IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Македонци ширум светот
  Активни теми Активни теми RSS - Австралија или Канада да се оди?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Австралија или Канада да се оди?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1415161718 27>
Автор
Порака
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2012 во 23:04
Добро..навистина успеавте да ме оставите без збор...

Дали нашите иселеници баш вака комуницираат со своите комшии?
Колку потценување и навредување падна во темава изгледа не гледате? Не заборавајте дека и вие сте излегле баш од МК и дека и вашите размислувања не биле нешто понапредни од сегашните на тие што останале.

Прво, споменувате цели градови со лица кои немаат постојан дом, па живеат во шатори. Знаете ли дека во Македонија бездомниците (тие што по било која основа немаат покрив над глава) живеат ВАКА онаму во ќошето, или пак ВАКА? Немаат тие пари за шатори и приколки. Немаат ни пари за леб богами.
Знам за целите градови од шатори за истите такви со приколки...ама тоа што мамамд и брза се обидуваат да ви објаснат вие на високата нога никогаш нема да го разберете. 
Тоа што со социјалната помош за семејство со 2 члена изнесува 2913 денари е поразителен факт. Социјалците таму некаде живеат далеку подобро...и пред некој паметњакович да ми каже дека не е така, ќе ве молам бидејќи гледам ви иде со математиката да си пресметате дали:
Двајца социјалци маж и жема можат да купат месечно една од овие работи, не сите заедно:

65 литри млеко
73 кг шеќер
69 кг брашно
Дури 10 кг месо
или пак 13 кг пилешки стек....
да не бројам понатаму...
Значи фамилија со два члена може во месецот да си дозволи ЕДНА од овие наброени работи...


Или пак, една шивачка која што работи на минималец може во месецот да си купи...
21 кг месо
дури 133 литри млеко
или 143 кг брашно...
или пак 150 кг шеќер ... што е помалку од 500 долари во Америка... а толку еден вработен што работи добри 50 часа неделно не зема за цел месец макар и ако се пресмета на најниската загарантирана основица за плата по час, како и загарантираните 1.5 пати за секој час над 40 во неделата.
Е не, кај нас прекувремено не постои, кај нас не се плаќа за тоа. Кај нас само се работи.


И дај освестете се веќе еднаш...и разберете дека средната класа што го може тоа во Македонија, тоа го можат социјалците таму некаде у бестрага...
А тоа што го можат социјалците во Македонија е еднакво на чудото на паѓање риби и леб...затоа што тие луѓе по секоја логика а и на дело живеат баш од леб и воздух.

Да не даде Бог да се распаднете како Грција, па да ги отпуштат пола од населението, па да останете без работа..и да не можете да најдете. Па да се вратите во Македонија и да видите како живее македонецот со својата средно мизерна плата. Тоа богами ако најдете во Македонија работа. Ако не, да ве видам да преживеете со 2913 денари...јбт

Престанете да се исмевате со луѓето на форумов, не личи на еден таков "богаташ" и еден таков "функционер". Кога ќе дојдете на местото македонецот, ќе видите зошто розево им изгледа таму, а црно во МК.
Ама....како и мнозинството .. мускетари ... така некој од вас ќе се врати по пензионирањето во МК ... па со нивната пензија ќе живеат раскошен живот... Не продавајте муда за бубрези...што би рекол секој во МК.... гледајте на секого со почит, затоа што тркалото може утре да се сврти, а вас вака да ве исмеваатнамигнување
Изгледа ве научиле како да бидете успешни, ама бон тон лекциите сте ги скокнале...

И да се разбереме, јас никогаш нема да се пожалам дека живеам лошо...
Нешто слично на поларната мечка што живее таму некаде кај што има 2 метра снег...
Си имам месечни примања колку две просечни плати према заводот за статистика, си имам пари од кирии, кола, стан, акции.. За мене нема зима. Иако може уште утре да ми застуди ако се свртат работите...исто како и на вас....
Единствено ми смета малограѓанштината на македончето...и за тоа би заминала и во Конго, само да не ја гледам таа бедна душа што секојдневно ми ги скенираше кесите од продавница...на жица гледаше дали имам брендирана облека...дечко ми со каква кола ме донел...дали сум била во Германија на одмор или сум била во Франција...
Ми смета тоа, ама Македонија не би ја сменила ни за 10 Канади, Австралии и Америки. За мене Америка е во Македонијада
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2012 во 23:12
Патем, кино, театар, циркуски изведби, концерти и слични работи се поим за средната класа. Ама онаа вистинската средна класа во Македонија. Не оние што имаат добри примања ама ги кријат под черга.
Затоа што сега читав дека ако сакаш да гледаш слонови што скокаат, тигри што изведуваат глупости треба да се истегнеш 10 евра ... во Скопје. Ете така...

Одењето на одмор во Грција е прифатливо за средната класа, ама тоа е како на еден од Њујорк да му речеш да оди во Вашингтон или Бостон на одмор. Ама не и подалеку од тоа. Не во Мајами или Л.А. Не може ни до Лејк Џорџ да стигне. 

Имањето кола е исто така поим во Македонија. Таму нема југо од 800 евра, пегличка од 300 евра, стокец од 300 евра...а по улиците на Македонија пак, нема мерцедес од 120.000 евра, ниту од оние големите џипови што трошат +/- 15 литри... не затоа што некој не може да си го дозволи, туку затоа што дури и за богатиот слој македонци тоа е недостижна стварда
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2012 во 00:48
Originally posted by BellaGrandma BellaGrandma напиша:

....ВАКА 
Знам за целите градови од шатори за истите такви со приколки...ама тоа што мамамд и брза се обидуваат да ви објаснат вие на високата нога никогаш нема да го разберете. 
Тоа што со социјалната помош за семејство со 2 члена изнесува 2913 денари е поразителен факт. Социјалците таму некаде живеат далеку подобро

И дај освестете се веќе еднаш...и разберете дека средната класа што го може тоа во Македонија, тоа го можат социјалците таму некаде у бестрага...
 
Да не даде Бог да се распаднете како Грција, па да ги отпуштат пола од населението, па да останете без работа..и да не можете да најдете. Па да се вратите во Македонија и да видите како живее македонецот со својата средно мизерна плата. Тоа богами ако најдете во Македонија работа. Ако не, да ве видам да преживеете со 2913 денари...јбт

Престанете да се исмевате со луѓето на форумов, не личи на еден таков "богаташ" и еден таков "функционер". Кога ќе дојдете на местото македонецот, ќе видите зошто розево им изгледа таму, а црно во МК.
Ама....како и мнозинството .. мускетари ... така некој од вас ќе се врати по пензионирањето во МК ... па со нивната пензија ќе живеат раскошен живот... Не продавајте муда за бубрези...што би рекол секој во МК....
........................................
 
i nema da razberat...toa e sigurno !
да..a toa , jas odamna sum im go kazal !
a  ovoj vo ВАКА ...kutriot si umrel,. bog da go prosti,
..istata taa vecher , koga i jas go vidov  denta,...za malku mozev i jas da bidam ovoj shto  go gleda!изненадување
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2012 во 00:50
С'е се сведува на едно многу едноставно прашање:

- Дали сакаме да сме во право или сакаме да сме среќни ?





Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2012 во 00:52
Originally posted by Polar Bear Polar Bear напиша:

газење од смеење
Originally posted by brza brza напиша:

Originally posted by Polar Bear Polar Bear напиша:


...i ponataka.бла бла бла блабла бла.....бла бла........
...e*amu musketarot,...dojdov jas a toj...mu ja shmugna!изненадување

...mozebi po dodatno naoruzanje ...t.e....po fakti !

...who...will kows?!збунетост
....Click for a larger viewClick for a larger view............
 
 
Ти каде и да одиш, исто ќе се осеќаш... И ќе труеш народ наоколу. Затоа, не се замацуј.газење од смеење
 
 
 
a,...mozesh da se kladish u toa?
..ili...nemash  so shto drugo da  go zatvorish ''sluchajot'' pa ajde,...voobicchaenata fraza e ...najbolja!
 
...si vikash!Click for a larger view
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2012 во 09:08
Боже, боже колку сте се распишувале, ама ми се чини дека никој не ја разбира поентата на дебатава.

Едно е сигурно, некому можеш со сила да му земеш, ама не и да му дадеш.
Не станува збор за давање на физички/материјални добра, туку туѓите искуства, кои според мене се непроценливи. Незаборавјате дека ние мускетарите го имаме искусено, на свој начин, животот во двете земји.

Мислам дека никој од нас не ви ги пренесува сопствените искуства за некого да потцени. Напротив, целта е да ви дадеме една подруга претстава за реалноста на овие простори од онаа што во глобала се перцепира од македонска перспектива. Верувам дека на многумина од вас она што ви го презентираме ќе ви звучи како калсичен пример на хипокритство, но врувајте тоа не ни е целта. Никому несакам(е) да му ги скршиме илузиите и можноста да се обиде да си пронајде посветла иднина.

Кој сака нека слуша, кој несака немора. Која сака пак да не верува, може слободно да го прави тоа. Само ваква бесплатна едукација и иксустава од прва рака, верувајте не се наоѓа никаде.

Затоа дај спуштете ја топката!

Да рекапитулираме она што го рековме досега:

- Никој нема излузии дека животниот стандард во Македонија е ист со онај во прекуокеанските земји.
- Прилики има повеќе овде, но ниту приблжно онакви какви што биле до пред 20 години
- Дали ќе биде подобро, не верувам доколку не се направат крупни системски промени. Како стојат работите, ќе станува уште полошо.
- Иако официјалната стапка на невработеност е од 8-10%, се смета дека латентната невработеност изнесува 26-27%
- Дали 30000-40000-50000 некого ќе направат посреќен, во однос на тамошните 3000-4000, верувајте дека нема.
- Дали на идвидуално ниво може да се успее повеќе во однос на Македонија? Да, може.

Презадолженоста и затворање на прозводствените капацитети допринесуваат да има се помалку работни места. Малопродажбата и услужните дејности го постигнуваат својот максимум. Пазарот на работна сила не е во состојба да го абсорбира работно способното населнение. Не често во некои случаеви има по 400-500 апликанти за едно работно место. Онај кој во вакви услови има работа е навистина среќен.

Ако некој бега од Македонија затоа што состојбата е навистина неиздржлива by all means нека го стори тоа. Се надевам дека нема да биде разочаран кога ќе се соочи со овдешната реалност. Им пожелувам на сите идни мигранти да не го запознаат овај систем кога оди по надолна линија, па макар тоа биле Австралија и Канада каде социјалната грижа е на многу повисоко ниво наспроти таа во САД.

Белаграндма,

Америка е таму кај што се чувствуваш најубаво. Ако навистина ги имаш сите материјални добра кои ги споменуваш, тогаш донесуваш правилна одлука. Ниту САД, ниту Канада или Австралија ќе те направат порсрќна.

Луѓето си се луѓе каде и да се. Брендиранта стока можеби навидум нема никому да му пречи. Тоа не се должи дека овде луѓето не се малограѓани, туку што средината во која би живеела е толку голема, што никој нема ни да примети што носиш. Ќе бидеш едно од штрафчињата во системот, во кој и да се изгубиш никој нема да се потресе.

Значи, малограѓанштината е диреткно пропорционална со големината на средината во кој живееш.

Ајде дискутирајте малку со поголемо чувство за толеранција и компромис!




Изменето од Platenik - 08.Јули.2012 во 12:07
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2012 во 10:23
Всушност синоќа кога го пишав она реков долу да допишам да не се пронаоѓа секој во она со потенувањето, ама еден памет - ете заборавив.
Можеби се однесуваше на секого, освен на тебе Платеник. Искрено се надевам дека не се препозна во тоа.
Всушност мислам дека ти ја отслика вистинската состојба без разлика каде, општо земено во поразвиените земји.
Тоа со потценувањето не се однесуваше на пренесувањето на фактите, туку на муабетот измеѓу тие коментари .. ако забележуваш.

Сега ќе те цитирам ама со скратен коментар, се надевам не замеруваш што избришав делови на кои не ни  имам намера да искоментирам..

Originally posted by Platenik Platenik напиша:





Да рекапитулитраме она што го рековме досега:

- Никој нема излузии дека животниот стандард во Македонија е ист со онај во прекуокеанските земји.
- Прилики има повеќе овде, но ниту приблжно онакви какви што биле до пред 20 години
- Дали 30000-40000-50000 некого ќе направат посреќен, во однос на тамошните 3000-4000 верувајте дека нема.
- Дали на идвидуално ниво може да успее повеќе во однос на Македонија? Да, може.

Не често во некои случаеви има по 400-500 апликанти за едно работно место. Онај кој во вакви услови има работа е навистина среќен.


Белаграндма,

Америка е таму кај што се чувстуваш најубаво. Ако навистина ги имаш сите материјални добри кои ги споменуваш, тогаш донесуваш правилна одлука. Ниту САД, ниту Канада или Австралија ќе те направат просрќна.

Луѓето си се луѓе каде и да се. Брендиранта стока можеби навидум нема никому да му пречи. Тоа не се должи дека овде луѓето не се малограѓани, туку што средината во која би живеела е толку голема, што никој нема ни да применти што носиш. Ќе бидеш едно од штрафчињата во системот, во кој и да се изгубиш неикој нема да се потресе.

Заначи, малограѓанштината е диреткно пропорционална со големината на средината во кој живееш.

Ајде дискутрајте малку со поглемо чувство за толеранција и компромис. 



Тоа што го ставив во болд, сакам да те пофалам дека ја долови вистинската слика, без оние лажни илузии кои некој сака (не)намерно да ги создаде. 
Она за 400-500 апликанти, верувај дека во Македонија е уште полошо ако се земе во предвид дека сме само 2 милиони. 
Бев сведок на една малку чудна ситуација, кога еден пријател ме повика да разгледуваме CV на "неколку" кандидати, за работно место правник. Кога ми кажа по телефон неколку си реков ај ќе одам да видам, да му помогнам на човекот. Тие неколку беа над 350. Му викам, добро бе ти само да ме залажеш ме викна да разгледам неколку асмеење Значи и во Македонија се пријавуваат стотици кандидати, што е најтрагично најчесто не ги ни исполнуваат сите услови за работната позиција.

Види, ги имам сите услови и повеќе од тоа што треба. Банка како банка дава и 13та плата, и добивка по 60-70% од плата, дава и по нешто плус за Нова Година, Божиќ... Но од време на време онаа желба да ја летнам некаде на 5-6 месеци да поработам или само да си потрошам готови пари, се јавува и се губи преку ноќ. Ми се заминува за да не морам да го трпам она што го наведов. Летоска имав шанса и му ја летнав за Њујорк. Цело лето, малку од есента.... Никој не ме познава, никој не ме гледа што носам. Ми фали тоа чувство да сум само една шаховска фигура меѓу сите тие фигури. 
Муабетот ми беше, покрај тоа што шансите да успееш таму некаде се многу поголеми него во Македонија, ќе бидеш и растеретен од некои македонски навики што никако не изумираат. А сметаат и тоа многу, особено на младите. 

Всушност кога се спомнува заминување од Македонија, не ни знам зошто само на овие земји се ограничувате. Пред некој месец дознав дека еден семеен пријател, инаку педијатар заминал за Катар. Има огромна плата, платен превоз, стан за целото семејство и авионски билети секоја година до Македонија за цела фамилија. 
Се надевам дека ќе го гледам само за време на одмор, затоа што ако се врати тука со таа разлика во плата, тешко ќе се навикне.

Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2012 во 15:41
Originally posted by BellaGrandma BellaGrandma напиша:

ќе бидеш и растеретен од некои македонски навики што никако не изумираат. А сметаат и тоа многу


Јас отидов од Македонија (во тогашна СФРЈ) токму поради тие причини. Имав сигурна работа, многу добра плата, плус заработував хонорарно на неколку места... едноставно немав никакви економски или било какви други проблеми. Се извинувам што ќе кажам уште еднаш, но си отидов поради балканскиот ментaлитет, кој како што спомнуваш и како што можам да видам, с'е уште е жив и здрав и исто толку потентен како што беше и во тие времиња. тага
 
Овде првите десетина години имав работено по 16 часа на ден, 365 дена во годината, без годишен одмор првите 5 години. Толку не сум имал работено во Македонија целиот живот. Родителите требаше да дојдат на гости кај мене за да се уверат дека тоа е жива вистина. Кога си одеа ми рекоа дека ако сум работел толку во Македонија ќе сум имал многу повеќе отколку што виделе кај мене тогаш.

Сестра ми беше три месеци на гости и кога и предложив да почнеме да правиме документи за нејзино емигрирање ми се заблагодари и ми рече дека нема намера да оди во странство за да живее потешко од тоа што живее сега. Во промената  на одлуката не менуваше ниту понудата да живее со целото нејзино семејство бесплатно кај мене с'е додека таа самата не реши дека доволно се снашле во новата средина за да може да се одделат.

Ќе повторам, емигрирањето не е за секого. Знам доста луѓе кои продале с'е во Македонија, се преселиле во америкиве (не знам како е со автралијските зеланди)  и разочарани се вратиле назад.

Како што веќе реков, денес има шанси за млади, високообразувани луѓе, со одлично познавање на англискиот јазик, кои се силно мотивирани и подготвени да одат екстра чекори потребни за пробивање и естаблирање на с'е погустата и потешката состојба на западов. Во тоа помага и ако се без деца.








Изменето од Messenger - 08.Јули.2012 во 18:58
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2012 во 15:48
Originally posted by BellaGrandma BellaGrandma напиша:

Всушност кога се спомнува заминување од Македонија, не ни знам зошто само на овие земји се ограничувате. Пред некој месец дознав дека еден семеен пријател, инаку педијатар заминал за Катар. Има огромна плата, платен превоз, стан за целото семејство и авионски билети секоја година до Македонија за цела фамилија. 
Се надевам дека ќе го гледам само за време на одмор, затоа што ако се врати тука со таа разлика во плата, тешко ќе се навикне.


Потполно се сложувам со кажаново. Тоа го спомнав и јас уште на почетокот. Просперитетот денес се наоѓа на исток и во скора иднина таму ќе биде "америка". Оние кои мислат да ги решаваат своите економско-емигрантски проблеми треба да посветат сериозно внимание на тие територии. Знам дека голем проблем е непознавањето на јазиците, обичаите и традициите, како и недостаток на македонски (во тој поглед и балкански) комуни, но тоа е тоа... америките и австралиите веќе го минаа својот зенит и повеќе не се истата гурбетџијска дестинација  за широк спектар луѓе  како што беа порано.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Polar Bear Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Декември.2007
Локација: Канада
Статус: Офлајн
Поени: 1152
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polar Bear Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2012 во 19:00
Македонската „страна“ дефинитивно ја поведе дискусијата на погрешна страна. Заради некоја причина, на секој факт или искуство презентирани од мускетарите, тие одговатаат со бесна споредба со македонските состојби. Прочитајте ги репликите наназад од брза, мамамд, загор, беллаграндма. На цените во КА, АУ, САД одговараат со листа на цени од МК, на состојбата со вработувањето одговараат со невработеноста во МК, на милионите стечајци во шатори во САД, одговараат со слики на бездомници во Скопје (нели се тоа две категории?). Зошто имате потреба да го правите тоа? Ние ги знаеме состојбите во Македонија, одиме таму, имаме роднини, пријатели. И тоа никој не го оспорува.
 
Но, правејќи го тоа, домашните македонци не сакајќи потврдуваат уште нешто, нешто што мускетарите се обидуваат да го објаснат: општествата (сите) се какофонија од човечки судбини, ништо не е црно-бело. Судбините се дефинирани со личните способности на индивидуите и со надворешни фактори, како што со право Платеникот приметува. Ниту е Македонија најлошата земја во светот за сите ниту се КА, АУ и САД најдобрите. Самите потврдивте (мамамд, беллаграндма) дека се чувствувате економски сигурни во МК. На таквите луѓе емиграција не им е потребна од економски причини - можеби тие ќе се одлучат да емигрираат од некои други причини, но треба да имаат предвид дека нивната состојба во МК е подобра од состојбата на три четвртини од населениете во трите земји. И да не го земаат тоа фор грантед. 
 
Мислам дека последново е една од поентите кое мускетарите сакаат да ја дадат. Кога ќе размислувате за емигрирање немојте да поаѓате само од она што ви фали во МК, и да го игнорирате она што веќе сте го стекнале или го имате (пари, имот, углед, статус, пријателства, бизнис контакти, практично се). Оти сето тоа ќе треба повторно да го изработите кога ќе се иселите, на овој или на оној начин - месинџерот ви објасни еден од нив. Некои од тие животни и социјални компоненти не ќе успеете никогаш да ги повратите на нивото каде што биле во МК. Треба искрено да си одговорите на прашањата зошто сакате да емигрирате и дали ако го постигнете тоа, ќе биде доволно да закрпи некоја од другите дупки кои ќе се створат. Треба исто така да ви се познати состојбите во економијата на земјата каде сакате да отидете, географската дистрибуција на индустриите, културата, приемчивоста кон иселениците (и другите „различни“). Ако сте технолог, глупаво е да слетате во Торонто (затоа што сите македонци се таму), Калгари ќе ви пружи многукратно повеќе шанси за успех. МК не е црно-бела (или само црна, како што неки ја представуваат), ниту се развиените земји црно-бели. Нијансите на МК, КА, АУ и САД се различни, и токму тоа е она што мускетарите пробуваат да ви го доловат, онолку колку што се може со зборови.
 
Јас го сметам моето учество овде како добротворна мисија - можам своето време да го потрошам на стотици други начини, затоа ве молам да го почитувате тоа.
 
Уште нешто, во врска со земјата каде сакате да се иселите - беллаграндма го спомна Катар. Треба да е јасно едно: има земји за емиграција и каде одите без намера да се вратите (тоа не значи дека можеби нема да се вратите), земји каде ќе оформите дом, круг на пријатели, професионални контакти и углед, ќе ги израснете децата, и земји каде одите да заработите многу пари и да се вратите во МК. Прекуокеанските земји се земји од првата група за најголемиот број иселеници. Сите земји на Блискиот Исток се од втората група - таму не можете да добиете државјанство или право на постојан престој, во најголем дел од нив не смеете да купите имот, не смеете да се движите слободно и сл., па сакале-нејќеле, во еден момент ќе мора да си одите од таму.
 
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2012 во 19:19
Originally posted by Polar Bear Polar Bear напиша:

...
Јас го сметам моето учество овде како добротворна мисија - можам своето време да го потрошам на стотици други начини, затоа ве молам да го почитувате тоа.
....

Знаев...
Не знам за другите...
ама јас сум многу благодарен...големо гушкањенамигнување



Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2012 во 19:27
Originally posted by Polar Bear Polar Bear напиша:


Мислам дека последново е една од поентите кое мускетарите сакаат да ја дадат. Кога ќе размислувате за емигрирање немојте да поаѓате само од она што ви фали во МК, и да го игнорирате она што веќе сте го стекнале или го имате (пари, имот, углед, статус, пријателства, бизнис контакти, практично се). Оти сето тоа ќе треба повторно да го изработите кога ќе се иселите, на овој или на оној начин - месинџерот ви објасни еден од нив. Некои од тие животни и социјални компоненти не ќе успеете никогаш да ги повратите на нивото каде што биле во МК. Треба искрено да си одговорите на прашањата зошто сакате да емигрирате и дали ако го постигнете тоа, ќе биде доволно да закрпи некоја од другите дупки кои ќе се створат.

Токму така... сестра ми беше доволно далековида да го види тоа и да разбере дека со иселувањето, за неа, повеќе ќе изгуби отколку што ќе добие.

Како што забележуваш ти истото го имам видено и јас - луѓето одат по оноа што сметаат дека им недостига (како по некоа правило тоа се секогаш парите), мислејќи дека сите други работи што им се дотогаш таман по некаков автоматизам ќе им останат такви и во новата средина. 

Тоа е една од најголемите илузии! И токму поради тоа многумина разочарано се враќаат назад увидувајќи дека во меѓувреме изгубиле скоро с'е во стариот крај додека не спечалиле скоро ништо позначајно во новиот.

Ако не се лажам, пред десетина години за ова имаше и канадски документарен филм за македонски семејствa кои минаa токму преку вакви грди искуствa - "JUST ARRIVED".









Изменето од Messenger - 08.Јули.2012 во 19:38
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14598
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2012 во 20:52
Originally posted by Polar Bear Polar Bear напиша:

 
Уште нешто, во врска со земјата каде сакате да се иселите - беллаграндма го спомна Катар.  Сите земји на Блискиот Исток се од втората група - таму не можете да добиете државјанство или право на постојан престој, во најголем дел од нив не смеете да купите имот, не смеете да се движите слободно и сл., па сакале-нејќеле, во еден момент ќе мора да си одите од таму.
 



Има една македонка си живее тука подого време, мажена е за арап, супер и е, зема огромна плата , живее во луксуз и се дружи со балканци.
Исто и оној газдата на македонскиот ресторант е македонец, човекот си работи без проблем , бизнисот му е тргнат, вработените се фалат дека заработуваат многу , дури и повеке отколку што очекувале. Ми се свиѓа што е традиционално, што нема да сретнеш на улица некоја секси облечена женска, туку сите примерни баш ми одговара како што сум спортски типсреќа И друга работа ми се свиѓа , нема шанси да сретнеш некој да проси по улиците и тоа е забрането со закон, свака част аплауз

Не е се така црно, добро де, и мене ми смета што не можам да се гушкам или бакнувам во јавност бидејки со закон е забрането, ама највеке што ми смета се индијците лутина Баш пред некој ден се расправав со еден од Индија кој си дозволи да критикува дека европјаните се мрзелив народ и дека сакаат пари а не им се работи, наспроти нив индијците биле највреден народ во светот, најтрудољубив,,,,, бла бла  Од шо е глуп он и комплетно целиот индијски народ поима нема каде се наоѓа Македонија, па ке не споредува со останатите европјани, гомнар еден ,,, море се живцирам и додека пишувам во моментотлутина


П.С. Се извинувам што сум офф топик, ама беше спомнато Катар па затоа сакав да се надоврзам само.
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2012 во 22:50

....штоМ намигнување кажувате дека не е баш така сјајно,јас одлучив ДА НЕ ОДАМ од овде.среќа.

Повеќе ми се исплати да почекам владата да се смени, да промени или примени нешто во општеството пред се редот(законите) и поредокот,отколку да црнчам таму некаде!...а можело и да се изгуби се.грицкање нокти

Чаос мучачос.....мафтање

...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1415161718 27>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 1,422 секунди.