IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Писмени состави,семинарски...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Писмени состави,семинарски...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 109110111112113>
Автор
Порака Обратен редослед
 Оцена: Оцена на тема: 3 Гласови, Просечно 3,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2009 во 18:44
ПЕРЕ ТОШЕВ
Тој и припаѓа на генерацијата на Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Петар  Поп-Арсов, Крсте Мисирков, Васил Главинов и уште многу други борци, визионери кои во своите мечти и во своите акции за прв пат ги удрија темелите на нашава денешница.Таа млада генерација ја презеде на себе историската одговорност да го поведе народот во решавачка борба против пет вековниот поробувач, да го поведе во непомирлива и организирана борба, во свесна борба за живот и смрт.  Генерација која основа организирано движење- револуционерна организација која го организираше народот во борба за слобода. Пере Тошев припаѓа на  онаа генерација која го формираше ВМРО и беше во нејзиниот Централен Комитет.
Роден е во 1865 година во Софија, каде што ја организирал познатата “ Млада македонска книжевна дружина” во која освен него учествувале И Даме Груев И Петар Поп Арсов.. Во 1894 година во Битола се среќава со Пере Тошев. Двајцата образуваат револуционерен кружок од млади и напредни луѓе. Слични револуционерни кружоци  почнуваат да се организираат низ цела Македонија: Штип, Прилеп, Охрид, Кукуш, Велес, Солун, Гевгелија и други места. Така МРО почнала да работи консолидирано т.е. овие формирани кружоци да работат поврзано, раководени од Централниот Комитет кој е во Солун.

Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2009 во 18:43
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
    Името и делото на Ѓорче Петров неразделно е врзано за Македонската Револуционерна Организација (МРО) Тој е еден од првите основачи и најпопуларниот водач и теоретичар. Него уште го нарекуваат и Идеологот на Внатрешно-Македонската Револуционерна Организација (ВМРО).
    Ѓорче Петров бил познат по тоа што приоѓал критички и ги разгледувал патиштата и начините на народната револуција. Слободно можеме да кажеме дека Ѓорче Петров е највидниот и најзаслужниот револуционер во Македонија чие име и место треба да биде сместено заедно со Гоце Делчев, Јане Сандански, Димо Хаџи Димов, Пере Тошев, Петар Поп Арсов и др. Животниот пат на Ѓорче Петров е патоказ на едно светло и постојано служење на идеате за државно-политичко осамостојување на Македонија. Целиот свој живот го посветил на возвишеното дело за ослободување на Македонија и никогаш не отстапил од тој принцип, принципот на самостојно и потполно независно Македонско Револуционерно движење без никакво мешање од туѓина.
    Роден е во село Варош, Прилеп во 1864 година. Основно образование завршува во Варош, а потоа продолжува во Прилеп. Школувањето го продолжува во гимназијата во Софија, но набргу се враќа во родното село и работи како бакал со неговиот татко. Во 1881 година се запишува во Битолската гимназија, а потоа во Солун каде се школувале сите повидни Македонци. Тука се поврзува со напредните младинци и учествува во ученичкиот бунт, поради кое е исклучен од гимназијата. Се префрлува во градот Пловдив, во Бугарија за да го доврши своето школување. Се враќа во Македонија и работи како учител во Скопје. Тука се бори за остварување на својот висок идеал-еманципација на Македонија и нејзино тргнување по врвиците на цивилизираните општества т.е. демократија и самостојност. Се бори против религиозниот расцеп на својот народ, против егзархијата и патријаршијата т.е. бугарското и грчкото влијание и воопшто против сите мешања од надвор.
    Во 1894 година во Битола се среќава со Пере Тошев. Двајцата образуваат револуционерен кружок од млади и напредни луѓе. Слични револуционерни кружоци  почнуваат да се организираат низ цела Македонија: Штип, Прилеп, Охрид, Кукуш, Велес, Солун, Гевгелија и други места. Така МРО почнала да работи консолидирано т.е. овие формирани кружоци да работат поврзано, раководени од Централниот Комитет кој е во Солун.
    Една од познатите акции на Ѓорче Петров е познатото испраќање на кираџијата Доне со пратка бомби од Штип за Битола. За ова говори и народната песна “ Ми товари Дончо три вреќи ориз”. Ѓорче смета дека паѓањето на Дончо во затвор е првата проверка на издржливоста и моралната цврстина на Македонецот. Така се создаде традицијата- еден друг  да не поткажува, да не се издава ништо и никого.
    Во 1895 година Ѓорче Петров доаѓа во Солун каде е избран за член на Централниот Комитет на ВМРО. Него ин а Гоце Делчев им е зададена задача да изработат програмски доцумент, односно да ги изработат Правилникот и Уставот. Првиот член на тој доцумент гласи: ВМРО има за задача да ги обедини во едно сите незадоволни елементи од Македонија и Одринско, без разлика на вера и народност и издвојување преку револуција полна политичка автономија на овие две области.
Ѓорче многу често ја акцентирал Гоцевата концепција дека ослободувањето  на Македонија лежи исклучиво во добро организирано внатрешно востание. Тој заедно со Гоце Делчев , Даме Груев и други членови на ВМРО категорички се спротивставиле на решението за кревање на Илинденското Востание. Исто како Гоце сметал дека најпрво народот добро да се подготви и наоружа и потоа во исто време на повеќе места да се дигне востание. Неможејки ништо да промени, посебно по смртта на Гоце Ѓорче се вклучува во востанието со својата чета, војувајки во Прилепско и Мариовско. По неуспехот на Востанието повторно се враќа во Софија.
    По поделбата на Македонија во 1912/13 година Ѓорче Петров вели:
-    Над главата стојат џелати со ножеви во рацете за да ја сечат на парчиња, целата во лузни нашата Македонија. Повторно таа паѓа во сеништата на нови ропства.
Разочаран Ѓорче останува да живее во Софија и активно работи во Македонската  левица.
На 21 јуни 1921 година во приквечерината, во теророт и масовните убиства на Македонските идеолози на Софиските улици е убиен Ѓорче Петров од раката на заведениот атентатор, помакот Реџеп од Царев Двор кој подоцна е ликвидиран за да се избришат сите траги.
Со смртта на Ѓорче Петров умира живата историја на Македонското Ослободително дело. Овој самороден титан на МРО историјата ќе го признае за еден од четирите столбови на големата епопеја на злосреќниот мал народ, во еден ред со Даме Груев, Гоце Делчев и Пере Тошев.  

Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2009 во 08:24
Како беше она- Вашата желба за нас е заповед голема%20насмевка И немојте од збор до збор, па на писмена сите со еден составизненадување
Неспоивоста во карактерот на Татјана и Евгениј Онегин
     
Романот во стихови “Евгениј Онегин” е дело во кој поетот ја влејал сета своја страст,  своето животно и творечко искуство. Построен е врз мошне напната и впечатлива перипетија и сложени односи, конфликти и спротивни карактерни особености.
    Централните ликови, Евгениј Онегин и Татјана Ларина се личности со неспоив карактер. Онегин е типичен претставник  на монденските кругови од своето општество кој во детството добил површно и несистематско образование. На деветнаесет години станал сопственик на голем имот. Онегин е човек без визии за  животот и незаинтересиран за крепосните селани на својот имот. Сиот свој интерес го насочил кон поканите за ручеци, вечери, балови и забави.Овој површен млад човек  целосно се оддава на навиките на пороците, ги покажува својствата на необична личност. Човекот без емоции  грубо ја отфрла љубовта на идеалната и поетична селска девојка Татјана. Каприциозно се поигрува со нејзината сестра и го убива човекот што искрено ја сака.
Наспроти него, Татјана е типичен претставник на руска жена, со цврст, монолитен и единствен  карактер.Во неа нема колебања, со своите ставови стои цврсто на земјата.Нејзината природа е силна и длабока. Нејзе  и е туѓо лошото однесување. Таа силно и со непосредна  спонтаност ги искажува љубовните чувства кон Онегин. Нејзината длабочина ја прави поумна од него. Нејзиниот благороден инстинкт ја води напред, а ја сопира кога треба. Не се променила ни во изменетите животни околности. Ги зачувала својствата на  поетична  и силна природа кои ја красеа и како селска девојка и како отмена  дама од високото друштво. Не се променил ниту нејзиниот однос кон љубовта, која за неа е основен извор на среќата и несреќата.Тоа свето чувство во најголема мера го определува карактерот на Татјана и  по основ на него таа не бара компромиси. За неа во љубовта нема средина. Иако му признава на Онегин дека сеуште го сака смело му соопштува дека не верува во трајноста на неговите чувства.
    Пушкин во својата бесмртна  и недостижна поема преку својот јунак Онегин паралелно ни ја изнесе историската судбина на рускиот човек-скитник и неоспорната убавина во личноста на руската жена.

Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2009 во 11:33
Ajde kolku za pocetok, a prosiruvanje na prethodnoto (timskata rabota e vidna)голема%20насмевка
Панонски легенди
Св. Кирил и Методиј на Словените им го дале најсилото оружје во борбата против асимилацијата-азбуката. Нивните најистакнати ученици, доследни на делото на своите учители, со успех го продолжиле ширењето на словенската писменост и култура.На патот на писменоста како моќно оружје го користеле напишаното дело Едно од првите оригинални дела напишани на словенски јазик е Панонски легенди.
Композицијата на двете житија  е мошне добро изградена. Тие содржат воведен дел во кој се слават величината на господ, изложување   во кој е раскажан животниот пат на браќата по хронолошки ред, а во завршниот дел се искажани цитати од Евангелието. Изобилуваат со компарации, епитети, раторички прашања, а стилот е разбирлив за сите Панонски легенди содржат две житија  Житието на Св. Кирил и Житието на Св Методиј. Во овие житија познати уште и како Моравски легенди најопширно е опишан животот и работата на словенските браќа во Панонија, односно Моравија. Житието на Св. Кирил почнува со опис на животот на св. Кирил од неговите детски години и неговата наклонетост кон науката и мудроста,
“ ...Кога почна да оди на училиште, Константин напредуваше  во учењето најмногу од сите ученици...“
и продолжува со опис на неговото школување во Магнаурската школа, потоа како библиотекар во црквата Св. Софија. Авторот опширно ги објаснува мисите  на св. Кирил, времето на пишувањето на азбуката. Посебно место зазема неговиот престој во Моравија, радоста на Словените за можноста за учење на мајчин јазик. Авторот ја опишува и зависта и клеветите на германските свештеници пред папата, како и борбата за одбрана на словенската писменост. Во Житието за Методи опишан е животот и делото на постариот брат Методиј. Во двете житија, односно во Панонски легенди основната идеја е да се докаже  и одбрани правото на Словените на свој јазик, писменост и култура. Авторот двајцата браќа ги нарекува, раби божји, прикажувајки ги како апостоли и светци, божји избраници за големи дела кои не сакале ништо за себе. Овие учени  луѓе го одбраниле своето дело со мудрост: Зарем Сонцето не не грее сите?”. Поради тоа папата ги ослободил, а луѓето ги сакале и  на секој чекор им ја искажувале својата љубов.
Панонски легенди се од извонредно значење за историјата, литературата и постоењето на словенските народи. Тие беа, се и ќе бидат најбогатиот извор од кои се црпат податоци за првите словенски просветители, творците на првата словенска азбука.

Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2009 во 21:15
ajde i ova ako pomagaнамигнување
Јордан Хаџи Константинов Џинот
Труд ми е името
Најсилно од сé човекот ја сака слободата и силно се бори против непријателот кој посега по неа. Борбата против поробителот е борба против неправдата во секаква форма. Немирниот и бунтовен дух не може да трпи неправда врз себе и врз својот народ. Таков борец со немирен и бунтовнички дух бил и основоположникот на македонската драмска литература, народниот просветител и филозоф  Јордан Хаџи Константинов Џинот.
Роден е во 1821 година во Велес во семејството на клисарот на црквата Св. Спас каде и завршил келијно училиште. На 15 години бил испратен во Самоков да го продолжи школувањето, а потоа во Солун каде го изучувал грчкиот јазик и најновите наставни методи кои подоцна ќе ги применува во својата учителска работа. По завршувањето на школувањето ја започнал својата плодна просветителска дејност, најпрво во Велес, а потоа во Скопје и Прилеп. Заради своите заложби за воведување на народниот јазик во училиштата се судрил со владиците и бил принуден да замине на Света гора, Химос и Патмос.  Наклеветен од битолскиот и велешкиот владика бил протеран во заточение во Мала Азија. По долги години во прогонство се вратил во родниот Велес каде се зафатил со просветителска дејност, но и со преводи на античката грчка книжевност. За потребите на училиштата и осовременување на наставата  ја превел Доситеевата Ижица, а го напишал и првиот буквар наречен Таблица перваја  Како автор на првите драмски текстови ги поставил темелите на македонската драмска литература. Тој е основач и на првата драмска дружина, составена претежно од неговите ученици. Оваа драмска дружина изведувала драмски изведби на народни приказни, како и драми напишани од  Џинот.  Покрај ова Џинот се занимавал и со пишување поезија. Иако неговата поезија нема никаква уметничка вредност и во основа е рационална , студена и без никакви поетски чувства значајна е по тоа што преку нејзе Џинот подучувал, воспитувал, а неговите песни се првите публикувани песни на македонски јазик.
Една од нјпознатите песни на Џинот е песната Труд ми е името. Основен мотив во оваа песна е размислувањето за човечките добродетели: мудроста, љубовта и трудот. Ова поучна песна без уметнички квалитети, но со воспитна улога е составена од 10 катрени. Содржински може да се подели на три целини. Во првата, во која влегуваат првите пет строфи Џинот настојува да им даде сликовита форма на поимите: мудрост, љубов и труд, претставувајки ги како убави девојки кои пеат и свират на флејта. Во наредните три строфи кои ја сочинуваат втората целина Џинот го искажува својот став кон мудроста, љубовта и трудот, нагласувајки дека ги сака сите, но кога би морал да бира би го одбрал трудот. Во последните две строфи ја искажува користа од трудот.
Џинот е човекот кој во мрачниот 19 век ги палеше светли огнови на сенародното просветување, го штитеше народот од туѓата асимилација  и ги кршеше камењата на цврстата и заостаната турска империја.  

Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (2) Благодарам(2)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2009 во 18:29
Апсолутно мора едно да е јасно, ова е само појдовна идеја а понатаму модифицирање по сопствено креирање. Што правиме ако 10 души го напишат ова?голема%20насмевка

Борбата против злото, моралното распаѓање на личноста се воид со добро воспитување. Родителите се првите воспитувачИ на своите деца, потоа улогата ја превземаат државните образовни институции. За сирачето, детето без родители ова веднаш го превземаат државните институции, но не со љубов туку од обврска.
    Во романот Големата вода ги согледуваме И разоткриваме душевните преживувања И доживувања на воените сирачиња од втората светска војна. Се запознаваме со претставниците на државата кои на овие сирачиња треба да има дадат слободен живот достоен за човекот. Го гледаме домот за сирачиња кој треба д аим биде семеен дом, татковина, а големата вода слобода. Овие сирачиња прибрани се од полињата, по градините. Донесени се во домот во кој  наликува на зандана. Ги одвојуваат од некој свој кој барем малку ги сака. Лем го одвојуваат од вујко му, кој го сака но неможе да го одгледа во тие тешки повоени години. Му ветува дека чим ќе смогне малку економска моќ ќе го врати во својот дом.  Заминува во домот, каде со својот домски другар ја гледаат Големата вода-сонот за подобро утре, А во домот, се разочаруваат од големиот татенце, управителот на домот Аритон Јаковлески. Непедагошките мерки на овој татко, на другарката Оливера Срезоска, животот во нечистотија , сиромаштија, непедагошките мерки, физичките казни раѓаат омраза заради згазеното чвечко достоинство. Но сонот за големата вода ги носи напред. Сакаат да откраднат дрво И од него да направат Кејтанова мајка . Од неа да  проговори за несреЌното детство без мајка, за детство без детство., но И за еден стар тврдоглав догматичар кој на крајот ја увидел својата грешка. Ги увидел непедагошките мерки спрема децата на кој војната им го одзела најмилото, родителите, љубовта, грижата.Овој борец против фашистите касно ја увидел својата грешка. Сватил дека освен службената должност, на децата не им понудил ништо повеќе. Ги демнеше, ги следеше бараше причина да ги казни овие млади сирачиња.  Зедно со воспитачката Оливера на овие мали сирачиња кои си направија мајка можеа многу д аим дадат. Но не дадо. Само им развија омраза.
    Овие партиски чиновници, овие преставници на државата не успееја воените сирачиња да ги помират со злото, да ги спасат од моралното распаѓање на личноста. Погрешно ги воспитуваа, ги мачеа, казнуваа. А, можеа само со малку љубов да ..,




Изменето од mamamd - 25.Март.2009 во 18:42
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2009 во 18:21
ај мајко мила нерасонета...не допиено кафе ...тага Луѓе...човек од магаре паѓа па малку одмараизненадување
--------------------------------------------------------------------------------------------
Белата долина-Симон Дракул
Разработка преку ликот на Змејко
Можни наслови: Во долината на белата ноќ
Психолошките тегоби на Змејко во долината
Романот "Белата долина" на  Симон Дракул спаѓа во реалистички романи. Во него на многу реалистичен начин ни е опишана повоената стварност. Многу реално ни  е претставена колективизацијата   на нашите села и задругарството на нашите селани. Задругарството било проблем со кој селаните се соочувале, го прифаќале доброволно или под присила. Многу од нив влегувале во задругите, а потоа се разочарувале, се повлекувалево себе. 
Црвенокосиот, со здравје на бог, селанец Змејко е токму таков човек. Сиромашниот селанец, како и многу други пред револуцијата бил принуден да оди на печалба. Ја доживеал судбината на испраќањето, печалбарењето и враќање од печалба без да спечали доволно пари за живот. За време на војната, со надеж за подобар живот по ослободувањето, се вклучил во партизанските одреди. По ослободувањето останал во родното село со надеж дека ќе започне нов, подобар живот. Во неговите мисли се вртела недоверба кон луѓето кои биле на раководни функции. Но и покрај недовербата, се зачленил во задругата, го смешал својот со задружниот имот. Бил поставен за бригадиер на градежната бригада. Со својата чесност бил пример за другите селани кои го следеле и станувале задругари.Конфликтот со претседателот, предвоениот крадец по име Штука,  го тера Змејко да се повлече, да бега од нечесните работи.Се ставил себеси во изолација да се заштити од разновидните деформации и човечки бездушија.Полесно му било да се справи со снежните виулици, крвожедните шумски животни, гладта отколку со  неморалите Претседателот и Језикил. Гласно си зборувал:
     " Па тој мене ме тера да помислам дека сите луѓе од секогаш краделе,...Скоро заборавам дека може да се живее единствено од трудот на своите раце и да се биде мирен и задоволен"
Си зборувал, размислувал за време на  својата едномесечна одисеја во завеаните и безизлезни снежни белини на Белата долина. Гладен, изнемоштен се борел со тврдите и дебели трупци во планината без да се предаде. Во борбата  со глутницата волци, се исплашил од самотијата. Изгубен, физички исцрпен, беспомошен почнал да вика, да рика, да бара помош, излез од самотијата:
"Дај луѓе. Дај ги, па нека крадат ако сакаат. ..
Болниот крик на Змејко ја потврдува човековата немоќ, немоќта на поединецот во борба против превеаните, искалени крадци. Тој крик го искажува поразот на поединецот и разбирањето дека силата е во дрижбата. Само сите заедно, човекот со другите луѓе се моќни да ги победат човечките деформитети. Тој крик го тера да признае дека определувањето на  "линија на помал отпор" не носи решение на проблемите, но и да свати колку е мал човекот пред силите на природата. Проблемот на социјалистичката  преобразба на нашето село и прифаќањето  на  задругарството од селанецот , се претворил во проблем, во човеково неспокојство. Човековото неспокојство довело до повлекување, оттуѓување, бегство, изолација, осаменост и други психолошки состојби.
 Белите ноќи во долината го натерале да се врати назад, меѓу луѓето, заедно со нив да се бори против злото кое се стремело да им ја одземе човенштината
Белата долина-Симон Дракул
Разработка преку ликот на Змејко
Можни наслови: Во долината на белата ноќ
Психолошките тегоби на Змејко во долината
Да се зборува за Симон Дракул и неговата раскажувачка вокација несомнено се зборува за Белата Долина. Во овој реалистичен роман покрај со ликовите се среќаваме со описите на природата, спојот меѓу планината и човекот, но и со македонското село во еден повоен период, кој наликува на навидум стивнат вулкан пред ерупцијата на социјалните, моралниуте и психолошките татнежи. Ова ерупција произлегува колективизацијата   на нашите села и задругарството на нашите селани. Задругарството било проблем со кој селаните се соочувале, го прифаќале доброволно или под присила. Многу од нив влегувале во задругите, а потоа се разочарувале, се повлекувалево себе. 
    Централниот лик Змејко, предвоен печалбар, партизан, па задругар се кршел, се преломувал пред реалноста. Желбата за доброто утре ја гледал во задругата, но не и во луѓето кои ја воделе задругата. Превејаните предвоени крадци Штука и Језикил, сега партиски и задружни раководители му го мателе умот. За Змејко основна работа била  да остане чист, да го зачува својот корен. Неговиот корен бил впиен длабоко во карпестата планина, го крепел својот труд со сета почит кон работата наследена од неговиот дедо Ристан. Неговиот корен растел заедно со судбината на многу негови соселани. Маката заедно ги носела на печалба, ги вратила назад, ги собрала да ја градат слободната земја. Но, како грамадни столбови пред него застанувале луѓе кои во себе носат нешто темно и го урнуваат идеалот за човекот и човечноста. Претседателот и бригадирот Језикил постоеле околу него како бран нечист воздух кој го задушувал. Се плашел да не се зарази од оваа нечистотија. Со целото свое суштество се борел против таа леплива расипаност, пред крадењето на заедничкото.
    " Па тој мене ме тера да помислам дека сите луѓе од секогаш краделе,...Скоро заборавам дека може да се живее единствено од трудот на своите раце и да се биде мирен и задоволен"
Размислувал така, па бега во самотија, во изолација. Го барал својот мир во Белата Долина.  Како испосник и искушеник, сам со својата совест водел митска борба за да дојде до вистината. Белата Долина е амбиент во кој сам и се спротиставува на целата природа, на снежните виулици, таа  наликувала на чистилиште низ кое морал да помине за да може да се врати назад и да се фати со проблемите кои го јадале одвнатре.  Се судрил со мечка, со глутница волци, со рис. Сите тие како да земале по дел од неговата сила. Но спасувањето на малото јаре, враќањето од смртта на тоа беспомошно мало суштество како да му дава сила. Во него се раѓа желбата покрај себе да има човек. Враќајки се кон селото, низ длабокиот снег, по угорнината го здогледал стариот волк изгонет од глутницата. Се препознал себеси, но место да се врати назад во самотијата грабри храбро напред кон луѓето.
Ги напуштил белите ноќи во долината и се вратил назад, меѓу луѓето, заедно со нив да се бори против злото кое се стремело да им ја одземе човенштината. Само заедно се јаки. Само заедно ќе се заштитат од заразата која се шири од нечесните, арамиите.



Изменето од mamamd - 25.Март.2009 во 18:23
Кон врв
ankii Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 30
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ankii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2009 во 18:04
леле Mona Liza и јас ова го најдов...засега имам многу малце напишано еве дел



Григор Прличев е еден од најпознатите поети а воедно и преродбеник кој творел во 19 век. Тој со ниско образование и во тешки услови ги пишувал неговите дела, иако се малку но затоа се безценети.
     Во оваа поема, писателот Григор Прличев го искажува тешкиот и макотрпен живот на Кузман Капидан и неговата мајка Неда. Еден од главните ликови, старата мајка Неда, живее тежок и макотрпен живот. Таа е мајка на еден од најголемите јунаци во тогашна Македонија. Неда, која замислено седи на прагот од куќата и го очекува својот син да се врати од планина. Гегите го носат мртвиот Кузман и се слушаат "пискотници од Галичник во Река". Силната и храбра мајка Неда која нестрпливо го очекува Кузман да се врати и кога ги слуша пискотниците се запрашува што се случило, а веднаш потоа помислува и на најлошото. Четворица Геги го донесуваат мртвото тело на Кузман во куќата, и тензијата на Неда прераснува во меланхолично оплакување на синот. Таа сака да им се одмазди на оние што го убиле, но сепак вели дека сеуште не е момент. Самите Геги кои заедно со разбојникот Махмуд го убиле Кузман, со восхит и почит раскажуваат за неговото јунаштво. Тие и велат на Неда дека везден и да плаче, тој нема да се врати, но сите ќе се сеќаваат на неговите дела. Таа со сиот свој гнев, лутина и жал ќе ги избрка своите соседи за да биде сама со својот храбар и незаборавен син Кузман.

Изменето од ankii - 25.Март.2009 во 18:04
Never be afraid to Dream... Live... Love and Laugh. Be afraid not to!!!
Кон врв
betii Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај betii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2009 во 17:35
    Чорбаџи Теодос        - кратка содржина


Станува збор   за класична комедија на интригата , што ќе ја инсценира итроманот Арсо за да го исмее градскиот угледник, чорбаџи Теодос со тоа што ке го стори цигански кум . Комедијата е составена од три чина . Првиот чин е остварен како експозиција на драмското дејство и се случува во домот на чорбаџи Теодос. Вториот чин го донесува заплетот на интригата на Арсо и се случува на патот кон лозјата   на Водно. Третиот чин ја достасува својата кулминација   и комедиографскиот расплет   со интригата на Арсо . Во експозицијата чорбаџи Теодос се опишува како лик пред кого сите домашни живеат во страв , и кој ќе биде пречка за бракот помеѓу неговиот син Томче и самарџиската ќерка Стојанка ( бидејќи на девојката и видел кал под ноктите ) . Токму тука се открива господска напернатост   во однос на
    помалите   луѓе од него. Тој исто така е опседнат со помислата дека н екој или нешто може да го сивалка него или дел од неговата облека . Токму затоа , авторот   во третиот чин , под стапица на интрига на Арсо и народните обичаји, го претставува чорбаџи Теодос одеднаш наспроти својата волја и притиснат од народните обичаји да биде цогански кум во семејството на Циганот Поцко. Како што се обичајите , првиот што ќе ги пресретне циганите излезени на патот со бебето во раце - тој ќе биде кумот , а Арсо и семејството се договориле тоа да биде чорбаџи Теодос . Арсо го доведува комедиографскиот расплет и го ослободува чорбаџи Теодос од обврската на кум. Кумството го презема неговиот син Томче , а за возврат добива благослов од татка си да ја побара Стојанка за жена . Исто така и итроманот Арсо е ослободен од својот долг кон чорбаџи Теодос .
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2009 во 11:58
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

 

Мислам дека токму овде е моментот да го искажам мојот став околу мотивот на К. Миладинов за пишување на неговата песна Т’га за југ.
Дали под „југ“ тој навистина мислел, копнеел по неговиот роден крај, за неговата татковина Македонија? Иако тој чезнее за Стамбол (кој не е во МК) за Кукуш, за Струга, за Охрид, за езерото ... сепак, ако секој внимателно ги прочита стиховите од втората строфа, би рекол дека тоа не е случај. Тој не чезнее за Македонија од некакви патриотски, родољубни побуди, туку едноставно сакал да оди некаде каде има светлина, каде Сонцето грее, каде има ѕвезди ... а дали е тоа Македонија или друга земја - не е важно, тој „на п’т далечен ќе се стегне, и в други страни ќе си побегне“...



[/QUOTE]
Миладинов преку компарации се надева дека во својата земја се надева дека сонцето ќе свети (дека ја огреала слободата) но ако пак мрачно с`нцето свети (значи ако продолшува тиранијата од оние од кој побегнал и од кој народот страдал) тој пак на пат далечен ќе замине некаде каде има слобода. Јасно е дека Миладинов преку описите на временските непогоди пишува за неговите згаснати надежи за помош од оние во кои се надевал, каде дошол да му помогнат да го издаде зборникот и каде требало македонскиот јазик да биде признат како посебен јазик. А заминувањето во Стамбол  е со една единствена цел, во Стамбол се кроела судбината, ферманите добиени од таму значеле слобода или паѓање во зандани. Жалосно е што во желба за негирање на македонската нација се инсинуира (само заради неговото влашко потекло по мајка)  предавство,  шпиунска дејност. Обидите се смешни и безуспешни бидејки неговата поезија е патоказ по кој се трасирала поезијата на сите понатамошни македонски дејци како Рацин, Неделковски и многу други.
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2009 во 09:04
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

...  Во копнежот по родниот крај, по идиличната среќа во минатото, неоднесено од горчливите прашања во секојдневниот живот, се раѓа најсилната и најубава песна  Тга за југ. Читајки ја се чувствува силниот копнеж по родниот крај, во земјата во која сонцето светло грее, каде небото звезди посева. Ги бара орелските крилја, да ги вметне и да летне далеку од руската ладна зима.Со јаки компарации ја дочарува саканата татковина и таа добива натприродна светлина и убавина. Јарките бои на топлината му се движат пред очите и го греат во суровата московска средина...

Мислам дека токму овде е моментот да го искажам мојот став околу мотивот на К. Миладинов за пишување на неговата песна Т’га за југ.
Дали под „југ“ тој навистина мислел, копнеел по неговиот роден крај, за неговата татковина Македонија? Иако тој чезнее за Стамбол (кој не е во МК) за Кукуш, за Струга, за Охрид, за езерото ... сепак, ако секој внимателно ги прочита стиховите од втората строфа, би рекол дека тоа не е случај. Тој не чезнее за Македонија од некакви патриотски, родољубни побуди, туку едноставно сакал да оди некаде каде има светлина, каде Сонцето грее, каде има ѕвезди ... а дали е тоа Македонија или друга земја - не е важно, тој „на п’т далечен ќе се стегне, и в други страни ќе си побегне“...
Т'ГА ЗА ЈУГ

Орелски крилја как' да си метнех,
И в наши ст'рни да си прелетнех!
На наши места ја да си идам,
Да видам Стамбол, Кукуш да видам,
Да видам дали с'нце и тамо
Мрачно угревјат, како и вамо.

Ако как' овде с'нце ме стретит,
Ако пак мрачно с'нцето светит;
На пат далечни ја ќе се стегнам,
И в други ст'рни ќе си побегнам,
К'де с'нцето светло угревјат,
К'де небото ѕвезди посевјат.

Овде је мрачно, и мрак м'обвиват,
И темна м'гла земја покриват ;
Мразој и снегој и пепелници,
Силни ветришча и вијулици,
Околу м'гли и мразој земни,
А в гр'ди студој и мисли темни.

Не, ја не можам овде да седам,
Не, ја не можам мразој да гледам!
Дајте ми крилја ја да си метнам
И в наши ст'рни да си прелетнам;
На наши места ја да си идам,
Да видам Охрид, Струга да видам.

Тамо зората греит душата,
И с'нце светло зајдвит в гората ;
Тамо дарбите природна сила
Со с'та раскош ги растурила:
Бистро езеро гледаш белеит,
Или од ветар синотемнеит;
Поле погледниш или планина,
Сегде божева је хубавина.

Тамо по срце в кавал да свирам,
С'нце да зајдвит, ја да умирам.



Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2009 во 20:18
Пробај нешто и од оваголема%20насмевка
Константин Миладинов
Младоста не секогаш се помирува со животните вистини и во тоа е нејзината сила. Таа  им дава сила на поетите за полет, за инспирација, за верба во иднината. Таа им овозможува да се ослободат од црните мисли кои им тежат, кои ги мачат и кои понекогаш им ја затемнуваат светлината на животот. Во таква душевна состојба , во копнеж по идилична среќа се раѓаат песните. Со таква младелешка полет, но и обземен со црни мисли далеку во далечната Русија бил и нашиот Константин Миладинов кога ги напишал најубавите бисери на македонската поезија и на литературата воопшто.
За да се зборува подвоено за Константин Миладинов е многу тешко бидејки целокупниот негов развој и неговата творечка активност е поврзана со неговиот брат Димитар. Димитар му бил учител, му помогнал да ја заврши гимназијата во Јанина, му го отстапил своето учителско место во селото Магарево, го вовел во творечката дејност. Читајки ги и редактирајки ги народните умотворби кој неговиот неуморен брат ги собирал, Константин    ги впил во себе и во себе  развил неисцрпна љубов кон поезијата. Константин Миладинов несомнено е првиот вистински уметнички поет на Македонија. Поаѓајки од фактот дека првите стихови во македонската литература се напишани на народен јазик и имаат историско значење, стиховите на Константин Миладинов се први кои во себе содржат и уметничко значење. По угледот на народната, тој успеал да создаде таква поезија, оригинална по дух, современа по тематика и издржана по форма и да и даде трајна вредност.  Како што спомнав,  своите први песни ги напишал далеку од саканата татковина, во туѓина каде се чувствувал осамен, тажен и туѓ и во  нив ја опеал токму тагата за својата земја.  Таму, далеку во суровата, намрштена северна природа во  него се буди копнеж кон сончевите и светли јужни предели. Будниот поетски дух, во ноките кога се живо  спие, потонува во спомените од детството, во прошетките со врсниците  на месечина покрај езерото, на младешката љубов, го пишува тоа со болен извик да го чујат, да го разберат, да не го заборават.
 Иако не се многубројни неговите песни се звучни, јаки со сета силина на чиста лирика. Прераната смрт ја прекратила младешката бујност. Сепак во 15 стихотворби кои ги оставил зад себе можеме да ги доживееме длабочините на  чувства кои го обземаа поетот.  Една од  основни теми во неговата поезија е тагата по родината. Но, пишувал и за љубовната опијанетост,    убавината што ја носи во себе младешката љубов. Се обраќа со реторички прашања саканата Бисера да не го покрива вратот со бисери, бидејки тој несака да бакнува бисери туку белото убаво грло .  Во копнежот по родниот крај, по идиличната среќа во минатото, неоднесено од горчливите прашања во секојдневниот живот, се раѓа најсилната и најубава песна  Тга за југ. Читајки ја се чувствува силниот копнеж по родниот крај, во земјата во која сонцето светло грее, каде небото звезди посева. Ги бара орелските крилја, да ги вметне и да летне далеку од руската ладна зима.Со јаки компарации ја дочарува саканата татковина и таа добива натприродна светлина и убавина. Јарките бои на топлината му се движат пред очите и го греат во суровата московска средина.
За жал поетот не успеал да се израдува на светлата зора, бистрите води езерски, боженствената хубавина. Не го дочекал враќањето во светот на родното огниште во кое владее душевен мир и спокојство.  Мрачните цариградски зандани беа  нештата што поетот ги гледал во последните денови од животот. Не дочекал таму со кавал да свири, сонцето да зајдвит, тој да умира. Умрел во студените и темни зандани.



Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2009 во 20:17
Ајде уште овие...и за денеска достаголема%20насмевка
Црно семе- Ликот на Доне

    Барањето на  сопствениот  идентитет и крвавата борба за национално и човечко обезличување,  е изразна тематика и филозофска мисла во многу романи од минатото. И денеска,  ние сеуште  се бориме против отуѓувањето на човекот од неговиот национален идентитет како најжесток и најбрутален атак врз човечката личност воопшто. Човекот без идентитет всушност е подложен на ментално и психолошко разорување, на национално и социјално понижување како и на најмонструозна асимилација.
    Романсиерот Ташко Георгиевски со своето целокупно раскажувачко и романсиерско дело посебно во неговиот роман "Црно семе" ни дава едно потресно сведоштво за насилството, тоа ужасно средство што го создал разулавениот човечки ум, за да  обесчести, обесчовечи и обезличи друг човек само за да му го оспори  идентитетот.  Трагичната одисеја на егејските Македонци по граѓанската војна во Грција е трагичен од до пеколот. "Егеецот" е човек искорнат од својата земја, од својот национален и културен идентитет, од својот сопствен живот и фрлен во бескрајна празнина, во безмерна пустош. Одземена му е соптвенета егзистенција и фрлен како црно семе да 'рти во бездомност, во туѓина, во јабана, во лелек, крик и плач по родното огниште.  Монархистичкиот режим одвојува една "сомнителна " група војници на грчката армија, кои ги смета за комунисти и Македонци, обидувајки се од нив да изнуди признание дека се откажуваат од комунизмот и од својот национален идентитет. Бидејки тие одбиваат ги водат на еден пуст егејски остров, на едно ужасно мачилиште да ги скршат и да ги претворат во лојални поданици на кралот на Грција.
 Неколку офицери, подофицери и војници, своевидни садисти и манијаци, служејки се со монструозни методи на измачување сакаат да ја разорат нивната душа и нивниот ум. Во средина каде се одвива агонијата на човечката деградација, Георгиевски успева да оствари едно човечко трење, неможното да го направи можно.
 Страдалниците на овој роман во вителот на човечкото страдање, во пеколот на ужасниот масакар, се креваат во отпор кон злото, покажувајки големо човечко достоинство бранејки го својот идентитет. Се издигаат неколку впечатливи ликови: Доне,Христо, Марко, Нико и многу други низ кои авторот открива дека човечкото достоинство не може да го скршат никакви насилства, страданија. Доне е војник на кралската војска кој треба да потпиеше изјава дека му е лојален на кралот. Кога тој одбива е прогласен за виновен. Тогаш почнуваат неговите маки И страданија. Подложен е нна разни страданија И  го тераат да потпиеше изјава дека не е  комунист И Македонец. Доне , овој простодушен горд македонски селанец сфаќа дека со својот непокор го продолжува својот идентитет. Знае дека ако како Марко ја потпиеше изјавата ќе биде предавник. Знае дека ништо неможе да го испере срамот на човечкото морално паѓање кога ќе се предаде својата земја, бидејки со тоа се предаваат и сите идни поколенија. За него човекот треба да остане свој, да не си ја расипе душата, да не го потпиеше признанието на предавството, на откажувањето од своето. Смета дека треба стоички да издржИ, да не го обземе чувство на страв.  Несака да размислува за стравот дека нема да се врати во родното село, дека ќе ги остави коските на овој пуст остров. Напротив  се искалува, се челичИ, националноста негова го прави да биде појак, да не ги осудува оние послабите кои попуштаат, кој потпиешуваат изјави.
    Основниот судир кај Георгиевски се крева на ниво на судир меѓу доброто и злото, насилството и отпорот, љубовта и омразата, храброста и страшливоста, подлоста и херојството, темната и светлата страна на животот. Романот "Црно семе" преставува безвременски патоказ на возвишен отпор кон силите на злото, кон силите што се стремат да го понижат човекот кој се бори да го сочува и одбрани својот изворен, национален и човечки идентитет. Овој безвремен патоказ го прави Доне лик кој треба да биде пример, кој треба да се памети И следи. 


Ликот на Велика

Како што троскотната трева пиреј е истрајна, неуништива И издржлива, така е истрајна, издржлива И неуништива македонската жена.Пирејот е троскот кој колку сакаш можеш да го кубиш, корнеш, но неможеш да го уништиш. Тој чим ја допре земјата пак се фаќа, оживува, потерува. Ништо не ја ништи тааа трева.
    Во романонот Пиреј, Петре М. Андреевски македонската жена ја споредил токму со пирејот. Оваа жена не се ништи, не се истребува. Таа после сите страдања И маки повторно оживува, потерува, раѓа. Таа е мајка која како Велика истрајува пред силите што сакаат да ја искорнат рожбата што таа јар аѓа, чува, се гижИ за неа, ја сака. Судбината на оваа жена е лична, семејна но И колективна.Велика, селска девојка со голема морална чистота, патријархално воспитана, сериозна И работлива, издржлива личност која не умее или несака своите емоциии да ги разоткрие, да ги покаже пред другите.Како И секоја девојка од тоа време ја крие својата заљубеност И се мажИ со стројници. Се заљубува во убавиот И стоен Јон, се мажИ за него И како млада родилка го испраќа на фронт. Останува со своите пет дечиња сама, без заштита. Како типична македонска мајка се грижИ за нив, се справува со сите маки ипроблеми. Го носи товарот на плеки го живее македонското воено секојдневие. Ја живее стварноста на туѓата војна на македонското тло. Се мачИ, страда но не офка не се жали. Можеби затоа животот ја казнува. И умираат сите пет деца. Ги закопува во со крв натопена земја. Едно сабајле, едно навечер. Болката по умрената рожба И ја кине утробата, ја исполнува со неизмерна болка, тага. Маченичките доживувања ги живее во исчекување на мажот. Се надева дека барем тој ќе се врати жив, ќе ја утешИ, ќе ја сподели болката со неа. Но од фронтот се враќа пијаница, човек кој ја тепа И понижува пред сите. Човек кој се измачува од доживувањата во туѓата војна. Човек кој се јади заради страдањата што ги видел. Бесот на немоќта го истура врз Велика. Нејзината болка се наталожува, зголемува. Умира И тој кој толку долго го чекаше да се врати.
    И на крајот на тунелот бликнува светлината на иднината. Во нејзината утроба расте посмртчето на Јон. Го раѓа своето шесто дете Роден. Јар аѓа својат а светла перспектива во сета мачна И темна трагика на животот. Оваа издржлива, неуништива жена со издржливо срце ја доживува повторната среќа. Жената со длабоки мајчински чувства, трагичн пресврти во личната И семејната среќа, како пирејот пак се фаќа, потерува, оживуваа. Станува неуништива. Смогнува сили, го совладува очајот, ја разбира смислата на опстојувањето, ја разбира иднината. Тргнува во живот, во нова иднина заедно со својот Роден.







Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2009 во 20:13
По овој принцип лесно се средуваат поетските творбинамигнување
Поетскиот збор на Кочо Рацин - Елегии за тебе
    Коста  Солев Рацин е роден во Велес  во сиромашно грнчарско семејство.Во родниот град го завршил основното образование. Поради  сиромаштијата на неговото семејство бил принуден да го прекине гимназиското образование  и да седне покрај грнчарското колце. Ноќе на светлото на свеќата читал и пишувал песни. Во својата поезија  пишува со силна врската меѓу социјалното зло и борбата за подобро иднина, а и за печалбарството. Народната поезија му била првата и главна литературна учителка. На народен јазик и  со велешки говор Кочо Рацин создаде песни кои оставија длабока трага . Најпозната е неговата стихозбирка “Бели мугри”. Посебно место во оваа стихозбирка е најпознатата  песна  “Елегии за тебе” . Во оваа песна доаѓа до израз јазикот на македонската народна поезија но и јазикот на уметничката поезија. Во композициски поглед е најсложена песна , додека во јазично-стилска   е најубава и најбогата. “Елегии за тебе”  е  напишана во дијалошка форма. Кочо Рацин  низ  шест песни води дијалог со гората, зората, водата, тешката судбина наработникот и со непријателот. Во песната има многу  епитети како што се: гора зелена, буки високи, сенки широки, вода студена. Во првата, песна е испеана довербата во гората низ  која шета и низ која се криеле многу јунаци.
Вчера си појдов, наминав
низ таја гора зеленаа!.
под тија буки високи
по ќилим сенки широки..
 Во втората песна поетот низ разговорот со зората се обраќа до поробителите:
Ископајте длабок бунар
извадете ладна вода
натопете лути рани
да не горат, да не болат!
Низ разговорот со водата во третата песна поетот го истакнува протестот против тешкиот и нечовечен живот:
Тече од векот вековит
и нова и се нова по нова,
тече, а тука маките
се стари и се постари...
Во четвртата песна пее за тешкиот живот на пролетерјатот:
Та човек од човек
да страда и тегне
и бега
од лулка  до гроб!
Петтата песна е продолжение на четвртата   и во  дирекно се обраќа до работникот и му вели:
Ти да знаеш, паметуваш
и ем да син а ум имаш-
работник си- и работник
ти паѓаш и се дигаш.
 Во шестата песна е даден контрастот на темнината и светлината, ропството и слободата.
Угаснете и светлини!
Мрак да биде- каракамен.
Коста  Солев Рацин, го положил својот млад живот за татковината.  Тој е поет, но и борец кој се борел  со оружје и со перото во рака. Со појавата на неговата стихозбирка “Бели мугри” се разбудија белите мугри на слободата.Им го отвори патот на сите идни поети. Со него почна развојот на македонската литература кој  остана до ден денес.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 109110111112113>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,313 секунди.