|
PARADISE MACEDONIA |
Внеси реплика | страница <1 23456 13> |
Автор | |||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
само ај ептен ја отеравме темава извинете Изменето од zabegan - 20.Април.2009 во 16:14 |
|||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
не само патлиџани, туку се нешто што може да се изеде е рајско! а на запад имаат разни пластики, колку да не бидат гладни |
|||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Имам пријатели Американци кои живееле во повеќе европски земји и кажаа една голема вистина за нас
- По весели луѓе, по пријатни луѓе, по духовити луѓе кои се смеат и на својата мака нема никаде. -Вие не знаете колку убаво живеете Ма знаеме ние, знаеме и затоа опстануваме и во сиромаштија, и на ладно и на топло |
|||
chuchuliga
Сениор Регистриран: 27.Мај.2006 Статус: Офлајн Поени: 893 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Да, тоа јас секој пат го гледам кога доаѓам во МК. По интернет, на вести - само политики, проблеми, кукања, сиромаштија, беда, итн, и - така е, земјата има милијарда проблеми за разлика од германците (кои исто така имаат проблеми, ама не така сериозни како во МК).
Арно ама, кај нас и покрај сета мака, која ќе си ја кажат луѓето, пак се врти на смешка, на зезање, на вицеви, на весело и така е поубаво. А германциве и покрај се - имаат - не знаат колку имаат (добро, има и тука сиромаштија, особено сега) - па нема кој да те насмее, да го сврти на шега, на ведрина, туку се секогаш многу сериозни или песимистични(затоа па штедат и ништо не може да ги изненади - тоа е нивниот квалитет)....
Да, тоа одржува во живот, тој дух наш македонски или балкански или јужњачки, но убедена сум дека и климата игра огромна улога.
Една африканка од Конго на пример кажуваше дека во Африка има многу повеќе насмеани луѓе отколку во Германија.
|
|||
marco_antony
Сениор Регистриран: 17.Јули.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11062 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Има еден виц за ова ... Некој човек бил многу сиромав, распадната куќарка, седум деца, голи боси ... ама кога ќе се врател од работа ... од кај него се слушало веселба секоја вечер... во близина имало некој богаташ, се имал, и куќи, и коли, и жена(и), ама немало веселба... еден ден богатиот отишол кај сиромавиот ... и му дал пари ... му вика ... барем ти знаеш како да се веселиш ... и наредната вечер, од кај сиромавиот немало веселба, другата вечер, пак немало веселба ... почнале да се расправаат за парите .... кој колку да земе ... и ете го сиромавиот кај богатиот: - да ти ги вратам парите ... оти само секирација ми донесоја ... Оваа вистинска приказна се поновува во разни варијации ... Инаку за македонците ... сиромаштијата што не стега не продуховува ... никој не се продуховил со ќебапи и пиво ... туку ако е гладен ... |
|||
PARADISE MACEDONIA
|
|||
Polar Bear
Сениор Регистриран: 04.Декември.2007 Локација: Канада Статус: Офлајн Поени: 1152 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не се слагам ... Можеби продуховува аскетството, ако е по сопствен избор. Ама животот не е толку филозофски. Сиромаштијата на македонците не е по нивен избор. Тие (со право) се несреќни заради тоа. Таквата материјална сиромаштија доведува и до сиромаштија на духот, затоа што тие луѓе имаат ограничени можности и шанси.
|
|||
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
|
|||
marco_antony
Сениор Регистриран: 17.Јули.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11062 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
bas obratno ... makedoncite se mnogu poproduhoveni otkolku mozes da svatis ... zal mi e ... nemozam da ti pomognam ... pa da se slozime ... se si ima svoja cel ... i nie makedoncite si ja imame ... |
|||
PARADISE MACEDONIA
|
|||
marco_antony
Сениор Регистриран: 17.Јули.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11062 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Imas pravo samo za pravoto na izbor ... Sekoj covek ima pravo na izbor ... ama toa pravo nekoj ni go ogranicuva ... nie da bevme na nivno mesto ... nemase da mu go odzemame pravoto na izbor ... moe pravo na izbor e: PARADISE MACEDONIA = RAJSKA MAKEDONIJA !!! si go koristam pravoto na izbor .... koe od Bog mi e dadeno ... |
|||
PARADISE MACEDONIA
|
|||
Polar Bear
Сениор Регистриран: 04.Декември.2007 Локација: Канада Статус: Офлајн Поени: 1152 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не знам каде ги најдовте таквите „весели“ македонци. Секогаш кога ќе отидам во МК гледам се помалку и помалку сјај во очите на моите пријатели.
Американците што мислат дека македонците не знаат колку убаво живеат, може да ги прашате: Дали се подготвени да емигрираат во Македонија, да живеат онака како што живеат македонските граѓани (само со македонско државјанство) и да останат таму до крајот на животот? Тие кретени ќе отидат на десет дена во Тајланд на одмор во луксузен хотел и мислат дека животот таму е подобар од животот во Америка. Македонија за нив е лот оф фан, ефтино пиво и секс со убави девојки за џабе. And then they go home and fly away forever.
Изменето од Polar Bear - 22.Април.2009 во 19:06 |
|||
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
|
|||
chuchuliga
Сениор Регистриран: 27.Мај.2006 Статус: Офлајн Поени: 893 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не знам каде ги најдовте таквите „весели“ македонци. Секогаш кога ќе отидам во МК гледам се помалку и помалку сјај во очите на моите пријатели.
Американците што мислат дека македонците не знаат колку убаво живеат, може да ги прашате: Дали се подготвени да емигрираат во Македонија, да живеат онака како што живеат македонските граѓани (само со македонско државјанство) и да останат таму до крајот на животот? Тие кретени ќе отидат на десет дена во Тајланд на одмор во луксузен хотел и мислат дека животот таму е подобар од животот во Америка. Македонија за нив е лот оф фан, ефтино пиво и секс со убави девојки за џабе. And then they go home and fly away forever.
Пред неполни две недели се вратив од МК.
Не велам дека се сите среќни и скокаат до небо од радост...воопшто не. Знаеме сите какви проблеми има во МК.
Сепак, постои капацитет да се застане во еден момент на жалење, критикување на ситуацијата, судбината, политиката итн итн , и, да се сврти кон поведрите страни на животот. Многу повеќе отколку германците кои имаат јака и прекрасна земја, но се сепак многу сериозни и со слаб смисол за хумор, па им требаат балканци, шпанци или италијанци да ги разведруваат.
Изменето од chuchuliga - 22.Април.2009 во 19:17 |
|||
Polar Bear
Сениор Регистриран: 04.Декември.2007 Локација: Канада Статус: Офлајн Поени: 1152 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Од прекуокеанска перспектива, македонците се типичен медитерански народ - нареди ги сите од Шпанија, преку Франција, Италија, Турција, до Израел и Палестина. Крајност на емоции - волем или кољем. Импулсивност таму каде што треба разум. Патетика колку сакаш.
Исто така, од прекуокенаска перспектива, германците ни се како први братучеди. Имаат многу јак темперамент (ех, знам дека од МК изгледаат многу различни, но не е така). Не дека не се смеат, туку се смеат на различни работи.
Нејсе, муабетот ми беше дека на МК и треба проветрување - не се само пари во прашање, многу е изолирана.
|
|||
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
|
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Никој не негира дека имаме криза, ни помалку ни повеќе седумнаесет годишна.
Арно ама никако на маса не седнуваме без мезе, не многу некое јајце варено, некое зимниче, па скаричка и нормално домашни пијалоци. А муабетите, па од мајка и шајка за политичарите до швалерките/швалерите на комшиите. Тоа е нашето секојдневие. Тука сеуште нема отуѓеност. Одењето до самопослуга во просек трае барем пола саат оти сретнеш еден комшија, па застанеш да ти каже како е се поскапено, ама Живееме ли, животариме ли... рајот е тука, веројатно оти не знаеме како изгледа пеколот |
|||
Popi
Сениор Регистриран: 06.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
.....................
Изменето од Popi - 15.Ноември.2009 во 06:40 |
|||
Popi
Сениор Регистриран: 06.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
..................
Изменето од Popi - 15.Ноември.2009 во 06:41 |
|||
Внеси реплика | страница <1 23456 13> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |