|
Писмени состави,семинарски... |
Внеси реплика | страница <1 34567 113> |
Автор | |
Lithium
Сениор Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ОКСИДИ Оксидите се сооединенија на кислородот со други елементи. Оксидите може да имаат различна структура и својства. Главно оксидите се делат на метални и неметални. Според функционално-базни својства што ги покажуваат оксидите може да се поделат на неколку групи: киселински, базни, амфотерни и неутрални. Метални оксиди: МgO + H20 = Mg(OH)2 Магнезиумот оксид спаѓа во групата соединенија кои се наречени бази, затоа за магнезиумот оксид велиме дека спаѓа во т.н базни оксиди. Металните оксиди кои се раствораат во вода и реагираат со неа давајќи бази се наречени базни оксиди. Нивните водни раствори ја бојат сино лакмусовата хартија. Лакмусовата хартија е индикатор. Со неа се проверува дали во растворот има киселина или база. Неметални оксиди: SO2 + H2O = H2SO3 Сулфур диоксидот се раствора во водата и реагира со неа. При тоа се добива соединението сулфуреста киселина. Сулфурестата киселина спаѓа во групата соединенија кои се нарекуваат киселини, па затоа и за сулфур диоксидот велиме дека е киселински оксид. Неметалните оксиди кои при растворувањето во водата реагираат со неа градејќи при тоа киселини се нарекуваат киселински оксиди. Неметалните оксиди кои не се раствораат во вода и не реагираат со неа се нарекуваат неутрални оксиди. Такви се на пр. CO, N2O и други. Постојат и метални оксиди кои имаат својства и на киселински и на базни оксиди и тие се викаат амфотерни оксиди. Такви се на пр: ZnO, CuO, Al2O3 и други. |
|
Lithium
Сениор Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
КИСЕЛИНИ Киселините се соединенија кои се составени од водород и киселински остаток.
Според тоа дали киселинскиот остаток содржи или не содржи кислород, киселините се делат на бескислородни и кислородни. Бескислородни киселини: хлороводородна HCl, сулфуроводородна H2S. Кислородни киселини: сулфуреста H2SO3, сулфурна H2SO4 и азотна киселина HNO3. Својства на киселините
Киселините ја менуваат бојата на индикаторите
Сите киселини имаат кисел вкус. Киселините реагираат со повеќето метали. Киселините реагираат со бази и се добива сол и вода. Киселините имаат уште едно значајно својство. Нивните водни раствори спроведуваат електричество. Својства на хлороводордната, сулфурна и азотна киселина
Физички својства: Овие киселини претставуваат
безбојни течности со остар мирис. Концентрираните киселини на воздух
чадат од гасовите кои се ослободуваат од нив: хлороводород од
хлороводородната киселина, сулфур триоксид од сулфурната киселина и
азот диоксид од азотната киселина.
Тоа се силни киселини со нагризувачко дејство врз супстанциите. Со водата се мешаат во секој однос. Како реагираат со металите? Во реакции со металите овие киселини се однесуваат најразлично. Хлороводородната и сулфурната киселина реагираат со цинкот и со железото при што водородот се заменува со атоми на металот. При тоа се добиваат нивните соли и водород: Zn + 2HCl = ZnCl2 + H2 Солите на HCl се наречени хлориди Fe + H2SO4 = FeSO4 + H2 Солите на H2SO4 се наречени сулфати Азотната киселина со металите се оденсува поинаку. Разредената и концентрирана азотна киселина реагира со бакарот. Се добиваат соли - нитрати и се ослободуваат соли на азот, NO и NO2 соодветно, а не водород. Секоја од киселините има и специфични својства: Хлороводородна киселина: Пластичните материјали и стаклото не реагираат со разредената и со концентрираната хлороводородна киселина, а поради тоа оваа киселина може да се чува во амбалажа од стакло или од пластика. Хлороводордната киселина учествува во добивањето на водород и хлор, пластични материјали и текстилни влакна. Сулфурна киселина: Концентрираната сулфурна киселина ја впива влагата ( вода ) од средината, затоа велиме дека таа е хигроскопна супстанца. Меѓутоа, ако на хартија, брашно или на шеќер капне концентрирана сулфурна киселина тие поцрнуваат. Сулфурната киселина учествува во добивањето на вештачките ѓубрива, синтетички влакна, детергенти, бои и експлозиви, акумулаторка киселина. Азотна киселина: При загревање, концентрираната азотна киселина се разложува, а еден од продуктите е кислородот. Ако од оваа киселина капне на ткаенина или на кожа тие прво пожолтуваат, а потоа ткаенината се кине, а на кожата се создаваат рани. Азотната киселина учествува во добивањето на вештачки ѓубрива и експлозиви. |
|
Lithium
Сениор Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ХИДРОКСИДИ Хидроскидите се соединенија кои се составени од атом на метал и една или повеќе хидроксилни групи. Хидроксидите ја менуваат бојата на индикаторите. Така ја бојат лакмусовата хартија сино. Најчесто хидроксидите се цврсти супстанции. Хидроксидите кои се раствораат во вода се нарекуваат бази. При растворањето на некои хидроскиди во вода се ослободува топлина. Базите може да бидат силни и слаби. Водните раствори на хидроксидите спроведуваат електричество. На допир се лигави, а некои од нив ги нагризуваат кожата, дрвото, хартијата, текстилот и др. Хидроксидите реагираат со киселини и киселински оксиди и образуваат соли. Хидроксидите не реагираат со керамика, пластични материјали и стакло. За соли немам Изменето од Lithium - 21.Септември.2009 во 13:53 |
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Земјата на снегот е дословен превод на јапонските зборови 雪国 = Јукигуни, областа каде се одвива дејствието. Географски ова место се наоѓа отприлика во средна Јапонија во подножјето на големи планини каде зимно време снегот може да наврне и до 4-5 метри притоа изолирајќи ги тамошните села(особено во тоа време) на подолг период од останатиот дел на земјата. Делото кое на јапонски јазик се појави средината на 30те години од 20от век, раскажува за токијскиот богат ерген и провинциската гејша Комако во околината на една лековита бања(топли извори=јап.онсен) и нивната љубовна врска која е осудена на неуспех. Онсен гејшата Мацуеи - писателот Јасунари Кавабата ја зеде како инспирација за ликот на гејшата Комако Изменето од Majkl - 22.Септември.2009 во 21:48 |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
ma4ence_92
Нов член Регистриран: 03.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 7 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ми треба ИТНО есеј на тема ЕДЕН НАРОД НЕ ИСЧЕЗНУВА СЕ ДОДЕКА ЗБОРУВА,МИСЛИ И ЧУВСТВУВА НА СВОЈОТ МАЈЧИН ЈАЗИК!!!!
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Aman more lugje, malku barem potrudete se . Eve da receme nesto vakvo bi pomognalo
Еден народ не исчезнува додека мисли, чувствува и зборува на свој јазик Размислувајки за мудроста "Еден народ не исчезнува додека мисли, чувствува и зборува на свој јазик- во време кога навистина мислиме, чувствуваме и зборуваме на свој јазик е малку чудно. Чудно и тешко е да се разбере дека постоело време кога се мислело и чувствувало на еден јазик, а морало да се зборува на друг. Следејки документарни ТВ емисии, читајки низ литературата, неверојатно е дека до пред шеесетина година во оваа земја се случувало токму тоа Како да се сватат желбите и поривите нечии, тие да имаат свој јазик, а да го негираат туѓиот? Како ли опстанал овој народ со векови? ,,Македонска самобитна култура имало, има и ќе има и таа е најсилно оружје Македонците да си го зачуваат денешниот културен облик и да ги преживеат сите превратности во историјата на нивното постоење- напишал Мисирков. Покренувањето на прашањето за самобитноста на македонската култура, македонскиот јазик се протегало од дамнешни дни. Сите дејци, сите преродбеници од оваа тло секогаш докажувале дека македонскиот народ е јазично различен од другите словенски народи. Ги слушале тие во поле додека се жнеело, жетварските песни, се пееле свадбарски песни, тажачки и редења низ кои се искажувале чувствата и болката. Ги запишувале, чувале за идните поколенија. Како ли изгледа да мислиш, да чувствуваш на еден јазик, а да зборуваш на друг. Колку ли е тешко да ги контролираш мислите, да ги преточиш во туѓ јазик. Како ли се чувствувале малите деца во училиште кога биле тепани и шамарани само затоа што својата мисла ја искажале на мајчин јазик, јазикот на кој мислеле , чувствувале и говореле дома, меѓу себе? Малтретирањето, тепањето понижувањето ги терало да пораснат побрзо, да созреат. Да сватат дека само оружјето на писменоста ги води кон слободата. Многумина земале пушка в рака и се бореле за тоа. Многумина, интелектуалците на оваа земја сватиле дека најмоќното оружје во борбата со настрвените волци е писмото, јазикот, училиштето на мајчин јазик. Пишувале на својот јазик, за својата култура браќата Миладиновци, Прличев, Жинзифов. Пишувал за својот јазик Мисирков. Ги создал -За македонцките работи- Барал наречјата да се претопат во еден литературен јазик. Јазик кој ќе го говорат сите. -Јазикот и верата сет душата не једен народ- велел Мисирков. Ако му ги земеш јазикот и верата му ја земаш душата. А, кој ти ја дава душата?Многумина изгинале, борејки се да си го зачуваат јазикот и верата. Знаеја овие мудри дејци дека историјата оди напред, не се враќа назад. Знаеја дека времето никој неможе да го сопре. Знаеја дека ќе дојде денот. Денеска нивните поколенија се сладат со плодовите од нивната работа. Беа борбени, но мудри. Знаеја дека еден народ не исчезнува се додека мисли, чувствува и зборува на свој јазик. |
|
kevin
Нов член Регистриран: 13.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вака ќе ве замолам да ми помогните во врска со есеј на тема "Правото да се лаже во хумани цели". Не мора да биде готов есеј дајте ми идеа што да пишувам затоа што насловот е двосмислен (ми изгледа како филозофска мисла).
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Lagata vo humani celi mozebi najmnogu e oravdliva koga nekoj e teshko bolen, Verojatno profesorkata mislela na toa da razmislite.
Verojatno sostevot poveke treba da sodrzi nesto okolu poseta na bolen |
|
naty66
Нов член Регистриран: 26.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ми треба состав или концепт како да напишам на тема ,,Писмото го победува времето,, и ,,Азбуките го пршируваат светот,, за прва година средно однапред фала
|
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Прво, знаеш дека секој состав треба да има вовед, главен дел, завршен дел (ова го зборувам затоа што многу ќе ве малтретираат со ова поради државната матура, па убаво е да си го знаеш, а и за понатаму може да ти треба ). Тоа никако не значи дека треба да повлечеш остра граница меѓу истите, туку нека се прелеваат еден во друг, нека има континуитет на мислата.
Воведен дел во овој состав нека ти биде некој краток историски осврт за појавата на писмата, за улогата на истите порано и слично Главен дел дека биде конкретно за долговечноста на писмата, за нивната неуништливост, конкретно можеш да говориш за словенската писменост ( односно кирилицата ) како таква, за премрежјата низ кои поминала и слично, како и за тоа како преживеала. Доколку не сакаш да говориш стриктно за кирилицата, можеш да земеш да говориш за писмото во глобала, за неговата улога во развитокот на народите, за значењето и улогата на писмото, за неговата непобедливост во однос на забите на времето и слично. Завршен дел- е сега тука некои професори бараат да го слушнат мислењето на учениците, некои не. Јас бидејќи речиси никогаш не сум имал вакви задачи и сите состави ми се однесувале на разработка на книги, не искажував свое мислење, затоа што и не ми се бараше. Во случајов мислам дека може да се искаже свое мислење, ама секако, во контекст да е на темата и без да почнеш со "јас мислам", не звучи убаво, туку на пример "Како заклучок може да се извлече дека моќта на писмото е огромна и неуништива за забот на времето итн. " |
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Би сакал да ја прочитам „Ѕвездата скитница„ од истиот писател, темата е повторното раѓање(реинкарнација). Инаку во основно ни јас не ја прочитав оваа лектира, слабо читав лектири воопшто. Читав само тоа што ме интересираше, па минусите во тевтерот на наставничката по македонски јазик си се редеа. Некои од книгите кои беа задолжителни, ги прочитав многу години подоцна бидејќи дури тогаш ме привлекоа(Мостот на Дрина на пр. или Галебот Џонатан Ливингстон - феноменални дела). Со сила убавина не бидува и затоа е голема грешка да се тераат децата да читаат лектири во смисла на конкретни наслови. Треба да им се даде самите да си одберат, ако воопшшто имаат склоност да читаат. Изменето од Majkl - 03.Ноември.2009 во 03:49 |
|
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Па испрати им ја на www.mon.gov.mk ! |
|
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|
Kokakolicar
Нов член Регистриран: 15.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 3 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве ти општо за Чичко Горио, па извади што ти треба:
Авторот го прати обидот на провинцијалецот Ежен де Растињак да се пробие во високо друштво на Париз. Овој сиромашен племич сонува за успех, слава, пари и љубов, но е приморен да живее во сиромаштво Во бедниот пансион на Вокер се запознава со чичко Горио, трагичниот јунак, кого го убива претераната, страсна родителска љубав спрема своите две ќерки. Несреќниот татко чија несреќа станува се поголема колку што расте неговата љубов спрема чедата, неговите две ќерки. По смртта на нивната мајка тој едноставно ги разгалил и незабележувајки ги претворил во нечуствителни, себични и неблагодарни изроди. Поведен од општо прифатениот критериум дека парите се она волшебното стапче во кое е содржана полнотијата на живеењето. Тој уште во нивното детство им купува скапи подароци со тоа искажувајќи им ја својата љубов, но таа релација е ѓаволски круг. Огромната љубов кон двете ќерки го фрла во судир со моралот. Тој не само што успеал богато да ги омажи, односно да ја направи едната бароница де Нисенжен, а другата, постарата, грофица де Ресто туку одејки им постојано по вољата полека станал и нивни проводаџија кој им наоѓа љубовници. Постојано на услуга во исполнувањето на нивните желби тој, инаку успешен производител на тестенини, конечно осиромашува. Тие пак го посетуваат таткото само кога од него треба да добијат пари, срамејки се од него обичниот граѓанин, бидејки тие се движат во аристократските кругови. Горио умира сам. Во последните мигови го негувале Растињак и студентот по медицине Бјаншо, кои и погребот му го платиле. На погребот на несреќниот старец не се појавила ни една ќерка. Немајки веќе што да им понуди, станува наполно неинтересен за неговите убави и богати ќерки, кои се производ на неговиот родителски однос кон нив. Родителот и неговите ќерки се слика на моралниот пад и обезвреднување на семејната врска. Некогашниот господин Горио натрупува богатство и создава положба на своите ќерќите , кои се однесуваат со него како со "лимон, кој " откато бил исцеден до капка... го фрлаат .Само парите ли са причина за тоа? Опшеството? Трагичната заблуда на стариот милионер? Несовршенството на човешката душа, која не ја познава благодарноста? Можеме да судиме од секој агол и секој одговор ќе носи дел од вистината. Тажна е приказната за пожртвованиот татко на себичните и неблагодарни ќерки, Уште потажна е сликата на младиот скороевич Растињак, кој ги истражува патиштата кои водат во високото друштво, откривајки ги парите како основна движечка сила. Најтажно е што и двајцата на крај разбираат дека љубовта со пари не се купува. |
|
Внеси реплика | страница <1 34567 113> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |