IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Писмени состави,семинарски...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Писмени состави,семинарски...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5556575859 113>
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 3 Гласови, Просечно 3,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2012 во 08:02

Софокле - „Цар Едип“

Трагедијата е вид драмско дело кое што настанало во античка Грција, а била гледана само од благородниците, поради што била пишувана само во возвишен стил. Во трагедијата се пишува за безгрешни јунаци, чиј живот на почетокот е навидум среќен, имаат се што еден човек може да посака, но на крајот тој станува трагичен, но не по вина на главниот лик, туку по вина на судбината. По гледањето на овој вид драма, гледачот ќе треба да се соочи со чувство на катарза.
Софокле како еден од најистакнатите трагичари на сите времиња, напишал многу драми, меѓу кои и „Цар Едип“, која се смета за совршена трагедија, бидејќи ги содржи сите елементи, а особено е истакнат моментот на трагедија и е прикажан еден трагичен човечки живот. 
Едип, син на кралот Лај и кралицата Јокаста; Според пророштвото, кое на Едипа му било проречено уште пред неговото раѓање, тој го убива татка си и се жени за мајка си. Кралот Лај од страв да не се исполни пророштвото, кога се родило детето, наредил да го однесат на планината Китерон и да го остават таму. Таму го пронашле овчарите на кралот Полиб и го однеле во кралскиот дворец. Кралот Полиб, бидејќи бил бездетен, го одгледал Едип како свое чедо. Како младич, Едип разбрал дека не е син на Полиб и отишол во Делфи со цел да ја дознае вистината за своето потекло. Пророчиштето наместо одговор, му соопштило дека ќе го убие татка си и дека ќе се ожени за мајка си. За да го избегне отстварувањето на пророштвото, Едип не се вратил повеќе во Коринт. Неговиот вистински татко, кралот Лај, вознемируван од дамнешното пророштво дека ќе биде убиен од синот, тргнал кон Делфи за да го праша пророчиштето што се случило со детето оставено на Китерон. На пат кон Делфи, на едно тесно распаќе се сретнува со Едипа кој се враќал од истото место. Помеѓу нив избувнала кавга, и Едип го убива Лаја не знаејќи дека тоа е неговиот татко. Тој го продолжува својот пат. Веќе подолго време, во близината на Теба стоело крилатото чудовиште - Сфинга (Химера=козјо тело, женска глава, змијска опашка), кое на патниците им поставувало една загатка (кое суштество оди на четири нозе, па на две, па на три), и доколку немала повратен одговор, сфингата ги голтала патниците. Граѓаните на Теба, прогласиле дека на оној кој што ќе ја реши загатката ќе му ја дадат кралицата Јокаста за жена а воедно и тронот. Едип кога дошол пред Теба, ја одгатнал загатката на Сфингата, и и го дал одговорот (човек), а таа од мака се фрлила од карпите. Едип се оженил за Јокаста (незнаејќи дека таа е неговата мајка). Откако тој завладеал со Теба, таму завладеале чума и глад. Пророчиштето кажало дека таа несреќа од Теба ќе исчезне тогаш кога ќе се пронајде убиецот на Лај. Едип, незнаејќи дека тоа е самиот тој, наредил да се бара, и го проколнал да биде изгнаник, и никој да не го прима во својот дом. Не знаејќи, тој сам си ја изрекол својата пресуда. Пророкот Тиресиас ја открил големата вистина... Јокаста се обесила во својата соба кога разбрала за лошата вест, особено за инцестот. А Едип ги извадил иглите од нејзината коса и си ги избодел очите, за да не мора да ги гледа своите родители во подземниот свет. Кога се открило дека Едип е убиецот на Лај, неговите синови Етеокле и Полинејк, го симнале татка си од престолот и го заклучиле во одаите на дворецот.



Изменето од Valerija - 13.Декември.2012 во 08:03
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2012 во 08:15

Структура и содржина на епот

Гилгамеш

Како литературен вид, епот е најдолгата раскажувачка структура во стих. Така, и „Епот за Гилгамеш“ е пишуван во стихови, поделени во дванаесет пеења, напишани на дванаесет плочи, кои пак, може да се поделат на два дела: првиот дел е во првите седум пеења (херојството на Гилгамеш и Енкиду); вториот дел од осмото до дванаесеттото пеење (страдањата на Гилгамеш). Епот започнува со пролог, вовед (од современ аспект), во кој се запознаваме со Гилгамеш. Во ова прво пеење, има опис на ликот на Гилгамеш (поконкретно за описот во следните точки), се зборува за раѓањето (создавањето) на неговиот ’соперник’ Енкиду, како и за влегувањето на Енкиду во Урук. Во второто пеење се зборува за запознавањето на Гилгамеш и Енкиду, меѓусебното испитување на силите, збратимувањето и подготвувањето за борба против Хумбаба.

Во третото пеење се сретнуваме со сонот како точно предвидување на она што се случува подоцна. Енкиду сонува лош сон, а Гилгамеш прави ритуал (составен дел од митолошкиот начин на живот), за да го спречи лошото пророштво на сонот. Четвртото пеење е карактеристично по тоа што се сретнуваме со јуначки подвиг на јунаците (главна карактеристика на јуначки еп). Тие го убиваат чуварот на гората на Хумбаба. Важно е да се спомене и тоа што боговите се вклучуваат во борбата помагајќи им на јунаците (подоцна ова е често во митовите на поновите цивилизации).

Петтата плоча зборува за уште еден сон на Енкиду. Гилгамеш го толкува како позитивен. Сонот се исполнува: по борбата со Хумбаба, тие излегуваат победници и се враќаат во Урук со неговата глава. Во шестата плоча Гилгамеш ја отфрла љубовта на Иштар, а таа му праќа небесен бик да го убие. Гилгамеш ја потврдува својата сила и го убива бикот, со што го навлекува гневот на божицата Иштар. Седмото пеење е сонот на Енкиду, кој предвидува смрт. Сонот се исполнува; Енкиду легнува болен и умира.

Во осмото пеење се сретнуваме со тажењето како посебен жанр во народната традиција. Гилгамеш е исполнет со тага за загубениот другар и брат и тагува над неговото тело. Деветтата плоча претставува пресврт во фабулата. Гилгамеш, соочен со смртта на Енкиду, си го поставува прашањето за сопствената смрт. Неможејќи да се помири со својата смртност, решава да бара можност за бесмртност. Десеттата плоча зборува за потрагата на Гилгамеш, напуштањето на домот, патувањата. Дознава за дрвото на животот и се упатува кон Утнапиштим.

Единаесеттата плоча е мошне значајна, затоа што зборува за митот за потопот, што е извор (во пишана форма) на идејата за крајот на светот. Оваа епизода можеме да ја сретнеме во многу религии, некаде целосно пресликана, некаде разработена, изменета. Утнапиштим е тој што ја раскажува приказната за потопот и му кажува на Гилгамеш како да стигне до билката. Кога Гилгамеш ја наоѓа, змијата е таа што му го краде ’вечниот живот’.

Во дванаесеттото пеење се сретнуваме со уште еден митолошки мотив, кој го сретнуваме и во старогрчката митологија и на други места – слегувањето во подземјето. Од оваа епизода ја гледаме идејата на Сумерите за подземниот свет; животот по смртта; контактот со мртвите; комуникацијата со нив итн.

Ликот на Гилгамеш

Во овој јуначки еп, Гилгамеш е претставен како типичен јунак, херој заштитник на градот, силен храбар, почитуван. Уште во првото пеење се сретнуваме со опис за него: „Гилгамеш, победоносниот јунак, ѕидишта околу Урук изгради...“ [1], понатаму: „По убавина и снага никаде не му беа виделе рамен. Лавот тој од лежиштето го брка ... дивиот бик го лови со брзина и сила на својот лак...“[2].

Најкарактеристично за Гилагамеш е неговата природа. Тој е една третина човек, а две третини бог, што веднаш му дава натприродни особини и го сместува во редот на силните, храбрите. Гилгамеш е типичен лик – јунак за митолошките приказни, кој со својата моќ го чува принципот на доброто од силите на злото. Таквите свои атрибути ги покажал низ многубројните битки со животни, џинови, натприродни суштества што боговите му ги праќаат. Како културен херој градител на град, кај него, освен храброста, јунаштвото, силата, како епитет ја сретнуваме и строгоста (суровоста) кон своите сограѓани кога треба да му се покорат:

За него... мораа да работат и старите и младите, и силните и слабите... Ден и ноќ тој пирува со нив. Нивните лелеци допираат до великите богови.[3]

Од психолошка гледна точка, можеме да ја издвоиме чувствителноста како негова особина (оплакувањето на својот побратим, кој како лик е изграден идентично како него, како негов пандан: „Енкиду, пријателе млад, кај сила ти остана, а гласот, каде?“[4]). Сепак, најважната особина на Гилгамеш е исклучителната несебичност - тој сака билката на животот да ја донесе во Урук, да ја сподели со своите; ја чува, не ја користи само за себе. Оваа особина, оваа постапка, потсетува на Прометеј од грчката митологија, кој сакал да им го даде огнот на луѓето.

Божествената природа на Гилгамеш пак, потсетува на Херкул, исто така од грчката митологија. Уште еден лик во овој еп, го сретнуваме и на многу други места во светските религии. Тоа е ликот на Утнапиштим, кој во нашата религија одговара на ликот на Ное.

Симболиката во „Епот за Гилгамеш“

Во космогониските митови на развиените митолошки системи дејството на боговите појасно и попотполно се поима како преобразување на хаосот... во организиран космос, што во основа ја сочинува главната внатрешна смисла на секоја митологија...“[5].

Од оваа мисла на Е.М. Мелетински можеме да заклучиме дека во основата на митологијата е обновувањето на светот, неговото повторно создавање, т.е. пресоздавање на редот, враќање кон почетокот на светот, кога сè е ново, чисто, недопрено. За создавањето на светот зборуваат космогониските митови, кои се тесно поврзани со есхатолошките митови (митови за крајот на светот), затоа што обновувањето на светот се одвива во две фази што претставуваат еден вид кружно движење, еден вид циклус: уривање на светот (со потоп, со пожар или на друг начин), и веднаш потоа негово повторно создавање, обновување. Тоа го имаме сликовито во „Епот за Гилгамеш“ - случувањата на Утнапиштим во епизодата со потопот, што е целосно преземена епизода и употребена во Библијата - митот за Ное.

Интересно е да се спомене дека за митолошкиот човек обновувањето на светот е многу значајно. Всушност, тој верува дека светот се раѓа повторно, а не се обновува (парафразирано од ’Аспекти на митот’). „Постепено... почна да се раѓа идејата дека постојат вистинити (а не само обредни) уништувања и создавања на светот, дека има „враќања на почетоците“ во вистинска смисла на тие зборови...“[6]. Најчеста симболика во „Епот за Гилгамеш“ имаат броевите. Така на пример, бројот дванаесет го сретнуваме во поделбата на епот на плочи. Бројот на месеците во годината го сретнуваме и во десеттата плоча во разговорот меѓу Ур-Шанаби и Гилгамеш, кога Ур-Шанаби вели: „...Сега дванаесетто стебло земи, Гилгамешу, забоди го“[7]. Гилгамеш користи дванаесет стебла за да ја преброди опасноста.

Бројот седум, исто така се сретнува повеќе пати во епот. Еве некои примери: „Шест дена и шест ноќи го оплакував и во гроб не го положив“[8] - закопот е седмиот ден; „Шест дена и шест ноќи во потоци дождот паѓаше. Седмиот ден потопот попушти“[9] - седум дена трае потопот. Како митски симбол го издвојуваме и гавранот, како врска меѓу два света (гавранот му докажува на Утнапиштим дека потопот поминал; а во Библијата гулабот носи маслиново гранче). Змијата, исто така, може да ја спомнеме како уништувач, измамник, злобник. Таа го лишува човекот од бесмртноста, а во Библијата ги лишува Адам и Ева од рајот.

Значењето на епот

Најголемото значење на делото се состои во тоа што е прв пишан текст со уметничка вредност. Во него се наоѓаат многу митски елементи, моменти од традицијата и религијата на еден од најстарите народи. Елементи од „Епот за Гилгамеш“ наоѓаме и во записите, остатоците на некои подоцнежни култури (дури и денешните), нивните верувања, обичаи. Во епот се отвора прашањето на смртта, на задгробниот живот, на подземјето, потребата и потрагата за вечен живот – теми што до денес останале актуелни и интересни за откривање. И денес сме сведоци на вечната потрага по еликсирот на младоста, по продолжување на животниот век. Многу научни достигнувања од областа на медицината се со цел да ги направат луѓето што помлади. Потрагата по вечен живот, уште од Гилгамеш па до денес, продолжува со можноста за клонирање, со што многу луѓе од историјата би можеле да се „родат повторно“, а некои воопшто да не престанат да постојат.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2012 во 08:25

ИЛИЈАДА - ЕПОПЕЈА ЗА ХЕРОЈСКИТЕ ГОЛЕМИНИ

Дали постои човек кој го достигнал својот врв, својата кулминација со својата јуначка сила, со мудроста и добрината? Човек кој е чесен, предан на својата нација, човек кој претставува исклучок во општеството? Размислувам, прашувам, но како одговор го добивам ехото на тишината. А во моите раце стои ТАА - нејзиното височество. Еп над еповите, дело над делата пренесувана од колено на колено, од генерација на генерација, од античко време, па се до денес. Ја гледам и и се восхитувам, но малку сум вчудоневидена како воопшто слепиот Хомер го создал тоа врвно дело на човечкиот мозок. Илијадата е најовршената епопеја за сите народи и сите времиња, а темата се врти околу еден единствен настан - Тројанската војна. Вистинскиот мотив на оваа композиција односно душата на ова дело е гневот на главниот јунак (Ахил), а дејствието кое што е опеано од караницата помеѓу Ахил и Агамемнон, па дури до предавањето на мртвото тело на Хектор на стариот Пријам, се случува 51 ден од последната односно десетта година од Тројанската војна.
Ахил, јунак од чиј поглед и глас Тројанците како исплашени срни бегаат и се плашат да не го предизвикаат она кај него што се нарекува ГНЕВ. Тој е млад, со огромна количина горделивост, жестокост кон непријателот, одмаздливост и огорченост. Тој се вознемирувал од неправда, им се восхитувал на пријателските односи и умеел да ги совлада гневот и омразата кон непријателот. Но сепак во неговиот карактер како непровидна нишка се вметнуваат и особините на великодушен. Дрскиот Агамемнон му ја одзел најубавата и најсаканта Ахилова робинка (што Ахил ја добил како дар кога го зазел градот Лирнес) како замена за Хрисеида, а кај Ахил предизвикал силен гнев и омраза. А Ахил гордиот син на музата на морето Тетида и смртникот Пелеј се повлекол од бујното поле. Тој ѓаволствен младич со ангелско срце. Тоа божество потклекнува пред препреките на судбината. Поради неговите одлуки умираат многу луѓе, меѓу кој и неговиот пријател Патрокле прободен од Хекторовото копје. Гневот кај ахил станува се поголем и поголем, а на неговата омраза и нема крај.
Хектор е одважен и чесен борец, добар син и мил татко, нежен сопруг и гордоста на Троја, кој без да размисли за последиците се впушта во двобој со Ахил, плашејќи се за својата татковина односно за родната грутка која ќе биде понижена од грчката рака. Победник во двобојот е Ахил, но и така неговата одмазда не се задоволува. Го врзува избоденото тело на Хектор за неговата двоколка и врти околу ѕидините на Троја за тројанците да го видат овој немил настан. Откако му здосадува оваа игра на одмазда, Ахил се повлекува во својот шатор и ветува дека телото на Хектор ќе го фрли како храна на педовите, со што ја покажува својата себичност и алчност. Но тогаш доаѓа стариот Пријам во шаторот и го моли на Ахил да му го предаде мртвото тело на Хектор за да го исплаче и погреба со сите почести. Каменото срце на Ахил непопушта, но кога Пријам ќе го потсети на љубовта кон својот татко, тој ќе се расплачи и ќе му го предаде телото.
И до ден денешен Ахил претставува симбол на човечноста. А ако некогаш човештвото сакало да создаде идили на храброста, мудроста и љубовта тогаш сигурно би бил Ахил.
Кон врв


Изменето од Valerija - 13.Декември.2012 во 08:26
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2012 во 08:30
Вујко Вања

Авторот на драмата Вујко Вања, рускиот новелист, раскажувач и драматург Антон Павлович Чехов, во книжевноста се појавил со кратки хуморески од обичниот живот и веднаш ја потврдил својата извонредба дарба за забележување, длабоко разбирање на суштината на човештвото и смислата за нејзиното духовно обликување.Во своите новели Чехов ги прикажува обичните луѓе, осудени и отфрлени од својата средина. Низ карактерот на своите јунаци дава фантастична претстава за средината од која потекнуваат. Во неговите драми нема фибула како во класична смисла на зборот , туку тоа најчесто се исповеди за внатрешните борби и конфликти. Такви се и ликовите во неговата драма Вујко Вања.
Живеејки во типично руско село од тоа време, на имотот од кој се откажал во интерес на својата покојна сестра, Вујко Вања, човек без свои жена и деца се грижи за доброто на својата внука. Работи неуморно на имотот и се грижи Соња да не го осети недостатокот од родителите. Иако поголемиот дел од приходите од имотот ги троши неговиот себичен зет, Вујко Вања не се грижи за тоа.Работливиот и скромен Ивањицки смета дека мирот и спокојството на секојдневието не се плаќа со никакви пари. Но, секојдневието го нарушува враќањето на Серебрјаков со својата втора жена, 27 годишната Елена. Наспроти Вујко Вања, работлив и морален обичен човек,застанува овој љубител на развратниот живот, самобендисан егоист и внесува огромен немир меѓу нив.
Со својот егоизам и честите ноќни пирови кога ги буди сите, а потоа одкако ќе ги задоволи своите ниски страсти, сите да ги фалат неговите критики, неговото пишување, без грижа на совеста легнува и заспива оставајки ги другите будни.

Дење, додека Вујко Вања, Соња и пропаднатиот спахија Телегрин работат да му обезбедат лагоден живот, тој спие. Само старата дадилка Марина умее, ненаметливо обраќајки му се со професоре да го потхрани неговиот егоизам, но и да го приземји, да го спаси мирот на другите од оваа жива напаст. Трпението е при крај. Конфликтот на интересите настапува една бурна ноќ. Бурата и невремето како да навлегуваат во салонот на имотот. Селскиот лекар, но и пијаница поради грижа на совеста заради смрта на негов пациент, Астров го започнува хаосот. Елена, младата жена на Серберјаков, во желба да и помогне на младата Соња да ја оствари својата љубов кон овој човек љубезно се труди да му објасни дека Соња не е дете туку млада жена. Но, овој како да не ја слуша. Изјавувајки и љубов нејзе и бакнувајки ја го предизвикува немиот сведок на овој чин Вујко Вања од секојдневен човек кој и самиот е заљубен во Елена и кој радостите од љубовта ги потиснал длабоко, да стане ѕвер. Кулминацијата настапува во мигот кога себичниот Серебрјаков им соопштува дека решил да го продаде имотот. Психичкото растројство како молња го погодува Вујко Вања. Тогаш тој му кажува на својот себичен зет дека неможе да продаде туѓ имот. Имотот од кој тој живее развратен живот во суштина е наследство на неговата ќерка од нејзината покојна мајка. Само случајноста го спасува Вујко Вања да не стане убиец. За негова среќа, но и за среќа на сите тој промашува кога пука . И како што умее само Чехов, расплетот настапува сам по себе. Себичниот Серебрјаков заминува од имотот, носејки го со себе јаболкото на раздорот, младата Елена. Останатите продолжуваат да го живеат секојдневието. Овие обични луѓе напред ги води убедувањето на младата Соња дека во некој друг живот сите тие ќе бидат наградени за својата добрина.
Со едноставниот јазик на кој зборуваат јунаците на Чехов се отсликува музиката на секојдневието и со вешто компонираната лирика е испеано тажното умирање на еден свет на крајот на стариот и почетокот на новиот , можеби подобар век.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
filip_zver3264 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 13.Декември.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај filip_zver3264 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2012 во 10:12
Itno mi treba tekst na tema
"Prasanje za besmrtnosta na covekot postaveno vo deloto Gilgames"
Кон врв
idiubise Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 15.Декември.2012
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај idiubise Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2012 во 12:34
Ми треба состав за ‎Odmazda i potraga vo tragedijata Hamlet Ми треба за писмена по македонски



Фалаа..
Кон врв
idiubise Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 15.Декември.2012
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај idiubise Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2012 во 12:37
Ми треба состав за Komparativna analiza na likovite Don Kihot i Sanco Pansa.. ми треба за писмена по македонски





Фалаа..
Кон врв
Achkosk Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 15.Декември.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Achkosk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2012 во 13:26
Ми треба состаф под наслов "Не биди скржав,дарувај макар и еден одмерен убав збор" ВИ благодарам..ве молам што е можно побрзо,мора да го учам

Изменето од Achkosk - 15.Декември.2012 во 13:29
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2012 во 13:36
Originally posted by idiubise idiubise напиша:

Ми треба состав за Komparativna analiza na likovite Don Kihot i Sanco Pansa.. ми треба за писмена по македонски





Фалаа..
---i ako nikoj ne ti pomogne,...prochitaj si go...nikot !намигнување
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Belata Ciganka Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2012
Статус: Офлајн
Поени: 37
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Belata Ciganka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2012 во 14:55
ПОТРЕБЕН МИ Е ЕСЕЈ ЗА   

ЉУБОВТА И ОМРАЗАТА НА ХАМЛЕТ

ВЕ МОЛАМ, КОЈ ИМА НЕКА НАПИШЕ ДО УТРЕ...БИДЕЈЌИ ИМАМ ПИСМЕНА НА ОВАА ТЕМА ВО ПОНЕДЕЛНИК И ТРЕБА ДА ЈА НАУЧАМ!
МНОГУ ВИ БЛАГОДАРАМ ОДНАПРЕД !!!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2012 во 15:00
Споредбата помеѓу ликот на Дон Кихот и Санчо Пансо

Човечкиот живот е чудна приказна. Во него нештата се одвиваат онака како се предодредени. Се редат лица, настани. Секојдневието, мечтите и фантазиите го трасираат текот. Различностите се вплеткуваат, дополнуваат.

 Во трагикомичниот роман Дон Кихот, напишан во севилскиот затвор како инспирација од сопствениот живот, полн со јуначки случки и катастрофални незгоди, Мигел Де Сервантес зборува за една таква вплетканост.  Низ животот на рицарот со тажно лице и неговиот весел слуга ги опишува спротиставеностите кои се дополнуваат. Главниот лик, благородникот од Ла Манча од читање многу рицарски романи сосем се изгубил и решил да стане рицар-скитник по име Дон Кихот. Човекот со висок раст, со слабо и издолжено тело, со испиено лице обиколено со побелена коса , со орловски поткршен нос и големи црни мустаќи застанува во одбрана на немоќните. Тргнува во авантури, во кои ги спасувал и им помагал на бедните, понижените, навредените. Доживувањата на навидум лудиот рицар-скитник и неговиот слуга Санчо Панса се пародија на рицаророманијата која ја зафатила средновековната Шпанија. Дејствието се одвива врз две спротивставени сфаќања: безумието на идеалистот- рицарот-скитник и трезвеното задоволство на реалистот-неговиот слуга и оружјеносец.

Нивните настојувања да докажат кој е во право и да ги негираат илузиите на другиот се видлива несусогласеност меѓу реалното и идеалното, меѓу фантазиите и реалниот живот. Случките од едната страна се прикажани како реалност,секојдневие,  а од другата како мечти, фантазија. Дон Кихот, средновековниот благородник се замислува себеси како силен и храбар рицар, облечен во блескава  опрема: штит, меч и копје, преубав коњ, поубав дури и од славниот Буќефал. Реалноста била друга. Блескавоста е Äрѓосана и стара опрема, дооден коњ по име Росинант на кој му се броеле ребрата. Само затоа што секој рицар имал своја љубена во чие име се борел, селанката во која бил заљубен на млади години ја трансформирал во принцеза по име Дулчинеја.  Во име на таа љубов, со желба за слава повикувал на двобој, се додворувал на млади убави дами. Се редат неговите бесмртни подвизи: борбите со ветерните мелници, тие лоши џинови, стада овци-цели војски, мешинки со вини-маѓепсани непријатели, ослободување на кралици и принцези-селанки и крчмарки. Со своите постапки предизвикувал смеа и револт. Во борбите му кршеле ребра, заби, носел модринки од несекојдневните акции. Кога не бил обземен од рицарските авантури, бил човек со здрав разум. Наспроти него,

Санчо Панса,пак бил слуга-оружјеносец, склон кон дрдорливост, безобразлук и озборување Тој ,бил остроумен селанец, шегобиец со многу здрав разум. За разлика од својот господар овој кус и дебел селанец, јавал на магаре и постојано бил безгрижен. Преставник на едноставниот народ, во својот речник користел изрази со кој ја искажувал вековната мудрост на својот народ. Наспроти извишените говори на неговиот господар зборувал приземно и практично. Својата мудрост ја искажувал преку многу поговорки и пословици. Неговата бистрина дошла до израз кога накратко бил назначен за губернатор на еден остров. Но и покрај својата цврстина под влијание на својот господар и неговите фантазии накратко почнал да верува дека ќе стане гроф.  Иако неук, со неговиот бистар ум умеел  со многу мудрости да го советува својот господар. Стоејки цврсто на земјата со двете нозе, успеал да го промени  својот господар, да му расчисти одредени заблуди. Дон Кихот своите заблуди ги искажал пред смртта, кога му се извинил на својот Санчо Панса за сите незгоди во кои го вовлекол.

Сервантесразличностите на овие двајца протагонисти успеал да ги спои во една личност, да го  покаже ликот на новиот човек. Човек на кој во преден план му се возвишените идеали за еднаквост меѓу луѓето, почитување на човечкото достоинство, напредокот на цивилизацијата. 
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2012 во 15:02
Осамениот Хамлет и неговата упорност да се одмазди

Човекот не е роден само да јаде и спие. Тој е разумно суштество кое мисли, сонува, се надева, ги остварува своите амбиции. Сонувањето и остварувањето на амбициите зависат од различни побуди: успех, богатство, одмазда.

Вилијам Шекспир преку ликот на Хамлет ни прикажа една трагична амбиција. Дволичноста, родоскрвението, братоубиството и неверството предизвикале акција за одмазда. Од млад образован човек сплетот на околностите од Хамлет напрвија одмазник. Пред него се испаваат  моменти и големи животни дилеми. Дознавајки за смртта на татко му и начинот на неговото убиство навлекува маска на лудак. Полека ја преде мрежата на одмаздата. Стравичната вистина дека чичко му го отрул  родениот брат и се оженил со братовата жена, само за да го добие престолот го претвора во друга личност. Зборувањето на лаги го ражестува гневот.  Иако гневен, Хамлет ја задржал присебноста и длабоко ги планира своите постапки. За да дојде до вистината најпрво организирал театарска престава . Преку театарската престава идентична со случките од дворот и  труењето на татко му  доаѓа до потврдување на своите сознанија. Следејки ги реакциите на чичко му открива поразително сознание за чичкото-поочим и мајката-стрина и нивната лицемерност. Станува претпазлив, ги предвидува сите нивни чекори. Мудро ги елиминира неприијателите, раскрстува со лажното пријателство. Најпрво со Полониј-советник и наслушувач, но и таткотна неговата сакана Офелија, а  потоа и со  неговите пријатели Розенкранц и Гилдертерн.  Го уништува писмото во која чичко му ја нарачува неговата смрт. Во двобојот го ранува Лаерт, синот на Полониј и иако ранет го прободува  убиецот на татко му. Го убива со отровниот меч кој му беше наменет нему. Мајка му избезумена од настаните го испива затруеното вино.  На крај, паѓа и самиот умира од нанесените рани со отруениот меч. Омразата го зема својот данок. Омразениот чичко-крал и кралицата мајка-стрина завршија онака како што им пресуди Хамлет. Одмаздата е извршена, честа е спасена, платена со живот.

Хамлет, тој осамен борец го положи својот живот во темелите на новото општество. На тие темели, идните генерации ќе може да градат општество без лажен морал. Осамениот Хамлет и неговата желба за одмазда раскрстија со лажните вредности.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2012 во 15:03
ЛИКОТ НА ХАМЛЕТ

...Најпрво треба да се прашаме - што сакал Шекспир кога го создавал ликот на Хамлет? Тој никогаш и ништо на пишувал без одредена замисла. Тогаш каква замисла имал кога решил да ја напише оваа трагедија? Изгледа, тој секогаш пред да почне да пишува, ја посматра приказната онака како што сликарот го гледа своето платно пред да почне да слика - како средство за изразување на своите мисли. Која е тогаш точката која Шекспир ја насочил во Хамлет? Тој сакал да наслика таква личност за која надворешниот свет, сите случувања би биле релативно невпечатливи и безначајни по себе, а би почнале да го интересираат само кога би постанале слика во огледалото на неговиот ум. Хамлет ги гледа надворешните работи на ист начин како човек со голема фантазија. Кога ќе ги затвори очите, пред себе го гледа она што претходно оставило печат на неговите сетила. Тој е вистински наследник на престолот, татко му умира на сомнителен начин, мајка му му го одзема престолот така што се мажи за неговиот стрико. Ни тоа не е се. Дури и духот на неговиот убиен татко се појавува, убедувајќи го синот дека него го убил сопственио брат. А каква е реакцијата на синот? Молњевита реакција и одмазда? Не. Бескрајно колебање, непрестанато обвинување на самиот себе за невнимателност, се додека цела одлучна енергија не испари во тие обвиненија. И тоа не од нехраброст, не од недостаток на премислување и бавно сфаќање, туку само поради таа аверзија према реакцијата која постои кој оние кои носат свет во самите себе. Па еве го ликот на Хамлет: слаба волја, но единствено поради шокот, а не поради неговата природа. Хамлет е по природа јак човек, неговата иронија, неговиот моментален гнев, неговите страсни избувнувања во разговорот со мајка му, поносен презир и голема омраза кон стрико му - сето тоа ја потврдува енергијата и величината на неговата душа. Предодреденоста, која на Хамлет ќе го донесе до одмазда на татко му е размената на мечовите од кои едниот е отровен, и испивањето на чашата со отров од страна на мајка му, наменети за него. Тој е прободен од отровниот меч, но пред да умре го убива својот чичко. Од сите можни прогнози би изгледало дека најмалку веројатна е таа дека Хамлет баш на тој начин ќе погине и дека на тој начин ќе го одмазди својот татко.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Belata Ciganka Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2012
Статус: Офлајн
Поени: 37
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Belata Ciganka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2012 во 15:05
ПОТРЕБЕН МИ Е ЕСЕЈ ЗА   

ЉУБОВТА И ОМРАЗАТА НА ХАМЛЕТ

ВЕ МОЛАМ, КОЈ ИМА НЕКА НАПИШЕ ДО УТРЕ...БИДЕЈЌИ ИМАМ ПИСМЕНА НА ОВАА ТЕМА ВО ПОНЕДЕЛНИК И ТРЕБА ДА ЈА НАУЧАМ!
МНОГУ ВИ БЛАГОДАРАМ ОДНАПРЕД !!!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5556575859 113>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,313 секунди.