IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Писмени состави,семинарски...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Писмени состави,семинарски...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 113>
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 3 Гласови, Просечно 3,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2009 во 13:05
ОКСИДИ

Оксидите се сооединенија на кислородот со други елементи.
Оксидите може да имаат различна структура и својства.
Главно оксидите се делат на метални и неметални.
Според функционално-базни својства што ги покажуваат оксидите може да се поделат на неколку групи: киселински, базни, амфотерни и неутрални.
Метални оксиди: МgO + H20 = Mg(OH)2
Магнезиумот оксид спаѓа во групата соединенија кои се наречени бази, затоа за магнезиумот оксид велиме дека спаѓа во т.н базни оксиди.
Металните оксиди кои се раствораат во вода и реагираат со неа давајќи бази се наречени базни оксиди. Нивните водни раствори ја бојат сино лакмусовата хартија. Лакмусовата хартија е индикатор. Со неа се проверува дали во растворот има киселина или база.

Неметални оксиди: SO2 + H2O = H2SO3
Сулфур диоксидот се раствора во водата и реагира со неа. При тоа се добива соединението сулфуреста киселина.
Сулфурестата киселина спаѓа во групата соединенија кои се нарекуваат киселини, па затоа и за сулфур диоксидот велиме дека е киселински оксид. Неметалните оксиди кои при растворувањето во водата реагираат со неа градејќи при тоа киселини се нарекуваат киселински оксиди.
Неметалните оксиди кои не се раствораат во вода и не реагираат со неа се нарекуваат неутрални оксиди. Такви се на пр. CO, N2O и други.
Постојат и метални оксиди кои имаат својства и на киселински и на базни оксиди и тие се викаат амфотерни оксиди. Такви се на пр: ZnO, CuO, Al2O3 и други.
Кон врв
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2009 во 13:43
КИСЕЛИНИ

Киселините се соединенија кои се составени од водород и киселински остаток.
Според тоа дали киселинскиот остаток содржи или не содржи кислород, киселините се делат на бескислородни и кислородни.
Бескислородни киселини: хлороводородна HCl, сулфуроводородна H2S.
Кислородни киселини: сулфуреста H2SO3, сулфурна H2SO4 и азотна киселина HNO3.

Својства на киселините

Киселините ја менуваат бојата на индикаторите
Сите киселини имаат кисел вкус.
Киселините реагираат со повеќето метали.
Киселините реагираат со бази и се добива сол и вода.
Киселините имаат уште едно значајно својство. Нивните водни раствори спроведуваат електричество.

Својства на хлороводордната, сулфурна и азотна киселина

Физички својства: Овие киселини претставуваат безбојни течности со остар мирис. Концентрираните киселини на воздух чадат од гасовите кои се ослободуваат од нив: хлороводород од хлороводородната киселина, сулфур триоксид од сулфурната киселина и азот диоксид од азотната киселина.
Тоа се силни киселини со нагризувачко дејство врз супстанциите. Со водата се мешаат во секој однос.

Како реагираат со металите?
Во реакции со металите овие киселини се однесуваат најразлично.
Хлороводородната и сулфурната киселина реагираат со цинкот и со железото при што водородот се заменува со атоми на металот. При тоа се добиваат нивните соли и водород:

Zn + 2HCl = ZnCl2 + H2 Солите на HCl се наречени хлориди
Fe + H2SO4 = FeSO4 + H2  Солите на H2SO4 се наречени сулфати

Азотната киселина со металите се оденсува поинаку. Разредената и концентрирана азотна киселина реагира со бакарот. Се добиваат соли - нитрати и се ослободуваат соли на азот, NO и NO2  соодветно, а не водород.

Секоја од киселините има и специфични својства:
Хлороводородна киселина: Пластичните материјали и стаклото не реагираат со разредената и со концентрираната хлороводородна киселина, а поради тоа оваа киселина може да се чува во амбалажа од стакло или од пластика. Хлороводордната киселина учествува во добивањето на водород и хлор, пластични материјали и текстилни влакна.
Сулфурна киселина: Концентрираната сулфурна киселина ја впива влагата ( вода ) од средината, затоа велиме дека таа е хигроскопна супстанца. Меѓутоа, ако на хартија, брашно или на шеќер капне концентрирана сулфурна киселина тие поцрнуваат. Сулфурната киселина учествува во добивањето на вештачките ѓубрива, синтетички влакна, детергенти, бои и експлозиви, акумулаторка киселина.
Азотна киселина: При загревање, концентрираната азотна киселина се разложува, а еден од продуктите е кислородот. Ако од оваа киселина капне на ткаенина или на кожа тие прво пожолтуваат, а потоа ткаенината се кине, а на кожата се создаваат рани. Азотната киселина учествува во добивањето на вештачки ѓубрива и експлозиви.

Кон врв
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2009 во 13:51
ХИДРОКСИДИ

Хидроскидите се соединенија кои се составени од атом на метал и една или повеќе хидроксилни групи.
Хидроксидите ја менуваат бојата на индикаторите. Така ја бојат лакмусовата хартија сино.
Најчесто хидроксидите се цврсти супстанции. Хидроксидите кои се раствораат во вода се нарекуваат бази. При растворањето на некои хидроскиди во вода се ослободува топлина. Базите може да бидат силни и слаби.
Водните раствори на хидроксидите спроведуваат електричество. На допир се лигави, а некои од нив ги нагризуваат кожата, дрвото, хартијата, текстилот и др.
Хидроксидите реагираат со киселини и киселински оксиди и образуваат соли.
Хидроксидите не реагираат со керамика, пластични материјали и стакло.



За соли немам рамнодушност
мафтање



Изменето од Lithium - 21.Септември.2009 во 13:53
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2009 во 21:40
Originally posted by tanjem tanjem напиша:

Да не имате нешто за ''Земјата на снегот''од Јасунари Кабаната ...ве молам ми требаа итно =)
Фала однапред


Земјата на снегот е дословен превод на јапонските зборови 雪国 = Јукигуни, областа каде се одвива дејствието. Географски ова место се наоѓа отприлика во средна Јапонија во подножјето на големи планини каде зимно време снегот може да наврне и до 4-5 метри притоа изолирајќи ги тамошните села(особено во тоа време) на подолг период од останатиот дел на земјата.

Делото кое на јапонски јазик се појави средината на 30те години од 20от век, раскажува за токијскиот богат ерген и провинциската гејша Комако во околината на една лековита бања(топли извори=јап.онсен) и нивната љубовна врска која е осудена на неуспех.


Онсен гејшата Мацуеи
- писателот Јасунари Кавабата ја зеде како инспирација за ликот на гејшата Комако


Изменето од Majkl - 22.Септември.2009 во 21:48
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2009 во 18:41
www.svethemije.com
 
Многу добра страница.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
ma4ence_92 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 03.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 7
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ma4ence_92 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2009 во 16:40
ми треба ИТНО есеј на тема ЕДЕН НАРОД НЕ ИСЧЕЗНУВА СЕ ДОДЕКА ЗБОРУВА,МИСЛИ И ЧУВСТВУВА НА СВОЈОТ МАЈЧИН ЈАЗИК!!!!   
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2009 во 19:56
Aman  more lugje, malku barem potrudete se . Eve da receme nesto vakvo bi pomognalo
Еден народ не исчезнува  додека мисли, чувствува и зборува на свој јазик
Размислувајки за мудроста "Еден народ не исчезнува  додека мисли, чувствува и зборува на свој јазик- во време кога навистина мислиме, чувствуваме и зборуваме на свој јазик е малку чудно. Чудно и тешко е да се разбере дека постоело време кога се мислело и чувствувало на еден јазик, а морало да се зборува на друг. Следејки документарни ТВ емисии, читајки низ литературата, неверојатно е дека до пред шеесетина година во оваа земја се случувало токму тоа Како да се сватат желбите и поривите нечии, тие да имаат свој јазик, а да го негираат туѓиот? Како ли опстанал овој народ со векови?
      ,,Македонска самобитна култура имало, има и ќе има и таа е најсилно оружје Македонците да си го зачуваат денешниот културен облик и да ги преживеат сите превратности во историјата на нивното постоење- напишал Мисирков. Покренувањето на прашањето за самобитноста на македонската култура, македонскиот јазик се протегало од дамнешни дни. Сите дејци, сите преродбеници од оваа тло секогаш докажувале дека македонскиот народ е јазично различен од другите словенски народи. Ги слушале тие во поле додека се жнеело, жетварските песни, се пееле свадбарски песни, тажачки и редења низ кои се искажувале чувствата и болката.  Ги запишувале, чувале за идните поколенија. Како ли изгледа да мислиш, да чувствуваш на еден јазик, а да зборуваш на друг. Колку ли е тешко да ги контролираш мислите, да ги преточиш во туѓ јазик. Како ли се чувствувале малите деца во училиште кога биле тепани и шамарани само затоа што својата мисла ја искажале на мајчин јазик, јазикот на кој мислеле , чувствувале и говореле дома, меѓу себе? Малтретирањето, тепањето понижувањето ги терало да пораснат побрзо, да созреат. Да сватат дека само оружјето на писменоста ги води кон слободата. Многумина  земале пушка в рака и се бореле за тоа. Многумина, интелектуалците на оваа земја сватиле дека најмоќното оружје во борбата со настрвените волци е писмото, јазикот, училиштето на мајчин јазик. Пишувале на својот јазик, за својата култура браќата Миладиновци, Прличев, Жинзифов. Пишувал за својот јазик Мисирков. Ги создал -За македонцките работи- Барал наречјата да се претопат во еден литературен јазик. Јазик кој ќе го говорат сите.
-Јазикот и верата сет душата не једен народ- велел Мисирков. Ако му ги земеш јазикот и верата му ја земаш душата. А, кој ти ја дава душата?Многумина изгинале, борејки се да си го зачуваат јазикот и верата.
Знаеја овие мудри дејци дека историјата оди напред, не се враќа назад. Знаеја дека времето никој неможе да го сопре. Знаеја дека ќе дојде денот. Денеска нивните поколенија се сладат со плодовите од нивната работа. Беа борбени, но мудри. Знаеја дека еден народ не исчезнува се додека мисли, чувствува и зборува на свој јазик.
Кон врв
kevin Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 13.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kevin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2009 во 19:42
Вака ќе ве замолам да ми помогните во врска со есеј на тема "Правото да се лаже во хумани цели". Не мора да биде готов есеј дајте ми идеа што да пишувам затоа што насловот е двосмислен (ми изгледа како филозофска мисла).
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2009 во 22:26
Lagata vo humani celi mozebi najmnogu e oravdliva koga nekoj e teshko bolen, Verojatno profesorkata mislela na toa da razmislite.
Verojatno sostevot poveke treba da sodrzi nesto okolu poseta na bolenтага
Кон врв
naty66 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 26.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај naty66 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2009 во 00:06
Ми треба состав или концепт како да напишам на тема ,,Писмото го победува времето,, и ,,Азбуките го пршируваат светот,, за прва година средно однапред фала
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2009 во 01:23
Прво, знаеш дека секој состав треба да има вовед, главен дел, завршен дел (ова го зборувам затоа што многу ќе ве малтретираат со ова поради државната матура, па убаво е да си го знаеш, а и за понатаму може да ти треба ). Тоа никако не значи дека треба да повлечеш остра граница меѓу истите, туку нека се прелеваат еден во друг, нека има континуитет на мислата.

Originally posted by naty66 naty66 напиша:

,,Писмото го победува времето,,


Воведен дел во овој состав нека ти биде некој краток историски осврт за појавата на писмата, за улогата на истите порано и слично
Главен дел дека биде конкретно за долговечноста на писмата, за нивната неуништливост, конкретно можеш да говориш за словенската писменост ( односно кирилицата ) како таква, за премрежјата низ кои поминала и слично, како и за тоа како преживеала.
Доколку не сакаш да говориш стриктно за кирилицата, можеш да земеш да говориш за писмото во глобала, за неговата улога во развитокот на народите, за значењето и улогата на писмото, за неговата непобедливост во однос на забите на времето и слично.
Завршен дел- е сега тука некои професори бараат да го слушнат мислењето на учениците, некои не. Јас бидејќи речиси никогаш не сум имал вакви задачи и сите состави ми се однесувале на разработка на книги, не искажував свое мислење, затоа што и не ми се бараше. Во случајов мислам дека може да се искаже свое мислење, ама секако, во контекст да е на темата и без да почнеш со "јас мислам", не звучи убаво, туку на пример "Како заклучок може да се извлече дека моќта на писмото е огромна и неуништива за забот на времето итн. "





Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2009 во 03:42
Originally posted by Ravenger Ravenger напиша:

Ве молам некој Повик На Дивината за во среда ми е ај некој нека пише
Се работи за куче по име Бак кое во 19 век за верме на златната треска во САД(поточно во Клондајк - далеку на Север) ги влече санките на трагачите по злато. Но, со текот на времето се повеќе се открива дека неговиот вид е поблизок на дивите волци отколку на службата за луѓето(затоа и се вика Повик на дивината). Авторот на книгата е Џек Лондон(1876-1916) - ете го на слика, кој во пишувањето делумно се служеше и со своето лично искуство кога и самиот трагаше по злато во Yukon(види мапа), Канада.



Би сакал да ја прочитам „Ѕвездата скитница„ од истиот писател, темата е повторното раѓање(реинкарнација).

Инаку во основно ни јас не ја прочитав оваа лектира, слабо читав лектири воопшто. Читав само тоа што ме интересираше, па минусите во тевтерот на наставничката по македонски јазик си се редеа. Некои од книгите кои беа задолжителни, ги прочитав многу години подоцна бидејќи дури тогаш ме привлекоа(Мостот на Дрина на пр. или Галебот Џонатан Ливингстон - феноменални дела). Со сила убавина не бидува и затоа е голема грешка да се тераат децата да читаат лектири во смисла на конкретни наслови. Треба да им се даде самите да си одберат, ако воопшшто имаат склоност да читаат.





Изменето од Majkl - 03.Ноември.2009 во 03:49
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2009 во 22:15
Originally posted by Majkl Majkl напиша:

... Читај го Александар Нил: „Слободните деца на Самерхил„(радикална реформа во основното образование).

http://www.libar.at/drustveneoblasti/psihologija/slobodnadecasamerhilaaleksandarsnil.php

Само од книгава повеќе корист би имало да ја читаат во министерството за образование и истата ја спроведат во пракса.

смеење Па испрати им ја на www.mon.gov.mk !смеење
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Kokakolicar Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 15.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kokakolicar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2009 во 22:41
Еве ти општо за Чичко Горио, па извади што ти треба:


Авторот го прати обидот на провинцијалецот Ежен де Растињак да се пробие во високо друштво на Париз. Овој сиромашен племич сонува за успех, слава, пари и љубов, но е приморен да живее во сиромаштво Во бедниот пансион на Вокер се запознава со чичко Горио, трагичниот јунак, кого го убива претераната, страсна родителска љубав спрема своите две ќерки. Несреќниот татко чија несреќа станува се поголема колку што расте неговата љубов спрема чедата, неговите две ќерки. По смртта на нивната мајка тој едноставно ги разгалил и незабележувајки ги претворил во нечуствителни, себични и неблагодарни изроди. Поведен од општо прифатениот критериум дека парите се она волшебното стапче во кое е содржана полнотијата на живеењето. Тој уште во нивното детство им купува скапи подароци со тоа искажувајќи им ја својата љубов, но таа релација е ѓаволски круг. Огромната љубов кон двете ќерки го фрла во судир со моралот. Тој не само што успеал богато да ги омажи, односно да ја направи едната бароница де Нисенжен, а другата, постарата, грофица де Ресто туку одејки им постојано по вољата полека станал и нивни проводаџија кој им наоѓа љубовници. Постојано на услуга во исполнувањето на нивните желби тој, инаку успешен производител на тестенини, конечно осиромашува. Тие пак го посетуваат таткото само кога од него треба да добијат пари, срамејки се од него обичниот граѓанин, бидејки тие се движат во аристократските кругови. Горио умира сам. Во последните мигови го негувале Растињак и студентот по медицине Бјаншо, кои и погребот му го платиле. На погребот на несреќниот старец не се појавила ни една ќерка. Немајки веќе што да им понуди, станува наполно неинтересен за неговите убави и богати ќерки, кои се производ на неговиот родителски однос кон нив. Родителот и неговите ќерки се слика на моралниот пад и обезвреднување на семејната врска. Некогашниот господин Горио натрупува богатство и создава положба на своите ќерќите , кои се однесуваат со него како со "лимон, кој " откато бил исцеден до капка... го фрлаат .Само парите ли са причина за тоа? Опшеството? Трагичната заблуда на стариот милионер? Несовршенството на човешката душа, која не ја познава благодарноста? Можеме да судиме од секој агол и секој одговор ќе носи дел од вистината.

Тажна е приказната за пожртвованиот татко на себичните и неблагодарни ќерки, Уште потажна е сликата на младиот скороевич Растињак, кој ги истражува патиштата кои водат во високото друштво, откривајки ги парите како основна движечка сила. Најтажно е што и двајцата на крај разбираат дека љубовта со пари не се купува.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 113>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.