IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша поезија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша поезија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1718192021 146>
Автор
Порака Обратен редослед
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2010 во 19:59

а можеби остана една слика

март 7, 2010

во безброј мали работи беше
а сега те нема

останаа само безброј мали работи, видливо невидливи

во безброј мали мигови беше
а сега те нема
остана само долго време, незаборавно а заборавено
во безбој кратки мисли бев
а сега ме нема
остана само леснотија на живеењето, неважно важно
како за кого
и една слика
само да се потсетам каде е затурена



Изменето од anakin - 09.Март.2010 во 20:00
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
oldzi_freak Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Февруари.2010
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај oldzi_freak Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2010 во 22:46
Зап тоа не е прекрасно?

Ги газам спомените, го следам твојот чекор
а тие иронично крцкаат под моите уморни стапала,
Зад нас пепел а во душава прашина, зар тоа не е прекрасно?

Не се вртиш наназад да видиш што останало,
Продолжуваш со решителен чекор иако треперејќи
а јас сепак се вртам назад,
мене чувствата ме издаваат, зар тоа не е прекрасно?

Сум само статуетка во твоите дланки,
секогаш подготвена да биде оставена на полицата,
а за што би служела? Зар за фалење?
Хм, зар тоа не е прекрасно?

Во душата носам завидување а врз челово трња,
Во дланкиве шепот а во погледот беда,
Но сепак сум жива, зар тоа не е прекрасно?

Несигурна во својот чекор а сигурна во ноќите,
Неправедна кон мисливе а праведна кон чувствата,
Нервозна пред вистината а смирена пред клетвите,
Па тоа не е нормално, зар тоа не е прекрасно?

Ништожна е вистината,
ме гони кога сакам да ја достигнам,
А ме покорува кога не сакам да ја дослушам.
Солзиве испаруваат а сепак болат,
очиве отекуваат а сепак печат,
срцево се смирува а сепак бие,
ноќта ме приспива, зар тоа не е прекрасно?

Никогаш не го гледав она сакав да го видам
но го гледав она што не сакав да го видам,
ете тоа е иронијата, зар тоа не е прекрасно?

Но сакав, пелтечев пред олтарот на љубовта
и леев лузни пред погледот на судбината
и сакав, сакав за да не бидам сакана,
зар тоа не е прекрасно?
Yes you have right to your opinion and I have right to think your stupid :/
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2010 во 21:42

Токму на време

Те разбудив за да водиме љубов
што досега не успеал да ја допре
ниеден стих…
Потоа да молчиме…
Да не изустиме ни збор за мртвите,
небаре ние сме живи
во оваа неиздржана приказна
за крвотокот и дамарите…
Да си ги простреме
морските струи под нозе
и да станеме ветер во крилjата
на галеби што запираат
да си починат на памучни срца
од Св.Валентин…
Ми фалат зраци да ти бидам утро
во кое ќе се расоблечеш,
кога твојот часовник покажува
дека доцниш на работа,
а мојот – дека си токму
на време до мене.

%20

***

Те љубев низ
стаклените прозорци
на измислен раскош.
Се сонував себе си
прострен на твојот грб,
глумејќи лик од грчки мит,
поштеден од
гневот на Зевс
и љубомората на Хера.
Јас бев твој на ливади
од шарени копнежи…
ме гледаше со страст
меѓу запирки од
непрекинат смев…
бев и недопишан ред
од твоите песни,
болката од восок
што капнува врз тебе
за да те осветли…
Бесконечно го љубев
твоето одминување…
и миговите кога ти
ставав свои дијалози
во уста…
Мечтаев да се допираме
без да се знаеме,
оти така неминовно
би се повредиле…
Уште чекам да пристигнеш
со кошници неостинат мрак
во прегратка што
не завршува
со моите две раце…

Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2010 во 13:10

ххххххххх

Толку многу се трудев
Да те разберам, да се прилагодам,
Да се прекројам по твој терк што,
Едно утро се разбудив поинаква
И светот беше поинаков.
Не подобар или поубав,
Само поинаков -
Оти го гледав со твоите очи.
Конечно ми стана јасно
Зошто им се потсмеваш
На сличните на тебе
И најотровните стрели
Ги упатуваш кон нив.
Сфатив како можеше
Грб да ми вртиш стопати –
Тоа е толку природно -
Оти се видов со твоите очи.
Малку ми е жал што
Со нив и тебе те гледам
Без онаа волшебна аура -
Како самолеплива сликичка за детски албум,
А јас одамна не собирам сликички
И не се менувам со другарчињата.


Кон врв
tamara1990 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 293
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај tamara1990 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2010 во 01:10
Би сакала да имам срце од камен,од мермер...
Ладно,некршливо...
Да не памети и да заборава на се што се случило,
но истовремено и да памети и не заборава.
Ако сум имала такво срце
сега не би ми била душата разделена на овие три света.
На овие три страни,
а таму по еден нож забоден,
нож остар та секој дел од душава ми крвари и ми гнои.
Да би имала такво срце, сега би била потполно среќна
и би градела статуи врз нечија душа.
Не го посакувам ова секогаш,всушност,
многу ретко,еве сега....
Сега кога не знам по кој пат да тргнам
и дали да останам овде каде што ме врзуваат спомни тешки ко карпа,
да отидам ли таму каде што ме чека крвтта,
или пак да отидам таму каде што ме чека иднината.
Да имав срце од мермер,
не би била плашлива и не би морала
сопственото лице и тело да го кријам под маска од мраз...
А всушност под таа маска има и смеа има и солзи и лутина
и бес, и љубов....
Посакувам да не се грижам за ништо,
затоа што секоја вена,секој капилар ми пулсира,
и небаре во секој момент ќе пукнат, ке експлодираат.
А не би го сакала тоа,
сакам да си го остварам сонот,
не сакам да гледам филм цел живот,
сакам да глумам во сопствениот.
Но во последно време имам една мисла во главата,
која смртно ме плаши...
Мислам дека ми се одбројуваат деновите,
предвреме стареам,
и тогаш кога ќе треба да се радувам,
јас ќе заминам од овој свет,
ќе си заминам и нема да можам да видам ништо.
Нема да можам да се радувам и јадам од плодот на сопствениот труд.
А потоа,што ќе ми биде важно ако се зборува за мене?
Што ќе ми биде важно дали некој ќе ме памети?
Што ќе ми биде важно дали некој ќе тагува по мене, кога јас ќе бидам земја изгниена,изгазена,
а над неа споменик и неколку иронични цветови,
а јас никогаш не сум ни сакала цвеќе,
никогаш не сум ни добила цвеќе,
зошто да ги сакам?
Се плашам од многу работи,
а велат дека стравот со страв се лекува...
Но како да го излекувам стравот,
кога и самата не знам од што се плашам.
Само едно знам...
Полудувам.

   
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2010 во 15:11

Бурите одвнатре

Почнаа да умираат и од мојот род.

Ги закопувавме со навиени будилници

и два-три птичји летови.

Со издадени жили им ги затрупувавме главите

знаејќи дека стиховите што денес ги напишале,

утре нема да бидат нивни.

Да.

Утре ќе се разбудат со различен клеточен состав

и нивните вистини ќе бидат нагризани од староста

на лаги што повеќе не постојат.

Ќе сакаат да бришат делови од себе…

Сосе солзите или без нив…

Сеедно…

Тие се последниот небитен израз

на бурите одвнатре…

%20

Свитканиот сонувач

Носи сиво за телото
што завршува…
…како натежнат облак кој
треба да се исплаче
за да исчезне…
Половина човек што не пушта
солза по песокот од твојот глас,
посакува да го изврти животот
до последната секунда од староста,
која можеби никогаш нема да
му зачука на врата.
Во ноќите се моли со отворени очи,
да се разбуди на некое незалудно дно,
со полни гради воздух,
со полни очи сјај.
Половина човек што
никаде не е вдомен,
сонува мирни стреи на кои
ќе го прераскаже
југот кој не го одживеал.
Нема птици да ги дојадат
трошките од зборови што останаа
на неговите крвави усни.
Нема причина да се откаже
од осамениот крик по кој
го препознаваат другите волци.
Нема светлина што ќе го
предомисли да не ги мачка
своите денови во црн акварел.
Каква судбина му одредивте
на свитканиот сонувач
што почнува да се сомнева
во својот разум?
Му дадовте ли избор меѓу
телото и неговата смрт?

%20

Поради песните

Се оправдува.
А не ги вади
ни ракавиците
додека ме гали.
Од отсјајот на
нејзината чаша
со вино
може да се види
за колку
задушени сонца
ме продала.
Им се смее на издадените
прамени од мојата коса,
разбеснети од перницата
на која не заспивам.
Мисли дека е поради нејзе.
А не е.

Кон врв
Ану Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 15
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ану Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2010 во 20:39
И уште нешто...

Гризови

Чај од нане
леб и еурокрем.
На БТР стари цртани филмови
јас и ќебето со апликации од лавови.
Стареам, под топлината на сопствениот дом.
Денес, ме размрда реалноста.
Додека чекав автобус
потпрена на шипка,
на неа залепени плакати
за Јога часови, медитација.
Пораснуваме секој ден
(не како малите деца, но...)
кај нас одат нештата смисловно
постапно
во бол и боја се гледаат
сенки и нивни претци
ентузијазмот фрлен е на раат.

Не барав крстопати
ниту богатство на плеќи
добив козји патеки
и продупчени вреќи.
За пат - без ознаки
а трошките смисла
не ги јадат птиците...
Ги јаде времето.
Затоа.
Стареењето под ќебе
со мирис на детство
е лек како нане за болно меше.
Нулта точка
за себе
и ништо на репертоарот Умно да се рече...

Затоа молк
Ко волк
Пред виење.
Ставам крај на оваа ера
Наречена Спиење.
She. Poet.
Кон врв
Ану Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 15
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ану Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2010 во 12:16
Интима

Сакам
Да е пак лето
и да ми се лепи фустанот за земја
од истурена утроба на лубеница
Во сокот нејзин да заспијам
Семките се ноти на врелата летна симфонија.
Сакам
Да сум пак дете
со розова ноќница со дезен со чајничиња
кога сите соништа се бојат во сино зелено
слободно, балкон со точак без педали, и кочници.
Сакам
Да немав олку колку што имам мисли
оти така
Немаше да читаш.
Ова што сега доаѓа.
Како лавина од радост.
Што сме будни и двајцата.
Ти читач.
Јас поет.
She. Poet.
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2010 во 16:46
Е сега бидејќи Твиги ни е горе-долу тазе членка и многу памено девојче,ќе ми ја прифати забелешкава и се надевам и друг пат ќе ги искажува пофалбите на нечија поезија во следнава тема Критики позитивни/негативни на личните твсреќа
 
А истото ги молам и останатите членови.
Ви благодарам среќа
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2010 во 16:11

На родилката

Смев во утробата.
Зрнца надеж ти го оплодија сонот.
Ти пиеш вода од истиот извор
на кој се пои бел еднорог.
Да, тоа во тебе
ќе биде прво и последно
од таков вид.
Ќе има бисерни запчиња
и прозрачни очиња
што ќе им веруваат
на твоите приказни
за оџакот и штркот.
Да, тоа ќе биде
единственото нешто
што си го создала
за да го сакаш
повеќе од себе.
Тоа ќе биде
здивот што ќе те држи
додека ги искачуваш планините,
рикањето што ќе го спознаеш
за да го зачуваш од лавовите,
тоа ќе биде ноќта во која
ти ѕемнеш оти нему му е студено…
Тоа ќе биде причината да сакаш,
без да прашаш “зошто”,
единствениот цвет во животот
што ќе го чуваш од туѓите стапки
и ќе го полеваш за да те надрасне
и да ги носи твоите бои.

%20

Сенка без човек

Се родив во најсветлиот миг
од цела космичка година.
Луѓето бараа симетрија на моето лице,
не знаејќи дека нивните се разобличени.
Со езотеричен збор,
кој одамна ја изгазил тајната,
времето ми припиша докажана вина
без кренат камен.
А јас растев во сонот,
нацицан со безброј одрекувања,
разулавен од демоните,
разлулан од болките,
скриен во сојузите со ангели,
венчан со верувањата дека
не можат да ме остават без небо.
Дали некогаш ќе имам доволно,
за да ми биде доста?
Еден ден, со благослов
и мед на усните,
некој ќе се прикраде и
ќе ми ја земе сенката,
која не вреди без сонце,
и не стои без човек.

%20

Абажур

Ги одминав полињата со долини

смислени за твојот чекор.

Се престорив во триптих

што спие со мирисот на

твојата вообразена невиност.

Ти си абажурот што

собира лажен сјај

за да им го означи рајот

на џебните идоли.

Колку дна треба

да сознае тагата,

за да се преименува во

неоткриен вид

на водење љубов?

Примероци од твојата коса.

Ме потсетуваат на деловите од тебе

што никогаш не ми припаднаа.

Јас сум растргнат сомнеж

што го чуваш во својот несесер,

за гордите усни што имаат

потреба од нежност

на секој 29-ти февруари.


%20

Луѓе за мразење

Тргнувам…
да го откријам расплаканиот Бог
што требаше да ме создаде
од кревка хартија…
Не ќе можеа така
лесно да ме искинат,
како сега…
Ги селам моите шалови
во нова зима.
Без точка и запирка
ќе ја пропелтечам
оваа нова селидба,
на десната страна од креветот.
Соништата овде ги кажувам
со замрзнати усни…
Никој не ми ги гони стиховите
со факелот на скриена смисла.
Ми снемува луѓе за мразење.
Ми снемува луѓе…

Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2010 во 01:59

14804481_2008042411034915136000

.

кога Сонцето од север ќе изгрее

кога оган ќе смрзне а мраз ќе не‘ изгори

кога верноста со неверство ќе се казнува

кога искреноста воопшто нема да боли

кога незнаењето ќе е доблест

и кога тоа, што не било ќе биде последно

тогаш, љубов, ќе ти поверувам, дури тогаш

а постоиш ли ти воопшто?

SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
Ану Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 15
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ану Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2009 во 12:18
She. Poet.
Кон врв
Ану Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 15
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ану Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2009 во 01:46
Postmodern lullaby

Дете качено на месечина.
(нека не ви доаѓа на ум лого на филмска индустрија)
Бара ѕвезди, и ги вади
од театарската завеса небесна.
Галаксии, му се лулките
го пуштаат сам да се нишка.
Додека не стивне ноќта.

Сака да биде космички јавач
Принц што се дружи само со себе
рози тигри и слонови му се само боите во кои се плиснува
кога рипа во сон од ќебе во ќебе.

Небитно.


И порасна.
Ѕвездите не се симнуваат, сами паѓаат.
Розите се дестабилизирани мајки, тигрите се тирани - татковци, слоновите се љубовите незаборавни...
Детето е Маж сега.
Црна дупка на зрелоста.


Секаде ставам моја поезија, па ајде и овде.плазење
She. Poet.
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2009 во 23:42

секој ќе плати

http://i.thestreet.com/files/tsc/mainstreet-photos/photo-gallery/art-gallery/shrunkgripe.jpg

секој од нас, еднаш ќе плати
за доручекот на тревата
за ветерот, кој дувал на сосем друго место
што не заврна по чашка третата
што громовите не биле неканети гости


да, секој, па ќе платам и јас
за полноќниот воз, кога се возев без вас
за ритамот, за светлата, иако не светеа поради нас
што не застана на станица, не собра патници
што свирката ги пополни празните страници


секој, па и јас ќе платам
за искажано утро, кога не се разбудив сам
за испеана песна, која за првпат не ја пеев јас 
што масата била наместена за двајцата
знам, само за неискажани мисли, данок не се плаќа



Изменето од anakin - 24.Декември.2009 во 23:44
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1718192021 146>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.