|
За Божјите парадокси |
Внеси реплика | страница <123 |
Автор | |
Kastro
Сениор Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Nego aj ova da si prasav jas (ako ne sum of topic) ...ama Bozji paradox chinam e ili moj lapsus .... Ama ....neli Adam I Eva imale samo sinovi ?
Kako sme nastanale togas nie
|
|
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
На Адам и Ева првин им се родиле синовите Авел, Каин и Сит, а потоа: 4 По Ситовото раѓање, Адам живееше осум стотини години; и му се родија уште синови и ќерки. БИТИЕ - ПРВА КНИГА МОЈСЕЕВА, Глава 5Изменето од Messenger - 06.Мај.2014 во 01:11 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
svetosparki
Сениор Регистриран: 27.Октомври.2013 Статус: Офлајн Поени: 694 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
kao prvo-naslovot na temata e antiteza...
kao drugo-Tvorec e ziva materija?!,a Bogovi e nihilisticki stav sprema Tvorecot-zivata materija... kao treto-procitajte te go imeto na forumgijata vrz mene... NOMEN EST OMEN...Pozdrav do Messenger... |
|
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Парадоксот на незнаењето на „сезнајниот“ се огледува во стиховите од библијата.
На почетокот, кога бог се решил да прави нешто*, тој, откако ќе го направел тоа што го наумил, увидувал дека е добро. Може ли од ова да се извлече заклучок дека тој претходно незнаел како тоа нешто ќе изгледа, па морал прво да го направи, па откако ќе го направел, ќе видел дека е добро. На крајот истото се случува и со човекот. Откако го создал, видел дека е добро. И, до кога траело „доброто“? Па уште примарните негови човечки суштества веднаш згрешиле, што значи дека тие не биле добро направени. Ако биле добри, немало да грешат. Да не зборуваме за генерациите после нив. Сите испаднале „чурук“. И тука доаѓа до израз парадоксот на незнаењето на „сезнајниот“. Тој јавно кажува дека погрешил и за тоа се кае. Значи, од ова признание за грешка и каење, согледуваме дека тој бил затечен од непромисленоста на луѓето. или со други зборови, тој незнаел како тие ќе се однесуваат. И, наместо да се казни себе си за сторената сопствена грешка во креацијата, тој ги казнува сите луѓе (но и сиот жив свет), пуштајќи го потопот. Зарем тоа не го пишува во библијата? Е сега, да го оставиме новиот тренд во религиозните толкувања наречен „слободна воља“. Знам дека таа ќе се спомене (како и многупати претходно), дека бог оставил човекот самиот да прави како што сака ... тоа е веќе за друга дискусија, да не завлегуваме, односно да не забегуваме од целта. Примарното што овде сакам да го потенцирам е токму тоа што погоре го реков: Бог се покајал. А за некој да се покае, треба претходно нешто да згрешил. Овој токму тоа го направил - незнаел што ќе се случи со неговата творба - човекот. * - Што ли правел пред тоа? Како ли само му минело времето?! |
|
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|
svetosparki
Сениор Регистриран: 27.Октомври.2013 Статус: Офлајн Поени: 694 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Biblijata ne e Komunisticki manifest...ne veruj slepo u nea...
posto e pisatelot anonimen i nedokazan u svoite stavovi... I Manifestot e kompilacija od mal milion filozofii...taka da... Jaubavo se drzam do naslovot...i velam deka e toa Antiteza... Ako ne postoi Bog,nema ni Bozji paradoks... Postoi nekoja''ziva materija''so i naukata ,digajki ramena, ja poznava ko ...TVOREC... Ako imenuvas ''nesto ''ko ''Bog''...so praime so mal milion pomosni ''Bogovi''...na moreto,na ubavinata,na ....da ne gi redam... si se fatil samo za Covekot...Pogledni go cel Univerzum i daj mi edna replika... site tie prikaski za Adam,Eva,Noe....se nistozni vo sporedba so Univerzumot,,, Ako site bideme negovi klonovi,onda sme i nie Bogovi...Apsurd.... Zatoa samo ni dal um,da se razvijame,da se spoznaeme sami sebesi pa posle nek si ebe majkata...koj so bide,neka bide.... Pa zar samo covekot e u Univerzumov...ima uste mal milion raboti so funkcioniraat ko so treba... |
|
svetosparki
Сениор Регистриран: 27.Октомври.2013 Статус: Офлајн Поени: 694 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
posle mnogu nateganja,solo-dueli,razgovori so svesteni lica,
citanje knigi,kniski i knizulinja,eve,(ja)-ponizniot,sakam da mi se pojasnat nekoi raboti....Odnapred blagodaren... PRVO-Ako e Adam stvoren od zemja,Eva od rebro,Isus od...(IN VITRO) ima li cetvrta varijanta... DRUGO-Pred da vleze u Marija se vika MIHAIL,a koga iskocil-ISUS TRETO-U Biblijata se spomnue kao-Ednoroden,Edinstven sin na...(...) a,posle srekavame deka i drugite angeli se sinovi na (...) CETVRTO-Se krsti na 30 godini i umira na 33 godini...So prai do krstevkata,posto nigde nema podatoci,ili ja neam pojma, so prai sam so samiot sebe ili so sopartijcite... PETTO-VOSKRESENIE...Dobro...site znaeme deka so zemjava vladee Satanata so e ,jebi ga,negov proizvod,i deka so Voskresenieto ke se resi toa so ne se resilo 100000000000000000 godini...i...taka e...ja ke glasam ZA...(osim ako ne se javat Darvinovcite,deka e cifrata pomala...) ali,nejse...Voskresenieto e Bonusot od verbata vo (...) Ali,zasto,nekoj ima privilegii?Kao,na primer-LAZAR... So so toj zasluzi da zivee dvaputi,a ne na primer Ajnstajn,Caplin,Tesla ...pa, i dedo mi,na kraju krajeva... So voskresenieto na LAZO,ke mu bide TRETA MAJKA,so ne e fer... SESTO-Ako grevot na Adam i Eva e-SMRTNOST NA COVEKOT-... kako toa,majku mu,NOE i kompanija ziveele po 6oo i kusur-godini i na kraj-umrele...Znaci,stvarno,najkorektno,naj-ferski,Adam i Eva... ja zaebale rabotata...A...lugevo ke vsi ziveele vecno... ako sea se vvrzam so prethovno poglavje... Fer li e i NOE i kompanija da gi voskresneme,koga cel moj koren, nema ziveeno kolku nego... SEDMO-Dali postoi Sveto Trojstvo,Dali se site baska,Dali dvajca rabotat protiv Tretiot...So praime so drugive koi imaat totalno dijametralno objasnuvanje na kosmosot... OSMO-Kolku luge -tolku poimi za(...)Zasto dominatnata,(nametnata) Religija,da go trasira patot do Vecnosta ili do (...) Zar razlicnostite vo veruvanjata vo (...) ne se znak deka zabludite i predrasudite ne vodat vo nesto so i (...)-nema pojma... |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Гледам дека никој не коментира (одговара) на прашањава, па ајде да направам мукает... 1. Не знам. Доколку мислиш на син човеков, тогаш треба да биде роден од жена. Mатеријалното тело се создава од вплотување на машкото и женското тело. 2. Верата учи оти тоа било бестелесно зачнување. 3. Во Стариот Завет се спомнуваат повеќе "Синови Божји". Тоа треба да се разбере… сите сме "синови и ќерки Божји", но кога се користи изразот Син Божји се смета на Христолик (богопросветлен, пробуден, богоосознаен) cин човеков. Христијанството на Исус му го придаде и епитетот "Еднороден". 4. Тоа е црна дупка во Христијанската вера и во Евангелијата. Ако се излезе надвор од Христијанството и христијанската догма тогаш може да се најдат нeкoи податоци за тие времиња. 5. Земјава не е производ на Сатаната. Христијанската вера учи дека спасението доаѓа единствено преку вера во Христа. 6. Ное и другите исто така умреле, доколку сметаш на нивното материјално тело. Материјалниот свет е транзиентен, неговите форми не се вечни оти подлегнуваат на природните закони востановени од Бога. 7. Светото Троиство е христијанска доктрина и догма. Тоа е Едно манифестирано во Троиство. Ваквото видување не е ексклузивитет само за Христијанството, туку и за други вери, херметички учења и филозофии. На пример, во Хиндуизмот постои Тримурти (види "ХИНДУИЗАМ" http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=17411 во нашиов форум). Додатно објаснување: најбазичнaтa свест егзистира во дијади (црно-бело, вчера-утре, лево-десно…), повисоката свест егзистира во тријади (црно-сиво-бело, вчера - денес - утре, лево - тука - десно…), а највисоката (христовата, боженствената,просветлената, разбудената) во Едно. Со другите објаснувања прави што сакаш. Секое од нив ќе ти се манифестира на нивото кое ти е податно во моментот на запознавањето со него. 8. Верата треба да биде човеков слободен избор. Работата е што тоа е најмалу така во овој свет бидејќи децата се раѓаат и се одгледуваат во вери кои без слободен избор ги наследуваат од своите родители и од комуната во која живеат. Религиозноста, како начин на живеење и како слободен избор се стекнува и негува во текот на животот и тоа може да го упати човекот по негов сопствен пат кој може да дивергира од оној на инcтитуцијализираната вера. П.С. Парадокси во Светов не постојат. Парадоксот произлага од човечкотo (не)разбирање и размислување за овие работи. Изменето од Messenger - 01.Август.2014 во 23:43 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
svetosparki
Сениор Регистриран: 27.Октомври.2013 Статус: Офлајн Поени: 694 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Fala ti,so mi pojasni nekoi raboti...
Vo toj kontekst sakam da prasam- PRVO-Zosto Stigmatizacijata se slucuva samo vo Katolickiot svet VTORO-Kako se cita pravilno-SAN GREAL ili SANG REAL TRETO-Mozes li da cmi kazes nesto poise za brat mu na Isus CETVRTO-Neli Marija e vtora u svet so se porodi IN VITRO- -prva bese Elizabeta PETTO-neli e ziva glupost Crkvenata PROSKA NA GREVOVITE Mnogu ke ti bidam blagodaren ako me udostois so odgovor |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1. Не знам дали стигматата се случува само во католичкиот свет, но знам дека во католицизмот најмногу се посветува внимание на неа. 2. На англиски - Holly Grail, на француски Sang Réal 3. Според оноа што е напишано во Новиот Завет може да се заклучи дека Исус имал браќа и сестри. Христијанската догма вели дека немал затоа што Марија останала девица и после неговотор раѓање. Таа тврди дека Исус ги нарекувал браќа и сестри сите оние кои го следеле. Порано имаме дискутирано за оваа контраверзност во христијанството. 4. Библискиот извор не вели така… Ангелот Гавриил го известува Захарија дека и покрај неговата старост и староста на жена му, таа сепак ќе зачне. 23. и штом изминаа деновите на неговата служба, тој се врати дома. 24. По тие дни зачна неговата жена Елисавета. Светото Евангелие според Лука: 1 5. Бог простува. Во повеќе разговори со свештени лица разбрав дека тие навистина веруваат оти прошка може да се побара и да се добие единствени преку нив како медијатори со Бога… како што веќе рековмe претходно, христијанската догма и црковното учење не се ставаaт под прашање. Изменето од Messenger - 07.Август.2014 во 16:25 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
svetosparki
Сениор Регистриран: 27.Октомври.2013 Статус: Офлајн Поени: 694 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Fala ti,GLASNIKU...
Pred da prejdam na moite prasanja,sakam da te doobjasnam: SANG REAL e KRALSKA KRV,bar taka mi e pologicno... -Zosto Marija Magdalena e stavena na rezervna klupa a e ,so Petar,najbolji strelec u Prvenstvo... -Dali e vistina deka Isus e raspnat na stolb,a ne na Krst posto ni Evreite,ni Rimjanite go koristat krstot kao KAZNA ili kao nekakov drug simbol so bi prael anti-reklama... -I,za kraj,za da ne mi se javi ''SVEKRVA MI'',Te molam,kazi mi, sakam da pisuvam nesto za Dogmata,ali neznam kade... |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1. Марија Магдалена, како и сите други жени, ставени се надвор од христијанската верска градба, а за тоа се погрижија христијанските гласноговорници и втемелувачи на институцијализираната вера во првите столетија. Додека Исус не правеше разлика меѓу мажите и жените како негови следбеници и деца Божји, а Марија беше многу блискa до него, првите христијански апологети како Ирение, Клемент и Игнатие во создавањето на христијанската теологија сторија с'е за да ги дистанцираат и подредат жените под машкиот авторитет. Mарија стана колатерална жртва на таквата доктрина. Во апокрифата постои нејзино евангелие.
2. Општо прифатено е дека Исус бил распнат на крст. Некои нововерски учења тврдат дека тоа не било така иако нивните аргументи не се сериозни. Крстот е значаен симбол во херметиката и гностиката и од тој аспект Христовото жртвување, распетие и воскресение имаат потполна вплотеност со Исусовото проповедање и Христовата свест. 3. Разгледај ги темите низ претходните страници на овој подфорум и најди ја најсоодветната за оноа што сакаш да коментираш. Верувам дека имаме отворено теми за секоја можна верска полемика. Доколку нема таква тогаш отвори нова. При коментирањето обиди се да се потврдиш со соодветни факти и аргументи. Изменето од Messenger - 11.Август.2014 во 19:09 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
janevzoran1
Сениор Регистриран: 21.Јануари.2014 Статус: Офлајн Поени: 129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ное, фантастично ти е она дека 1+1=10 во бинарниот систем (сувопарен факт, но, навистина, смешно е, со оглед на темава);
(а за другите наши (на учесниците на вакви и слични форуми по интернет) познато е дека филозофијата, логиката, математиката, науката,..., се (само) интересни игри); Изменето од janevzoran1 - 18.Октомври.2014 во 22:05 |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бог не прави парадокси и грешки. |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Внеси реплика | страница <123 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |