|
Писмени состави,семинарски... |
Внеси реплика | страница <1 7891011 113> |
Автор | |
computer
Сениор Патриот Регистриран: 25.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 504 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Рајко Жинзифов (1839-1877) бил познат преродбеник и дводомен писател. Тој бил сестран деец - публицист, преведувач и собирач на народно творештво. Во почетокот на 1856 година се вработил во Прилеп како помошник-учител на Димитар Миладинов. Работата како учител подоцна ја продолжил во градот Кукуш, каде заедно со Димитар Миладинов развиле голема преродбенска дејност. Подоцна заминал за Русија и се запишал на Историско-филозофскиот факултет во Москва. Таму се движел во кругот на македонските студенти и, покрај учењето, се занимавал и со писателска, преведувачка и публицистичка дејност. |
|
Mindy
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Искрена, поискрена здравје Регистриран: 14.Ноември.2005 Локација: United Arab Emirates Статус: Офлајн Поени: 14598 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Dete , eve kombiniraj nesto od tuka ( go najdov na net ) Безгрижно детство е сон на секое дете.Уште во раното детство,како и сите деца така и јас имав свои желби,сонови,фантазии..копнежи по она најубавото.Моето детство беше исполнето со љубов и среќа,негувана од моите родители..Секако,и јас како и drugite околу мене размислувавшто би можело да bidam кога ќе пораснaм. Сега изборот е наш, што сакаме да бидеме во нашиот `возрасен` живот, дали нешто што ќе ни носи поголема финансиска добивка или нешто што ќе го работиме со љубов и задоволство. Тоа е индивидуално, кој сака повеќе да си ја задоволи материјалната страна или духовното чуство. Вистина е дека без пари тешко се живее, но да се работи многу години без некое духовно задовлство и тоа не иде. Јас сум голем љубител на животните. Многу ги сакам, мислам дека со малку грижа кон нив они ти враќаат дупло повеќе љубов и приврзаност. Од секогаш сум сакала да се грижам за нив, за нивното здравје, затоа одлучив да завршам соодветно школо (ветерина) и да си го исполнам мојот сон. Во мојата професија што јас ја избрав мислам дека финансиската страна не игра голема улога, дека тоа што работам треба да биде со љубов и грижа. Сепак иако се животни тие имаат некои свои чуства и интелигенција и со нив треба да се однесувам со љубов кои они ќе ја почуствуваат. Секаков нивни гест и нивната искажана љубов кон мене ќе ми биде најголемо задоволство во мојата идна професија. Не знам дали некој може со сигурност на наша возраст да ја одбере вистинската професија, но за среќен живот мислам дека треба да го слушаш срцето и желбата за она што ќе го работиш да те задоволува тебе без разлика колку е тешко и носи финансиска корист. Јас го избрав тоа и од се срце со големо задоволство би сакала да биде мојата идна професија. P.S.Sostavot e napisan vo zenski rod , smeni gi rodovite ako si masko |
|
|
|
Mindy
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Искрена, поискрена здравје Регистриран: 14.Ноември.2005 Локација: United Arab Emirates Статус: Офлајн Поени: 14598 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Mindy
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Искрена, поискрена здравје Регистриран: 14.Ноември.2005 Локација: United Arab Emirates Статус: Офлајн Поени: 14598 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
КРПЕН ЖИВОТ (1954) Функции Овој роман на Стале Попов не покажува силна функционална разгранетост; тоа доаѓа оттаму што романот има за цел дас биде „пресек“ на една определена порција историско време па го претпочита она што може да се именува како темпорален модел на нарацијата, наспроти логичкиот. Во логичкиот модел постои потреба од видлива интевенција на раскажувачот преку резимеа и елипси, а последица од тоа е: времетраењето на диск*рсот е радикално пократко од времетраењето на опишаните настани. Но, кога велиме дека романот КЖ се определува за темпоралниот модел пред каузалниот, тоа не значи дека тој го исклучува каузалитеот: тоа, впрочем е невозможно, оти нарацијата пред се се потпира врз еден ограничен број логички правила. (..) Романот КЖ се стреми кон една теориски чиста ситуација, кон еден модел што се вика темпорален модел на нарацијата ( од тие причини, овој роман од критиката често е означуван како роман- хроника). Според Форстер, логичкиот ред при устројство на нарацијата предизвикува заплет како ефект, додека временското уредување предизвикува како ефект – расказ во потесна смисла на зборот. Ако се погледне мрежата дистрибутивни функции во текстот (јадра и катализатори), ќе се установи дека романот започнува со една ситуација на недостиг: на ликот Илко му недостига жена, бидејќи е вдовец. Така, првата функција може да се именува како сопстојба на поништен матримониум. Потоа следува една долга катализа (убедување од страна на семејството на Илко, особено од неговата снаа Митра јунакот да се прежени(..)) и конечно, повтроно едно јадро- свадбата на Илко и Доста Рожденката. Така второто јадро е обновен (потврден) матримониум. Со тоа природно и завршува првиот дел од наративната програма; но, романот продолжува со неизвесност околу породот. И Илко и Доста не знаат дали ќе можат да имаат пород. Станува збор за една катализа која може да се именува како очекување пород. Конечно доаѓа до дистрибуција на второто крупно јадро во романо: раѓањето на Нешка. Првата критична точка на романот е дилемата дали Рожденката ќе појде за Илко, односно дали ќе дојде до нов матримониум. Таа ситуација се решава доста брзо и ефикасно преку лик - помошник (дедото Петко) кој, меѓу другото обезбедува и наративен резон раскажувањето да продолжи. Како и да е, на тие неколку точки се сведува севкупната „каузална“ организација на наративните искази на романот КЖ. Сето друго се обилни катализи, „пупења“ и „вметнувања“ на портрети, истории, описи и стенограми во примарниот наративен диск*рс што го застапува горе формализираното сиже. Тие „вметнувања“ се причина за впечатокот дека станува збор за темпорален роман, односно за хроника. Тие „пупења“ и „вметнувања“ се обидуваат да ја стават горната шема на втор план, па оттаму и класичниот критички рефрен за овој роман - дека преку судбината на едно семејство ни се дава широка слика за едно време и еден народ во тоа време. Демултипликација пак, да потсетиме, претставува појава кога двајца или повеќе актери исполнуваат една иста актантна функција. Субјекти на диск*рсот Ако се погледне романот во целина, ќе се забележи дека еден огромен дел од текстот на романот отпаѓа на дијалошки партии. Вообичаено е во теориите на реализмот, особено во оној класичниот, дијалектот да се смета за стратегема на реалистичкиот тип писмо, услов без кој не се може. Очигледно е дека стратегијата на нараторот од вториот дел на романот не е иста со онаа на оној од првиот дел. Ваму доминираат прекажани, а не покажани дејства; нараторот е поблиску до класисочната престава за диегезата, отколку до стенограмскиот „миметички“ модел на диск*рсот од првиот дел. Првиот дел поминува во една колку-толку структурирана актантна матрица која ја сочинуваат ликовите од семејството на Илко Сукалов; втроиот дел воведува цела една галерија ликови меѓу кои не постојат семејни односи; тие не можат да се „претпрограмираат“ со семејни ролји (зет, внук, син, татко), па оттаму е потребен друг тип на нивно „осветлување“- биографии и истории. |
|
|
|
Mindy
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Искрена, поискрена здравје Регистриран: 14.Ноември.2005 Локација: United Arab Emirates Статус: Офлајн Поени: 14598 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЦРНИЛА, Коле Чашуле
Пиеса во четири чина Дејствието се одигрува во Софија во 1921 година. Потоа стои напомена дека лицата се измислени и четири стиха од една песна на Анте Поповски во кои се гледа основното мото: „Ме плаши час од рака своја в плеќи.“ - Предавство во облик на себеморство и самоуништување. Воведните дидаскалии, пред секој чин, се пишувани во стихови. Дејствието се случува во куќата на брачниот пар Христов и Неда, во текот на еден ден. Започнува со љубовна сцена помеѓу Иван и Неда. Таа му кажува дека и е страв од Луков, мисли дека тој ја следи. Се буни зошто Луков сите акции на организацијата ги подготвува во нејзиниот дом. Тогаш Иван и кажува дека Луков има задача да го убие Ѓорчета Петров. Ја советува ништо да не прашува, бидејќи само така може да се остане жив во условите во кои што тие живеат. Време на сомнителни сплетки и интриги, опасноста демне од секоја страна. Доаѓа Милка сосетката на гости. Таа е жена на еден од раководителите на комунистите. Затоа Луков и се плаши од неа. Таа му се гордее на Ѓорчета и на неговото родољубие. Потоа влегуваат Христов и Луков. Луков го упатува/отстранува Христов надвор од градот додека трае и е во тек акцијата . Се гледа подреденоста на Христов кон Луков, слепо му се покорува оставајќи ја својата жена во рацете на организацијата. На почетокот од вториот дел разговараат за Историјата. Ликовите се свесни за продирот во неа, аналогија со останатите дела. Фезлиев, Иван и Луков го чекаат младичот. Фезлиев кажува: Овде- на Балканот—каде се што живее задоцнува со четири века. Доаѓа младичот. Тој е на 20 годишна возраст. Неговите родители се заклани од Турчинот, него го спасува Ѓорче Петров кој му станува идол и поради кој тој својот живот и го посветува на организацијата. Но, по игра на судбината, токму тој е дојден во Софија да го убие него. Оние од дворецот, кои им ги даваат наредбите, како да се поигруваат со нив. Луков знае дека младичот не смее никогаш да дознае кого убил и дека, и тој ќе треба да се ликвидира. Во разговорот со Фезлиев, откриваме дека Луков пред луѓето на Ѓорчета ги има издадено своите предпоставени, молејќи им се за својот живот. Тој е кукавица, шпиун, а Фезлиев го знае тоа. Фезлиев како да се гледа себе си во младичот и во неговата наивност, а воедно и верност кон своите идеали. Во третиот чин се случуваат настаните од ноќта, Фезлиев се опива, го предупредува Ивана дека Луков ја гледа чудно Неда. Младичот му ја кажува својата историја на Лукова по што овој одлучува тоа никој да не го дознае. Младичот сака да се сретне со Ѓорчета, Луков му ветува. Во четвртиот чин дејствиата се збиени, сцената е раздвижена. Најпрво се расправаат Фезлиев и Луков, потоа се враќаат останатите, Младичот дознава за измамата и заминува, односно Фезлиев и Неда му помагаат да избега, Методи го наоѓа во царската градина, обесен за некое дрво. Успева да го земе последното негово писмо и му го носи на Лукова. Писмото се однесува кон Историјата, сега веќе мртвиот младич има желба предавниците да останат запомнети како такви, како нивна најголема казна. За Луков, пак, македонската историја е врховен циник. Таа повеќе не постои, ниту во срцата, ниту, пак, во историјата. Потоа тој напивајќи се од ракијата, и наредува на Неда да оди во собата и да го чека, но по неговото влегување се слушаат истрели. Неда го убива. Фезлиев освестувајќи се од ќотекот добиен од него, ја советува Неда да се заклучи во кујната и да остави тој самиот да се справи со ситуацијата. Некои од организацијата веќе ја разбиваат вратата. Драмата завршува со репликата на Фезлиев: Господи, белки не умрел Македонецот во мене. Тој ќе се соочи со проблемот, ќе им помогне на послабите притоа не плашејќи се за својот живот. Можеби тоа ќе му ги сотре црнилата во неговата закоравена душа, предадена на црниот ѓавол од дворецот. Трагедијата на младичот е токму во неговото незнаење, во неговата хамартија, во неговото слепо убедување и верување во идеологијата која не ги бира средствата за остварување на своите интереси. Тој мислејќи дека се бори за правата на едните, во и со своите постапки, ги убива истите. Ситуацијата, времето, земјата, сите тие се едно просто црнило, една темносана дамка во секидневието. Чашуле барајќи ги неговите слабости, се бори против тоа, токму преставувајќи и сликајќи ни го пред нашите читателски очи истото. Релација со Џими од Вејки на ветерот. |
|
|
|
Mindy
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Искрена, поискрена здравје Регистриран: 14.Ноември.2005 Локација: United Arab Emirates Статус: Офлајн Поени: 14598 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА, Ристо Крле
Драма во четири чина за просечноста на среќата во парите Сиромашна соба во селски амбиент (Простор!). Мара и Митре се спремаат да го испратат нивниот син Анѓеле на печалба за Америка. (печалбарски мотив!) Тој, од таму, треба да им се јавува редовно со писма и да им праќа пари за да се раздужат кај соседите за позајмените пари за неговиот пат. Присутни се: нивната ќерка Ката, потоа нивниот близок роднина Коте и неговата жена Ката. Дејствието е сместено во Струшко. Панде кираџијата е еден вид медијатор, посредник помеѓу наивноста на селаните и горчината на реалната состојба на работите за истите кога би се нашле некаде во Светот надвор од нивниот домен на секојдневни можности. Однос црно- бело, останатите простори во светот, односно Америка- состојбата под Турскиот зулум, Македонија. Анѓеле заминува со Пандета. Во вториот чин се враќа Панде од испраќањето и кажува за настаните. По пат им се испречила црна мачка и тие незнаеле дали треба да продолжат. Од тука се гледа состојбата на свеста кај македонската младина која сеуште кревка, поради тешката состојба во сопствената татковина, потребна е да се соочи, конфротира, надополни гради в гради со западната цивилизација. Панде ги искажува мислењата за состојбата во Македонија, дека туѓината каква и да е, е подобра за омладината, отколку ропството под Турчинот, но, сепак местото на младите им е в планина, со пушка в рацете, потоа дека илинденците самите се криви за неуспехот, поради несогласноста во нивните редови тие го дигаат востанието сеуште неприпремено. (Овде авторот прави еден краток осврт кон историјата, кон Илинденската тематика!) Третиот чин се случува во куќата на Софрета кој сега и е маж на Ката и имаат 15 годишна ќерка. Куќата е богата за разлика од претходната. Значи се забележува нагорна линија во однос на егзистенцијалноста на ликовите. Доаѓа Анѓеле и ја затекнува, наоѓа само Ана. Останатите се на жетва. Откако се враќаат, се договараат АнЃеле сам да замине дома и да не им се каже/престави на неговите, по што, кога сите ќе бидат присутни, да направат една малечка шега. (започнуваат настаните кои ќе доведат до основицата во хамартијата на родителите!) Во четвртиот чин, Анѓеле е дома кај неговите родители и се представува како туѓинец кој сака да ноќева кај нив. Откако ќе заспие Митре ќе го отвори неговиот куфер полн со злато, и по погледот на богаството ќе остане опчинет. Ја зема секирата и послегнува по човечкиот живот, овој пат по сопственото чедо. Отворен диск*рс. Драмата за прв пат е изведена во скопскиот Народен театар во 1938. Таа представува вистински настан којшто Крле го има слушнато додека работел како чевлар во Подгорец, Албанија, од еден селанец од Аларуп, кој дошол да купува кондури за мртовец во 1925. Според селанецот, на крајот, мајката паднала од дамла, а таткото се прободел со нож во срцето. Подоцна ќе му требаат повеќе години, за да го драматизира настанот, и конечно, во 1937- та ќе го стори тоа, односно го помакедончува мотивот, како што вели и самиот тој. |
|
|
|
Mindy
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Искрена, поискрена здравје Регистриран: 14.Ноември.2005 Локација: United Arab Emirates Статус: Офлајн Поени: 14598 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Jas bi te sovetuvala da kliknes na linkot kade ima cela seminarska na tema NARKOMANIJA , pa od tamu ke sklopis nesto za drogata КЛИКНИ ТУКА Изменето од CST - 08.Јуни.2010 во 12:02 |
|
|
|
Mindy
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Искрена, поискрена здравје Регистриран: 14.Ноември.2005 Локација: United Arab Emirates Статус: Офлајн Поени: 14598 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Улица - Славко Јаневски Кога станува збор за македонската литература по Втората св.војна,може да се забележи дека е радикално сменет нејзиниот ритам или интензитетот на развиток на македонската литеретура.Таа влегува во широка,целовита акција на надомест на пропуштеното,нестореното. Еден од најпознатите писатели од овој период е Славко Јанески. Неговата повест(а според некои роман) 'Улица' над се' ја актуелизира мислата на почетоците на македонската раскажувачка проза во радикално изменети услови на својот слободен развој по Револуцијата. Улица е имплицитна критика на југословенското општество во времето на гибелот на крал Александар Караѓорѓевиќ.Тоа е едно општество кое ја преживуваше траумата на Обзнаната,економски кризи,нееднаквости,класни противречности. Возбудливо се развива драмата во литературен поглед на скопската улица,на тој човечки лавиринт,кадешто доминираат две бои:црна и сива.Сепак тоа е еден мравјалник во кои постои извесен ред:секој во него има свое место и своја улога во докомплетирањето на општата слика на состојбата. Во претпоставките на овие јунаци од детството една сосем одредена слика на животот и општеството,слика можеби понекаде и понекогаш нејасна и неприфатлива како состојба и избор-но што се може тука? Светот е таков,животот е таков,улицата е таква,а таа е мочуриште,таа е глиб,колку и да сакаш неможеш ништо да промениш. |
|
|
|
djbocka
Нов член Регистриран: 03.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве еден сајт каде што даваат бесплатно , семинарски , состави и есеи . Тука
Погледенете дел само од тоа што го даваат Есеи 1. Деградација на човекот во романот Чичко Горио од Оноре Де Балзак 2. Чичко Горио 3. Барок и класицизам 4. Божествена комедија – Пеколот 5. Божествена комедија-Воведна песна 6. Декамерон 7. Дон Кихот 8. Избор раскази од „Декамерон“ (Увод, Босилокот на Изабета, Форезе и Џото, Славејчето, Франческа и огледалото, Приказна за соколот, Маркизот од Салуцо) 9. Канцониерот 10. Лозарите 11. Хамлет 12. Злосторство и казна 13. Белата долина 14. Вујко Вања 15. Гавранот 16. Данте А.Франческо П. Споредба 17. Пустина-Горги Абаџиев 18. Крпен живот 19. Ликот на Велика 20. Ликот на Неда во поемата Сердарот 21. Тартиф-Молиер 22. Осамениот Хамлет и неговата упорност 23. Панонски легенди 24. Споредба меѓу љубовта на Александар и Клеофила и Аксијана и Пор 25. Цвета во драмата Македонска Крвава Свадба 26. Црно семе 27. Црноризец Храбар 28. Чорбаџи Теодос 29. Оплакувањето на мртвиот јунак во поемите “Крвава кошула” и “Сердарот” 30. Неспоивоста во карактерот на Татјана и Евгениј Онегин 31. Гилгамеш 32. Клетници 33. Македонска Крвава Свадба 34. Печалбари 35. Пиреј 36. Волтер 37. Сид 38. Смрт во Венеција 39. Сердарот 40. Тга за Југ 41. Шагринска Кожа 42. Две Марии – Славко Јаневски 43. Кантарион 44. Разделбата со Динго 45. Александар Македонски – Жан Росин 46. Басни – Доситеј Оградовиќ 47. Гуливеровите Патувања – Џонатан Свифт 48. Кандид – Волтер 49. Пеколот-Данте Агилери 50. Анализа на Ромео и Јулија 51. Гете – Вертер 52. Малечката Фадета 53. Ана Каренина 54. Кафка -Процес-целосна обработка на делото 55. Силијан Штркот 56. Сонот на летната ноќ 57. Сто години самотија 58. Цар Едип 59. Скржавоста како негативна особина во творештвото кај Плаут 1.1Состави – општа тема-македонски јазик и литература 1. Убавините на зимата 2. Среќа 3. Словенска писменост 4. Романтизмот во Македонија 5. Реализам 6. Модернизам 7. ПЕРИОДИЗАЦИЈА НА ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНСКИОТ ПИСМЕН 8. ЈАЗИК И НЕГОВАТА СТАНДАРДИЗАЦИЈА ВО ДВAЕСЕТТИОТ ВЕК 9. Младите не читаат книги ни кога мораат 10. Македонската литература мегу Првата и Втората Светска војна 11. Љубов 12. Љубов или хемија 13. Еден народ е вреден колку и неговото духовно богатство 14. Другарството на денешната младина 15. Тајната на младоста и љубовта – Внатрешниот мир и насмевката-донацијаcausevd 16. Упорната добрина го победува и најтврдото срце- 17. Македонска Народна поезија 18. Агресивноста честа појава кај младите- 19. Еден народ не ичезнува.. 20. Светот во кој што живеам 21. Запрено Време 22. Охридска книжевна школа 23. Македонското јазично прашање на преминот од 19 век 24. Неколку зборови за македонскиот литературен јазик 25. Општествено-политичките прилики во Македонија во втората половина на 19. век 26. Појава на ренесансата 27. Резиме на темата историски развој на македонскиот јазик 28. Другарството Семинарски 1. Криминалистика 1. -Tактика на поставување заседа 2. -Анализа на случај од пракса 2. Информатика 1. -Симулации 2. -Внатрешна меморија(Српски) 3. -Предмет на зголемена реалност 4. -Вовед во Програмирање 5. -Звукот кај денешните сметачи 6. -Дигитален Печатач ДТП 7. -Adobe-InDesign-CS2(македонски) 8. -Алгоритми и структури на податоци-Тема Покажувачи 9. -NP – completeness 10. -Дебагирање во Dev C 3.Право 1. -Административно право 2. -Трговско право -Меница 3. -Поим на Граганско право 4. -Римско семејство(Српски) 4. Политика 1. -Европски монетарен систем 2. -Европска Унија 3. -Дипломатија(Српски) 4. -Етика и политика 5. -Изборни системи 6. -Корупција и транспарентнст 7. -Изборни системи 8. -Претседателски систем на САД 9. -Војна 10. -Политички систем на Германија 11. -Иницијативи за проекти во Е.У 12. -Европа учи од Данска политика на вработување И многу други , проверете , мислам дека се најдобри во регионот, и во изработка на семинарски , јас сум презадовлна. Се надевам дека малце ви помогнав на сите кои вас на кои ви треба помош.. поздрав!! Изменето од djbocka - 02.Септември.2010 во 11:10 |
|
sulejman cakr
Нов член Регистриран: 03.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 7 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
mi treba esej na tema Литературата како учител ve molam pomognete mi mi treba za u skolo za utre barem dajte mi nekoa ideja kako da zapocnam ako ne drugo |
|
Mindy
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Искрена, поискрена здравје Регистриран: 14.Ноември.2005 Локација: United Arab Emirates Статус: Офлајн Поени: 14598 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Страданието произлегува од тагата. Тагата пак произлегува од несреќата. Има два вида на несреќа: нашата несреќа и туѓата среќа. Несреќата ја наоѓаме доколку се стремиме кон неа. Човекот може да ја сфати несреќата и страданието до одреден степен, но ако го надмине тој степен се уништува или станува рамнодушен. Главниот извор на страданието е недостиг на љубов. Лик кој е осуден на страдание, мака, тага е ликот на Вертер.Преку Вертер, Гете го претставил вистинскиот романтичарски лик. Лик кој ја сака природата, единственото нешто кое го исполнува и го прави среќен. Чувствува омраза кон општеството. Го доживува како место во кое постојат лажни и неправедни односи меѓу луѓето: "блескава" беда, тиња меѓу тој гнасен свет, каде секој секого навредува. Тој е разочаран од таквиот свет, од хиерархијата која постои, која ја уништува индивидуалноста... Не сака ни да работи, се гуши, постојано патува и се чувствува неразбран од другите, скитник, патник. Но неговото вистинско страдание започнува кога се заљубува во девојка која поради моралот не му ја возвратува љубовта. Но тој сè повеќе ја сака и се измачува, води борба со самиот себе и се наоѓа во конфликт меѓу разумот и срцето. И нормално, што мислите, за што ќе се одлучи? Ајде, лесно е!!! Па станува збор за романтичарски лик. Срцето има свои причини кои разумот не ги разбира. Разумот може да ни каже што не треба да правиме, а срцето секогаш ни кажува што треба да правиме. Но силните чувства можат да надвладеат со личноста. Да го уништат и да го остават без спокојство. Вертер чувствувајќи се ниту жив, ниту мртов, нема сила со која ќе продолжи понатаму. Како завршува книгата? Каде ќе го пронајде спасот младиот Вертер? Верувајте дека романтичарските ликови секогаш имаат крај кој никого не остава рамнодушен. Комплетно цела книга за читање на англиски јазик |
|
Mindy
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Искрена, поискрена здравје Регистриран: 14.Ноември.2005 Локација: United Arab Emirates Статус: Офлајн Поени: 14598 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А во случај да ти треба кратка содржина од книгата Чичко Горио еве:
Стар човек кој во минатото бил многу богат а се збогатил на нечесен начин користејки ја револуцијата во Франција. По смртта на неговата жена целосно се посветува на своите ќерки кои ги обожава ги размазува давајќи им ја неговата љубов и се што ке посакаат. Тој прави се за своите ќерки откако ќе остари неговите ќерки ќе ги омажи едната за гроф,а др за влијателен банкар. Се што има ќе им даде ним а тој ќе се всели во еден мизерен пансион. Прво ќе живее на првиот кат каде се сместуваат најбогатите и ќе носи убава чиста облека, ќе излегува да јаде надвор но неговите ќерки кои го барат само за пари ке му земат се и тој на крај ќе биде принуден да живее на последниот кат заедно со студентот де Растињак кој сфаќа дека единствен начин да се успее во француското општество е преку лаги, криминал или да си најде своја заштитничка. тој дури ке се сплетка со една од ќерките на Горио, но ќе се разочара кога ќе дознае дека таа веќе има љубовник, на почеток ќе се сомнева дека и Горио е нејзин љубовник и неговиот однос многу ќе се промени но кога ќе ја дознае вистината ќе станат пријатели.Накрај чичко Горио умира сам покрај него единствено ке биде студентот де Растињак тој ке му го плати и погребот а никоја од неговите ќерки нема да се појави. Додека тој е на смртна постела зборува за тоа колку ги сака своите ќерки ги повикува нивните имиња и умира со надеж дека барем една од нив ќе дојде. Романов не е за љубовта која чичко Горио им ја дава на своите ќерки него за трулоста на француското општество за единствениот начин на кој може да се успее, самиот пансион во кој е сместен Горио го претставува Париз на првиот кат најбогатите вториот оние кои имаат доволно за пристоен живот и на третиот оние кои неможат да си дозволат ни едно достоинствено јадење. |
|
Mindy
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Искрена, поискрена здравје Регистриран: 14.Ноември.2005 Локација: United Arab Emirates Статус: Офлајн Поени: 14598 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кликни на линкот, имаш објаснето се на македонски јазик Клетници |
|
Mindy
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Искрена, поискрена здравје Регистриран: 14.Ноември.2005 Локација: United Arab Emirates Статус: Офлајн Поени: 14598 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Woooow кај ти текна никот тоалет папир ? хахахахахах :)))) Еве ти линк за Смртта во Венеција Кликни тука Ако ти иде англиски читај тука Кликни и тука Кликни |
|
Внеси реплика | страница <1 7891011 113> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |