|
Писмени состави,семинарски... |
Внеси реплика | страница <1 1011121314 113> |
Автор | |
NatuF4e
Нов член Регистриран: 03.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Mi trebaat esei za 4ta godina od Gorgi Abaziev-pustina,Dimitar Solev-Zora zad agolot,Petre M.Andreevski-Pirej i Zivko Cingo-Golemata voda!!!!!!Bilo koj od ovie gi imate ispratemigi.Fala odnapred :)
|
|
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Види ... тука Симни го фајлот .. јас го имам поставено |
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
gonzo
Сениор Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Гуглај сине, гуглај.... Странствувањето на Чајлд Харолд „Странствувањето на Чајлд Харолд“ е романтичарско-индивидуалистичка поема, составена од четири песни. Тема во поемата е патувањето и доживувањата на Чајлд Харолд. Идеја - да го искаже своето разочарување од сегашноста и приликите во Англија и во цела Европа. Содржина Поемата нема класично развиено
дејство, нема заплет, ни композиција освен што е составена од четири
пеења. Дејството се одвива хронолошки, како што се одвивало патувањето
задржувајќи се на позначајните места. Тоа се: војните на Наполеон;
соочување со освојувачки и ослободителни војни; ја велича борбата на
Шпанците против Наполеон; ја велича античката цивилизација; ја опева
славата и пропаѓањето на Рим; ја опишува битката кај Ватерло,
потенцирајќи го ужасот и апсурдноста на војната. 1 песна Поемата започнува со описот на
Чајлд Харолд, кој е млад човек, почитуван и познат, од благороднички
род, кој наместо да се посвети на полезна и творечка работа, се оддава
на бурен, развратен живот со оргии и пир. Презаситен од таквиот живот
кој веќе му здодеал, решава да го напушти родниот кат. Разочараноста не
произлегува само од ваквиот живот туку и од односите во општеството, па
решението го бара во бегството, во осамувањето, во потонувањето во
сопственото јас. 2. Си бил во Англија и еден човек млад: на доброчинството му бил тој туѓ... Крај жена разгалено, до бес, би уживал, од јад! Ја чекал зората со вино, полно пена; сред развратот тој сам и идоли си кренал. На порокот во плен - се спуштил тој во шир: го презрел сето сам што другите го ценат. Но среќен само бил сред оргија и пир, крај жени паднати сал нашол сладок мир! 3. Пред вас е Чајлд Харолд. Јас нема тука таен да водам разговор: од каков беше род. А родот негов беше чествуван и знаен, со честа беше познат тој под овој свод. Постапките на внуков беа срамен плод и честа дедова тој почна да ја гнаси. Ни летописецот што тоне сиот в пот не би можел со неа легенда да краси, а камо ли поет со лаги да ја спаси. 5. Не се плашел од грев - во гревот тонел цел; по патот тргна сам што в неморал го тера. Но - една љубел тој со силен занес врел - па сепак, можеби, во себе немал вера. Со ласки развратни кон неа имал мера: на својот идол свет тој не фрлил со кал: та неверен би бил и утре како вчера! Би била скршена од клетников без жал: да скине оков јак тој потем се би дал. 6. Од сешто заситен без желба и без страст, не сакаше да види близок другар сега. Во очите му често солза видов јас, но знаеше со гордост срце тој да стега. Скитајќи в мисли, сам, се реши не на шега да напушти за долго бучен, роден кат. Од својата судбина тој нејќеше да бега: би примил удар нејн, тргајќи Чајлд на пат, би барал нови луѓе, макар и сред ад! 10. Не прегрна тој мајка штом на пат се крена, ни сестра си ја виде пред да тргне в свет. Тој замина со тага душа што му свена. Без поздрав другарски по море тргна, клет. Не затоа што беше корав, студен сет - та не! Но само оној којшто љубел знае од ошто толку многу болката без ред засилува, та човек - колку корав да е - на разделба од тага не може да трае. По описот на главниот лик следува Прошталната песна во која преовладува возвишениот и патетичен тон на разделбата на главниот јунак од својата татковина. Песимистичкото
расположение и копнежот по светли хоризонти се причината тој да ги
изрече топлите исповедни зборови на љубов кон родниот крај, родителите и
пријателите. Проштална песна О, збогум, роден крај. Ти сив исчезнуваш зад морска шир. А ветрот јачи; галеб див со својот пискот руши мир. На запад сонцето се крие и ширта морска губи сјај; се губиме по патот ние... О, добра ноќ, мој роден крај! По час и друг, пред зора-ал ќе прсне тоа лачи пак; ќе сретнам тогаш море сал, но не и тебе брегу драг. Глеј, дреме мојот замок убав; во каминот ни плам, ни жар. Во бршлан ѕидишта се губат и вие таму песот стар. „Мој пажу мал, приближи се и речи зошто плачеш ти? Те плаши бранот бурен, не? Ил мракот злобен, можеби? Избриши се и глава горе: На коработ е се вввво ред; одвај да може најбрз орел тој кораб да го стигне в лет. И нека да не лула бран, и ветрот нека праќа крик; не ме плаши ни океан, ни бурата со својот рик.“ — Не чудете ми се, ве молам сер Чајлд, што в тага тонам цел. Разделбите со блиски болат... Ме пратија по светот бел. Од тате испратен јас бев, му видов в очи светол лач; за мама појќе ми е грев што долго ќе ја гуши плач... „Да, чудно солзите ти стојат; успокојуваат, јас знам. Да имав невиност јас твоја би плачел како ти и сам. Ти ела, верен слуго мој! Зар повторно од бледност знак? Те плашат бури ли без број, а можеби и Француз-враг?“ — В малодушност јас не сум свенат. Сер Чајлд, не се плашам ни јас! Но дома оставив и жена. Ме сакаше со силна страст. Со децата и минат дни крај личниот ви голем двор. Но, штом го спомнат татка си — што ќе рече тој тажен створ? „Те разбирам, ќе страда често. Се запознав со твојот бол. Но и да сум на твое место со потсмев би го примил зол. Зар има уште таков маж што верува во женски стон? Штом не си тука — нова драж ќе блесне кај нив и во сон! А страстите се стара тема; за идни ништо не би дал. Јас жалам само зашто нема за некого да сум во жал. А вака сам, сред море, мрак, ко крадец некој што се скрил — кај човечки ќе најдам траг штом туѓ за луѓето сум бил! Да, мојот пес... Два-три дни само (дур не свикне!) тој жал ќе таи, но ако пак се вратам ваму — ќе бидам пречекан со лај. Мој корабе, да одиме! Ти сечи бран, на долг сме пат! Кај сакаш таму води ме, но само не во татков кат. Јас поздрав искрен вам ви праќам о, бранови со таква моќ. На поздрав — поздрав, земјо, враќам: мој крају роден — добра ноќ!“ Во продолжение на песната, во
дијалог со пажот, неговото расположение се менува. Пажот е тажен што ја
остава татковината, жена си и децата, а Чајлд сфаќа дека нема по кого да
тагува. Тој зад себе не остава никого, освен празниот дворец и песот.
Не остава никого кој му е важен. Затоа осамен, отуѓен од сите, без
навистина блиски луѓе, тој решително ја напушта татковината. Без
поздрав, заминува во потрага по егзотични места, каде ќе размисли за сè и
можеби ќе успее да ги реши внатрешните дилеми. Најпрвин
ги посетил Португалија и Шпанија, каде иако се земји со древна
цивилизација, луѓето страдаат и се потчинети. Тој се надева дека
славните витешки времиња повторно ќе се вратат и луѓето ќе се ослободат
од ропската потчинетост. Неговата лична тага и разочараност се зголемува
и прераснува во светска тага поради доминација на злото и несреќата. 2 песна Чајлд Харолд чувствувајќи
симпатии кон поробените народи го продолжува своето патување во Грција и
Албанија каде се соочува со истото страдње и несреќа. Поетот не може да
сфати дека потомците на Античка Грција можат да го поднесат теророт што
се врши врз нив од страна на османлиската власт. Сликата на Балканот е
мрачна и крвава. Албанецот, со чалма, застанал на патот, а пиштолот со резба беше шарен сет, навезена му беше дреата со злато... Македонец со појас, крвав, сиот блед крај делија што држи јатаган...И ред од вакви робје гледаш... Особено е воодушевен од
љубезноста и гостопримството на Албанците. Во оваа песна освен
разочараноста која ја чувствува, поетот повикува на борба . 3 и 4 песна Харолд го продолжува своето
патување во Холандија, Германија, Швајцарија и други европски земји за
да го задоволи својот авантуристички дух, како и да се пронајде себе. Во
овие песни е поприсутен мотивот на осаменоста, како и мотивот на
природата која е единственото нешто недопрено од човекот и можност да се
избега во нејзините прегратки. Пејзажот е во функција на
романтичарскиот идеал каде човекот го пронаоѓа својот мир и спокојство.
Единствено во природата Харолд се чувствува исполнет и среќен. Во
последната песна при посетата на Италија исто така се навраќа на
нејзиното античко минато. Тој и понатаму е во истото расположение,
осамен бунтовник кој останува само набљудувач на општествените
збиднувања. Основни карактеристики на
Бајроновиот романтичен јунак се чувството на светската тага, откривањето
на нови егзотични простори и поддршка на борбата за ослободување на
угнетените европски народи. Бајронизмот како движење влијаело врз англиската и европската литература. Под бајронизам
се подразбира: култ кон слободата, желба за патување во далечни и
егзотични земји, потенцирање на индивидуализмот, човековото разочарување
кое преминува во светска тага, величање на славното минато (античко и
витешко) и недопрената природа.
|
|
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
|
crazygirl
Нов член Регистриран: 18.Април.2011 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
dali kje mozi da mi dadite voveeden del mi treba za sostav za najkasno utre na temata sto nosi minutata ne nosi godinata ....:) ve molam bidete pobrziii
Blagodaram odnapred... |
|
dobrilcho
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 17.Април.2011 Статус: Офлајн Поени: 209 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
to see the world in a grain of sand
and heaven in the wild of flower the whole infinity at the palm of your hand and eternity in an hour. тоа е тоа што минутата го носи а годината не: вечноста во рамки на инстантот временски. 1 по еден е 2 по пола е 4 по четвртина е 8 по осмина е итн, итн и најпосле е све по ништил. времетраење од ништо секунди соодветствува на бескраен благодат. оти ако тргнеш во прогон на тој благодат прво ќе заприметиш дека гравитациониот и кулоновиот закон се фундаментални закони на временскиот инстант па после кога тие ќе се покажат недоволни и неточни неминовно е да го најдеш законот за лост. лост е све па дури и ништо и ено више и ено мање па затоа да го најдеш тој изгубен лост е да се најдеш себе во себе во себе и себе ван себе ван себе. 1 = 1 х 1 >>> ЈАС ЕДЕНОТ СУМ САМИОТ ЕДЕН ПО СЕБЕ ЕДЕН СЕМ МЕНЕ ЕДЕНОТ НЕ ПОСТОИ ДРУГ ЕДЕН И ПОРАДИ ТОА ШТО СУМ САМ ПО СЕБЕ НЕ МИ Е СТРЕБНА АПРИОРИ ПРИЧИНА ДА СУМ ЈАС СЕ САМ СЕБЕ РАБОТАМ И СУМ СВОЈ ФАБРИКАТОР И ПРОДУКТ СВОЈА ПРИЧИНА ЗА ПОСТОЕЊЕ ЗАТОА И СВОЈ ПОСТОЕЧКИ ЕФЕКТ. ако те праша наставничката од кај ти ова кажи ено РМ ное ама ептен шизофренки ми го претскажа. |
|
gorancento
Нов член Регистриран: 21.Април.2011 Статус: Офлајн Поени: 8 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
БарајСеминарска - блог, кој покрај продажба врши и размена на семинарски работи.. вреди да се посети..
Изменето од gorancento - 21.Април.2011 во 17:38 |
|
leonnche
Нов член Регистриран: 09.Мај.2011 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најдов нешто за љубовта,се надевам дека ќе ти се допадне .. Што е љубов Да живееш… Да копнееш... Да се будиш секое утро со помислата дека си некому потребен... Најубавото чувство. Тоа што нè исполнува. Ни го прави животот посебен и единствен. Единствен, на начин на кој некогаш бил само дел од нашите сонови. Што е тоа? Кое е тоа чувство кое може да ги помине сите препреки само за да спои две срца? Да, тоа е љубовта! Љубов – толку мало зборче, а сепак исполнето со многу емоции, чувства... Исполнето со огромна светлина и радост, но понекогаш и тага. Љубовта постоела отсекогаш и претставувала чувство без кое ако размислам, човечкиот род не би можел да опстане. Без разлика на времето, местото и положбата во која се наоѓале, луѓето секогаш биле способни да дадат љубов, па дури и да го дадат својот живот за оние кои ги сакале. Што е тоа љубов? Понекогаш ќе се прашаме. Всушност мислам дека тоа е најчесто поставувано прашање. За некого љубовта претставува само болка и страдање, додека за некого претставува најубавото и најпрекрасното нешто на светот, единствена причина за живеење. За мене љубовта е еден вид пријателство, да бидеш со тој што го сакаш во добро и во зло, да растете заедно, да плачете, да се смеете... Да ги поминувате заедно најубавите моменти. Да си верувате еден на друг, но пред се да верувате во вашата љубов. Едноставно, тогаш целиот свет е само ваш, а на него постоите само вие двајца и нормално вашата љубов. Се уште не можам да зборувам за љубовта и нејзината убавина, но сепак мислам дека таа е дел од секого и дека nекој има право да ја почувствува. Пролетта е време за вљубување. Па затоа се вели дека на вљубените целиот живот им е пролет. Љубовта е најубавото нешто на светот. Кога сум вљубен чувствувам дека целиот свет е мој, а светот е обоен со розова боја, прекрасна волшебна боја... Љубовта знам колку е слатка, но знам и колку боли. Не се откажав од љубовта, бидејќи таа доаѓа кон оние кои веруваат во неа. И секој пат кога ќе ги осетам оние пеперутки во стомакот, ја осеќам љубовта на своја кожа, сите убави мигови, се осеќам најубаво. Па дури и кога нема љубов во мојот живот, остануваат спомените од нешто поминато, спомени кои ми го одржуваат животот. Љубовта е најсилната сила. Сила која го врти светот. Во школо не учат за гравитациона, електростатичка и други сили кои не опкружуваат, но дали се тие и најважни? Тие се сили кои ги проучуваат некои научници, кои го трошат својот живот затворени во својата работна соба, проучувајќи ги законите и она што не опкружува. Но ниту еден човек, ниту еден научник или слично не може, не е способен да ги открие сите закони на љубовта. На таа сила која според мене има најголема моќ. Но љубовта е секогаш непредвидлива. Иако ни ја носи најголемата среќа во животот, знае да донесе и болка, тага и мнгоу солзи. Но сепак тој баланс помеѓу среќата и тагата е неопходен во нашите животи и сето тоа се надминува. Најбитна е убавината на љубовта, за која доколку е вистинска вреди да се ризикува животот. Дали само еден цвет ја прави ливадата шарена? Дали само една ѕвезда го прави небото чудесно? Само еден лебед ли ги прави водите на езерото романтични? Започнав со мелодијата на пријателството, а завршувам со песната на љубовта. Љубовта е како музичка кутија која е затворена со катанче, а клучот на тоа катанче го има тој што го сакаме. А душата, таа претставува огледало, при секој поглед во него се гледа нашата љубов. Ако си го отвориме срцето, љубовта ќе ни ја отвори душата. Кога музиката од музичката кутија допира до мојата душа, започнува љубовта. А, кога ќе запре музиката се крши огледалото и се губи клучот – тука лежат одговорите на сите прашања. Неверствата и лагите ја трујат љубовта. Помалите лаги и неверства бавно ја уништуваат љубовта. Големите лаги и неверства ја уништуваат побрзо. Љубовта не значи само болка и повредување. Љубов значи: Љубовта да ја подариш на оној што мислиш дека му е потребна и искрено и безусловно да го сакаш. Љубовта е најубавото нешто на светот, но само ако е возвратена! Секогаш носи љубов во твоето срце, затоа што само така ќе бидеш среќен и ќе те сакаат. А тоа, да бидеш сакан е најубавото нешто што може да ти се случи. Деновите потрошени без љубов, се залудно потрошени денови... Тој што те сака, и ти сакај го, но тој што те повредува, засекогаш избриши го од твојот живот. Ако си во мојот живот само за да си играш со моите чувства, не си го губи времето и оди си. Но, ако си тука да ме сакаш и да ми покажеш што е вистинска љубов, можеш да останеш засекогаш... |
|
anna94
Нов член Регистриран: 09.Мај.2011 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас за Сердарот го напишав ова
Сердарот“ е историско-јуначка поема; историска балада. Темата е борбата на Македонците против насилствата на Гегите, или поопшто, борбата за слобода. Идејата - да го прикаже макотрпното минато на својот народ и стремежот за слобода. Поемата е напишана на грчки јазик (бидејќи се пријавил на конк*рсот за поема во Атина). Мотивот, Прличев го зел од народната песна за Кузман Капидан, а бил инспириран од тешкиот живот на Македонците од западните делови на Македонија кои биле изложени на терор од страна на Гегите. Па дури и турската власт за да го заштити населението од грабежи, за да може после да им земе даноци, морала да организира заштитнички единици. Кузман Капидан бил водач, сердар на една таква единица. Поемата е сочинета од 228 строфи со по четири стиха (катрени), од кои првиот и третиот стих се петнаесетерци, а вториот и четвртиот осмерци. Во неа мотивот и версификацијата (градбата на стиховите) се под влијание на народната македонска поезија, додека стилските особености - сложените епитети, мотивите и ликовите од грчката митологија, опширната епска нарација, описот на оружјето, на двобоите и градењето на ликовите се под влијание на Хомер. „Сердарот“ започнува со потресна слика за положбата на македонското население во Галичник и Река, каде е лоцирано дејствието на поемата. о познатата словенска антитеза, карактеристична за нашето народно творештво (но и за Хомер, види го извадокот за разделбата на Хектор и Андромаха - употребена е истата стилска фигура), Прличев нè воведува во понатамошниот тек на поемата. Гласот за смртта на јунакот се шири со голема брзина и тој предизвикува болка и страв кај населението, зашто ќе нема кој да го заштитува. Од тој ужас и немир што се шири меѓу селаните, Прличев се префрла на тивкиот и мирен дом во кој мајката на Кузман - Неда е осамена и во исчекување да се врати синот. Таа претчувствува нешто страшно, бидејќи сонувала како се руши куќата и потпорната греда (Кузман) не издржува. Со смирен тон и многу сликовито, Прличев ја опишува мајката: Од голема почит, тој ќе вети дека Гегите никогаш нема да ја нападнат и навредат мајката на јунакот, дека таа секогаш ќе биде заштитена. Но, храбрата Неда не прифаќа да ја заштитат само неа, таа сака заштита за сите Македонци. Прличев потоа го опишува ритуалот на капењето на мртовецот, тажачката на Неда, како и историјата на семејството, дека и Кузмановиот татко исто така се борел и храбро загинал. На крајот од поемата, сосема кратко, но многу сугестивно е прикажана Марија, свршеницата на Кузман, која од силна љубов знае само за верност до гроб. Таа го презира својот убав лик, ги распушта косите и фрла пепел врз нив, сосема се отуѓува од животот и убавините што може да и ги донесе, па затоа се закалуѓерува. ...Румената лика од болката свенала многу; лицето — восок и стана... И почна од луѓето да се отуѓува; веднаш в мисли да потоне знае... Си шепотеше сама...И сите ја сметаа, бедна, за поулавена да е... Гробот на Кузман е секогаш осветлен со кандило и на него цвеќе има, бидејќи таа не го заборава, а не треба да го заборавиме ни ние. Ликови Со особено мајсторство и во хомеровски дух, Прличев ги насликал ликовите во неговата поема. Сите ликови се длабоко сугестивни, силно впечатливи, носители на возвишени, но и реални особини. Неда е централен лик во поемата. Таа е мајка на јунакот, но и самата јунак. Таа е храбра - гордо ја поднесува смртта на синот, бестрашно им се спротивставува на непријателите, подготвена е и самата да се бори и да ја поведе борбата - да стане водач. Јасно е изразена нејзината решителност и чесност. Но, освен овие возвишени атрибути, таа е сепак мајка, чувствителна, која безмерно го љуби своето единствено дете. Нејзиниот крик и плач е мајчин, зашто нема ништо пострашно од смртта на детето. Но, и во таа болка Неда не мисли само на себе, туку и на целиот нејзин народ кој останал незаштитен и кој треба да преземе дел од таа болка. Во ликот на Неда, Прличев го насликал и ликот на својата мајка кон која чувствувал голема љубов и почит. Кузман е загинат уште на почотокот од поемата, затоа за него дознаваме преку раскажувањата на другите ликови, ретроспективно (преку навраќања). Тој е олицетворение на возвишено јунаштво кое е почитувано дури и од непријателот. Силен и храбар во борбите со него. Тој е заштитник на народот и својот живот го жртвува за доброто на сите. И кај него се гледаат обичните човечки особини како - љубовта и почитта кон мајката, како и љубовта кон девојката Марија со која сакал да го минува животот и да создаде семејство. Гегите во поемата не се негативни ликови. Тие се непријатели - пљачкаши, немилосрдни, убијци, но и тие ги носат возвишените атрибути на чесност - носејќи го со сите почести мртвото тело на Кузман во домот на Неда, ризикувајќи да бидат убиени од гневното и желно за одмазда население. Тие и самите борци, имаат респект кон борецот, така ја покажуваат својата човечност. Особено се истакнува стариот Албанец, со својата мудрост и желба да ја утеши ужалената мајка, величајќи го неговиот смртен непријател. Марија, свршеницата на Кузман, иако е опишана сосема кратко, е исто така впечатлив лик. Таа е достојна на љубовта на големиот јунак, верна до гроб, бескрајно вљубена, тивка и искрена. По смртта на својот љубен, таа нема повеќе за што да се радува, се повлекува во калуѓерство, посветувајќи му се целосно на споменот на таа љубов. „Сердарот“ има врвни уметнички квалитети. Поемата е симбиоза (обединување) на фолклорот, Хомеровиот стил и сопствената силна уметничка дарба на Прличев. Богатството на јазикот, стилските изразни средства, силината на претставувањето на ликовите, фабуларниот тек (со ретроспективни навраќања) ја ставаат оваа творба на највисоко место во периодот на Романтизмот, но и денеска. |
|
anna94
Нов член Регистриран: 09.Мај.2011 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најголем проблем ми се да ги анализирам расказот „прошедба“ и поемата крвава кошула “ на Рајко Жинзифов
дај некако помогнете ми |
|
leonnche
Нов член Регистриран: 09.Мај.2011 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Го најдов ова,ако ти помогне ..
Појавата на првиот и единствен расказ “Прошедба“ од Рајко Жинзифов во 1862 година (Братски труд, Москва, кн. 2) отвора нова страница во расказите на македонскиот 19 век. Моделот на поуката како суштинска назнака на првите творби во новата македонска книжевност, нераскинливо поврзана со традиците и идеите на просветителството и уверливо одразени во раскажувачките постапки на Јоаким Крчовски и Кирил Пејчиновиќ, творбата на Жинзифов уверливо го бара сопственото место во уметничкиот систем. И во расказот “Прошедба“ и во “стихотворниот расказ“ поемата “Крвава кошула“, авторот работи на органзирање на раскажувањето, употребува различни раскажувачки техники со кои се стреми за ново толкување на темите, мотивите и ликовите. Во ретките толкувања за неговата проза во македонската книжевна наука, Христо Зографов во анализата кон “Прошедба“ заклучува: “Така овој расказ на Жинзифов, иако остана извесно време осамен во нашата литература, одбележува со својата тематика и со природниот, народски начин на раскажување една определна етапа во раскажувачката техника, која нема денес многу следбеници и усовршувачи; а со своите тенденции доста полно ни го открива духот на своето време“. И прозата на Жинзифов иако запоставена и подзаборавена наспрема неговата поезија, ќе го надживее своето време, токму од прчината зашто нему му припаѓа. Темата на фанариотското угнетување во “Прошедба“ и на турските злосторства во “Крвава кошула“ го имаат истото композициско решение на “расказ во расказ“. Двете творби го имаат истото мото од народната поговорка “Зол трн, зла копачка“. Во расказот кој му го посветува на својот учител Димитар Миладинов, народната мудрост е дополнета со стиховите: “Как ет драго, како ет мило / все, што блгарско, народно, / а што грчко, пусто било, / недостојно и противно“. Него го изнесуваат, го раскажуваат двајца раскажувачи: првиот раскажувач е патникот, а вториот раскажувач е старецот Стојан. Раѓањето на новиот ден, утрото е онаа прва слика во која ги откриваме двајцата патници, раскажувачот и неговиот пријател и сопатник Здраве. Утрото како знак на еден нов ден, го идентификува и новиот свет со патниците, западната поразија како посебна тема, кои во рацете држат и пушат француски цигари... ... Протекува животот како река, низ мудроста на безимениот народен гениј кој авторот посебно го користи со вградувањето на кратките фолклорни жанри, и тие имаат релевантна текстуална функција, употребени како крај/поука во дијалогот меѓу дедо Стојан и Зраве: “-Трпение-спасение, дедо Стојан!-рече Здраве./-Така,така, “трпение-спасение“, а кожата на греди. /- Здравје, дедо Стојан, здравеј! / -А голо здравје-готова треска,чеда.“ Нова сцена со народната песна која доаѓа однадвор. На гумното излегуваат сите. Се собираат девојките и момчињата. Селскиот празник е повод патникот-раскажувач да ја изнесе сопствената филозофија за менталитетот на народот во градовите и селата, за наводното јунаштво уништувано системно од грцизмот и сега новата поразија од просветената Европа. Авторот притоа одново вметнува нов поетски текст чија тема е навлегувањето на европската поразија во македонските градови. Притоа раскажувачот прави директно обраќање кон читателите на зададената тема, со цел, како што вели, да му “олесни на душата“. И ново враќање на гумното, сега со тенденција кон чистотата и изворноста на народниот менталитет. Дообјаснувањето со фолклорен поетски текст, со песната на танчарката, трет таков обид за вградување во прозната постапка, пак не враќа на почетокот не само како исказ, туку и како книжевен настан. Пренокувајќи во домот на старецот, утрото, со едно утро и почна приказната, двајцата патници се збогуваат со домаќинот и ја продолжуваат својата “прошедба“. Ироничната поента е финале на расказот; патниците едноставно прелетуваат едниот со “бон жур“, другиот со “гутен таг“, за да ги донаучат “сите европејски чудесија“. Отворајќи ја новата страница на македонскиот расказ во 19 век, Рајко Жинзифов и ги воведува и ги востановува импулсите на новите раскажувачки техники и стратегии. И во “Прошедба“ и во “Крвава кошула“ се обединуваат во еден и ист текст расказот, коментарите, полемичките и публицистичките, лирските дополнувања со целосно исполнување на двата типа раскажување: раскажување-случка и раскажување-коментар. Во првиот тип се фолклорната традиција, раскажувачката постапка од средновековието и од романот на просветителството, до искуствата на популарните европски романи. Вториот тип на раскажување, исто така, ја актуелизира традицијата, но е поврзан и со проповедничката традиција, со усната книжевна традиција, како и со модерниот, современ тип на раскажување. Жинзифов во сопствената раскажувачка постапка го користи раскажувањето и со фабула и без фабула, односно и со случка и со коментар кои во друга прилика се тема на коментар за односот и статусот поединечно на двата типа раскажување во текстот. Во македонскиот расказ на 19 век Рајко Жинзифов само ја подотвори вратата за неговото книжевно конституирање и афирмирање. Извирајќи длабоко од животот, редовно именувани како “слики од Македонија“ или како “слики од животот на народот“, македонскиот расказ доживува убава сатисфакција низ книгите и текстовите низ страниците на периодиката со имињата на Коста Шахов, Спиро Гулапчев, Ефрем Каранов, Димитар Г. Молеров, Васил Пасков, Арсени Костенцев, Михаил К. Шатоев, Петар Стојков, Атанас Раздолов, Кочо Г. Молеров, Никифор Поп Филипов, Стојан Божов, Христо Калчев, Стојан Иванов. Тоа ќе рече за среќа на македонската литература, Жинзифов како раскажувач ниту беше, ниту остана сам и осамен. |
|
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
Kres
Нов член Регистриран: 10.Мај.2011 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
veke cel den baram i nemozam da najdam nisto za Rajko Zinzifov!!!Ke ve zamolam da mi napravite sostav mi treba za utre!!!
Tema: Rajko Zinzifov(Literaturnite obidi)potocno za tvorestvoto,samo da ne pisuvate za negovata biografija vi blagodaram !!! |
|
Mindy
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Искрена, поискрена здравје Регистриран: 14.Ноември.2005 Локација: United Arab Emirates Статус: Офлајн Поени: 14598 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мислиш на ова ????
Литературната дејност на Жинзифов е разновидна и, сепак, не толку скромна. Тој се јавува како поет, раскажувач, публицист, собирач на народни умотворби, преведувач од руски, украински и чешки јазик и т.н. Жинзифов напишал 39 песни, една поема, Крвава кошуља, расказот Прошедба и повеќе препеви. Иако песните немаат еднаква уметничка вредност, сите имаат еднаков емотивен и родољубив набој, почнувајќи од првата Питање и одговор. Во многу од нив се пее за тешката положба на нашите селани, подеднакво експлоатирани од турските поробувачи и грчките фанариоти: „Кому он дават свој имот? На агата и в Царев град и на хитар, зол фанариот“. Љубовта кон родната земја е опеана во песните Охрид, Сон. Во песните Бессоница, На чуждина, го искажува немирот и страдањето во бессоните ноќи, затоа што не може да му помогне на својот народ: ...„Што ви направихте книги многубројни? Ви каков донесохте плод? Усмалихте ли м9ки безбројни На горкијѓт тој ми народ“... Со таква интонација е испеана и песната Глас. Нејзината содржина можеме да ја поделиме на два дела: во првиот дел ја опишува својата душевна состојба, а во вториот слуша повик (глас) од татковината да не се разочарува, туку да се врати и да се бори за нејзиното ослободување: ...„Безумец, безумец, душа ти ленива, - Јас чух невиден и таен глас“-... Народниот глас го повикува: „Истреби трнје, исчисти троскот, изорај бесплодна нива да дадит плод“. Во случајов бесплодната нива е поробената татковина, трњето и троскотот турскиот поробувач и фанариотите. Во расказот Прошедба, Жинзифов дава верна слика на положбата на македонското село од средината на 19. век. Иако ги нема сите елементи на расказ ( повеќе прилега на репортажа), во Прошедба преку интересни дијалози Жинзифов ги прикажува односите меѓу селаните и свештениците (владиците). Повод била венчавањето на последниот син на дедо Стојан, кој морал да плати и натплати, зашто синот донел дома бегалка! Женидбата го чинела 3000 гроша иако владиката (Грк) барал многу повеќе. Темата во расказов е прошетката до едно македонско село, а пораката се открива преку поговорката: На зол трн, зла копачка. Односно, само со борба народот може да се ослободи од тиранијата и ропските пранги. Творештвото на Жинзифов го одразува настроението на страдалник, кој се прекорува самиот, кој е далеку од татковината и кој сака да се стави на располагање на својот народ. Што се однесува до јазикот во неговите дела, тој е народен македонски. Но, во него има многу примеси од бугарскиот и од рускиот јазик. Самиот Жинзифов го нагласува бугарофилството во многу творби. Но, тоа не може да биде пречка да не се почитува и сака човекот што страдал и што ја делел судбината со својот народ. |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
jas bi gi ukinal ovie temi... najseriozno.
Se slozhuvam so upatuvanje na mesta kade shto chlenovite bi nashle potrebni informacii, no da im se nudat gotovi napishani materijali... toa e pravenje mechkina usluga i na onie koi baraat neshto takvo i na nasheto opshtestvo koe vo idnina kje treba da se potpira na vaka oformenite lugje. |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Внеси реплика | страница <1 1011121314 113> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |