IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Писмени состави,семинарски...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Писмени состави,семинарски...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5758596061 113>
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 3 Гласови, Просечно 3,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2012 во 10:26

Шагринска кожа - Оноре де Балзак


Фатална ноќ на незадоволство, револт и ретроспекција... млад, надежен интелект носи одлука да изврши самоубиство.

Непосредно по одлуката, едно магично парче кожа станува негова амајлија, му носи низа бенифиции низ животот, но крие една страшна компензација...

Живот на лукс ниво, благородни случувања, богат културен живот, но и полноќни посети од една бездушна жена, за сметка на наивната афекција од страна на Полина...

Будење. Со секоја желба, шагринската кожа се крати, што е метафорички симбол на животот на Рафаел... умирање, на рацете на Полина.

Балзак, преку шагринот (франц. chagrine - тага) ги третира предностите од доброто до злото, од хармонијата до моќта, од рајот до пеколот - сервирајќи универзална поента... несомнено, животот е најскапоценото нешто што го поседуваме.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Belata Ciganka Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2012
Статус: Офлајн
Поени: 37
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Belata Ciganka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2012 во 17:13
Ми треба кратка содржина за Сон на летната ноќ, и нешто во врска со делото. Ако има некој нека постира....
Ви благодарам!
„Добрите луѓе завршуваат лошо во животот, а лошите завршуваат уште подобро“.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2012 во 17:36

Сон на летната ноќ - Вилијам Шекспир


Сон на летната ноќ

Вилијам Шекспир – уште една ѕвезда која не престанува да свети на англиското литературно небо. Име кое сведочи за сите негови мисли преточени во грандиозни дела. И до ден денес неговите дела се преведени на повеќе јазици ширум светот и се едни од најпочитуваните дела кои воопшто биле напишани некогаш.

Шекспировиот творечкиот опус на комедии е доста обемен. Едноставно не можеш да издвоиш која комедија е најинтересна. Сепак се одлучив токму за оваа комедија, бидејќи најголем впечаток ми остави токму: „Сон на летната ноќ“. Секако името не сведочи за самото годишно време, туку за ова име се врзани три легенди кој самиот Шекспир ги позајмил од грчката литература. Тие легенди се: една за атинскиот крал Тезеј и Хиполита, втората за љубовниците Деметар и Елена, Лисандер и Хермија и третата за господарите на самовилите: Оберон и Титанија.

Самото дејство се одигрува во Атина. Во атарот на Атина акцентот е ставен на бракот што допрва треба да се случи. Сите сцени на мајсторски начин се отсликани и претставуваат јасна визија на една пиеса којашто е излезена од перото на големиот Шекспир.

Ликовите се градени во типично Шекспиров стил. Од лик до лик има дијаметралности кои што со своите заплети и интриги ѝ даваат на пиесата една грандиозна идеја за типична приказна која преку своите идеали успева да допре до секој читател или гледач.

Уште на почетокот е прикажана големата приврзаност на Тезеј со својата идна сопруга Хиполита – амазонската кралица која треба да биде крунисана со брак, истовремено поставена во шума и во кралството на самовилите, под месечева светлина. За таа цел кралот Тезеј му заповедува на својот слуга да подготви сѐ што е неопходно за истата да биде извршена во најкраток можен рок.

Во отворачката сцена, младата девојка Хермија одбива да ги следи инструкциите на нејзиниот татко Егеј да се омажи со веќе избраниот маж за неа, Деметар. Како судбоносен одговор, Татко ѝ на Хермија пред Тезеј цитира еден древен антички закон кој вели дека ќерката мора да се омажи со додворувачот одбран од нејзиниот татко или да се соочи со смрт. Кралот Тезеј не сакајќи оваа млада девојка прерано да умре, ѝ нудидоживотно богослужение во храмот на божицата Дијана како калуѓерка.

Хермија и нејзиниот љубовник Лисандар одлучуваат да избегаат ноќе низ шумата. Хермија ја известува за ова својата другарка Елена, но Елена скорешно одбиена од Деметар одлучува да ја добие назад неговата добронамерност со откривање на нивниот план на нему. Деметар решително следен од Елена, почнува да ја брка Хермија.

Додека се крчкаат потребните работи за да се склучи бракот, прикладен за кралот на Атина, во меѓувреме се опишани другите интриги кои што ќе бидат предизвикани токму од Пук или попознат како Задрогас кој со помош на волшебниот цвет ќе биде главниот виновник за неочекуваните пресврти. Пук е самовилец чиј слуга е на Оберон, кралот на самовилците. Оберон со своите мудри подвизи ќе успее да направи збрка во целата приказна, а со тоа да ѝ даде еден посебен белег на самата кулминација.

Хермија и Лисандер, верувајќи дека се на безбедно, надвор од досег, заспиваат во шумата додека Деметар и Елена пробуваат да ја обноват својата љубов. Следуваат низа заплети кои иако изгледаат како доста напорни сепак тие содржат голема доза на хумор во нив. Но дали навистина сѐ е така подмачкано? Дали Оберон и Титанија ќе бидат оние главните виновници за низата сплетки кои ќе се случат во самата кулминација? Сепак ќе стане ли Хиполита кралица на Атина доследна на својата лојалност и што впрочем ќе се случи со двата пара на љубовници оставам на вас да откриете...

Типична драма која е една од најиграните претстави ширум светот. Сепак за човек како Шекспир не е доволно само да се играат и читаат неговите дела туку неговите дела треба да се доживеат!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Belata Ciganka Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2012
Статус: Офлајн
Поени: 37
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Belata Ciganka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2012 во 17:59
Благодарам Валерија
„Добрите луѓе завршуваат лошо во животот, а лошите завршуваат уште подобро“.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2012 во 18:19
Nema problem,poveli koga sakash pak:)
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
iveco Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 18.Декември.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај iveco Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2012 во 20:10
Ве молам ако има некој состава за "Класичните мотиви обновени во ренесансата и класицизмот".Ви благодарам однапрет :D

Изменето од iveco - 18.Декември.2012 во 20:13
Кон врв
ojj Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 18.Декември.2012
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ojj Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2012 во 21:26
mi treba pismena po makedonski jazik za tema "kako da ja zastitime zivotnata sredina za nas i slednite generacii " vi blagodaram odnapred :)

Изменето од ojj - 18.Декември.2012 во 21:51
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2012 во 21:43

Ах бе деца.
И што дека некој ќе ви напише на готово?
Ќе препишете и пак нема да научите дека се пишува однапред, а не однапрет.

Кон врв
ojj Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 18.Декември.2012
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ojj Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2012 во 21:51
u brzanje :D
Кон врв
Belata Ciganka Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2012
Статус: Офлајн
Поени: 37
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Belata Ciganka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2012 во 15:33
еве еден состав, можеби ќе ви помогне за нешто..
*Татковино во срце те носиме*
- Нашата татковина е Македонија. Таа е мала земја во срцето на Балканот, земја со премногу убавини, земја со која јас се гордеам бидејќи е прекрасна. За нашата татковина многу борци се бореле, се опеани многу песни за нашите борци, за нашите војводи. Денес нашето сонце грее слободно над нашата татковина, слободно растеме, учиме и твориме. Нашата татковина е многу убава со многу знаменитости, нашето сонце е мало но грее силно, топло и милно, исто како што мајката го милува своето чедо. Нашата татковина е најсјајна ѕвезда на небото во неа чукаат најмалите срца, а тоа сме ние децата. Иако е мала земја нашата татковина има прекрасни езера, реки, планини, закитена е со најубавите букети од најубавите цвеќиња, златна месечина и ѕвездени зраци кои не галат и милуваат, нашето сонце кое ја грее и И дава бескрајна светлина на нашата земја, на нашата татковина. Горда сум што живеам во оваа прекрасна земја, што ја градам мојата иднина и што сум македонка. Нашата татковина е земја со бескрајно ширно небо, безброј ѕвезди и златно сонце што не грее додека растеме во неа. Тоа е нашата земја, нашата татковина, нашата мила Македонија што во срце ја носиме!
„Добрите луѓе завршуваат лошо во животот, а лошите завршуваат уште подобро“.
Кон врв
Belata Ciganka Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2012
Статус: Офлајн
Поени: 37
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Belata Ciganka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2012 во 15:38
итно е! ако има некој нека постира за:
Споредба на Шекспировиот сонет и сонетот на Петрарка
Ви благодарам, однапред
„Добрите луѓе завршуваат лошо во животот, а лошите завршуваат уште подобро“.
Кон врв
BRSJAKHD Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 19.Декември.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BRSJAKHD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2012 во 17:43
Ae ke ve molam ako ima nekoj opis na likovite od Dnn Kihot i Hamlet, mi treba za pismena rabota za vo petok. fala odnapred :)
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2012 во 20:06
     Дон Кихот


     Во ремеk делото на Шпанската и светската книжевности и во најпреведуваната книга во светот, после Библијата, ги среќаваме Дон Кихот и Санчо Панса. Слободата и среќата не треба да се продаваат, ниту за сите богатства на светот, и да се ослободи срцето од лошите мисли, се мислите водилки во умот на Дон Кихот, кои со векови се слушаат низ светот.
     Рицарот со тажно срце, сосема се изгубил и во свеста му се родила необична мисла, да стане рицар – скитник, да тргне во авантури, да донесе правда, да помага на бедните, понижените и повредените. Со своите дела, сакал да им донесе среќа и добро на несреќните. Дон Кихот е идеалист и занесеник кој се судира со стварноста во која владеат нормите. За среќа на светот тој е трагичар, мудрец, хуман, а во истовреме среќен кога ги презира богатите и ја цени слободата во сиромаштијата. Првиот идеал на Дон Кихот му е да донесе преродба во хуманизмот, слободата и правдата. Токму тогаш, се појавува парадоксот на неговите идеали и стварноста. Честопати во своите постапки бил смешен. Наспроти Дон Кихот е Санчо Панса, селанец, коњушкар, необразуван,но многу бистар и нивниот однос бил многу сложен, и од тие карактерни спротивности, денес светот многу учи. Дон Кихот со своите безсмртни подвизи,сакал да си го стави името во храмот на безсмртноста, и затоа често зборувал за златното време од историјата на човештвото. Дон Кихот предизвикува задоволство, а и истовреме служи за поука, за лик на кого му недостига практичен дух. Реалниот свет, го гледа низ призмата на својата фантазија. Тој трпел глад, жед, студ, удари, но не се откажувал од мислата дека треба да се помага на луѓето. Бидејќи не можел да го гледа животот таков каков што е, со своите постапки се доведувал од смешна до жална состојба, која прилега на луд човек, за безумник. Задуен од хуманистичките идеи на ренесансата, тој се залагал за враќање на првобитното општество, кога луѓето биле слободни и рамноправни.
     Со својата поетска дарба Дон Кихот ја искажувал љубовта кон Дулчинеа. Фантазерството, добрината, саможртвеноста на Дон Кихот за да прави хумани дела, иако не е верен за тоа, го наметнале поимот донкихотство кое постои до ден-денес. Со исмејувањето на благородниците, настанува пародија, која со вековите е проучувана. Празните илузии се во судир со суровата стварност, кои се уште постојат.Ликовите Дон Кихот и Санчо Панса заедно создаваат еден лик, на нов човек исполнет со возвишени идеали, за почитување на човечкот достоинство, за верба и духовна моќ на човекот.

___________________________________________________________

Изменето од Valerija - 19.Декември.2012 во 20:08
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2012 во 20:07
  Хамлет

Хамлет на Шекспир е римејк на популарна драма базирана на историска фикција.Хамлет е сложен лик кој со векови претставува мистерија и инспирација за милиони луѓе. Гневниот, тажен принц Хамлет и неговото разочарување од животот го возвишува неговиот дух во височините на љубовта и омразата. Размислувајќи за секоја своја постапка и колебајќи се за нејзиното извршување тој доаѓа до разумни мислења. Хамлет се определил за животот бидејќи тој му овозможува на човекот да се надева и да сонува, да љуби и да мрази.
      Хамлет е пред се многу лабилен, несигурн лик, постојано се наоѓа некаде помеѓу должноста и бегството.Постојано сконцентри-ран и фиксиран врз проблемот за кој не е ни сигурен дека постои, потоа се провлекува и доза на шизофренија низ неговите постап-ки, моменти на луцидност и губење, значи мора да се потенцира неговата природа за да може да се дојде до некој, било каков одговор. Тој мора да биде сигурен пред било што да направи, затоа
што не би можел да просто да поднесе да го гризе совеста, тука е и неговата поранешна приврзаност со мајчинската фигура која тој чувствува дека го предала.Верувам дека тој би го пролонгирал убиството да може до бескрајност, затоа што колку и да звучи чуд-но, тој ужива во својата улога на маченик, мислител и философ, а притоа се обидува очајно од неа да избега. Токму затоа доказите му се и толку битни, неговиот слаб и неодговорен лик е толку јасно отцртан со што веднаш се доаѓа до заклучок зошто тој и не е спосо-бен да ја донесе веднаш одлуката. На моменти Хамлет знаел да нав-лече маска на лудак за да може да дојде до некоја вистина и да кажува вистини.
      Омразата е длабоко во неговата душа и за да ја одбрани својата чест го убил убиецот на татко му. Со својата љубов сакал да се бори против кризата на моралот и олицитворение на лажната љубов. Тој ја почуствувал и лажната мајчинска љубов и лажното пријателство, кои биле трагични за неговиот живот. Жртвата на Хамлет не била залудна, таа била патоказ за идните генерации да размислуваат совесно и да се борат против неправдите и лажниот морал во меѓучовечките односи.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5758596061 113>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,484 секунди.