IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Писмени состави,семинарски...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Писмени состави,семинарски...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 113>
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 3 Гласови, Просечно 3,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2009 во 15:11
Ова само како идеја ..за самостојно составување состав... големо%20гушкање

Ликот на Велика

Како сто троскотната трева пиреј е истрајна, неунистива и издрзлива, така е истрајна, издрзлива и неунистива македонската зена.Пирејот е троскот кој колку сакас мозес да го кубис, корнес, но немозес да го униситшс Тој цим ја допре земјата пак се фака, озивува, потерува. Нисто не ја нисти тааа трева.

          Во романонот Пиреј, Петре М. Андреевски македонската зена ја споредил токму со пирејот. Оваа зена не се нисти, не се истребува. Таа после сите страданја И маки повторно озивува, потерува, рагја. Таа е мајка која како Велика истрајува пред силите сто сакаат да ја искорнат розбата сто таа ја рага, мува, се гижИ за неа, ја сака. Судбината на оваа жена е лична, семејна но И колективна.Велика, селска девојка со голема морална чистота, патријархално воспитана, сериозна И работлива, издржлива личност која не умее или несака своите емоциии да ги разоткрие, да ги покаже пред другите.Како и секоја девојка од тоа време ја крие својата заљубеност и се мажи со стројници. Се заљубува во убавиот и стоен Јон, се мажи за него и како млада родилка го испраќа на фронт. Останува со своите пет дечиња сама, без заштита. Како типична македонска мајка се грижи за нив, се справува со сите маки ипроблеми. Го носи товарот на плеки го живее македонското воено секојдневие. Ја живее стварноста на туѓата војна на македонското тло. Се мачи, страда но не офка не се жали. Можеби затоа животот ја казнува. И умираат сите пет деца. Ги закопува во со крв натопена земја. Едно сабајле, едно навечер. Болката по умрената рожба И ја кине утробата, ја исполнува со неизмерна болка, тага. Маченичките доживувања ги живее во исчекување на мажот. Се надева дека барем тој ќе се врати жив, ќе ја утешИ, ќе ја сподели болката со неа. Но од фронтот се враќа пијаница, човек кој ја тепа И понижува пред сите. Човек кој се измачува од доживувањата во туѓата војна. Човек кој се јади заради страдањата што ги видел. Бесот на немоќта го истура врз Велика. Нејзината болка се наталожува, зголемува. Умира И тој кој толку долго го чекаше да се врати.

          И на крајот на тунелот бликнува светлината на иднината. Во нејзината утроба расте посмртчето на Јон. Го раѓа своето шесто дете Роден. Јар аѓа својат а светла перспектива во сета мачна И темна трагика на животот. Оваа издржлива, неуништива жена со издржливо срце ја доживува повторната среќа. Жената со длабоки мајчински чувства, трагичн пресврти во личната и семејната среќа, како пирејот пак се фаќа, потерува, оживуваа. Станува неуништива. Смогнува сили, го совладува очајот, ја разбира смислата на опстојувањето, ја разбира иднината. Тргнува во живот, во нова иднина заедно со својот Роден,

Изменето од Перун - 16.Март.2009 во 20:19
Кон врв
Перун Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Април.2005
Локација: МК
Статус: Офлајн
Поени: 1141
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Перун Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2009 во 20:08
ги гледам семинарскиве и ве советувам да го користите конверторов: http://www.idividi.com.mk/extras/konvertor/index.asp

Сите текстови од квази кирилица, ќе бидат баш кирилични и чисти од форматирање (линкови, болд, фонт итн.)
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2009 во 22:16
Да се најде и оваголемаголема%20насмевка


Споредбата помеѓу ликот на Дон Кихот и Санчо Пансо

Човечкиот живот е чудна приказна. Во него нештата се одвиваат онака како се предодредени. Се редат лица, настани. Секојдневието, мечтите и фантазиите го трасираат текот. Различностите се вплеткуваат, дополнуваат.

 Во трагикомичниот роман Дон Кихот, напишан во севилскиот затвор како инспирација од сопствениот живот, полн со јуначки случки и катастрофални незгоди, Мигел Де Сервантес зборува за една таква вплетканост.  Низ животот на рицарот со тажно лице и неговиот весел слуга ги опишува спротиставеностите кои се дополнуваат. Главниот лик, благородникот од Ла Манча од читање многу рицарски романи сосем се изгубил и решил да стане рицар-скитник по име Дон Кихот. Човекот со висок раст, со слабо и издолжено тело, со испиено лице обиколено со побелена коса , со орловски поткршен нос и големи црни мустаќи застанува во одбрана на немоќните. Тргнува во авантури, во кои ги спасувал и им помагал на бедните, понижените, навредените. Доживувањата на навидум лудиот рицар-скитник и неговиот слуга Санчо Панса се пародија на рицаророманијата која ја зафатила средновековната Шпанија. Дејствието се одвива врз две спротивставени сфаќања: безумието на идеалистот- рицарот-скитник и трезвеното задоволство на реалистот-неговиот слуга и оружјеносец.

Нивните настојувања да докажат кој е во право и да ги негираат илузиите на другиот се видлива несусогласеност меѓу реалното и идеалното, меѓу фантазиите и реалниот живот. Случките од едната страна се прикажани како реалност,секојдневие,  а од другата како мечти, фантазија. Дон Кихот, средновековниот благородник се замислува себеси како силен и храбар рицар, облечен во блескава  опрема: штит, меч и копје, преубав коњ, поубав дури и од славниот Буќефал. Реалноста била друга. Блескавоста е Äрѓосана и стара опрема, дооден коњ по име Росинант на кој му се броеле ребрата. Само затоа што секој рицар имал своја љубена во чие име се борел, селанката во која бил заљубен на млади години ја трансформирал во принцеза по име Дулчинеја.  Во име на таа љубов, со желба за слава повикувал на двобој, се додворувал на млади убави дами. Се редат неговите бесмртни подвизи: борбите со ветерните мелници, тие лоши џинови, стада овци-цели војски, мешинки со вини-маѓепсани непријатели, ослободување на кралици и принцези-селанки и крчмарки. Со своите постапки предизвикувал смеа и револт. Во борбите му кршеле ребра, заби, носел модринки од несекојдневните акции. Кога не бил обземен од рицарските авантури, бил човек со здрав разум. Наспроти него,

Санчо Панса,пак бил слуга-оружјеносец, склон кон дрдорливост, безобразлук и озборување Тој ,бил остроумен селанец, шегобиец со многу здрав разум. За разлика од својот господар овој кус и дебел селанец, јавал на магаре и постојано бил безгрижен. Преставник на едноставниот народ, во својот речник користел изрази со кој ја искажувал вековната мудрост на својот народ. Наспроти извишените говори на неговиот господар зборувал приземно и практично. Својата мудрост ја искажувал преку многу поговорки и пословици. Неговата бистрина дошла до израз кога накратко бил назначен за губернатор на еден остров. Но и покрај својата цврстина под влијание на својот господар и неговите фантазии накратко почнал да верува дека ќе стане гроф.  Иако неук, со неговиот бистар ум умеел  со многу мудрости да го советува својот господар. Стоејки цврсто на земјата со двете нозе, успеал да го промени  својот господар, да му расчисти одредени заблуди. Дон Кихот своите заблуди ги искажал пред смртта, кога му се извинил на својот Санчо Панса за сите незгоди во кои го вовлекол.

Сервантесразличностите на овие двајца протагонисти успеал да ги спои во една личност, да го  покаже ликот на новиот човек. Човек на кој во преден план му се возвишените идеали за еднаквост меѓу луѓето, почитување на човечкото достоинство, напредокот на цивилизацијата. 

Изменето од mamamd - 16.Март.2009 во 22:16
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2009 во 22:19
Ај и ова, на некој ќе му се најде
Осамениот Хамлет и неговата упорност да се одмазди

Човекот не е роден само да јаде и спие. Тој е разумно суштество кое мисли, сонува, се надева, ги остварува своите амбиции. Сонувањето и остварувањето на амбициите зависат од различни побуди: успех, богатство, одмазда.

Вилијам Шекспир преку ликот на Хамлет ни прикажа една трагична амбиција. Дволичноста, родоскрвението, братоубиството и неверството предизвикале акција за одмазда. Од млад образован човек сплетот на околностите од Хамлет напрвија одмазник. Пред него се испаваат  моменти и големи животни дилеми. Дознавајки за смртта на татко му и начинот на неговото убиство навлекува маска на лудак. Полека ја преде мрежата на одмаздата. Стравичната вистина дека чичко му го отрул  родениот брат и се оженил со братовата жена, само за да го добие престолот го претвора во друга личност. Зборувањето на лаги го ражестува гневот.  Иако гневен, Хамлет ја задржал присебноста и длабоко ги планира своите постапки. За да дојде до вистината најпрво организирал театарска престава . Преку театарската престава идентична со случките од дворот и  труењето на татко му  доаѓа до потврдување на своите сознанија. Следејки ги реакциите на чичко му открива поразително сознание за чичкото-поочим и мајката-стрина и нивната лицемерност. Станува претпазлив, ги предвидува сите нивни чекори. Мудро ги елиминира неприијателите, раскрстува со лажното пријателство. Најпрво со Полониј-советник и наслушувач, но и таткотна неговата сакана Офелија, а  потоа и со  неговите пријатели Розенкранц и Гилдертерн.  Го уништува писмото во која чичко му ја нарачува неговата смрт. Во двобојот го ранува Лаерт, синот на Полониј и иако ранет го прободува  убиецот на татко му. Го убива со отровниот меч кој му беше наменет нему. Мајка му избезумена од настаните го испива затруеното вино.  На крај, паѓа и самиот умира од нанесените рани со отруениот меч. Омразата го зема својот данок. Омразениот чичко-крал и кралицата мајка-стрина завршија онака како што им пресуди Хамлет. Одмаздата е извршена, честа е спасена, платена со живот.

Хамлет, тој осамен борец го положи својот живот во темелите на новото општество. На тие темели, идните генерации ќе може да градат општество без лажен морал. Осамениот Хамлет и неговата желба за одмазда раскрстија со лажните вредности.

 
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2009 во 20:04
Па за почеток може ова
Оплакувањето на мртвиот јунак во поемите “Крвава кошула” и “Сердарот”
Најголемото мајсторско достигнување на секој поет е кога успесшно ќе навлезе во душевниот живот  и болката на своите херои и хароини. Прличев и Жинзифов, големите  македонски дејци го постигнаа токму тоа совршенство. Во своите грандиозни дела “Сердарот” и “Крвава кошула” ја опееја сликата на мајката тажачка и нејзиниот внатрешен трепет створен од смртта на синот единец.
Интересна е паралелата помеѓу Неда од поемата “Сердарот”  и мајката на Жинзифовата “Крвава кошула”  , две мајки во основа спротивни како ликови, а единствени во мајчината љубов и болка. Првата, Неда е мајка која во себе ја чувствува гордоста на слободољубивата личност, мајка што не може да ја задуши својата тага, но која влева дух на слободарство и несреќата ја соединува со страсната жед за слобода и борба за неа. Оваа мајка, хероина,  го воспитала својот син единец да биде народен заштитник, олицетворение на хероизам и добрина, јунаштво и чесност, прекален борец-сердар кој се подготвувал да ја одмазди смртта на татка си и невољите на својот народ. Неда, во овој сердар, пред чиј одар покажаа почит и неговите убијци, всадила   сила и моќ колку на десетмина, па и стомина други мажи- воини. Таа е горда и во  тажачката и пред душманите на нејзината прва и единствена рожба.
Втората, мајката од поемата на Жинзифов е обична реална мајка-робинка, која спротивно од Неда, го воспитувала своето чедо на покорност пред поробувачот, само и само да ја дочува својата глава. Го учела да се повие пред насилникот, да се  скрие пред налетот на бесот во име на најголемата драгоценост-животот. Но, на оваа мајка, чиј син  ги следел нејзините упаства, убеден дека ќе ја зачува најголемата драгоценост на семејниот живот и остана само сведоштвото и симболот на нанесеното зло. И остана крвавата кошула, тој крвен завет кој ја направи мајка тажачка која и со покорност  и робување не ја избегна судбината на поробениот и угнетениот.
Сугестивно и со перо на големи уметници, двајцата поети, преку ликовите на двете мајки ја опеваат несреќата што ги снаоѓала македонските мајки низ вековите. На широкот поетско платно го насликале тој живот, тие мајки. Мајки на страдања и болки. 

Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2009 во 20:07
За Бисерчеголемо%20гушкање
Споредба меѓу љубовта на Александар и Клеофила и Аксијана и Пор
Најпознатиот војсководец во историјата на светот, АлександарМакедонски даде повод за илјада митови. За него се напишани над милиони зборови. Неговите поданици, војници и непријатели го сметале за потомок на боговите. Се родил на денот на трите победи на неговиот татко и затоа никој не можел да го победи. Се гордеел со своето племенито македонско потекло и воинствено воспитување и гордо ја ширел елинистичката култура. Бил храбар војсководец, крал и визионер, легенда. Неговата храброст, амбиција била толку прочуена  што илјада портрети и кипови се обидувале да го овековечат. Магнетизмот со кој зрачел, по неговата смрт  ги побудила  неговите непријатели да ги уништат, да ја избришат трагата која на него потсетувала.
Во монументалната пиеса “Александар Македонски”,  перото на Жан Расин пишува за античкиот свет, за љубовта кон жената гледана од возвишениот престол на мажот, кој рамо до рамо со своите војници и пријатели владеел со пола свет. Опишувајки ги призорите, звуците и  мирисите на Индија, која блеска  на пладневниот припек, опишува две љубовни драми. Пред наши очи сликовито оживува Александар, неговите сојузници и непријатели, неговите поданици и милосници. Како романтичен младич го подари  срцето на Клеофила,убавата владетелка и сестра на раџата од Таксил .Оваа  источната  убавица, со очи како лични насилници,  го зароби неговото срце, го натера од непријател да и стане љубовник, да му роди син. Во настојување да ја обезбеди слободата на својата земја, да го зачува престолот на својот брат , оваа млада убавица се покори на љубовта на најхрабриот маж. Со гордост тој и го призна својот пораз, дека пред нејзината убавина  заборава на војничкиот строј. Оваа млада жена со огнена жар го слушаше љубовниот порој на големиот владар, иако другите мислеа дека ги предаде нив и својата земја. Ги избегнувала вешто политичките и војните замки на Аксијана и Пор чија љубов не била ништо помала. Аксија, таа достојна за љубов жена, го презирала Таксил, а го храбрела Пор.  Поразена, развластена и решена да го прифати последното понижување- да настапи како воен трофеј во Александровата триумфална поворка, замина  доброволно во Поровите прегратки.  Го храбреше да се бори, да избере храбра смрт отколку срамен пораз. По смрта на Таксил, храбро се соочи со омразата на Клеофила, но не отстапи.  Остана достојна во својата љубов кон саканиот маж. Љубов која ја благослови ина која и се восхитуваше и Александар.
Овој голем човек, кој во својата шеснаеста година и само што се замомчил бил поставент за регент  и чувар  на кралскиот печат, а  во дваесетата, со мудрост на искусен државник ја зел во раце кралската власт и кој се соочил со завист, лута омраза и огромни опасности од сите страни, ја разбра љубовта. Во бојните походи не потклекнуваше пред никого, но потклекна  пред очите на убавината на Индија. Нивната љубов служеше за пример кој го следеа позните Клеопатра и Јулие Цезар.
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2009 во 20:13
По овој принцип лесно се средуваат поетските творбинамигнување
Поетскиот збор на Кочо Рацин - Елегии за тебе
    Коста  Солев Рацин е роден во Велес  во сиромашно грнчарско семејство.Во родниот град го завршил основното образование. Поради  сиромаштијата на неговото семејство бил принуден да го прекине гимназиското образование  и да седне покрај грнчарското колце. Ноќе на светлото на свеќата читал и пишувал песни. Во својата поезија  пишува со силна врската меѓу социјалното зло и борбата за подобро иднина, а и за печалбарството. Народната поезија му била првата и главна литературна учителка. На народен јазик и  со велешки говор Кочо Рацин создаде песни кои оставија длабока трага . Најпозната е неговата стихозбирка “Бели мугри”. Посебно место во оваа стихозбирка е најпознатата  песна  “Елегии за тебе” . Во оваа песна доаѓа до израз јазикот на македонската народна поезија но и јазикот на уметничката поезија. Во композициски поглед е најсложена песна , додека во јазично-стилска   е најубава и најбогата. “Елегии за тебе”  е  напишана во дијалошка форма. Кочо Рацин  низ  шест песни води дијалог со гората, зората, водата, тешката судбина наработникот и со непријателот. Во песната има многу  епитети како што се: гора зелена, буки високи, сенки широки, вода студена. Во првата, песна е испеана довербата во гората низ  која шета и низ која се криеле многу јунаци.
Вчера си појдов, наминав
низ таја гора зеленаа!.
под тија буки високи
по ќилим сенки широки..
 Во втората песна поетот низ разговорот со зората се обраќа до поробителите:
Ископајте длабок бунар
извадете ладна вода
натопете лути рани
да не горат, да не болат!
Низ разговорот со водата во третата песна поетот го истакнува протестот против тешкиот и нечовечен живот:
Тече од векот вековит
и нова и се нова по нова,
тече, а тука маките
се стари и се постари...
Во четвртата песна пее за тешкиот живот на пролетерјатот:
Та човек од човек
да страда и тегне
и бега
од лулка  до гроб!
Петтата песна е продолжение на четвртата   и во  дирекно се обраќа до работникот и му вели:
Ти да знаеш, паметуваш
и ем да син а ум имаш-
работник си- и работник
ти паѓаш и се дигаш.
 Во шестата песна е даден контрастот на темнината и светлината, ропството и слободата.
Угаснете и светлини!
Мрак да биде- каракамен.
Коста  Солев Рацин, го положил својот млад живот за татковината.  Тој е поет, но и борец кој се борел  со оружје и со перото во рака. Со појавата на неговата стихозбирка “Бели мугри” се разбудија белите мугри на слободата.Им го отвори патот на сите идни поети. Со него почна развојот на македонската литература кој  остана до ден денес.

Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2009 во 20:17
Ајде уште овие...и за денеска достаголема%20насмевка
Црно семе- Ликот на Доне

    Барањето на  сопствениот  идентитет и крвавата борба за национално и човечко обезличување,  е изразна тематика и филозофска мисла во многу романи од минатото. И денеска,  ние сеуште  се бориме против отуѓувањето на човекот од неговиот национален идентитет како најжесток и најбрутален атак врз човечката личност воопшто. Човекот без идентитет всушност е подложен на ментално и психолошко разорување, на национално и социјално понижување како и на најмонструозна асимилација.
    Романсиерот Ташко Георгиевски со своето целокупно раскажувачко и романсиерско дело посебно во неговиот роман "Црно семе" ни дава едно потресно сведоштво за насилството, тоа ужасно средство што го создал разулавениот човечки ум, за да  обесчести, обесчовечи и обезличи друг човек само за да му го оспори  идентитетот.  Трагичната одисеја на егејските Македонци по граѓанската војна во Грција е трагичен од до пеколот. "Егеецот" е човек искорнат од својата земја, од својот национален и културен идентитет, од својот сопствен живот и фрлен во бескрајна празнина, во безмерна пустош. Одземена му е соптвенета егзистенција и фрлен како црно семе да 'рти во бездомност, во туѓина, во јабана, во лелек, крик и плач по родното огниште.  Монархистичкиот режим одвојува една "сомнителна " група војници на грчката армија, кои ги смета за комунисти и Македонци, обидувајки се од нив да изнуди признание дека се откажуваат од комунизмот и од својот национален идентитет. Бидејки тие одбиваат ги водат на еден пуст егејски остров, на едно ужасно мачилиште да ги скршат и да ги претворат во лојални поданици на кралот на Грција.
 Неколку офицери, подофицери и војници, своевидни садисти и манијаци, служејки се со монструозни методи на измачување сакаат да ја разорат нивната душа и нивниот ум. Во средина каде се одвива агонијата на човечката деградација, Георгиевски успева да оствари едно човечко трење, неможното да го направи можно.
 Страдалниците на овој роман во вителот на човечкото страдање, во пеколот на ужасниот масакар, се креваат во отпор кон злото, покажувајки големо човечко достоинство бранејки го својот идентитет. Се издигаат неколку впечатливи ликови: Доне,Христо, Марко, Нико и многу други низ кои авторот открива дека човечкото достоинство не може да го скршат никакви насилства, страданија. Доне е војник на кралската војска кој треба да потпиеше изјава дека му е лојален на кралот. Кога тој одбива е прогласен за виновен. Тогаш почнуваат неговите маки И страданија. Подложен е нна разни страданија И  го тераат да потпиеше изјава дека не е  комунист И Македонец. Доне , овој простодушен горд македонски селанец сфаќа дека со својот непокор го продолжува својот идентитет. Знае дека ако како Марко ја потпиеше изјавата ќе биде предавник. Знае дека ништо неможе да го испере срамот на човечкото морално паѓање кога ќе се предаде својата земја, бидејки со тоа се предаваат и сите идни поколенија. За него човекот треба да остане свој, да не си ја расипе душата, да не го потпиеше признанието на предавството, на откажувањето од своето. Смета дека треба стоички да издржИ, да не го обземе чувство на страв.  Несака да размислува за стравот дека нема да се врати во родното село, дека ќе ги остави коските на овој пуст остров. Напротив  се искалува, се челичИ, националноста негова го прави да биде појак, да не ги осудува оние послабите кои попуштаат, кој потпиешуваат изјави.
    Основниот судир кај Георгиевски се крева на ниво на судир меѓу доброто и злото, насилството и отпорот, љубовта и омразата, храброста и страшливоста, подлоста и херојството, темната и светлата страна на животот. Романот "Црно семе" преставува безвременски патоказ на возвишен отпор кон силите на злото, кон силите што се стремат да го понижат човекот кој се бори да го сочува и одбрани својот изворен, национален и човечки идентитет. Овој безвремен патоказ го прави Доне лик кој треба да биде пример, кој треба да се памети И следи. 


Ликот на Велика

Како што троскотната трева пиреј е истрајна, неуништива И издржлива, така е истрајна, издржлива И неуништива македонската жена.Пирејот е троскот кој колку сакаш можеш да го кубиш, корнеш, но неможеш да го уништиш. Тој чим ја допре земјата пак се фаќа, оживува, потерува. Ништо не ја ништи тааа трева.
    Во романонот Пиреј, Петре М. Андреевски македонската жена ја споредил токму со пирејот. Оваа жена не се ништи, не се истребува. Таа после сите страдања И маки повторно оживува, потерува, раѓа. Таа е мајка која како Велика истрајува пред силите што сакаат да ја искорнат рожбата што таа јар аѓа, чува, се гижИ за неа, ја сака. Судбината на оваа жена е лична, семејна но И колективна.Велика, селска девојка со голема морална чистота, патријархално воспитана, сериозна И работлива, издржлива личност која не умее или несака своите емоциии да ги разоткрие, да ги покаже пред другите.Како И секоја девојка од тоа време ја крие својата заљубеност И се мажИ со стројници. Се заљубува во убавиот И стоен Јон, се мажИ за него И како млада родилка го испраќа на фронт. Останува со своите пет дечиња сама, без заштита. Како типична македонска мајка се грижИ за нив, се справува со сите маки ипроблеми. Го носи товарот на плеки го живее македонското воено секојдневие. Ја живее стварноста на туѓата војна на македонското тло. Се мачИ, страда но не офка не се жали. Можеби затоа животот ја казнува. И умираат сите пет деца. Ги закопува во со крв натопена земја. Едно сабајле, едно навечер. Болката по умрената рожба И ја кине утробата, ја исполнува со неизмерна болка, тага. Маченичките доживувања ги живее во исчекување на мажот. Се надева дека барем тој ќе се врати жив, ќе ја утешИ, ќе ја сподели болката со неа. Но од фронтот се враќа пијаница, човек кој ја тепа И понижува пред сите. Човек кој се измачува од доживувањата во туѓата војна. Човек кој се јади заради страдањата што ги видел. Бесот на немоќта го истура врз Велика. Нејзината болка се наталожува, зголемува. Умира И тој кој толку долго го чекаше да се врати.
    И на крајот на тунелот бликнува светлината на иднината. Во нејзината утроба расте посмртчето на Јон. Го раѓа своето шесто дете Роден. Јар аѓа својат а светла перспектива во сета мачна И темна трагика на животот. Оваа издржлива, неуништива жена со издржливо срце ја доживува повторната среќа. Жената со длабоки мајчински чувства, трагичн пресврти во личната И семејната среќа, како пирејот пак се фаќа, потерува, оживуваа. Станува неуништива. Смогнува сили, го совладува очајот, ја разбира смислата на опстојувањето, ја разбира иднината. Тргнува во живот, во нова иднина заедно со својот Роден.







Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2009 во 20:18
Пробај нешто и од оваголема%20насмевка
Константин Миладинов
Младоста не секогаш се помирува со животните вистини и во тоа е нејзината сила. Таа  им дава сила на поетите за полет, за инспирација, за верба во иднината. Таа им овозможува да се ослободат од црните мисли кои им тежат, кои ги мачат и кои понекогаш им ја затемнуваат светлината на животот. Во таква душевна состојба , во копнеж по идилична среќа се раѓаат песните. Со таква младелешка полет, но и обземен со црни мисли далеку во далечната Русија бил и нашиот Константин Миладинов кога ги напишал најубавите бисери на македонската поезија и на литературата воопшто.
За да се зборува подвоено за Константин Миладинов е многу тешко бидејки целокупниот негов развој и неговата творечка активност е поврзана со неговиот брат Димитар. Димитар му бил учител, му помогнал да ја заврши гимназијата во Јанина, му го отстапил своето учителско место во селото Магарево, го вовел во творечката дејност. Читајки ги и редактирајки ги народните умотворби кој неговиот неуморен брат ги собирал, Константин    ги впил во себе и во себе  развил неисцрпна љубов кон поезијата. Константин Миладинов несомнено е првиот вистински уметнички поет на Македонија. Поаѓајки од фактот дека првите стихови во македонската литература се напишани на народен јазик и имаат историско значење, стиховите на Константин Миладинов се први кои во себе содржат и уметничко значење. По угледот на народната, тој успеал да создаде таква поезија, оригинална по дух, современа по тематика и издржана по форма и да и даде трајна вредност.  Како што спомнав,  своите први песни ги напишал далеку од саканата татковина, во туѓина каде се чувствувал осамен, тажен и туѓ и во  нив ја опеал токму тагата за својата земја.  Таму, далеку во суровата, намрштена северна природа во  него се буди копнеж кон сончевите и светли јужни предели. Будниот поетски дух, во ноките кога се живо  спие, потонува во спомените од детството, во прошетките со врсниците  на месечина покрај езерото, на младешката љубов, го пишува тоа со болен извик да го чујат, да го разберат, да не го заборават.
 Иако не се многубројни неговите песни се звучни, јаки со сета силина на чиста лирика. Прераната смрт ја прекратила младешката бујност. Сепак во 15 стихотворби кои ги оставил зад себе можеме да ги доживееме длабочините на  чувства кои го обземаа поетот.  Една од  основни теми во неговата поезија е тагата по родината. Но, пишувал и за љубовната опијанетост,    убавината што ја носи во себе младешката љубов. Се обраќа со реторички прашања саканата Бисера да не го покрива вратот со бисери, бидејки тој несака да бакнува бисери туку белото убаво грло .  Во копнежот по родниот крај, по идиличната среќа во минатото, неоднесено од горчливите прашања во секојдневниот живот, се раѓа најсилната и најубава песна  Тга за југ. Читајки ја се чувствува силниот копнеж по родниот крај, во земјата во која сонцето светло грее, каде небото звезди посева. Ги бара орелските крилја, да ги вметне и да летне далеку од руската ладна зима.Со јаки компарации ја дочарува саканата татковина и таа добива натприродна светлина и убавина. Јарките бои на топлината му се движат пред очите и го греат во суровата московска средина.
За жал поетот не успеал да се израдува на светлата зора, бистрите води езерски, боженствената хубавина. Не го дочекал враќањето во светот на родното огниште во кое владее душевен мир и спокојство.  Мрачните цариградски зандани беа  нештата што поетот ги гледал во последните денови од животот. Не дочекал таму со кавал да свири, сонцето да зајдвит, тој да умира. Умрел во студените и темни зандани.



Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2009 во 09:04
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

...  Во копнежот по родниот крај, по идиличната среќа во минатото, неоднесено од горчливите прашања во секојдневниот живот, се раѓа најсилната и најубава песна  Тга за југ. Читајки ја се чувствува силниот копнеж по родниот крај, во земјата во која сонцето светло грее, каде небото звезди посева. Ги бара орелските крилја, да ги вметне и да летне далеку од руската ладна зима.Со јаки компарации ја дочарува саканата татковина и таа добива натприродна светлина и убавина. Јарките бои на топлината му се движат пред очите и го греат во суровата московска средина...

Мислам дека токму овде е моментот да го искажам мојот став околу мотивот на К. Миладинов за пишување на неговата песна Т’га за југ.
Дали под „југ“ тој навистина мислел, копнеел по неговиот роден крај, за неговата татковина Македонија? Иако тој чезнее за Стамбол (кој не е во МК) за Кукуш, за Струга, за Охрид, за езерото ... сепак, ако секој внимателно ги прочита стиховите од втората строфа, би рекол дека тоа не е случај. Тој не чезнее за Македонија од некакви патриотски, родољубни побуди, туку едноставно сакал да оди некаде каде има светлина, каде Сонцето грее, каде има ѕвезди ... а дали е тоа Македонија или друга земја - не е важно, тој „на п’т далечен ќе се стегне, и в други страни ќе си побегне“...
Т'ГА ЗА ЈУГ

Орелски крилја как' да си метнех,
И в наши ст'рни да си прелетнех!
На наши места ја да си идам,
Да видам Стамбол, Кукуш да видам,
Да видам дали с'нце и тамо
Мрачно угревјат, како и вамо.

Ако как' овде с'нце ме стретит,
Ако пак мрачно с'нцето светит;
На пат далечни ја ќе се стегнам,
И в други ст'рни ќе си побегнам,
К'де с'нцето светло угревјат,
К'де небото ѕвезди посевјат.

Овде је мрачно, и мрак м'обвиват,
И темна м'гла земја покриват ;
Мразој и снегој и пепелници,
Силни ветришча и вијулици,
Околу м'гли и мразој земни,
А в гр'ди студој и мисли темни.

Не, ја не можам овде да седам,
Не, ја не можам мразој да гледам!
Дајте ми крилја ја да си метнам
И в наши ст'рни да си прелетнам;
На наши места ја да си идам,
Да видам Охрид, Струга да видам.

Тамо зората греит душата,
И с'нце светло зајдвит в гората ;
Тамо дарбите природна сила
Со с'та раскош ги растурила:
Бистро езеро гледаш белеит,
Или од ветар синотемнеит;
Поле погледниш или планина,
Сегде божева је хубавина.

Тамо по срце в кавал да свирам,
С'нце да зајдвит, ја да умирам.



Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2009 во 11:58
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

 

Мислам дека токму овде е моментот да го искажам мојот став околу мотивот на К. Миладинов за пишување на неговата песна Т’га за југ.
Дали под „југ“ тој навистина мислел, копнеел по неговиот роден крај, за неговата татковина Македонија? Иако тој чезнее за Стамбол (кој не е во МК) за Кукуш, за Струга, за Охрид, за езерото ... сепак, ако секој внимателно ги прочита стиховите од втората строфа, би рекол дека тоа не е случај. Тој не чезнее за Македонија од некакви патриотски, родољубни побуди, туку едноставно сакал да оди некаде каде има светлина, каде Сонцето грее, каде има ѕвезди ... а дали е тоа Македонија или друга земја - не е важно, тој „на п’т далечен ќе се стегне, и в други страни ќе си побегне“...



[/QUOTE]
Миладинов преку компарации се надева дека во својата земја се надева дека сонцето ќе свети (дека ја огреала слободата) но ако пак мрачно с`нцето свети (значи ако продолшува тиранијата од оние од кој побегнал и од кој народот страдал) тој пак на пат далечен ќе замине некаде каде има слобода. Јасно е дека Миладинов преку описите на временските непогоди пишува за неговите згаснати надежи за помош од оние во кои се надевал, каде дошол да му помогнат да го издаде зборникот и каде требало македонскиот јазик да биде признат како посебен јазик. А заминувањето во Стамбол  е со една единствена цел, во Стамбол се кроела судбината, ферманите добиени од таму значеле слобода или паѓање во зандани. Жалосно е што во желба за негирање на македонската нација се инсинуира (само заради неговото влашко потекло по мајка)  предавство,  шпиунска дејност. Обидите се смешни и безуспешни бидејки неговата поезија е патоказ по кој се трасирала поезијата на сите понатамошни македонски дејци како Рацин, Неделковски и многу други.
Кон врв
betii Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај betii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2009 во 17:35
    Чорбаџи Теодос        - кратка содржина


Станува збор   за класична комедија на интригата , што ќе ја инсценира итроманот Арсо за да го исмее градскиот угледник, чорбаџи Теодос со тоа што ке го стори цигански кум . Комедијата е составена од три чина . Првиот чин е остварен како експозиција на драмското дејство и се случува во домот на чорбаџи Теодос. Вториот чин го донесува заплетот на интригата на Арсо и се случува на патот кон лозјата   на Водно. Третиот чин ја достасува својата кулминација   и комедиографскиот расплет   со интригата на Арсо . Во експозицијата чорбаџи Теодос се опишува како лик пред кого сите домашни живеат во страв , и кој ќе биде пречка за бракот помеѓу неговиот син Томче и самарџиската ќерка Стојанка ( бидејќи на девојката и видел кал под ноктите ) . Токму тука се открива господска напернатост   во однос на
    помалите   луѓе од него. Тој исто така е опседнат со помислата дека н екој или нешто може да го сивалка него или дел од неговата облека . Токму затоа , авторот   во третиот чин , под стапица на интрига на Арсо и народните обичаји, го претставува чорбаџи Теодос одеднаш наспроти својата волја и притиснат од народните обичаји да биде цогански кум во семејството на Циганот Поцко. Како што се обичајите , првиот што ќе ги пресретне циганите излезени на патот со бебето во раце - тој ќе биде кумот , а Арсо и семејството се договориле тоа да биде чорбаџи Теодос . Арсо го доведува комедиографскиот расплет и го ослободува чорбаџи Теодос од обврската на кум. Кумството го презема неговиот син Томче , а за возврат добива благослов од татка си да ја побара Стојанка за жена . Исто така и итроманот Арсо е ослободен од својот долг кон чорбаџи Теодос .
Кон врв
ankii Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 30
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ankii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2009 во 18:04
леле Mona Liza и јас ова го најдов...засега имам многу малце напишано еве дел



Григор Прличев е еден од најпознатите поети а воедно и преродбеник кој творел во 19 век. Тој со ниско образование и во тешки услови ги пишувал неговите дела, иако се малку но затоа се безценети.
     Во оваа поема, писателот Григор Прличев го искажува тешкиот и макотрпен живот на Кузман Капидан и неговата мајка Неда. Еден од главните ликови, старата мајка Неда, живее тежок и макотрпен живот. Таа е мајка на еден од најголемите јунаци во тогашна Македонија. Неда, која замислено седи на прагот од куќата и го очекува својот син да се врати од планина. Гегите го носат мртвиот Кузман и се слушаат "пискотници од Галичник во Река". Силната и храбра мајка Неда која нестрпливо го очекува Кузман да се врати и кога ги слуша пискотниците се запрашува што се случило, а веднаш потоа помислува и на најлошото. Четворица Геги го донесуваат мртвото тело на Кузман во куќата, и тензијата на Неда прераснува во меланхолично оплакување на синот. Таа сака да им се одмазди на оние што го убиле, но сепак вели дека сеуште не е момент. Самите Геги кои заедно со разбојникот Махмуд го убиле Кузман, со восхит и почит раскажуваат за неговото јунаштво. Тие и велат на Неда дека везден и да плаче, тој нема да се врати, но сите ќе се сеќаваат на неговите дела. Таа со сиот свој гнев, лутина и жал ќе ги избрка своите соседи за да биде сама со својот храбар и незаборавен син Кузман.

Изменето од ankii - 25.Март.2009 во 18:04
Never be afraid to Dream... Live... Love and Laugh. Be afraid not to!!!
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2009 во 18:21
ај мајко мила нерасонета...не допиено кафе ...тага Луѓе...човек од магаре паѓа па малку одмараизненадување
--------------------------------------------------------------------------------------------
Белата долина-Симон Дракул
Разработка преку ликот на Змејко
Можни наслови: Во долината на белата ноќ
Психолошките тегоби на Змејко во долината
Романот "Белата долина" на  Симон Дракул спаѓа во реалистички романи. Во него на многу реалистичен начин ни е опишана повоената стварност. Многу реално ни  е претставена колективизацијата   на нашите села и задругарството на нашите селани. Задругарството било проблем со кој селаните се соочувале, го прифаќале доброволно или под присила. Многу од нив влегувале во задругите, а потоа се разочарувале, се повлекувалево себе. 
Црвенокосиот, со здравје на бог, селанец Змејко е токму таков човек. Сиромашниот селанец, како и многу други пред револуцијата бил принуден да оди на печалба. Ја доживеал судбината на испраќањето, печалбарењето и враќање од печалба без да спечали доволно пари за живот. За време на војната, со надеж за подобар живот по ослободувањето, се вклучил во партизанските одреди. По ослободувањето останал во родното село со надеж дека ќе започне нов, подобар живот. Во неговите мисли се вртела недоверба кон луѓето кои биле на раководни функции. Но и покрај недовербата, се зачленил во задругата, го смешал својот со задружниот имот. Бил поставен за бригадиер на градежната бригада. Со својата чесност бил пример за другите селани кои го следеле и станувале задругари.Конфликтот со претседателот, предвоениот крадец по име Штука,  го тера Змејко да се повлече, да бега од нечесните работи.Се ставил себеси во изолација да се заштити од разновидните деформации и човечки бездушија.Полесно му било да се справи со снежните виулици, крвожедните шумски животни, гладта отколку со  неморалите Претседателот и Језикил. Гласно си зборувал:
     " Па тој мене ме тера да помислам дека сите луѓе од секогаш краделе,...Скоро заборавам дека може да се живее единствено од трудот на своите раце и да се биде мирен и задоволен"
Си зборувал, размислувал за време на  својата едномесечна одисеја во завеаните и безизлезни снежни белини на Белата долина. Гладен, изнемоштен се борел со тврдите и дебели трупци во планината без да се предаде. Во борбата  со глутницата волци, се исплашил од самотијата. Изгубен, физички исцрпен, беспомошен почнал да вика, да рика, да бара помош, излез од самотијата:
"Дај луѓе. Дај ги, па нека крадат ако сакаат. ..
Болниот крик на Змејко ја потврдува човековата немоќ, немоќта на поединецот во борба против превеаните, искалени крадци. Тој крик го искажува поразот на поединецот и разбирањето дека силата е во дрижбата. Само сите заедно, човекот со другите луѓе се моќни да ги победат човечките деформитети. Тој крик го тера да признае дека определувањето на  "линија на помал отпор" не носи решение на проблемите, но и да свати колку е мал човекот пред силите на природата. Проблемот на социјалистичката  преобразба на нашето село и прифаќањето  на  задругарството од селанецот , се претворил во проблем, во човеково неспокојство. Човековото неспокојство довело до повлекување, оттуѓување, бегство, изолација, осаменост и други психолошки состојби.
 Белите ноќи во долината го натерале да се врати назад, меѓу луѓето, заедно со нив да се бори против злото кое се стремело да им ја одземе човенштината
Белата долина-Симон Дракул
Разработка преку ликот на Змејко
Можни наслови: Во долината на белата ноќ
Психолошките тегоби на Змејко во долината
Да се зборува за Симон Дракул и неговата раскажувачка вокација несомнено се зборува за Белата Долина. Во овој реалистичен роман покрај со ликовите се среќаваме со описите на природата, спојот меѓу планината и човекот, но и со македонското село во еден повоен период, кој наликува на навидум стивнат вулкан пред ерупцијата на социјалните, моралниуте и психолошките татнежи. Ова ерупција произлегува колективизацијата   на нашите села и задругарството на нашите селани. Задругарството било проблем со кој селаните се соочувале, го прифаќале доброволно или под присила. Многу од нив влегувале во задругите, а потоа се разочарувале, се повлекувалево себе. 
    Централниот лик Змејко, предвоен печалбар, партизан, па задругар се кршел, се преломувал пред реалноста. Желбата за доброто утре ја гледал во задругата, но не и во луѓето кои ја воделе задругата. Превејаните предвоени крадци Штука и Језикил, сега партиски и задружни раководители му го мателе умот. За Змејко основна работа била  да остане чист, да го зачува својот корен. Неговиот корен бил впиен длабоко во карпестата планина, го крепел својот труд со сета почит кон работата наследена од неговиот дедо Ристан. Неговиот корен растел заедно со судбината на многу негови соселани. Маката заедно ги носела на печалба, ги вратила назад, ги собрала да ја градат слободната земја. Но, како грамадни столбови пред него застанувале луѓе кои во себе носат нешто темно и го урнуваат идеалот за човекот и човечноста. Претседателот и бригадирот Језикил постоеле околу него како бран нечист воздух кој го задушувал. Се плашел да не се зарази од оваа нечистотија. Со целото свое суштество се борел против таа леплива расипаност, пред крадењето на заедничкото.
    " Па тој мене ме тера да помислам дека сите луѓе од секогаш краделе,...Скоро заборавам дека може да се живее единствено од трудот на своите раце и да се биде мирен и задоволен"
Размислувал така, па бега во самотија, во изолација. Го барал својот мир во Белата Долина.  Како испосник и искушеник, сам со својата совест водел митска борба за да дојде до вистината. Белата Долина е амбиент во кој сам и се спротиставува на целата природа, на снежните виулици, таа  наликувала на чистилиште низ кое морал да помине за да може да се врати назад и да се фати со проблемите кои го јадале одвнатре.  Се судрил со мечка, со глутница волци, со рис. Сите тие како да земале по дел од неговата сила. Но спасувањето на малото јаре, враќањето од смртта на тоа беспомошно мало суштество како да му дава сила. Во него се раѓа желбата покрај себе да има човек. Враќајки се кон селото, низ длабокиот снег, по угорнината го здогледал стариот волк изгонет од глутницата. Се препознал себеси, но место да се врати назад во самотијата грабри храбро напред кон луѓето.
Ги напуштил белите ноќи во долината и се вратил назад, меѓу луѓето, заедно со нив да се бори против злото кое се стремело да им ја одземе човенштината. Само заедно се јаки. Само заедно ќе се заштитат од заразата која се шири од нечесните, арамиите.



Изменето од mamamd - 25.Март.2009 во 18:23
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 113>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,164 секунди.