![]() |
|
Писмени состави,семинарски... |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 101102103104105 113> |
Автор | |
BellaGrandma ![]() Сениор ![]() Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() ![]() Вишновата градина „Вишновата градина“ не е само една од најубавите драми на Антон Павлович Чехов (1860-1904), која заедно со „Галеб“, „Вујко Вања“ и „Три сестри“ отворија нов период во светската драмска уметност, туку таа се претвора во своевиден симбол кој носи повеќе, дури и навидум спротивставени значења. Како приказна која се осврнува на пропаѓањето на едно семејство, а наедно и на пропаѓањето на аристократијата при крајот на 19 век, вишновата градина со сета своја патина, истрајност и убавина се претвора во симбол на едно време, но и во симбол на изминувањето на времето. Таа е персонификација на трајните вредности, иако на крајот исчезнува, таа е олицетворение на животот, на пулсирањето и на смислата на живеењето, потсетувајќи дека тоа секогаш е врзано со крај и со почеток. Тој интересен дуализам, кој на „Вишновата градина“ и дава живот и ја прави неповторлива, ќе има необичен развој. Веднаш по објавувањето на оваа, инаку последна драма на Чехов, во јануари 1904 година таа ќе биде поставена во Московскиот уметнички театар во режија на неговиот пријател Константин Станиславски. Но, иако претходно Станиславски често ги работеше неговите драми, овој пат Чехов беше престрашен. Станиславски ја виде „Вишновата градина“ како трагедија, додека Чехов во нејзиниот поднаслов стави комедија. Она што е интересно, е фактот дека оттогаш па се' до денес продукциите се борат со двојната природа на оваа драма, но и воопшто со делата на Чехов, кој се смета и за мајстор на руската новела. Всушност, приказната за семејството на Љубов Андреевна Рањевска по многу нешта е единствена, иако Чехов се осврнува на актуелните настани што го одбележуваат преминот на 20 век. Имено, по донесување на законските одредби за еманципација на закрепостените селани, кои се стекнуваат со можност да добијат имот и статус, доаѓа до големи промени во дотогашниот начин на живеење во Русија. Аристократите се немоќни и неспособни да се грижат за своите имоти без евтината работа на своите работници, и се' почесто нивните имоти пропаѓале и биле понудувани на аукција. Факт е дека Чехов во ова свое дело, како и во останатите, многу пластично го слика времето, атмосферата и луѓето, сепак, тој не прави класична приказна со конвенционални ликови. Неговите ликови по многу нешта се необични и поинакви. Така на пример, студентот Трофимов, кој е брилијантен, а сепак ќе биде исфрлен од Универзитетот. Зборувањата на Трофимов, кој ги напаѓа интелектуалците, подоцна ќе биде сфатено како рана манифестација на болшевичките идеи, поради што неговите делови во драмата често ќе бидат цензурирани од царските власти. Варја, посвоената ќерка на Рањевска, останува на имотот кога мајка и' и нејзината сестра Ања ќе заминат неколку години во Париз. Таа го чува имотот, а на крајот семејството се надева на спас така што токму Варја би ја направила жртвата и би се омажила за богатиот трговец Лопахин, кој не го сака. Во куќата на Рањевска е стариот лакеј Фирс, допирајќи го тука и прашањето за судбината на слугите кои не умееле да живеат без своите господари. Наспроти него, младиот лакеј Јаша, пак, се смета себеси за дел од париската елита. На крајот на драмата токму Фирс и вишновата градина ќе ја понесат целата симболика на пропаѓањето на стариот и раѓањето на новиот свет. Многумина веруваат дека Чехов со „Вишновата градина“ направил всушност посвета на себеси, на својот живот и на луѓето што го одбележале. Се вели дека многу од карактерите се изградени врз база на вистински ликови, но дека можат да се сретнат и во неговите претходни бројни прозни и драмски дела. Но, директната инспирација токму за „Вишновата градина“ велат дека потекнува уште од неговото детство, кога неговата мајка била измамена од некои градежни работници, поради што западнала во долгови. Еден поранешен нивни потстанар ќе се понуди да и помогне, додека тајно ќе ја купи куќата за себе. Чехов бил многу погоден и од уништувањето на неговата сопствена вишнова градина, која ја направил на еден селски имот надвор од Москва. Факт е дека животот и делата на големиот руски автор, зачетник на модерната драматургија, се силно испреплетени. Чехов ќе умре многу млад, на само 44 години, но неговиот живот е исклучително плоден, како во поглед на книжевноста со која ќе изврши големо влијание во драмската литература воопшто, така и во поглед на неговата работа како доктор, кој често го ризикувал својот живот за да им помогне на болните и на сиромашните. Неговите дела ќе ги поставуваат големи режисери, како Питер Брук, Чарлс Лотон, Ричард Еир, Лоренс Оливие и многу други, а се смета дека извршил големо влијание и на големите драмски автори, како Јуџин О Нил, Џорџ Бернард Шо и Артур Милер. |
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
![]() |
|
brza ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
![]() |
|
![]() |
|
Irinaaa ![]() Нов член ![]() Регистриран: 04.Декември.2010 Статус: Офлајн Поени: 1 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ми треба семинарска за хлороводородна киселина а немам доволно податоци молам за помооошш плссс
![]() |
|
![]() |
|
mila_magi ![]() Нов член ![]() Регистриран: 20.Ноември.2010 Статус: Офлајн Поени: 2 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
EVE NESHTO I JAS SHTO NAJDOV :) Во поемата Сердарот се раскажува за смртта на македонскиот херој Кузман кој ги заштитувал селаните од бандите на Гегите. Дејството во оваа поема се случува кон средината на 19 век, век во западна Македонија, односот регионот помеѓу Галичник, Река (област), и селото Стан. Пистелот Борис Вишински во својот предговор кон второто издание на Арматолос истакнува: „ Тоа е поезија на еден народ што се бори против угнетувањето и против силите на злото. Поемата е проткаена со љубов кон татковината и со дух на самопожртвување... Живо ги одразува страдањата на своите сонародници, кои се борат против бандите на ограбувачите во услови на отоманскиот гнет “ Базирана врз мотивот на народната песна за Кузман Капидан, темата на поемата се развива во девет делови. Првиот дел, од девет четиристишија, со рима по двоики (по два стиха) е веста. Известува за смртта на херојот и битката. Во вториот дел се јавува мјката на Кузман Капидан и таа очекува да се врати нејзиниот син. Таа е вознемирена, зашто сонувала како и се руши куќата. Во третиот дел, непријателите ги носат посмртните на херојот и започнува плачот и се слушаат пискотници од Галичник во Река (алузија на жалоста на народот): Пискотници се слушаат од Галичник во Река. Што тешка несреќа ги збра, и мажите и жените та гласи тажна ека и навева сал коб и зла? а тоа ги потресува и непријателите. Во четвртиот дел е прикажана борбата на Кузман кој ги растераал напаѓачите и неговата смрт. Во петиот дел напаѓачите му одаваат почит на Кузман со тоа што се заколнале дека нема да го напаѓаат неговиот дом. Мајката на Кузман ја отфрла заклетвата и бара од напаѓачите да не го напаѓаат повеќе народот на Река. Непријателите се согласиле на барањето. Во шестиот дел е оплкувањето на мајката на Кузман и преку неа се дознава родословното дрво на херојот. Во овој дел се забележуве лицето на калуѓерката Цвета, која без солзи го мие и кити херојот, како спротивен елемент на ликот на мајката. Годините не ја намалиле онаа убост; на лице свежест се гледа, младешката сочност не ја беше сменила грубост. Таа е кутрата Неда, Во седмиот дел е мајката на Кузман нредува да се донесат и другарите на херојот и тие да се закопаат со сите почести. Во осмиот дел сцената се одвива во домот на свршеницата на Кузман. Обичаите и налагале да се воздржи од лелеци поради загинувањето на херојот пред нејзиниот татко. Но штом таа останала сама и плачот одекнува горчлив и девојката се откажува од се овоземно за да стане калуѓерка. Деветиот дел е крајот на делото, во која се истакнува овековенчената слава на Кузман во иднината, преку посетите на неговиот гроб од страна на неговата свршеница и преку пеењето на слепиот пеач. На гусла двоструна свирејќи, покрај патот седнал, го пее ова просјак сед; а јас, пак, прост запишувач, минејќи тука еднаш го запишав од ред до ред. Структурата на оваа поема е навистина структура на угледно уметничко дело. Прличев успеал на еден драматичен начин да ги кондезира сите детали од поемата во еден чуствителен момент, потчинувајќи го вистинското време, на барањето на уметничката инспирација. Сета поема се движи во рамките на едно попладне, но Прличев успева во тие рамки да вклучи се што му претходело, достигнувајќи до претците на херојот, и уште се што претстои да се случи, благодарение на заклетвата што мајката на херојот им ја наложува на албанските напаѓачи, а исто така и благодарение на овековечувањето на неговиот спомен што го прикажува како личен план (со секојдневната посета на свршеницата на гробот на херојот), така и на општествен план (со годишната процесија на девојките од Река, кои се собираат околу гробот за да ги воспеваат и прославуваат неговите подвизи, и уште на духовен план, со народниот пеач, кој е слеп и ја пее епиката, одејќи низ разни краишта Поемата е составена од стихови во јамбови петнаесетерци што се заменуваат со осмерци. Поради тоа заменување по ред на бројот на слоговите (15 и 8) и на местото на метричкиот акцент, кој во непарните стихови паѓа на претпоследниот слог, додека пак на парните паѓа на последниот слог и со тоа Прличев успеал да ја избегне монотонијата во ритмот. Други два елемента што внесуваат варијаци се трохејските стопи со кои започнуваат многу стихови како и пречекорувањата што ја менуваат строгата звучна шема на стиховите. Последен важен елемент за одбележување на стихотворната способност на поетот е квалитетот на римата. Зборовите со еднаков звук на крајот, ретко спаѓаат во истиот граматички вид на зборови. По правило тие се од разни зборови и во различни падаежи, што е мошне тешко да се постигне. |
|
![]() |
|
ma4ence_92 ![]() Нов член ![]() Регистриран: 03.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 7 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Еве за втората тема Не попусто големиот германски мајстор на пишаниот збор Гете рекол: "Тој што не може да се приближи до три илјади години живее од денес до утре". Човечкиот живот е чудна приказна. Во него нештата се одвиваат онака како се предодредени. Се редат лица, настани. Секојдневието, мечтите и фантазиите го трасираат текот. Различностите се вплеткуваат, дополнуваат. Светот и животот денес се разликуваат многу од она што биле пред неколку години. Технологијата, науката, медицината од ден на ден напредува со цел да му овозможи на човекот подобар живот и побрз пристап до најпотребните работи. Луѓе трчаат со брзина на светлина, мислиш во неповрат. Како да очекуваат дека бескрајноста ќе им го донесе убавиот крај. Еден се кренал толку високо, мислиш ќе полета,а другиот паднал толку ниско.Живееме во оп-во кое си ги измени своите основи и погледот на светот.Околу нас насекаде војни,убиства,глад,сиромаштија,немоќ.Ситите и големите ги газат гладните и немоќните.Дали некој не може или не сака да го смени тоа? Сите се борат за мир, сакаат мир, декларираат миротворни намери, но сите се подготвуваат за војна, произведуваат оружје, ги развиваат воените сили и системи, дури глобални системи, така ниту географијата повеќе не може да помогне на никого да остане надвор од настаните со кои нема никаква врска ниту пак во нив на било кој начин сака да учествува.Но јас би сакала да живеам во еден свет каде што тревата е зелена, а небото сино.Каде се слушаат само птици како пеат, а цвеќињата се шарени и мирисаат и каде што сите се среќни и еднакви.Што би правеле ние таму?Каков би бил светот, без зло, или без гневни, алчни, пожудни, завидливи, луѓе? Што би правеле ако нема алчни луѓе што го сакаат и грабаат сето богатство само за нив? Си купуваме весник, а во него само убави работи пишува,слушаме на вести само за успеси на другите и се радуваме подеднакво како и тие.Свет каде што нема војни, свет каде што нема терористи кои ги убиваат луѓето по пазари и трговски центри,свет во кој нема гладни и болни, кај што не се експериментира со разни вируси врз луѓе. Дали сме сковани да живееме во еден таков свет, каде што кога ќе купиме весникот или ќе погледниме вести нема да бидеме пресреќни затоа што таму некаде има некој кој страда повеќе од нас.На крај, во светот мора да победи совеста.Дека само во вакво среќно оп-во можеме сите среќно и безгрижно да живееме,да се радуваме и да твориме. Чуден е човечкиот разум. Имаме голем напредок во науката, техниката, културата, а расте и оружјето за самоуништување. Ова е парадоксот на денешницата. Бараме убавина , добиваме самоубијци кои се лишуваат од својот младешки живот. Уште еден парадокс - се гнасиме од нив но сепак се дружиме со нив. Затоа целта на секој поединец , секој здрав човек е да ја пренесува вистината за злото што не демни и се што ќе превземе да биде силно мотивирано од името на човекот и човештвото и на напредокот на човекот. Уживајте во животните радости и бидете сопствени режисери на сопствениот живот кој продолжува со неговиот тек, кој сакале или не некогаш бавно а некогаш пребрзо минува и оди во неповрат! |
|
![]() |
|
mamamd ![]() Сениор ![]() ![]() Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Види тука
![]() http://www.slideshare.net/trajce/makedonski-jazik-i-literatura-ii-godina-4353930 |
|
![]() |
|
Nestle chocolate ![]() Нов член ![]() Регистриран: 15.Ноември.2010 Статус: Офлајн Поени: 2 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Здраво ви пишувам прв пат.Се надевам ако можете некако ќе ми помогнете :)
-Ми треба анализа на песната ГЛАС од Рајко Жинзифов ако можете напишете нешто,дајте некој линк или слично Изменето од Nestle chocolate - 15.Ноември.2010 во 08:21 |
|
![]() |
|
brza ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
metali..............za mrzliviot!
![]() |
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
![]() |
|
![]() |
|
BellaGrandma ![]() Сениор ![]() Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Еве тука има нешто .....и за авторот и за делото...
„Шагринска кожа“ ЛИНК Изменето од Andjelina - 05.Декември.2010 во 23:21 |
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
![]() |
|
bijonse1 ![]() Сениор ![]() ![]() bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Мојата улица Од двете страни тротоар а на средина автомобили мојата улица ја красат два реда згради сиви, се расцветале миризливо опојно неколкуте липи ма моја улица е најубава во целиот сити... Многу генерации пораснале тука носталгични секогаш на детска бука, моето време на топка и ластик минаа скоро сега гордо чекорам кон школо... Сите се грижиме за неа со песна мелодија посебно за зеленилото научив на час по екологија, цело ѓубре во контајнер грижливо сместено сето посебно е милина да се шеташ низ улицата во лето... Мојата улица вечно ќе си ја сакам иако можеби низ свет ќе талкам, најубавите настани се случиле на неа уште од мојата улица се слуша радост и смеа... ![]() Изменето од bijonse1 - 28.Октомври.2010 во 17:21 |
|
![]() |
|
miSsFreaKy ![]() Нов член ![]() ![]() Регистриран: 23.Март.2010 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 6 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Странствувањето на Чајлд Харолд - БАЈРОНИЗМОТ
На крајот од XVIII и почетокот на XIX век англискиот романтизам го откри својот најзначаен претставник во една бујна, нескротлива и поетична личност на Џорџ Гордон Бајрон. Тој со пишувањето на својата поема, Странствувањето на Чајлд Харолд, не само што ќе се прослави, туку и ќе ни претставува типичнна романтичарска индивидуална поема каде што ќе создаде лик во кој страшно ќе се преслика себе си, своите доживувања и чувства. Преку сето тоа тој ќе содаде нова појава во рамките на романтизмот, односно Бајронизмот, кој ќе претставува нов квалитет и ќе го разликува Бајрон од останатите романтичари. Бајрон создаде типичен романтичарски јунак, односно Чајлд Харолд, кој во родниот крај води равратен живот. Токму таквото негово однесување ќе предизвика разочараност и срам кај неговото семејство. Затоа решава да ја напушти татковината, во потрага по нови краишта, доживувања и авантури. Меѓутоа тој е свесен дека неговиот начин на живот ја предизвикал неговата оттуѓеност дури и од најблиските па затоа сега се чувствува сам, како крадец во морето. Тој заминува од својата земја, но тагата за напуштањето на родниот крај не може да ја сопре и токму поради тоа ја посветува прошталната песна каде ја соглдедуваме чувственоста на Чајлд Харолд. Тој е многу осамен обземен со болка поради недостатокот на љубов и тажен бидејќи нема по кој да тажи. Типичната романтичарска постапка ја согледуваме во неговот обегство во егзотичните земји. Една од нив е и Португалија. Тој е восхитен од убавината на брегот на Португалија, Тихиот Океан, богатството во земјата,но тоа е една слика од далеку. Од блиску ја гледа Португалија во една многу тешка робска положба. Прекрасниот Лисабон кој секогаш поттикнувал воздишки, сега е град на беда, сиромаштија, задушувања... тоа е последица од војната, која страшно го разочарува поетот и предизвикува чуввство на непремостлива тага, која преминува во чувство на светска тага, која го следи до крајот на неговото патување. На самиот почеток, тој е многу вохитен и од Шпанија. Восхитен е од идиличната слика на планините и овчарите на нив, но набргу потоа се разочарува. Со зачекорувањето во Севиља многу ќе го разочара начинот на живот кој го водат тамошните луѓе, ќе го разочара нивната неодговорност и блудност. По ваквата слика, авторот се труди да го рабуди хероизмот во заемниот дух на шпанците. Тој отворено ги повикува шпанците да се разбудат, да се потсетат на нивното рицарство и јунашко минато и да започнат со ослободителна борба. Токму овој поттик за слобода се јавува како трет Елемент на Бајронизмот. Покрај поттикнување на слободарскиот дух кај шпанците, Бајрон истовремено го создава ликот на идеалниот јунак. Јунак кој ќе треба да земе оружје в рака за отпочнување ослободување на татковината, односно шпанската девојјка. Таа е непоколеблива, храбра, безкомпромисна во борбата за слобода на татковината, нејзиниот личен интерес никогаш не е пред татковината. Таа не е расколебана ниту пред смртта на саканиот и тоа станува еден поттик за своите слободи и страв за поробувачите. Авторот исто така го крена гласот и против војната. Ги искажа ставовите, дека во војната гине само недолжниот народ и војници, поведени од оние кои ја започнуваат војната. Авторот ги проколнува сите оние кои ги започнуваат војните, кажувајѓи дека никаде нема да најдат мир освен во нивните гробови, а од друга страна ги велича големиот број анонимни жртви, и повикува на вечен помен, пофалба и сеќавање на паднатите жртви. Неговото понатамошно патување продолжува и во Грција. И овој пат, авторот го обзема болка, тага, крајно разочарување за состојбата во Грција. Земја во која што крвопролевањето, робовладеењето, ја замениле некогашната античка култура. Авторот очекува да ги види некогашните големи антички јунаци, но тој е разочаран и тажен бидејќи гледа еден неотпорен скршен и сиромашен народ кој едноставно го прифатил крвопролевањето од страната на турците. Пејсажот за Албанија е сосема поинаков, тој е доста тивок и див со осамени карпести планини и орли. Неговиот впечаток за луѓето е дека тие се постојано вооружани, со крвави раце, во постојана борба за слобода. Тие се диви и сурови, онакви какви што животот ги направил во тие простори, меѓутоа кон странците се многу гостопримливи и внимателни. Авторот ја критикува нивната суровост, особено во меѓусебните односи како и положбата на жената, која што цеосно е покорена на својот маж. Опис за македонецот, гркот, албанецот од страна на Бајрон, е многу крвав. Тие сепак припаѓаат во роблето на турците кои се најмоќни и имаат право во секој да пукаат и тие се оние кои раководат со судбините наостанатите. Поради преголемото растажување на поетот, тој не може да се помири и токму тоа го инспирирало директно да повика на борба за слобода. Авторот ни укажува дека никој нема да ни ја донесе слободата. Туѓата помош може да биде само замена за еден господар по друг. Токму затоа робот или поробените народи самите треба преку крвава борба да ја донесат слободата на сввојата татковина. Тоа претставува кулминацијата на борбениот, слободарски дух на Бајрон која беше всушност најважната карактеристика на Бајронизмот. |
|
![]() |
|
miSsFreaKy ![]() Нов член ![]() ![]() Регистриран: 23.Март.2010 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 6 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Гарванот
Гарванот претставува една од најзначајните песни на Едгарт Алан По. Тоа е една драматична лирска песна, која врие од искрени чувства, песна која претставува внатрешна исповест – внатрешен диалог на поетот преку кој авторот ни ја удоволува својата душевна драма низ која поминал. Душевна драма која му носи неприфаќање на реалноста. Реалност која го тера да се помири со смртта на неговата љубена. Непомирливата загуба претставува огромна болка. Болка која предизвикува битка со реалноста, обиди да се поттисне вистината. Самата помислата на својата љубена Ленора авторот го облева огромна тага. Тага која прераснува во голем очај. Непомирливоста и помислата дека таа уште е тука прави авторот да ја повика во мракот. Но, од тој повик реланоста му возвраќа само со празно ехо кое што ја прави неговата болна ситуација уште подраматична поради неможноста да се врати неговата мртва и сакана Ленора. Затрупан во книги, работа и наука, се обидува да најде заборав на болката, заборав на тагата и немирот кој го чувствува. Но се е залудно... Заборав - нема. Во таква задлабочена и чувствено растревожена ситуација наеднаш се случува мрак, се случува некоја таинственост, нешто што се крие пред портата однадвор. Се појавува непознат таинствен гостин. Мистериозен посетител кој што предизвикува страв, трепет, морници по телото. Посетител кој сам се втурнал низ вртата. Тоа е еден страшен, мачен кобник кој доаѓа од земјата на мртвите, тоа е Гарванот. Гостин кој постојано му ја посочува реалноста и смртта на љубената Ленора. Обидот авторот да го избрка овој страшен готин би значело само непризнавање на вистината. Тој сака да биде утешен од среќните сеќавања и помислува дека сето тоа што се случува е само плод на неговата фантазија. Но, Гарванот е тука. Тој е присутен за постојано да го потсетува на реалноста и на најнепосакуваниот збор на авторот – Nevermore-. Гарванот кажува –„Никогаш повеќе“ за враќањето на Ленора, Nevermore за надешта. Во таа негова болна драматична душевна состојба авторот паѓа во халуцинација со последна желаба барем да најде душевен мир наспроти целото страдање кое го доживува. Но, и тогаш Гарванот е присутен. Го соочува поетот дека никогаш нема да го најде истиот тој мир. И покрај пратената драматична молба до Господ од авторот кој се надева дека ќе му прати мир, тој исито тој мир не го пронаоѓа. За неговата душа не постои мир. Повторо одекнува , „Никогаш повеќе“ за тоа дека може би во рајот ќе ја види својата сакана повторно. Болната душевна ситуација на авторот ќе направи тој да посака барем во срцето да му останат драгите и убави спомени, заборавајќи на тагата. Но, и на тоа прашање и на таа желба, одговорот бил морничав. Неговата душа нема да се среди – никогаш повеќе – одекнале зборовите на Гарванот. Токму овие зборови, предизвика страшна драматична душевна состојба, односно истата беше последица и на страшна болка и страдање поради загубата на саканата, загуба со која самиот автор не сакаше да се помири. |
|
![]() |
|
miSsFreaKy ![]() Нов член ![]() ![]() Регистриран: 23.Март.2010 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 6 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
„Страданијата на младиот Вертер“
Јохан В. Гете е автор на едно вечно популарно дело,творец на типични романтичарски јунаци преку кои ни ги презентира одликите на романтизмот,а истовремено ни слика слика во која главниот лик животот го води преку срцето,исклучувајќи го разумот. Во „Страданијата на младиот Вертер“ романтичарот Гете ја опишува чувствителноста како одлика на системот во кои тие неможе да се калемат. За симбол на чисто романтичарска душа е прикажан Вертер,претставник на граѓанската класа.Иако тој е интелектуалец и талентиран уметник сепак прилично неодговорно,интригански се однесува во младоста,изразувајќи незадоволство и во својата работа.Води распуштен живот кој набрзо ке му здодее и решава да го напуши градот,кој е симбол на цивилизираното опшество,со цел да се подобри.Заминува во природата,чувствувајќи ја како божја рајска градина и кон истата гледа со восхит.Посакувал да има иста таква божја сила како бог творец за да може таа убавина да ја пренесе на хартија поради тоа што после долго време му се јавува творечкиот импулс.Живеејќи во осаменост од далеку го набљудува народот и враќајќи се кон традицијата тој им се восхитува на луѓето. А луѓето се претставени како добри,вредни,едноставни и простодушни со пратријахално воспитување.Во ваквата изолација опкружен со вакви луѓе Вертер се чувствува прекрасно.Книгите-симбол на формалното образование тој страствено ги одбива бидејќи тоа сепак за него претставува симбол на буржоарско граѓанско опшество кое пак на човекот му дава чувство на сигурност,но ја задушува неговата креативност и слобода.Вертер овде се чувствува слободен од сите ограничувања во животот,а самата романтичарска душа Гете ке ја отслика преку неговата љубов кон Лота.Вертер се заљубува во неа, пред се поради нејзините добри особини.Таа е многу добра жена, грижлива сестра, која што по смртта на нејзината мајка го одржува своето ветување и ги одгледува своите сестри и браќа.Храбра, лојална и секогаш спремна да им помогне на другите.За Вертер таа претставува идеална љубов, но платонска бидејќи помеѓу нив нема ништо повеќе од духовен однос.Вертер како романтичар својата идеална љубов постојано ја именува како ангел и ја смета за нова цел за неговиот живот.Нема минута кога не мисли на неа.Ја доживаува како светост, како божја убавина за неговата душа,ја сака до таа мера што го засакува и секој предмет што ке го допре таа.Неговата љубов нема граници.Вертер би оправдал и убиство ако е поради искрени чувства на љубов,за разлика од Алберт свршеникот на Лота,кој се води по законот.Алберт е нотар кој ја претставува граѓанската класа и истовремено е симбол на разумот.Секои чекор во неговиот живот е премислен.Непосредно пред да дојде Алберт Вертер е сигурен дека љубовта кон Лота му е возвратена,дури никогаш не го гледал Алберт како противник.По извесно време тој станува љубоморен поради желбата саканата да биде само негова.Поради тоа чувствува грижа на совест и донесува одлука да замине во друг град каде добива службеничка работа преку мајка му.Оди во друг град само за да избега од Лота и да ја запостави деноноќната мисла за неа.Но таквиот живот не го привлекувало и не бил воопшто заинтересиран за работата.Присуствува на вечера опкружен со луѓе кои што се припадници на аристократската класа и молбата од грофот да ја напушти вечерата поради неговото неаристократско потекло крајно го разочарува Вертер и тој повторно се враќа кај својата Лота,а притоа согледува дека Лота веќе е мажена.Ја губи целата своја надеж и решава да си се врати во својот роден крај.Вертер неможел да се пронајде себеси.Поради изгубената надеж во љубовта која веќе неможе да ја оствари тој останува пријателски настроен со Лота која му подарува грижа и љубов како најдобар пријател.Спас за неговата душа нема и тој се самоубива со пиштолите кои му припаѓаа на Алберт. Гете во ова дело ни приучтува да согледаме дека романтичарските души не се прифатени во опшеството. Таквата опшествента заедница која е помоќна од поединците ги убива нив... Нивните срца, нивната чувственост и искрените души како што беше душата на младиот Вертер. |
|
![]() |
|
Mindy ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Искрена, поискрена здравје Регистриран: 14.Ноември.2005 Локација: United Arab Emirates Статус: Офлајн Поени: 14598 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ДИВО МЕСО, Горан Стефановски
Дејствието се случува во Скопје, непосредно пред втората светска војна Уште во првата сцена се издвојува меланхоличниот лик на мајката Марија која сонила дека е пресечена на две, дека на ’рбетот има голем црв кој е пресечен и се превиткува и кој боли како да и вадат заб. Ова би можело да се толкува како знак на она што следува, не можноста на обичниот човек да се справи со идеалот на „големите“ луѓе. Доаѓа Симон пијан, тој е келнер, кажува дека има грутка во грлото која везден го гуши. Полека во куќата на Андреевиќ се присобира целата фамилија. Стево соопштува дека нема да биде присутен на нивната слава, а некој од фамилијата да не е присутен е нешто што се случува по прв пат во нивната куќа. Промена. Тој треба да оди на прием кај неговиот газда Херцог, во чест на Германецот Херман Клаус. Попот им ја посветува погачата, таа им паѓа од рацете. Симон се споменува самиот меѓу умрените. На приемот Херцог и Херман разговараат за иднината на Стево, а тој е во собата кај Сара, ќерката на Херцог. И кажува сонет од Петрарка, таа го познава. Таа е распуштена девојка, ја става неговата дланка на нејзините граде. Го прашува дали тој често маструбира, бидејќи таа тоа го прави катадневно- петпати. За неа ТОА наскору ќе се прави на улица, и за ТОА не ќе се троши толку време и енергија. Револуционерен став, но во кој се истакнува нескротливоста на страстите и емоциите. Вредноста на човекот е токму во воздржувањето и заузданоста, но, Сара не им се покорува на нормите. Затоа нејзиниот живот е во надолна линија, новото време ќе ја прегази. Таа завршува во одаите на советникот Сивиќ, новиот представник и раководител на претпријатието. Стево откако се враќа дома, убеден во својот успех, се воздигнува пред сопствената фамилија. Најмладиот брат Андреја заедно со другар му Ацо е скоевец, тој се спрема за скорашните штрајкови. Кога Клаус ќе биде на гости во нивната куќа, Марија ќе го осети дивото месо. Тоа всушност е бабинска деветина, верување дека ако некому му влезе влакно во грлото, околу коренот на влакното ќе се стори месо кое не е човечко и ќе нарасне толкава да го гуши човекот. Дали Клаус е тој што ги гуши останатите со неговото присуство? Тој енос нараснува, како во драмата така и потоа во времето. На човештвото му станува да се гуши од неговото присуство. Отсуство на човечклук. Во десетата сцена Клаус и Стево разговараат пиејќи ги своите пијачки. Андреја е уапсен во немирите. Клаус го советува Стево нешто да стори со себе, да се ослободи од стегите на мазохизмот и да пушти да го води срцето. Животното дрво на Клаус има корења од 16 век, додека овдешните, не се сеќаваат на ниту две генерации што им претходат. На крајот од своето излагање, Клаус отворено му се пушта, му ја става раката на к*рот. Стево запрепастен заминува. Клаус и Сивиќ ги иселуваат Андреевиќи од куќата. Следува сцена со Симон кој е воен дезертер и е пијан во собата на проститутката Мими. Во наредната сцена Сара и Стево разговараат. Таа е напуштена од сите, додека во животот на Стево останатите заминуваат по несопствена желба. Андреја е в затвор, Симон убиен, татко му сака да се обеси. Му се заколнува на Клаус дека ќе го земе пиштолот и дека или ќе го убие него или себе си. На крајот пука во воздухот. Можеби ова е најтипичен пример за едно вистинско однесување, христијанско достигнување на победата преку сопствениот пораз и трпение. Лошотијата и злото сами ќе си пресудат на себе си, ќе го досегнат сопственото дно. Вистинскиот човек стихијно го чека нивниот пад, се насладува мазохистички на нивното самоуништување. |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 101102103104105 113> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |