IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Македонци ширум светот
  Активни теми Активни теми RSS - Австралија или Канада да се оди?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Австралија или Канада да се оди?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 27>
Автор
Порака
Polar Bear Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Декември.2007
Локација: Канада
Статус: Офлајн
Поени: 1152
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polar Bear Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2012 во 06:44
Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Леле Мече, .........................................
.........................................................................................................................................................

Непишано правило е, треба да покажеш лојалност и благодарност што те примиле, а не да бараш преку леб погача. Мотото е, ако не ти одговара како се игра играта тука, врати си се во скапаната земја од која си дошол.

Биди среќен ако си вработен во голема комапнија која е ЕОЕ, equal opportunity employer. Успех е и тоа!

Можностите се неограничени само ако тераш приватен бизнис, ама тука знаењето, спосбноста и нетворкингот се уште поважни околку кога работиш за некој друг. Нема на кого да се потпреш.

Ќути, трај, трпи и биди благодарен, затоа што ако ти несакаш има друг кој ќе сака, кој е можеби уште погладен.

Немам илузии дека во Македонија е тешко, но исто така немам илузии дека овде е лесно, дека растат долари по гранки и дека треба само да ги собереш.

No hard feelings!
 
No hard feelings! Ич гајле да немаш.
 
Намерно го избришав првиот дел од постот - нема потреба од схоластички муабети што значи знаење на јазик. Тие луѓе за кои јас зборувам нема да ги сретнеш во подрумот на црквата со излигавено пиво, како со здебелен јазик се жалат на животот во ПМ. Но, имаш право да се дружиш со кого сакаш, тоа е твој избор.
 
Претпоставувам дека си доста помлад - и ме штрекнува недостатокот на самопочитување кај тебе. Само погледни си ги последните неколку пасуси... Преку леб погача..., биди среќен ако си вработен..., успех е и тоа..., ќути, трај, трпи... Прости, но со таков дефанзивен животен став не се слагам. Тоа е став на искомплексирано македонче во деминутивче. Не ни чудо што бираш негативни примери. За разлика, јас не мислам дека добивам нешто незаслужено, компанијата за која работам (ЕоЕ, него што!) е среќна што ме има, не правам компромиси, нема ќути,трај трпи. Гледам напред, и се дружам со подобри од себе, без разлика во што се подобри. И грабам животот напред, парите се само последица на мојот животен став. Верувал или не, секогаш го добивам она што ќе го посакам. И се кладам дека „знаеш“ барем еден македонец иселеник на извршна позиција. намигнување
 
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2012 во 09:09
Мечко, еве да незборувам во деминутив, мислам дека комплетно не си разбрал што сакам да кажам.

Прво, за тоа со кого се дружам. Ниту одма во црква, ниту некогаш сум одел, а пиво слабо пијам.

Второ, по кој основ ти заклучи дека имам недостаток на самопчитување кај мене? Во ниеден момент јас неспомнав што сум по квалификација, што сум работел или работам, колку го познавам англискиот јазик.....

Трето во ниеден момент ниту сум помислил некого да понижам, а камо ли да навредам. Термините што ги спомна или потчно ги цитираш немаат за целта да се покаже нечив дефетистички став во однос на животот или нечива македонска искомплекситаност. Напротив тоа ја отсликува реалната состојба, кај мнозинстовто иселеници, посебно кај оние кои ја напуштиле Македонија во последнив 25 години. Луѓе со високо образование. Сите се борци на свој начин, се борат за својата иднина и иднината на сопствените деца. Крајниот дострел е тоа што јас сакам да го потенцирам.

Изборот со кого се дружам, како и секој еден човек, го правам според моите убедувања. Во недостаток на квалитет (според мои критериуми), во одредени случаеви, принуден сум да направам и компромис.

Ти пожелувам секое добро и успеси, се што си наумил да постигнеш. Ентузијазмот и борбениот дух да те држи до крајот на животот и никогаш да не доживееш твојата органзиација да направи реоганизација и испушти 1000-ци вработени, од кои еден од нив ќе бидеш и ти. Тоа е објективна реалност во змејите и ситемите во кои живееме. Но, со позитвниот дух никогаш нема да се доведеш во ситуација каде ќе се почувствуваш поразен, туку ќе си речеш, ако една врата се затвори, друга ќе се отвори. Move on!

Дебатава доживеа огрома дегресија. Од 100000-ци образовани Македоци со 100% познавање на аглискиот јазик, испадна деак само неколку се на извршни позиции, а останатите пијат пиво по црковните сали. Јас лично непознавам ниту еден. Ако мислиш дека познавам некого на високо место, ќе те молам кажими го неговото име?

Ако ти навистина си таков за кој се преставуваш, тогаш верувај ми, ти си исклучок, а не стандард. Камо среќа да не има повеќе такви.



Изменето од Platenik - 26.Јуни.2012 во 09:14
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2012 во 09:21
Jas pa mislam deka meceto malku se preceni No hard feelings ..neli..
Site mozeme da zborime za izvrsni pozicii..direktorski mesta tamu nekade...
Ete platenikot ne znae..jas znam za eden makedonec od Jersey iselen pred 15 godini od MK..so zavrseni postdiplomski vo USA...koj sto bese na izvrsna pozicija vo edna spored mene dosta uspesna kompanija...no so ekonomskata kriza go otpustija...isto kako i mnozinstvoto doselenici iako so amerikansko drzavjanstvo.

Kolku e realno toa sto pisuvate od vasa gledna tocka si znaete vie...a toa kako ve doziveale..si znaat onie koi so svoi oci videle..
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2012 во 15:10
Платеничеголемо гушкање
Не се правдај бе мило, па не е срамота да си дел од мноштвово, напротив не си осамен. Го знеш правилото за пирамидата-колку погоре толку потешко се прифаќа  “лизгањето“ надолу. А на врвот, на врвот е лошо оти пусти врв ко игла се бута во шупак и боцка ли боцка, не може комотно да се седи-на шило не се седиголема насмевка Слушај паталец не гаталец
Мечкоразмислување
Знам дека  ништо не ти значи, ама јас се гордем кога ќе чујам дека некој нашинец успеал. Да даде бог  од арно да не куртулишголемо гушкање Камо да има многумина такви ако не за друго, да имаме свои луге каде ќе се обратиме да ни помогнат кога ќе ни притребаатсмеење
Манете шега, да е лесно не е, ама секој си е којач на својта судбина. Вие таму, ние тука да да Бог само добро да си слушаме.
Нит е лесно нит е добро младите да ни заминуваат надвор, а земјава да остане само со старци, ама реалноста е таа и мора да ја прифатиме.



Кон врв
Polar Bear Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Декември.2007
Локација: Канада
Статус: Офлајн
Поени: 1152
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polar Bear Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2012 во 16:10
Ептен сме надвор од темата. Фала за муабетот... Влеговме во дигресии, како оние нашине со пивото и здебелениот јазик. голема насмевка
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2012 во 17:40
Originally posted by Polar Bear Polar Bear напиша:

Ептен сме надвор од темата. Фала за муабетот... Влеговме во дигресии, како оние нашине со пивото и здебелениот јазик. голема насмевка


Искрен да бидам не ги судам ниту тие со пивото и здебелените јазици. Таквите верувам дека го постигнале својот максимум. Едноставно толку можеле од х причини.

За образованите е веќе друго, тие не го имаат постигнато максимумот.
Незнам, можеби пак моите очекувања се превисоки.

Амин за разговорот. Можеби нашите расмислувања/видувања некому ќе му помогнат при донесувањето на одлуката.
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2012 во 17:53
jас ке треба да пробам прво 1-2 години Афстралия и после Канада и тогава ке кажам каде е по добро

ама сега за сега во Блгария сум
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2012 во 18:56
Не има секакви... почнувајќи од dishwashers кои секојдневно бистрат политика по  Doughnut shops и цркви, па до сопственици на големи фабрики (Крцуловски), членови на  board of directors на Boeing, Motorola i IBM (Зафировски ) и members of Parliament (Темелковски ).

Како што веќе рековме, оние кои се способни, способни се насекаде.

Разликата меѓу прекуокеанските држави и Македонија е во тоа што овие другиве се далеку поразвиени и побогати како држави, па даваат подобри шанси за соодветно вработување и инвестирање, докажување и експонирање. Нивната економско-политичка стабилност гарантира полесно и посигурно далекурочно планирање.



Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2012 во 18:56
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

Платеничеголемо гушкање
Не се правдај бе мило, па не е срамота да си дел од мноштвово, напротив не си осамен. Го знеш правилото за пирамидата-колку погоре толку потешко се прифаќа  “лизгањето“ надолу. А на врвот, на врвот е лошо оти пусти врв ко игла се бута во шупак и боцка ли боцка, не може комотно да се седи-на шило не се седиголема насмевка Слушај паталец не гаталец
Мечкоразмислување
Знам дека  ништо не ти значи, ама јас се гордем кога ќе чујам дека некој нашинец успеал. Да даде бог  од арно да не куртулишголемо гушкање Камо да има многумина такви ако не за друго, да имаме свои луге каде ќе се обратиме да ни помогнат кога ќе ни притребаатсмеење
Манете шега, да е лесно не е, ама секој си е којач на својта судбина. Вие таму, ние тука да да Бог само добро да си слушаме.
Нит е лесно нит е добро младите да ни заминуваат надвор, а земјава да остане само со старци, ама реалноста е таа и мора да ја прифатиме.


Мамад,

За какво предавање зборуваш, таман работа. Не сум само сигурен кој е похрабар, оние кои останале во Македонија да се борат со проблемите или оние кои го фатиле патот под нозе и правецот кон непознатото. И едното и дугото е за почитување.

Знаеш како викаат, колку си повисоко, толку погледот е поубав! Немам никакви проблеми ако главата е во облаци, доколку нозете се на земја.

Да си дел од мноштвото не е ни некоја којзнае каква позитивна карактеристика. Ми звучи многу, сурово, едноставно, недокажано, медиокритетски, безлично. Само уште една овца од стадото. Убаво е да има и по некоја црна овца, колку да се разбие монотонијата.

Ги ценам тие кои отскокнуваат и се трудат да направат нешто повеќе. Тоа е и моето мото, а колку сум успеал времето ќе покаже.

Овде на западот брзо ја научувме лекцијата дека треба да се само-промовираме со цел некој да не купи. Ако чекавме некој друг да не пофали ќе умревем чекајќи. Да не се плашиш ако нешто незнаеш, слободно да кажеш дека си спремен да го научиш, имаш основни прдзнаења и сл. I'll get back to you on this e многу популарна фраза.

Битно е што мислиш за самиот себе или колку знаеш, ти влеваат самодоверба. Но, перцепцијата што другите луѓе ја имаат за тебе е многу поважен фактор. Ако си го осознал ова тогаш свесно треба да работиш на таа проблематика.

Значи треба да работиш паметно не да се правиш, smаrt ass затоа што ако те прочитаат веднаш ќе те етикетираат како bull sh*t artist. Важи и она not what you know, but who you know.

Дури и овде во развиените демократски општества синдромот на tall poppies е вообичаена практика.

Само тие што отскокнуваат можат да донесат промена и да бидат жртва за истата. Масата е безлична, следбеник на која повеќе и одговара статус кво.



Изменето од Platenik - 26.Јуни.2012 во 18:57
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2012 во 19:24
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2012 во 19:38
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Не има секакви... почнувајќи од dishwashers кои секојдневно бистрат политика по  Doughnut shops и цркви, па до сопственици на големи фабрики (Крцуловски), членови на  board of directors на Boeing, Motorola i IBM (Зафировски ) и members of Parliament (Темелковски ).

Како што веќе рековме, оние кои се способни, способни се насекаде.

Разликата меѓу прекуокеанските држави и Македонија е во тоа што овие другиве се далеку поразвиени и побогати како др<span ="style14 style30">ж</span>ави, па даваат подобри шанси за соодветно вработување и инвестирање, докажување и експонирање. Нивната економско-политичка стабилност гарантира полесно и посигурно далекурочно планирање.



Накусо речено тоа е тоа! Меѓутоа зборуваме за потенцијалите и исполнување на очекувањата на новите исленици кои допрва треба да дојдат.

Никој неоспорува дека можностите се поголеми во прекуокеанските земји.

Прашањето е дали очекувањата на обичниот иселеник ќе бидат исполнети и жртвата која треба да се поднесе ќе се исплати. Посебно ова прашање добива на значение во улови на екстрмени еконосмки падови, какви што ги искусуваме овие години. Можностите овде суште се поголеми во однос на тие Македонија, но не се ни приближно на она ниво на кое биле пред 30-40 години. Ова го зборувам теоретски пратејќи ги тредовите, а не искуствено од причина што не сум толку стар исленик. Искуствено можам да потврдам дека надолен тренд има од моментот кога сум стапнал на овај контиент па се до денес. Неверувам дека ситуацијата ќе тргне на подобро во блиска иднина.

Во еден од погорните постови Поларната мечка убаво кажа, ако целите на 50000 долари годишна плата и ви се чинат многу пари, тогаш се лажете. Со такви примања практично ќе бидете на граница на преживување, сакал некој да верува или не. Прашање е дали вреди жртвата?

Јас ќе речам вреди, ако човекот има идеја што сака или има што да понуди на пазарот на работан сила. Да оди и само да се надева дека со текот на времето работите ќе се сменат сами по себе, тогаш подобро е да си седи таму каде што е.

На крајот на краиштата секој со своја памет.

Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2012 во 19:43
Originally posted by емил емил напиша:

<span style="font-size: 26px; cursor: pointer; line-height: 28px;">Македонскиот јазик четврти европски јазик кој се зборува во Австралија</span>

<div id="isChromeWebToolbarDiv" style="display:none">


9 по бројност, а 4 по користење на јазикот?

Значи има 5 други кои се побројни, а помалку го зборуваат мајчинот јазик.

Може, може се бива.
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2012 во 20:52
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Не има секакви... почнувајќи од dishwashers кои секојдневно бистрат политика по  Doughnut shops и цркви, па до сопственици на големи фабрики (Крцуловски), членови на  board of directors на Boeing, Motorola i IBM (Зафировски ) и members of Parliament (Темелковски ).

Како што веќе рековме, оние кои се способни, способни се насекаде.

Разликата меѓу прекуокеанските држави и Македонија е во тоа што овие другиве се далеку поразвиени и побогати како држави, па даваат подобри шанси за соодветно вработување и инвестирање, докажување и експонирање. Нивната економско-политичка стабилност гарантира полесно и посигурно далекурочно планирање.




Меси, да си жив и здрав ме изнасмеасмеење

Кога сите ми викаа дека македонците таму некаде по белиот свет се американизираа, баш се мислев што сакале да кажат со тоа...
А со муабетов, ме потсети на мојата 11 годишна внука (родена во САД), која вика ... Јас и тато отидовме ту бај а њу облека за претставата во школо....
Што јадеше Сара денес? Макарони со џиз и оринџ џусплазење

Dishwashers (имавме едно време збор - садопер/к/и) одат да бистрат политика во продавница за крофни. Board of directors на Boeing во најмала рака е борд на директори...а members се само членови на нештонамигнување

Само критика од мене ви е ова...ако сакате да пишете нешто, пишете го на македонски, не се сите "американци"среќа
Па замисли само колку стари луѓе имаме на форумов што не знаат да спикаат инглиш збунетост


Инаку Зафировски е иселен ако не се лажам на 15 години, таму завршил факултет па дури и докторирал. Кој ја имал таа привилегија од нашите? Дури да докторира..хмм
Овие дури и имињата си ги смениле бе, па Љубомир станал Луи кога на 14-15 години заминал во Канада, таму дипломирал итн


Sorryголема насмевка
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2012 во 22:43
голема насмевка Ајде сега и ти... голема насмевка

Прв пат во живот пишувам вака на овој форум, а тоа го сторив намерно за да дадам малу пошеговит призвук на темава која стана премногу сериозна.

Инаку,  имињава од нашите луѓе ги ставив чисто како илустрација, без да навлегувам подетално во нивните животни истории или да се фатам за нив како слеп за стап. За среќа имаме уште многу успешни македонци, но тука не е поентата да ги редиме и објаснуваме кој што с'е направил. Еден дел од нив се мошне активни во македонската комуна и во OМД, а на повеќето не можеш очите да им ги видиш... луѓето се посветилe на кариерата и на семејството исто онака како што би направиле и да останале во Македонија.

Зборот ми беше дека способни македонци, на било која возраст, се способни и во Македонија и надвор од неа. Ја имам таа среќа лично да познавам и да комуницирам со некои од нив и можам да ви кажам дека според своите човечки и професионални квалитети не се разликуваат по ништо од домородното население.


Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 27>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.