|
Писмени состави,семинарски... |
Внеси реплика | страница <1 6869707172 113> |
Автор | |
Belata Ciganka
Нов член Регистриран: 15.Декември.2012 Статус: Офлајн Поени: 37 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
за GOXKSI123:
за овој наслов... 2.Zboram za edna zadocneta vistina гледав една серија на МТВ- на анг се вика SUPERNATURAL...не ми текнува која епизода беше.. ама тие се двајца браќа..и истражуваат паранормални работи...и ќе одат во едно гратче...каде што има во водата дух од дете којшто ги дави луѓето...потоа дознаваат дека тоа дете е убиено уште пред 15-ина год од страна на неговите двајца другари, од кој едниот е полицаец....и на крај тој полицаецот сам ќе се фрли во езерото кај шо беше духот..и така ке се смири ситација...е сега малце морничаво е ама може да послужи како идеја...немора да е убиство мн е страшно ама измисли нешто слично...позз :D пошто тие никому не кажале само му го фрлиле телото во езерото...и нели изгледа како задоцнета вистина...малце помош :P |
|
„Добрите луѓе завршуваат лошо во животот, а лошите завршуваат уште подобро“.
|
|
lilinini
Нов член Регистриран: 21.Март.2013 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
pravam pismena makedonski na tema zoshto da ne usrekjam,utesham,pomognam?
neznam shto da napisham neam inspiracija ako moze malce barem neshto da napishete plss |
|
marko_kasas
Нов член Регистриран: 19.Март.2013 Статус: Офлајн Поени: 4 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
фала многу
|
|
Goko 17
Нов член Регистриран: 14.Март.2013 Статус: Офлајн Поени: 7 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ми треба прозен текст на која било тема но да не е објавен по интернетиве да не има некој за забава да ми напиши... поззззз
|
|
imini
Нов член Регистриран: 23.Март.2013 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ми треба Повикот на дивината раскажана, итно ми е
|
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Абе имам триесет и кусур години...Книгава значи сум ја прочитал
некаде на твои години.И кога и да видам куче мислам се потсеќам на оваа приказна...Ми оставила значи некој впечаток.Сигурно и влијаела во изградувањето на мојот карактер...И сето тоа ти сакаш да го фрлиш за само некоја оценка која во животот ништо нема да ти донесе. Седни прочитај ја можеш и во еден ден,па верувај ќе има што да раскажеш |
|
Mitka0602
Нов член Регистриран: 24.Март.2013 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ми треба состав за „Оптимизам и што значи тоа“ , за „Човек“ , но што значи да си човек во права смисла или пак за „Екологија“. Ве молам ако може некој да напише за еден од овие наслови.
Ви благодарам однапред |
|
Марчуу
Нов член Регистриран: 24.Март.2013 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ми треба есеј на тема Сличности и разлики меѓу древните литератури
или пак само на тема “Древни литератури“ ве моламм SIZE=4 |
|
Belata Ciganka
Нов член Регистриран: 15.Декември.2012 Статус: Офлајн Поени: 37 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За МАРЧУУ:
да ти дадам идеја, сигурно имаш ти книга каде што има податоци за древниве литератури, почни со убав вовед мора да има нешто и на википедија и потоа спореди..пример кинеска литература со грчка или сумерска...наброј што е слично, а што различно скоцкај го тоа на убав начин. Позз |
|
„Добрите луѓе завршуваат лошо во животот, а лошите завршуваат уште подобро“.
|
|
Belata Ciganka
Нов член Регистриран: 15.Декември.2012 Статус: Офлајн Поени: 37 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ми треба
анализа на ликовите во тартиф ако има некој податок во врска со ова нека постира, фала мн однапред |
|
„Добрите луѓе завршуваат лошо во животот, а лошите завршуваат уште подобро“.
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Se nadevam kje iskoristish neshto:) Ликови во Тартиф Во ликот на Тартиф Молиер создал типичен лик на лицемер. Тој е измамник скриен зад свештеничката наметка, кој на многу перфиден начин ги искористува слабостите на другите луѓе. Својата подлост многу добро ја маскира. Тој секоја лага и злодело ги прикрива со вишите цели, односно со црквата и Господ. Кога Оргон го брка сина си од дома, тој тоа дело го смета за полезно за црквата, кога му го дава имотот - го прифаќа од страв да не падне во лоши раце. Но, за да го задржи имотот, оди и го шпионира кај власта дека Оргон има тајни документи. Од богомолец тој лесно се престорува во шпион. Сепак, најнегативните особини на Тартиф се гледаат при заведувањето на Елмира - развратен, сладострастен, ненаситен, дволичен, алчен, неверник, омаловажувач на вербата во Бога, па и на самиот Бог. Неговите страсти ги става пред се. Преку ликот на Тартиф, Молиер насликал типичен лик на неговата епоха, кој подоцна станува синоним на лицемерство и лажна набожност. Оргон е богат, лековерен набожник. Неговата заслепеност се граничи со глупост. Тој не е во состојба да го препознае лицемерното пријателство и потпаѓа под влијанието на Тартиф. Тој оди до таму во својата наивност што е подготвен за некој новодојденец да се откаже од сопственото семејство. Го дава имотот, го брка синот, ја дава ќерка си на Тартиф - до каде ли треба да оди неговата глупавост и наивност? Тој мора да слушне со свои уши и да види со свои очи дека е измамен, бидејќи не им верува на своите блиски, туку му верува на лажливиот туѓинец. Госпоѓата Пернел е слична на својот син. Тие двајцата се на истата страна - го заштитуваат лицемерот толку слепо и фанатички и затоа се носители на смешното во драмата. Таа е религиозно заслепена, против земните уживања и смета дека сите што не мислат како неа - грешат. Па, дури е навредена од туѓото поинакво мислење и затоа демонстративно ја напушта куќата. Останатите ликови се спротивни на Оргон и мајка му. Тие се позитивни ликови, кои со здрав разум успеале да се ослободат од религиозното чувство и да ги согледаат вистинските намери на Тартиф. Елмира е добра сопруга, мајка и снаа, која сака да помогне во разобличувањето на Тартиф. Таа сака да ја одбрани својата чест и да го разубеди заслепениот сопруг, па затоа божем го заведува Тартиф. Дамис е чесен и искрен и се обидува отворено да му каже на татка си дека е заведен. Дорина е посебно изграден лик преку кој се претставени широките народни маси и нивните позитивни особини: доброта, умност, трезвеност, здрав разум и критички став. Таа е многу интелигентна и веднаш ги сфаќа намерите на Тартиф. Иако е слугинка, таа јасно, преку лесен хумор ги изнесува своите ставови. Целосно му е предадена на семејството и секогаш е тука за да помогне да се разрешат конфликтите. Особено ја поддржува Маријана, којa е премногу мирна и покорна, и и помага да му се спротистави на татко и и да се избори за својата љубов. Изменето од Valerija - 25.Март.2013 во 18:18 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Belata Ciganka
Нов член Регистриран: 15.Декември.2012 Статус: Офлајн Поени: 37 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Фала многу валерија, ќе ми биде од помош..позз!
|
|
„Добрите луѓе завршуваат лошо во животот, а лошите завршуваат уште подобро“.
|
|
martin4o627
Нов член Регистриран: 25.Март.2013 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Луѓе што е можно побргу ве молам ако сакате состав за писмена по Македонски на темa
Јордан Хаџи Константинов - Џинот - Преродбеник во македонската култура (за него немам тотално ништо) Значи побарано ми е да се пишува за животот и делата, а помалку биографски податоци но сепак да има, Благодарам однапред! Изменето од martin4o627 - 25.Март.2013 во 23:24 |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Jордан Хаџи Константинов Џинот Труд ми е името Најсилно од сé човекот ја сака слободата и силно се бори против непријателот кој посега по неа. Борбата против поробителот е борба против неправдата во секаква форма. Немирниот и бунтовен дух не може да трпи неправда врз себе и врз својот народ. Таков борец со немирен и бунтовнички дух бил и основоположникот на македонската драмска литература, народниот просветител и филозоф Јордан Хаџи Константинов Џинот. Роден е во 1821 година во Велес во семејството на клисарот на црквата Св. Спас каде и завршил келијно училиште. На 15 години бил испратен во Самоков да го продолжи школувањето, а потоа во Солун каде го изучувал грчкиот јазик и најновите наставни методи кои подоцна ќе ги применува во својата учителска работа. По завршувањето на школувањето ја започнал својата плодна просветителска дејност, најпрво во Велес, а потоа во Скопје и Прилеп. Заради своите заложби за воведување на народниот јазик во училиштата се судрил со владиците и бил принуден да замине на Света гора, Химос и Патмос. Наклеветен од битолскиот и велешкиот владика бил протеран во заточение во Мала Азија. По долги години во прогонство се вратил во родниот Велес каде се зафатил со просветителска дејност, но и со преводи на античката грчка книжевност. За потребите на училиштата и осовременување на наставата ја превел Доситеевата Ижица, а го напишал и првиот буквар наречен Таблица перваја Како автор на првите драмски текстови ги поставил темелите на македонската драмска литература. Тој е основач и на првата драмска дружина, составена претежно од неговите ученици. Оваа драмска дружина изведувала драмски изведби на народни приказни, како и драми напишани од Џинот. Покрај ова Џинот се занимавал и со пишување поезија. Иако неговата поезија нема никаква уметничка вредност и во основа е рационална , студена и без никакви поетски чувства значајна е по тоа што преку нејзе Џинот подучувал, воспитувал, а неговите песни се првите публикувани песни на македонски јазик. Една од нјпознатите песни на Џинот е песната Труд ми е името. Основен мотив во оваа песна е размислувањето за човечките добродетели: мудроста, љубовта и трудот. Ова поучна песна без уметнички квалитети, но со воспитна улога е составена од 10 катрени. Содржински може да се подели на три целини. Во првата, во која влегуваат првите пет строфи Џинот настојува да им даде сликовита форма на поимите: мудрост, љубов и труд, претставувајки ги како убави девојки кои пеат и свират на флејта. Во наредните три строфи кои ја сочинуваат втората целина Џинот го искажува својот став кон мудроста, љубовта и трудот, нагласувајки дека ги сака сите, но кога би морал да бира би го одбрал трудот. Во последните две строфи ја искажува користа од трудот. Џинот е човекот кој во мрачниот 19 век ги палеше светли огнови на сенародното просветување, го штитеше народот од туѓата асимилација и ги кршеше камењата на цврстата и заостаната турска империја. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1 6869707172 113> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |