IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ХИНДУИЗАМ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Затворена темаХИНДУИЗАМ

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 1 Гласови, Просечно 5,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Директен линк до овој коментар Тема: ХИНДУИЗАМ
    Испратена: 10.Јануари.2009 во 02:23

 

Хиндуизмот се смета за најстара организирана религија и според бројноста на верниците денес претставува трета религија по ред после Христијанството и Исламот.

Оваа религија, за разлика од другите, нема единствен основач и претставува збир на стотици различни верски групи кои заеднички еволуирале на териториите на Индијскиот подконтинент.

Хиндуизмот е хенотеистичка религија која признава еден Бог, а сите други богови и богињи ги смета за негови различни манифестации или аспекти.


СВЕТИ ПИСАНИЈА

Главните свети писанија на Хиндуизмот se четирите Веди кои потекнува од 1500 до 4000 години пред Христа. Упанишади се религиозни текстови кои се интерпретации на Ведите и кои ја елаборираат доктрината на обедувањето на душата ( Атман ) со Апсолутната Вистина ( Браман ) преку медитација и контеплација, како и објаснувањето и разбирањето на Кармата - акумулативниот ефект на човековите акции во текот на неговиот живот.
Други важни дела се Рамајана и Махабхарата, како и текстовите Брамани, Сутри, Пурани и Аранаки.


ОСНОВНИ ВЕРУВАЊА

Браман - Единствениот Бог кој е се што постои и кој е во се што постои. Се е создадено од Него и ништо не постои надвор од Него. Тој е сеприсутен и семоќен, трансцедентен и иминентен, и се манифестира во онаква форма каква што е најпогодна за луѓето во нивните индивидуални желби, барања и потреби.

Божјето Тројство - Брама ( Креаторот, Создавач на се што постои ), Вишну ( одржувач на создаденото ) и Шива ( уништувач на создаденото ).

Деви и Аватари - Деви се небесни Божји суштества. Аватар е Бог кој се симнува во материјално тело на земјата за да ја обнови дармата во човековото живеење и да ги води луѓето во мокша.

Реинкарнација - живот после смртта со повторно раѓање во друго материјално тело.

Самсара - Хиндусите веруваат во перпетуално преселување на човековата душа при умирањето од едно тело во друго.

Карма - Акумулирана сума на добрите и лошите дела кои душата ги наследува во својата преселба во новото тело и кои одредуваат каков ќе биде квалитетот на новиот живот. Добрите дела овозможуваат повторно раѓање на повисоко ниво, додека лошите можат да придонесат и до повторно раѓање во форма на животно. Со правилното живеење секој може да излезе од самсарата и да постигне просветлување.

Ахимса - Верување во неагресивност од секој вид и форма, вклучувајќи ги и мислата, говорот и делото. Од тука потекнува вегетаријанството кај хиндусите.

Дарма - Протективната моќ на Божествениот закон во живеењето.

Вистина - Ултимативно, вистината секогаш победува и само таа протектира.


ЧЕТИРИТЕ ПРИНЦИПИ НА ХИНДУИСТИЧКИОТ ЖИВОТ

Дарма - водење исправен религиски живот
Арта - успешност во секојдневниот живот преку материјален и економски просперитет
Кама - ментално и сензуално задоволство
Мокша - ослободување од самсара. Ова е главниот принцип на хидусите ниврити, оние кои го посветиле својот материјален живот на просветлувањето. Ова исто така се смета за врвна цел на човештвото.

ГЛАВНИ ХИНДУИСТИЧКИ РЕЛИГИИ

- Ваишавизам : признавање на Вишну како ултимативна Божја манифестација.
- Шиваизам : признавање на Шива како ултимативна Божја манифестација.
- Смартизам : воглавно следење на Адваита Веданта.
- Шактизам : признавање на Божествената Мајка Шакти ( Деви ) како ултимативна Божја манифестација.
- Веданта : ,,крај на знаењето'', поврзување со универзална сеопшта свест ( Браман ) преку сопственото свесно осознавање.
- Јога : просветлување кое се постига со следење на Јога Сутрите забележани од просветлениот Патанџали.


Изменето од Messenger - 13.Јануари.2009 во 19:48
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6937
Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2009 во 19:36
Vo Hindu religijata postoi troistvo,najvazni tri bozestva koi simboliziraat tri aspekti na zivotot.
Brama e stvoritel,Visna e cuvar,a Siva e unistitel.Siva ja prestavuva konstantnata promena na Univerzumot,tekot na zivotot,faktot deka se treba da bide unisteno za da se rodi povtorno.Toj vsusnost potsetuva na toa deka lugeto konstantno treba da se odviknuvaat od rabotite za koi sto grcevito se drzat,za da mozat da go sledat tekot na zivotot.Mnogu od negovite verni podanici ja napustaat kukata,se odrekuvaat od posedite i slobodno se dvizat vo svetot sledejki ja energijata na Univerzumot i veruvajki i.Siva e isto taka poznat i kako Gospodar na igrata i se kazuva deka negovata igra go odrzuva Univerzumot vo postojano dvizenje.Opisan e kako mnogu ubav i moken maz so dolga talasesta kosa(za negovata kosa se kazuva deka ja prestavuva svetata reka Gang).
Shakti e zenskiot aspekt na Siva.Shakti oznacuva energija od koja e sozdadeno se sto postoi vo Univerzumot.Toa e energija na zivotot t.e.zivotna sila koja pominuva niz naseto telo.Isto taka oznacuva i zenska energija.
Vo okvirot na Hindu pri praktikuvanje na Tantrata,mazot se narekuva Siva,a zenata Shakti.

~Live the life you love, love the life you live~
Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6937
Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2009 во 00:08
Mitovite,simbolite i bozestvata e nesto sto mene mnogu me dopre vo ovaa religija.Tuka ke stavam nekoj sliki od nivnite bozestva.

Shakti



Shiva











Изменето од lotus flower - 20.Мај.2009 во 20:53
~Live the life you love, love the life you live~
Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6937
Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2009 во 19:49
http://www.youtube.com/watch?v=QUeMuFa0VSM

Indian music





Hinduizmot gleda na svetot kako na edno ogledalo.Sekoj covek e nosen od Univerzumot kon odredena licnost ili rabota koja sto mu e potrebna vo odreden period.Gledajki gi lugeto so koj sme bliski mozeme da staneme svesni za nasite karakteristiki.Kolku si so odredena licnost poblizok,ogledaloto e posilno t.e.vnatresno ste slicni.Najgolema slicnost spored Hindu postoi kaj lugeto megu koj postoi seksualna privlecnost.Dokolku nesto ne vlece kon odredena licnost,a staneme svesni deka nie toa ne go poseduvame,toa znaci deka Univerzumot ni ja praka taa licnost za da nesto naucime od nea t.e. zatoa sto ni e potrebna.Dokolku vidime negativni osobini kaj istata licnost i staneme svesni deka i nie gi poseduvame togas toa treba da go smenime.
Ovie promeni se slucuvaat se dodeka ne vidime harmonija.Sekako i ponatamu vo zivotot postojat promeni no sepak harmonijata e osnovata.




~Live the life you love, love the life you live~
Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6937
Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2009 во 22:08


Vo okvirot na Hindu se naoga i TANTRATA




Osnovata na tantrata se sostoi vo ucenjeto deka emotivnite vrski ne se naogaat na nadvoreshno nivo tuku deka tie se vnatre vo nas.
Deka nasata vistinska emotivna vrska e nashata vrska so sebe-se ostanato sto ni se slucuva vo nadvoreshniot svet e odraz na toa sto e vo nas.Koga ke naucime da se sakame sebesi,avtomatski primame i ljubov i pocituvanje koe sto go sakame od drugite.Dokolku sme se posvetile na sebe si i na vistinata ke privleceme ljuge koi ke ni se posvetat so ista merka.Nashata zelba da bideme intimni so sopstvenite dlaboki cuvstva ni otvara prostor da pocuvstvuvame intimnost so nekoj drug.Uzivajki vo sopstvenoto drustvo,ke mozeme ubavo da si pomineme so bili koja licnost.Cuvstvoto na zivost koe tece niz nas ni sozdava zivot poln so strasni cuvstva.





Изменето од lotus flower - 23.Март.2009 во 22:09
~Live the life you love, love the life you live~
Кон врв
lane62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 7583
Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2009 во 11:27
 Brahma tvorecot na univerzumot ima 4 glavi i oznacuva intelegencija i 4 strani na svetot,
Visna odrzavatel 4 race,
Siva razgraduva univerzum 3 oci-gleda vo proslost,segasnost i vo idninata,
Ganesa ima glava na slon - bogatstvo, snaga,...
 
Bogovite se vo sustina zakoni na prirodata ama prikazani so sliki za da se ostavi vpecatok.
Zenskite bozestva se razni energii vo univerzumot i vo teloto, i razlicni teski mentalni sostojbi se pretstavuvaat  so bozicata Kala..itn.
Cesta metafora e lotos koj pretstavuva cistota.
Obicno se bogovite prikazani vo par...maski e svest a zenski energija ili materija ili emocija, nesto kako Adam i Eva kade e Adam razum a Eva emocija
zmija Kundalina koja se javuva koga greot se javuva, koga emocija ke go nadvlada razumot.
 
Jazik na simboli.
 
Daj više odmora jeziku nego rukama!
Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6937
Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2009 во 21:35



Изменето од lotus flower - 21.Август.2009 во 10:42
~Live the life you love, love the life you live~
Кон врв
viktorija123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Nishto Posebno, tuku EDNO

Регистриран: 04.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7300
Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2011 во 10:35

Edna stara Hinduistichka legenda veli deka nekogash odamna zhiveele lugje bogovi. Megjutoa, tie svoite mokji gi zloupotrebuvale do taa mera, da Brahma, bogot na site bogovi, odluchil da im ja odzede mokjta i ja sokrie nekade kade ne bi mozhele da ja najdat.
Trebalo ushte samo da se pronajde pravoto mesto za sokrivanje na mokjta i srekjata.

Se sobrale nekolkumina bogovi i reshile tie da go reshat problemot. I predlozhile:"Zoshto ne bi ja zakopale chovekovata mokj i srekja v zemja?"

- I Brahma im odgovoril:"Ne, lugjeto bi kopale dlaboko i sigurno brzo bi gi pronashle mokjta i srekjata."

Bogovite rekle:" Togash da jagi odneseme chovekovata mokj i srekja, dlaboko vo okeanot."

Brahma povtorno im odgovoril:" Ne, porano ili podocna lugjeto kje go prebaraat celiot okean i sigurno kje gi pronajdat...."

Taka malite bogovi doshle do zakluchok deka, nitu zemjata nitu pak moreto ne se prostorot kade bi mozhelo da se sokrijat chovekovata srekja i mokj. Sfatile deka neznaat kade da gi sokrijat...

Vo toj moment Brahma srekjno izviknal:" Vaka kje napravime! Kje gi sokrieme dlaboko vo niv samite, toa e edinstveno mesto kade lugjeto NE BARAAT!"

Od togash pa se do denes, sudejki spored legendata, lugjeto go prebaruvale celiot svet - istrazhuvale, kachuvajki i pagjajki, ronejki i kopajki NESHTO - SREKJA KOJA CELO VREME E VO NIV SAMITE!

There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2013 во 01:41
Карма е оноа сто народот вели "што ќе сееш, тоа ќе жнееш". "што ќе распараш, тоа ќе сошиеш", "с'е се враќа, се се плаќа". Тоа е исто така е познато како закон на каузалност или закон на акција и реакција. 



Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2013 во 01:43
Реинкарнација е повторно воплотување (раѓање) на иста душа во ново материјално тело со цел да се научи и корегира од искуствата (грешките, слабостите и добрите нешта) на минатиот живот. Секоја следна реинкарнација значи е детерминирана од кармата на претходната. 

Овој циклус на умирање и реинкарнирање управуван од кармата во хиндиузмот се нарекува самсара

Кога овој циклус на умирање и раѓање ќе дојде до својот крај, душата постигнува мокша - ослободување од самсарата. Таа се одделува од сите земни (материјални) желби и зависности и добива вечно спасение доаѓаќи до реализацијата дека Бог и Светот се Еднобитие и секое нивно перцепирање како два различни ентитети е илузија - маја

Во античкиот период Питагорејците тврделе дека можaт да се сетат на минатите животи (како што и денес тоа го велат некои луѓе). Платон според своите пишувања верувал во реинкарнација, а во дијалозите наведува дека и Сократ верувал оти по смртта следи повторно раѓање. 

Реинкарнацијата не им било непознато верување ниту на некои од првичните христијани, како на пример, Валентианците, Сетианците и многу гностистички групи. Некои денешни групи кои се сметаат за христијани веруваат во реинкарнација, иако официјалното Христијанство го анатемисува ваквото верување во петиот век. 

Јудаизмот во основа не ја подржува реинкарнацијата. Кај еврејството идејата за реинкарнацијата гилгул заживува со Кабализмот во периодот од 12-13 век. Некои ортодоксни книги на молитви имаат вечерни молитви со кои се бара простување на гревовите сторени во овој гилгул или во оној минатиот. 

Ист случај е и со Исламот. Иако во основа реинкарнацијата е отфрлена како верување, повеќето од Исмаили Шија муслмани, како и некои од суфи групите веруваат во концептот на повторно раѓање и умирање даврија.


Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.