IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Македонци ширум светот
  Активни теми Активни теми RSS - Дали би гласале на избори во Македонија?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дали би гласале на избори во Македонија?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2008 во 11:44
Дијаспората ќе гласа, но од следните претседателски и парламентарни избори. Прашањето за загрантирани места за етничките заедници одложено. Груевски вели, не се откажуваме од ова, но треба време за дебата и усогласување на ставовите, а измените во изборната регулатива треба да финишираат за 15-ина дена.


Uste ednas DIJASPORATA KE GLASAtaka se dogovorile liderite vcera.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2008 во 17:13
И тоа не е сосема во ред... како што беше даден примерот со Канада - треба да има некаква регулатива кој од иселениците ќе има право на глас (врзано со времето поминато надвор од земјата).
Do what is right, come what may...
Кон врв
chuchuliga Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Мај.2006
Статус: Офлајн
Поени: 893
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај chuchuliga Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2008 во 17:35
Канада е огромна земја и земја на имигранти. Макеоднија е многу мала, кревка со 2 милиони жители. Кај нас секој глас има многу повеќе тежина. И затоа е многу важно да се држиме взаемно (што е толку нетипично за нас. Последен пример е моменталната состојба во државниот врв во врска со прашањето за името).
 
Друго што ми доаѓа во мисливе е дека
 
од една страна
 
помошта од странство (значи од македонците во странство) е секогаш добредојдена но и многу често критикувана, бидејки демек „македонците во странство се себични“,
се очекува и ги радува нашите луѓе во МК кога нашите надвор од МК ја промовираат земјата во странство (врвен интелектуален кадар излезен од МК распрснат на сите 4 страни на светот)
 
но да немаат право на глас.
 
Нешто не штима во целава логиказбунетостзбунетостзбунетост.
 
 
 


Изменето од chuchuliga - 08.Октомври.2008 во 17:36
Кон врв
Polar Bear Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Декември.2007
Локација: Канада
Статус: Офлајн
Поени: 1152
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polar Bear Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2008 во 22:25
Well, јас плашам дека многу повеќе од македонците во странство се „англиски не научивме, македонски заборавивме“. Немој да заборавиш, врвниот интелектуален и стручен кадар што е надвор од Македонија не излегол за да ја промовира татковината во странство, туку затоа што во татковината не му било овозможено да просперира. Тие се мал број од вкупниот број исленици и се од понов датум. Голем дел од нив имаат страдано од оваа или онаа транзициона политичка опција и им е преку таквото од македонска политика. Тие од враќање немаат абер.
 
Има едно чудо деца донесени на една, две години, кои по раѓање имаат МК државјанство, во МК биле еднаш, јали ниеднаш, и сега наеднаш имаат право да одлучуваат за политичка опција што воопшто не ги засега. Тоа не е фер спрема оние што живеат во МК, некој што цица од друга цицка, да одлучува за нив.
 
Друго, дали некој во МК знае и води евиденција кој граѓанин е надвор, кој е внатре, кој е жив а кој умрел. Колкав процент од гласачкото тело е надвор од земјата - 5%, 15% или 50%? Кој ќе обезбеди гласачки списоци? Кој ќе гарантира дека гласовите на оние што не се заинтересирани да гласаат (90%+) или можеби се умрени, нема да се злоупотребат.
 
И на крајот, ми се лоши од македонската патетика, демек мислеле на гласот на иселениците, и разни други повраќаници. Кај македонецот не постои алтруизам - генерално тој мисли само на себе, како да се дограби до власт за да граба. Гласовите на иселениците дефинитивно ќе бидат злоупотребени. 
 
Оние иселеници што сакаат да помогнат, на овој или оној начин, можат да го сторат без мешање во политиката. За оние што се привремено надвор, македонските амбасади треба да организираат избори, а за останатите што имаат стално живеалиште во странство македонските амбасади воопшто не се надлежни.
 
 
 
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
Кон врв
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Glenn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2008 во 14:39
Originally posted by Polar Bear Polar Bear напиша:


 

Оние иселеници што сакаат да помогнат, на овој или оној начин, можат да го сторат без мешање во политиката. За оние што се привремено надвор, македонските амбасади треба да организираат избори, а за останатите што имаат стално живеалиште во странство македонските амбасади воопшто не се надлежни.

 

 

 

Потполно се сложувам со постот на Белата Мечка, а со квотираново особено. Во мојот претходен пост изразив исто размислување но сега би додала дека би било многу неферски некој по раѓање мак.државјанин кој цел живот живее некаде по бели свет и нема абер да живее во Мак. да одлучува за судбината на Македонецот кој секојдневно го срка гравот од владеачкиот режим. Само државјани кои се на привремен престој со намери за враќање во матичната земја треба да им се овозможи гласање во земјата каде моментално престојуваат, работат, сеедно.
Во врска со тоа дека Македонија нема официјална бројка на привремено раселени, одеселени или умрени не е само грешка на администрацијата туку доста од истите тие луѓе никогаш не се одјавуваат за иселени освен ако не мораат да се откажат од државјанството доколку земјата каде живеат не дозволува двојно. Дури тогаш се регистрира некој за иселен и такви ствари.
Не сакам ни јас да зборувам напамет, зашто сепак постои закон и точки на истиот кои треба да се прочитаат внимателно, кои граѓански права ги имаш, кои ги стекнуваш а кои ги губиш во одредени околности.

Изменето од GlenKlouz - 10.Октомври.2008 во 14:40
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.