IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Писмени состави,семинарски...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Писмени состави,семинарски...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 113>
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 3 Гласови, Просечно 3,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14598
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2010 во 16:29
За да им се најдеме во пресрет на сите оние кои сакаат да читаат книги, а ги мрзи да идат до библиотека, еве еден линк од каде можете да го спуштете фолдерот со следниве книги

Македонски книги


На вас останува само да читате среќа

- 11 Октомври- Антица книга
- Бегалци
- Бегалка
- Чест книга
- Чорбаџи Теодос
- Денови
- Гладна кокошка просо сонце
- Каталог
- Лазар Личеноски
- Macedonia – Warlords + Re*els in the Balkans (на Англиски )
- Македонска лирика
- Милиони џинови
- Милиони маченици
- Мое Село
- На Исток
- Од Борбата
- Огинот
- Парите се отепувачка
- Печалбари
- Песни конески
- Песни Рачин
- Песни од Славко Јаневски
- Македонски Правопис
- Слеј се со тишината
- Тиквешка легенда
- Тутуноберачите
- Творби
- Вардар
- Виорно ѕнаме
- Македонскиот Литературен Јазик
- За новата пролет
- Зборник
- За Македонцките работи
Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14598
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2010 во 16:34
На сите оние на кои им треба раскажана драмата Чорбаџи Теодос , еве ви кратка содржина:

ЧОРБАЏИ ТЕОДОС
, Васиљ Иљоски
Комедија во три чина

ЛиЦа: ТЕОДОС, богат трговец и лихвар; КЕВА, неговата жена; ТОМЧЕ, негов син; СПИРО И НАЦА, маж и жена, слуги на Теодос; СТОЈАНКА, сиромашна девојка; АРСО, бакал...

Во дидаскалиите автрот подробно ги опишува ситуациите и состојбата на ликовите.

Драмата започнува во простор исполнет со ред и чистота, рано изутрина пред да изгрее сонцето. Но и покрај сиот склад и гламур во домот, со самото појавување на Кева, се чуствува зачмаеноста. Таа е покорна, остарена, се плаши да го разбуди својот маж. Нивниот однос е сосема подреден, таа робува на неговата бесчуствителност. Во разговорот со Спиро и Наца, узнаваме за проблемите на тогашниот живот. Се провлекува проблематиката на материјалното со она на љубовното, односно проблемот на патријахартот преку однапред склучените бракови без прашање на главните ликови во него. Судбината се поигрува, како што ниту Теодос не е прашан во младоста дали би сакал да се ожени со Кева, а ниту пак таа, така сега ниту Томче не се прашува за неговата иднина. Од разговорот помеѓу Ефка, тетката на Стојанка, и Кева, узнаваме дека тие се вљубени, но дека нивната љубов не му годи на Теодоса, за него таа е Циганка, со црнки под ноктите. Ефка и Кева имаат намера да наместат средба на нивата помеѓу Теодоса и Стојанка, сакаат таа со нејзиното воспитание малку да го омекние, за да се предомисли.
Комиката е присутна, Спиро е како еден вид нејзин стожер, неговиот поглед на сетот е низ призмата на смеењето, а тоа се гледа најдобро во ситуациите околу стравот да се разбуди газдата. И Томче е исплашен. Доцнат со будењето, со што откако Теодос станува ги куди сите.

Вториот чин се одвива на отворено. Најпрвин Разговараат Ефка, Стојанка и Томче за настаните. Стојанка е понижена од однесувањето на теодос, а нејзиниот сакан не може да ја одбрани. Ефка го советува Томчета да се опијани пред разговорот, нешто по кое овој ќе ја изговори репликата:
„Или да се опијам, или да се убијам...“

Потоа на сцената се појавува Арсо, кој го чека Теодоса и ги приметува циганите. Тие бараат нов кум, а адетот е да им биде кум тој што прв ќе налета на нив. Арсо, поигрувајќи се со останатите, ги мести настаните така што Теодос прв доаѓа. Тој најпрво се противи, но Арсо успева да го убеди. Теодос се опива од ракијата притоа гадејќи се од шишето и од навиките на циганите. Тој не може да се помири со несреќата.

Третиот чин продолжува во лозјето на Арсо, тој всушност иако му е борч на Теодос, не сака да му го достави лозјето, сака, за парите, Теодос да го почека уште малку, но Т. Не се согласува. Но сега Теодос е во други маки, а доаѓа и Томче. Тогаш на Арсо му текнува како да ќари од настаните, како да ги прескокне нечовечкото во чорбаџијата. Се договараат Томче да го преземе кумството ако му биде дозволено да се ожени со Стојанка, а и лозјето да остане не гибнато. Теодос се согласува, тој ги прекршува своите принципи поради своите недостатоци, нему му е пречка сликата на граѓаните за него, тој по микоја цена не смее да биде цигански кум. Доаѓа до прекин на патријахалното кобно однесување- за љубовта да одлучува третиот, неискрениот и нељубениот.


Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14598
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2010 во 16:35
ЧЕСТ, Васил Иљоски
Драма во четири чина

Драмата се случува во Охрид во почетокот на втората половина од 19 век. Дадена е и белешка за времето, односно дека првиот и вториот чин се случуваат во еден ден - попладне, третиот - истиот ден вечерта, а четвртиот - утредента во раната зора.

Дејствието започнува во куќата на Милка кадешто таа преде со своите веќе капнати раце и сето тоа за да побргу и мине времето, бидејќи таа е осамена, нејзиниот маж Стефан е веќе 17 години на печалба во Америка.
Со сцената помеѓу Милка, Анѓа (мајката на Стефан) и Пандорка (нивна роднина), кога Пандорка бара некоја пара, авторот не запознава со добрината на Анѓината душа која не може, а да не помогне, и покрај тоа што мисли дека повеќе не треба да даде пари, таа сепак, се сожалува и попушта.
Пандорка ја критикува Милка зошто не оди никаде и полека разговорот се префрла за тој напасник во владичка руба поради кој таа веќе толку време и в црква не оди.
Кај Милка доаѓа баба Менда за да и гледа на кафе. Таа е лик кој ги остварува заплетите помеѓу останатите ликови. Таа знае дека Милка се што сака е да се врати нејзиниот маж, па таа го исмислува муабетот дека помеѓу нив се вовлекол поп, мислејќи дека така, нејзиниот Стефан љубоморен веднаш ќе се врати во Македонија.  Милка откако е заминат нејзиниот маж секоја вечер го сонува и и се причинува како го гледа во чун на езерото.

Вториот чин се случува во меаната на Ставре. Од разговорот на присутните ги дознаваме чаршиските маабети, тие малограѓански пристапуваат кон анализа на секојдневието, приказната за попот кој е обричен токму поради тоа од владиката и за Милка, приказна која во градот е тема број еден. Преку ликот на Никола, вратен печалбар, дознаваме за животот на печалбарите по негов терк, потоа дека во влашко имало човек кој имал книги кои пишувале за слободата, за човекот на човека да не му робува, и секој еден да работи за сите и сите да работат за еден. Симпатија кон комунизмот, кога би се земало предвид времето на пишувањето на драмата. Никола е лик во кој авторот ни го олицетворува никулецот, зачетокот на македонската слобода, тој е гневен кон турските аги и бегови, тој не се плаши тоа јавно да го спомене.
Од разговорот дознаваме дека Стефан е единствениот кој не клекнал пред нозете на закупците и заминал дури во Америка. По неговото заминување, за него и Милка, дури и песни се опеале.
Се појавува Стефан но не се преставува. Момент на Одисеовото враќање меѓу својата дружина. Тие не го препознаваат. Кажува за маката печалбарска и дека ако би сакал да спечалиш требало кушешки да живееш и многу време да не си доаѓаш. Со останатите разговара за верноста на печалбарските жени, како тие со години им остануваат верни на своите мажи. На тоа, дофрла еден од присутните, како сето тоа не е вистина, како ниту тврдината на верноста и честа- Стефаница не се додржа. Стефан љубоморно ги слуша муабетите, сакајќи да ја дознае вистината.
Стефан му се представува на Никола и го прашува за жена му. Никола го убедува во спротивното. Никола на тоа, ја додава реченицата, која проникнува длабоку во сржта на печалбарскиот ксмет: Телото тамо, душата овде.
Стефан сега сосема изменет, со брчки на неговото лице воскликнува:
Јас не се најдувам крив што сум ја оставил!... Не сум јас крив, не!

Третиот чин е во куќата на Анѓа и Милка, Стефан доаѓа но се преставува како другар негов. Тие не го препознаваат и тој пополека започнува да се распрашува за животот во минатите години кај нив. Вечерта без да и се открие сака да ја обљуби Милка на што таа жестоко се противи и таа љубовна игра прераснува во свирепо убиство, по кое Анѓа и Милка го сокриваат телото на убиениот, за нив, сеуште натрапник и туѓинец, во визбата. Остануваат само неколкуте лочки крв, во одајата, каде што се случи тој грозоморниот настан.

Во четвртиот чин, кога доаѓаат Магда (сестра на Стефан) и Наум, го бараат Стефан и се чудат зошто сеуште нема веселба во куќата. Тогаш се случува препознавањето, незнаењето преминува во кобна вистина од која Милка полудува гледајќи ги лочките крв на својот сопруг, кои како две очи ја гледаат од земјата. Мајката сака да ја однесат долу во визбата, да издивне над телото на синот, а Милка јадосано воскликнува:

„Црна!.. Црно!.. Темно!..
Само честа свети како сонце... Свети- заслепува!... Честа! “

Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14598
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2010 во 16:38
ВЕЈКА НА ВЕТЕРОТ, Коле Чашуле

Оваа драма за прв пат е поставена во прилепскиот Народен театар и представува прва македонска модернистичка драма. Структуирана е во три чина, по углед на современата америчка драматургија. Дејството се одигрува во хотел за живеење какви во Америка ги има многу, некаде во 1954 година.

Кога се крева сцената во собата е Магда сама загледана низ прозорот. Во внатрешноста на собата владее монотона и мрачна, излитена атмосфера.
Ѕвони телефонот, а Магда се двоуми дали да се јави. Од разговорот дознаваме дека нејзиниот маж е љубоморен, и дека тој не дозволува таа да зборува со никој. Од другата страна на линијата е некој Џими. Потоа кога се јавува мажот и, таа го лаже. Не му кажува за предходниот разговор. Доаѓа собарката Мејбл. Таа и кажува дека е платена од мажот и да ја шпиунира, па ако и таа и плати, таа ќе застане на нејзината страна. Таа е млада, а нејзиниот маж е во години, таа затоа не треба да биде везден затворена. Мејбел кажува:

„Жените секаде се исти, не ли им го дадеш нивното, тие сами ќе си го земат. “

Однос Америчка жена- балканка, современ свет- патријахална балканштина и оставштина.

„Луѓето, според мене, имаат само лушпи, лушпи и ништо повеќе. Разликата е само во тоа: едните подебели- другите потенки. И тоа е – се.“

По Мејбл во собата доаѓа Џими. Магда отпрвин не го пушта внатре. Но тој успева да ја надитри и да влезе. Таа се плаши да не биде убиена ако дознае нејзиниот маж. Џими веќе три месеца не ја остава на мира Магда, секој ден и телефонира. Тој е година дена постар од неа, и сака таа да престане со тој нејзин беден живот, секидневно затворена во мрачната хотелска соба. Тој всушност, како што самиот кажува, сака да им ги отвара очите на луѓето да го здогледат очајот на нивното секидневие и потоа да ги онеспособи да ги затворат, а тој занает му е научен од баровите, патиштата и салоните. Континуирано и постепено дознаваме/откриваме, дека Џими е во некаква врска со Велко, кого го критикува за неговото држење дека е рај да се живее во Америка.
Магда и е предадена на судбината, за неа излез од ситуацијата не постои, таа останува до крај Велкова. На тоа Џими додава:

„Овдешните жени знаат да живеат. Мажот за нив си е маж, а младоста младост. Овде тоа сите го разбираат и не го сметаат дури ни за грев. Дури ни- мажите (..)“

За него тоа што таа го доживуваа не личи ниту на живот, ниту на смрт. На крајот од сцената Џими кажува дека Велко му е татко и дека не може да ги заборави сликите како тој ја тепал мајка му, а потоа ги принудувал да му зборуваат дека го сакаат. Велко во очите на Џими е насилен и окрутен човек.

Во вториот чин доаѓа Велко во собата и Магда веднаш како негова робинка му удоволува се. Таа не седнува покрај него, правејќи се дека има главоболки. Велко е крајно љубоморен, тој не ги кани пријателите на гости, откако ја има донесено Магда. За него тие и онака, претходно, не го посетувале, а сега пак, сакаат. Тој, во љубомора, ја омаловажува Магда во разговорот со неа, па дури и ја фрла на софата. На тоа Магда се бунтува, таа не е негова играчка која е купена и која сега треба да пее кога нему му се пее.
Велко е спремен да ја гледа неа дури и мртва, но негова, отколку да е жива, а туѓа. И се заканува. Магда е на крај сили. Таа е сотрена и исцрпена од животот. Потоа Велко и кажува за предходната жена, дека многу ја сакал и дека таа се изживувала со него. Еден ден почнал да ја тепа, а поради тоа и ден денес пека за некој да му каже дека е сакан. Тоа е неговата верзија.  
Магда поради бедниот живот во Македонија е согласна да се омажи со многу постар господин од неа којшто ќе ја однесе што подалеку, и надевајќи се притоа дека со времето во неа ќе се роди љубовта кон него. Но таа се измамила. Таа сега се чуствугва само како вејка на ветерот, задржана за гранката само со корката. Во секој момент може да се откине. На крајот од сцената Велко заплакува.

Наредната сцена се случува една година подоцна. Од разговорот помеѓу Мејбел и Велко узнаваме дека Магда е во болница. Според Мејбел тие требало да живеат некаде далеку во некоја куќичка, подалеку од лошите погледи. Магда се има фрлено од прозорот. Доаѓа Џими. Му кажува на Велко да сторат нешто, бидејќи Магда самата одбива да живее. Тој му кажува на Велко дека порано сакал да ја обесчести, но кога ја осознал нејзината верност, тој е покорен од неа. Таа на постела му има кажано дека е вејка на ветерот, и дека некогаш посакала тој да дувне, да ја откине, но тој тоа никогаш не го сторил. За неа тој представувал силен ветер. Џими е на 27 години. Се расправа со татко му. Велко му кажува за маката печалбарска, дека тие сите со тело се тука, но со душата во својата родна земја. Тој сакал Џими да застане на свои нозе, да стане човек. Тогаш Џими дознава дека неговиот татко, кого толку го мрази, е всушност слаб човек. Решава да почне пак од почеток, нешто што неговиот татко толку пати го правел. На тоа Велко му кажува за чувството кога сопственот дете не го разбира мајчиниот јазик на таткото, чувството кога тие не се разбираат, кога некој засекогаш останува не разбран.

Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14598
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2010 во 16:39
ВИТЕЛ, Коле Чашуле
Пиеса во три дела

Првиот дел започнува со мрачна одаја во која се поигрува снопот со светлина. Во неа е, лежејќи на дното од ќелијата, затвореникот склопчен. Доаѓа Иследникот. Неговиот диск*рс е носител на дејствието. Од неговите зборови узнаваме дека затвореникот е револуционер, и дека Иследникот е тој што треба да ја дознае сета вистина. Но тој нема да се користи со обичните техники што се користат во таквите случаи како што е на пример мачењето. Тој постапува сосема поинаку, сакајќи да допринесе дружината подлабоку да биде раздрмана. Значи започнуваат апсурдните испитувања, на затвореникот му угодуваат. Писмата се средствп на комуникација со останатите надвор од тие ѕидини, а со модерна техника, забележувајќи ги режисерските досетувања за тоа, се појавуваат и другарите кажувајќи ги своите мислења. Затвореникот е издигнат до легенда, вистински херој. Тој, инаку главен проповедач за храброто држење во затворот и создавател на упаствата за нив, сега е во рацете на остроумниот и досетлив Иследник. Тој ќе го издигне до највисоката точка, за да потоа го направи шпиун, непријател на организацијата токму нејзиниот најголем заштитник.

Во дејствието присутни се дежурниот полицаец, потоа двојникот на затвореникот користен за остварување на намерата на Иследникот што се однесува до создавањето представа за затвореникот. Неговата ќелија е преуредена во барокен стил, од сива и влажна одаја е престорена во топол и светол салон. Останатите затвореници не им веруваат на очите, го слушаат јадот на нивниот херој. Во крајна линија и Иследникот и Затвореникот се слични во своите карактери, тие слепо ја подржаваат својата идеологија, тие и робуваат на својата цел.

Но сепак, на крај, затвореникот победува. Иако неговите од надвор мислат за него дека е тој предавник и чекаат тој да излезе за да го ликвидираат, тој сепак излегува, бидејќи тој не е предавник, нему не му треба никој за да го разбере, неговите другари нема да стрелаат во него, туку во предавството. Значи сепак тие не се исти со Иследникот, нивната цел е вистинската, позвишената. Иследникот почнува да го дави затворениот, не успевајќи да го воздржи полицајскиот ѕвер во него. Затвореникот умира со полседните зборови: Благодарам, благодарам... култот на херојот останува негибнат, недостижен и нерушлив.

Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14598
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2010 во 16:54

кратка содржина на драмата Парадоксот на ДиогенПАРАДОКСОТ НА ДИОГЕН, Томе Арсовски, Судска драма во два делаПо наведените лица во делото постои напомена: Дејството се одигрува за време на представата во театарскиот салон.Сцената, заедно со театарскиот салон, ја представува судската сала. Значи дека имаме инсталација на судница на театарската сцена, а со тоа публиката директно присуствува на судскиот преоцес. Тоа дава модернистички тон на самата представа.Првиот чин го најавува судијата, укажувајќи кон човекот кому што се суди, наречувајќи го човек кој заборавил на животот како на лош другар. Побарајте го во себе, и судете му строго и праведно, како што Таа (покажува на Јустиција) суди.Се дознава дека обвиенетиот е крив за уривањето на хотелот Сплендид, при кое загинале еден техничар и еден работник во претпријатието. Тоа го дознаваме од разговорот на судијата со Борски, кој е директор на Заводот за висока градба. Од разговорот дознаваме за амбициозноста на инжинерот Драшко, кој се дрзнел/осудил да гради високи и масивни градби. Тој е на 25 год. возраст, сака да живее и да создава. Од Борски дознаваме дека за време на војната, неговиот брат му умрел на раце, и дека тој потоа се завземал за него, но тој станувал некако дрзок, така што подоцна дури му го побарал и станот. На прашањето од судијата дали ја познава жената на Драшко, тој одговара негативно, но дека познавал други што ја познавале.Драшко рамнодушно го следи процесот. Нему му е сеедно. Пред неговите очи се одвива животна драма која што го засега неговиот живот. Сведоците започнуваат со славопојки пред него, а потоа, под притисок на судиските директни прашања, нивната дволичност се преобразува во непријатни искази што се однесуваат до него. На пример кога сведокот Данчо, отпрвин рака дава за него, ја сече до рамото, а отпосле се утврдува дека тој пишувал клевети против него, признава дека Драшко не доаѓал редовно да го надгледува објектот и дека е неодговорен.Од представите внатре во представата, кои се реминисценции на настаните кои се случиле, узнаваме дека инжинерката Борика Корда е првата љубов на Драшко, со која се запознале во текот на студиите во Словенија.Пополека судскиот преоцес се расплетува, како сведок е повикана Даница, т.е. Драшковата сопруга, и бранителот ја напаѓа, односно дека и таа треба да сноси дел од одговорноста. Пред нас се прикажуваат семејните проблеми на Драшко, неговата сопруга не се согласува со неговите родители, таа му кажува дека таа е нападната од неговиот татко.Процесот започнува да се плетка во приватниот живот на Драшко, за што тој е неволен, се напаѓа чесноста на неговата жена, нешто за што публиката може, за сега, само да наговестува.Во вториот чин продолжува процесот, во една ретардација изведена на сцената Драшко и го кажува својот сон на Борика, во кој освен тие се наоѓа и Борски кој му удира тупаница, и како набргу потоа го напаѓаат глутницата песови. По ова Драшко ја кажува репликата: Диоген го барал човекот надвор од себе, јас го барам во мене, овде  Не го најдов. Понатаму во разговорот со Борика, узнаваме дека тој замел девојка од улица, сакајќи да ја спаси, да направи човек од неа. Тој повторно е човекот со вистинските особености овојпат најден лице во лице со системот кој сака да го осуди поради неговите добронамерни постапки.При испитувањето на универзитетскиот професор Кондорко, тој напоменува дека  сеуште имаат неквалификувана работна сила, дека во бетоните се ставаат искривени арматури, што е недозволиво.Драмата завршува повторно со зборовите на судијата:Овде видовте човек што се обидел да заборави на животот...

Изменето од Andjelina - 02.Март.2011 во 01:07
Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14598
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2010 во 16:56
ДИВО МЕСО, Горан Стефановски
Дејствието се случува во Скопје, непосредно пред втората светска војна

Уште во првата сцена се издвојува меланхоличниот лик на мајката Марија која сонила дека е пресечена на две, дека на ’рбетот има голем црв кој е пресечен и се превиткува и кој боли како да и вадат заб. Ова би можело да се толкува како знак на она што следува, не можноста на обичниот човек да се справи со идеалот на „големите“ луѓе. Доаѓа Симон пијан, тој е келнер,  кажува дека има грутка во грлото која везден го гуши. Полека во куќата на Андреевиќ се присобира целата фамилија.
Стево соопштува дека нема да биде присутен на нивната слава, а некој од фамилијата да не е присутен е нешто што се случува по прв пат во нивната куќа. Промена. Тој треба да оди на прием кај неговиот газда Херцог, во чест на Германецот Херман Клаус.
 Попот им ја посветува погачата, таа им паѓа од рацете. Симон се споменува самиот меѓу умрените.

На приемот Херцог и Херман разговараат за иднината на Стево, а тој е во собата кај Сара, ќерката на Херцог. И кажува сонет од Петрарка, таа го познава. Таа е распуштена девојка, ја става неговата дланка на нејзините граде. Го прашува дали тој често маструбира, бидејќи таа тоа го прави катадневно- петпати. За неа ТОА наскору ќе се прави на улица, и за ТОА не ќе се троши толку време и енергија.
Револуционерен став, но во кој се истакнува нескротливоста на страстите и емоциите. Вредноста на човекот е токму во воздржувањето и заузданоста, но, Сара не им се покорува на нормите. Затоа нејзиниот живот е во надолна линија, новото време ќе ја прегази. Таа завршува во одаите на советникот Сивиќ, новиот представник и раководител на претпријатието.
Стево откако се враќа дома, убеден во својот успех, се воздигнува пред сопствената фамилија. Најмладиот брат Андреја заедно со другар му Ацо е скоевец, тој се спрема за скорашните штрајкови.
 Кога Клаус ќе биде на гости во нивната куќа, Марија ќе го осети дивото месо. Тоа всушност е бабинска деветина, верување дека ако некому му влезе влакно во грлото, околу коренот на влакното ќе се стори месо кое не е човечко и ќе нарасне толкава да го гуши човекот. Дали Клаус е тој што ги гуши останатите со неговото присуство?  Тој енос нараснува, како во драмата така и потоа во времето. На човештвото му станува да се гуши од неговото присуство. Отсуство на човечклук.

Во десетата сцена Клаус и Стево разговараат пиејќи ги своите пијачки. Андреја е уапсен во немирите. Клаус го советува Стево нешто да стори со себе, да се ослободи од стегите на мазохизмот и да пушти да го води срцето. Животното дрво на Клаус има корења од 16 век, додека овдешните, не се сеќаваат на ниту две генерации што им претходат. На крајот од своето излагање, Клаус отворено му се пушта, му ја става раката на к*рот. Стево запрепастен заминува.
Клаус и Сивиќ ги иселуваат Андреевиќи од куќата. Следува сцена со Симон кој е воен дезертер и е пијан во собата на проститутката Мими. Во наредната сцена Сара и Стево разговараат. Таа е напуштена од сите, додека во животот на Стево останатите заминуваат по несопствена желба. Андреја е в затвор, Симон убиен, татко му сака да се обеси. Му се заколнува на Клаус дека ќе го земе пиштолот и дека или ќе го убие него или себе си.  

На крајот пука во воздухот. Можеби ова е најтипичен пример за едно вистинско однесување, христијанско достигнување на победата преку сопствениот пораз и трпение. Лошотијата и злото сами ќе си пресудат на себе си, ќе го досегнат сопственото дно. Вистинскиот човек стихијно го чека нивниот пад, се насладува мазохистички на нивното самоуништување.  

Кон врв
miSsFreaKy Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Март.2010
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 6
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај miSsFreaKy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2010 во 17:02
„Страданијата на младиот Вертер“

Јохан В. Гете е автор на едно вечно популарно дело,творец на типични романтичарски јунаци преку кои ни ги презентира одликите на романтизмот,а истовремено ни слика слика во која главниот лик животот го води преку срцето,исклучувајќи го разумот. Во „Страданијата на младиот Вертер“ романтичарот Гете ја опишува чувствителноста како одлика на системот во кои тие неможе да се калемат.     
За симбол на чисто романтичарска душа е прикажан Вертер,претставник на граѓанската класа.Иако тој е интелектуалец и талентиран уметник сепак прилично неодговорно,интригански се однесува во младоста,изразувајќи незадоволство и во својата работа.Води распуштен живот кој набрзо ке му здодее и решава да го напуши градот,кој е симбол на цивилизираното опшество,со цел да се подобри.Заминува во природата,чувствувајќи ја како божја рајска градина и кон истата гледа со восхит.Посакувал да има иста таква божја сила како бог творец за да може таа убавина да ја пренесе на хартија поради тоа што после долго време му се јавува творечкиот импулс.Живеејќи во осаменост од далеку го набљудува народот и враќајќи се кон традицијата тој им се восхитува на луѓето. А луѓето се претставени како добри,вредни,едноставни и простодушни со пратријахално воспитување.Во ваквата изолација опкружен со вакви луѓе Вертер се чувствува прекрасно.Книгите-симбол на формалното образование тој страствено ги одбива бидејќи тоа сепак за него претставува симбол на буржоарско граѓанско опшество кое пак на човекот му дава чувство на сигурност,но ја задушува неговата креативност и слобода.Вертер овде се чувствува слободен од сите ограничувања во животот,а самата романтичарска душа Гете ке ја отслика преку неговата љубов кон Лота.Вертер се заљубува во неа, пред се поради нејзините добри особини.Таа е многу добра жена, грижлива сестра, која што по смртта на нејзината мајка го одржува своето ветување и ги одгледува своите сестри и браќа.Храбра, лојална и секогаш спремна да им помогне на другите.За Вертер таа претставува идеална љубов, но платонска бидејќи помеѓу нив нема ништо повеќе од духовен однос.Вертер како романтичар својата идеална љубов постојано ја именува како ангел и ја смета за нова цел за неговиот живот.Нема минута кога не мисли на неа.Ја доживаува како светост, како божја убавина за неговата душа,ја сака до таа мера што го засакува и секој предмет што ке го допре таа.Неговата љубов нема граници.Вертер би оправдал и убиство ако е поради искрени чувства на љубов,за разлика од Алберт свршеникот на Лота,кој се води по законот.Алберт е нотар кој ја претставува граѓанската класа и истовремено е симбол на разумот.Секои чекор во неговиот живот е премислен.Непосредно пред да дојде Алберт Вертер е сигурен дека љубовта кон Лота му е возвратена,дури никогаш не го гледал Алберт како противник.По извесно време тој станува љубоморен поради желбата саканата да биде само негова.Поради тоа чувствува грижа на совест и донесува одлука да замине во друг град каде добива службеничка работа преку мајка му.Оди во друг град само за да избега од Лота и да ја запостави деноноќната мисла за неа.Но таквиот живот не го привлекувало и не бил воопшто заинтересиран за работата.Присуствува на вечера опкружен со луѓе кои што се припадници на аристократската класа и молбата од грофот да ја напушти вечерата поради неговото неаристократско потекло крајно го разочарува Вертер и тој повторно се враќа кај својата Лота,а притоа согледува дека Лота веќе е мажена.Ја губи целата своја надеж и решава да си се врати во својот роден крај.Вертер неможел да се пронајде себеси.Поради изгубената надеж во љубовта која веќе неможе да ја оствари тој останува пријателски настроен со Лота која му подарува грижа и љубов како најдобар пријател.Спас за неговата душа нема и тој се самоубива со пиштолите кои му припаѓаа на Алберт.
Гете во ова дело ни приучтува да согледаме дека романтичарските души не се прифатени во опшеството. Таквата опшествента заедница која е помоќна од поединците ги убива нив... Нивните срца, нивната чувственост и искрените души како што беше душата на младиот Вертер.
Кон врв
miSsFreaKy Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Март.2010
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 6
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај miSsFreaKy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2010 во 17:03
Гарванот

     Гарванот претставува една од најзначајните песни на Едгарт Алан По. Тоа е една драматична лирска песна, која врие од искрени чувства, песна која претставува внатрешна исповест – внатрешен диалог на поетот преку кој авторот ни ја удоволува својата душевна драма низ која поминал. Душевна драма која му носи неприфаќање на реалноста. Реалност која го тера да се помири со смртта на неговата љубена.
Непомирливата загуба претставува огромна болка. Болка која предизвикува битка со реалноста, обиди да се поттисне вистината. Самата помислата на својата љубена Ленора авторот го облева огромна тага. Тага која прераснува во голем очај. Непомирливоста и помислата дека таа уште е тука прави авторот да ја повика во мракот. Но, од тој повик реланоста му возвраќа само со празно ехо кое што ја прави неговата болна ситуација уште подраматична поради неможноста да се врати неговата мртва и сакана Ленора. Затрупан во книги, работа и наука, се обидува да најде заборав на болката, заборав на тагата и немирот кој го чувствува. Но се е залудно... Заборав - нема.
Во таква задлабочена и чувствено растревожена ситуација наеднаш се случува мрак, се случува некоја таинственост, нешто што се крие пред портата однадвор. Се појавува непознат таинствен гостин. Мистериозен посетител кој што предизвикува страв, трепет, морници по телото. Посетител кој сам се втурнал низ вртата. Тоа е еден страшен, мачен кобник кој доаѓа од земјата на мртвите, тоа е Гарванот. Гостин кој постојано му ја посочува реалноста и смртта на љубената Ленора.
Обидот авторот да го избрка овој страшен готин би значело само непризнавање на вистината. Тој сака да биде утешен од среќните сеќавања и помислува дека сето тоа што се случува е само плод на неговата фантазија. Но, Гарванот е тука. Тој е присутен за постојано да го потсетува на реалноста и на најнепосакуваниот збор на авторот – Nevermore-. Гарванот кажува –„Никогаш повеќе“ за враќањето на Ленора, Nevermore за надешта.
Во таа негова болна драматична душевна состојба авторот паѓа во халуцинација со последна желаба барем да најде душевен мир наспроти целото страдање кое го доживува. Но, и тогаш Гарванот е присутен. Го соочува поетот дека никогаш нема да го најде истиот тој мир. И покрај пратената драматична молба до Господ од авторот кој се надева дека ќе му прати мир, тој исито тој мир не го пронаоѓа. За неговата душа не постои мир. Повторо одекнува , „Никогаш повеќе“ за тоа дека може би во рајот ќе ја види својата сакана повторно.
Болната душевна ситуација на авторот ќе направи тој да посака барем во срцето да му останат драгите и убави спомени, заборавајќи на тагата. Но, и на тоа прашање и на таа желба, одговорот бил морничав. Неговата душа нема да се среди – никогаш повеќе – одекнале зборовите на Гарванот.
Токму овие зборови, предизвика страшна драматична душевна состојба, односно истата беше последица и на страшна болка и страдање поради загубата на саканата, загуба со која самиот автор не сакаше да се помири.
Кон врв
miSsFreaKy Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Март.2010
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 6
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај miSsFreaKy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2010 во 17:04
Странствувањето на Чајлд Харолд - БАЈРОНИЗМОТ

     На крајот од XVIII и почетокот на XIX век англискиот романтизам го откри својот најзначаен претставник во една бујна, нескротлива и поетична личност на Џорџ Гордон Бајрон.
Тој со пишувањето на својата поема, Странствувањето на Чајлд Харолд, не само што ќе се прослави, туку и ќе ни претставува типичнна романтичарска индивидуална поема каде што ќе создаде лик во кој страшно ќе се преслика себе си, своите доживувања и чувства. Преку сето тоа тој ќе содаде нова појава во рамките на романтизмот, односно Бајронизмот, кој ќе претставува нов квалитет и ќе го разликува Бајрон од останатите романтичари.
     Бајрон создаде типичен романтичарски јунак, односно Чајлд Харолд, кој во родниот крај води равратен живот. Токму таквото негово однесување ќе предизвика разочараност и срам кај неговото семејство. Затоа решава да ја напушти татковината, во потрага по нови краишта, доживувања и авантури. Меѓутоа тој е свесен дека неговиот начин на живот ја предизвикал неговата оттуѓеност дури и од најблиските па затоа сега се чувствува сам, како крадец во морето. Тој заминува од својата земја, но тагата за напуштањето на родниот крај не може да ја сопре и токму поради тоа ја посветува прошталната песна каде ја соглдедуваме чувственоста на Чајлд Харолд. Тој е многу осамен обземен со болка поради недостатокот на љубов и тажен бидејќи нема по кој да тажи. Типичната романтичарска постапка ја согледуваме во неговот обегство во егзотичните земји.
Една од нив е и Португалија. Тој е восхитен од убавината на брегот на Португалија, Тихиот Океан, богатството во земјата,но тоа е една слика од далеку. Од блиску ја гледа Португалија во една многу тешка робска положба. Прекрасниот Лисабон кој секогаш поттикнувал воздишки, сега е град на беда, сиромаштија, задушувања... тоа е последица од војната, која страшно го разочарува поетот и предизвикува чуввство на непремостлива тага, која преминува во чувство на светска тага, која го следи до крајот на неговото патување.
На самиот почеток, тој е многу вохитен и од Шпанија. Восхитен е од идиличната слика на планините и овчарите на нив, но набргу потоа се разочарува. Со зачекорувањето во Севиља многу ќе го разочара начинот на живот кој го водат тамошните луѓе, ќе го разочара нивната неодговорност и блудност. По ваквата слика, авторот се труди да го рабуди хероизмот во заемниот дух на шпанците. Тој отворено ги повикува шпанците да се разбудат, да се потсетат на нивното рицарство и јунашко минато и да започнат со ослободителна борба. Токму овој поттик за слобода се јавува како трет Елемент на Бајронизмот.
Покрај поттикнување на слободарскиот дух кај шпанците, Бајрон истовремено го создава ликот на идеалниот јунак. Јунак кој ќе треба да земе оружје в рака за отпочнување ослободување на татковината, односно шпанската девојјка. Таа е непоколеблива, храбра, безкомпромисна во борбата за слобода на татковината, нејзиниот личен интерес никогаш не е пред татковината. Таа не е расколебана ниту пред смртта на саканиот и тоа станува еден поттик за своите слободи и страв за поробувачите.
Авторот исто така го крена гласот и против војната. Ги искажа ставовите, дека во војната гине само недолжниот народ и војници, поведени од оние кои ја започнуваат војната. Авторот ги проколнува сите оние кои ги започнуваат војните, кажувајѓи дека никаде нема да најдат мир освен во нивните гробови, а од друга страна ги велича големиот број анонимни жртви, и повикува на вечен помен, пофалба и сеќавање на паднатите жртви.
Неговото понатамошно патување продолжува и во Грција. И овој пат, авторот го обзема болка, тага, крајно разочарување за состојбата во Грција. Земја во која што крвопролевањето, робовладеењето, ја замениле некогашната античка култура.
Авторот очекува да ги види некогашните големи антички јунаци, но тој е разочаран и тажен бидејќи гледа еден неотпорен скршен и сиромашен народ кој едноставно го прифатил крвопролевањето од страната на турците.
Пејсажот за Албанија е сосема поинаков, тој е доста тивок и див со осамени карпести планини и орли. Неговиот впечаток за луѓето е дека тие се постојано вооружани, со крвави раце, во постојана борба за слобода. Тие се диви и сурови, онакви какви што животот ги направил во тие простори, меѓутоа кон странците се многу гостопримливи и внимателни. Авторот ја критикува нивната суровост, особено во меѓусебните односи како и положбата на жената, која што цеосно е покорена на својот маж.
Опис за македонецот, гркот, албанецот од страна на Бајрон, е многу крвав. Тие сепак припаѓаат во роблето на турците кои се најмоќни и имаат право во секој да пукаат и тие се оние кои раководат со судбините наостанатите. Поради преголемото растажување на поетот, тој не може да се помири и токму тоа го инспирирало директно да повика на борба за слобода.
     Авторот ни укажува дека никој нема да ни ја донесе слободата. Туѓата помош може да биде само замена за еден господар по друг. Токму затоа робот или поробените народи самите треба преку крвава борба да ја донесат слободата на сввојата татковина. Тоа претставува кулминацијата на борбениот, слободарски дух на Бајрон која беше всушност најважната карактеристика на Бајронизмот.
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2010 во 17:19
http://www.manga-news.com/public/images/vols/my_street_03.jpg

          Мојата улица

Од двете страни тротоар а на средина автомобили
мојата улица ја красат два реда згради сиви,
се расцветале миризливо опојно неколкуте липи
ма моја улица е најубава во целиот сити...

Многу генерации пораснале тука
носталгични секогаш на детска бука,
моето време на топка и ластик минаа скоро
сега гордо чекорам кон школо...

Сите се грижиме за неа со песна мелодија
посебно за зеленилото  научив на час по екологија,
цело ѓубре во контајнер грижливо сместено сето
посебно е милина да се шеташ низ улицата во лето...

Мојата улица вечно ќе си ја сакам
иако можеби низ свет ќе талкам,
најубавите настани се случиле на неа
уште од мојата улица се слуша радост и смеа...

да





Изменето од bijonse1 - 28.Октомври.2010 во 17:21
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2010 во 20:52
Еве тука има нешто .....и за авторот и за делото...
„Шагринска кожа“

ЛИНК

Изменето од Andjelina - 05.Декември.2010 во 23:21
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2010 во 22:30
metali..............za mrzliviot!намигнување
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Nestle chocolate Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 15.Ноември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nestle chocolate Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2010 во 08:21
Здраво ви пишувам прв пат.Се надевам ако можете некако ќе ми помогнете :)

-Ми треба анализа на песната ГЛАС од Рајко Жинзифов
ако можете напишете нешто,дајте некој линк или слично

Изменето од Nestle chocolate - 15.Ноември.2010 во 08:21
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 113>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,223 секунди.