IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Писмени состави,семинарски...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Писмени состави,семинарски...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 113>
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 3 Гласови, Просечно 3,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2010 во 14:09
Originally posted by tweetytoo tweetytoo напиша:

Ve molam nekoj ako ima nesto napisano za "Makedonskata bitova drama megu dvete svetski vojni i nejzini karakteristiki" neka objavi ... blagodaram odnapred ...


Ова е од википедија, не знам колку ќе ти помогне

Како зачетоци на драмски обиди на Македонски јазик се сметаат драмските текстови (драмолекти) на Ј.Х.К — Џинот. На неговите драмолетки се надоврзуваат авторите, основоположници на битово-социјалната драма во Македонија: В.Чернодрински, Васил Иљоски, Антон Панов и Ристо Крле.

Чернодрински работел при крајот на XVIII и почетокот на XX век, а останатите тројца автори живееле и работеле во периодот меѓу двете светкси војни.

Чернодрински ја положил прекинтата нишка во развојот на Македонската драма и театар што ги започнал Џинот. За Чернодрински е важно и тоа што во 1990 год. во Софија ја формирал Македонската драмска група «Скрб и Утеха». Со таа група тој ја поминал цела Бугарија, Србија и Македонија прикажувајќи многу драми, но пред се` неговата драма «Македонска Крвава Свадба», која насекаде имала топол прием и голем успех. Чернодрински е истотака автор на следниве драми: • Дрварите (1895) • Во меаната (1895) • Македонска емиграција (1897) • Македонска крвава свадба (1900) • Од глаата си патиме (1902) • Робот и агата (1902) • Зло за зло (1903) • Срешта (1903) • Мајстори (1903) • Духот на слободата (1909) • На реката (1921) • На Нова година (1921) • Цар Пир (1921) • Бурите крај Вардар (1925) • Цвета војвотката (1929) • Слав Драгота (1930)

Драмите создавани во периодот меѓу двете светски војни, во Македонија, се потпираат на автантични настани, проткаени со богат фолклорен материјал, создавани на народен говор. Тие се надоврзуваат на веќе поставените вредности на основоположникот на Македонската драма, Војдан Чернодрински.

Во овој тежок период за Македонскиот народ, Васил Иљоски ги напишал драмите: «Бегалка» и «Чорбаџи Теодос», Антон Панов ја напишал «Печалбари», а Ристо Крле — «Парите се отепувачка», «Милион Маченици» и «Антица». Овие автори исто така ги создале и следниве драми:

Васил Иљоски: • «Ленче Кумановче» односно «Бегалка» (пиеса, 1926) • «Чорбаџи Теодос» (комедија, 1937) • «Ученичка авантура» (1939) • «Биро за безработни» • «Пиши, Панче» (пиеска, 1947) • «Два спрема еден» (1952) • «Чест» (драма, 1953) • «Кузман Капидан» (1954) • «Син и татко» (1955) • «Допирни точки» (1959) • «Окрвавен камен» (1968) • «Свадба» (комедија, 1976) • «Смрт за живот» (1988)

Охрабрен од успехот на своите едночинки «По Матурата» и «Бура поради електриката», Иљоски ја напишал драмата «Бегалка» во 1928. Истата година тој успеал да ја постави на сцената на тогашниот српски народен театар во Скопје, под името «Ленче Кумановче». Меѓутоа, оваа драма му донесла низа непријатности поради тоа што била напишана на Македонски јазик, односно на кумановски народен говор. Македонскиот говор, како изразито национално обележје, и пречел на тогашната српска власт, поради што драмата веднаш била симната од репертоарот, а нејзинот автор отпушен од служба, односно преместен во Србија. Но Иљоски никогаш не им потклекнувал на неволјите во животот. Веднаш по враќањето во татковината, успеал повторно да ја постави «Бегалка» на сцената на Скопскиот театар. Во сезоната 1936/37 година, Васил Иљоски на скопската сцена ја поставил и својата втора драма, «Чорбаџи Теодос» — во оригинален наслов «Нагазио човек». Меѓу позначајните драмски остварувања на Иљоски е драмата «Чест», изведена во 1953 година.


Антон Панов: • Печалбари (драма, 1936) • Стега / Вероника (драма, 1939) • Препородени (драма, 1950) • Самракот (драма, 1951) • Градинар (драма, 1958) • Пиликатник (драма, 1959)

Успехот што го постигнал Панов со неговата драма «Печалбари», напишана во Белград, додека и самиот бил печалбар, нема да го повтори со ниедна негова друга драма

Ристо Крле: • «Парите се отепувачка» (1938) • «Милиони маченици» (1940) • «Антица» (1940) • «Велик ден» (1950) • «Гроф Миливој» (1958)

Љубовта кон театрската уметност, кај Ристо Крле се раѓа со неговото членување во литературното друштво «Црни Дрим». Идеата да ја напише драмата «Парите се отепувачка» ја добил додека работел во Поградец — Албанија, каде што слушнал за потресна случка на еден несреќен печалбар, кој по тешкиот печалбарски живот се вратил дома и бил убиен од своите родители, кои не го препознале и се обиделе да му ги земат парите. Драма ја напишал речиси во еден здив, во 1937 година, а за прв пат била изведена во 1938 година на сцената на скопскиот народен театар. Скопскиот театар во 1940 ја прикажал втората драма на Ристо Крле, «Антица».

Битово-социјална драма е всушност драмата во која се опишуваат традициите и обичаите на македонскиот народ меѓу двете светски војни, како и разликите помеѓу богатите и сиромашните во тој период. Битово-социјални драми се горенаведените: Бегалка, Парите се отепувачка, Печалбари, Македонска крвава свадба....



Изменето од Lithium - 13.Јануари.2010 во 14:09
You think you are perfect? Well, try walking on water...
Кон врв
zika008 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 30.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zika008 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2010 во 01:35
           Ви ја откривам смислата на животот

      Животот е премиера, нема реприза. Тој е премногу краток, заминува в миг, затоа живеј го својот живот и бори се за своите цели. Животот нè учи на грешките, да не тагуваме по изгубеното, да не жалиме за спомените. Животот е еден и единствен. Понекогаш е суров и тежок, полн со предизвици и искушенија. Непредвидени ситуации во кои сме учесници, неми сведоци или обични смртници. Животот е како прочитан роман, но со голема разлика, во романот можеш да се вратиш на најубавата страница, а во животот не можеш да се вратиш на најубавиот ден.Животот нè учи да го сакаме она што го имаме, а не она по кое мечтаеме. Да живееме реално и вистинито, да ја откриеме смислата на животот низ среќа и радост... таа е целта на секој човек.
      Животот е убав со убави доживувања, со искрени другарувања со радост и смеа. Треба да се радуваме на животот и на новото изгрејсонце. За некој смислата на животот е вечна борба меѓу доброто и злото, војната и мирот, болеста и здравјето, радоста и несреќата. За мене смислата на животот е да бидеме секогаш гордо исправени пред секоја препрека, насмеани и полни со љубов. Да се живее, значи да се постои. Да се радуваш на успесите, да не тагуваш многу по несреќите и да бидеш оптимист. Живејќи треба да им помагаме на блиските, да делиме љубов и добрина и да очекуваме таа да ни биде возвратена.Да се бориш за своите идеали, да имаш своја цел во животот – таа е смислата на животот.
       Со сета своја сила треба да се бориме за животот да ни биде убав. Не треба да се препуштаме на судбината и да се помириме со неуспесите.Треба да бидеме трпеливи и упорни. Верувам во судбинското, но сакам да ја изменам судбината кон подобар и посреќен живот. Во ваквата борба е мојата смислата на животот. Животот е премногу краток за да бидеш сит, искористи го секој миг, годините се само бројки. Не сонувај го животот, живеј го својот сон .


Изменето од zika008 - 18.Јануари.2010 во 21:27
Кон врв
tweetytoo Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 12.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај tweetytoo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2010 во 00:02
....za raskoljnikov od zlostorstvo i kazna .... Во него главниот лик, сиромашен студент, паѓа во искушение понесен од идејата за “големите луѓе” и социјалната правда. Живеејќи во најголема беда изградува поглед на свет кој се заснова на идејата дека општеството е суштински неправедно затоа што им овозможува на бескорисните луѓе да уживаат во богатството додека вистински вредните луѓе пропаѓаат во сиромаштија без можност да ги развијат и остварат своите способности. Правосудството ги осудува ситните криминалци, а историјата ги слави луѓето како Наполеон кои се одговорни за смртта на илјадници луѓе. Одлучува да се доведе во искушение и да направи злосторство кое ќе му овозможи пари за школување и за човечки достоен живот. Меѓутоа, чувствувајќи грижа на совест на крај се предава на полицијата.



.... ve molam nekoj ako ima kratka sodrzina za igra vo r'zta od selindzer odnapred blagodarna ... :)

Изменето од tweetytoo - 27.Јануари.2010 во 00:04
Кон врв
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2010 во 15:15
Originally posted by mili4ko mili4ko напиша:

Ве волам ако можете да ми најдете биографија за Коле Чашуле оти ми треба за реферат а неможам да најдам ... фала однапред ..


Коле Чашуле е роден на 2ри март 1921 год во Прилеп.
Средно училиште завршил во Прилеп и Битола, а потоа студирал медицина на факултетот во Белград ( 1938 - 1941 ). Неговите писателски дела биле објавувани во списанија додека тој бил студент, и тие дела биле дел од движењето помеѓу младите македонски писатели за пишување поезија и проза на македонски јазик.
Бил директор на Радио Скопје, уредник на списанијата “Нов ден“ и “Современост“, главен и одговорен уредник на “Разгледи“, директор на драмата при Македонскиот народен театар. Тој е еден од иницијаторите на за форимирање на Друштвото на писателите на Македонија, а едно време бил и негов претседател. Подоцна се зачленил во Независни писатели на Македонија.
Во 1946 год. Чашуле бил член на судскиот совет што го осудува Методија Андонов - Ченто на 11 - годишна затворска казна.
Чашуле бил конзул во Канада и амбасадор во Боливија, Перу и во Бразил.
Почина на 22 септември 2009 година во Скопје на 88 годишна возраст.

Добитник е на наградите: За драмски опус „Марин Држиќ“, „11 Октомври“, и „Стале Попов“, „Стериина награда“, Награда за книжевен опус на „Мисла“, „4 Јули“ и други. Во 2007 година добитник е на Рациновото признание.

Литературно творештво:

Драми:

  • Една вечер (1948)
  • Последните гаврани (1950)
  • Задруга (1950)
  • Вејка на ветрот (1957)
  • Бразда (1958)
  • Игра или социјалистичка Ева (1961)
  • Градскиот саат (1965), Вител (1966)
  • Партитура за еден Мирон (1967)
  • Земјаци (1967)
  • Тројца и вистината (1967)
  • Како што милувате: Оставка на еден карипски министер за внатрешни работи или, Достага на самиот врв од највисоката власт (1975)
  • Суд (1978)
  • Житолуб (1981)
  • Дивертисман за еден Стрез (1967-1990)
  • Роднокрајци (1987)
  • Тибурсио и Синфороса, (1988)
  • Вејка, два (1989)
  • Сон прв (1991)
  • Сон втор и по него друг (1992)
  • Модус мориенди (1992)
  • Лакримула (1993)
  • Маркучот во четири гласа (1995)

Романи:

  • Простум (1970)
  • Премреже 1-2 (1977)
  • Вомјази (1981)
  • Имела (1982)
  • Горчила (1983)
  • Канадски фрагменти (1985)
  • Конзулски писма (1987)
  • Така е, ако ви се чини (1994)
  • Лимб (2002)

Книги раскази:

  • Првите дни (1950)
  • Раскази (1953)
  • Само сказни (2000)

Книги есеи:

  • Записи за нацијата и литературата (1985)
  • Нови записи (1989)
  • Македонски дилеми (1992)
  • Резиме за мојата генерација (1998)
  • Болно племе (2000)


You think you are perfect? Well, try walking on water...
Кон врв
emilyy Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 07.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај emilyy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Март.2010 во 21:55
ej ve molam koj znae da mi napise nekoj nesto za    TARTIF - IZMAMNIK za pismena mi e za vtornik..fala odnapred

Еве нечто се надевам ке ти помогне
Во ликот на Тартиф Молиер создал типичен лик на лицемер. Тој е измамник скриен зад свештеничката наметка, кој на многу перфиден начин ги искористува слабостите на другите луѓе. Својата подлост многу добро ја маскира. Тој секоја лага и злодело ги прикрива со вишите цели, односно со црквата и Господ. Кога Оргон го брка сина си од дома, тој тоа дело го смета за полезно за црквата, кога му го дава имотот - го прифаќа од страв да не падне во лоши раце. Но, за да го задржи имотот, оди и го шпионира кај власта дека Оргон има тајни документи. Од богомолец тој лесно се престорува во шпион. Сепак, најнегативните особини на Тартиф се гледаат при заведувањето на Елмира - развратен, сладострастен, ненаситен, дволичен, алчен, неверник, омаловажувач на вербата во Бога, па и на самиот Бог. Неговите страсти ги става пред се.
Преку ликот на Тартиф, Молиер насликал типичен лик на неговата епоха, кој подоцна станува синоним на лицемерство и лажна набожност.
Кон врв
opasna_mala Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 01.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 9
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај opasna_mala Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2010 во 00:27
ВИДИ ГО ОВА,ПА АКО ТРЕБА НЕШТО ДРУГО КАЖИ


Жан Батист Поклен - Молиер
(1622-1673)


Молиер е претставник на францускиот класицизам. Потекнува од богато и угледно семејство. Татко му бил кралски декоратер и му овозможил да ја наследи неговата работа. Студирал право кое не го интересирало, ниту пак го привлекувала пеофесијата на татко му. Со својата пријателка Мадлен Бежар и нејзините браќа го основале „Славниот театар“ кога го зел псевдонимот Молиер. Поради финансиски проблеми, театарот пропаднал, а самиот Молиер стасал дури и во затвор. Но страста кон театарот веќе била разгорена кај него, па со неговата трупа ја обиколувал внатрешноста на Франција. Кога се вратил во Париз ја добил поддршката на братот на кралот и оттогаш се здобива со слава и успех. Затоа во своите драми тој вметнува зборови со кои го велича кралот, како знак на благодарност.
Напишал 33 комедии во стихови, од кои најпознати се: „Тартиф“, „Дон Жуан“, „Мизантроп“, „Вообразениот болен“, „Скржавец“ и др.


Тартиф

„Тартиф“ е комедија со елементи на фарса, комедија на карактери и комедија на нарави.
Темата е конфликтот во едно богато и угледно семејство поради прифаќањето и величањето на свештеникот Тартиф од страна на Оргон, главата на семејството.
Идејата е да се разобличи и искритикува религиозното лицемерство.
Комедијата е составена од пет чина и е напишана во стихови.
Повод да ја напише оваа комедија било француското свештенство кое било остро против неговиот театар, неговата личност како режисер, писател и артист. Тие биле против ширењето на слободните мисли, се мешале во државните работи и во интимниот живот. Затоа Молиер во „Тартиф“ ја разобличува лицемерноста, измамата, лагата и лажната набожност како главни сопирачки на правилниот развиток на човештвото.

Содржина

Во комедијата е претставен судирот меѓу вистината и лагата низ лицемерието на Тартиф кого дел од ликовите го идеализираат - госпоѓата Пернел и нејзиниот син Оргон, а останатите го гледаат онаков каков што е - лицемерен лажго.
Иако Тартиф не се појавува до третиот чин, тој е во центарот на вниманието и е причина за недоразбирањата во семејството. Во првите два чина од другите ликови дознаваме за особините на Тартиф и за поделеноста на семејството. Се додека тој не се појавува, не сме сигурни кој е во право.
Ликови: Госпоѓа Пернел (мајка на Оргон), Оргон (главата на семејството), Елмира (втора жена на Оргон), синот Дамис и ќерката Маријана (од првата жена на Оргон), Дорина (слугинка и придружничка на Маријана), Клеант (брат на Елмира).

1 чин

Госпоѓата Пернел се подготвува да ја напушти куќата бидејќи се чувствува навредена во сопствениот дом. Таа не им дозволува на останатите да дојдат до збор и постојано го фали Тартиф, а нив ги осудува и навредува.
На сите им забележува по нешто:
Елмира - да не се преправа со задоцнета љубезност, дека таа само фрла пари за облеки што за неа е доказ дека не го сака доволно својот маж;
Дорина - дека иако е само слугинка многу зборува и без нејзиното мислење ништо не може да помине;
внукот Дамис - го нарекува глупак;
внуката Маријана - дека личи на јагне, но дека тивкиот вир ја плаши (скришно прави недозволени работи);
Клеант го цени и фали, но не го прифаќа неговиот начин на живот.
По ова претставување на ликовите од гледиштето на госпоѓата Пернел, следува конфликтот за Тартиф. Таа - против сите останати. Таа го претставува како човек за фалба и пример, човек - вистински побожен кој сака сите да ги поведе по божјиот пат. Мислењето на останатите е дека: дошол бос и гол, бедник кој го крева носот и на сите им заповеда што да прават во нивниот сопствен дом, секаде го пика носот, па дури не ги прима гостите кои до тогаш биле чести и добредојдени.
Разговорот продолжува за Оргон кој е претставен како уште позаслепен од неговата мајка. Го примил Тартиф како негов брат, го цени повеќе од мајка си, жена си и децата. На трпезата му го дал почесното место и за него го издвојува најубавото јадење. Се што ќе каже Тартиф, за него е свето и слепо му верува.
Во следната сцена е претставена љубовта на Маријана кон Валер, но и љубовта на Дамис кон сестрата на Валер.
На крајот од овој чин доаѓа Оргон и настанува комична сцена во која се гледа неговата заслепеност и вљубеност во Тартиф. Му кажуваат дека на Елмира и било лошо, а тој само за Тартиф прашува, и иако бил целосно услужен, со храна, пијалок, мирен сон, Оргон цело време ги повторува зборовите: „Ах, кутриот човек!“. Се разбира, за жена си не ни прашува.

А кога на крајот од овој чин станува збор за свадбата на Маријана и Валер, Оргон почнува без причина и објаснување да ја одложува.

2 чин

Во вториот чин Молиер ја вметнува приказната за љубовта на двајцата млади, Маријана и Валер, оддалечувајќи се малку од главната тема, но во функција на осветлување на главниот проблем. Прво за таа љубов се спречкуваат Маријана и татко и Оргон, бидејќи тој ја убедува дека треба да се омажи со Тартиф. Но, Дорина се вмешува:

ДОРИНА

Се фали тој само. Се чудам јас често
набожноста како заедничко место
со лагата има? Бара божји спас,
а бара и живот полн со земна сласт;
проповеда скромност, а високо лета
и в срце му бујна амбиција цвета.

Исто така, Дорина ја убедува Маријана да се бори за својата љубов.
Кога се појавува Валер, повторно настанува конфликт, но сега меѓу вљубените. Конфликтот брзо се разрешува, повторно со помош на Дорина. Нивното моментално инаетење и пркосење (Маријана му вели дека ќе се омажи за Тартиф) е надминато поради чистата љубов што ја чувствуваат.

3 чин

Во третиот чин се појавува Тартиф кој ги оправдува особините кои му ги припишуваат Оргон и неговата мајка. Тој и замерува на Дорина што носи деколтиран фустан и на тој начин го предизвикува мажите. Но, таа остроумно му одвраќа:

ДОРИНА

И вие сте склон кон соблазност, значи?
И вас грешна мисла за жена Ве мачи?

Тартифовата лицемерност уште повеќе се гледа во сцената со Елмира во која тој отворено и се додворува, а таа ја прифаќа неговата љубов, но под услов да не ја спречи венчавката на Маријана и Валер. Дамис бил сведок на оваа сцена и сакајќи да го разобличи и отстрани Тартиф од куќата, на сите им кажува што се случило. Но, Оргон е толку заслепен од Тартиф што воопшто не поверувал, па дури оди до таму што го брка сина си од сопствениот дом и бара Маријана веднаш да се омажи за Тартиф.

4 чин

Во овој чин е прикажано целосното разобличување на Тартиф и тоа во сцена која е наместена и е идентична како претходната во која Тартиф и се додворува на Елмира. Сцената е сама по себе комична, затоа што Оргон, за да биде директен сведок, е скриен под масата. Ваквото прислушување е типично за фарсата. Дијалогот што се води ги открива вистинските особини на Тартиф:

ТАРТИФ

Слушајте го само тоа што го зборам,
оставете сам јас да страдам и горам,
дозволете сега јас Вас да Ве имам —
а за гревот лесно... Сиот јас го примам.
. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .
Лесно можам да го излечам тој страв —

со целосна тајност што ја гарантирам:
невидено зло — не е зло, Елмира!
Ни следува суд за она што е знајно,
а грев не е она што се врши тајно!

Во овие зборови јасно се гледа дека Тартиф не верува во Бога (кој е сеприсутен и пред него не може да се скрие ништо), дека е обичен развратник, лажго, измамник, користољубив и лицемерен.
Сознанието на оваа вистина е казната на Оргон, но не само тоа туку и финансиската последица од заслепеноста. Тој целиот имот му го препишал на Тартиф.

5 чин

Клеант (братот на Елмира) во овој чин ги искажува класицистичките погледи: дека човекот треба да го следи разумот, да не им потпаѓа на чувствата и страсите. Го осудува Оргон за неговото неразумно и непромислено однесување.
Во куќата доаѓа Тартиф со полицајците барајќи го имотот за кој има документи. Но, се случува ненадеен пресврт, полицаецот, наместо Оргон го апси Тартиф, бидејќи се дознало дека тој е познат измамник кој се криел зад разни имиња и законот го прогонувал. Тука Молиер искористува прилика преку зборовите на полицаецот да го пофали кралот и неговата мудрост и праведност. Но, сепак за величањето да не биде пренаметнато, тој ја завршува драмата со среќата на двајцата вљубени, Маријана и Валер, за кои објавува дека ќе стапат во брак.


Ликови

Во ликот на Тартиф Молиер создал типичен лик на лицемер. Тој е измамник скриен зад свештеничката наметка, кој на многу перфиден начин ги искористува слабостите на другите луѓе. Својата подлост многу добро ја маскира. Тој секоја лага и злодело ги прикрива со вишите цели, односно со црквата и Господ. Кога Оргон го брка сина си од дома, тој тоа дело го смета за полезно за црквата, кога му го дава имотот - го прифаќа од страв да не падне во лоши раце. Но, за да го задржи имотот, оди и го шпионира кај власта дека Оргон има тајни документи. Од богомолец тој лесно се престорува во шпион. Сепак, најнегативните особини на Тартиф се гледаат при заведувањето на Елмира - развратен, сладострастен, ненаситен, дволичен, алчен, неверник, омаловажувач на вербата во Бога, па и на самиот Бог. Неговите страсти ги става пред се.
Преку ликот на Тартиф, Молиер насликал типичен лик на неговата епоха, кој подоцна станува синоним на лицемерство и лажна набожност.

Оргон е богат, лековерен набожник. Неговата заслепеност се граничи со глупост. Тој не е во состојба да го препознае лицемерното пријателство и потпаѓа под влијанието на Тартиф. Тој оди до таму во својата наивност што е подготвен за некој новодојденец да се откаже од сопственото семејство. Го дава имотот, го брка синот, ја дава ќерка си на Тартиф - до каде ли треба да оди неговата глупавост и наивност? Тој мора да слушне со свои уши и да види со свои очи дека е измамен, бидејќи не им верува на своите блиски, туку му верува на лажливиот туѓинец.

Госпоѓата Пернел е слична на својот син. Тие двајцата се на истата страна - го заштитуваат лицемерот толку слепо и фанатички и затоа се носители на смешното во драмата. Таа е религиозно заслепена, против земните уживања и смета дека сите што не мислат како неа - грешат. Па, дури е навредена од туѓото поинакво мислење и затоа демонстративно ја напушта куќата.

Останатите ликови се спротивни на Оргон и мајка му. Тие се позитивни ликови, кои со здрав разум успеале да се ослободат од религиозното чувство и да ги согледаат вистинските намери на Тартиф.
Елмира е добра сопруга, мајка и снаа, која сака да помогне во разобличувањето на Тартиф. Таа сака да ја одбрани својата чест и да го разубеди заслепениот сопруг, па затоа божем го заведува Тартиф.
Дамис е чесен и искрен и се обидува отворено да му каже на татка си дека е заведен.
Дорина е посебно изграден лик преку кој се претставени широките народни маси и нивните позитивни особини: доброта, умност, трезвеност, здрав разум и критички став. Таа е многу интелигентна и веднаш ги сфаќа намерите на Тартиф. Иако е слугинка, таа јасно, преку лесен хумор ги изнесува своите ставови. Целосно му е предадена на семејството и секогаш е тука за да помогне да се разрешат конфликтите. Особено ја поддржува Маријана, којa е премногу мирна и покорна, и и помага да му се спротистави на татко и и да се избори за својата љубов.

Posted by Билјана at 20:02 0 comments
Labels: класицизам, литература
Тартиф (прв чин)
Лица:

КЛЕАНТ, шура на Оргон
ГОСПОЃА ПЕРНЕЛ, мајка на Оргон
ОРГОН, сопруг на Елмира
ЕЛМИРА, жена на Оргон
ДАМИС, син на Оргон
МАРИЈАНА, ќерка на Оргон и љубповница на Валер
ВАЛЕР, љубовник на Маријана
ТАРТИФ, лицемерен побожник
ДОРИНА, придружничка на Маријана
ГОСПОДИН ЛОЈАЛ, судски пристав
ПОЛИЦАЕЦ
ФЛИПОТ, слугинка на г-ѓа Пернел

Дејството се одигрува во Париз


Чин први
Сцена 1.

Г. Пернел, Елмира, Маријана, Клеант, Дорина, Дамис и Флипот

Г. ПЕРНЕЛ

Побрзајте, Флипот! Тука да нè нема!

ЕЛМИРА

Итате, зар овде лошо ви се спрема?

Г. ПЕРНЕЛ

Оставете, снао! Веке сè е јасно.
Љубезности нејќам - штом е за нив касно!

ЕЛМИРА

За вас почит имам, не на уста само,
не знам зошто нас нè напуштате, мамо?

Г. ПЕРНЕЛ

Да, не седам овде веќе ниту час;
за вас ништо не сум... Што дочекав јас!
Навредена домот го напуштам сега,
на советот мој ми враќаат со шега.
Овде сите з н а а т, зборуваат в хор,
на што личи ова? На жабешки збор!

ДОРИНА

Но...

Г. ПЕРНЕЛ

Драга, ти си овде сал слугинка, знај,
но устава твоја полна е со лај.
Без мислење твое - нигде ниту педа!

ДАМИС

Но...

Г. ПЕРНЕЛ

Ти си глупак, тоа најлесно се гледа.
Го велам ова јас - ваша родна баба.
Јас вашиот татко го чував колку може,
но патот ви е лош, тој има волја слаба,
и сега срам и потсмев ве чека, о боже!

МАРИЈАНА

Мислам дека...

Г. ПЕРНЕЛ

Внуко, навидум сте јагне,
но тивкиот вир нè плаши сите нас;
во потајност мрачна работите нешта
што ги мразам јас...

ЕЛМИРА

Мамо...

Г. ПЕРНЕЛ

Снао, тоа малку вам ви годи -
но вашиот живот во беспаќе води!
Место убав пример од вас да се види,
ко што беше случај со нивната мајка,
вие само пари фрлате без сметка
за облеки нови, божем царска тетка!
Жена која сака мажот да ја љуби,
за контење такво малку време губи!

КЛЕАНТ

Ве молам...

Г. ПЕРНЕЛ

Знам. Брат сте. Ве боли. Но вас
ве ценам и фалам јас во секој час.
Но, ако бев Оргон, нејзиниот маж -
ни миг не ќе бевте вие в домот наш.
Вие сте со такви животни максими
што чесниот човек тешко да ве прими.
Простете за ова, знам дека ви тежи,
но јазикот збори што в срце ми лежи.

ДАМИС

Во вашиот Тартиф сета чест е збрана...

Г. ПЕРНЕЛ

Да, тоа е човек за фалба и пример,
но в срцево жива се отвара рана
кога вакви глупци го клеветат него...

ДАМИС

Зар да трпам како непоканет гостин
дома ред ни крои, Е, нека ми прости...
Да не зуцне никој - ни песна, ни смев -
Ако нему тоа не му е по ќеф!

ДОРИНА

Ако е за почит тоа тој што вели -
постапките наши се најстрашни дела.
Тој секаде својот остер нос го пика...

Г. ПЕРНЕЛ

За мене е право само тој што вика.
По божјиот пат тој сака да нè води -
треба вам на сите тоа да ви годи.

ДАМИС

Не, бабо! Ни татко, ни божјиот глас
нема да не склонат да го ценам јас
Погледите мои нема да ги газам
сè негово што е - безгранично мразам.
Предвидувам: скоро со простакот тпј
ќе се фатам остро в решавачки бој!

ДОРИНА

Навистина, каков ни наметна срам -
еден странец тука да ни суди нам!
Тој бедник што дојде необлечен, бос,
в домот наш си дига сурла место нос,
и дотаму стигна - што му лежи в душа -
заповеда, крои - за сè да се слуша!

Г. ПЕРНЕЛ

Не, господи брани! Сè би било лесно
ако ние него го слушавме чесно.

ДОРИНА

За вас тој е светец, но помнете вие:
Во ликот на Тартиф безбожник се крие.

Г. ПЕРНЕЛ

Каков јазик!

ДОРИНА

Јас за Тартиф, и за Лоран лош,
верувајте сите - не би дала грош!

Г. ПЕРНЕЛ

За Лорана не знам, но Тартиф е човек
и од него нигде поправеден нема.
Го мразите вие зашто тој ве кори,
вистината за вас в очи ви ја збори.
Единствено гревот наш срце му пара,
и пак за нас прошка од небото бара...

ДОРИНА

Да, но зошто толку го опфаќа бес
ако некој гостин ни дојде со чест?
Зар посета чена на Господ му пречи?
Мислам дека треба ова да се рече:
(Покажува на Елмира)
Љубомори тој за госпоѓа Елмира.

Г. ПЕРНЕЛ

Молчи! Таа уста ќе треба да пости!
Зарем само тој ги кори тие гости
Та луѓето што ни доаѓаат тука,
со колите везден ни креваат бука,
лакеите вреват, ко на пазар зборат,
и затоа знајте, соседите корат.
Не верувам тука страшно да се раѓа,
но за сето тоа сомневање паѓа.

КЛЕАНТ

Зар може на светот да запреме усти!
Животите наши би станале пусти
од гостите да се откажеме ние -
сал заради тоа што клевета врие.
И колку да сака човек да се труди
кај клукари пак тој клевети ќе буди;
затоа сал презир кон таквите дури
може да те брани од клевети штури.
Ние да сме чесни, најважно е драга,
клеветата тогаш нема ништо снага...

ДОРИНА

Сосетката Дафна, нејзиниот маж -
први се што душкаат во животот наш
Секој оној што е за потсмевка печен -
за другите прв е најлошо да рече.
Да, први се тие што дебнат да зграбат
и најситен знак за каква врска слаба
и новости разни за луѓето сеат,
за другите луѓе за ништо се смеат,
постапките туѓи што вешто ги бојат -
за да би ја скриле нечесноста своја;
и спремни се врз друг да истурат гром -
само да им свети в сјај нивниот дом.
За другите штедро плетат лоши мрежи -
да го симнат така срамот што им тежи.

Г. ПЕРНЕЛ

Сите тие мисли не ви вредат многу.
Животот на Оронт беспрекорно строг е.
За небото таа ќе загине, знам,
но ги мрази тие што ви идат вам.

ДОРИНА

Да, одличен пример! И пречесна дама,
и живее скромно во божјата штама.
Но староста така ја тера да прави
и строгата нарав во немоќ ја става.
Ама кога била млада како дрен -
што младичи кршни умирала в плен.
Но, времето врви. На сè има крај -
па затоа мрази и среќа и сјај,
и немоќта бедна на свената страст
под мудрост ја крие со притаен глас.
На лесните жени патот им е ист -
штом бегаат од нив ко од свенат лист,
и при тоа бегство - така им се чини -
в прикриена итрост животот им мине.
И строги се тие жени в таа доба,
сал прилика демнат да вовлечат нос,
за другите судат со отров и злоба,
не зарад милост, - видот им е прост,-
но нејќат да трпат друг да биде среќен
штом среќата нив ги одминала веќе...

Г. ПЕРНЕЛ

Знам, прикаски такви ви пристојат вам.
Кај нас, снао, зборот ни е земен нам,
зашто друг да води - госпоѓата пречи.
Но моето сега јас ќе ви го речам:
Син ми овде стори едно мудро дело
кога Тартиф дома го засолна смело;
тој на време иде, од господ е пратен -
сите вас од патот грешен да ве врати.
Ако ли се слуша неговиот глас -
сите вас ве чека разум чист и спас.
Тие шумни гозби, забави и смев
ѓаволот ги создал за потсмев и грев.
Не ќе слушнеш на нив некој мудар збор,
само глуми лажни и клевети в хор;
итрината плете пајажини рој -
од најближен другар до соседот свој.
На умниот тука главата му бучи
кога слуша како развратник го учи
и илјади сплетки се плетат за час,
се дрдори шумно со подмамлив глас.
Од стариот лекар наскоро бев чула
дека сè е тоа вавилонска кула,
каде што се плампа без обѕир и крај...
(Покажувајќи на Клеант)
Господинот, еве, се потсмева, да!
За вашиот потсмев најдете си луди!
Што без збогум одам - нека не ве чуди.
Ќе молкнам. Јас реков само еден дел
и наскоро не ќе ве посетам вас!
(И удира шлаканица на Флипот)
Напред! Сте зинале сите посред денот бел,
но наскоро ќе ве попритегнам јас.
Ај, врвете напред!


СЦЕНА ВТОРА

Клеант, Дорина

КЛЕАНТ

Да тргам, се бојам
да не почне повтор со кавгата своја...

ДОРИНА

Навистина штета што не може она
да ве чуе како зборувате вие;
нависоко лета, не верува во нас,
мисли честа сета во неа се крие.

КЛЕАНТ

Се нафрла врз нас - без око да трепне,
од љубовта силна кон Тартиф е слепа.

ДОРИНА

Спрема синот нејзин - тоа ништо не е;
за него би рекле - ветер сув го вее.
Мудар пример тој во бунтовите даде
и застана смело покрај својот владар.
Ама сега сосем умот му се смати -
за Тартиф ко пијан за плотот се фати;
го има за брат и повеќе го цени
од својата мајка, син и верна жена.
Го направи веќе исповедник свој
и советник в сешто му постана тој.
А колку го чува! - Не знам некој така
ни својата драга силно да ја сака...
На трпеза челно му остана место
и со радост гледа како лаком е често,
а Тартиф го дига - „Бог среќа да даде!“
За него е свето Тартиф што ќе рече,
со прстот да мрдне - мисли: ден се буди!
штом почне да збори - мисли медот тече,
од ден на ден Тартиф за носот го влече.
Го пијани везден со божјата слава,
а во џебот негов почна прст да става.
И слугата негов - равен токму врви
сè на ум нè учи: в црква да сме први!
Лекции ни чита - во очите злоба,
секој како момок треба да му служи -
и на секој од нас совет да му пружи!
Пред извесно време најде крпче бело
во „Животот светчев“. Го издрпа цело
тврдејќи ни дека злосторство се прави
кога в света книга ѓаволско се стави...


СЦЕНА ТРЕТА

Елмира, Маријана, Дамис, Клеант, Дорина

ЕЛМИРА

Не го чувте сега, о! - блазе ви вам,
оној говор што ни го одржа нам.
Мажа си го видов - ама брзо пројде,
ќе го чекам горе. Скоро ќе си дојде.

КЛЕАНТ

И јас ќе го чекам. Нема да се бавам,
повеќе од поздрав - нема што да правам.

ДАМИС

За бракот на Маријана спомнете вешто,
зашто гледам Тартиф се противи нешто
и затоа татко го одлага само.
Јас верувам: Тартиф и тука го мами.
Сестра ми и Валер се сакаат силно,
а сестра му - мене ме привлече милно
и знаете...

ДОРИНА

Еве го!


СЦЕНА ЧЕТВРТА

Оргон, Клеант и Дорина

ОРГОН

О, шура! Добар ден!

КЛЕАНТ

Среќен сум што така изгледате среќен
но полјата нешто како да се слаби?

ОРГОН

Дорина... о, шура, стрпете се час
од грижите срце да омекнам јас.
Најнапред да прашам за новости нови:
Поминавте добро? Кој што од вас прави?
Добри ли сте дома? Сите ли сте здрави?

ДОРИНА

А, завчера цел ден госпоѓата мила
ја тресеше треска со огнена сила.

ОРГОН

А Тартиф?

ДОРИНА

Што Тартиф? Се чувствува славно,
руменее везден, прошетува бавно.

ОРГОН

Ах, кутриот човек!

ДОРИНА

За вечера она
не можеше в уста ни залак да стави,
толку многу силно ја болеше глава...

ОРГОН

А Тартиф?

ДОРИНА

Си вечера слатко:
две пилиња в сос и половина бут
сам изеде... Верно, вложи доста труд!

ОРГОН

Ах, кутриот човек!

ДОРИНА

И вечерта цела
ни око да склопи... Гори в треска врела
и тонеше в потои - ту врели, ту студени -
надвиснати саноќ бевме ние будни!

ОРГОН

А Тартиф?

ДОРИНА

Да, Тартиф! Штом вчера слатко -
на трпеза уште си подремна кратко,
потоа се шмугна во постела право
и спиеше саноќ ко детенце здраво...

ОРГОН

Ах, кутриот човек!

ДОРИНА

Ние сите бевме на мислење едно:
крв да пушти. Таа - се согласи веднаш.

ОРГОН

А Тартиф?

ДОРИНА

Да, Тартиф! Тој постапи машки -
се наголта вино - десетина чашки
за надомест точен крвта што ја даде
госпоѓата ваша, па седна да јаде!

ОРГОН

Ах, кутриот човек!

ДОРИНА

Сега сè во ред е,
ете - веднаш одам нејзе да и јавам
дека пресреќен сте таа што е здрава!


СЦЕНА ПЕТТА

Оргон, Клеант

КЛЕАНТ

Ве исмева таа пред носот, мој зету,
без грев да ви родам, да ви кажам сметам:
Те сакал ил нејќел - но вистина сушта
и овакво чудо не станало уште!
Та може ли? Маж сте, а тој ве мами,
дур и домот роден в заборав да чами?
и овакво чудо не станало уште!
Го спасивте вие од беда и срам
и стигнавте дури...

ОРГОН

Не шура, ви кажувам вам
не знаете кого навредивте в час.

КЛЕАНТ

Да, вистина, не го ни познавам јас,
ама да се знае за човекот дали...

ОРГОН

Оној што го знае - нема што да жали
и занесот негов се разлева в шир.
Да, човек е Тартиф, каков што го нема,
си го следи патот со спокој и мир
и го смета светот за времен и тема.
Јас повтор се раѓам штом него го слушам,
од порок ја чисти тој мојата душа.
И жена ми, брат ми да умрат, ил синот -
ко ништо да било, скоро ќе ми мине
толку што ја спаси тој мојта душа!

КЛЕАНТ

За чувственост таква нигде не сум слушал!

ОРГОН

Да го гледа некој со моите очи -
и тој би го сакал до умор без почин.
По црквата везден тој доаѓа смерно,
на колена паѓа и се моли верно
и сите кон него свртуваат очи:
се моли тој страсно со љубов и почит.
Кон земјата ладна ведне бледен лик,
ја бакнува страсно неа секој миг,
а кога си тргне, ме чека со жар
и светена вода разделува дар.
Нам слугата негов ни кажа на сите
Иако в тешка беда ги живеел дните,
го дарував тогаш - тој со чест и жар
одбиваше смерно и милост и дар:
„О, многу е тоа! Да, тројно е пак,
не заслужив од вас ниту поглед благ!“
Кога гледам после - дарот што зеде
на просјаци веднаш го раздели редум.
На господов знак го прибрав веднаш дома
и потече тогаш кај нас живот скромен.
Тој бдее над чест, и божја и своја,
се грижи ко ангел за жената моја,
ми кажува кој маж ја погледнал в страст
и ревнува појќе од двајцата нас.
А како се суди, да го чуете вие,
во прашинка мала - мисли грев се крие
и дотаму стигна, пред некое време,
му натежна вели, грев ко тешко бреме
зашто в црква убил една болва пак.

КЛЕАНТ

Полудевте, доста! О, мој зету драг!
Или вие мене ме сметате луд?
Кој прикаски такви би сакал да слуша?

ОРГОН

Да, вашиот говор ми личи на блуд,
во неверства ските и вашата душа.
Зар досега еднаш сум ви рекол јас -
што маки ве чекаат вас.

КЛЕАНТ

Така мислат такви со вашиот ум
и сакаат човек слеп да е, ко нив.
Ако имаш очи - те сметаат крив,
и ако не врвиш по нивниот друм -
те сметаат веднаш за паганин див.
Мислете ме таков, нејќам ни да знам,
но што в душа имам - знае господ сам.
На вашите лаги не станувам роб,
набожните личат, да тоа е важно,
на јунакот што се прикажува лажно:
Не стануваш јунак со зборови смели -
зборот не е ништо, треба храбри дела.
Ни верник ти не си - со молитви врели,
треба да си искрен и со душа бела.
Но дали е можно да различиш лесно
лицемер од верник што живее чесно?
Можете ли за нив да зборите едно,
да не гледаш што е лице, а што маска,
што е стварност жива, што вештина бедна?
Зар мешате изглед со суштина гола,
и човек со сенки да е едно исто?
Ил лажно злато се цени ко чисто?
Кај луѓето денес искреноста гине:
меслат тесни меѓи разумот ни дал -
па секој се стреми брзо да ги мине,
најсветото нешто го фрламе в кал
од преголем размав, преголема страст.
Помнете го ова што го реков јас.

ОРГОН

Благодарност каква да искажам в час?
Сомневање нема, филозоф сте вие
и целата мудрост, да - во вас се крие!
Вам рамен ви нема, Катон в наше време,
а во нас пак само простота дреме...

КЛЕАНТ

Ко научник не сум прочуен во светот,
ни во мене зету, науката цвета.
Но, со умот скромен и срцето мое
разликувам лага и вистина што е.
И ко што го ценам човекот со вера
повеќе од човек со јуначки дела,
поодвратно нема на земјава цела
од тие што в подло лицемерство тонат.
Од таквите редум побожници лажни
со погана душа и прикриен лик -
што без закон сето го гнасат и рушат -
сето што е чисто в човечките души;
тие што се фалат и зборат без срам
за она што ни е најсветото.
Да, сакаат кај нас доверба да купат
за секаков занес и мигови глупи.
Сите тие луѓе со невиден жар
по пат божји врват за свој сопствен ќар,
милост божја просат тие секој ден,
а живеат в дворци - на порокот плен.
Набожноста нивна со порокот се дружи,
и срчни и зли се - лукавство ги служи,
штом подгонат човек со јарост на волк -
одмаздата своја ја викаат долг!
И во гневот злобен го дигаат, ете -
оружјето што е најмоќно на светот:
со освета ниска, со подмолна реч
убиваат жртви со божјиот меч.
Безброј такви лажци наддаваат вик,
но свесниот човек ги познава в миг.
Но, има и луѓе за пример што служат
луѓе кои само со доброто дружат.
Таков е Аристан, потем Периандер,
Оронт, Алсидамас, Полидор, Клитандер!
Секој свесен човек денес нив ги цени,
кај нема лага ни зборови празни.
И скромни се, полни со чувственост трајна
и верата им е - и силна и сјајна,
над туѓите дела не судат секи час -
го сметаат тоа за најлоша страст.
За други на други им препуштаат суд -
а учат и корат со села и труд,
до нивното срце злото нема пат,
а нивните души се ко рајски кат.
Интригите гнасни - да ним им се туѓи,
за доброто мислат на другите луѓе.
Врз грешникот не се нафрлаат лудо,
само гревот тие го мразат и судат.
Кај нив нема жалба да развие цвет
посвети да бидат и од господ свет.
Само такви луѓе да се ценат вреди
и нивниот пример треба да се следи.
Љубимецот наш е од инаков ков.
Тоа што е светец во очите ваши -
измама е само сите што нè плаши.

ОРГОН

Господине шура, дал рековте сè?

КЛЕАНТ

Да!

ОРГОН
(Сака да си замине)

Слуга сум ваш.

КЛЕАНТ

Уште збор ве молам.
Пред извесно време беша ваша воља
господинот Валер да ви биде зет.

ОРГОН

Да!

КЛЕАНТ

Закажавте свадба како што е ред?

ОРГОН

ДА!

КЛЕАНТ

Свадбата зошто се одлага сега?

ОРГОН

Не знам.

КЛЕАНТ

Може умот на друго ви бега

ОРГОН

Не знам.

КЛЕАНТ

Зарем нема да држите збор?

ОРГОН

Не го реков тоа.

КЛЕАНТ

Без пречки, сал дете
одлуката си ја изменува, зету!

ОРГОН

Па?...

КЛЕАНТ

Зошто на целта не кинисам јас,
ме испрати Валер да ве прашам вас...

ОРГОН

Фала богу...

КЛЕАНТ

Каков одвет да му дам?

ОРГОН

Што ви е по волја...

КЛЕАНТ

Но треба да знам
за вашата цел

ОРГОН

Да, мислам да сторам
како бог ќе рече.

КЛЕАНТ

Отворено зборам,
ветеното дали го цените вие?

ОРГОН

Збогум!

КЛЕАНТ

На Валера овде лошо му се спрема
да му кажам веднаш, дури има време.
Кон врв
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2010 во 11:48
Странствувањето на Чајлд Харолд е романтичарско-индивидуалистичка поема составена од 4 песни. Тема во поемата е патувањето и доживувањата на Чајлд Харолд, а идејата е да го искаже своето разочарување од сегашноста и приликите во Англија и во цела Европа.

Поемата нема класично развиено дејство, нема заплет ни композиција, освен што е составена од 4 пеења. Дејството се одвива хронолошки, како што се одвивало патувањето задржувајќи се на позначајните места. Тоа се: војните на Наполеон, соочување со освојувачки и ослободителни војни, ја величи борбата на Шпанците против Наполеон, ја величи античката цивилизација, за опева славата и пропаѓањето на Рим, ја опишува битката кај Ватерло потенцирајќи го ужасот и апсурдноста на војната.

1 ПЕСНА
Поемата започнува со описот на Чајлд Харолд, кој е млад човек, почитуван и познат од благороднички род, кој наместо да се посвети на полесна и творечка работа се оддава на бурен развратен живот.Презаситен од таквиот живот, веќе му здодеал, решава да го напушти родниот крај.
Чајлд зад себе не остава никого, освен празниот дворец и песот. Не остава никого кого му е важен, затоа тој решително ја напушта татковината и без поздрав заминува во егзотични места.
Најпрвин ги посетил Португалија и Шпанија каде гледа дека луѓето страдаат и се потчинети. Неговата лична тага и разочараност прераснува во светска тага поради доминација на злото и несреќата.

2 ПЕСНА
Чајлд чувствувајќи симпатии кон поробените народи го продолжува своето патување кон Грција и Албанија каде се соочува со истото страдање и несреќа. Сликата на Балканот е мрачна и крвава.

3 И 4 ПЕСНА
Харолд го продолжува своето патување во Холандија, Германија, Швајцарија и други земји за да го задоволи својот авантуристички дух како и да се пронајде себеси.
При посетата на Италија се навараќа на нејзиното античко минато. Тој и натаму е во истото расположение, осамен бунтовник кој останува само набљудувач на општестевните збиднувања.
You think you are perfect? Well, try walking on water...
Кон врв
trajcevska1 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 04.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај trajcevska1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2010 во 20:26
     Основниот драмски судир во “Сид” се појавува кога храбриот рицар Родриго, бранејќи ја честа на својата фамилија, го убил таткото на саканата девојка Химена, зашто тој тешко го навредил татко му. Ова убиство создало јаз меѓу заљубените Родриго и Химена. Нивниот брак се чинело дека е невозможно да се оствари, бидејќи Химена не смеела да се омажи за убиецот на својот татко. Таа дури била обврзана да бара одмазда, да бара да биде убиен саканиот Родриго. Бидејќи Родриго го убил таткото на Химена за да ја одбрани семејната чест, тој сметал дека ќе биде достоен за почит и за њубовта на Химена. Родриго и се обратил на Химена да и докаже дека од љубов кон неа, за да ја добие нејзината почит, го убил татко и. Химена не ја осудува неговата постапка, но таа сега има иста обврска, да ја одбрани честа на својата фамилија со тоа што ќе се одмазди за смртта на татко и. Ова е сложена и апсурдна состојба во која се наоѓаат Родриго и Химена. Излез од ова, според Химена, е даго убие Родриго. Родриго и Химена се борат да ја задушат својата љубов, но, наместо да ја потиснат, таа станува се посилна. Химена, која бара начин како да биде убиен Родриго, се повеќе трепери да не му се случи нешто. Овој необичен безизлез во трагедијата го решава Дон Фернандо, кралот на Кастилја. Тој не ги одобрувал постапките на таткото на Химена, грофот Гормас, кој бил олицетворение на феудалното самоволие. Кралот го осудил обичај прашањето на честа да се решава со крвав судир меѓу противниците. Според него, крв треба да се пролева само кога се брани државата од непријатели. Кога некој ќе направи грешка, ако и служи на татковината, може да ја плати грешката. Ваква можност му била дадена на Родриго. Тој во борбите со Маврите покажал невидено јунаштво и се прочул со своите јуначки дела. Родриго ја ослободил Шпанија од ропството на Маврите. Од храброста на Родриго биле одушевени и Маврите, кои го нарекле Сид, што на нивниот јазик значело господар. Обврската кон татковината е над обврската кон фамилијата и феудалната чест треба да и отстапи место на граѓанската, која, пред се, значи служење на потребите на татковината. Според овој нов етички идеал, што во Франција и Европа се појавил по создавањето на големите држави, настојувањето на Химена да ја одбрани фамилијарната чест изгубило од своето значење. Химена попушта пред новите сфаќања и по наредба на кралот се согласува да се омажи за храбриот Родриго, кого интимно многу го сакала. Овој среќен крај во драмата го навестува раѓањето на новиот граѓански морал, кој е похуман од стариот феудален морал.
Кон врв
Зоран Пушев Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 11.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Зоран Пушев Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2010 во 21:15
Ми треба опис на ликот Марта од лектирата-книгата "Марта".
Ви Благодарам!:D
Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2010 во 21:37
Аман бе.
Ај и ја да помогнам малце. голема%20насмевка

Значи... Марта е една вообичаена тинејџерка со невообичаена животна приказна.
Цурава е седмо одделение.
Има густа и убава црна коса и црни очи.
Таа е неверојатно згодна и атрактивна девојка, по која речиси сите машки од училиштето се палат...
То за физички изглед.

*

Марта е весело девојче, кое научило како да се бори во животот, одлучна е, но во исто време ранлива и наивна што се забележува по нејзиниот однос со момчињата.
Со тек на време станува се пољубопитна за својот татко што е многу нормално... голема%20насмевка
И тоо... за карактерот на Марта...

Е сеа нормално, се ова ќе го изгланцаш... ќе го прошириш и фино ќе ти дојде... трепкање
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
djbocka Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 03.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај djbocka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2010 во 14:15
Ако ви требаат семинарски состави проекти има на овие две страни,доста се добри во изработката и брзи во размената,секаде ги препорачувам,можат и на вас да ви помогнат.

http://zemi-seminarska.tk/
http://zemiseminarski.blog.mk/
      
Кон врв
opasna_mala Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 01.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 9
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај opasna_mala Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2010 во 12:46
kingofkings - eve od sostavite

               "ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА"
Ристо Крле е драмски писател,кој е роден 1900год,како син на струшки чевлар.
Напишал повеќе драми,но најголем успех имал со драмата Парите се отепувачка.
    Во драмата се раскажува за една случка во с.Аларуп каде родителите не препознавајќи го својот син Ангеле го убиле.
Татко му Митре пред богатството на овој туѓинец кој полн со пари враќајќи се од Америка преноќува во неговиот дом како туѓинец на местото на синот.
Драмското дејство е составено од 5 чина.
Во куќата на Митре и Мара,еден зимски ден имало роднини,пријатели за да го испратат Ангеле на печалба во Америка.
Од Ангеле се очекувало да им помогне на луѓето во сиромаштијата,во подготовките за свадбата на сестра му Кате и кога ќе се врател да се оженел и да оформел семејство.
Имало маси полни со храна,пијалоци,со здравици и благослови го испратиле Ангеле на печалба под турско,илинденско востание.
После 20год во селото,ненајавено се вратил Анеле од печалба во куќата на неговата сестра Кате и ја препознал неговата внука Ана.
Откако разбрале,неговите блиски го прославувале неговото враќање.
Потоа неговата сестра,заедно со него заминала во куќата на нивните родители Митре и Мара.
Остарените родители не го препознале својот син и мислеле дека е туѓинец кој се претставува како Ангеле.
Тогаш почнале да го опишуваат нивниот син Ангеле и го прашале дало го сретнал некаде во Чикаго.
Потоа Ангеле си легнал да се одмори,а неговиот татко Митре сакал да дознае што имало во куферот на туѓинецот.
Кога го отворил куферот,се зачудил бидејќи внатре имало злато.Тогаш ја викнал неговата жена Мара и се договориле да го убијаат туѓинецот,бидејќи сметале дека толкаво богатство неможело да се стекни на чесен начин за 5-6 год.
Тогаш тие го убијале,со секира.
Другиот ден кога неговата ќерка им отишла на гости им кажала дека тоа навистина бил нивниот син Ангеле.
Во тој момент неговата мајка умрела од инфаркт,а неговиот татко се самооубил,се прободил со нож во срцето.


                     "ПЕЧАЛБАРИ"
„Печалбари“ е драма во која ни се презентира љубовна приказна меѓу двајца млади(Констадин и Симка) кои се лудо влубени , но припаѓаат на различни сталежи, тој е сиромашен – а таа богата.
Оваа противречност му била потребна на авторот за да го развие драмското дејство. Љубовта ќе биде главен двигател во драмското дејство, но и кочничар во развојот на љубовта меѓу младите. На нивната голема ќе влијаат непишаните правила според кои двајца млади од различни класи не си припаѓаат еден на друг. Панов тука го вметнал и бунтот како средство со кое ќе се искаже незадоволството и ќе се постигне бунтот.
Љубовта е таа што двајцата влубени ѓе ги води напред. Но за жал, нивната среќа нема да биде целосна бидејќи посегнувањето по парите и стремежот за исконската печалба трајно ќе уништи едно семејство.
Во оваа драма Панов ги запазува драмските фази и класичното драмско дејство. При преминот од чин во чин, од појавата од појава во појава авторот не води низ дејство за да го доведе читателот до кулминација на случувањата каде зетот заминува на печалба.
Јордан во печалбари е лик кој најмногу ги сака парите. Претставен е како чорбаџија кој е мек на зборови но тврдоглав на дела, среброљубец кој гледа низ призмата на парите. Секогаш бил загрижен за мислењето на другите луѓе, а тоа најмногу се гледа кога ја “продал“ својата ќерка, сметајќи оти таков бил адетот. Но бидејќи Симка се заљубила во сиромашниот Констадин, се договориле да му ја даде ќерка си поставувајќи му услов да замине на печалба, туркајќи го во смрт.
Јордан стапува на сцена во оној момент кога младите очекуваат принова и кога за нив започнуваат новите обврски. Но, тој е бескорисен, не знае да ги покаже чуствата бидејќи за него пред се се парите.
Јордан донесува одлука која ќе ја плати прескапо, можеби не со својот, но се нечиј друг живот. Наспроти ликот на Јордан, стои Констадин, прикажен као млад човек кој има многу напредни сфаќања во споредба со времето во кое живеел. Како бунтовник, со своите постапки сакал да уништи дел од напишаните правила, како што била печалбарската традиција „ ...Ех црна и крвава е нашата печалба, мајко! Уште покрвава е сиромаштијата што не гони тамо!“ Сфајќајќи ги причините за тоа општествено зло, цврство стоел на ставот дека печалбата носи и несреќа и смрт.

Божана, мајка на Констадин, е жена која робува на патријахалните традиции. Таа е жена која останала млада вдовица. Но, сепак знаејќи дека печалбата е несреќа, го наговара синот и тој да биде печалбар. Таа знае како е да се живее без пари, да се одгледува дете без татко, но воедно справува и страмува што ќе рече светот и како ќе излезе пред другите со крената глава. Велејќи му на Констадин дека мора поради Јордан да оди на печалба, Констадин враќа со зборовите: Дали чорбаџи Јордан ќе чуе таму во туѓина? Далеку, може дури преку море...На секого си туѓ...Нема со кого збор да промениш, солза да размениш! И не година, не две. Години, години да изврват, скотски да живееш, пари да збереш, додека да имаш лице дома да си дојдеш!... Ако паднам болен дали чорбаџи Јордан ќе праша за мене? Дали ќе има кој потта да ми ја избрише, кошула дами размени, јорган да ми фрли?... Ех, црна и крвава е нашата печалба, мајко? Уште покрвава е сиромаштијата, што не гони тамо! Проклет да и е коренот!... И големо има лечко нишан носи од неа за цел век!... Гледај, што направи од нас таа пуста печалба! Маж – роб! Жена – роб! Син - роб! Ќерка – роб! А мајките, само за солзи се родени!...
Овие се најтажните зборови што ги проговорил некој печалбар во македонската драма. Во овој цитат Констадин ја насетува својата судбина. Можеби Панов намерно ова го направил се со цел да го стави читателот на размислување, каков е животот на печалбарите и низ каков тежок период поминуваат на печалба за да заработат парче леб. Кога Констадин мислел дека ја остварил својата цел, кога со Симка живееле убав живот и чекале принова, иднината ја нарушува Јордан кој доаѓа по своите пари. Нивната средба не е нималку пријатна бидејќи меѓу нив двајца доаѓа до конфликт. И покрај тоа што Констадин го моли Јордана да го остави барем уште една година да се порадува со својот пород, да сети таткова радост, тој немилосрден велејќи дека не е негово да мисли на пелени, туку на пари.
Констадин заминува на печалба, но не по своја желба. (Надвор од селото. Во природата. Големо старо дрво. Планинска патека води на печалбарската чешма. Тоа е место на печалбарската разделба. Кога завесата се крева, десно веќе седнала мала група печалбари, прва пристигната на местото на разделбата; седам, пијам и замислено пеам.

Во наредниот чин Констадин веќе се спрема за на печалба. Се збогува со Симка и со Божана. Прима од нив совети, но и ги прекорува и остава аманет детето што ќе се роди да го носи името на неговиот татко. Испратен е со песна впрочена како што тоа бидува со традицијата. За традиционалното испраќање на печалбарот поканува и моментот кога `рснува тапанот и зурлата, кога се прават и последните адети пред тргнувањето Тука е и размислувањето на Корама Атенас кој најубаво ја пишува тежината на печалбата. “...Разделба е разделба!...И камен на шијата полесно се носи од пустата печалба!“
Четвртиот чин дава најдобра слика на печалба кога веќе Констадин е во Белград. Таму болен од туберкулоза небаре од црна чума. Со пот и мака спечалил парите, но платил со сопствениот живот. Печалбата за него била многу кобна, тој не успева да го издржи товарот на тешката работа, но желбата да го види Коле, неговиот син е поголема од се. Тажи за својата мајка, за Симка. Свесен е дека ја доживува судбината на татка си, кого никогаш и не го видел. Судбината се повторува со него и тој повеќе никогаш нема да се врати дома. Овде смртата е нормална последица. Но дали вреди по секоја цена да се оди на печалба, да се жртвува сопствениот живот и животот на тие што чекаат дома, да се вратат печалбарите.



Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2010 во 21:54
Една лп ме натера да размислам и онака моите мисли да ги преточам во кратка приказна
Зошто да не помогнам, израдувам????
Ја гледам мајка ми како ми подготвува моето омилено јадење и си замислувам што ке беше ако не пораснев покрај неа?Што ке се случеше ако некогаш некој утврдеше дека таа не е доволна богата да ме чува и ме одземеја, ме дадеа на некој друго семејство. Не сакам да мислам на такво црно сценарио. Додека така размислувам слушам на ТВ како на некое семејство во некоја забит сакаат да им го земат детето. И во мене се раѓа мисла. Зарем јас како човек не можам да сторм нешто, да им помогнам, да ги израдувам?
Знам дека можам. На форумот Идивиди има тема Хуманост на дело. Седнувам и пишувам коментар во кој развивам дискусија како да им помогнеме на овие луќе? Збор по збор се нижат предлози. Да се собереме млади вредни момци и моми и  да им помогнеме да ја искречиме куќата од внатре и од надвор.Да им помогнеме сите заедно да направиме стаза до куќата за да не газат во калта. Пари? Па не е проблем сите ние да се откажиме од една влезница во некое вечерно излегување, од две кутии цигари, од шише кока кола. Има многу работи од кои можеме да се откажеме барем на еден ден и да ги пренасочиме кон вистинските потреби на оние на кои навистина им треба.Да повикаме и други добри луќе да помогнат со работи кои не ги користат. Ним можеби им сметаат но на овие луќе многу би им значеле.
И така мојата мисла ја преточив во зборови, во апел за помош на оние на кои навистина нашата помош им е неопходна. Нашата помош ке им го врати детето и ке порасне покрај својата мајка и татко далеку во пустелија која можеме да ја оплемениме да стане рај. Да направиме тоа мало девојче да трча по јагненцата кои ги чува нејзиниот татко. Да дочека да и се роди малата сестричка или братче. Да направиме едно семејство да подзаборави на трагедијата и се свртат кон среќата.

Кон врв
miSsFreaKy Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Март.2010
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 6
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај miSsFreaKy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2010 во 23:19
"Хамлет" од Вилијам Шекспир



ХАМЛЕТ – и доброто

     Вилијам Шекспир претставник на доцната ренесанса, кој оставил најдрагоцени дела – трагедии воопшто во целата човекова пишана литература. Шекспир со своја филозофија верува дека животот е борба помеѓу доброто и злото. Доброто го гледа во хуманото, позитивното и чувственото, а злото го гледа во подлоста на луѓето, која секогаш е егоистична и поттикната од некакви лични интереси и води пошироко, во различен тип на зло. Судирот помеѓу доброто и злото провоцира трагедија.
     Инспириран од средновековната данската легенда за принцот Амлет, создава врвно дело на англиската и светската литература, ја создава трагедијата „Хамлет“.
Во ова дело се согледува дека Шекспир и главниот јунак во „Хамлет“ се филозофи по својот интелект, кои што длабоко размислуваат и чувствено реагираат. Начинот на кој Шекспир ги опишува ликовите се универзални, а со тоа повторно се истакнува големината на Шекспир како автор.
Данскиот принцот Хамлет е образован млад човек од времето на доцната ренесанса, со одлично познавање на античката литература. Хамлет претставува синоним на доброто, тој е благороден, човечен хуманист, универзална, сестрана личност склона конн длабоко размислување.
Разочарон и гневен од злосторството извршено врз татко му од страна на неговиот чичко Клавдиј и неверноста на мајка му, тој сака да се одмазди. Во почетокот таа разочараност го умртвува и го расколебува неговитот дух, тој дури помислува и на самоубиство. Да се биде или не? Размислувајќи за животот и смртта и за религијата, тој го одбир животот со сите негови недостатоци. Во име на вистината и правдата тој решава на итар начин да ја открие и каже вистината и на крајот да се одмазди. Притоа кон мајка си се однесува со презир. Поради нејзината прељуба, ја прогласува за блудница, неразумна жена која го изневерила сеќавањето на својот маж и љубовта која што постоела меѓу нив. Тој чувствува одбивност, разочаран целосно ја губи довербата кон жените поради мајчиниот грев, па затоа тој се одкажува од нејзиното мајчинство.
Хамлет за да се заштити себе си почнува да глуми лудило, се додека не ја открие вистината и не одлучи што ќе прави понатаму.
Офелија е еден позитивен лик во оваа трагедија. Таа полудува од болка кон својот сакан, а потоа и се самоубива. Таа симбол на душевната чистотата и чувствената природа. По враќањето на нејзиниот брат Лаерт во градот, тој е желен за одмазда. Тој претставува синоним на чесност и праведност, но во големата болка поради загубениот татко и својата сестра бара одмазда. Клавдиј, подло повторно манипулира со чувства на тага кај Лаерт, за да предизвика што поголема омраза и да дојде до двобој меѓу него и Хамлет.
Затоа што злото со зло се враќа овој двобој добива една трагична разврска. Хамлет е ранет од отровнит меч Лаерт, а кралицата стравувајќи за судбината на својот син, од возбуденост го пие отровното вино кое не е за неа наменето, со тоа и таа умира.
Во тие момети Лаерт признава дека на мечот имало отров и дека наскоро ќе пристигне неговата смрт. Хамлет му простува затоа што Лаерт беше чесен, тој згреши, но искрено се покајува, го призна гревот и замоли за прошка. Конечниот момент за одмазда на доброто - Хамлет кон злото - кралот е кога пред да умре и самиот тој ќе го прободе со истиот отровен меч.
Во овие трагични моменти, вистинскиот пријател на Хамлет се соживува со неговата смрт, тој посакува со истиот меч да си го одземе животот, како доказ на лојалноста кон својот пријател, но Хамлет бара од него да живее за да ја пренесе вистинската приказна на идните генерации.
Цела таа ужасна глетка и борба на доброто против злото кажува дека идеален владател може да биде само оној кој ги има особините на Хамлет.
     Хамлет е возвишена личност праведен, хуман, благороден, чесен и храбар човек кој го сака народот, кој не пребрзува со своите постапки,вистински човек кој не сака никому грев да направи, тој е оној кој свати каква треба да биде смислата на човековиот живот. Тој е оној кој го казни злото како резултат на сопствената позитивна активност.



ХАМЛЕТ – и лошото

     Вилијам Шекспир претставник на доцната ренесанса, кој оставил најдрагоцени дела – трагедии воопшто во целата човекова пишана литература. Шекспир со своја филозофија верува дека животот е борба помеѓу доброто и злото. Доброто го гледа во хуманото, позитивното и чувственото, а злото го гледа во подлоста на луѓето, која секогаш е егоистична и поттикната од некакви лични интереси и води пошироко, во различен тип на зло. Судирот помеѓу доброто и злото провоцира трагедија.
     Инспириран од средновековната данската легенда за принцот Амлет, создава врвно дело на англиската и светската литература, ја создава трагедијата „Хамлет“.
Во ова дело се согледува дека Шекспир и главниот јунак во „Хамлет“ се филозофи по својот интелект, кои што длабоко размислуваат и чувствено реагираат. Начинот на кој Шекспир ги опишува ликовите се универзални, а со тоа повторно се истакнува големината на Шекспир како автор.
Данскиот принцот Хамлет е образован млад човек од времето на доцната ренесанса, со одлично познавање на античката литература. Хамлет претставува синоним на доброто, тој е благороден, човечен хуманист, универзална, сестрана личност склона конн длабоко размислување.
Разочарон и гневен од злосторството извршено врз татко му од страна на неговиот чичко Клавдиј и неверноста на мајка му, тој сака да се одмазди. Во почетокот таа разочараност го умртвува и го расколебува неговитот дух, тој дури помислува и на самоубиство. Да се биде или не? Размислувајќи за животот и смртта и за религијата, тој го одбир животот со сите негови недостатоци. Во име на вистината и правдата тој решава на итар начин да ја открие и каже вистината и на крајот да се одмазди. Притоа кон мајка си се однесува со презир. Поради нејзината прељуба, ја прогласува за блудница, неразумна жена која го изневерила сеќавањето на својот маж и љубовта која што постоела меѓу нив. Тој чувствува одбивност, разочаран целосно ја губи довербата кон жените поради мајчиниот грев, па затоа тој се одкажува од нејзиното мајчинство.
Хамлет за да се заштити себе си почнува да глуми лудило, се додека не ја открие вистината и не одлучи што ќе прави понатаму.
Сепак кралот повторно мудро глуми дека сака да го заштити Хамлет поради убиството на Полониј, а кралицата со својата наивност повторно не ја сваќа интригата, со тоа што кралот го праќа Хамлет во Англија. Здружени со злото иако му биле „пријателите“ на Хамлет, Розенкранц и Гилдертерн се согласиле да го шпиунираат и да го придружуваат, макар што таму знаеле дека неправедно ќе го погубат. Хамлет е мудар, опипливо свати дека сепак има некаква зла наредба. Како синоними на злото и нив ги стигнува казната, со тоа што Хамлет и нив ги убива. Овие „сунѓери за бришење на вајканите работи на кралот“ претставуваат олицетворение на лажното пријателсво.
При првата можност Хамлет не го уби кралот, само затоа што тој беше во молива. Хамлет не сакаше да го награди големиот злосторник со тоа што ќе го прати во рајот, туку затоа одлучи да го најде во друга ситуација кога ќе прави грди дела или некакво зло и тогаш да го убие. Хамлет беше сигурен дека тој искрено не се покајал.
Клавдиј повтрно злочесто смислува план. Тој подло повторно манипулира со чувства на тага кај Лаерт, за да предизвика што поголема омраза и да дојде до двобој меѓу него и Хамлет.
Бидејќи злото со зло се враќа овој двобој добива една трагична разврска. Хамлет е ранет од отровнит меч Лаерт, а кралицата стравувајќи за судбината на својот син, од возбуденост го пие отровното вино кое не е за неа наменето, со тоа и таа умира. Конечниот момент за одмазда на Хамлет кон кралот е кога пред да умре и самиот тој ќе го прободе со истиот отровен меч.
Цела таа ужасна глетка и борба на доброто против злото кажува дека идеален владател може да биде само оној кој ги има сите добри особините на Хамлет.
     Според Шекспир оној што тргнал по патот на злото нема спас, ако во себе нема ништо позитивно. Позитивен е оној кој поседува особини на Хамлет, кој е хуман, благороден, чесен и храбар човек, кој го сака народот, кој не пребрзува со своите постапки, вистински човек кој не сака никому грев да направи, тој е оној кој свати каква треба да биде смислата на човековиот живот. Тој е оној кој го казни злото како резултат на сопствената позитивна активност.

*Се надевам дека ќе му послужи ова на некој
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 113>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,328 секунди.