IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Универзален Живот - Прахристијани
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Универзален Живот - Прахристијани

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 26>
Автор
Порака
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2008 во 05:59
Во што прахристијаните
не веруваат:



Ние не веруваме дека Светиот Дух е личност.


Ние не веруваме во Бога кој казнува.


Ние не веруваме дека Бог ја создава душата дури при зачнувањето на детето.


Ние не веруваме во место, коешто се означува како пекол, ниту во вечно проклетство.


Ние не веруваме во воскреснување на телото од месо.


Ние не веруваме во натприродно зачнување преку Светиот Дух.


Ние не веруваме во телесно примање на Марија во Небото.


Ние не веруваме во една Црква која самата би нè направила блажени.


Ние не веруваме во институција Црква, било како таа да се нарекува.


Ние не веруваме во догми, сакраменти и култови.


Ние не веруваме дека само преку верување – без исполнување на Заповедите Божји – се станува блажен.


Ние не веруваме дека Бог може да се најде вo куќи од камен, оти секој човек е храм Божји.


Ние не веруваме во крштевање на доенчињата оти самиот Исус говореше: „Прво поучувајте, а потоа крштевајте„ .


Ние не веруваме дека при вечерата се потребни посветени лепчиња и вино; Исус со Своите апостоли зеде едно едноставно јадење и, по смисла, рече: правете го ова во спомен на Мене.


Ние не веруваме во „Светиот отец„ , папата ниту во хиерархијата и титулите на кардинали, бискупи, попови и свештеници. Во Библијата, во која што црковните христијани дословно би требало да веруваат, стои: „Исус рече: А вие не треба никого на Земјата да го нарекувате ваш отец; оти еден е ваш Отец, Кој е во Небото... Оти, кој самиот себе се возвишува, тој ќе биде понижен; кој самиотсебе се снижува, тој се возвишува. „ Библијата, во која црковните христијани веруваат, самата дава одговор зошто ние не веруваме во титули, како што се кардинали, бискупи, свештеници и слични на нив. Таму стои: „...Фарисеите ... ги испратија кај Исуса своите ученици заедно со луѓето Херодови. Тие рекоа: Учителу, ние знаеме дека Ти Си вистинскиот и правилно поучуваш за патот Божји и за никого не прашуваш; оти за Тебе не е важен угледот на луѓето. „


Ние не веруваме во непогрешливоста на еден човек.


Ние не веруваме во светци.


Ние не веруваме дека преку таканареченото помазание на болните („последно помазание„), или преку исповедта на смртната постела можат во последната минута да бидат поништени сите гревови.


Ние не веруваме во простување на гревовите преку свештеници.


Ние не веруваме во предмети посветени од свештеници.


Ние не веруваме дека преку еден манастирски живот и преку бегање од своите солуѓе може да се најде Бог.


Ние не веруваме во аџилак и места на аџилак.


Ние не веруваме во поклонение пред реликвии и слики.


Ние не веруваме дека преку добивање на црковно опроштение може да се откупи вината.


Ние не веруваме дека преку завештание на свеќи и палење на свеќи, или преку пари, може да се напредува кон срцето Божје.


Кој Го љуби Бога, вечниот Татко, и Христа, Неговиот Син, тој го прави она што Бог сака, а не она што сакаат луѓе.


Со ова го претставив верското и животното убедување на прахристијаните во духовната заедница Универзален живот.
Секој може да го прочита и слободно одлучи самиот за себе дали ова верување ќе го отфрли или прифати.


Изменето од Majkl - 29.Декември.2008 во 10:04
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2008 во 17:37
He, he, he... inteligenten chovek si Majkl.

Da gi napisheshe ovie raboti ushte na prviot post od ovaa tvoja tema ke te rastrgnea za eden den i ke otideshe kompletno zaboraven vo istorijata na ovoj podforum. Vaka, izneseno posle seto ova vreme na druzhenje, ja tempira prezentacijava onaka za da bide nesomneno razbrano deka doagja od chovek koj bezrezervno veruva vo Isus...

Ne znaev deka vo osnova sme imale tolku slichni sfakjanja za ovie raboti. Najgolemata razlikata e samo sto jas sum poglasen od tebe.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2008 во 01:46
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

He, he, he... inteligenten chovek si Majkl.

Da gi napisheshe ovie raboti ushte na prviot post od ovaa tvoja tema ke te rastrgnea za eden den i ke otideshe kompletno zaboraven vo istorijata na ovoj podforum. Vaka, izneseno posle seto ova vreme na druzhenje, ja tempira prezentacijava onaka za da bide nesomneno razbrano deka doagja od chovek koj bezrezervno veruva vo Isus...

Ne znaev deka vo osnova sme imale tolku slichni sfakjanja za ovie raboti. Najgolemata razlikata e samo sto jas sum poglasen od tebe.


Temata e Univerzalen Zivot-Prahristijani, zaednicata na Majkl i toj ovde gi iznesuva negovite veruvanja bez da omalovazuva nekoj.

Toj sekogas kazuva " spored ucenjeto na nasata zaednica" i slicno, toa e primer na megjuverska kultura i razbiranje.

Te pocituvam Majkl zaradi toa , zatoa sto gi pocituvas najosnovnite tocki od Deklaracijata za Covekovi Prava, a toa e sloboda na mislenje i veroispoved bez napaganje na verskite cuvstva na drugite.

Jas na pr. ne se slozuvam so ucenjeto na tvojata zaednica, no nikogas nema da te navredam i da ti recam eretik si ili Gabriele e lazen prorok.

Ako na primer me prasas zosto ne se slozuvam so nekoe ucenje od tvojata zaednica, togas jas ke kazam vaka i vaka ....spored moeto mislenje ...

A ima i nekoi raboti sto gi kazuvas sto se isti so moite veruvanja...

Rekov,imam i prijateli muslimani so koi mnogu dobro ziveam ama so pocit razgovarame edni so drugi i razmenuvame mislenja,ponekogas imame i mnogu zaednicki raboti so koi se slozuvame. Bozjata semoknost, dobrina, mudrost , ljubov i pravda, deka Bog e eden itn.

Nikogas ne sum rekol nesto za Muhamed loso, na primer iako im kazuvam deka k*ranot e interesna kniga ,sepak jas potenciram deka veruvam vo Biblijata.
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2008 во 02:44
Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:


Temata e Univerzalen Zivot-Prahristijani, zaednicata na Majkl i toj ovde gi iznesuva negovite veruvanja bez da omalovazuva nekoj.

Toj sekogas kazuva " spored ucenjeto na nasata zaednica" i slicno, toa e primer na megjuverska kultura i razbiranje.

Te pocituvam Majkl zaradi toa , zatoa sto gi pocituvas najosnovnite tocki od Deklaracijata za Covekovi Prava, a toa e sloboda na mislenje i veroispoved bez napaganje na verskite cuvstva na drugite.

Jas na pr. ne se slozuvam so ucenjeto na tvojata zaednica, no nikogas nema da te navredam i da ti recam eretik si ili Gabriele e lazen prorok.

Ako na primer me prasas zosto ne se slozuvam so nekoe ucenje od tvojata zaednica, togas jas ke kazam vaka i vaka ....spored moeto mislenje ...

A ima i nekoi raboti sto gi kazuvas sto se isti so moite veruvanja...

Rekov,imam i prijateli muslimani so koi mnogu dobro ziveam ama so pocit razgovarame edni so drugi i razmenuvame mislenja,ponekogas imame i mnogu zaednicki raboti so koi se slozuvame. Bozjata semoknost, dobrina, mudrost , ljubov i pravda, deka Bog e eden itn.

Nikogas ne sum rekol nesto za Muhamed loso, na primer iako im kazuvam deka k*ranot e interesna kniga ,sepak jas potenciram deka veruvam vo Biblijata.

Ма не е проблем и да кажеш дека за тебе учењето кое јас го презентирам е ерес или лажно пророштво, но треба да се биде фер и да се додаде: „според мене и/или православната, католичката, баптистичката и тн. црква„ или „според моето разбирање на Библијата или Quranот„ „тоа не може да биде така зашто таму и таму пишува така и така.„ Тогаш е о.к. Проблемот се јавува кога се шири клевета - да се припише нешто некому што никогаш не го кажал на пр. членовите на форумот идивиди се изманипулирани од администраторите кои ги тераат на дрогирање или масовно самоубиство, и при тоа да се наведуваат секакви „извори„ а при тоа да не се даде право на самите членови на форумот и администраторите да се искажат за спомнатото, или и покрај нивните укажувања да се тера понатака со клеветите.

Една друга работа... која можеби понекој ја забележува во моите постирања и особено во репликите е дека одбегнувам ширење на дискусија. Имено јас верувам(произлегува од моите верски убедувања исто така) дека нема многу фајде од дискусии каде соговорниците се обидуваат еден на друг да си го наметнат мислењето за светата „вистина„ користејќи го потенцијалот на својот интелект кој пак се изразува низ реторичките вештини и сл. За нас прахристијаните оној кој сака упорно да убедува открива многу за себе, но за жал ништо доблесно. За нас тоа е облик на кршење на божјата заповед „Не кради„ - крадење на енергијата и времето на ближните.

Наспроти тоа, широко стојам на располагање за дијалози од информативен карактер. На пр. дали вие прахристијаните верувате во безгрешното зачнување на Марија? или Зошто симбол на исламот е месечината? или Дали член на масонска ложа може да биде и крстен верник во православната црква и да прими причест? и тн. и тн... без при тоа да се ставаат во зајадлив контекст како „А од кај ти тоа, ај живти се, знаеш дека бла бла?„ - очигледно тие прашања не се од информативен карактер, целта е нешто друго.
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2008 во 03:00

Ne, ne kazuvam eres ili lazno prorostvo bidejki toa e navreda za tvoite verski cuvstva.

Pomina Sredniot vek i palenje na vesterki i eretici.

Ako ne sakas da te ubeduvam, veruvaj si vo toa sto mislis deka e ispravno. Na krajot, Bog e onoj koj ke ni sudi.

Ne smeeme da se stavame vo uloga na sudii i klevetnici, toa samiot Isus ni go zabranuva(Matej 7:7)

Jas mozam samo da ti kazam, Majkl, spored Biblijata vaka i vaka stojat rabotite, a tvoe e dali ti toa ke go prifatis ili ne...Pozdrav Majkl!
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2009 во 08:17
Ја проследувам Новогодишната порака на прахристијаните до луѓето низ целиот свет.

Во Новата Година со Христа
Новогодишна порака



Што е посилно од љубовта Божја?
Што прави послободен од љубовта Божја?
Што е поусреќувачко и поубаво од љубовта Божја?

Кој или што дава сигурност во овој свет?
Љубовта Божја!

Кој или што дава заштитеност во овој свет?
Љубовта Божја

Сврти се, о човеку, кон Царството на Внатрешното.
Стани храм Божји, тогаш ти ја држиш најголемата среќа
во твоите раце за Новата Година.

Тоа зрачи од тебе кон надвор:
Љубовта Божја, Божјата слобода, Божјата заштитеност и
сигурност преку Бога.
Христос е во тебе и со тебе!



Тоа го посакуваат прахристијаните на сите луѓе -
на сите браќа и сестри на Земјата.

Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2009 во 11:19
Вчера, на 6-ти јануари 1975 година се навршиа 34 години од продорот на внатрешната Реч. Габриеле од Вирцбург тогаш за прв пат во својот овоземен живот го чу Христовиот глас во своето внатрешно. Неколку дена подоцна Тој и објасни: „Јас Сум кој Јас Сум од вечноста во вечност. Јас, кој Јас Сум, ќе направам да се образуваш како Моја пророчица за овој свет, за сите народи на оваа Земја. Јас го поставив до тебе Мојот служител, едно божествено битие, херувимот на Божествената Мудрост. Тој ќе те подготви и ќе ти покаже како можеш Мојата Реч сé повеќе и повеќе, и сé подлабоко да ја примиш.„

После неколку месеци, објавите кои постепено стануваа се` позачестени, беа примани и изговарани во еден потесен круг на луѓе. Во јануари 1977 година откровенијата во живо преку Габриеле можеа да се чујат пред пошироката јавност. Многумина од тие откровениа беа бележани на аудио лента и делени понатака. Постепено во надворешното настана „Исус Христовата мисија за водење во Татковината„ која неколку години подоцна прерасна во „Прахристијанска заедница - Универзален живот„.

Изменето од Majkl - 11.Јануари.2009 во 10:17
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2009 во 15:06
Во поголемиот дел од христијанскиот свет беше, а во некоие земји токму сега е Божиќ. Многу е важно кон каков Божиќ ние луѓето стремиме. Надворешен, оној традиционалниот кој секоја година се повторува во својот монотон сјај и материјална веселба или внатрешен, продуховен.

Христос 1996 година низ пророчката Реч ни даде едно битно упатсво за внатрешниот Божиќ. Тој во своето откровение преку пророчицата за денешно време објави:

„Вие луѓе на сите народи од ова време: Ги отворивте ли јаслите на срцето? Што е за вас Божиќ? Носите ли мир во срцето, тогаш ја имате љубовта Божја во своите срца и вие сте во слога со луѓето околу себе. А како е во христијанството? Христијани се борат против христијани. Христијаните го ставаат воениот ремен на кој виси оружјето. А Јас ве учев да го облечете појасот на мирот и љубовта, пораката на љубовта и мирот да ја носите во целиот свет...„

Духот на Христос Божји говореше понатака:

„О, човеку, било да си тука или таму, види: Твоето срце е одлучувачко. Кога ги праќаш своите позитивни, поврзувачки мисли, тогаш таму е тука, во твоето срце. Каде и да се наоѓаш, ти можеш да му простиш на својот ближен и да го молиш за простување: Стори го тоасекогаш во своето срце. А тоа кое си го предизвикал, повеќе не го повторувај. Тогаш ќе почнеш да љубиш. Тогаш ќе го доживееш внатрешниот Божиќ и ќе му благодариш на големиот Дух! Тогаш твојот божиќен празник е празник на благодарност.„


Нека во многумина никне внатрешниот Божиќ кој ни носи безброј духовни дарови од Небесата!
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2009 во 18:52
ПРАХРИСТИЈАНСКА ЗАЕДНИЦА - УНИВЕРЗАЛЕН ЖИВОТ


Универзален живот е динамична прахристијанска верска заедница раширена во бројни земји низ целиот свет, првобитно основана под името „Исус Христова мисија за водење во Татковината„ во јануари 1977 година во Германија. Подоцна, во годината 1984 прерасна во духовната заедница Универзален живот*(германски: Universelles Leben).

ПРОРОЧКАТА РЕЧ

Прахристијаните веруваат дека Исусовите зборови од Новиот завет: „Уште многу имам да ви кажам но тоа сеуште не можете да го носите. Но кога ќе дојде Тој, Духот на вистината, ќе ве воведе во целата вистина„ Евангелие според Јован 16:12 се остваруваат токму во денешното време на големи промени.
Тој говорел преку просветлени мажи и жени со налог да ја пренесуваат неговата света Реч т.е. пророци и пророчици во сите времиња(на пр. Хилдегард Бингенска, Џироламо Савонарола, Емануел Сведенборг, Јакоб Лорбер и тн...) користејќи ги како еден вид медиуми(инструменти) преку кои неговиот глас можеле луѓето да го чујат, и дека феноменот на пророчката реч е присутен и ден денес, односно дека Бог повторно говори до човештвото. Но денес, за прв пат се излева целата вистина низ пророчка уста во збор и писмо.

Пророкот за денешното време низ кој Бог се објавува е една жена. Нејзиното име е Габриеле и дејствува во градот Вирцбург во Германија.


ОВА Е МОЈАТА РЕЧ: АЛФА И ОМЕГА - НАЈВАЖНА ДУХОВНА КНИГА ВО УНИВЕРЗАЛЕН ЖИВОТ
Деталите за животот и учењата на Исус од Назарет од пред 2000 години, нивната смисла, како и пораки упатени од Христа до човештвото денес се дадени 1989 година во обемната книга со наслов: „Ова е мојата Реч: Алфа и Омега. Евангелие Исусово - Христова објава која светот не ја познава„ (Денес со поднаслов: „Која вистинскитеите христијани во целиот свет ја познаваат„). Таа е капиталната објава од Христос примена преку Габриеле и воедно ги ословува сегашните, но и идните генерации кои ќе живеат во Исус Христовото царство на Мирот.

За главен духовен авторитет се прифаќаат откровенијата примени преку божјата пророчица Габриеле. За Библијата и светите списи на другите светски религии се има став дека содржат многу вистини, но дека содржат и многу примеси вметнати намерно и ненамерно од свештеничките касти, преведувачите а понекогаш и од самите автори.

Сржта на учењето е содржана во Десетте Божји Заповеди и Исусовата Беседа на Гората кои Христос преку пророчката реч на денешницата ги има објаснето и продлабочено со цел на денешните луѓе им бидат појасни за да истите можат да ги оставарат во својот секојдневен живот.
 
Bажни карактеристики на учењето:

- Десетте божји заповеди и Исусовата Беседа на Гората се главни упатства за правилен христијански живот според Божјата волја
- духовен авторитет се откровенијата примени преку пророкот за денешно време, не Библијата
- пра-изворот е Духот
- материјалниот свет е последица на падот на ангелите а не на директно Божјо создавање, тој е минлив. Духовниот божествен свет е вечен и никогаш нема да помине.
- Човекот има слободна волја да се одлучи за или против Бога. Одговорноста која од тоа произлегува човекот си ја сноси самиот, а не Бог или некој друг.
- Мислите се енергија. Тие не се ослободени од данок. Затоа човек треба да се учи да го контролира своето мислење да биде во склад со Божјите закони.
- верување во причинско-последичниот закон: „Што човек сее тоа тој и ќе жнее!„
- Бог е љубов, тој никогаш и никого не казнува. Тој само не се вмешува во причините создадени од луѓето, кои со тек на време донесуваат одредени последици. Бог нема ништо заедничко со патењето на луѓето. Тој меѓутоа секогаш нуди помош доколку е човек спремен да ја прифати.
- верувањето во реинкарнација (повторно раѓање) на човечките души во човечки тела.
- Смислата на човековиот живот е да стане повторно божествен, со тоа тој излегува од процесот на реинкарнација.
- Човек треба постепено да ги облагородува своите сетила а не да се одрекнува присилно и да ги потиснува своите сетилни желби. Фанатизмот е штетен.
- контактирањето со душите(спиритизам) на починатите е во спротивност со божјите закони и е мошне опасно
- вегетаријанство и веганство
- генетскиот инжинеринг, експериментите со животни, пресадувањето органи не се во склад со Божјите закони - тие водат кон понатамошни патила.
- Христос е единствен Небесен спасител и избавител на сите луѓе и души. Никој не пристигнува повторно кај Бога освен преку Христа
- Еден ден преку Христа сите души ќе се вратат кај Бога во вечната Татковина. Никој нема да биде вечно проколнат или уништен, затоа што Бог е љубов која сите свои деца подеднакво ги љуби.  


РЕИНКАРНАЦИЈА - ПОВТОРНО РАЃАЊЕ

Ние не живееме првпат. Позади секој поединец на Земјава има неколку или многу претходни инкарнации. Се` додека во човековата душа има неиcчистени гревови и претерано силни човечки склоности, душата е заробена во тркалото на повторното раѓање.

Спротивно од источните релиигии(хиндуизам и будизам) во Христовите објави преку пророкот, објаснето е дека деградирањето во животинска или растителна душа и тело е невозможно.


ЗАКОНОТ НА СЕЕЊЕ И ЖНЕЕЊЕ - ЧОВЕКОТ Е САМИОТ ОДГОВОРЕН ЗА СВОИТЕ СТРАДАЊА

Човекот е несреќен и страда поради својата оддалеченост од Бога, т.е. поради континуираното прекршување на божјите закони кои се всушност негова природна состојба. Секоја мисла, збор или постапка е како едно семе засадено во нива кое порано или подоцна донесува плодови соодветни на семето.

Бог никого не казнува доколку некој реши да постапува поинаку, но не се вмешува во последиците кои при тоа настануваат.


ПАТОТ КОН БОГА - ВНАТРЕШНИОТ ПАТ

Човекот не може да најде трајна среќа, задоволство и мир во надворешните материјални работи, но ниту во надворешните религии, филозофии и мислења изградени од луѓе.
Кога човек би почнал да патува накај Бога преку остварување во пракса на законите Божји тогаш тој постепено би станал среќен, смирен и здрав.

Патот кон Бога е составен од 7 духовни скалила наречени:
 
1. Ред
2. Волја
3. Мудрост
4. Сериозност
5. Трпеливост
6. Љубов
7. Милосрдие.

Суштината на патот кон Бога се состои во препознавањето на нашето сопствено погрешно однесување кон ближните и природата и тоа во: мислите, зборовите и постапките и трансформирање на истите во позитивни енергии.
 
 
ХРИСТОС  ДИРЕКТНО ДА ГО ВОДИ ЧОВЕКА

Христос на четвртиот степен на духовниот развој, степенот на Сериозност го превзема во целост духовното водство. Тогаш на човека повеќе не му се потребни пророци за да го чуе Бога. Христос директно му се објавува, но објавите примени се однесуваат само за него, а не за друг или трет.
Кога душата на човекот ќе го достигне седмиот степен, степенот на Милосрдието, таа може да влезе во тнр. Чисто Небо - вечното постоење, од каде некогаш многу одамна излегла. Чистото Небо кое всушност претставува еден бесконечен духовен универзум е нашата вистинска, изворна Татковина.


ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ГРЕВОТ

Прахристијаните не веруваат во тнр. пра-родителски грев на Адам и Ева. Секој е самиот одговорен за себе, не за туѓите постапки. Ослободување од гревот е возможно само ако се добие прошка од оштетените и воедно човек биде подготвен и самиот да прости. Бог би бил неправеден кога би дозволил гревовите да можат да бидат простени преку други или трети лица, без при тоа засегнатите страни да се изјаснат. Од тоа произлегува и дека праведноста треба да биде секогаш пред правото.
 
БОГ СЕ ЗАЛАГА И ЗА ЖИВОТНИТЕ

Една од божјите заповеди примени преку пророкот Мојсеј гласи: „Ти не треба да убиеш!„ Оваа заповед важи и во човековиот однос кон животните. Бог им ги дарувал на луѓето семињата, овошјето и другите земјоделски плодови за исхрана на луѓето, но не животните. Животните имаат право на мирен и достоинствен живот. Човек треба да се храни вегетаријански - без месо и риба.

„Универзален живот„ како поим за верска заедница не треба да се меша со црквата „Universal Life Church„ во САД која има сосема поинакво учење и историјат. За да нема забуна, во англиското говорно подрачје називот на прахристијанската заедница гласи „Universal Life - the Inner Religion„.

Подетално за животното и верското убедување на прахристијаните - Тема: Универзален Живот - Прахристијани http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=14592



__________________________________________________________
* „Универзален живот„ како поим за верска заедница не треба да се меша со црквата „Universal Life Church„ во САД која има сосема поинакво учење и историјат. За да нема забуна, во англиското говорно подрачје називот на прахристијанската заедница гласи „Universal Life - the Inner Religion„.


Изменето од Messenger - 13.Јануари.2009 во 20:51
Бог повторно му говори денес на човештвото преку Неговата пророчица, Габриеле од Вирцбург. Тој не ја говори речта на Библијата!
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2009 во 04:19
Од неодамна на хрватската веб страница на Универзален живот, во подготовка на Studio 7 достапни се видео презентации(кратки емисии) на дел од духовната литература примена преку пророчицата Божја низ која Бог и Христос ословуваат најразлични актуелни теми и животни подрачја. Истите се емитуваа преку сателит низ цела Европа.

Во позадина како фон во видеата, се слуша инструменталната музика од Универзален живот. Некои мелодии се од цд „Музика за повнатрешнување„ и „Звуци на сферите„ кои тука накнадно ќе ги презентирам.

Ова се линковите преку кои бесплатно може да се симнат видеата(во просек големина околу 20-35МБ, времетраење околу 2-3 минути):

video: Ова е Мојата Реч: Алфа и Омега - Христова објава која светот не ја познава (достапна и на македонски јазик)
video: „Десетте божји заповеди„ и „Беседа на Гората„ (достапна и на македонски јазик)

video: Духот на вселената говори преку пророчицата - Тој не ја говори речта на Библијата

(музика во позадина:Утро кое се раѓа од цд-то: Звуци на Сферите.


Изменето од Majkl - 07.Февруари.2009 во 17:35
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2009 во 05:06
Некоја година после последното издание од серијата брошури ПРОРОК, (мислам 2002 година) почна да излегува повремено брошурата Габриелини писма. Тоа не се писма дословно испраќани по пошта, туку еден вид поопширно писмено обраќање на Габриеле до широката јавност повод некои актуелни збиднувања и нејзина размисла за истите. Самата Габриеле, пророчицата и вестојавителка Божја, објасни во воведниот дел на првото Габриеле-писмо:


„Габриеле-писмата на будниот човек треба да му разјаснат колку нашето општество станало со слаб карактер и шизофрено, како и дека маса луѓе непромислено и тапо го поднесува сето оноа кое горниот слој на општеството ќе го одреди. За жал малкумина луѓе се самокритични; поради тоа тие не можат критички да набљудуваат ниту пак својата околина да ја проѕрат, ниту пак да ги проѕрат оние кои дословно нив ги влечат за нос.

Габриелините писма не сакаат да влијаат врз човекот - тие поттикнуваат на запознавање и проценување на самиот себе си, така да оној кој сака повнимателно да ги размотри раздвижувањата во овој свет, да може да го ориентира својот живот.„


Првиот број, односно писмо, со наслов „Божиќната и Новогодишната Реч„ преведено е и издадено на македонски јазик но од технички причини засега не е достапно он-лајн, туку само како брошура. Брошурата е достапна и на англиски, шпански и полски. Тука го наведувам линкот за бесплатно читање на српски јазик:


Габриелино писмо бр.1: „Новогодишната и божикната РЕЧ„ (хрватски)




Изменето од Majkl - 19.Јануари.2012 во 15:21
Бог повторно му говори денес на човештвото преку Неговата пророчица, Габриеле од Вирцбург. Тој не ја говори речта на Библијата!
Кон врв
Pravoslaven Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 705
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslaven Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2009 во 19:40

Мене ме интересира дали прахристијаните веруваат во Библијата?

Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2009 во 20:01
Originally posted by Pravoslaven Pravoslaven напиша:

Мене ме интересира дали прахристијаните веруваат во Библијата?


Ne celosno. Smetaat deka Biblijata sodrzi knigi ili delovi na knigi koi se vdahnoveni od Boga(na pr.Otkrovenieto), no isto taka i deka za zal ima knigi koi proizleguvaat od covecki zamisli i inspiracii(Na pr.pogolemiot del od Mojseevite knigi ili poslanicite na Pavle). Za Mojseevite knigi se veli deka iako go nosat negoviot potpis, vsusnots vo najgolem del gi sostavila togasnata svestenicka kasta, i deka od taa pricina Bog denes go rehabilitira Mojseja i drugite pravedni proroci ukazuvajci sto bilo toa sto im bilo stavano vo usta a tie samite nikogas ne go kazale. Ponataka velat deka mnogu vistiniti zborovi vo Biblijata se upotrebeni samo kako simboli, pa ottamu ne se drzat za doslovno sfacanje na istata.

So drugi zborovi kazano, tie Biblijata ne ja drzat za avtoritet. No velat deka, dokolku covestvoto se drzese makar i za Biblijata vo smisla na zhiveenje spored principite na visoka etika i moral(izlozeni na pr. vo Evangelijata) ovoj svet ce bese podobar.

Nema da se pogresi ako se kaze deka prahristijanskata zaednica Univerzalen Zivot e nebiblijska. Duri se izdadeni i brosuri kako na pr. "Biblijata e falsifikuvana!" ili "Prorok br.13:Zatvorete ja Biblijata!"(bese prezentirana na prethidnite str.) a vo edna zbirka na objavi primeni od Bog-Otec preku negovata prorocica, nosi podnaslov: "Toj ne ja govori recta na Biblijata!"

Tuka moze da se pogledne video prezentacija za istata(12.5MB - vremetraenje okolu 1 minuta):
klikni tuka

Изменето од Majkl - 09.Февруари.2009 во 20:02
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2009 во 20:07
Originally posted by Majkl Majkl напиша:

Poslednja pashalna vechera[/URL] (odgovorot e posle 6.stih: "6. A Juda Iskariotski Mu reče: "Gle, beskvasni hleb, mešano vino, ulje i začini, no gde je tu jagnje koje Mojsije zapovedi?" (Jer Juda beše kupio jagnje, no Isus zabrani da se zakolje). (Pogl. 75, 3-6)")






Дали е ова евангелие според пророчицата габриеле?

Кој ти се поблиску до срцето: Атеистите што нејадат месо или Христијаните што јадат месо?


Среќен сум што си искрен!

Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 26>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 1,188 секунди.