IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Писмени состави,семинарски...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Писмени состави,семинарски...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 113>
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 3 Гласови, Просечно 3,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
Kokakolicar Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 15.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kokakolicar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2009 во 22:42
Originally posted by Kikuv4encence Kikuv4encence напиша:

1.Романот „Злостроство и казна“ од Достоевски е сведоштво за едно убиство и агонијата на злосторникот пред сопственото злосторство

2.Романот „Чичко Горио“ од Балзак е огледало на француското општество од 19 век

3.„Смртта на Иван Илич“ од Толстој е сказна за еден погрешно проживеан живот
Однапред Ви благодарам....



Авторот го прати обидот на провинцијалецот Ежен де Растињак да се пробие во високо друштво на Париз. Овој сиромашен племич сонува за успех, слава, пари и љубов, но е приморен да живее во сиромаштво Во бедниот пансион на Вокер се запознава со чичко Горио, трагичниот јунак, кого го убива претераната, страсна родителска љубав спрема своите две ќерки. Несреќниот татко чија несреќа станува се поголема колку што расте неговата љубов спрема чедата, неговите две ќерки. По смртта на нивната мајка тој едноставно ги разгалил и незабележувајки ги претворил во нечуствителни, себични и неблагодарни изроди. Поведен од општо прифатениот критериум дека парите се она волшебното стапче во кое е содржана полнотијата на живеењето. Тој уште во нивното детство им купува скапи подароци со тоа искажувајќи им ја својата љубов, но таа релација е ѓаволски круг. Огромната љубов кон двете ќерки го фрла во судир со моралот. Тој не само што успеал богато да ги омажи, односно да ја направи едната бароница де Нисенжен, а другата, постарата, грофица де Ресто туку одејки им постојано по вољата полека станал и нивни проводаџија кој им наоѓа љубовници. Постојано на услуга во исполнувањето на нивните желби тој, инаку успешен производител на тестенини, конечно осиромашува. Тие пак го посетуваат таткото само кога од него треба да добијат пари, срамејки се од него обичниот граѓанин, бидејки тие се движат во аристократските кругови. Горио умира сам. Во последните мигови го негувале Растињак и студентот по медицине Бјаншо, кои и погребот му го платиле. На погребот на несреќниот старец не се појавила ни една ќерка. Немајки веќе што да им понуди, станува наполно неинтересен за неговите убави и богати ќерки, кои се производ на неговиот родителски однос кон нив. Родителот и неговите ќерки се слика на моралниот пад и обезвреднување на семејната врска. Некогашниот господин Горио натрупува богатство и создава положба на своите ќерќите , кои се однесуваат со него како со "лимон, кој " откато бил исцеден до капка... го фрлаат .Само парите ли са причина за тоа? Опшеството? Трагичната заблуда на стариот милионер? Несовршенството на човешката душа, која не ја познава благодарноста? Можеме да судиме од секој агол и секој одговор ќе носи дел од вистината.

Тажна е приказната за пожртвованиот татко на себичните и неблагодарни ќерки, Уште потажна е сликата на младиот скороевич Растињак, кој ги истражува патиштата кои водат во високото друштво, откривајки ги парите како основна движечка сила. Најтажно е што и двајцата на крај разбираат дека љубовта со пари не се купува.
       Еве општо за Чичко горио
Кон врв
Kokakolicar Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 15.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kokakolicar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2009 во 22:43
Originally posted by IzGubEnA IzGubEnA напиша:

Za zajcef....gi znam samo za 3ta godina :)

Stradanijata na mladiot Verter - Gete
Kletnici - Biktor Igo
Stranstvuvanjata na Cajld Harold - Dzordz Gordon Bajron
Gavranot - Edgar Alan Po
Evgenij Onegin - Puskin



Еве ти за Гавранот:

Песната гавранот е напишана во 18 секстини, интересно римувани со преплетени и внатрешни рими. Во таа версификациска смисла оваа песна е, веројатно, најсложена во поезијата на Едгард Алан По. Се одликува со извонредна музикалност и   ритмичност. За настанокот на оваа песна Едгард Алан по детално зборува во својот познат есеј Филозофија на композицијата.
     Лирскиот херој, сметајки дека некој непоканет гостин тропа на портата во ниедна дома и иритиран по малку од таинственото движење на гостинот што не сака веднаш да се открие, ги раствора вратите и во прв момент само ја потврдува својата мисла за таинственоста на “тоа тропање на портите”
               Во тој момент низ прозорецот влегува кобната птица, тој црн гавран, што овде, всушност ништо посебно не коби, освен што ја потврдува скршеноста на духот. Дојдена како симбол на грозоморна таинственост, птицата ќе посведочи за невозможноста еднаш изгубената жена, изгубената љубов, мртвото сакано суштество да се врати повторно.
     Херојот, папсан од болката за својата Леонора, очигледно низ халуцинации го води дијалогот со црната птица. Точно во една третина од песната му е дадено место на стравот од непознатото, на исчекувањето да се појави тој залутан полноќен гостин, страв кој се испомешал со нејасни надежи. Гавранот долетува во својата горделива поза, како ужасно сениште, за да се именува како Nevermore (никогаш повеќе). Овој збор се повторува во песната како црн рефрен. Таа всушност херојски води растрган дијалог со сопствената душа. Гавранот го симболизира само поетовото второ ЈАС, обременето до самоуништување.
Кон врв
shehrEzad Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 28.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај shehrEzad Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2009 во 19:50
На голема куќа во долината Санта Клара живеела кучето Бак. Тоа беше
животни прекрасна. Тој живее удобен живот. Залажување, еден слуга Бак беше продаден на непознат човек. Тој е странец пентареа на воз и го одведе далеку од неговиот дом. Бак беше продаден повторно. Неговиот нов сопственик беше владин службеник, кој носеше пошта помеѓу далечни места, Аљаска. Има Бак се сретна снег и ниски температури. Довлечка на sled со други кучиња, транспортот пошта. Бидејќи беше храбра тој беше во можност да издлаби од едно место на чело превоз. Повторно е изменета мајстори. Новите мајстори не беа запознаени со возење со превозот sleigh. Tortured малтретирани кучиња. Со Џон колиби реле застана. Бак бил исцрпен. Реле се пресели во врска, но тие се удавил во езерото. Бак се уште живеат со Џон. Чуваат него, гледавме и негувал, еден пес го uzvraćao љубов. Откако тој zgodomspasio живот. Благодарение на Јован Бак на облог заработени илјади долари.
Јован и неговите пријатели купени од парите резерви се копа злато.
Утврдени во пустината во потрага по злато. Најдоа злато, и овој пат на кучиња одморена. Бак е во тој момент се чувствуваше на повикот на дивината. Нешто што е составен подлабоко и подлабоко во шумата. Тоа чувство е исчезнува од неговиот сакан господар повеќето Јован. Тој замина во шумата и таму тој се запозна помладата волци. Тоа propudio инстинкт за лов, фати и лошо. Додека тој беше во шума логор биле нападнати и убиени од страна на Индијанците Јован. Кога Бак вратив и видов што се случило со Индијанците нападнат, и тие избегаа во страв. Бак е тажна и сама. Езерото дојде волкот пакет, и Бак им се придружи на нив.
Тој се врати во природата и е целосно бесплатна. Сепак, раскажуваат легендата во која на ловците виде голем куче - волк што седи заедно со кабина на езерото и тага за својот господар, а потоа повторно се враќа во шума.



Moze ova za povikot na divinata posho e od nekoja srpska strana!!

Изменето од shehrEzad - 29.Ноември.2009 во 19:51
Кон врв
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2009 во 20:04
Originally posted by kalanoska kalanoska напиша:

Mi treba nesto ama hitno e!
Tema 1: ''Psiholoskata sostojba na Stana'' vo romanot "Nemiri" od Stale Popov.
Tema 2: ''Likot na Cveta - simbol na istrajnosta na makedonskata zena'' od romanot makedonska "Krvava svadba".   
Ve molam ako najdete nesto pisete: eva_kalanoska@hotmail.com
Odnapred BLAGODARAM!


< ="Content-" content="text/; charset=utf-8">< name="ProgId" content="Word.">< name="Generator" content="Microsoft Word 11">< name="Originator" content="Microsoft Word 11"><>

Бидејќи истово го добив и по ЛП, а можеби и на некој друг ќе му треба:  големо%20гушкање

Цвета е главната жртва на силниците во драмата Македонска крвава свадба. Таа е носител на трагичното во драмата. Околу неа се движи целото дејствие. Имајќи го меракот потајно по овчарот Спасе, Цвета живее еден сосема обичен живот. Под таа “обичност“ се подразбира секојдневното аргатување, кулучење и се разбира секојдневното приплашување дури и од сенката на отоманските господари. Како и сета друга раја, така и таа , спокојство може да има само во дедовиот дом, крај своите најблиски. Но тоа релативно спокојство одеднаш и шокантно станува нарушено од страна на Осман-бег и неговите луѓе. Чувствувајќи се сама и изгубена во одаите на Осман-беговиот сарај, постојано под притисок, под заканување дека ја чека смрт ако не се потурчи во Цвета расте очајот, но во исто време како да се зацврстува и едно увереување дека е подобро да умре отколку да го смени името и верата. Во таа смисла останува напразен Осман-беговиот гнев, уште попразни се верувањата на двете веќе потурчени Македонки ( Петкана и Крстана ) кои по заповед на господарот ќе треба да ја наговорат пленетата девојка да се согласи доброволно да стане една од Осман-беговите жени во харемот. Во еден момент, Цвета е принудена и на најневозможното: да му удри шлаканица на оној што во мигот е апсолутен господар на нејзиниот живот! За разлика од двете свои потурчени придружнички кои се помириле со судбината, сос војата положба во харемот ( но кај кои сеуште не истлеале споменот и љубовта спрема христијанското огниште ), Цвета останува нескршена дури и во мрачната, мемлива визба, готова да не потклекне дури ни под закана со нож под грлото. Во својот очај, сепак, живее со надежта дека нејзините блиски ќе успеат да ја спасат со помошта на конзулите во Битола. Нејзината истрајност се исплати: играта околу претресот во салонот кај Валијата заврши со победа над неправедноста. Но кога Цвета ќе се почувствува најсреќна на денот на својата свадба, покрај саканиот, Осман-бег го повторува својот злосторнички чекор, обидувајќи се да се одмазди за својот пораз пред конзулите. И тогаш Цвета наоѓа сили да го извлече ножот од појасот на Осман-бег и со него да го убие свирепиот грабнувач. Пагајќи од к*ршумот на Шефкија, Цвета ги изговара своите последни зборови кои може да се рече, ја сочинуваат поентата на драмата: “Умрев, ама Турчинка не станав!“


You think you are perfect? Well, try walking on water...
Кон врв
Tanjuska Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 120
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Tanjuska Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2009 во 14:39
Гарванот


Еднаш среде полноќ една, покрај стари книги седнат,
дури водев в соба бледна со тајната ука спор,
дури дремлив тонев в скука, зачув некој тропнеж тука,
зачув некој како чука на портата однадвор.
„Некој гостин” – реков, - чука однадвор!”
Тоа сал и ниту збор.

Ах, си спомнам, многу јасно: в декемвриска вечер касна,
жарта в пепелта што згасна го засени мојот взор.
Жедно утрото го пекав; од книгите штуро чекав
спас од болот што ме штрека, бол по еден редок збор,
збор Ленора, свидна мома, тој ангелски убав створ,
Таа вечна неизгор.

А завесата од свила, в пурпур сета што се слила,
грозен шун во себе скрила. На ужас се чиниш створ!
Па срцето дури бие, јас го молам да се свие:
„Некој гост е пти се крие пред портата однадвор –
доцен гост е што се крие пред портата однадвор” –
Тоа сал и ниту збор!

Веднаш срдито се вденав, мигум својот глас го кренав:
„Човек ли сте или жена, простете е мојот збор;
врз клепкиве дремка стежна, а пак вие в ноќва мрежна
тропнавте со усет нежна на вратата однадвор” –
тоа реков, порти ширум отворив и пратив взор –
Надвор мрак и ниту збор!

Длабоко во мракот страшен долго стоев втренчен, вџашен,
сонувајќи сон незнаен ни на еден смртен створ;
Спокој секаде се свлече, мирнотија в ноќта тече,
збор единствен што се рече беше тажен, шепнат збор,
збор, Ленора, што низ ехо се врати одговор.
Тоа сал и ниту збор.

В собата штом дојдов назад, сетив: морници ме лазат,
зачув некој како чука пак со удар тап и спор.
Па си реков: „дај, ќе идам до прозорецот, да видам,
треба сигурен да бидам таен ли е некој створ!-
Да се смирам сал за малку од тропнежот однадвор”-
Вон сал ветер развигор.

Панѕурите штом ги турнав, прекумене нешто јурна,
низ прозорецот се втурна Гарван горд до темен взор.
Ни да климне глава само, ни да запре в таа штама,
но со лик на лорд ил’ дама к’о што дојде однадвор,
врз бистата на Палада, над вратата, овој створ
претна, седна и ни збор!

И со таа птица света, што пред малку тука сета
одважна и строга сета, почнав чуден разговор:
„Бувка немаш да се реси, сепак плашлива ти не си,
грозно, страшно сениште си, Брегот ноќен ти е двор –
речи, какво име носиш в Плутоновиот ти хор?”
Тој сал гракна: „Nevermore!”

Станав плен на почудица, кога таа грда птица
ја чув како зборна в мракот сосем јасен одговор!
Никој смртен жив створ вака, среде глува ноќна мрака,
не чул птица да му грака и да му праќа огнен взор –
птица или друга лишка да му праќа огнен взор
со збор еден: „Nevermore!”

Гарванот, штом седна таму, еден збор тој гракна само
в душа божем тој збор може сам да начне разговор.
Друго појќе ни да каже, ни да пафне пердув влажен,
дур не сронив мрмор тажен: „Осамен сум долго створ.
И ти како мојта Надеж исчезнат ќе бидеш створ!”
Тој сал гракна: „Nevermore!”

Изненаден, мигнум трепнав, од одветот негов сепнат,
„Сомневање нема”, шепнав, „Се` е тоа празен збор”.
Од несреќен стопан сметен, кого пропаст го сплете
и го следи уште, ете, до песните преумор,
тажачките песни, пирпев на Надежта непрегор
од вечното: „Nevermore!”

Но Гарванот грак што срони, макар тажен, в смев ме гони,
па на столот седнав сонлив со втренчен во него взор;
Врз кадифе глава веднам, но ми тежи мисла една,
мисла тажна, мисла бледна: кој е овој зловест створ?
Овој кобен страшен хишник каков ли е судботвор
со своето: „Nevermore!”

В плен на такви мисли седев, птицата со глед ја следев,
без да речам ниту еден, дури ниту еден збор;
В плен на такви мисли вивнат, понабргу потем стивнав
и врз кадифе да здивнам, се отпуштив нем и спор,
врз кадифето кај Она нема веќе к’о жив створ
Пак да седне, „Nevermore!”

Одненадеж, ми се чини, мирис воздухот да прими
божем крилни серафими кадат тамјан беспрекор;
„Страдалнику”, реков тогај, „Ова дар ти е од бога;
по ангели тој ти прати мир и непент којто мати.
Испи го и тогај мора да за заборавиш Ленора!”
грак се слушна: „Nevermore!”

„Пророку!”, му реков право, „птица ли си или ѓавол!
Сеедно е кој те пратил! Сотона ли, друг ли створ!
Полн со очај, смел ил’ злобен, дојден ваму в крајов кобен,
в дом кај што цари ужас гробен, дај ми искрен одговор:
речи, дали гилеада има цер за тој што страда?”
Тој сал гракна: „Nevermore!”

„Пророку!”, му реков право, „птица ли си или ѓавол!
Те колнам во тој што в светот владее над секој створ„
Речи и` на мој’ва душа, која јадови ја гушат,
дали повтор ќе ја гушка Ленора со љубен вор?
Дали пак во далек Еден ќе прегрне свиден створ?”
Тој сал гракна: „Nevermore!”

Нека биде тој збор сега збор разделбен, а не шега,
птицо или враже, бегај в Плутоновиот ти двор!
Не оставај пердув траги, спомени од твојте лаги,
остави ме в мисли драги, престани со твојот збор!
Од срцево извади го клунот свој, тој клун на нор!
Грак се слушна: „Nevermore!”

А Гарванот ни да претне, ниту пак за миг да летне
oд бистата на Палада, туку како кобник створ
над вратата бдее, молчи, со поспани демон-очи,
И врз подот сенка дрочи, без да гракне ниту збор;
и врз таа сенка – темна, душава, знам, веќе нема,
да се крене. „Nevermore!”

Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2009 во 17:28
Originally posted by ben1 ben1 напиша:

[QUOTE=ben1] Utre ce pravam pismena rabota i eve ja temata:
"Moite zelbi imaat ime"
Voved:Opsto za zelbite na decata za Nova Godina (i+ neso da napiseme sekoj covek ima svoi zelbi itnn...)
Glaven Del:Koi se tvoite zelbi ? Kakvi se ? Od koga gi posakuvash ? Koga kje ti se ostvorat ? Sto treba da napravish za da ti se ostvorat ?
Zavrsen Del: Dali ti se ostvorila nekoja od zelbite? Koj e zasluzen za toa ?[COLOR=red]Zavrsen Del: Dali ti se ostvorila nekoja od zelbite? Koj e zasluzen za toa ?


пиши:

Се ближи Нова година. Децата се радуваат затоа што веруваат дека таа ќе им ги исполни желбите за кои нивните родители немаат пари, време или добра волја. Секој човек има свои желби. И јас сум човек па, логично, и јас имам желби кои некој треба да ми ги исполни.

Мојата најголема и најитна желба е да ја воодушевам наставничката по мајчин јазик со убав состав на тема „Моите желби имаат име“. Тоа е благородна желба и со нејзиното остварување светот ќе стане поубаво место за живеење, барем за мене. Оваа желба ќе ми се оствари кога некој член на форумот Идивиди ќе ми помогне. Јас само треба културно да замолам некој што ги знае моите желби подобро од мене сето тоа да го спакува според упатствата на наставничката и да почекам трпеливо. Во меѓувреме би можел да се позанимавам на Фејсбук или да си ја проверам Фармата.

Верувам дека мојата желба чие име е Непознато другарче, напиши ми состав ќе ми се исполни. Најзаслужен за тоа ќе бидам јас, затоа што навистина вложив многу труд и енергија да најдам добродушен и надарен доброволец на форумот Идивиди.

Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2009 во 19:22
Originally posted by ben1 ben1 напиша:

Utre ce pravam pismena rabota i eve ja temata:
"Moite zelbi imaat ime"
Voved:Opsto za zelbite na decata za Nova Godina (i+ neso da napiseme sekoj covek ima svoi zelbi itnn...)
Glaven Del:Koi se tvoite zelbi ? Kakvi se ? Od koga gi posakuvash ? Koga kje ti se ostvorat ? Sto treba da napravish za da ti se ostvorat ?
Zavrsen Del: Dali ti se ostvorila nekoja od zelbite? Koj e zasluzen za toa ?Zavrsen Del: Dali ti se ostvorila nekoja od zelbite? Koj e zasluzen za toa ?Glaven Del:Koi se tvoite zelbi ? Kakvi se ? Od koga gi posakuvash ? Koga kje ti se ostvorat ? Sto treba da napravish za da ti se ostvorat ?Voved:Opsto za zelbite na decata za Nova Godina (i+ neso da napiseme sekoj covek ima svoi zelbi itnn...)


Site deca so razlichna boja na kozha beli, crni ,zholti imaat ista boja na zhelba spakuvana so ubava golema crvena mashna koja ke se odvrze bash za nova godina.
Taa zhelba e nesto ubavo milo posakuvano tolku dolgo...
a ostavarlivo tochno koga ke se spojat strelkite na chasovnikot vo taa snezhna nok........
nekoj posakuva sestrichka , nekoj barbika, nekoj velosiped ,nekoj kompjuter , nekoj dedoto da ozdravi,nekoj da ima sve petki,nekoj da stane glumec,nekoj da dobie roleri ,nekoi golemo chokolado ........
No ne samo decata si imat svoi zhelbi za nova godina....sekoj chovek posakuva vo taa volshebna nok da se sluchi dolgoochekuvanoto chudo ili ispolnuvanje na zhelba vo vid na zdravje , ljubov , pari  .....
I jas sum tuka so moite skromni zhelbi da bidam najdobar vo klasot , da bidam fudbaler , da bidam shampion na kompjuterski igri .......
Od koga gi posakuvam??
paaaa mislam deka od sekogash , sekogash se voodushevuvav na pametni lugje koi stanale nauchnici zatoa shto uchele mnogu, na fudbalerite koi znaat da spechalat mnogu pari no i da uporno treniraat discipinirano i otkazhuvajki se od mnogu raboti, i na hakerite koi se glavna shema so kompjuterite i so igrite vo niv.....
Ovie zhelbi jas mislam deka brzo ke mi se ostavrat zatoa shto znam shto treba da napravam !!
Prvo treba da si go planiram vremeto za da imam dovolno prostor da ucham i da bidam dobar uchenik , drugoto vreme da go posvetam na sportot na mojot omilen - fudbalot , i treto da gi slusham roditelite posebno majka mi i baba mi koi posle mojata poslushnost ke mi kupat kompjuter i ke stanam glaven zver haker ...
ovie zhelbi se ushte ne mi se ostvareni no se vo pochetna faza........
Kako najzasluzhni se klasnata i nastavnicite koi uspevaat da ne nauchat za site pogledi kon svetot........zasluzhen za fudbalot e mojot bratuched koj aktivno si trenira i mi ja prenese ljubovta kon toj sport.........a posebno zasluzhni za ljubovta kon kompjuterot se moite prijateli forumdzhi od idividi forumot koi mnogu mi pomognaja vo sekoj smisol na zborot.........
NEKA NI BIDE SREKNA NOVATA GODINA I SITE ZHELBI DA NI SE ISPOLNAT
A POSEBNO MOITE ZATOA SHTO NAVISTINA SE TRUDEV......голема%20насмевка

Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2009 во 12:15
Originally posted by neznam neznam напиша:

No, jas pred da vi pisam gi prolistav site obrabotki i temi no ne najdov nishto konkretno za temata shto mi treba..

Да беше темата Вуче од Америка сите ќе се потепаа да напишат колку доларчиња им треба да им прати, а вујко Вања никој не го спомнуванамигнување
Вујко Вања
Авторот на драмата Вујко Вања, рускиот новелист, раскажувач и драматург Антон Павлович Чехов,  во книжевноста се појавил со кратки хуморески од обичниот живот и веднаш ја потврдил својата извонредба дарба за забележување, длабоко разбирање на суштината на човештвото и смислата за нејзиното духовно  обликување.Во своите новели Чехов ги прикажува обичните луѓе, осудени и отфрлени од својата средина. Низ карактерот на своите јунаци дава фантастична претстава за средината од која потекнуваат. Во неговите драми нема фибула како во класична смисла на зборот , туку тоа најчесто се исповеди за внатрешните  борби и конфликти. Такви се и ликовите во неговата драма Вујко Вања.
Живеејки во типично руско село од тоа време, на имотот од кој се откажал во интерес на својата покојна сестра, Вујко Вања, човек без свои жена и деца се грижи за доброто на својата внука. Работи неуморно на имотот и се грижи Соња да не го осети недостатокот од родителите. Иако поголемиот дел од приходите од имотот ги троши неговиот себичен зет, Вујко Вања не се грижи за тоа.Работливиот и скромен Ивањицки смета дека мирот и спокојството на  секојдневието не се плаќа со никакви пари. Но,  секојдневието го нарушува враќањето на Серебрјаков со својата втора жена, 27 годишната Елена. Наспроти Вујко Вања, работлив и морален  обичен човек,застанува овој љубител на развратниот живот, самобендисан егоист и внесува огромен немир меѓу нив.
Со својот егоизам и честите ноќни пирови кога ги буди сите, а потоа одкако ќе ги задоволи своите ниски страсти, сите да ги фалат неговите критики, неговото пишување,  без грижа на совеста легнува и заспива оставајки ги другите будни.

Дење, додека Вујко Вања, Соња и пропаднатиот спахија Телегрин работат да  му обезбедат лагоден живот, тој спие. Само старата дадилка Марина умее, ненаметливо обраќајки му се со професоре да го потхрани неговиот егоизам, но и да го приземји, да го спаси мирот на другите од оваа жива напаст. Трпението е при крај. Конфликтот на интересите настапува една бурна ноќ. Бурата и невремето како да навлегуваат во салонот на имотот. Селскиот лекар, но и пијаница  поради грижа на совеста заради смрта на негов пациент,  Астров го започнува хаосот. Елена, младата жена на Серберјаков, во желба да и помогне на младата Соња да ја оствари својата љубов кон овој човек љубезно се труди да  му објасни дека Соња не е дете туку млада жена. Но, овој како да не ја слуша.  Изјавувајки и љубов нејзе и бакнувајки ја го предизвикува немиот сведок на овој чин Вујко Вања од  секојдневен човек кој и самиот е заљубен во Елена и кој радостите од љубовта  ги потиснал длабоко, да стане ѕвер. Кулминацијата настапува  во  мигот кога  себичниот  Серебрјаков им соопштува дека решил да го продаде имотот. Психичкото растројство како молња го погодува Вујко Вања. Тогаш тој му кажува на својот себичен зет дека неможе да продаде туѓ имот. Имотот од кој тој живее развратен живот во суштина е наследство на неговата ќерка  од нејзината  покојна мајка. Само случајноста го спасува Вујко Вања да не стане убиец. За негова среќа, но и за среќа на сите тој промашува кога пука . И како што умее само Чехов, расплетот настапува сам по себе. Себичниот Серебрјаков заминува од имотот, носејки го со себе јаболкото на раздорот, младата Елена. Останатите продолжуваат да го живеат секојдневието. Овие обични луѓе напред ги води  убедувањето на младата Соња дека во некој друг живот сите тие ќе бидат наградени за својата добрина.
Со едноставниот јазик на кој зборуваат  јунаците на Чехов се  отсликува музиката на секојдневието и со вешто компонираната лирика е  испеано  тажното умирање на еден свет на крајот на стариот  и почетокот на новиот  , можеби подобар век.

Кон врв
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2009 во 19:05
Originally posted by V_i_l_i V_i_l_i напиша:

zdravoo deckii .. mi treba pomos za esej.. ako mozete da mi najdete esej za analiza na likovite Jon i Velika od `Pirej` .. najdov za Velika sega mi treba za Jon..pls mi treba za utre .. fala mnoguuuu


Јон рано останал без родители и самиот морал да се грижи за себе. Се сеќава на топлината на мајчината љубов, но се сеќава на суровоста и бесчувствителноста на таткото. Детството го живее во манастир, а потоа е присилен да им се придружи на комитите, на еден суров живот ( одиш, колеш и чекаш да те заколат ). По женидбата тој е подготвен многу да работи за да го обезбеди семејството, но тој живот кратко трае. Всушност неговиот живот е војничкиот живот. Војувајќи во српската војна, тој се надева дека и неговата татковина ќе биде ослободена, дека и Македонија ќе добие нешто. Но по завршувањето на војната и преживувањето на најстрашните случувања во неа, тој ги губи илузите дека ќе се живее подобро. Уште пострашно за него е сознанието за смртта на децата. Се наоѓа во безизлез. Добродушниот, ведар, мирен, посветен родител и татко станува ѕвер. Тој е всушност трагична личност. Јон нема сила како Велика да продолжи понатаму. Почнува да пие, да се губи себеси, целосно да се однародува и посакува да умре. Тој не бара излез за живот, тој бара пат кон смртта, кон крајот!


You think you are perfect? Well, try walking on water...
Кон врв
zika008 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 30.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zika008 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2009 во 18:19
К А Н Ц О Н И Е Р

    Франческо Петрарка уште од својата младост пишувал песни на народен јазик, на кои не им придавал големо значење, затоа што бил убеден дека само делата пишувани на латински јазик имаат вистинска уметничка вредност. Песните што ги пишувал на народен јазик имале главно, љубовна содржина и сите биле инспирирани од неговата голема љубов спрема гос- поѓата Лаура. Тој за неа пишувал цели три децении. Песните ги собирал во зборникот ,, Кан- цониер“ кој е поделен на два дела ,,Животот на госпоѓа Лаура“ и „Смртта на госпоѓа Лаура“. Освен љубовните песни и сонети има и творби со филозофска и политичка содржина.
    Во сонетата од првиот дел „Животот на госпоѓа Лаура “ Петрарка ги изразил своите искрени чувства спрема саканата и ја претставил како образец на добрината. Тој во своето дело се задржува на нејзината убавина, опишувајќи и споредувајќи ја како божица. Убави-ната, постапките и добрите особини на Лаура се опишани во многу варијации. Прекрасната жена е недостижна за Франческо бидејќи таа е омажена и има повеќе деца затоа и неговата љубов била безнадежна, проткаена со многу неспокојство,осаменост и тага. Петрарка, како човек на новото време што доаѓало, не може лесно да се ослободи од моралите и верските норми на средновековието и безрезервно да им се оддаде на својата љубов и занес. Во вториот дел од ,, Канцониер’’ ǔ е посветен на мртвата Лаура. Во спомените на поетот најзиниот лик се јавува во нова светлина. Канцонерот завршува со песната во која Петрарка ја моли Богородица да побара од Господ прошка за него, бидејќи не може да се откаже од својата љубов.
    Петрарка е поет на сонети, бидејќи тие биле најсоодветни на неговата инспирација. Малата форма на сонетот бара стегнат израз, а неговата метрична правилност мислата ја организира во цврста и едноставна целина. Сето тоа го постигнал Петрарка доведувајќи го сонетот (како лирски вид) до совршенство.
Кон врв
zika008 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 30.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zika008 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2009 во 18:28
Eve nekolku sostavi i od mene.. :)


П Е К О Л О Т

     Пеколот претставува прв дел од големата поемска творба Божествената комедија. Основната инспирација за создавање на оваа поетска творба му дала Беатриче. Меѓутоа, важно значење за нејзиното создавање имало и неговото лично животно и политичко искуство, како и општествено-политичките прилики во Италија, посебно во неговата родна Фиренца, во која одделните партии воделе жестока борба за власт. Иако Данте започнал да ја пишува во Фиренца, конечно нејзиното реализирање ја завршил со прогонство под многу тешки животни услови.
      Во своите песни до Пеколот Данте ја дал својата визија на пеколот како мрачна, огромна инка што се спушта во средиштето на земјата, центарот на гравитацијата, каде се наоѓа Луцифер- симбол на злото. И сообразниот пекол го поделил на 9 круга кои постепено се стеснуваат. Најтесен бил последниот, што се наоѓал во центарот на земјата. Секој круг го поделил на помали одделни кругови во кои се сместени грешниците, според степенот на направени грешки во животот. Воден од вистинскиот творечки инстинкт, Данте сакал што пореалистично да ги наслика папите- претставници на католичката црква. Сместувањето на папите во пеколот, а не во рајот треба да послужи како показ дека во времето на Данте во очите на средновековниот човек почнал да опаѓа авторитетот на црквата. Во пеколот се наоѓаат елементи на нови сваќања и идеи, спротивни на идеите на средновековието со кои Данте ја превестил ренесансата. Во вториот круг се мачат сладострасниците, зашто телесната љубов христијанската црква ја сметала за грешна. Тој сакал да укаже дека телесната љубов не треба да се презре и казнува, туку таа треба да се почитува.
    Во Пеколот Данте насликал цела галерија од човечки карактери. При сликањето на ликовите покажал мајсторство на голем и врвен уметник. Во секој лик претставил црти од психологијата на епохата. Широките слики и многубројните ликови целосно го разоткриваат духовниот и материјалниот живот на луѓето во тогашна Фиренца. Една од големите заслуги на Данте е што пејсажот са јавува како поетска инспирација и како објект. Силното и непосредното чуство за природата што се појавло кај него во младите години подоцна силно се зајакнало и почнало да се добива длабочината и да се нијансира под неговото идејно офирмување во целукупното творештво. Сликата на природата најчесто ги зема од родната земја и ги вклопува во описот на пеколот.
______________________________________________________

                   Дон Кихот

     Во ремегделото на Шпанската и светската книжевности и во најпреведуваната книга во светот, после Библијата, ги среќаваме Дон Кихот и Санчо Панса. Слободата и среќата не треба да се продаваат, ниту за сите богатства на светот, и да се ослободи срцето од лошите мисли, се мислите водилки во умот на Дон Кихот, кои со векови се слушаат низ светот.
     Рицарот со тажно срце, сосема се изгубил и во свеста му се родила необична мисла, да стане рицар – скитник, да тргне во авантури, да донесе правда, да помага на бедните, понижените и повредените. Со своите дела, сакал да им донесе среќа и добро на несреќните. Дон Кихот е идеалист и занесеник кој се судира со стварноста во која владеат нормите. За среќа на светот тој е трагичар, мудрец, хуман, а во истовреме среќен кога ги презира богатите и ја цени слободата во сиромаштијата. Првиот идеал на Дон Кихот му е да донесе преродба во хуманизмот, слободата и правдата. Токму тогаш, се појавува парадоксот на неговите идеали и стварноста. Честопати во своите постапки бил смешен. Наспроти Дон Кихот е Санчо Панса, селанец, коњушкар, необразуван,но многу бистар и нивниот однос бил многу сложен, и од тие карактерни спротивности, денес светот многу учи. Дон Кихот со своите безсмртни подвизи,сакал да си го стави името во храмот на безсмртноста, и затоа често зборувал за златното време од историјата на човештвото. Дон Кихот предизвикува задоволство, а и истовреме служи за поука, за лик на кого му недостига практичен дух. Реалниот свет, го гледа низ призмата на својата фантазија. Тој трпел глад, жед, студ, удари, но не се откажувал од мислата дека треба да се помага на луѓето. Бидејќи не можел да го гледа животот таков каков што е, со своите постапки се доведувал од смешна до жална состојба, која прилега на луд човек, за безумник. Задуен од хуманистичките идеи на ренесансата, тој се залагал за враќање на првобитното општество, кога луѓето биле слободни и рамноправни.
     Со својата поетска дарба Дон Кихот ја искажувал љубовта кон Дулчинеа. Фантазерството, добрината, саможртвеноста на Дон Кихот за да прави хумани дела, иако не е верен за тоа, го наметнале поимот донкихотство кое постои до ден-денес. Со исмејувањето на благородниците, настанува пародија, која со вековите е проучувана. Празните илузии се во судир со суровата стварност, кои се уште постојат.Ликовите Дон Кихот и Санчо Панса заедно создаваат еден лик, на нов човек исполнет со возвишени идеали, за почитување на човечкот достоинство, за верба и духовна моќ на човекот.

___________________________________________________________

                             Хамлет

Хамлет на Шекспир е римејк на популарна драма базирана на историска фикција.Хамлет е сложен лик кој со векови претставува мистерија и инспирација за милиони луѓе. Гневниот, тажен принц Хамлет и неговото разочарување од животот го возвишува неговиот дух во височините на љубовта и омразата. Размислувајќи за секоја своја постапка и колебајќи се за нејзиното извршување тој доаѓа до разумни мислења. Хамлет се определил за животот бидејќи тој му овозможува на човекот да се надева и да сонува, да љуби и да мрази.
      Хамлет е пред се многу лабилен, несигурн лик, постојано се наоѓа некаде помеѓу должноста и бегството.Постојано сконцентри-ран и фиксиран врз проблемот за кој не е ни сигурен дека постои, потоа се провлекува и доза на шизофренија низ неговите постап-ки, моменти на луцидност и губење, значи мора да се потенцира неговата природа за да може да се дојде до некој, било каков одговор. Тој мора да биде сигурен пред било што да направи, затоа
што не би можел да просто да поднесе да го гризе совеста, тука е и неговата поранешна приврзаност со мајчинската фигура која тој чувствува дека го предала.Верувам дека тој би го пролонгирал убиството да може до бескрајност, затоа што колку и да звучи чуд-но, тој ужива во својата улога на маченик, мислител и философ, а притоа се обидува очајно од неа да избега. Токму затоа доказите му се и толку битни, неговиот слаб и неодговорен лик е толку јасно отцртан со што веднаш се доаѓа до заклучок зошто тој и не е спосо-бен да ја донесе веднаш одлуката. На моменти Хамлет знаел да нав-лече маска на лудак за да може да дојде до некоја вистина и да кажува вистини.
      Омразата е длабоко во неговата душа и за да ја одбрани својата чест го убил убиецот на татко му. Со својата љубов сакал да се бори против кризата на моралот и олицитворение на лажната љубов. Тој ја почуствувал и лажната мајчинска љубов и лажното пријателство, кои биле трагични за неговиот живот. Жртвата на Хамлет не била залудна, таа била патоказ за идните генерации да размислуваат совесно и да се борат против неправдите и лажниот морал во меѓучовечките односи.
_________________________________________________________

Слободата на ренесансата

      Во средината на ХV век кога капиталистичките односи во Италија и во другите европски земји силно се развиле и зајакнале, почнале да се создаваат многу поповолни услови за општествено-политички, економски, културен напредок. Во тој период почнале да се формираат одделни науки и национални јазици и да се создаваат нови модерни држави со неограничена монархистичка власт, во кои буржоазијата имала решавачки збор. Благодаре- ние на напредните погледи и стремежите, во средината на ХV век буржоазијата му подарила на човештвото уште едно ново движење, познато под името ренесанса или преродба.
    Со името ренесанса не се означувало само преродба на античката, римско-грчката литература и култура, туку и преродба на целокупниот современ живот. Ренесансата ги прифатила придобивките на хуманизмот и ги развила во нови посовремени форми и содржини. Спотивно на средновековието религиозното сфаќање за човекот кој треба на земјата да се подготвува за некаков задгробен живот, таа уште повеке го зацврстила сваќањето на човекот морал да има ново сфаќање за животот и за сопствените права.Тој морал да биде слободно суштество, кое слободно ке се развива и ќе ги ползува благодетите што му ги пружи овоземскиот живот. За време на ренесансата сликарството,вајарството и архитектурата го доживеале својот сестран расцут. Новите ренесансни творци успеале да ја ослободат уметноста од анонимноста и наивноста и да ја издигнат на степен на наука. Забележителен напредок постигнала и литературата. Писателите своите уметнички творби ги освежиле со мотиви и теми од новиот ренесансен живот.Слично на творците на сликарството,вајарството и архитектурата, и тие почнале да ја проучуваат природата и анатомијата на човечкото тело, душата и живот, како и законот за пространственоста, кои станале основна цел во нивните творби. Тие се стремиле своите творби да ги ослободат од наивноста и да ги создаваат така, што во нив да не се наруши или оштети убавината на целосната слика за животот на човекот. Во секоја творба требало да преовладува издифиренцирана психолошка анализа, одмерност, сразмерност, рамнотежа, хармонија и духовна ведрина за да може творбата да го разубавува и облагодародува животот.
     Кога се има предвид дека ренесансните писатели, помалку или повеќе, ги создавале своите уметнички творби врз темелите на античката, римско-грчката литература, тогаш сосема било нормално што тие посветувале посебно внимание во создавањето на литературните жанрови лирската песна, епската форма во стихови и прозната и драма во стих и проза и на нивните стилски особености. Со тоа овозможиле да се создадат поволни предуслови за изградување на класицистичката поетика во XVIII век, во која биле строго определени стилските особености на одделните литературни жанрови.
______________________________________________________

Трубадурите на ренесансата – однос на Данте и
   Петрарка кон идеализираната жена

        Хуманизмот и ренесансата се периоди кои настануваат по завршувањето на средновековието и почетокот на новиот век. Тогаш настанале многу пресврти, а најмногу во Италија. Тогашните луѓе почнале да сваќаат дека треба поинаку да го живеат животот или како што тогашните писатели рекле: „Животот сега, а не после смртта“. Најпознати ренесансни писатели се: Данте Алигери, Џовани Бокачо и Франческо Петрарка.
       Овие ренесансни писатели сфатиле дека треба да почнат да свој живот, со свое мислење и изразување. Тие сфатиле дека ако продолжат само за љубовта спрема Бог како што налагала црквата, тогаш литературата никогаш нема да доживее убави литературни дела и содржини. Овој пресврт го започнал Данте Алигери, кој се смета за предренесансен писател. Бидејќи почнал да се изразува слободно, да пишува за љубовта кон Беатриче. Иако црквата не го дозволувала тоа, но тој продолжил да пишува иако бил далеку од родната Фиренца. Во своето дело „Нов живот “ тој ја опишува својата платонска љубов. Тој со голема болка ги пишувал стиховите:
        „ Плач од болка и воздив од тага
          го горат срцево кога сум сам,
          би ме сожалил секој кој ќе ме чуе
          зошто каков е животот мој?
          Откако саканата на оној свет појде
          нема јазик кој таа може да го каже.
Данте Алигери многу слободно се изразувал и мислам дека правилно постапил. Ги опишу- вал силните чувства. И Франческо Петрарка како и Данте Алигери, почнал слободно да се изразува. Тој бил лудо вљубен во Лаура. Но и тој страдал, бидејќи и неговата љубов била платонска,а не телесна. Едвај ја контролирал страста која го обземала. Бил уплашен биде- јќи во секој момент можел да направи некој грев. Во својата збирка од песни „Канцонер“ ги опишал чувствата кон Лаура. Цитирам:
       „ – Не, нема мир, ни војна ниту враг,
          се плашам в надеш, стинеам и горам,
          се влечам во прав, со облици се борам
          за сите туг, ги барам сите пак. “
Според мене тој ја искажува својата болка, а воедно е љубовта што ја чувствувал. Додека пак Џовани Бокачо, бил писател кој најслободно пишувал.Тој пишувал новели во кои употребувал слободно изразување. Го напишал „Декамерон“. Опишал случки од секојдневниот живот.
        Јас мислам дека овие тројца ренесансни писатели, навистина многу придонеле за денешната литература. Според мене тие добро постапиле што почнале да се изразуваат слободно. Нивните дела за денешната литература се од големо значење. Јас сметам дека без нивно учење, без нивните дела и слободно изразување ние не би имале таква литература каква што имаме денес.

________________________________________________________

Душевната тага на Гилгамеш – вознемиреност и страв

     Јунакот на Сумерската епика – Гилгамеш бил цар, владетел, бог со човечки белези и јунак со скршено срце.
      Гилгамеш е историска личност кој ја почувствувал власта и убавината на јуначките подвизи, ама не му било судено да биде бесмртем. Како цар имал голема физичка сила, го угнетувал својот народ сè до оној момент кога се сретнал со дивиот човек Енкиду. Тоа дружење го изменило неговиот див карактер и тој се прочул со многу подвизи и добри дела. Со Енкиду Гилгамеш ја извојувал најголемата победа во својот живот против чудовиштето Кумбабу, кое било чувар на кедровата шума. Кога Енкиду умрел, Гилгамеш се оддал на размислување за смислата на човековото постоење, за бесмртноста, за славата и за тагата, Гилгамеш – човекот силник и похотник ја почувствувал болката и радоста кога најмалку очекувал. Иако две третини бог тој е суден да ја носи судбината на смртните да го одживее проклетството на боговите. Голема е болката за загубниот пријател, од која осознава дека и најхрабрите јунаци не се бесмртни. Затоа во страв и вознемиреност се прашува: „Зар и тој вака ќе замине еден ден, и тој ќе умре, но кој ќе жали за него“. Гилгамеш со неизвес-ност ќе тргне по трнливиот пат на пречки, искушенија и опасноста да ја бара „трефката на вечноста “. Според него бесмртните човекови добри дела кои се симбол на бедемите на градот Урук треба да го надживеат јунакот. Иако е искрен во својата тага, тој е упорен во преголемата желба за „вечениот живот “. Душевната тага на Гилгамеш прераснува во голема вознемиреност и страв. Не може да се препознае храбриот ловец со наведната глава, уплашен, со душа преполна јадови и заскитен поглед. Но тоа не е од страв туку од болка кон изгубениот пријател и брад. Стравот од помислата за сопствената смрт е уште потешка болка во душата на Гилгамеш.
     Иако поминале илјадници години неговиот глас допира и до нас, искрено и чисто поминувајќи низ дебелите слоеви на земјата, време и заборав. Преку душевната тага на Гилгамеш откриваме едно вечно човечко чувство – тага по изгубениот близок пријател, што секој човек во секое време го чувствува.

________________________________________________

Победата на љубовта во класицизмот

    Љубовта е лајт мотив на животот. Таа е движечка сила за која низ вековите се живеело, се борело и се умирало.Во одредени периоди љубовта била непресушен извор на идеи, од кои се напишани најубавите класични дела. Во времето на класицизмот, се негувал култот кон убавото и прекрасното. Љубовта била извор за прекрасното во животот и хармонијата во вселената. Љубовта ги обединува хармонијата и убавината , кои се барале во сé, во природата, во животот, во уметничките дела, зошто љубовта била патот до совршенството на човекот. Пишувајќи и опевувајќи ја љубовта во класицизмот, не биле среќни само авторите, туку и молиони читатели низ вековите.
    Во времето на класицизмот љубовта не секогаш имала среќен крај. Во многу дела, таа е трагедија за среќата и љубовните надежи на двајца млади. Омразата и поделбата на сталежи ја оневозможувала љубовта да се искаже и затоа таа имала трагичен крај. За да се одбрани честа и достоинството, се откажувало од љубовта и надежта да се оствари среќа, и да победи љубовта. И Родриго и Химена се ликови од класичната епопеја на нивните животи. Преку нивните ликови е претставена трагедијата за среќата и љубовта во нивното време. Тие воделе мрачна борба помеѓу љубовта и обврската да се одбрани честа на својата фамилија. Борејќи се за одбрана на честа, неможат да ја задушат својата љубов која станала се посилна. Љубовта победува се и носи радост кон сите. Среќниот крај во тешката издвојувана победа го наговестува раѓањето на новиот граѓански морал, кој е похуман од стариот феудален морал, кој со фанатичен култ на фамилиарната чест, ги дехуманизира човечките односи.
    Иако била критикувана љубовта во класицизмот сепак делата инспирирани од љубовта добила највисок степен на уметничка вредност. Делата напишани во класицизмот биле непосредно врзани за античкото минато и современото романтичарско тежнеење, во кои главна е улогата на љубовта. Љубовта била полет на имиганицијата и занес на страстите, која претставува извор на творечката енергија, со која се остварувала победа на духот, поттик за уметникот.
_______________________________________________________

Тартиф е вечна составка на човештвото

Тартиф е лицемерен богомолец, кој со своето сериозно движење , големата побожност и милосрдие ги заслепува луѓето околу себе. Таа лажност ја откриваат другите, но маската на Тартиф е уверлива и целосна, во која неможе секој да поверува. Добриот Оргон е спремен да се откаже од фамилијата, но не и од Тартиф. За да ја докаже својата приврзаност кон Тартиф, му ја ветува својата керќа. Кога Оргон ќе ја почувствува дволичноста на Тартиф, веќе било предо-цна да ја исправи својата грешка. За среќа кралот е мудар и справедлив, кој ги препознава своите измамници и правдата доаѓа на свое место.
   Тартиф има способност да ги открие слабостите на луѓето и со помош на лицемерството да ги искаже своите цели. Подлоста на Тартиф е многу вешто маскирана зашто секоја лага и злодело, тој ги прикрива со виши цели. Тој е вистински лик на лаком, ненаситен и развратен човек. Во ликот на Тартиф, Молиер го олицитворил лицемерството на христијанската црква. Свештениците кои проповедаат : аскетизам, љубов кон ближниот , милосрдие, некористољубивост, всушност, се лицемери, со ниски користољубиви побуди. Во коме- дијата „Тартиф“ дошле до израз слободољубието и материјализмот, кои ги има низ вековите и кои постојат до ден денес. Сатирата на Тартиф е насочена против религијата и лицемерството, што ги заслепува луѓето и од нив прави марионетки. Нивната побожност, чесност и морал, ги тера да веруваат дека луѓето не носат маски.
     Тартиф е вечна составка на човештвото. Постоеле, постојат и ќе постојат луѓе, кои не бираат средства за да ги остварат своите цели. Луѓе лицемерни и дволични, кои ја искористуваат добрината и невиноста на праведните. Луѓето со маски, додека да се откријат тие ги остваруваат своите цели, но остануваат облежани со своите не - дела.
______________________________________________________

Лик од мојата фотографија

Централно место во стаклениот скаф во собата на баба ми зафака една дрвена рамка во која се наога фотографијата. Фотографијата на прв поглед изгледа многу старо во црно-бела боја,избледеана по краевите но сепак многу зачувана. Изгледот не лаже,со лубопитност и чудење ја прашав баба ми за ликовите од фотографијата и времето кога таа е направена.
Баба ми со радост почна да ми го раскажуваза ликовите од фотографијата и времето кога таа е направена. На фотографијата се моите баба и дедо со моите чирковци,тетки и татко ми кога биле мали- рече баба ми.Таа не го памети дедо и, го знае од оваа фотографија која и е единствен спомен. Но, не жали многу за него туку за нејзината тетка која умрела млада пред таа да се роди. Многу е интересна облеката во која се сликани ликовите. Родителите се во средината,а околу нив стојат нивните деца.Баба ми вели дека се облечени свечена облека за Велигден.Тогаш е направена оваа фотографија за време на Велигденските празници,а мене ме потсекаат на децата од играорната секција, облечени во македонска народна носија. Баба ми ова фотогра-фија ја пронашла многу одамна и многу се израдувала што нашла спомен од нејзините предци.За неа оваа фотографија има непроценливо значење. Затоа ја чува, бидејки таа е дел од семејната историја.Со тага во очите ми раскажуваше за секој лик подетално.Сите тие одамна се изумрени,но преку фотографијата сигурноќе јанаследи мајка му, но и јас ке ја чувам и ќе се сеќавам на моите предци. Би сакал да има многу вакви спомени,но баба ми бели дека тоа во онаа време било реткост и затоа има малку вакви фотографии.              
     На задната страна од фотографијата испишана е една порака која ме занемени. ‘‘Човек умира а пепел станува, но сликата за успомен останува‘‘.Долго ги гледав зборовите и мислев колку голема вистина и мудрост има во нив. И кога сме тажни, и кога сме весели фотографијата е секогаш тука до нас, нас нема да ни ги вратат спомените и мислите кон блиските кои не се меѓу нас.

________________________________________________________







Кон врв
zika008 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 30.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zika008 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2009 во 18:33
Љубовта ја облагородува и оплеменува човековата душа

   Љубовта е најсилното, најмоќното и најискреното чувство без кое неможе да
се живее. Се раѓаме од љубов, живееме опкружени со љубов, дарувајќи љубов
и се бориме за возвратена љубов. Да се сподели љубовта со најблиските е
радост и среќа, мелем за човечката душа. Таа не води низ животот, ја обла-
городува и оплеменува душата и го збогатува срцето. Возвратената љубов ни
дава желба и поттик за живот, додека невозвратената љубов носи разочару-
вање и тага.
     Љубовта не избира сретства и методи да се изкаже. Испишани се илјадници
страници песна, испеани милиони стихови за љубовта. За неа не постојат
граници, вера, националност. Љубовта кон татковината, природата, живот-
ните , блиските не може да са измери, ниту пак да са спореди со било што. Таа
е неизмерна, величествена, длабока, и неуништлива. Љубовта е песна на ду-
шата испеана, која се слуша на далеку ко од мрамор излеана и води кон мор-
ската шир. Без љубовта човек е изгубен во патиштата на животот. Со љубов
се живее, радува и ужива во убавините на животот. Со љубов ние постоиме
таа не води кон посреќна и поубава иднина. Љубовта е песна на раѓањето,
животот и смртта која ја компонира и слуша само срцето. Честопати љубовта
е драма во три чина: започнува со поглед, продолжува со бакнеж а завршува
со солзи. Човековата душа ке биде оплеменате и облагородена кога љубовта ке
биде вечна и искрена. Сакам светлината на денот да биде исполнета со љубов,
сонцето да ја топли љубовта, а навечер ѕвездите да сјаат од љубов. Љубовта ја
создава добрината во душата и се бори со злото, таа ја прави душата неуморна
и безсмрттна. Љубовта не умира и тогаш кога човековата душа заминува во
неповрат. Со љубов зборуваме за скаканите и тогаш кога не се мегу нас-живи-
те и тогаш кога се далеку и тогаш кога неможат да не чујат.
      Стотици луѓе ја бараат среќата, илијадници убавината, милиони радоста
но сите тие ја бараат љубовта. Таа е ѕвезда водилка низ животот и тогаш кога
душата умира љубовта само тагува. Со љубов се бориме за животните цели
со љубов се грижиме за блиските,зар постои поголема цена на љубовта? За
љубовта се воделе војни ,за љубовта се гинели , за љубовта се живее !!!

_________________________________________________________

Музиката одраз на човечката душа

    Низ стиховите, нотите, песната се искажуваат чувствата на човекот. Музиката е чувар на култорното и духовното богатство на човекот. Честопати човекот бара утеха во музиката, а низ песна ја искажува радоста. Од кога постои човекот оттогаш постои и музиката и поврза- носта на човекот и музиката е нераскинлива и вечна. Низ музиката ги запознаваме обичаите, навиките и традициите на луѓето низ вековите. Музиката се пренесува од генерација на генерација не умирајќи и не застанувајќи пред времето. Стиховите на поетите и нотите на композиторите во кои ги искажале своите чувства и доживување имаат непроценливи вредности.
    Пеејќи и компонирајќи човекот наоѓа мир и спокој за душата во тага, а блеска од радост и среќа, оставајќи белег од своето постоење. Секој дел од музиката искажува нешто возвишено и човечно кое извира длабоко од срцето и душата на уметникот. За музиката не постоат граици, територии, годишни времиња и маала, таа е насекаде околу нас,била и ќе биде дел од нашето секојдневие. Со првите ноти, со првите стихови кои ке ги чуеме понекогаш ни затреперува срцето и ни се отвора душата. Гордост е да се пее на свој мајчин јазик било каде низ светот и да се искаже своето битие. Слушајќи го звукот на зурлите и тапаните во мене трепери здивот, воздишки тешк ми навираат, а пред очите моите претци. Музиката му буди спомени на мојот народ, ја буди љубовта кон татковината, низ музиката се испишани убавините на природата и испеани чувствата на љубовта. Со песна ја искажуваме својата љубов, своите желби и маки.
    Со солзи во очите може да се запее, заигра да се заборави тагата, да се утеши душата. Песните, серенадите знаат да бидат помирување помеѓу вљубените, а песните печалбарска утеха за носталгијата кон родното огниште. Музиката е одраз на човечката душа и траен белег на сите веселби и прослави. Таа не умира туку не оживува и ни го разубавува животот.

_________________________________________________________


              Погледи кон детството

    Човекот еднаш се раѓа, еднаш умира и само еднаш е дете. Најубавиот, највеселиот, најбезгрижниот живот е животот на детето. Детето е искрено, наивно и среќно. Убаво е да си дете велат сите. Спомените од детството остануваат длабоко врежани во срцата на секој и траат се додека чука срцето.
      Многу е тешко да си дете. Чудно но вистинито. Возрасните се опседнети со свои проблеми, забораваат дека и тие некогаш биле деца, па и неможат да ги сватат некогаш детските лудории. Секое дете сака да биде сакано, милувано и неговите мали но слатки желби да бидат исполнети. Проблемите на децата честопати честопати возрасните не ги сфакаат сериозно и тоа носи жал и тага во малите,слатки и искрени детски срца.
     Не сакам да пораснам и да бидам дел од светот на возрасните. Таму нема игри, дружења, смеа и искреност. Возрасните имаат премногу обврски и забораваат на дружењето, забавите, игрите. Родителите го користат сето свое слободно време за дружење со своите деца, но децата бараат повеке љубов. Детскиот свет бргу поминува, така ни се чини нас децата. Детскиот свет е свет на приказни, игри, дружења и безброј дни исполнети со радост. Секој човек кога раскажува со длабоки чувства и без здив се секава на најубавиот дел од животот. Затоа на сите деца во целиот свет им порачувам ,,живејте го среќно и весело детскиот живот не брзајте во светот на возрасните“.
________________________________________________________

Пораките на природата

    Природата дарува љубов, живот, убавина и задоволства за нашата душа и мил поглед за нашите очи. Сепак за да ја имаме убава природата треба да ја чуваме и негуваме, да ја штитиме и да не ја уништуваме. Таа бара љубов и внимание, а ни возвраќа со чист воздух и здрава животна средина.
    Природата е повредена ако кон неа се однесуваме несовесно, фрламе отпадоци насекаде, ги уништуваме дрвјата и зеленилото, ги загадуваме реките и езерата. Во современиот свет на брза технологија на многу фабрики и милиони автомобили, природата е загрозена. Но таа се бори со сите зла и ни дарува чист воздух. Непланираното сечење на шумите и многубројни пожари го уништуваат зелениот појас на природата. Затоа треба да ги негуваме младите дрвца, да ги пошумуваме голите ридови. Природата секогаш ни порачува да ја чуваме, да не ја загадуваме, затоа што таа мисли на нас и на идните генерации. Чистите и бистри реки, езера се здрава средина на водениот свет, но и на нас- луѓето.
    Природата треба да се чува за да не опкружува убавина од шуми,цвеќиња, бистри реки и чиста здрава околина. Убаво е кога ке одиме во прошетка и ќе видеме разеленети дрвја, расцутени цвекиња, бујна зелена трева и животни кои разиграно трчат низ убавините на природата. Птиците пеат низ разгрaнетите дрвја, а милиони пчелки да збираат мед од цвет на цвет, пеперутки ви кралски бои да латаат низ ливадите, таа е убавината на природата. Ние сме дел од неа, таа не опкружува и заедно со нас живee, расте и умира.
______________________________________________________

Dajte sega vie dr. sostavi .. :))
Кон врв
elena d Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај elena d Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2010 во 13:32
Еве неколку состави и од мене

*ДОБРОТО ОДНЕСУВАЊЕ ВРЕДИ ПОВЕЌЕ ОД СЕ*
Каде е единствениот човек кој е задоволен од себе? Сите нешто бараат, на сите нешто им недостига, сите за нешто се борат и бараат начин да си ги решат сопствените проблеми. И честопати многу луѓе забораваат на она што човекот го прави човек, по што се разликува од другите живи суштества на земјава, забораваат на тоа како треба да се однесуваат. Доброто однесување е голема доблест за оние што го поседуваат, и тоа на човекот може да му значи во животот повеќе и од што може да замисли. Треба добро да се однесуваме кон се што не опкружува, но прво место со целиот наш живот треба да покажуваме почит кон нашите родители, кон постарите и кон целата фамилија. За еден човек да има добро однесување во себе треба да има хуманост, почит и добро да биде воспитан. Доброто однесување секогаш не води напред кон поубавото и подоброто во животот. Затоа што овој живот може да биде најголема благодет, најубав подарок на оној што знае да размислува, сака да живее и добро да се однесува, а најголема казна за оној што не знае да живее и има лошо однесување. Бидејќи доброто однесување е слика на нашето минато, но клуч на нашата иднина.
_________________________________________________________

*ЛИКОТ НА ХАМЛЕТ*
...Најпрво треба да се прашаме - што сакал Шекспир кога го создавал ликот на Хамлет? Тој никогаш и ништо на пишувал без одредена замисла. Тогаш каква замисла имал кога решил да ја напише оваа трагедија? Изгледа, тој секогаш пред да почне да пишува, ја посматра приказната онака како што сликарот го гледа своето платно пред да почне да слика - како средство за изразување на своите мисли. Која е тогаш точката која Шекспир ја насочил во Хамлет? Тој сакал да наслика таква личност за која надворешниот свет, сите случувања би биле релативно невпечатливи и безначајни по себе, а би почнале да го интересираат само кога би постанале слика во огледалото на неговиот ум. Хамлет ги гледа надворешните работи на ист начин како човек со голема фантазија. Кога ќе ги затвори очите, пред себе го гледа она што претходно оставило печат на неговите сетила. Тој е вистински наследник на престолот, татко му умира на сомнителен начин, мајка му му го одзема престолот така што се мажи за неговиот стрико. Ни тоа не е се. Дури и духот на неговиот убиен татко се појавува, убедувајќи го синот дека него го убил сопственио брат. А каква е реакцијата на синот? Молњевита реакција и одмазда? Не. Бескрајно колебање, непрестанато обвинување на самиот себе за невнимателност, се додека цела одлучна енергија не испари во тие обвиненија. И тоа не од нехраброст, не од недостаток на премислување и бавно сфаќање, туку само поради таа аверзија према реакцијата која постои кој оние кои носат свет во самите себе. Па еве го ликот на Хамлет: слаба волја, но единствено поради шокот, а не поради неговата природа. Хамлет е по природа јак човек, неговата иронија, неговиот моментален гнев, неговите страсни избувнувања во разговорот со мајка му, поносен презир и голема омраза кон стрико му - сето тоа ја потврдува енергијата и величината на неговата душа. Предодреденоста, која на Хамлет ќе го донесе до одмазда на татко му е размената на мечовите од кои едниот е отровен, и испивањето на чашата со отров од страна на мајка му, наменети за него. Тој е прободен од отровниот меч, но пред да умре го убива својот чичко. Од сите можни прогнози би изгледало дека најмалку веројатна е таа дека Хамлет баш на тој начин ќе погине и дека на тој начин ќе го одмазди својот татко.
_________________________________________________________

*КИРИЛ И МЕТОДИЈ - ОСНОВОПОЛОЖНИЦИ НА СЛОВЕНСКАТА ПИСМЕНОСТ*
Аз, буки, веди... Кирил згрбавен над слабата светлина, на белата хартија со петлово перо ги нижи светлозрачните букви. Буква по буква, збор по збор ја создава светлината на слепите, звукот на глувите. Таа глаголицата им ги отвори очите на заслепените Словени од германската и грчка власт. Тие светци Кирил и Методиј им ја даваат храната и водата на гладните и жедни Словени. Константин е роден околу 826/827 година како најмало односно седмо дете на Лав и Марија, а Методиј е најстариот син, сеуште не се знае точно која година е роден. Константинуште како дете покажува голем интерес кон науката и почнува да се школува во високи школи. Се вработува во Магнаурската школа (во која што и самиот се школувал) како професор по филозофија. Поради големата истакнатост и напредност во својата професија го добива прекарот филозоф. Подоцна во Хазарската и Сараценската мисија, Кирил придружен од својот брат Методиј, го ослабнува верското влијание на еврејските и арабските мисионери. За разлика од нив најважна била Моравската мисија. По праќањето на писмото од моравскиот кнез Ростислав да византискиот император Михаил III со молба да им испрати учени луѓе кои ќе ги описменат неуките Словени. Но, Слобениуте немале сопствена азбука. Со голема мака Кирил и Методиј им го даваат тој благодет. Но наскоро почнува неочекуваната војна со тријазичниците. Кирил храбро им се спротивставува укажувајќи дека Бог не рекол дека христијанството не треба да се проповеда на три јазици: еврејски, латински и грчки. Во 869 година се случуваат важни промени во словенската писменост. Римската црква официјално ја признава словенската писменост т.е. делото на Кирил и Методиј. Константин се замонашува и го добива името Кирил, а Методиј добива свештенички чин. По официјалното признавање на словенската писменост, Кирил се разболува. Набргу животниот пат на Кирил престанува, а на смртна постела му остава обврска на брата си Методија да ја доора започнатата нива односно и понатаму да ја шири словенската писменост. Но бидејќи животот е тркало кое непристрасно се врти, Методиј со неговите ученици се наоѓаат во тешка состојба односно зад решетки. Методиј исцрпен од борбата со германското општество умира, додека неговите ученици доживуваат пеколна судбина. Некои од нив после долгите измачувања биле протерувани од Моравија и Панонија, некои од нив повторно биле поробувани и немилосрдно продавани како робови, некои како што бил Горазд, кој што требало да биде Методиев заменик, им исчезнува трагата засекогаш. Делата на Кирил и Методиј ќе останат засекогаш да сведочат за тешката борба за описменување на словенскиот народ и како што кажува Климент во своите дела:
„...Кога тие двајца ќе дојдат
слепите ќе прогледаат,
а глувите ќе слушаат...“
Кон врв
elena d Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај elena d Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2010 во 14:03
*ИЛИЈАДА - ЕПОПЕЈА ЗА ХЕРОЈСКИТЕ ГОЛЕМИНИ*
Дали постои човек кој го достигнал својот врв, својата кулминација со својата јуначка сила, со мудроста и добрината? Човек кој е чесен, предан на својата нација, човек кој претставува исклучок во општеството? Размислувам, прашувам, но како одговор го добивам ехото на тишината. А во моите раце стои ТАА - нејзиното височество. Еп над еповите, дело над делата пренесувана од колено на колено, од генерација на генерација, од античко време, па се до денес. Ја гледам и и се восхитувам, но малку сум вчудоневидена како воопшто слепиот Хомер го создал тоа врвно дело на човечкиот мозок. Илијадата е најовршената епопеја за сите народи и сите времиња, а темата се врти околу еден единствен настан - Тројанската војна. Вистинскиот мотив на оваа композиција односно душата на ова дело е гневот на главниот јунак (Ахил), а дејствието кое што е опеано од караницата помеѓу Ахил и Агамемнон, па дури до предавањето на мртвото тело на Хектор на стариот Пријам, се случува 51 ден од последната односно десетта година од Тројанската војна.
Ахил, јунак од чиј поглед и глас Тројанците како исплашени срни бегаат и се плашат да не го предизвикаат она кај него што се нарекува ГНЕВ. Тој е млад, со огромна количина горделивост, жестокост кон непријателот, одмаздливост и огорченост. Тој се вознемирувал од неправда, им се восхитувал на пријателските односи и умеел да ги совлада гневот и омразата кон непријателот. Но сепак во неговиот карактер како непровидна нишка се вметнуваат и особините на великодушен. Дрскиот Агамемнон му ја одзел најубавата и најсаканта Ахилова робинка (што Ахил ја добил како дар кога го зазел градот Лирнес) како замена за Хрисеида, а кај Ахил предизвикал силен гнев и омраза. А Ахил гордиот син на музата на морето Тетида и смртникот Пелеј се повлекол од бујното поле. Тој ѓаволствен младич со ангелско срце. Тоа божество потклекнува пред препреките на судбината. Поради неговите одлуки умираат многу луѓе, меѓу кој и неговиот пријател Патрокле прободен од Хекторовото копје. Гневот кај ахил станува се поголем и поголем, а на неговата омраза и нема крај.
Хектор е одважен и чесен борец, добар син и мил татко, нежен сопруг и гордоста на Троја, кој без да размисли за последиците се впушта во двобој со Ахил, плашејќи се за својата татковина односно за родната грутка која ќе биде понижена од грчката рака. Победник во двобојот е Ахил, но и така неговата одмазда не се задоволува. Го врзува избоденото тело на Хектор за неговата двоколка и врти околу ѕидините на Троја за тројанците да го видат овој немил настан. Откако му здосадува оваа игра на одмазда, Ахил се повлекува во својот шатор и ветува дека телото на Хектор ќе го фрли како храна на педовите, со што ја покажува својата себичност и алчност. Но тогаш доаѓа стариот Пријам во шаторот и го моли на Ахил да му го предаде мртвото тело на Хектор за да го исплаче и погреба со сите почести. Каменото срце на Ахил непопушта, но кога Пријам ќе го потсети на љубовта кон својот татко, тој ќе се расплачи и ќе му го предаде телото.
И до ден денешен Ахил претставува симбол на човечноста. А ако некогаш човештвото сакало да создаде идили на храброста, мудроста и љубовта тогаш сигурно би бил Ахил.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 113>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.