. Му требаше повеќе од 1 час да ја сруши и конечно после долго време затворени, излеговме на чист воздух, на виделина што се вели. Минотаурот ми се заблагодари од се`срце, ми го даде неговиот медалјон кој беше во форма на позлатен круг, а во внатрешноста се преливаше светлината што ме донесе тука. Порифирс ми рече дека секогаш ќе биде со мене, и кога и да му затре**м само да дувнам во кругот тој ќе ми го реши проблемот. Потоа ми раскажа дека јас ќе бидам позната во светот по тоа што ќе ја најдам гробницата на Александар Македонски, кој всушнот бил чистокрвен Македонец, барем така ми призна Порифирис. Дека тој е грк било само измислица од страна на народот, кои го пренесувале тоа на нивните поколенија како вид на приказна. Откако се збогував со Порифирис, светлината повторно се појави, и ме проголта, и јас повторно се најдов на мојата тераса, само со медалјонот околу врат. Едноставно не ми се веруваше, истрчав да им кажам на моите, мислев дека се загрижени што ме немало толку долго време, а вусшност ме направија лудача бидејќи ме немало помалку од 10 минути. Не ми се веруваше, а кога го свртев медалјонот имаше порака на него, драга Џули твојата авантура ќе остане тајна, ама за твојата слава ќе дознае целиот свет. - Порифирис.
Јас само се насмевнав и сфатив дека тоа што го доживеав беше една прекрасна авантура, можеби наликуваше на измислена бајка, но се беше вистинито. И многу би сакала да се повтори, а во врска со тоа дека ќе го пронајдам гробот на Александар Македонски ќе дознаете сами, да не ви откривам детали.
- Сама го составав, јас имав нешто сл. за мојата писмена, и добив чиста 5 со пофалба се надевам дека ќе ти се допадне, а можеш и нешто слично да напишеш или пак опиши едно твое патување измисли, онака како што би сакал да поминеш некаде. Позз ..:)
p.s
ова Џули, стави се во машки род...пр. Џонатан хах ;)
„Добрите луѓе завршуваат лошо во животот, а лошите завршуваат уште подобро“.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 6768697071 113>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,406 секунди.