IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Македонци ширум светот
  Активни теми Активни теми RSS - Австралија или Канада да се оди?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Австралија или Канада да се оди?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 27>
Автор
Порака
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2012 во 05:10
Па сега плазење
Мала шала на сериозна тема не е на одмет .. нелиголема насмевка

Меси, не значи дека тој што е способен таму некаде ќе биде способен и во Македонија. Токму тоа е и проблемот... Во МК најчесто немаат луѓето можност да се докажат во што се добри, па остануваат во сенка на тие што на некој начин испливале на површината...

Но "таму некаде" ги ценат поради своите квалитети, затоа и не треба да не чуди што има успешни македонци. Иако се ретки..
Но не треба па и да создаваме лажна слика дека сите се како Луи и Мајк .. и ред други... затоа што не се. Всушност го пишав тоа што го пишав за нив, кажав поради што... Дури и таму некаде колку и да ги третираат сите еднакво, голема предност даваат на дипломците од .. таму некаде... 
Како и да е, Австралија, Канада, Германија или на некое друго место, не е ни важно. Каде што му е убаво на човек таму се чувствува како дома...Без разлика колку заработува и што работи.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
Polar Bear Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Декември.2007
Локација: Канада
Статус: Офлајн
Поени: 1152
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polar Bear Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2012 во 16:36

Пак ќе бидам болка во органот за храброст. Македонците - посебно во МК прават филмчиња дека ако не си како Мајк, ти си неуспешен. Прашање е колку и тој е успешен, каде отиде, компаниите си ебаа мамата. Не мора да те пишува во весници за да бидеш успешен. Има стотици и илјадници луѓе на високи професионални позиции. Само јас познавам десетина професори на универзитет, пет-шест вајс президенти и директори, двајца претседатели, да не зборам за забари, лекари и адвокати со приватна пракса. Да не зборувам за инженери и други професионалци. Треба да раскопам малку по интернет, но се ми се чини дека процентуално и во просек доселениците стојат многу подобро од просекот на домашните. Затоа што сме пробрани.

Можам да ви потврдам од  лично искуство дека дипломците вон Канада не се третираат пониско од оние кои завршиле на некој од домашните универзитети. И ако постои двојба, таа е поврзана со првото вработување. Имам буквално донесено и вработено десетици од Индија, Тајланд, Блиски Исток, Јужна Африка... Знам неколку наши кои не можат да најдат работа во струка и се правдаат на дискриминација - во суштина проблемот е во нивната несигурност во тоа што го знаат и можат.
 
ПС. Органот за храброст е идентичен со органот за седење.
 
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2012 во 16:51
uuaaaauuuu!!!изненадување

...znachi da ne bea avstralija ili kanada,

...definitivno ke umrel forumov !

...tolku zivot na nego nemalo kojznae od koga .намигнување
=================================================================================================
...inache,...nemam namera da  (pro)chitam se shto  bilo isprateno tuka vo megjuvreme,

...tuku samo da kazam deka mene ne mi beshe zborot kako tamu ke zivee   nekoj od tuka (taze) izbegan makedonec,

...tuku, ednostavno...mislev ushte od pochetok na temava  za toa ,
....koj podobro zivee i kako zivee vo svojata domorodna zemja!

...a ne tuka , da  maftate so 000 000 sumi $,изненадување

 ...koi mu se potrebni na nekoj od tuka , za da uspeel tamu...a osobeno da si stavel i sopstven krov nad glavata.

...a be,...kolku i da koshta neshto tamu,..kolku i da e skapo,..sepak tamoshniot luksuz tuka ne mozesh da go zarabotish ni za.....3 zivoti !

...a be ,koga jas bi imal nekolku stotini iljadi evra tuka, ( kako shto nekoj spomna deka nekoj od tuka odnel)...ne bi ni pomisluval da odam trajno  od...tuka !

...kako i da e,..ednash vekje kazav:

...daj mu na ciganin od shutka trosoben komforen stan nekade vo  aerodrom  ili bilo kade,

...i najverojatno,..nostalgichnata ''zichka'' ke go vleche ciganinot kon ...rodnata sh(gr)utka !

...i siguren sum  i deka denot  ke go pominuva isto kako i pred da go dobil stanot,...t.e vo shutka,..megju svoite...ili pak ...po ulicite...

..taka i makedoncive ,...u globala.
..kaj porasnale ,..tamu im e najubavo,...pa, ne znam vo kakva beda da ziveat.

...i kaj i da otidat , otkako ke zarabotat ''nekoj'' $ vo bednite ....amerika , australija , kanada,...nov zeland..za ''propadnatata'' evropa i da ne  spomnuvam,

...doagjaat kako  slonovite  ...da  si umrat na svoite....grobishta!
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2012 во 16:56
Ова сега ќе се надмудруваме кој е ... поуспешензамисленост
Вајс презитенти, директори, забари, лекари...дрн дрн

Се крстат сите на еqual opportunity employer .... ако го најдат... иако сите се такви на запад, ретко кој е таков позади маската... па затоа и не ретко се чита по весници дека им досудиле некое милионче да платат поради дискриминација...

Имав прилика да зборам со еден сопственик на студио за графички и веб дизајн, ми нудеше работа човекот...пред тоа имав нешто сработено за нив па да ми дадел шанса... 
Ми вика .. го гледаш оној италијанецот? Го гледам, зошто? Е тој сакам да го фрлам од Empire state building. Кај нема завршено на некој добар универзитет тука, кај има таков глуп акцент, па уште и морав да го вработам...ми требаше некој што знае италијански, а овој ми дојде како порачан.
Не, не е точно дека сите дипломи исто ги ценат. Немојте да замачкувате очи како тоа таму сите се еднакви...па да посака човек да му ја летне одма. 
Напротив, има премногу дискриминација. Секаде е исто. Дури работат и за помали плати.


Изменето од BellaGrandma - 28.Јуни.2012 во 16:57
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
Polar Bear Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Декември.2007
Локација: Канада
Статус: Офлајн
Поени: 1152
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polar Bear Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2012 во 20:24
Originally posted by brza brza напиша:

uuaaaauuuu!!!изненадување

....................................
 
 
Yahooooooooo! Брза ис бек! да
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2012 во 20:39
..e paaa,...kako ono vikaa:

...PM sweet...PM намигнување
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2012 во 02:18
@Поларна мечка,

Гледам дека убаво си се вклопил во средината и го имаш прифатено тамошниот вредносен систем по парашање на нечива сопосбност да најде вработување во сопствената професија. Значи секој еден таков самиот си е виновен за состојбата во која се наоѓа и никој друг.

Види, јас тоа мислење не го делам. Причините за тоа зошто некој се наоѓа во таква ситуација се многу покомплексни одколку нафрлување само на симплистички, нео конзерватинви размислувања. Со префлување на вината врз таквите индивудуалци, некој си ги пере рацете за објективните состојби во земјата, воопшто системот, економијата.....односно грешките направени било на ниво на органзиација, било на ниво на државна админстрација.

Јас би рекол дека 70% од вината се субјективни додека 30% објективни причини. Самодовербата, нискиот морал, страв од непознатото, недоволното познавање на јазикот, непознавање како воопшто функционира системот, како да се аплицира, како да се однесува на интервју за вработување, како да се продадеш...се субјективни, додека објективни се состојбите во економијата, предрасудите по однос на квалификации, верска, расна припадност, сексуалната ориентација, стапката на вработеност, односно невработеност, конкурецијата, коњуктурата во рамките на една професија, регулативите односно неопходната акредитација по прашање на прифатливоста на одередни професии......

Сите тие професори, вајс президенти, директори, лекари, забари се иселеници кои дошле во Канада со оформено образование во Македонија и 100% познавање на англискиот јазик? Мора Канада да го има пробрано најдоброто од Македонија!

Двојба по однос на квлаификациите имало и ќе има и тоа не само дали некој истите ги има стекнато надвор од Канада, туку и каде ги стекнал внатре, во самата Канада. Осбено тоа е важно при првото вработување, а и од состојбите на пазарот за вработување. Ако нема доволно кадри, тогаш е дај што ќе дадеш, во спротивно кртиериумите се пооштруваат. Капиталот во основа не познава рестрикции, па ако смета дека нема доволно кавлаитетн кадар, тогаш ќе го бара онаму каде што може да го најде, притоа неограничувајќи се на државните граници.

Протекционизам има, предрасудите во однос на различност по секој основ се дел од животот без разлика што во прекуокеанските земји некој се обидува тоа законски да го регулира и санкционира. Луѓето свесни за овие анти дискриминаторни акти и консеквенците од кршењето на истите, принудени се да оперираат на подруго рамниште. Во секој случај предрасудите не се сузбиени дури и во највисоките државни иституции, кои самите се носители на оваа регулатива. Неспорно е дека со се поголемото мешање и примена на ваквата регулатива, толеранцијата на разликите станува дел од секојдневанта пракса. Верувам дека овие акти на долг временски период ќе покажат уште позавидни резултати.

Иако има недостаток од лекари и забари, мигрантите кои имаат завршено надвор од земјата мора да полагаат дополнителни испити кои во основа траат 2 години или половина од факултетот. Лекарското лоби ова многу добро го користи, пред се со цел да си го заштити сопствениот пазар. Тоа никој нема да ти го каже отворено, а образложението е многу едноставно. Новите мигранти ќе работат со луѓе, животот на луѓето е нешто најскапоценото, па према тоа австралиска акредитација е нешто што мора да се има. Тоа што некои се и меѓународно афирмирани непарви разлика.

Дури и електричарите треба да имаат посебна акредитација, возачките дозволи не важат, па мора и да се преполага. Додуша само практичниот дел, барем така беше.

Се чини дека инженерите најлесно поминуваат, дипломите брзо се нострифицираат, но ним не им е потребно којзнае какво познавање на јзикот. Во математиката, физиката, хемијата.... се користат или се универзални “јазици“.

Своето образование го има формирано во Македонија, а надградено овде. Сум поминал од двете страни на оградата и како вработен и како работдавач. Многу добро знам што зборувам и како оперира системот. Сум бил во прилика да бидам толерантен према луѓе кои биле вредни и способни, но немале однос. Но, после извесно време доѓаш до констатација дека секој е заменлив и без секого се може. Еднсотавно одлучуваш to let him/her go, без разлика каков е нивниот допринос за органзиацијата. Вулгарно кажано everyone is dsiposable!

Успехот е релативна категорија, но во било кое општество истиот се проценува од доминантниот вредносен систем кој постои во матичната земја.

Парите се еден од факторите, но не и единствениот. Има многу мигранти кои имаат многу пари, но се маргиналци во однос на општествените збиднувања. Нивната способност и можност да влијаат врз општествените текови, во било кој домен, се рамни на нула.

Ништо не е црно и бело, ништо не е просто и едноставно. Луѓето се општествени суштества и сами неможат да функцинираат. Интеракцијата со другите е неопходна. Таа интеракција ги создава условите, таа интеракција ги креира правилата на игра, која пак во повратна спрега ќе има силно влијание на организационата поставеност и одосите меѓу нејзините составни компоненти.

Брза,

Тоа за слоновите држи вода, посебно меѓу мнозинството од првата генерација иселеници....за втората, веќе е сосема поразлично.



Изменето од Platenik - 29.Јуни.2012 во 02:33
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Polar Bear Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Декември.2007
Локација: Канада
Статус: Офлајн
Поени: 1152
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polar Bear Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2012 во 06:01
Originally posted by Platenik Platenik напиша:

@Поларна мечка,
Гледам дека убаво си се вклопил во средината и го имаш прифатено тамошниот вредносен систем по парашање на нечива сопосбност да најде вработување во сопствената професија. Значи секој еден таков самиот си е виновен за состојбата во која се наоѓа и никој друг.
Не станува збор за „вина“, туку за способност да се согледа и сфати реалноста и да се делува согласно со неа. Тоа важи не само во Канада, туку и во Македонија, и секаде во светот. Ми доаѓа на ум приказната за океанограф (дојден којзнае од каде) кој слетал во Манитоба и година дена „чекал“ и се надевал дека ќе најде работа во струка... Додека не му шепнале дека Винипег нема море (?! го заборавил атласот дома голема насмевка ?!), а за неговата работа е сепак пожелно да биде таму каде што има море. Сега е среќно вработен некаде на источниот брег. Можеби звучам симплистички, но решенијата и на најголемите проблеми се едноставни. Може да си најдобриот казанџија на светот, но во еден момент треба да сфатиш дека треба да избереш нешто друго што ќе го викаш своја професија. Другата опција е бесконечно кукање и фрлање дрва и камења на државата која не обезбедила услови казанџиите да работат.
Originally posted by Platenik Platenik напиша:

Види, јас тоа мислење не го делам. Причините за тоа зошто некој се наоѓа во таква ситуација се многу покомплексни одколку нафрлување само на симплистички, нео конзерватинви размислувања. Со префлување на вината врз таквите индивудуалци, некој си ги пере рацете за објективните состојби во земјата, воопшто системот, економијата.....односно грешките направени било на ниво на органзиација, било на ниво на државна админстрација.

Јас би рекол дека 70% од вината се субјективни додека 30% објективни причини. Самодовербата, нискиот морал, страв од непознатото, недоволното познавање на јазикот, непознавање како воопшто функционира системот, како да се аплицира, како да се однесува на интервју за вработување, како да се продадеш...се субјективни, додека објективни се состојбите во економијата, предрасудите по однос на квалификации, верска, расна припадност, сексуалната ориентација, стапката на вработеност, односно невработеност, конкурецијата, коњуктурата во рамките на една професија, регулативите односно неопходната акредитација по прашање на прифатливоста на одередни професии......
Никој не ги оспорува објективните причини. Но тие објективни причини се предност или препрека за сите доселени, но и домородни. Ништо нема специјално креирано да им го загорчи животот на македонците, ниту да ги заштити домородните од нив. Токму затоа и сме тука, затоа што во Македонија тој сооднос е 10:90 во однос на надворешните причини и 70:30 се доживува како „неподношљива лакоћа живљења". И немој те молам да ги нафрлаш правата на педерите и другите малцински групи, Канада е апсолутно најтолерантното општество на светот. Градоначелниците на Торонто, Винипег и Калгари се отворени педери, овој последниов е уште и кафеав и не е роден во Канада. Ванкувер имаше градоначелник квадриплегичар. Има еден и во федералниот парламент. И таму има педери, и нулта генерација имигранти од сите бои и нијанси.
Originally posted by Platenik Platenik напиша:

Сите тие професори, вајс президенти, директори, лекари, забари се иселеници кои дошле во Канада со оформено образование во Македонија и 100% познавање на англискиот јазик? Мора Канада да го има пробрано најдоброто од Македонија!
Да видиш, тоа е вистина, поразителна за Македонија. За разлика од САД, кои имаат катастрофална имиграциона политика и си дозволуваат луксуз да не им дозволат престој на имигранти кои завршиле докторски студии кај нив, Канада игра многу помудро. Го цица светскиот генетски потенцијал, не само интелектот.
Муабетот беше дека нема македонци на извршни позиции. Јас ти велам дека има, лично ги познавам, и тие не се викаат ниту Мајк ниту Крис. Сите наведени се дојдени со комплетирано високо образование од Македонија. И ги имаат исполнето условите за обавување на нивната професија. А ќе се сложиш дека за тоа треба познавање на јазикот.
Originally posted by Platenik Platenik напиша:

Двојба по однос на квлаификациите имало и ќе има и тоа не само дали некој истите ги има стекнато надвор од Канада, туку и каде ги стекнал внатре, во самата Канада. Осбено тоа е важно при првото вработување, а и од состојбите на пазарот за вработување. Ако нема доволно кадри, тогаш е дај што ќе дадеш, во спротивно кртиериумите се пооштруваат. Капиталот во основа не познава рестрикции, па ако смета дека нема доволно кавлаитетн кадар, тогаш ќе го бара онаму каде што може да го најде, притоа неограничувајќи се на државните граници.

Генерално тврдење со кое живееме секој ден (впрочем реков дека носам луѓе од сите страни на светот - што е тоа ако не реакција на состојбата на пазарот). Не ми е јасно како се македонците засегнати тука различно од другите нации. Сите се вариме во ист лонец.
Originally posted by Platenik Platenik напиша:

Протекционизам има, предрасудите во однос на различност по секој основ се дел од животот без разлика што во прекуокеанските земји некој се обидува тоа законски да го регулира и санкционира. Луѓето свесни за овие анти дискриминаторни акти и консеквенците од кршењето на истите, принудени се да оперираат на подруго рамниште. Во секој случај предрасудите не се сузбиени дури и во највисоките државни иституции, кои самите се носители на оваа регулатива. Неспорно е дека со се поголемото мешање и примена на ваквата регулатива, толеранцијата на разликите станува дел од секојдневанта пракса. Верувам дека овие акти на долг временски период ќе покажат уште позавидни резултати.

Права за малцинствата и антидискриминаторски акти никогаш доста. Но ќе повторам, Канада е најтолерантната земја на светот што се однесува до имиграцијата и нејзинот вклопување во општеството.
Луѓето ќе стекнат представа дека во прекуокеанските земји царуваат предрасуди на секој чекор. Можеби и има предрасуди, но мојата процена е дека тие се 10% од предрасудите во македонското општество. Не ви требаат примери, нели?
Originally posted by Platenik Platenik напиша:

Иако има недостаток од лекари и забари, мигрантите кои имаат завршено надвор од земјата мора да полагаат дополнителни испити кои во основа траат 2 години или половина од факултетот. Лекарското лоби ова многу добро го користи, пред се со цел да си го заштити сопствениот пазар. Тоа никој нема да ти го каже отворено, а образложението е многу едноставно. Новите мигранти ќе работат со луѓе, животот на луѓето е нешто најскапоценото, па према тоа австралиска акредитација е нешто што мора да се има. Тоа што некои се и меѓународно афирмирани непарви разлика.

Дури и електричарите треба да имаат посебна акредитација, возачките дозволи не важат, па мора и да се преполага. Додуша само практичниот дел, барем така беше.

Се чини дека инженерите најлесно поминуваат, дипломите брзо се нострифицираат, но ним не им е потребно којзнае какво познавање на јзикот. Во математиката, физиката, хемијата.... се користат или се универзални “јазици“.

И лекарот, и електричарот, и инженерот добро е што треба да исполнат некакви услови за да им биде дозволено да работат. Мојот лекар е од Нигерија, и знаејќи колку корумпирана е таа земја, не би стапнал кај него доколку не поминал некое школо (читај филтер) во Канада. Инаку, стрико министер за здравство, татко судија, тој диплома за лекар. А, исто така не би му дал да вози без да полага возачки на некој арпак од некое босанско село кој не видел семафор, и прашува зошто служат трепкачите.
Originally posted by Platenik Platenik напиша:

Своето образование го има формирано во Македонија, а надградено овде. Сум поминал од двете страни на оградата и како вработен и како работдавач. Многу добро знам што зборувам и како оперира системот. Сум бил во прилика да бидам толерантен према луѓе кои биле вредни и способни, но немале однос. Но, после извесно време доѓаш до констатација дека секој е заменлив и без секого се може. Еднсотавно одлучуваш to let him/her go, без разлика каков е нивниот допринос за органзиацијата. Вулгарно кажано everyone is dsiposable!

Гуд фор ју.
Сигурно е дека без секој се може. Борбата е да направиш ситуација да не се може без тебе.
Originally posted by Platenik Platenik напиша:

Успехот е релативна категорија, но во било кое општество истиот се проценува од доминантниот вредносен систем кој постои во матичната земја.

Во Македонија владее вулгарен и малограѓански систем на вредности. Токму затоа нашинците од таму сметаат за успех само ако си Мајк или Крис. Не е успех ако возиш камион во Канада, и за пет години си купил три камиони, треба да возиш ламборџини.
Originally posted by Platenik Platenik напиша:

Парите се еден од факторите, но не и единствениот. Има многу мигранти кои имаат многу пари, но се маргиналци во однос на општествените збиднувања. Нивната способност и можност да влијаат врз општествените текови, во било кој домен, се рамни на нула.

Тука ги препознавам плочкарите кои лепат плочки по дваесет часа на ден 365 дена во годината, петнаесет години за да дигнат спрат во некоја вукојебина во МК. Се ми се чини дека такви има повеќе во Западна Европа, но ги има и во Канада, посебно постарите генерации иселеници .
Originally posted by Platenik Platenik напиша:

Ништо не е црно и бело, ништо не е просто и едноставно. Луѓето се општествени суштества и сами неможат да функцинираат. Интеракцијата со другите е неопходна. Таа интеракција ги создава условите, таа интеракција ги креира правилата на игра, која пак во повратна спрега ќе има силно влијание на организационата поставеност и одосите меѓу нејзините составни компоненти.

Ништо не е црно-бело, но сите бои може да се добијат од само неколку основни. Ништо не е ни толку комплицирано. Само треба да знаеш да пливаш. А не може да плива оној кој плаши од вода.
Гуд лак. голема насмевка
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2012 во 08:23
Ајдеее, забегавме, а само требаше да  ја  решиме дилемата на Гонзоголема насмевка
Ама нејсе,кога требаше да се бие битка за “домата“ Брза отиде да се сонча и дозволи   Белото Мече (оној одозгора) потпомогнат од Плтеникот,  да  ја натегне работата кон  Канада (Меси нешто затаи со фалбите за успешно вдомување во Америка), а од Австралија и Нов Зеланд немаме преставник на дијаспората па   податоците некако не ни се релевантнисмеење
И сеега уште не сме начисто-Каде да замине наш Гонзо? И дали воопшто да замине?
Значи, да резимираме-за да си успешен онаму во белион свет мора да се правиш важен и да не веднеш глава. Таму не важи партиска книшка од владеачка партија.Арно ама за да успееш со непокорот  треба да почнеш после 3-4 години копање ураниум, чистење кенефи. Чим ти верифицираат знаењето стекнато дома работата оди колај. Него Мече, не ни кажа тоа колајот колку години трае или оди преку ноќ како во домава наша-станеш партиски активиста, добие партијата избори и почнуваат тендери. Дури да се свртиш стана богатун какви оние од ПМ не можат ни да замислат дека се може.
И друго Мече од 500 000 дијаспорци, ај дај некој приближен процент, колку нашинци кои знаат јазик, имаат верифицирани дипломи, наоружани се со знаење имаат успех?! Имате ли вие од ПМ некоја статистика?
Нам тука ни е лесно да се множиме и делиме, оти богатуните се менуваат на 4 години. Чим пројдат избори едни почнуваат со осиромашување други со богатење.голема насмевка
Убаво  би било да не се лажиме, оти дели/множи за да успееш кај и да си (освен ако не си политичар во УПМ) ти отиде пола живот и дури се свртиш остаре. Паричките остануваат за  втората генерација. Оној од првата генерација мора да печали, да трупа па малку на старост му останува време за трошење.
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2012 во 16:39
svaka im chast na gornana mechka i platenikon !да

... mislev deka toj (platenik) od doma ni soli pamet , ama duri sega vidov deka i toj bil ...koj znae kade ,..''trbuhom za kruhom''!изненадување
...i tie se edini chie maratonsko debatiranje go prochitav od A ...pa se do SH,...i ...

...i nemam zamerki za nishto shto  sega go kazale osven za ova shto dolnana...(pardon,..gornana li  besheзбунетост)... go kazuva:намигнување


Originally posted by Polar Bear Polar Bear напиша:

Тука ги препознавам плочкарите кои лепат плочки по дваесет часа на ден 365 дена во годината, петнаесет години за да дигнат спрат во некоја вукојебина во МК. Се ми се чини дека такви има повеќе во Западна Европа, но ги има и во Канада, посебно постарите генерации иселеници .

...mozebi e taka , ama , samo onoj plochkar koj shto cheka plata od  drug,

...a,onoj  koj shto samiot si bara rabota,....(ili go baraat),
...toj,za nekolku godini moze i sprat-dva da si zaraboti,

...i toa za samo 4-5 godini lepenje plochki,...i toa,... za duplo pomalku od 20h  dnevno !

...ama , ako zborish za  tamu vo kanada , nekoj da raboti po 20 h legalno,...,..togash sigurno neshto imash utnato !збунетост
( ama , ostaj na strana  tolku rabota!изненадување)

...zatoa shto ,kolku shto znam , zanaetite se tamu uvek ( kako shto i bile) ceneti  i

...debelo plateni ( a osobeno ako si sam svoj gazda) !
...iliti...poisplatlivo  ti e neshto novo da kupish otkolku da zemesh toa nekoj da ti go popravi ,...ako ne ti e pod garasncija!
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2012 во 17:30
Незнам зошто толку ги издвои луѓето со различна сексуална оријентација, во однос на останатите. Патем тие се надпросечно успешни. Никој не ја доведува во прашање толерантноста на канадското општество во споредба со други земји, вклучувајќи ја и Македонија. Поентата е дали и во развиените оптшества има предрасуди.

Се сложувам дека јазикот е потребен. Меѓутоа да тврдиш дека новите мигранти се со 100% познавање на англискиот, ќе те молам кажувај му на некој друг.

Кој рече дека Македонците се засегнати повеќе од другите?! Македонците се подеднакво засегнати како и другите, а во некои случаеви и помалку. Една од причините е што не се кафеави.

Мислам дека многу стеротипно гледаш на работите врска дефинирањето на успехот. Зборуваме за мигранти, високо образовани со подруги очекувања за својот живот. Ако постои малограѓански и вулгарен вредносен систем, тој повеќе важи за постарите генераци. Што се однесува до влијанието врз општествените текови би рекол дека образованата мигарција има исто толкаво влијание колкту што имаа плочкарите и камионџиите или прашање е на нијанси.

Денеска никој не работи две смени или бара обертајмче. За “плочкарите“ има се помалку работа од причина што фабриките им се затворија и се пренесоа во Кина. За професионалците кои достигнале одередено ниво, пак нема обертајмче и кога ке видиш сите дневно работат 7:21 или помалку. Барем така е овде кај мене. Ако во овие земји некогаш се призведувало од игла до локомотива, сега од игла до локомотива се произведува во Кина. Вулгаризирам, ама овде само се продава, а продавачите се платени 15,5 долари на час. Не е само тоа, туку и одредени служби на поголеми компани, сметководстово, палтен промет, call centri оперираат од Индија, Филипини.... таму каде што работната рака чини помалку. За тоа какво влијание има интернетот врз малопродажбата на бела техника, обвуки, и алишта и да не ти зборувам. Се повеќе луѓе си нарачуваат директно за 20-30% помалку во однос на она што би платиле за истата стока во продавница. Прашање е на време кога и тие 15,5 долари на час ќе станат многу.

Затоа уживај во успехот кој го имаш додека трае, создавај услови каде некој ќе мисли дека безтебе неможе. Знам дека велат не е битно од каде доаѓаш, туку каде одиш, ама не ќе биде на одмет да не се заборава од каде доаѓаш.

Ја сум рекол дека ние во Македонија не сме доволно тестирани по однос на предрасудите. Хипотетички, ако во Македонија има таков силен наплив на мигранти како што има во прекуокеанскиот свет, дури тогаш ќе се види македонецот во право ссветло. Ова незажи само за Македонците, туку за сите на Балканот. Мнгоу сме дружељубиви и гостопримливи кога странците се во мал број. Мислам дека ние би биле многу полоши од овие овдешниве.

Како и се друго, со страв или без, пливањето лесно се учи, ако ништо да плуташ. Меѓутоа не е битно само да пливаш, туку и да испливаш.

Туку да се вратиме на темата, Канада или Австралија?

Рековме

- дали има предрасуди, да,
- расизам, да
- протекционизам, да
- верска (не)толранција, да
- познавање на јазик, потребно
- можност за вработување, да но не како порано
- квлаификации, потребни
- надоградба,потребна
- знаење на системот, потребно
- спосбност како да се презентриаш, потребна
- спосбност како да се продадеш, потребна
- мотивираност, потребна
- истрајност, потребна
- 50000 бруто годишна плата, недоволна
- 150000 бруто годишни примања за четворо-челно семјство, пристојно

Како котираат преку окенаските земји во однос на другите?

Канада и Австралија знам дека се земји со највисока економска и политичка стабилност. За САД ќе му го препуштам зборот на Меси иако сум убеден од она што го пратам, дека САД се за никаде.

Мамад,

За твоја инфорамција, половина од Нов Зеланд е преселен во Австралија,вклучувајќи ги и новозеландските Македонци. Тие кои неможеле првично да добијат виза за Австралија, по 2-3 години проведени во Нов Зеланд, сега со новозеландски пасош мигрираат во Австралија. Па сега ти сама процени и донеси си заклучок.




Изменето од Platenik - 29.Јуни.2012 во 17:32
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2012 во 18:31
Јас би по овој редослед:

1. Канада
2. Австралија
3. САД 

Ако гледаме подалеку, иднината е во далечниот исток... но на нашите луѓе, поради непознавањето на тамошните јазици, култура и обичаи, ниту на крајот на умот не им доаѓа мислата оти вистинскиот иден економски просперитетот се наоѓа во Азија.





Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Polar Bear Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Декември.2007
Локација: Канада
Статус: Офлајн
Поени: 1152
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polar Bear Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2012 во 22:45
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

.......................
Значи, да резимираме-за да си успешен онаму во белион свет мора да се правиш важен и да не веднеш глава. Таму не важи партиска книшка од владеачка партија.Арно ама за да успееш со непокорот  треба да почнеш после 3-4 години копање ураниум, чистење кенефи. Чим ти верифицираат знаењето стекнато дома работата оди колај. Него Мече, не ни кажа тоа колајот колку години трае или оди преку ноќ како во домава наша-станеш партиски активиста, добие партијата избори и почнуваат тендери. Дури да се свртиш стана богатун какви оние од ПМ не можат ни да замислат дека се може.
И друго Мече од 500 000 дијаспорци, ај дај некој приближен процент, колку нашинци кои знаат јазик, имаат верифицирани дипломи, наоружани се со знаење имаат успех?! Имате ли вие од ПМ некоја статистика?
Нам тука ни е лесно да се множиме и делиме, оти богатуните се менуваат на 4 години. Чим пројдат избори едни почнуваат со осиромашување други со богатење.голема насмевка
Убаво  би било да не се лажиме, оти дели/множи за да успееш кај и да си (освен ако не си политичар во УПМ) ти отиде пола живот и дури се свртиш остаре. Паричките остануваат за  втората генерација. Оној од првата генерација мора да печали, да трупа па малку на старост му останува време за трошење.
 
Ma(v)ramis газење од смеење, Morrtos, Matos и Платеникот (брза, дај му достојно име, дечкото е храбар борец голема насмевка) само се обидуваат да пренесат дел од своите искуства на некои нови генерации потенцијални иселеници. Правиме добро дело за оние кои сакаат да чујат. Ние сме во различни земји, генерациски сме различни, нашите искуства се различни, но не се дијаметрално спротивни ниту се озбилно конфронтирани. Заедничко ни е и што голем дел од нашите животи ги имаме поминато во МК - затоа не треба да ни цртате како е таму, ние сме сеуште јако поврзани со НПМ. Затоа, не разбирам што од тоа што го кажувам не ти се верува. Не разбирам и зошто не ти се верува. Можеби мислиш дека имам некоја задна намера, или лечам некаков комплекс? Цинизмот е опасна болест, јаде одвнатре и не дозволува да мрднеш. Да не кажам дека во ПМ цинизмот се смета за неприфатливо социјално однесување - тоа е прво од што иселеникот мора да се откаже ако сака да просперира.
 
Јас не познавам ниту еден иселеник кој копа ураниум или чисти кенефи. Посебно не со факултетска диплома, макар била и од МК. Во Канада, секој оној кој сакал да работи во одредена струка, порано или подоцна успеал да го направи тоа. Има програми за поддршка на иселеници, финансиска помош и што уште не. Сите кои ги знам, после преодниот период и културниот шок, го стабилизираа животот и фатија правец нагоре, што ќе рече дека им е подобро отколку во МК. Колку трае преодниот период? Индивидуално, од неколку месеци до неколку години, за две-три години најголемиот дел од нив се чувствуваат како дома.
 
Јас не водам статистика колку од 500000 иселеници знаат јазик, просеци не ме интересираат. Што е тоа битно за некој кој е образован во МК, зборува англиски и сака да се исели во Канада, САД или Австралија? Но затоа познавам многу македонци во МК кои не знаат ни македонски. Иселениците кои јас ги знам се главно професионалци кои ги поминале филтрите на канадската имиграција, со факултетски дипломи, и тие разбираат се, течно зборуваат, пишуваат и читаат. Вклопени се во општеството, способни се да си постават цели и да работат на нивно остварување. На сите им е подобро во Канада. Дали се успешни? Ти процени.
 
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2012 во 23:04
Originally posted by Polar Bear Polar Bear напиша:

е.

 
Ma(v)ramis газење од смеење, Morrtos, Matos и Платеникот (брза, дај му достојно име, дечкото е храбар борец голема насмевка

D'Artanjan ?
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 27>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.