IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Aрхитектура и дизајн
  Активни теми Активни теми RSS - Скопје низ годините
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Скопје низ годините

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Скопје низ годините
    Испратена: 13.Јануари.2012 во 18:28
Дечки има една тема за плоштадот  Плоштадот - срцето на Скопје, друга  План за Скопје после земјотресот.. и трета  Каква архитектура има Скопје?...ама мене ова во ниедна не ми се вклопуваше. Се се некои конкретни муабети, па не сакам да го нарушам текот... 
Една споредба на Скопје низ годините. 
Ако смета темава, слободно префрлете во една од постоечкитеголемо гушкање

СКОПЈЕ НИЗ ГОДИНИТЕ



Градот Скопје своите почетоци ги бележи уште во старата Римска империја кога под името Скупи се наоѓал на левата страна на р. Вардар. Градот се развил од легионарски логор во 13-11 год.п.н.е., во време на владеењето на Октавијан Август. Градот станал престолнина на провинцијата Дарданија, сe до неговото разурнување во катастрофалниот земјотрес во 518 г. Место него, се подигнал нов град, главно на територијата на денешно Скопје, кој во византискиот период бил нарекуван Јустинијана Прима, според својот жител, императорот Јустинијан,  роден во околината на Скопје.

По смртта на Јустинијан  и повеќегодишните напади на Словените врз градот, племето Берзити го зазело Скопје и засекогаш се населило во него. Следните неколку века, Скопје било постојано освојувано и ослободувано, а се менувала власта на Византијците, па на Србите, Бугарите.

Во 14 век Скопје станал втора царска престолнина на српскиот цар Душан. Во тој период градот  имал не само политичко туку и културно значење заради обновувањето и изградбата на многу цркви, манастири, болници и сл. Благодарејќи на својата географска положба, Скопје се издигнал како важен трговски и економски центар. Биле изградени анови во кои се одморале трговски каравани кои оделе сe повеќе во правец кон Скопје, отколку кон Запад. Градот  тргувал и со Византија-Солун и со Дубровник.

По заземањето на Скопје од страна на Турците во 1392 год. настапил период на стагнација и иселување на словенското население од него, а градот бил колонизиран со турско население. Градот претрпувал постојани растежи  и падови и  од природни катастрофи. Сепак, повеќе странски патеписци запишале  дека Скопје до 17 век пораснал во голем центар, трговски и економски, со жив безистен, караван-сарај, пазари, водовод, чаршија и преубава саат кула. Сета оваа убавина била уништена со опожарувувањето во 1689 год. од страна на австрискиот војсководец Пиколомини.

По повеќевековното стагнирање, во  19 век Скопје повторно се возобновува и развива.

Кон  средината на 19 век градот   повторно станува главен трговски центар на Повардарјето.

Во   развојот на градот посебна улога одиграла железничката линија Солун-Скопје-Косовска Митровица, изградена во 1873 год., а особено линијата Белград-Скопје-Солун од 1888 год. Тогаш Скопје станува железнички крстопат и добива непосредна врска со Белград и преку него со Средна и Западна Европа.

Со лоцирање на железничката станица на десната страна на реката Вардар, овој дел прераснува во средиште на градот и се развива во модерен европски град, додека на левата страна на реката Вардар останува чаршијата како старо јадро на Скопје.

На 13.10.1912 год., по 520 год. турско ропство, Скопје го заземаат српските војски и воспоставуваат своја окупациона власт која ќе трае сe до Втората светска војна, со единствен прекин од 1914 до 1918 год. кога за време на  Првата светска војна градот бил окупиран од германски, австриски и бугарски војски. По Првата светска војна Скопје станало главен стопански центар на целата моравско-вардарска област.

До почетокот на ХХ век градот   се наоѓал на левата страна на реката Вардар и по текот на реката Серава. По изградбата на железничката станица од десната страна на р. Вардар, градот Скопје се шири кон неа сe до подножјето на Водно, односно кон Каршијакот. Тој дел постепено станувал средиште на градот и се развивал во модерен европски град, додека левата страна сe повеќе добивала карактеристики на вистински турски-источен град. 

Иако градот Скопје не бил секогаш главен трговски центар, тој со својата географска поставеност долго време бил главна точка каде што се судирале патиштата кои воделе низ средиштето на Балканскиот Полуостров. Така на пример, низ Скопје минувале главните комуникациски линии од Приморјето до Цариград, од Белград до Солун, потоа од Скопје до Сараево, т.н. “Босански пат”, Скопје-Солун, Скопје-Ниш итн. Покрај овие, постоеле и локални патишта, “Кумановски” од Скопје до Куманово, “Тетовски” од Скопје до Тетово, “Штипски” од Скопје до Штип итн. Географската положба на градот  Скопје имале огромен удел во неговиот историски развој.

ИЗВОР |  http://www.staroskopje.vestel.com.mk

Image 66Image 67Image 76Image 68Image 69Image 70Image 71Image 72Image 81Image 73Image 74

Првата железничка станица во Скопје. Изградена 1873 година со возни линии до Солун и Белград. Подоцна уништена од Србите кои изградиле нова моденрна желеничка во 1930-тите, која пак подоцна е уништена за време на катастрофалниот земјотрес во 1963 година.

По изградбата…

Image 24Image 28

50-сетите…
Image 25Image 26

1963 година по земјотресот

Image 27

Скопското Кале, изградено во времето на византискиот император Јустинијан. Сликата е од времето на Турците. Поголем дел од него е уништен за време на земјотресот во 1963 година.

Скопје во времето на Србите.

Градскиот парк во турско време, нарекуван Ислахана. На сликата е истотака Кермес, легендарниот Скопски ресторан од 19-тиот век, уништен за време земојотресот во 1963 година.

Куршумли Ан. Хотел во турското време (16-ти век). Го преживеа земјотресот во 1963 година.

Image 42Image 43Image 44Image 45

Џамијата која ги преживеа сите земјотреси, војни, владетели. Изградена во 1492 година. Постои и денес како активна џамија посетувана од муслиманското население.

Image 8Minolta DSCMinolta DSC

Саат кула, втората најубава џамија во Скопје која преживеала се. Денес сеуште постои но не е толку атрактивна колку што заслужува.

Image 11

Џамија која повеќе непостои. Срушена за време на Србите кои на тоа место изградиле Офицерски дом кој подоцна бил жртва на земјотресот во 1963 година.

Image 12

Офицерскиот дом

Image13Image 36Image 65Image 37Image 38Image 39Image 40Image 41

Српскиот крал во посета на Скопје.

Image14

Куќата на Српскиот крал во Скопје.

Image 18

Скопскиот плоштад во 30-сетите.

Image 15Image 16Image 17

Воена болница

Image 19Image 20

Скопскиот Универзитет, уништен за време на земјотресот 1963 година.

Image 21

Соборната црква Св. Богородица

Црквата била  градена од делкан камен од скопската околина. Иако надворешноста на храмот била скромна, внатрешноста била складна и убава со богат иконостас од мермер и ореово дрво со длабока резба на Светите Двери и богат архиерејски стол. За време на Втората светска војна, црквата била запалена  од страна на бугарските окупатори и не биле најдени остатоци од богатиот црковен инвентар-иконостасот, олтарот и др.
ИЗВОР:  http://www.staroskopje.vestel.com.mk

Image 22Image 23

Стариот Скопски театар изграден во првата половина 20-сетите, уништен од земјотресот во 1963 година.

Скопски театар 1926 година
Image 29

Скопски театар 1960 годнина
Image 30
Дефинитивно најубавите куќи се наоѓале во Еврејското маало. Во Втората светска војна голем ден од еврејското население било депортирано во нацистичкиот логор Треблинка, Полска и погубено. Денес во Еврејското маало е изграден Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија.

Image 31Image 32

Image 33

Народната банка, уште една жртва на земјотресот во 1963 година.
Image 34

Народната банка заедно со Камениот мост.

Image 35

Улица Македонија низ годините

1910-сетите

Image 54Image 55

20-сетите

Image 56Image 57

30-сетите

Image 58Image 59

50-сетите

Image 60Image 61Image 62

1963 година

Image 63Image 64

Скопје 1963 година по земјотресот

Image 46Image 47Image 49Image 50Image 51Image 52Image 53

Плоштадот Македонија низ годините

20-сетите

Image 77Image 78

30-сетите

Image 79

50-сетите

Image 80

60-сетите

Image 75

2004 година

Image 83

Денес

Image 82

Скопје и понатаму се гради, а каква иднина му престои…



http://www.divianarts.com/?p=9086

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2012 во 19:52
добра тема, тука може да ја разгледаме урбаната историја на Скопје која е мошне интересна, хронолошки да разгледаме некои работи, простори и тоа како се менувале
инаку, мене омилени периоди на градот ми се периотдот меѓу двете војни и постземјотресниот период, се до осумдесетите, бидејќи Скопје тогаш било во најисполнет развој
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
abnormalen Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 05.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 168
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај abnormalen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2012 во 00:55
Originally posted by Santijago Santijago напиша:

Скопје во времето на Србите.


Opaaa, eve ja i mojata Burmali djamija.голема насмевкаZnachi,navistina imalo djamija od levata strana na kameniot most od nashiot del.изненадување
Gluposta e najneobična od site bolesti - od nea NE pati bolniot tuku, SITE OSTANATI!
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2012 во 12:58
Santijago голема благодарност за убавите слики од старото Скопје, на некои просто не ми се верува дека било толку убаво. Па Скопје било речиси светска метропола по прашање на архитектура! Како ли ќе изгледаше Скопје денес да не беа уништени во земјотресот делата на српските архитекти?(земајќи во предвид дека сепак ќе се ширеше, понешто ќе мораше да се руши, дислоцира или реновира). Но за утеха 2014 ќе стане античка метропола со изразена безосетност за геометријска композиција.

Дали некој има слики како изгледала од внатре старата железничка? Наводно внатре имало некои големи слики(со теми од времето на НОБ?)???
Бог повторно му говори денес на човештвото преку Неговата пророчица, Габриеле од Вирцбург. Тој не ја говори речта на Библијата!
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2012 во 16:43
Мило ми е што ти се допаѓаатголемо гушкање
Ми го пратија линкот за да го разгледам Скопје (јас не сум од Скопјеголема насмевка) затоа што секогаш сум прашувал какво било Скопје пред земјотресот. Убава архитектура, денес би бил еден од најубавите на овие простори, најверојатно подобар и од Белград. Иако ме импресионираше и  архитектурата во Тиранасреќа


Имам на компјутер други слики од старо Скопје ама не знам дали има од железничката внатре. Ќе гледам да ги закачам некаде па после да ги постирам тука. Ако има добро, ако не ќе бараме некадеголема насмевка
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2012 во 18:42
ќе бидам задоволен ако некој има слика од внатрешноста на станицата, имам поприлично јасна претстава како изгледало, според тоа што денес е останато на истиот простор каде што бил холот, ама сепак фотографија е подобро од фантазија
инаку железничката станица е еден од моите омилени објекти од тој период, за тоа време современа архитектура, мислам дека беше Арт-деко
а самата железница која поминувала од таму, ја почитувам како историја, бидејќи да не беше таа, градот ќе се развиваше сосема поинаку и во други насоки
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2012 во 20:13
Originally posted by abnormalen abnormalen напиша:

Originally posted by Santijago Santijago напиша:

Скопје во времето на Србите.


Opaaa, eve ja i mojata Burmali djamija.голема насмевкаZnachi,navistina imalo djamija od levata strana na kameniot most od nashiot del.изненадување

"Mojata" Burmaly djamija ?

Na Kameniot most od "nashiot" del ?

изненадување





Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
abnormalen Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 05.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 168
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај abnormalen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2012 во 23:45
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Originally posted by abnormalen abnormalen напиша:

Originally posted by Santijago Santijago напиша:

Скопје во времето на Србите.


Opaaa, eve ja i mojata Burmali djamija.голема насмевкаZnachi,navistina imalo djamija od levata strana na kameniot most od nashiot del.изненадување

"Mojata" Burmaly djamija ?

Na Kameniot most od "nashiot" del ?

изненадување

Nemoj premnogu da se sekirash......moja e ,ama samo poradi ova:
голема насмевка
Gluposta e najneobična od site bolesti - od nea NE pati bolniot tuku, SITE OSTANATI!
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2012 во 04:11
среќа



Овие фотографии направени во периодот од 1960-1980 година прикажуваат за некои проекти кои се граделе во Скопје во тоа време.

1._______500.jpg.scaled895
Градски ѕид, Дом на АРМ и Пелагонија

Во период од шеесетите до осумдесетите години биле изградени Градскиот ѕид, Зоолошката градина, железничката пруга, Музејот на современата уметност, зградата на Македонската радио телевизија...

2.___500.jpg.scaled1000
Зоолошка градина Скопје

3.________500.jpg.scaled895
Изградба на кулите од градски ѕид

4._.________500.jpg.scaled8
Бул. Кочо Рацин пред подвозникот и кулата во изградба

5.____________500.jpg.scale
Дел од скопскиот саем и мостовите на нова железничка станица во изградба

6.______.jpg.scaled895
Изградба на комерцијална банка, година непозната


7._____500.jpg.scaled1000
Изградба на стоковна куќа мост

95600._____1970-__1980-_.jp
Mузеј на современа уметност 1970-ти или 1980-ти години


500__.jpg.scaled895
МРТВ се гради

Во деведесеттите години во главниот град изградбата стагнираше...не е изграден ниту еден позначаен проект. Градежниот сектор, посебно во овој поглед, како да мируваше.

Но, денес Скопје прерасна во вистинска метропола. Повторно почна да се гради! 

Во последниве три години во Скопје има градежна експанзија каква што нашата метропола не памети од по земјотресот во 1963 година. Главниот град добива современ лик, а скопјани се горди на тоа.

ace.jpg-500

mmmmmmm500

kamen-pl.jp500g

zicnicaaaaaaa500

kruzen-tek-otvoranje-500

Nova-zirafa500-vo-ZOO-1



Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2012 во 04:25
Интересна ми е сликава од Карпош 1 и 2... всушност никогаш не научив каде е границата меѓу Карпош 1,2,3 и 4


Колку било празно..некако растеретено..Барем имало и пешачки патеки..немало дрвореди, но немало ни сообраќај како денес...Оноа уличното осветлување како да не е сменето од кога е ставенозбунетост





Посетата на Тито после земјотресот...а и Кирче бил таму




Си пишува...





После поплавата 1962 година...






Споредба со денешно Скопје...па сега го знаете, не ви требаат слики..
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2013 во 17:46
раскрсницата на Рекорднекаде во пеесетите, на местото на бифето сега има продавница на Сваровски, а на местото на големата зграда на крајот од улицата, денес е Жена-борец парк



денешен булевар Крсте Петков мисирков, на просторот кај Битпазар, без многу шиткаџии и картонски кутии намигнување
на местото на тоа брановитото покривче, денес има доградба која би требало да е хотел


размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2014 во 22:04
Скопје се реновира во бојаох

Sutka (1)

Sutka (2)


Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2014 во 12:51
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2014 во 10:12
1993

skopje-93
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.