IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Писмени состави,семинарски...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Писмени состави,семинарски...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 6566676869 113>
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 3 Гласови, Просечно 3,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2013 во 20:05

Злосторство и казна од Достоевски е реалистичен, психолошки роман во кој има елементи и на социјален, криминалистички и филозофски роман. Тој е, исто така, полифоничен роман (каде се вклучени општествената и социјалната реалност, но и психичката реалност на поединецот).

Темата и идејата на романот се содржани во насловот. Темата е злосторството, двојното убиство што го извршува Раскољников и казната што следува (повеќе психичка, отколку физичка). Во таа психичка казна е содржана и идејата - дека човекот самиот повеќе се казнува и измачува отколку што тоа може да го стори општеството. Исто така, дека нема никакво оправдување за извршено убиство, зашто сечиј живот е вреден.

Во романот, покрај злосторството извршено од страна на Родион Романович Раскољников, опишано е и неговото семејство, мајка му и сестра му, неволјите во кои запаѓаат заради сиромаштијата; како и семејството Мармеладови, а особено Соња Мармеладова, која ќе има исцелувачка улога на крајот. Приказната на Свидригајлов е поврзана со сестрата на Родион Романович, но и таа живее самостојно и се издвојува со својата специфичност. Времето во романот е сконцентрирано во девет и пол дена до злосторството и девет години по злосторството (една за време на судењето и осум во прогонство), што секако има своја симболика.


Прв дел

На почетокот од романот ни е претставен главниот лик - Родион Романович Раскољников. Тој е многу убав, со прекрасни темни очи, темнорус, средно висок, стасит млад човек, поранешен студент по право. Студиите ги напушта поради крајната беда во која запаѓа.

Облечен во партали, тој се упатува кај старата лихварка Аљона Ивановна да го заложи сребрениот часовник кој му е спомен од таткото. Патем, тој се бори со своите чувства, бидејќи неговото одење кај лихварката е испитувачки обид за намерата што се раѓа кај него - да ја убие бабата.

Раскољников е убеден во својата филозофија дека сите луѓе се поделени на две групи: обични - кои го поминуваат животот во послушност, покорувајќи им се на животните околности и необични - силни луѓе, кои преминуваат преку нормите и законите, луѓе на кои им е дозволено сè за да ја постигнат својата цел. Обичните луѓе најчесто се борат со својата сиромаштија и го носат товарот на општеството, тие настрадуваат и за најмали грешки, казнувани се и прогонувани; а на „големите“ луѓе - каде за пример го дава Наполеон, им е дозволено сè. Тој убил илјадници луѓе, а сепак не е казнет, туку е величан како војсководец и император. Со ваквата филозофија, тој сака да ја оправда својата намисла да ја убие бабата, која според него е една непотребна „вошка“ што само им наштетува на луѓето. Нејзините пари тој смета дека може да се искористат пополезно, како што е неговиот случај - да може да ги заврши студиите и да им помогне на мајка си и сестра си, да не се понижуваат работејќи по туѓи куќи за да го издржуваат него.

Одејќи кон нејзиниот дом за да го заложи часовникот, тој го планира убиството и ги разгледува своите можности за извршување на убиството. Ја планира патеката по која ќе оди, кога влегува кај бабата ја разгледува нејзината соба, загледува каде ги става заложените предмети итн. Но, иако го прави тоа, тој чувствува страв и извесно гнасење од сите тие мисли. Откако заминува од кај бабата влегува во кафеана да се напие пиво, што многу ретко му се случувало. Воопшто, а во последно време особено, тој не излегувал никаде, не се дружел со никого, се повлекол и осамил во своето мало сопче. Во кафеаната се сретнува со чиновникот Мармеладов, човек со подуено, жолто-зелено лице од постојано пиење. Тој му ја раскажува својата животна приказна на Родион (Роѓа) Раскољников, за женењето со убавата и образована Катерина Ивановна, која била вдовица со три мали деца. Тој имал и една ќерка од првата жена - осумнаесетгодишната Софја (Соња) Семјоновна Мармеладова. Поради сиромаштијата таа била приморана да се проституира, се преселила во друг стан и им давала пари колку што можела. Мармеладов успеал да најде работа и сè почнало да оди на подобро, но тој наместо да ги однесе парите дома, доаѓа во кафеаната и ги троши на пиење. И не си оди дома додека не ги потроши сите пари, иако знае дека кога ќе се врати ,жена му од немоќ ќе го истепа и целиот гнев ќе го истури врз него. Бидејќи нема храброст да оди дома сам, го замолува Раскољников да дојде со него. Тој му помага, го придржува пијаниот и доаѓаат во неговиот дом, каде ги пречекува болната од туберкулоза, многу пропадната и ослабната Катерина Ивановна. Мармеладов веднаш клекнува на колена пред неа и ја чека слатката казна од жена си. Таа му вика, го влече за коса, го навредува. Влегуваат и други луѓе кои ја гледаат срамната сцена, а Раскољников тивко и незабележливо се повлекува, на прозорецот им ги остава малкуте пари што му останале и си заминува.

Кога стигнува дома, Настасја, прислужничката, му дава писмо што стигнало од мајка му. Долгото писмо ја опишува целата историја на сестра му. Таа работела како гувернанта кај господинот Свидригајлов и неговата постара сопруга Марфа Петровна. Свидригајлов бил лош и суров човек кој сакал да има љубовна врска со Авдотја Романовна (Дуња), сестрата на Раскољников. Затоа, таа била приморана да го напушти работното место. Неговата сопруга, Марфа Петровна прво мислела дека Дуња е виновна, но потоа сфатила дека нејзиниот маж е тој што се натурал и дека всушност меѓу нив ништо не се случило. За да се извини што отпрво бурно реагирала и ја избркала Дуња, таа на сите им раскажувала колку прекрасна личност е таа и на крајот ја запознава со Петар Петрович Лужин кој сакал да се ожени со некоја токму таква девојка - сиромашна и чесна. Тој бил обезбеден и надежен човек кој работел на две места и имал некаков капитал. Дуња решила да се омажи за него иако и таа и мајката знаеле дека таму не станувало збор за никаква љубов. Раскољников сфаќа дека сестра му тоа ќе го прави за него - да го извлече од сиромаштијата. Таквата жртва, тој како брат, не сака да ја прифати. На крајот од писмото, мајката го известува дека тие патуваат кон Санкт Петербург, а дека Лужин набрзо ќе го посети.

Раскољников, вознемирен од писмото, излегува надвор и бесцелно талка по улиците. Случајно, кога поминува кај Сенскиот Пазар наслушнува разговор во кој дознава дека Лизавета Ивановна, сестрата на лихварката, во седум часот ќе биде излезена. Значи, бабата ќе биде сама дома и тој ќе може да го оствари својот план. Одејќи понатаму, му се случува уште една коинциденција: седнува во кафеана и на масата до неговата слуша разговор меѓу еден студент и млад офицер. Студентот раскажува за бабата - Аљона Ивановна, колку таа била лоша, алчна, непопустлива кон заложувачите и лоша кон својата сестра. Тој вели дека вреди да се убие една таква баба, но заради доброто на другите - нејзините пари да се искористат за илјадници сиромашни. Овие два знака на Раскољников му се чинат како одобрување на неговата намера. Неговото суеверие ќе го натера да верува дека сè се мести за да се изврши злосторството. Си оди дома, прилегнува и планира вечерта да ја заврши работата.

Се разбудува кога е веќе потстемнето. Набрзина, го зема предметот за заложување кој го подготвил од порано (дрвена штичка со метална плочка, за да тежи повеќе, завиткана во бела убава хартија), ја прави јамката на палтото на која ќе ја закачи секирата и тргнува. Уште веднаш наидува на препрека, односно тој очекувал Наталија да биде излезена и да ја земе од кај неа секирата, но таа си работела во кујната. Тој се разбеснува, продолжува понатаму и поминувајќи крај одајчето на вратарот, здогледува под неговата клупа - секира. Истрпнува, бидејќи планот сепак нема да му се изјалови, влегува и ја зема секирата. Се насочува по веќе извежбаниот пат и со мало задоцнување од планираното, стигнува до станот на бабата. Таа недоверливо ја отвара вратата, но Раскољников самоуверено влегува во нејзиниот стан, убедувајќи ја да не се плаши подавајќи и го божемниот залог. Додека таа се обидува да го одвитка, тој со тапото од секирата ја удира со сета сила по глава. Таа паѓа на подот, а тој уште двапати ја удира по темето. Тогаш ги зема нејзините клучеви и оди во спалната. Ги пробува во комодата и не успева да отвори ништо. Целиот во грч, тој посакува сè да остави и да си отиде. Се враќа кај старицата бидејќи му се причинува дека се помрднува и забележува на нејзиниот врат врвца. Успева некако со секирата да ја пресече врвцата на која имало обесено ќесе. Тој го става во својот џеб без да погледне што има внатре. Се враќа повторно во спалната, го отвора ковчегот под креветот и таму меѓу алиштата наоѓа многу златни предмети. Наеднаш, му се присторува како некој да се движи во другата соба, а потоа слуша и лесен извик. Ја грабнува секирата и на среде одаја ја здогледува сестрата на Аљона, Лизавета. Тој веднаш ја крева секирата врз нејзината глава и со острицата ја расекува речиси до темето. Потоа се мие од крвта и решава да си оди. Дури тогаш забележува дека надворешната врата цело време била отворена. Кога и се приближува на вратата, ја затвора со резето бидејќи слушнал чекори. Чекорите застануваат токму пред вратата на која човекот почнува упорно да тропа. Потоа му се придружува еден помлад човек и двајцата забележуваат дека вратата е затворена одвнатре, се сомневаат дека нешто се случило и се симнуваат да го најдат вратарот. Тогаш Раскољников искористува да излезе од станот, но не може да се симне по скалите бидејќи долу се слушаат многу гласови. Среќата му се насмевнува и тој здогледува отворен стан каде работеле мајстори, но во моментот немало никој. Се сокрива зад вратата и потоа успева да излезе без никој да го види. Успева дури и да ја врати секирата кај неговиот вратар. Се прибира дома и легнува во креветот без да знае за себеси, без да може да заспие.

Втор дел

По извршеното убиство, Раскољников прво си помислува дека ќе се помести од умот, го фаќа треска, постојано е во некоја состојба меѓу сонот и јавето. Ги крие предметите што ги украл меѓу тапетите во својата соба, па се сетува дека треба да ги скрие подобро, некаде надвор. Тогаш кај него доаѓаат Настасја и вратарот кои му носат покана од полициската канцеларија. Тој малку се збунува и си помислува дека веднаш го бараат за она што го сторил минатата вечер. Решава да оди и да ја расчисти ситуацијата, посакува да клекне на коленици и сè да признае во полиција. Но, иако во треска, таму се однесува трезвено. Бил повикан да потпише изјава дека ќе го плати долгот за кирија на својата стопанка за станот во кој престојува. Во канцеларијата, полициските иследници Никодим Фомич и Иља Петрович разговараат за синоќешното убиство поради што на Раскољников му се слошува и се онесвестува. Кога ќе се освести, Иља Петрович ќе го праша каде бил минатата вечер и зошто излегувал болен.

Кога доаѓа дома, Раскољников се загрижува дека се сомневаат во него и дека ќе направат претрес во неговата соба, па затоа ги зема предметите и излегува надвор за да ги скрие или фрли. Ги крие под голем камен и така малку се успокојува. Оди кај неговиот пријател Дмитриј Прокофич Разумихин каде се однесува многу неразумно и расеано. Бара од него нешто за работа, а кога тој му нуди преводи, Раскољников ги прифаќа, ги зема листовите и парите, тргнува, и кога доаѓа до улицата, наеднаш се враќа и му ги остава на масата без да каже збор. Заминува од кај него и талка по улиците бесцелно околу шест часа, а потоа се прибира и легнува во својот кревет, речиси во бесознание. Разумихин сфаќајќи дека Раскољников е во лоша состојба, доаѓа кај него со Зосимов, студент по медицина, кој се обидува да го лекува. Дури по три дена, тој се освестува. Тогаш доаѓа едно момче кое му дава 35 рубљи што ги испратила неговата мајка. Разумихин го носи да си купи попристојна облека, но сето она што го прави Раскољников е во полусвесна состојба. Зосимов често го посетува и прегледува. Утредента, во сопчето на Раскољников се појавува Петар Петрович Лужин, свршеникот на сестра му, како што веќе му било најавено. Таму се и Разумихин и Зосимов пред кои тој сака да се претстави во убаво светло, да им се допадне, но со своето површно знаење и додворувачко однесување постигнува спротивен ефект. На крајот, кога тој почнува да зборува за мајката, Раскољников се разбеснува и го брка од собата. Ги брка и своите пријатели за да остане сам. Се преправа дека е изморен, дека ќе спие, но штом сите си заминуваат, тој станува од креветот и излегува надвор. Во кафеана се сретнува со Замјатов, пријател на Разумихин, кој работи во полициската канцеларија и се сомнева во него. Раскољников дрско му раскажува како тој би постапил кога би бил убиецот, каде и како би ги скрил предметите. На излегување од кафеаната се сретнува со Разумихин, кој е изненаден што го сретнува надвор и што тој не е во кревет како што го оставил, но сепак го поканува кај него на гости, каде ќе му биде поудобно отколку да талка по улиците. Раскољников го одбива. Шетајќи бесцелно, тој прво е сведок на обид за самоубиство на една жена која се фрла во каналот (си помислува дека и тоа може да биде решение за него), а потоа е сведок на прегазувањето на Мармеладов со кочија. Кога видел кој е прегазен, Раскољников веднаш дотрчува и се обидува да помогне. Го носи дома, повикува доктор и свештеник. Стариот Мармеладов единствено сака да ја види ќерка си Соња, која брзо ја наоѓаат на улица. Кога доаѓа, тој за првпат ја гледа во таква облека и со солзи на очите ја моли да му прости. Тој умира во нејзини раце, а Раскољников своите 20 рубљи и ги дава на Катарина Ивановна. Пред случката со Мармеладови, Раскољников наминува во станот на бабата, како секој злосторник кој се враќа на местото на злосторството. Изненаден е што таму не е веќе онака како што го оставил тој, крваво, со двете мртви тела, туку напротив, се било чисто и варосано. Од кај Мармеладови, тој сепак се упатува кај Разумихин, кој потоа го испраќа дома. Таму го дочекуваат мајка му и сестра му.

Трет дел

Во разговорот со мајката и сестрата Раскољников отворено кажува дека заради него, сестра му нема да се омажи за Лужин. Ноќта, Разумихин ги испраќа мајката и сестрата во бедниот стан што им го обезбедил свршеникот, и делумно опијанет од претходната забава кај него, тој е многу отворен со нив. Всушност тој е воодушевен од нив и на прв поглед се вљубува во Дуња. Утредента, тие повторно се среќаваат и бараат совет од Разумихин за писмото што го добиваат од Лужин. Тој се чувствувал многу навреден од Раскољников и бара од нив братот да не присуствува на нивната средба. По ова, сите заедно одат кај Раскољников кој се чувствува многу подобро, речиси сосема оздравено. Сепак, тој стои на својот став: или тој - или Лужин. Затоа Дуња решава и братот секако да присуствува на вечерашната средба на која го поканува и Разумихин. Тогаш, во сопчето влегува Соња Мармеладова која поради својата обична, сиромашна облека, не ја препознаваат. Таа доаѓа да се заблагодари за парите и да го повика Раскољников на опелото во црква и дома на за душа.

Потоа сите заедно излегуваат, а Разумихин и Раскољников одат кај Порфириј Петрович (полициски иследник) кој одамна сакал да се запознае со Раскољников. Таму го среќаваат и Замјотов. Преку разговорот за статијата што ја напишал Раскољников за злосторството, за неговите ставови за обичните и необичните луѓе, Порфириј се обидува да го провоцира и да го натера да се предаде. На крајот од овој дел, Родион е во трескаво-бладачка состојба. Сам, постојано размислува и изнаоѓа решенија и оправдувања за она што го направил. Бабата за него претставува убивање на принцип, а не на човек и така можеби би можел да го преживее злосторството, но се сетува дека ја убил и сестрата - за која нема никакво оправдување. Тој неколку дена речиси го избришал од свеста тоа второ, непланирано и неоправдано убиство.

Четврт дел

Кај Родион доаѓа Свидригајлов, кој по смртта на својата жена, веднаш се упатил во Петербург за да среди некои работи. Тој му раскажува на Раскољников дека Марфа Петровна постојано му се привидува и дека тој се подготвува за подалечно патување. Но, можеби патувањето нема да се оствари поради тоа што тука му нашле жена за повторно да се ожени (шеснаесетгодишно девојче), а исто така сака повторно да се сретне со сестрата на Раскољников, Дуња. Раскољников не му дозволува таква средба, поради неговиот чуден карактер, настрани желби и лошо минато; па затоа, Свидригајлов му кажува да и пренесе на Дуња дека Марфа Петровна и оставила 3000 рубљи во наследство. Тој инсистира на средба со Дуња и за тоа нуди 10 000 рубљи.

Вечерта се собираат на договорената средба кај Дуња. Лужин е разочаран што против неговата желба таму го среќава Родион. А тој пак, уште веднаш кажува за парите што и ги оставила Марфа Петровна на Дуња. Тие пари менуваат сè. Отворено и храбро, Дуња ја откажува веридбата и тие речиси го исфрлаат навредениот Лужин од куќата. Тој си оди, но не може да верува, ниту да прифати дека со таа работа сè е завршено. Кога си заминува Лужин, сите ги зафаќа еуфорично расположение, а особено Разумихин кој неочекувано се ослободува од соперникот. Тој почнува да предлага заеднички нов бизнис - издаваштво во кој ќе вложат по 1000 рубљи, а сите тројца (тој, Дуња и Роѓа) ќе одбираат и преведуваат книги. Таквата премногу среќна атмосфера, Роѓа (Раскољников) не може да ја издржи и наеднаш излегува од кај нив и се упатува кај Соња Мармеладова. Всушност, решен е нејзе да и каже сè. Таму, тој и наговестува, но не може да ја изговори исповедта. Се прашува, како таа успева и покрај гревот во кој живее, да биде толку чиста и со чиста совест. Сфаќа дека тоа го постигнува со вербата во Бога. За жал, тој не може да биде како неа. Тој не верува во Бога и од таа страна не може да очекува спасение. Во разговорот со Соња, Раскољников дознава дека таа се познавала со Лизавета, сестрата на бабата, и и вели дека тој знае кој ја убил и дека утредента ќе и каже. Од таму, Родион Романович Раскољников се упатува кај Порфириј Петрович, итриот полициски иследник, за да ја потврди изјавата за заложените работи кај бабата и да го сослушаат, ако има потреба. Порфириј Петрович се однесува како да знае сè и како да е сигурен дека го има во раце убиецот на Аљона Ивановна. Му кажува дека знае дека тој бил во станот, ја барал крвта, ѕвонел на ѕвончето и се однесувал многу чудно. Најстрашното во неговото иследување е неговиот циничен однос, неговата сигурност и неизбрзувањето. Тој сака виновникот сосема да му се открие и самиот да си го признае гревот. Но, на изненадување на сите, во тој момент во полицијата доаѓа Николај (Микулка), еден од работниците во соседниот стан, кој признава дека е убиецот.

Петти дел

Катерина Ивановна, сопругата на Мармеладов, сите пари што ги добива од Раскољников, ги дава за погребот и задушницата. Нејзиниот ум е речиси сосема поматен, таа е во делириум од безизлезот во кој се наоѓа и од болеста која ја уништува. За време на приемот, на гостите во нејзиниот дом за задушницата, Лужин, кој е сместен во соседниот стан, го прави својот последен, очајнички чекор, на подол начин да ја врати Дуња. Имено, тој ја повикува Соња кај него, во присуство на Лебезјатников, и се извинува што не може да дојде кај нив и и дава 10 рубљи за помош. Скришно, и подметнува во џебот 100 рубљи и ја обвинува за кражба. За среќа, тоа го видел Лебезјатников кој ја кажува вистината. Негова цел била да докаже дека Соња е нечесна, како што тој тврдел од почетокот и да ги скара Роѓа (Раскољников) со мајка му и сестра му, па Дуња да се покае и да му се врати. По расчистување на ситуацијата во која се докажува дека Соња не украла ништо, Раскољников се упатува кон нејзиното живеалиште за да и открие кој ја убил Лизавета. Вербата во Соња, вербата дека само таа ќе може да го спаси го охрабрува и тој успева да и се исповеда. Почнувајќи од неговата филозофија за оправданото убивање, па префрлајќи се на мотивот за спасот на мајката и сестрата, тој објаснувајќи и нејзе, се обидува да си објасни себеси зошто убил и што му се случило. Доаѓа до следниот заклучок:

... Зар јас бабата ја убив? Јас себе се убив, а не бабата!

Во меѓувреме, им кажуваат дека споулавената Катерина Ивановна оди по улиците со своите три деца, пее и игра. Таа не може да го издржи притисок и умира на улица.

Шести дел

Во разговор со Свидригајлов, Раскољников дознава сè за неговото минато и карактер. Тој бил многу помлад од Марфа Петровна и таа со женачката го спасила од затвор. Но, таа му поставила неколку услови, како на пр.: тој да не се вљуби во некоја жена. Му било дозволено да има љубовни врски, но не и да ја остави заради друга жена. Тој толку се вљубил во Дуња, што бил подготвен на сè, па дури и да ја убие својата жена. Тогаш и нудел и пари и сè што ќе побара, само да биде со неа. Раскољников сфаќа дека Свидригајлов ја убил (отрул) жена си и дека тоа е она што постојано го гони да дојде кај него и нешто да му каже - како на човек кој му е на некој начин близок. (Двајцата извршиле убиство.) Кога дошол во престолнината, сакал да ја најде Дуња, но се случило да му најдат свршеница, во духот на неговиот карактер - шеснаесетгодишно девојче. (За него и пред тоа имало озборувања дека злоставувал малолетни девојчиња.) Свидригајлов се среќава со Дуња во неговата соба каде ја заклучува. Тој се нуди да го спаси нејзиниот брат, да даде пари колку што е потребно, само таа да биде со него. Дуња со гадење му кажува дека е убиец и дека знае колку е тој лош. За да се спаси, таа му се заканува со неговиот револвер, а тој како едвај да го чека нејзиниот куршум. Дуња пука во него, но не го погодува. Кога се обидува повторно, револверот откажува. Тогаш успева да избега од неговата соба. По оваа случка, Свидригајлов оди кај Соња и станува нејзин спасител. Тој ги згрижува децата на Катерина Ивановна во дом и им остава пари за школување. Исто така, и остава на Соња доволно средства за да може да престане со работа на улица и да го придружува Раскољников, таму каде што ќе треба да оди (зашто тој знае за неговото злосторство, бидејќи прислушкувал). Потоа оди кај својата свршеница и и дава 10 000 рубљи. На сите им кажува дека ќе оди на далечен пат, во Америка. Вечерта тој ја поминува во друго преноќиште, спие кошмарно и утрото го извршува она што го намислил - се самоубива.

Истиот ден, вечерта, Раскољников оди кај мајка си да се прости со неа. Таа не ги разбира неговите зборови, но ја разбира неговата болка и знае дека е тој завлезен во некоја безизлезна тешкотија. Кога се прибира во своето сопче, таму го дочекува сестра му, која цел ден го поминала со Соња, и која веќе сè знае за неговото злосторство. И таа го поттикнува да се предаде и да се ослободи од товарот. Нему најтешко му паѓа љубовта што ја чувствува од сите нив - од мајката, од сестрата, од Соња, зашто кога би бил сам, би немало пред кого да му биде срам, ниту за некого да живее. Заедно со Соња, тој оди во полициската станица и пред Иља Петрович го признава злосторството што го направил. (Не сака тоа да го стори пред Порфириј, зашто го мрази неговиот цинизам и му е смачено целото негово иследување).

Епилог

Судскиот процес течел во корист на Раскољников во кој биле земени предвид сите негови добри страни, неговата благородност, добрина, желба да им помогне на сиромашните и по пет месеци била донесена пресудата: прогонство во Сибир - осум години. Неговата мајка уште на почетокот од процесот се разболела и не можела да го издржи, па затоа ја одвеле надвор од Петербург. Набргу, таа умрела. Дуња и Разумихин се венчале, а Соња заминува со Раскољников во Сибир. Во почетокот тој се однесувал многу грубо и презриво кон неа заради ранетата гордост, та дури се разболува заради тоа. Затворениците не го сакале многу, го избегнувале и го мразеле. Но, сите ја сакале Соња. Нејзината кроткост, добрина, едноставност и милост ги пленувала срцата на затворениците. Откако неколку дена таа не доаѓала да го посети, Раскољников многу се загрижил и тогаш сфатил колку многу ја сакал. Таа била настината и кога дошла да го посети тој се фрлил кај нејзините нозе и и ги прегрнал колената. Среќни, тие биле подготвени да ги истрпат седумте преостанати години.

Ликови

Родион Романович Раскољников

Родион Романович Раскољников е централниот лик во романот. Тој е комплексна личност со многу позитивни и негативни особини. Поради сиромаштија тој е исфрлен од студиите по право и бара начин да дојде до средства за преживување. Неговата сестра работи како гувернанта, па оттаму му стигаат парите за издржување. Тој не сака да биде нејзин товар, а уште повеќе, кога дознава дека таа ќе се мажи за пари, неговата гордост е сосема срушена. Затоа, тој никако не сака да ја прифати таа нејзина жртва. Гордоста е највпечатливата негова особина. Раскољников во крајна линија е убиец, бидејќи ги убива бабата и нејзината сестра, но прави толку други добри работи (им помага на победните од него, давајќи им ги последните пари) што не можеме да го восприемиме како вистински убиец. Тој самиот се колеба во врска со мотивот на неговото убиство: дали е заради мајка му и сестра му, и воопшто заради бедата во која се наоѓа неговото семејство или заради филозофијата на обичните и необичните луѓе. Тој оди да го изврши убиството многу свесно и плански како потврда на неговата идеја, како експеримент. Според него, извршувањето на злосторството е оправдано ако се изврши за повисоки цели. Извршувајќи го, сака да провери дали тој им припаѓа на исклучителните луѓе. Таа негова теорија ја поткрепува со историски примери, особено со Наполеон, кој ги рушел нормите пропишани од народот за да ја достигне целта и да ја промени историјата. Откако го извршува злосторството, оваа теорија полека се руши. Прво пронаоѓа рационални објаснувања за неуспехот - грешките во извршувањето на убиството, убивањето и на Лисавета итн. Потоа се враќа на својата филозофија - дека не убил човек, туку принцип - обидувајќи се да се утеши на тој начин. Но, како одминува времето, сфаќа дека утеха нема. Дека најголем проблем е грижата на совеста и душевната болка. Тој станува рамнодушен кон сите и кон сè. Кон никого не може да биде искрен, со никого не може да зборува - зашто тој направил нешто што другите не направиле и што не ќе можат да го сфатат. Отуѓеноста е најтешката последица на злосторството. Затоа тој ќе отиде кај Соња и ќе се исповеда, за да си олесни на душата. Неговата гордост не ќе му дозволи цела година да погледне во неа. Ќе му биде срам и не ќе знае како да го продолжи животот. Добрината, цврстината и решеноста на Соња да му помогне, ќе успеат. Тој по една година ќе сфати дека таа е спасот - љубовта кон неа и нејзината филозофија - вербата во Бога.

Соња Мармеладова

Соња Мармеладова - бедната, отфрлена и изгубена проститутка, би требала да биде сродната душа на убиецот Раскољников. Но, напротив. Иако тие делат слична судбина, Соња е сосема спротивна на Раскољников. Кога ќе ја слушне исповедта за убиството, таа ќе се стаписа и ќе занеме од изненаденост и сочувство. Сочувство кон разорената душа на Раскољников, која ќе се обиде да ја опорави. Соња е проститутка не заради себе, туку за да им помогне на другите. Таа својот живот го жртвува заради животот на оние што ги сака. Со нејзината смиреност, добрина, саможртва, покорност - таа ќе биде единствената шанса за спасот на бунтовниот и горделив Раскољников.



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
fazgod Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 13.Март.2013
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fazgod Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2013 во 20:09
PISMENA VEZBA ZA ZIVOTNITE PREPREKI GO CELICAT ZIVOTOT znaci vo vrska so Borba so ribata izvadok od roman .. Za 8 odd moze nekoj da mi pomognee? ve molam za utre mi e ://
Кон врв
Culse Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 13.Март.2013
Статус: Офлајн
Поени: 7
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Culse Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2013 во 22:22
состав за човечност,хуманост?
Кон врв
Goko 17 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 14.Март.2013
Статус: Офлајн
Поени: 7
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Goko 17 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2013 во 18:07
Ми треба помош или состав по македонски јазик на теми:
1.Деградацијата на човекот во романот Чичко Горио.
2.Трансформацијата на човекјот послем извршениот злостор-Казна или заслуга (делото Злосторство и казна од достоевски).
3.Смрта на Илич-ослободување од неисполнетиот живот.(Смрта на Иван Илич од Толстој)
***** За која било тема мози помош или состав***** Однапре ФАЛА....
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2013 во 21:05
Gjoko,eve ti neshto za Chichko Gorio:

Чичко Горио“ од Балзак


„Чичко Горио“ е роман чија тема не е единствена. Опфатени се три паралелни приказни кои се испреплетуваат поради средбите на ликовите.
Тој е реалистичен, психолошки, социјален и семеен роман.
Дејството се случува во Париз, 1819 година.
Приказната е реализирана преку сезнаечки наратор (раскажувачот сè знае и сè гледа).

Темата ги опфаќа:

1. Драмата на чичко Горио;

2. Животот и моралното пропаѓање на Ежен де Растињак;

3. Судбината на робијашот Вотрен.

Овие приказни се поврзани со местото на живеење - пансионот на госпоѓата Вокер.
Романот е уметничка слика на ликови кои од различни причини го загубиле својот висок општесвен статус и се приморани да живеат во најсиромашниот париски кварт. Општеството е виновник за положбата во која са наоѓаат.
Идејата е да го прикаже општеството каде движечка сила се парите кои морално го деградираат човекот и сочинуваат свет преполн со егоизам, лицемерство, интриги, подлости, измами и предавство.


Содржина на романот

На почетокот е претставен сиромашниот кварт каде се наоѓа пансионот на госпоѓата Вокер. Преку него, Балзак ни ја претставува цела Франција и односите во општеството. Ги претставува ликовите и нивното минато, подредувајќи ги по катови како што се подредени во општеството. На првиот кат се најбогатите, а како се качуваат погоре се сè посиромашните. Многу сликовито е опишан мирисот на пансионот, кој е карактеристичен за сите такви места. Тој го нарекува пансионска реа - „мириса на затворено, на мувла и бајато, студено и влажно при дишењето, мирисот се впива во облеката, ја има реата на соба во која штотуку се вечерало, смрди на кујна, на немиени садови, на прифатилиште“.
На првиот кат од пансионот се наоѓаат најубавите станови во куќата. Таму се сместени госпоѓата Вокер во помалиот, а во поголемиот госпоѓата Кутир (вдовица) со младата девојка Викторина Тајфер;
На вториот кат има исто така два стана, во кои живеат Поаре и господинот Вотрен;
На третиот кат има четири соби. Во нив се сместени: госпоѓицата Мишоно (стара мома), чичко Горио и Ежен де Растињак (едната е празна, но најчесто таму живеат студенти);
Во поткровјето се наоѓа таванот за сушење алишта и две мансардни соби во кои се сместени слугата Кристоф и дебелата готвачка Силвија.
По описот на пансионот и жителите, дејствието го води Ежен де Растињак. Тој потекнува од пропаднато благородничко семејство и по секоја цена сака да постигне нешто во животот.
Прво се зафатил со работа и учење, но забележал дека жените имаат огромно влијание во општествениот живот, па решил да се впушти во таков свет и да си најде заштитнички. Тетка му го поврзува со виконтесата де Босеан (богата и влијателна), која го поканува на бал. Таму ,тој се запознава со грофицата Анастазија де Ресто со која игра и ја поканува на повторна средба.
За време на пансионскиот ручек Ежен раскажува за балот, за госпоѓата де Ресто, за нејзината убавина, танцувањето. Горио со внимание го слуша и блеска од задоволство и среќа. Кога тој заминува од масата, другите го озборуваат дека таа му припаѓа на Горио, дека тој ја издржува и дека го водат ниски страсти.
Утредента Ежен оди кај грофицата на договорената средба, убаво облечен и преполн со надеж. Во салонот се среќава со љубовникот на грофицата, Максим де Трај.
Во задниот дел од куќата, грофицата тајно се сретнува со Горио, го бакнува, го испраќа и се враќа во салонот да ги пречека гостите. Таа повеќе внимание му обрнува на Максим, а Ежен се обидува да се бори со соперникот за вниманието на Анастазија. Тоа му успева кога доаѓа грофот и убаво го прифаќа заради неговото потекло и роднинските врски со виконтесата де Босеан. Но, кога Ежен го споменува Горио, нивниот однос сосема се менува, па тие речиси го исфрлаат од куќата.
Разочаран, тој оди кај Босеан која е растревожена заради нејзините љубовни односи, поточно зашто нејзиниот љубовник решил да се жени. Ежен и раскажува за посетата на Анастазија и тогаш дознава дека Горио им е татко, нејзе и на Делфина. 

Кога бил млад, Горио бил работник во фабрика за тестенини. Со упорност и ризик за време на економската криза успеал да се збогати. По смртта на својата жена, тој целото внимание им го посветил на ќерките кои бескрајно ги разгалил. Тој им нашол богати и угледни мажи и им го поделил богатството оставајќи си за себе само колку што му било неопходно. Анастазија ја омажил за гроф, па таа станала грофица де Ресто, а Делфина ја омажил за барон и таа станала бароница де Нисенжан. За титулите дал големо богатство, на тој начин сметајќи дека засекогаш ќе ги обезбеди ќерките и ќе им овозможи лагоден живот. Во почетокот, Горио бил сместен на првиот кат во пансионот Вокер, во најубавиот стан. Секој ден се дотерувал, со убава облека, перика и со златен синџир. Но, како минувало времето неговите ненаситни ќерки му го земале и тоа малку што му останало, а тој осиромашувал и се качувал сè погоре во пансионот Вокер. Госпоѓата Вокер дури сакала да го заведе и да се омажи со него, но кога сфатила дека единствена љубов во неговиот живот се ќерките, се откажала и почнала да го озборува. Го претставувала како сладострастник кој имал две љубовници што ги издржувал.
Кога Ежен ја дознава вистината за Горио и за ќерките кои се откажале од него и не сакаат повеќе ни да го видат, па дури и се срамат од него, многу се растажува. Босеан му предлага да го запознае со Делфина де Нисенжан која сè би дала за да влезе во високите кругови, а таа нему ќе му го овозможи тој влез. Освен тоа, сестрите биле многу завидливи и љубоморни една на друга, па на овој начин Ежен ќе и врати на Анастазија за нејзиниот понижувачки однос кон него.
Заради ова, кога се враќа во пансионот, Ежен де Растињак зазема заштитнички став кон Горио.
Ежен решава да преземе акција за влез во високото општество, па затоа им пишува писма на мајка си и сестра си во кои се понижува себе си, само за да добие пари од нив. Пари, за да може да купи убава облека, а тие можеби ќе останат без основни средства за живот. Се чувствува ниско заради тоа, ист како ќерките на Горио.

Во дејствието на романот преку разговор со Ежен се воведува приказната за Вотрен и Викторина Тајфер. Вотрен сосема го разбира Ежен и неговите намери за влез меѓу богатите преку љубовни односи со богати жени. Вотрен е 40-годишен, силен маж, со широки рамења, цврст, набиен, со длабок глас, човек кој се познава со сите, се разбира од сè, пријатен, услужлив, шегаџија. Тој му предлага на Ежен поинаков начин, односно наместо да наоѓа љубовници - да се ожени со Викторина Тајфер. Викторина била убава, млада девојка која поради несреќниот живот, малку пропаднала. Татко и се откажал од неа, а целото богатство го оставил на нејзиниот брат. Вотрен му навестува дека преку наместен двобој тој може да го убие нејзиниот брат и така таа да остане единствена наследничка. Ежен малку се зачудува од предлогот, но не го коментира и не го одбива. 

Ежен де Растињак ја посетува Босеан за таа да го исполни ветувањето дека ќе го запознае со Делфина. Иако Босеан многу непријатно се однесува кон него заради сопствената несреќна љубов, сепак попушта и тие заедно одат во театар. Случајот сака таму да се сретнат со Делфина која била пред раскинување со нејзиниот љубовник (тоа е една од причините што Босеан го упатува Ежен на неа). Растињак и се приближува на Делфина токму со разговор за нејзиниот татко, односно со случката кај сестра и. Ежен ја понижува Анастазија, ја прикажува како сурова, како неќерка (всушност го искористува лошиот однос меѓу сестрите).
Кога се враќа дома сè му раскажува на Горио, бидејќи тој сака да слушне сè што се однесува на неговите ќерки. Тој ја бакнува земјата по која тие газат. А, Вотрен, пак, го потсетува на разговорот за Викторина Тајфер. Ежен забележува дека тој и се допаѓа на Викторина и не ја отфрла сосема можноста за спојување со неа.
Со нова облека и со почетничка среќа Ежен игра комар, добива пари кои и ги дава на Делфина за да ги исплати долговите на нејзиниот поранешен љубовник и на тој начин ја започнува врската со неа. Но, Ежен продолжува со коцкањето и запаѓа во долгови., а за да се раздолжи позајмува пари од Вотрен.
Ежен и Делфина во договор и со помош на Горио си подготвуваат стан во кој би живееле, а таткото би можел непречено да доаѓа и да ги посетува.
Вотрен не се откажува од неговата замисла и затоа една вечер во пансионот приредува пијанка во која всушност ги успива сите. Утрото дознаваат дека братот на Викторина загинал во двобој.
Во меѓувреме, госпоѓата Мишоно и Поаре се сомневале дека Вотрен е измамник, избеган робијаш, познат под името Лажи-смрт, а неговото вистинско име било Жак Колен. За доказ, требале да го откријат неговиот белег. Мишоно му дава напиток, го успива и докажува дека била во право. Измамникот е фатен, но пансионерите се свртуваат против Мишоно и Поаре и ги бркаат од пансионот.
Напуштањето на пансионот го најавуваат и Ежен и Горио.

Горио за првпат бил многу среќен, но неговите ќерки повторно сè расипуваат. Прво доаѓа Делфина жалејќи се на финансиски проблеми, а потоа и Анастазија. Избива силна караница меѓу сестрите преполна со злоба и љубомора. Горио не може да го поднесе тоа, паѓа во очај и се разболува. Ќерките не доаѓаат да го посетат иако Ежен ги моли. Делфина само ветува дека иако е „болна“, ќе дојде да го види татка си додека не е предоцна, а Анастазија доаѓа, но доаѓа предоцна.
Нивната бескрупулозност, самољубие, бесчувствителност, непочитување, уште повеќе доаѓа до израз кога тие двете не доаѓаат на погребот на татка си, туку испратиле само празни кочии. Не сакале ни да дадат пари, па Ежен го заложува својот часовник за да може да го плати бедниот погреб на чичко Горио.
Ежен ја докажува својата хуманост и добрина, како и сожалувањето кон Горио, но тој не се откажува од своите намери. Тој го предизвикува лажното општество, лицемерието, злобата и решен е да се пресмета со него. Романот завршува со: „Растињак отиде да вечера кај госпоѓа де Нисенжан“. (Иако го презира нејзиниот однос кон родителот, сепак неговата цел е поважна.)

Романот е целосна слика на француското општество на почетокот од XIX век. Во него се претставени најниските слоеви, сиромашните, слугите и осиромашените, но и најбогатите - оние што одат на балови и самите ги приредуваат, живеат лагоден, но и развратен живот. Бракот најчесто се заснова на финансиска спогодба, па затоа сите имаат љубовници.

Ликови

Ежен де Растњак е младо и убаво момче кое решило да успее во животот. Тој е од југот на Франција, од осиромашено семејство и сака по секоја цена де живее во светот на богатите. Тој сочувствува со сиромашните, повредените, недостојните, но не отстапува од неговата цел - слава и богатство.

Горио е типичен лик на татко кој безмерно ги сака своите ќерки. Неговата љубов е толку голема што нему не му е тешко да ја поднесе секоја жртва за нив. Заради нив тој живее бедно и се надева дека за возврат од нив ќе добие љубов. Толку многу ги разгалил и расипал што тие немаат ни трошка почит кон него. На крајот, сфаќајќи дека создал бесчувствителни монструми тој паѓа во очај и умира.

Делфина и Анастазија воопшто не се разликуваат меѓу себе. На моменти ни се чини дека Делфина е подобра, но таа не доаѓа да го посети болниот татко, а чекорите што ги прави се само за да докаже пред Растињак дека е подобра од Анастазија. Тие ја цицаат и последната пара од татко им без да се сожалат на него. Си завидуваат, си љубоморат, се караат за секоја паричка. Живеат во лажен свет, без љубов и морал. 

Вотрен дејствува против ваквото општество, но не како револуционер, туку како крадец и убиец. Тој ги почитува своите другари (робијаши) и нивните пари ги чува кај себе со посебна почит. Тој не ги сака нивните, туку парите на богатите. Прво детално ја анализира ситуацијата, пресметува колкава ќе биде неговата корист, па дејствува (случајот со Викторина). Кога ќе биде фатен тој отворено ќе признае сè, цинично ќе се однесува со што ќе го покаже својот однос кон општеството.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2013 во 21:06
Za Zlostorstvo i kazna postirav prethodno,chitaj pogore:)
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2013 во 21:10
„Смртта на Иван Илич“


Темата во новелата (повеста) е ништожниот живот на Иван Илич посветен на кариерата и неговата смрт која колегите ја дочекуваат со радост заради можноста да го зафатат неговото работно место. 
Во неа се опфатени и други прашања, поттеми, како: лицемерието, женачката без љубов, односите во семејството, изборот на вистинскиот пат во животот – дали да се биде алтруист и да се живее за другите или да се биде егоист и да се живее за себе, здравјето и болеста, соочувањето со смртта, бесмислата на животот итн. Всушност преку претставувањето на еден „обичен“ живот, Толстој ги загатнал сите животни прашања, а преку крајната разочараност од животот на главниот лик на крајот – тој суптилно ни го дава одговорот. (Ако ништо не е добро во животот на Иван Илич, значи дека не треба да живееме така).
Идејата во новелата е да го искритикува тогашното општество и празнината на животот кое тоа го диктира.

Содржина

Новелата започнува со смртта на Иван Илич, а потоа се навраќа на неговиот живот – ретроспективно.

Уште на почетокот, во судот каде работел, стигнува известувањето за неговата смрт. 

„Иван Илич им беше другар на насобраните господа и сите го сакаа. Боледуваше веќе неколку недели: зборуваа дека болеста му е неизлечива. Остануваше неговото место, но имаше мислење дека во случај да умре на неговото место може да биде назначен Алексеев, а на местото на Алексеев – Виников или Штебељ. Така што кога слушнаа за смртта на Иван Илич, првата мисла на секој од господата, собрани во кабинетот, беше за тоа какво значење може да има таа смрт за преместувањето или напредувањето на самите нив или на нивните познати.“

И уште поиронично и пожестоко Толстој продолжува:

„Освен комбинациите што ги предизвика таа смрт... самиот факт на смртта на близок познат предизвика кај сите што разбраа за неа, како секогаш, чувство на радост затоа што умрел тој, а не јас.“ 

На оваа мисла Толстој ќе се наврати и подоцна во новелата преку филозофирањето на Иван Илич за Кај во моментите кога смртта нему му се приближува и кога сфаќа дека веќе не е некој ТОЈ туку дека смртта е ЈАС:

„Силогизмот што го учеше во логиката на Кизеветер: „Кај е човек, луѓето се смртни, според тоа Кај е смртен“, му се чинеше правилен целиот негов живот само во однос на Кај, но никако не и во однос на самиот него. Тоа беше Кај – човек, воопшто човек, и тоа беше сосема точно; но тој беше не Кај и не воопшто човек, а беше секогаш, сосема, сосема посебно суштество од сите други: тој беше Вања, со мама, со тато, со Митја и со Володја, со играчките, кочиџијата, со дадилката...“

Во куќата на Иван Илич каде се собираат пријателите да изразат сочувство и да го испратат покојникот, дејствието го води Петар Иванович, школски другар на Иван Илич. Иако го познавал од дете, тој не оди со желба, туку зашто е обврзан – зашто така налагаат моралните норми. Во куќата ги гледа насобраните кои воопшто не тагуваат по Ивана, туку разговараат за други работи и се договараат за играње карти. И најблиската на Иван Илич, неговата сопруга, само глуми тага заради присуството на другите, а всушност гледа и во тие моменти да се здобие со некаква корист за себе, односно поголема пензија од мажот. Откако завршува пеењето на мртовецот, Петар Иванович се упатува да игра карти, зашто е сè уште рано за спиење.

Од втората глава па до крајот, Толстој се навраќа на животот на Иван Илич. Тој бил син на чиновник, кој имал уште двајца браќа, едниот успешен, а другиот не. Всушност Иван бил гордост на семејството, пријатен, паметен, добар, кој со леснотија учел а потоа напредувал во кариерата. Кога дошло време се оженил не размислувајќи туку само прифаќајќи го одобрувањето на околината. Неговата сопруга Прасковја Фјодоровна на почетокот била мила,  убавка и сосем пристојна жена. На почетокот и бракот бил пријатен, со сопружничките нежности, новиот мебел, садови, облеки – сè до забременувањето на жената. Тогаш таа сосема се изменила, почнала да покажува љубомора, да бара од него да и угодува, и да прави жестоки сцени ако тој не ги изврши барањата. По раѓањето на детето тој одбива да учествува во случките од семејниот живот и сè повеќе и се посветува на службата. Од семејниот живот почнува да ги бара само домашното јадење, чистата постела и надворешната пристојност. Им се раѓаат повеќе деца, но само две, машко и женско остануваат живи. Тие добро напредувале со учењето, и сè било во ред со животот на Иван Илич. По 17 години мирен и спокоен живот на село, една година се издвојува како најтешка за Иван. Не го добил местото кое го посакувал во универзитетскиот град. Се расправал и карал, па затоа кога дошло и следното напредување, него го прескокнале. Бидејќи за животот што го воделе парите не им стасувале, тој решил да земе отсуство, да замине кај шурата на село и да реши што да прави понатаму. Таму одлучува да замине за Петербург , да бара служба за повисока плата по секоја цена, и да премине во друго министрество како казна за колегите кои не знаеле да ја ценат неговата вредност.  Но, се случил неочекуван пресврт и тој ја добива посакуваната плата, две места повисоко, во Петербург и останува во министерството за правосудство. Задоволен, и тој и жена му, почнуваат да живеат посреќно, се зближуваат повеќе, но сепак кога било време да оди во градот и да го среди новиот стан, тој оди сам (без жена му). Како и да е, уредувањето и купувањето му претставува огромно задоволство. Постојано им се мешал на уредувачите, самиот го подместувал мебелот, ги закачувал завесите. Од среќа и задоволство се чувствувал 15 години подмладено. И во таква еуфорија, еднаш се качил на скалата за да му покаже на тапетарот како сака да се драпира, се лизнал и паднал, но се задржал, а само со колкот удрил во кваката на прозорецот. Удреното го заболело, а потоа му поминало. Овој незначаен удар подоцна ќе биде центарот на неговите болки и почеток на смртта. Но, во тој момент бил сосема безначаен.
Наредните недели животот на Иван течел совршено и на работа и дома. Дома им доаѓале гости и сè било фино додека повторно не настанала кавга со жена му за пари. Сепак, приемот  бил пријатен, а Иван задоволен и од општествените и од службените радости, а посебно од играњето карти со добри играчи. 
(„Службените радости беа радости на самољубие, општествените радости беа радости на суета, а вистинските радости на Иван Илич беа радостите на играње винт“).

Животот продолжува, сите во семејството биле здрави, само понекогаш на Иван Илич му се зголемувала болката кај удреното... и од ден на ден сè повеќе. Почнале да доаѓаат доктори, разни специјалисти и никој не знаел што му е и дали ќе оздрави. А Иван Илич се топел и полека почнал да умира.
Кога сфаќа дека болеста го опфаќа целосно и дека нема спас од смртта, тој почнува да си поставува многу животни прашања, почнува да ги гледа работите од друг агол – на свршено дејствие, каде нема поправка, ниту враќање.
Се разочарува од блиските, особено од сопругата, за која сфаќа дека во минатото била задоволна само кога тој носел пари, сфаќа дека немало љубов меѓу нив, ниту страст, дека се оженил со неа само заради одобрувањето на другите, а не затоа што ја сакал. Се разочарува и од децата, бидејќи на некој начин се исти како неа, не им е ни најмалку жал за него, не сочувствуваат и иако тој умира, тие се грижат само за себе и како ќе си ја поминат вечерта. Го гледа лицемерието на пријателите и колегите, знае дека тие едвај чекаат да умре за да го зафатат неговото место. И, всушност останува сам – сосема сам соочен со смртта.

„Сеедно е, - си велеше, гледајќи со отворени очи во темнината. – Смрт. Да, смрт. И никој од нив не знае и не сака да знае и не жали. Тие свират. Ним им е сеедно, а и тие ќе умрат. Глупаци. Јас порано, а тие подоцна; и со нив ќе се случи ова. А тие се радуваат. Добиток.“

Во дијалог со себеси Иван Илич повеќепати ќе си го преиспита сопствениот живот:

„ – Како живееше порано, убаво и пријатно? – праша гласот. И тој почна во свеста да си ги реди најубавите мигови од пријатниот живот. Но, чудно – сите тие најубави мигови од пријатниот живот сега сосем не му се чинеа такви, какви што му се чинеле тогаш. Сите, освен првите спомени од детството. Таму, во детството имаше нешто навистина пријатно, со што би можело да се живее, кога би се вратило. Но човекот што ја чувствувал таа пријатност, веќе го немаше: таа како да беше спомен за некој друг.
Штом почнуваше тоа, чиј резултат беше сегашниот тој, Иван Илич, сè што изгледаше тогаш радост, сега пред очите му се топеше и се претвораше во нешто ништожно и често гадно.
И колку подалеку од детството, колку поблиску до сегашноста, толку поништожни и посомнителни беа радостите. Тоа почнуваше од Правното училиште. Таму имаше уште по нешто навистина убаво: таму имаше веселост, другарство, надежи. Но во погорните класови тие убави мигови беа поретки. Потоа во време на првата служба кај губернаторот, пак се појавија убави моменти: тоа беа спомени за љубов кон жена. Потоа сè се измеша и уште помалку остана убаво. Понатаму уште помалку убаво, и колку подалеку сè помалку.
Женачката... толку неочекувано, и разочарување, и лоша миризба во устата на жената и чувственост и преправање! И таа убиствена служба и грижи за пари и така година, две, десет, дваесет и сè тоа па тоа. И колку понатаму, сè поубиствено. Како рамномерно да слегував од планина, замислувајќи дека се качувам на планина. Така и беше. Во општественото мислење јас се качував на планина и точно за толку од под мене заминуваше животот... И еве, готово е, умирам!“

И – за неговиот ништожен живот никој не жали – па дури ни самиот тој!
Пред крајот на животот единствена радост му причинува полниот со живот, прост и едноставен слуга Герасим. Го задржува во негова близина и без причина, само да му се насладува од животната радост што тој ја шири. Единствено кај него го нема лицемерието, преправањето, очекувањето за наследство или работно место.
Сосема на крајот е опишано доаѓањето на смртта и конечноста, простувањето со блиските, со синот за кој му се здожалува, а и за сите други – да не ги мачи повеќе со своето постоење:

„Тој го бараше својот поранешен вообичаен страв од смртта и не го наоѓаше. Каде е таа? Каква смрт? Немаше никаков страв, затоа што и смртта ја немаше.
Наместо смртта имаше светлина.
- Ете! – наеднаш проговори гласно. – Каква радост!
За него сето тоа стана во миг, и значењето на тој миг веќе не се менуваше. За присутните неговата агонија траеше уште два часа. Во градите му клокотеше нешто: неговото измачено тело потреперуваше. Потоа клокотењето и грчењето стана поретко.
- Свршено е! – рече некој над него.
Тој го чу зборот и си го повтори во душата. „Свршена е смртта – си рече. – Ја нема веќе.“
Вовлече воздух во себе, запре на половина на воздивнувањето, се протегна и умре.“




Изменето од Valerija - 14.Март.2013 во 21:10
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Belata Ciganka Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2012
Статус: Офлајн
Поени: 37
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Belata Ciganka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2013 во 21:15
Ми треба ваша помош за ова:
ако има некој информации за екологија и повеќе ми треба за АНТРОПОЕКОЛОГИЈА ! (како домување на човекот или нешто слично. )
СПОРЕДБА на ликот на Ахил и Гилгамеш, ама не одвоено пример само за Ахил па само за Гилгамеш, тоа го имам, мене ми треба споено за двајцата како за писмена..ако има некој..
и
За Сид од Пјер Корнеј детални информации, содржина и сл.
АКО МИ ПИШЕТЕ ЗА СИТЕ ТРИ, КОЈ ИМА МНОГУ ЌЕ ВИ БИДАМ БЛАГОДАРНА, ГОЛЕМ ПОЗДРАВ !
„Добрите луѓе завршуваат лошо во животот, а лошите завршуваат уште подобро“.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2013 во 21:20

Сид - Пјер Корнеј

Сид - Пјер Корнеј

"Сид" е класицистичка трагедија напишана токму од основоположникот на ваквата драма. Пјер Корнеј создал трагедија која се разликува од античките трагедии. Таа не завршува со смрт на главниот лик и не предизвикува стравопочит. Со овој вид на драма ја најавил таканаречената трагедија на интрига. Во овој вид на драма настанува пресврт на крајот и се случува нешто што не сме го очекувале, за да денес таа драма прерасне во современа драма. Токму таква е и "Сид" каде што мотивот е земен од шпанската литература.

Главни ликови се Родриго и Химена и основниот мотив е судирот меѓу обврската да се одбрани честа и љубовта. Корнеј сметал дека таа традиција треба да се искорени и го прикажал тоа и во драмата.

Според таа традиција јунакот во делото, оној најсилниот кој го брани народот, треба да биде убиен, што е апсурдно!!!

Значајно во "Сид" е тоа што ликовите му служат на разумот, а не на чувствата. Додека во античките драми заплетите ги разрешуваа боговите, овде таа улога ја има кралот, поради апсолутизмот којшто бил присутен во времето на Корнеј.

Интересно е што на крајот Корнеј можел да направи оваа драма да биде вистинска трагедија, но тој не го направил тоа ни во другите негови драми, поради што предизвикал полемики и најпрво делото го сместувале меѓу трагедија и комедија.

Тој направил повеќе отстапувања од правилата за трагедиите. Не е испочитувано тројното драмско единство. Отстапување има и во однос на стиховите. Поради ваквите отстапувања Корнеј бил критикуван од Француската академија, но, сепак, делото било премногу добро прифатено од народот, кој се бунтувал против овие критики.

За народот ова дело претставувало нешто совршено, поради што другите дела биле споредувани со него и доколку некое дело било прекрасно велеле: "Убаво како Сид".

Отсекогаш ме импресионираат дела кои носат во себе нешто ново, носат пресврт, нешто што се разликува од она што е запишано зад нив и смелоста на писателот да отстапи од правилата. Така се создава едно оригинално дело, што е и целта на големите уметници.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2013 во 21:21

Сид

Пјер Корнеј е основоположник на класичната трагедија во европската литература која што ја довел до совршенство.
Трагедијата Сид е напишана според мотив на шпанска легенда.Сид е трагедија за среќата и љубовните надежи на двајца вљубени Родриго и Химена.

Во Сид се обработува тогашниот култ на волјата и култот кон херојството.Корнеј ги гради своите ликови во конфликтот во кој се вкрстуваат волјата и должноста,родовата и индивидуалната чест,но и повисоките,надиндивидуални интереси кои ги победуваат чувствата.
Ликовите во неговите трагедии се типични класицистички продукти во кои разумот ги победува страстите.
И во Сид без оглед на крајот од делото всушност должноста е над љубовта.
Родриго не може да го одбие авторитетот на таткото,кој е неговата врска со предците.
Навреден е неговиот татко.Навреденикот-таткото на Химена.Химена согласно со кодексот на однесување во тоа време мора да се постави над љубовта.Таа ја бара одмаздата за својот татко.Химена го гони Родриго,но не може да го казни.
Разумот е единствениот или главниот извор на сознанието.Човекот се води исклучиво според разумот и ги покрива чувствата и страстите.

Трагичната страст која најчесто се обработува во класицизмот била љубовта,а КОрнеј на стравот и на сожалувањето како ефект на трагичното го додава и восхитувањето баш каква што е и оваа трагедија-восхитувачка.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Goko 17 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 14.Март.2013
Статус: Офлајн
Поени: 7
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Goko 17 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2013 во 08:59
Ми треба состав на тема Смрта на илич-Ослободување од неисполнетиот живот и втората е Трансформацијата на човекот послем извршениот злостот -Казна или заслуга....Фала однапред
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2013 во 09:08
Gjoko,neli chitas pogore za "Smrtta na Ilic?
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2013 во 09:08
I za Zlostorstvo i kazna ima text,potrudete se da izvlechete neshto vo kratki crti!
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2013 во 09:09
Vie sakate gotov esej,bez malku da razmislite ili potrudite?

Vi postiram celi referati,ama zaludno izgleda!!!
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 6566676869 113>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,375 секунди.