IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Македонци ширум светот
  Активни теми Активни теми RSS - Австралија или Канада да се оди?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Австралија или Канада да се оди?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 27>
Автор
Порака
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2012 во 00:48
Така е Мамче, првите 10 години се потешки, а потоа се свикнуваш или ти се смилува.....или пак ќе бидеш принуден да си ја свиткаш опашката.

Велат, иселеникот најдобро се чувствува кога е во авион и на одење и на враќање. Тогаш очекувањата му се најголеми и траат се додека не се соочи со реалноста, било ваму, било таму. Значи многу кратко 2-3 недели.
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Polar Bear Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Декември.2007
Локација: Канада
Статус: Офлајн
Поени: 1152
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polar Bear Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2012 во 04:06
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

Убаво образложивте и едните и другите, ама некако сите ги ставивте во ист кош. Ние мора да расчистиме дека нит тука ни таму сите живат на исто ниво и ист стандард.
Сум зборела со многу нашинци кои заминале “трбухом за крухом„ и во едно сите се согласуваат, сите кои отишле без капитал малку повеќе се измачиле (како што и опишаа горепишувачите од УПМголема насмевка) и сите да не била иднината на децата во пршање без размислување би се вратиле назад. Потоа навикнале.
 
Не знам за каков и колкав капитал зборуваш... Треба да разберете дека во ПМ се е за ред величина различно од МК. Ако некој продал стан, куќа или нешто земја во МК, мислиш ли дека тие стотина илјади евра, долари ли, ќе му направат некаква суштинска разлика во животот во ПМ? Не разбирате како се топат парите во ПМ. Колку има такви кои се иселуваат со десетици милиони долари и кои можат да си обезбедат живот без работа во ПМ?
 
Тоа со децата е булшит. Секој носи одлуки за себе. Не можеш да носиш одлука дваесет и пет години однапред, од каде знаеш каде ќе му биде подобро на детето. Тоа ти е како оние родители кои градат по три спрата куќи во селото каде што живеат (по спрат за секое дете), а на крај куќите им остануваат празни (и тие незадоволни), затоа што децата си ги земале животите во свои раце и одлучиле да живеат во град.
 
Originally posted by mamamd mamamd напиша:


Море луге и таму и тука не е исто да почнеш од лажиче за да кукиш куќа. Да бидеме искени арно им е на оние кои одат на државен трошок, кој куќат куќа додека  нашава Македонија ги плаќа. Останатите ако имаат некое образование успеваат, ако не бога ми ќе се помачат ко грешни ѓаволи. ( И не зборам напамет, имам и роднини и пријатели од различен социјален статус кои заминале навор, меѓу кои и милото на мама -како студентголема насмевка да си зарабои некое доларче)
 
Поимот „куќење“ има сосема различно значење во ПМ. И лажичето е со различна форма и големина.
 
Не е иселеништво за секого. Треба да си флексибилен (образованието помага многу), и промените да ги прифаќаш и правиш без многу тупење. Јас во ПМ не се мачам повеќе од што сум се мачел во НПМ. Е, сега ако некој се иселил без збор јазик, мери му го паметот, требало да му биде јасно дека ќе чисти тоалети и радиоактивен отпад. Замисли некој од некоја друга посиромашна ПМ да се досели во МК, без знаење македонски, шиптарски, бугарски или српски, што ќе работи тој?
 
Originally posted by mamamd mamamd напиша:


Незнам зошто правите споредби кога на старт зборуваме за сосема различни ситуации. Вие зборувате за земји со многу посредено ржавно уредување каде има закони кои се почитуваат.
Мене нема сила која ќе ми го смени мислењето дека таму е поубаво од тука. Тука е рајот признале вие или не. Е сега шо сме во транзиција 20 години, што имаме политичари кои не се наситуваат и сеуште се во фаза на детски болести, па на прво место им е личното богатење а добробитта на земјава ни насушна на последно- е друга работа.
 
Во ниту еден момент не би ја менувал ПМ со НПМ. Неспоредливо.
 
Originally posted by mamamd mamamd напиша:


И колку да му замерувате на Брза тој е во право. Збориме на куп за се. Е не оди така. И таму кај шо сте (убаво спомна Платеник) има бедотија и има она што го гледаме на филмови, а и тука богами има.
 
Брза е легенда, форумов не би бил ист без него. Се надевам сека животот ќе му пружи шанса да прошета малку до ПМ и лично да се увери дека животот не е црно-бел.
 
Originally posted by mamamd mamamd напиша:


И така нормално, мене ме заинтересира оној дел за чувањето деца. Колку и да си ја напаѓаме нашава ни земја (а со тоа и владите сите о сега) кај нас сеуште семејтвото сеуште има каква таква социјално-згрижувачка политика. Кај нас во посек градинка и опфатот во училиште се движи околу 1800 ден цел месец со 2 оброка и ужинка. Има и приватни градинки кои чинат и по 150 евра и бебиситерки за иста сума.
 
Во МК чувањето деца е полесно - пред се затоа што за постарите генерации животот завршува многу рано, па тие ги превземаат родителските обврски, само за да се најдат корисни сиротите. Пробај на канадска свекрва да и го тупнеш детето на чување, секој ден, по цел ден!
 
Градинките во ПМ се сите приватни и неоспорно се скапи, толку скапи што мајка од средниот слој не може да заработи толку колку што чини градинката, па обично жените остануваат дома во тој период. Е, тука наебуваат немажени со деца... Ако не се екстремно платени, не им останува ништо друго освен социјална помош.
Туку не ми е јасно, ако МК се грижи за децата повеќе од ПМ, зошто просечно канадско семејство има три деца, а македонско едно и пол?
 
Originally posted by mamamd mamamd напиша:


Затоа Гонзо, слушај ја ти мамичкаголемо гушкање, оди малкуцка ама не заседнувај. Тука е сепак најубаво.мечтаење
 
Не слушај што ти зборат... Повеќето од нив се водени од сопствените анксиозности. Фолоу јор гатс и не цвикај.
 
голема насмевка
 
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2012 во 09:06
Originally posted by Polar Bear Polar Bear напиша:


Не знам за каков и колкав капитал зборуваш... Треба да разберете дека во ПМ се е за ред величина различно од МК. Ако некој продал стан, куќа или нешто земја во МК, мислиш ли дека тие стотина илјади евра, долари ли, ќе му направат некаква суштинска разлика во животот во ПМ? Не разбирате како се топат парите во ПМ. Колку има такви кои се иселуваат со десетици милиони долари и кои можат да си обезбедат живот без работа во ПМ?
 
Тоа со децата е булшит. Секој носи одлуки за себе. Не можеш да носиш одлука дваесет и пет години однапред, од каде знаеш каде ќе му биде подобро на детето. Тоа ти е како оние родители кои градат по три спрата куќи во селото каде што живеат (по спрат за секое дете), а на крај куќите им остануваат празни (и тие незадоволни), затоа што децата си ги земале животите во свои раце и одлучиле да живеат во град.
 
Поимот „куќење“ има сосема различно значење во ПМ. И лажичето е со различна форма и големина.
 
Не е иселеништво за секого. Треба да си флексибилен (образованието помага многу), и промените да ги прифаќаш и правиш без многу тупење. Јас во ПМ не се мачам повеќе од што сум се мачел во НПМ. Е, сега ако некој се иселил без збор јазик, мери му го паметот, требало да му биде јасно дека ќе чисти тоалети и радиоактивен отпад. Замисли некој од некоја друга посиромашна ПМ да се досели во МК, без знаење македонски, шиптарски, бугарски или српски, што ќе работи тој?
 
Во ниту еден момент не би ја менувал ПМ со НПМ. Неспоредливо.
 
Брза е легенда, форумов не би бил ист без него. Се надевам сека животот ќе му пружи шанса да прошета малку до ПМ и лично да се увери дека животот не е црно-бел.
 
 
Во МК чувањето деца е полесно - пред се затоа што за постарите генерации животот завршува многу рано, па тие ги превземаат родителските обврски, само за да се најдат корисни сиротите. Пробај на канадска свекрва да и го тупнеш детето на чување, секој ден, по цел ден!
 
Градинките во ПМ се сите приватни и неоспорно се скапи, толку скапи што мајка од средниот слој не може да заработи толку колку што чини градинката, па обично жените остануваат дома во тој период. Е, тука наебуваат немажени со деца... Ако не се екстремно платени, не им останува ништо друго освен социјална помош.
Туку не ми е јасно, ако МК се грижи за децата повеќе од ПМ, зошто просечно канадско семејство има три деца, а македонско едно и пол?

 
Не слушај што ти зборат... Повеќето од нив се водени од сопствените анксиозности. Фолоу јор гатс и не цвикај.
 
голема насмевка
 

Аха охова ти се вика -Оф мори мајко се замуабетиле  глув и слеп.намигнување
Генереализираш-факт или поаѓаш од својот сопствен пробив и снаоѓање таму во ПМ. Јас зборувам за  случки од искуства на мои пријатели и роднини. Ќе ти наведам 2 примера
1. Заминаа за Австралија со некои 300 000 марки и со деца малецки -на времето- откако тука продадоа имање и уште на старт им беше понудено да им се помогне во отворање некој си бизнис соодветен на капиталот и нивното образование. Година дена се мавтаа од поле на поле ама на крај со разноразни дополнителни курсеви и обуки си најдоа место под сонцето и фала богу полека таму во ПМ живеат да речам добро ама јас не тврдам дека е ептен добро додека не одам да видам. Здравје боже ме канат на свадба и не е чудо да одамголема насмевка.
2. Заминаа трбухом за крухом со позајмени некои доларчиња колку да имаат додека се снајдат. Ги дале за кирија (како му оди тоа како некој аванс) и останале без цент во џебот. Заради немањето пари немале време да“ бираат“ па окле некле набрзина се вработиле. Нема да објаснувам како им било само ке ти ги пренесам зборовите на другарками- Да можев пешки ке си дојдев о дома.тага Сега им е поарно, ама никако не се на исти равниште бидејки другите имаа малку поинаков почеток.
Околу куките на 3 спрата- Па јас наслушнавнамигнување дека и вие таму нашинците градите/купувате  на  спратови за да ви останат децата до вас и многумина ги жените со наашинки од УПМ оти оние “тукашнине немаат ни вера ни памеет ќе ти се упни дома ни венчана ни крстена“ голема насмевка Така вели една моја тетканамигнување
Е за животот на нашите стари-јас тоа го нарекувам семејна поврзаност-  фала ти боже што имав наша свекрва/свекор , мајка/татко кои со својот пример ме научија да почитувам семејни вредности и како се дава иднина на своите деца да не мора да одат онаму неекаде во ПМ туку да си живеат една арна живеачка тука. љубовМалку поодамна изгледа си заминат па не знаеш дека и тука се сменети некои работи (нормално не за сите). И тука некои баби/дедовци работат, тераат проекти,фирми,  шетаат, ама и помагаат на своите деца-тоа ние тука си го викаме малкуцка и непотизамголема насмевка Тука во УПМ градинките работат од 6 до 18 часот, а сега веке се предлага да се зголеми опфатот до 21 за да се згрижат децата на оние од втора смена и тоа САМО за 30 еврички цел месец. Зошто помалку раѓаат? Искрено од ова што слушам од овие околу мене-оти биле млади и сакале да прошетаат. Нивно право.
Околу “гушењето“ на ецата-пак ке речам-генерализираш. Ако збориме лично-еве јас го “пуштив“ милото на мама (значи му потпомогнав со “некое“ доларче да не му теќет лиги кога ке види нешто-да има да си купи додека заработи), нека види свет, нека прошета и преку океанот, ако му чини нека остани, ако не нека се врати. Ако остани јас нема да правам како канадските баби, напротив спремна сум за некои 10 години да одам со „аеропланот“ и да си чувам внучиња ( а можеби ако сте таму наблизу и да ви дојдам на гости и да ви донесам некое пакетче кафе и по некоја тегличка ајвар-како што е ред тука во УПМ-домакински)голема насмевка
За коркачството. Еееее тука морам со јазикот на Брза.Не сме коркачи, напротив патриоти сме. Одлучивме да останеме, да ви ја чуваме домата за да ко ке спечалите да има каде да се вратите оти ако ојдевме сите што ќе биднеше со милата ни сирота земјичка која мака мачи со опстанокот???? Останавме оти и тука нам ни беше арно, додуша и сега фала богу ни е арно иако малку потешко од порано. Околу шетањето, не сме за жалење-ојдовме -се одморивме-видовме и си се вративме. Ако ни платите авионска карта и таму преку барата ќе ви дојдеме на гости “да не останеме прости“големо гушкање
ПС..Од сега ќе си праам муабет само со Платеникот-оти уште го држи “домашниот“ ум и разбра што сакав да кажам. Не спорам со оние кои заборавиле што е наше и нас не замислуваат како да тука е како кога тие заминале.
И како поткрепа на кажаното една сатирична ситуација со „нашинците“. Отишол син ми да посети некои наши одамна иселени роднини. Прво се исплашиле да не им остане,ама кога се увериле дека не му требаат тие да му помогнат, им олесна  па после го шетале низ куќа да му покажат „дека и нужник вкуки имаат“ за да на крај тој културно им уклучи скајпот да ги “прошетам“ низ нашава дома тука да видат дека и ние тука имаме и фрижидери и плазма телевизори, а и сме биле модерни.смеење Искрено незнам што очекувале-Да бидеме “ испиени, исушени“ од работа ко нив. Неееее, ние тука кукаме оти кукањео ни е национален спорт, ама фала богу убаво живееме. Нормално-не сите. Затоа не зборам генерално.
ППС-Гонзичко-напиши го мило уште еднаш она, ме јади јанза да прочитам што си напишал .И другпат, послушај ја мамичка-прво напрај му едно copy на пишуваното, да не ти избега негде преку океанот.големо гушкање






Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2012 во 13:19
Си велам,кога ќе ме фатат будалите:...седи си каде што си!..и зошто би одел од ПМ УПМ,кога еве пишуваат  исто било.
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2012 во 15:30
Најкусо и наједноставно кажано - ако човек се снаоѓа во Македонија, тогаш шансите се дека ќе се снајде и во друга земја. Но, ако тоа не е така, тогаш не постои никаква гаранција дека во туѓина ќе му биде полесно и подобро... особено без добро знаење на туѓиот јазик, без формално завршено стручно училиште во туѓина и без пракично работно искуство во таа земја.

Во старт, започнувањто нов живот во странство е потежок отколку продолжувањето на истиот во татковината. А со тоа не можат да се соочат и помират многу луѓе. Најлесно им е на младите со добро познавање на странскиот јазик и без оформени семејства (жена и деца).

И точно е оноа што го наведе Платеник, дека денес не е исто како што беше порано. Додека фабриките си одат во Кина и Индија, доаѓаат с'е повеќе емигранти кои ги отежнуваат шансите за наоѓање било каква работа.

Додека пред триесеттина години можело своеволно да се даде отказ во четврток (за да се има "голем викенд" петок-сабота-недела) и потоа во понеделник по желба да се бираат секакви работни места , денес за едно ослободено работно место пристигаат по неколку стотина молби за вработување.

Не сакам да оставам некаков негативен впечаток дека општото живеење е полошо од оноа во Македонија, туку да посочам оти не е онака како што беше и само пред 15-20 години и дека тревата во туѓиот двор не е секогаш позелена од онаа во сопствениот. Токму затоа сестра ми одби да се пресели кај мене и реши да си остане во Македонија. И мислам дека не погреши.




Изменето од Messenger - 24.Јуни.2012 во 15:32
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Polar Bear Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Декември.2007
Локација: Канада
Статус: Офлајн
Поени: 1152
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polar Bear Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2012 во 20:54
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

Аха охова ти се вика -Оф мори мајко се замуабетиле  глув и слеп.намигнување .......................................................................................

 
Ти се жалиш или се фалиш? збунетост
 
Јас немам илузии дека можам да надзборам учителка... голема насмевка Посебно не некој кој има длабоко вкоренети традиционални вредности и не чувствува потреба да се соочи и прифати или само слушне за некои други вредности, не помалку вредни, но различни. За таквите иселувањето е еднакво на казна затвор, ужас без крај, и најдобро е да си седат таму каде се родиле. Тие на странство гледаат само како на место каде се заработува многу повеќе - и толку. И се тешат со спотот на К-15 со фрижидерот и дваесетте долари донација за знамето. газење од смеење
 
Припаѓам на генерацијата која се исели не „трбухом за крухом“ туку да си отвори нови животни и професионални перспективи. Сите ние, стотици и илјадници, дојдовме со полно образование, со 100% познавање на јазикот, и имаме можности кои никогаш не би ни биле достапни во МК, не само од аспект на пари, парите за нас се секундарни. Ние добро ја познаваме културата, традицијата и состојбата во МК, а со овие дискусии пробуваме да го пренесеме нашето искуство и впечатоци на останатите македонци кои ја немале таа можност. И ништо повеќе. Ако сакаат да слушаат.
 
ПС. Американската снаа ќе се извади од памет кога ќе те види на аеродромот со зимбиљите полни со тегли ајвар. голема насмевка
 
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2012 во 21:11
Bela mecko.....mora da se seguvas neli...?

Сите ние, стотици и илјадници, дојдовме со полно образование, со 100% познавање на јазикот, и имаме можности кои никогаш не би ни биле достапни во МК, не само од аспект на пари, парите за нас се секундарни. 



Koga stignavte 100% da go naucite jazikot vo Makedonija...ziti se
Koga golem del od tie sto se rodeni tamu ne go znaat ni 99%
Mora mnogu da ve ucele vo toa vreme...
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
Polar Bear Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Декември.2007
Локација: Канада
Статус: Офлајн
Поени: 1152
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polar Bear Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2012 во 22:29
голема насмевка
Originally posted by BellaGrandma BellaGrandma напиша:

Bela mecko.....mora da se seguvas neli...?

Сите ние, стотици и илјадници, дојдовме со полно образование, со 100% познавање на јазикот, и имаме можности кои никогаш не би ни биле достапни во МК, не само од аспект на пари, парите за нас се секундарни. 



Koga stignavte 100% da go naucite jazikot vo Makedonija...ziti se
Koga golem del od tie sto se rodeni tamu ne go znaat ni 99%
Mora mnogu da ve ucele vo toa vreme...
 
Па да видиш не само што не учеле, туку имале и кого да научат. Токму заради родените во ПМ кои не знаат да напишат една реченица,  ние сме им потребни на овие општества. Ти можеш да се мајтапиш, но за образованата генерација иселеници во ПМ јазикот не е ограничување. И тие не трчаат по топ долар, верувала иле не, имаат и други параметри во равенката. Најмалку се слични на најголемиот број иселеници од пред четириесет-педесет години кои ќе скапат лепејќи плочки по дваесет часа на ден за да дигнат спрат во родното село.
голема насмевка
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2012 во 23:12
Originally posted by Polar Bear Polar Bear напиша:

Originally posted by mamamd mamamd напиша:

Аха охова ти се вика -Оф мори мајко се замуабетиле  глув и слеп.намигнување .......................................................................................

 
Ти се жалиш или се фалиш? збунетост
 
 
ПС. Американската снаа ќе се извади од памет кога ќе те види на аеродромот со зимбиљите полни со тегли ајвар. голема насмевка
 

Ти праам макаголема насмевка.
И не се ни обидувај да надзборишголемо гушкање
Ај сега на темата- Пак генерализирање и малку преувеличување. Стотици илјади образовани нашинци нема тука, а не пак таму. Сите знаеме дека најголем бој заминаа трбухом за крухом, ама денови ли се денови-аргатски маки големи-останаа и не се вратија назад.А јазикот онаму кај што се во ПМ не го научиле -најголемиот број-оти не им ни требал.
Јас реков-има и што заминаа заради немњето можност тука-дома да се изреалиираат во одредена област, па дури имаме и нобеловци од Македонија, но тие се бројат на прсти.
Во едно сее согласуваме дека на денешниве гурбетчии им е полесно, знаат јазик, одат со некое париче во џебот и имаат можност ако не се снајдат да се вратат дома.
Е арно ама не се согласуваме дека сите ние кои останавме тука сме „закоравени традиционалисти“. Прифати или не  дека не има и такви кои сакаат да прошетаат, сакаат да одат надвор, да видат, ама пак да се вратат дома.Верувале или не и од нашава (просветарска) бранша имаа можност да одат надвор (Англија, Ирска, Холандија) да следат други образовни системи, ама си се вратија пак дома оти дома е домаголема насмевка Зарем да одиме со чадор в рака во она Англијана кога си имаме тука припек сонце со 9 УВ зрачење, ама свети ко нигде.голема насмевка
Знам и убедена сум дека секому Америка му е онаму кај што му е арно. И ко што рече Меси-може да се експериментира одека се нема семејство-после оди потешко.
ПС-Море стопанкина снаа не само што не се извади од памет од зембилите со теглите со  ајварот туку бара и по пошта да и се пушти уштесмеење И се заарни и милото на мама и ајваротголема насмевка

Кон врв
Polar Bear Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Декември.2007
Локација: Канада
Статус: Офлајн
Поени: 1152
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polar Bear Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2012 во 00:56
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

Originally posted by Polar Bear Polar Bear напиша:

 
ПС. Американската снаа ќе се извади од памет кога ќе те види на аеродромот со зимбиљите полни со тегли ајвар. голема насмевка
 

..............
ПС-Море стопанкина снаа не само што не се извади од памет од зембилите со теглите со  ајварот туку бара и по пошта да и се пушти уштесмеење И се заарни и милото на мама и ајваротголема насмевка

 
газење од смеење
 
Абе што да ти кажам... ух Ајвар, полни зимбиљи и маминото тенџере чуда прават... газење од смеење Туку нека му е арно на милото на мама. голема насмевка
 
Брза ме загрижува... изненадување Вака ватрена ајвар-дискусија, а тој мудро молчи. Да не е неарен, скраја да е?збунетост
 
 
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2012 во 05:53
Originally posted by Polar Bear Polar Bear напиша:

 
Брза ме загрижува... изненадување Вака ватрена ајвар-дискусија, а тој мудро молчи. Да не е неарен, скраја да е?збунетост
 
 


Молчи бре... не е работава за смеење.

Човекот чувствува дека после сето напишано од мамамд излага дека и таа, како нејверен соборец до сега, полека ама сигурно му го свртува грбот... сепак, меѓу него и милото на мама, предност секогаш ќе има милото на мама.  намигнување




Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2012 во 14:12
Originally posted by Polar Bear Polar Bear напиша:

Originally posted by mamamd mamamd напиша:


Аха охова ти се вика -Оф мори мајко се замуабетиле  глув и слеп.намигнување ..............................................

 

Ти се жалиш или се фалиш? збунетост


 

Припаѓам на генерацијата која се исели не „трбухом за крухом“ туку да си отвори нови животни и професионални перспективи. Сите ние, стотици и илјадници, дојдовме со полно образование, со 100% познавање на јазикот, и имаме можности кои никогаш не би ни биле достапни во МК, не само од аспект на пари, парите за нас се секундарни. Ние добро ја познаваме културата, традицијата и состојбата во МК, а со овие дискусии пробуваме да го пренесеме нашето искуство и впечатоци на останатите македонци кои ја немале таа можност. И ништо повеќе. Ако сакаат да слушаат.

 

ПС. Американската снаа ќе се извади од памет кога ќе те види на аеродромот со зимбиљите полни со тегли ајвар. голема насмевка

 


Леле Мече, да знаеш само колку ми се познати овие коментари! Не само познати, туку и нашироко дискутирани. Не желни за пари, туку гладни за професионална афирмација. Равенка, би рекол, со малку (читај ич) непзнати.

Дозволими своеволно да заклучам дека ти твоето образование си го стекнал во Македонија. Ништо лошо и верувам дека си експерт во својата професија. Бездруго тоа ти отврило многу врати, како и на многу други.

Меѓутоа да заклучиш дека новите иселеници дошле со 100% познавање на јазикот, што е многу, многу е. Моите искуства не го потврдуваат тоа.

Овде, сретнав многу нови иселеници, кои се доселени во последниве 25 години, а се на возраст од 30 до 60 години. Мнозиството се со факултетски дипломи и сите до еден се снајдени на некој начин. Работат во своето поле на експертиза и релативно добро заработуваат. Меѓутоа несретнав ниту еден за кој можам да кажам дека е елоквентен со службениот јазик или пак е во состојба да одржи подолга конверзација на било која тема. Тоа е факт и никој неможе да го побие. Ниту еден има извршна функција, ниту пак ќе има. Едноставно за да се биде менаџер од повисок ранг сепак се потребни ораторски способности.

Знаејќи ги своите слабости едноставно се принудени да гравитираат едни кон други. Се затвораат во сопствената заедница што во ништо не ги прави поразлични од предходните гнерации. Да, нивото е повисоко и тоа е се. Истите предрасуди во однос другите етнички и религиски групи се присутни, а можеби и поизразени. Најголема толеранција пак ќе се покаже на слични на себе или со оние со кои можеш да се разбереш, Срби, Хрвати, Босанци и Црногорци. Нема мешање со Албанци, Грци и Бугари.

Можеби моите критериуми околу познавањето на јазикот се повисоки, но навистина е неприфатливо за интелектуалци кои живеат по 20 години во оваа средина, а да го немаат научено јазикот. Нека тоа биде и со акцент ама колку толку да се зборува коректно, а не да биде сакам кажам незнам речам. Туку големи се овие земји, крепат многу и се.

Имав превисоко мислење за мојот англиски, но требеше да дојдам овде за да видам колку не го познавам јазикот. Со многу напор, читање и зборување ми требеа добри 5 години за да почнам да размислувам на англиски, а не да преведувам кога сакав нешто да кажам.

Ако ти велиш за себе дека си дошол со 100% знаење на јазикот, што лично неверувам па дури и да си дете на бивш дипломат, тогаш ти си исклучок, а не стандард според кој ќе можат да се мерат останатите иселеници.

Парите се секундарни?! Грозјето е кисело? Нема таков кој несака повеќе пари, афирмација, општествен статус, повисока позиција. Тоа првата генерација неможе да го очекува, се разбира со одредени исклучоци. Меѓутоа и тука има лимит. Домашните имаат приоритет при назначувањето на раковдони места. Тоа е сосема нормално, од причина што луѓето со години си ги граделе меѓусебните односи или како овде се вели, не непотизам, туку networking.

Непишано правило е, треба да покажеш лојалност и благодарност што те примиле, а не да бараш преку леб погача. Мотото е, ако не ти одговара како се игра играта тука, врати си се во скапаната земја од која си дошол.

Биди среќен ако си вработен во голема комапнија која е ЕОЕ, equal opportunity employer. Успех е и тоа!

Можностите се неограничени само ако тераш приватен бизнис, ама тука знаењето, спосбноста и нетворкингот се уште поважни околку кога работиш за некој друг. Нема на кого да се потпреш.

Ќути, трај, трпи и биди благодарен, затоа што ако ти несакаш има друг кој ќе сака, кој е можеби уште погладен.

Немам илузии дека во Македонија е тешко, но исто така немам илузии дека овде е лесно, дека растат долари по гранки и дека треба само да ги собереш.

No hard feelings!

Изменето од Platenik - 25.Јуни.2012 во 14:23
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2012 во 14:42
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Originally posted by Polar Bear Polar Bear напиша:

 
Брза ме загрижува... изненадување Вака ватрена ајвар-дискусија, а тој мудро молчи. Да не е неарен, скраја да е?збунетост
 
 


Молчи бре... не е работава за смеење.

Човекот чувствува дека после сето напишано од мамамд излага дека и таа, како нејверен соборец до сега, полека ама сигурно му го свртува грбот... сепак, меѓу него и милото на мама, предност секогаш ќе има милото на мама.  намигнување





Меси беголемо гушкање, сакаш да ме скараш со другар ми Брзаизненадување Чек само да се врати тој од Грција, исончан па ќе му ја лафиме. смеење
Платеничеда


Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2012 во 14:58
Thank you, Mum!
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 27>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.