|
Ваша поезија |
Внеси реплика | страница <1 126127128129130 146> |
Автор | |
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Е сега бидејќи Твиги ни е горе-долу тазе членка и многу памено девојче,ќе ми ја прифати забелешкава и се надевам и друг пат ќе ги искажува пофалбите на нечија поезија во следнава тема Критики позитивни/негативни на личните тв
А истото ги молам и останатите членови.
Ви благодарам
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
Ану
Нов член Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 15 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Интима
Сакам Да е пак лето и да ми се лепи фустанот за земја од истурена утроба на лубеница Во сокот нејзин да заспијам Семките се ноти на врелата летна симфонија. Сакам Да сум пак дете со розова ноќница со дезен со чајничиња кога сите соништа се бојат во сино зелено слободно, балкон со точак без педали, и кочници. Сакам Да немав олку колку што имам мисли оти така Немаше да читаш. Ова што сега доаѓа. Како лавина од радост. Што сме будни и двајцата. Ти читач. Јас поет. |
|
She. Poet.
|
|
Ану
Нов член Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 15 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И уште нешто...
Гризови Чај од нане леб и еурокрем. На БТР стари цртани филмови јас и ќебето со апликации од лавови. Стареам, под топлината на сопствениот дом. Денес, ме размрда реалноста. Додека чекав автобус потпрена на шипка, на неа залепени плакати за Јога часови, медитација. Пораснуваме секој ден (не како малите деца, но...) кај нас одат нештата смисловно постапно во бол и боја се гледаат сенки и нивни претци ентузијазмот фрлен е на раат. Не барав крстопати ниту богатство на плеќи добив козји патеки и продупчени вреќи. За пат - без ознаки а трошките смисла не ги јадат птиците... Ги јаде времето. Затоа. Стареењето под ќебе со мирис на детство е лек како нане за болно меше. Нулта точка за себе и ништо на репертоарот Умно да се рече... Затоа молк Ко волк Пред виење. Ставам крај на оваа ера Наречена Спиење. |
|
She. Poet.
|
|
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бурите одвнатреПочнаа да умираат и од мојот род. Ги закопувавме со навиени будилници и два-три птичји летови. Со издадени жили им ги затрупувавме главите знаејќи дека стиховите што денес ги напишале, утре нема да бидат нивни. Да. Утре ќе се разбудат со различен клеточен состав и нивните вистини ќе бидат нагризани од староста на лаги што повеќе не постојат. Ќе сакаат да бришат делови од себе… Сосе солзите или без нив… Сеедно… Тие се последниот небитен израз на бурите одвнатре… Свитканиот сонувачНоси сиво за телото Поради песнитеСе оправдува. |
|
tamara1990
Сениор Регистриран: 04.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 293 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Би сакала да имам срце од камен,од мермер...
Ладно,некршливо... Да не памети и да заборава на се што се случило, но истовремено и да памети и не заборава. Ако сум имала такво срце сега не би ми била душата разделена на овие три света. На овие три страни, а таму по еден нож забоден, нож остар та секој дел од душава ми крвари и ми гнои. Да би имала такво срце, сега би била потполно среќна и би градела статуи врз нечија душа. Не го посакувам ова секогаш,всушност, многу ретко,еве сега.... Сега кога не знам по кој пат да тргнам и дали да останам овде каде што ме врзуваат спомни тешки ко карпа, да отидам ли таму каде што ме чека крвтта, или пак да отидам таму каде што ме чека иднината. Да имав срце од мермер, не би била плашлива и не би морала сопственото лице и тело да го кријам под маска од мраз... А всушност под таа маска има и смеа има и солзи и лутина и бес, и љубов.... Посакувам да не се грижам за ништо, затоа што секоја вена,секој капилар ми пулсира, и небаре во секој момент ќе пукнат, ке експлодираат. А не би го сакала тоа, сакам да си го остварам сонот, не сакам да гледам филм цел живот, сакам да глумам во сопствениот. Но во последно време имам една мисла во главата, која смртно ме плаши... Мислам дека ми се одбројуваат деновите, предвреме стареам, и тогаш кога ќе треба да се радувам, јас ќе заминам од овој свет, ќе си заминам и нема да можам да видам ништо. Нема да можам да се радувам и јадам од плодот на сопствениот труд. А потоа,што ќе ми биде важно ако се зборува за мене? Што ќе ми биде важно дали некој ќе ме памети? Што ќе ми биде важно дали некој ќе тагува по мене, кога јас ќе бидам земја изгниена,изгазена, а над неа споменик и неколку иронични цветови, а јас никогаш не сум ни сакала цвеќе, никогаш не сум ни добила цвеќе, зошто да ги сакам? Се плашам од многу работи, а велат дека стравот со страв се лекува... Но како да го излекувам стравот, кога и самата не знам од што се плашам. Само едно знам... Полудувам. |
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ххххххххх Толку многу се трудев Да те разберам, да се прилагодам, Да се прекројам по твој терк што, Едно утро се разбудив поинаква И светот беше поинаков. Не подобар или поубав, Само поинаков - Оти го гледав со твоите очи. Конечно ми стана јасно Зошто им се потсмеваш На сличните на тебе И најотровните стрели Ги упатуваш кон нив. Сфатив како можеше Грб да ми вртиш стопати – Тоа е толку природно - Оти се видов со твоите очи. Малку ми е жал што Со нив и тебе те гледам Без онаа волшебна аура - Како самолеплива сликичка за детски албум, А јас одамна не собирам сликички И не се менувам со другарчињата. |
|
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Токму на времеТе разбудив за да водиме љубов ***Те љубев низ |
|
oldzi_freak
Нов член Регистриран: 17.Февруари.2010 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Зап тоа не е прекрасно?
Ги газам спомените, го следам твојот чекор а тие иронично крцкаат под моите уморни стапала, Зад нас пепел а во душава прашина, зар тоа не е прекрасно? Не се вртиш наназад да видиш што останало, Продолжуваш со решителен чекор иако треперејќи а јас сепак се вртам назад, мене чувствата ме издаваат, зар тоа не е прекрасно? Сум само статуетка во твоите дланки, секогаш подготвена да биде оставена на полицата, а за што би служела? Зар за фалење? Хм, зар тоа не е прекрасно? Во душата носам завидување а врз челово трња, Во дланкиве шепот а во погледот беда, Но сепак сум жива, зар тоа не е прекрасно? Несигурна во својот чекор а сигурна во ноќите, Неправедна кон мисливе а праведна кон чувствата, Нервозна пред вистината а смирена пред клетвите, Па тоа не е нормално, зар тоа не е прекрасно? Ништожна е вистината, ме гони кога сакам да ја достигнам, А ме покорува кога не сакам да ја дослушам. Солзиве испаруваат а сепак болат, очиве отекуваат а сепак печат, срцево се смирува а сепак бие, ноќта ме приспива, зар тоа не е прекрасно? Никогаш не го гледав она сакав да го видам но го гледав она што не сакав да го видам, ете тоа е иронијата, зар тоа не е прекрасно? Но сакав, пелтечев пред олтарот на љубовта и леев лузни пред погледот на судбината и сакав, сакав за да не бидам сакана, зар тоа не е прекрасно? |
|
Yes you have right to your opinion and I have right to think your stupid :/
|
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
а можеби остана една сликамарт 7, 2010во безброј мали работи беше Изменето од anakin - 09.Март.2010 во 20:00 |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
Lithium
Сениор Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Те барав во капките роса
што ги милуваат розите во градината тогаш кога утрото срамежливо по навика ќе го покаже својот лик... те барав во длабоките воздишки што само ја претскажуваат бессоната ноќ во ова глуво доба каде ѕвездите светкаат исто како твоите очи... те барав помеѓу луѓето оние широкоградите хероите што ја славеа победата на мирот.... а те најдов ...таму.... помеѓу моштите на мртвата љубов... |
|
You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
. ја убил, ја убил мислата потоа ќе смисли мотив да не помислат дека е луд . ја убил, ја убил мислата потоа ќе смисли совршен план кој и така нема да успее . ја убил, ќе го обвинат виновен е, постои правда а дали постои правдина? фак Изменето од anakin - 16.Март.2010 во 19:45 |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
xereras
Сениор Регистриран: 15.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 151 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ТОА СМЕ НИЕ...... ..се сеќавам.. ме хранеше со роса и со жед .......... те поев со мед и пелин а,,,, бегаме еден од друг за да се најдеме, се наоѓаме за да побегнеме од себе А ...не правиме ни чекор понапред ни чекор поназад зашто нема каде наш е целиот простор просторот... тоа сме ние... затоа ноќва... ноќва отпивам голтки здив што ги цедев од секоја твоја пора и се мразам себеси,,, што . ме мразиш зошто те сакам,,, Изменето од Andjelina - 06.Мај.2010 во 14:52 |
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
тишина
колку е тивко дури и кога си тука колку е нестварно би можела да растворам прозорци и никој нема да каже, затвори, ме отепа промаја би можела со саати да бучам со миксери блендери и правосмукалки, да пуштам српско турбо (или наше) на цел глас, или опера, хаха, и никој да не праша, што ти е ма?, би можела да изведам бавен стриптиз со сензуална музика (пффффф!) и на крај (на крај од што?) со еден брз потег да си ги пресечам вените и да ја завршам претставата со индијански танц на дождот да шлапкам во сопствената црвена баричка и да потонам како искубано пајче во тоа црвено лебедово езеро и пак да биде самотна тишина како сега. |
|
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Живот на пауза Живот на пауза, ми се чини… Не ги изрекуваме мислите. Не старееме. Не се подмладуваме. Длабоко втренчени во она што го зборуваат другите, сфативме дека нема поента да ги разбереме. Уф, разбистри ме со питкоста на твојот едноставен стих. Дојди, покажи ми ја одајата каде се капат блудни весталки. Ноќва имам така горчлива потреба да му *бам матер на логичното. Те молам, намини да ме просветлиш со елеганцијата на твојот кроток оргазам. Ги потрошив сите лигави фрази, романтичните свеќи го истрошија пламенот, додека јас и ти се гледаме со две сиромашни метафори околу колковите. Живот на пауза, сигурен сум. Пропаѓаме. Никогаш не сме биле толку високо во пропаста. Момент на мир Меѓу надојденоста на реката и моето бледо лудило стоеше еден раб. Бев Каин, кој го убил Бог наместо брата си. Со твојот половичен преграт и останатиот дел од твоите раце дојдов да паѓам неосетно, како косата што исчезнува од телото потонато во старост. Лажно ги обвинив ангелите. И жалам. Едно крило ме држи над водата, додека си го гледам вистинскиот лик. Не знаеја виножитата дека ние сме им бои… Не знаеја оти токму затоа се свиткани. |
|
Внеси реплика | страница <1 126127128129130 146> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |