|
Дали би гласале на избори во Македонија? |
Внеси реплика | страница 123> |
Автор | |
Glenn
Сениор Тата-Мата Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3166 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 10.Октомври.2008 во 14:39 |
Потполно се сложувам со постот на Белата Мечка, а со квотираново особено. Во мојот претходен пост изразив исто размислување но сега би додала дека би било многу неферски некој по раѓање мак.државјанин кој цел живот живее некаде по бели свет и нема абер да живее во Мак. да одлучува за судбината на Македонецот кој секојдневно го срка гравот од владеачкиот режим. Само државјани кои се на привремен престој со намери за враќање во матичната земја треба да им се овозможи гласање во земјата каде моментално престојуваат, работат, сеедно. Во врска со тоа дека Македонија нема официјална бројка на привремено раселени, одеселени или умрени не е само грешка на администрацијата туку доста од истите тие луѓе никогаш не се одјавуваат за иселени освен ако не мораат да се откажат од државјанството доколку земјата каде живеат не дозволува двојно. Дури тогаш се регистрира некој за иселен и такви ствари. Не сакам ни јас да зборувам напамет, зашто сепак постои закон и точки на истиот кои треба да се прочитаат внимателно, кои граѓански права ги имаш, кои ги стекнуваш а кои ги губиш во одредени околности. Изменето од GlenKlouz - 10.Октомври.2008 во 14:40 |
|
Polar Bear
Сениор Регистриран: 04.Декември.2007 Локација: Канада Статус: Офлајн Поени: 1152 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Well, јас плашам дека многу повеќе од македонците во странство се „англиски не научивме, македонски заборавивме“. Немој да заборавиш, врвниот интелектуален и стручен кадар што е надвор од Македонија не излегол за да ја промовира татковината во странство, туку затоа што во татковината не му било овозможено да просперира. Тие се мал број од вкупниот број исленици и се од понов датум. Голем дел од нив имаат страдано од оваа или онаа транзициона политичка опција и им е преку таквото од македонска политика. Тие од враќање немаат абер.
Има едно чудо деца донесени на една, две години, кои по раѓање имаат МК државјанство, во МК биле еднаш, јали ниеднаш, и сега наеднаш имаат право да одлучуваат за политичка опција што воопшто не ги засега. Тоа не е фер спрема оние што живеат во МК, некој што цица од друга цицка, да одлучува за нив.
Друго, дали некој во МК знае и води евиденција кој граѓанин е надвор, кој е внатре, кој е жив а кој умрел. Колкав процент од гласачкото тело е надвор од земјата - 5%, 15% или 50%? Кој ќе обезбеди гласачки списоци? Кој ќе гарантира дека гласовите на оние што не се заинтересирани да гласаат (90%+) или можеби се умрени, нема да се злоупотребат.
И на крајот, ми се лоши од македонската патетика, демек мислеле на гласот на иселениците, и разни други повраќаници. Кај македонецот не постои алтруизам - генерално тој мисли само на себе, како да се дограби до власт за да граба. Гласовите на иселениците дефинитивно ќе бидат злоупотребени.
Оние иселеници што сакаат да помогнат, на овој или оној начин, можат да го сторат без мешање во политиката. За оние што се привремено надвор, македонските амбасади треба да организираат избори, а за останатите што имаат стално живеалиште во странство македонските амбасади воопшто не се надлежни.
|
|
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
|
|
chuchuliga
Сениор Регистриран: 27.Мај.2006 Статус: Офлајн Поени: 893 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Канада е огромна земја и земја на имигранти. Макеоднија е многу мала, кревка со 2 милиони жители. Кај нас секој глас има многу повеќе тежина. И затоа е многу важно да се држиме взаемно (што е толку нетипично за нас. Последен пример е моменталната состојба во државниот врв во врска со прашањето за името).
Друго што ми доаѓа во мисливе е дека
од една страна
помошта од странство (значи од македонците во странство) е секогаш добредојдена но и многу често критикувана, бидејки демек „македонците во странство се себични“,
се очекува и ги радува нашите луѓе во МК кога нашите надвор од МК ја промовираат земјата во странство (врвен интелектуален кадар излезен од МК распрснат на сите 4 страни на светот)
но да немаат право на глас.
Нешто не штима во целава логика.
Изменето од chuchuliga - 08.Октомври.2008 во 17:36 |
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И тоа не е сосема во ред... како што беше даден примерот со Канада - треба да има некаква регулатива кој од иселениците ќе има право на глас (врзано со времето поминато надвор од земјата).
|
|
Do what is right, come what may...
|
|
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дијаспората ќе гласа, но од следните претседателски и парламентарни избори. Прашањето за загрантирани места за етничките заедници одложено. Груевски вели, не се откажуваме од ова, но треба време за дебата и усогласување на ставовите, а измените во изборната регулатива треба да финишираат за 15-ина дена.
Uste ednas DIJASPORATA KE GLASAtaka se dogovorile liderite vcera. |
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И јас истото го велам - треба да има одредени критериуми. Еве, канаѓаниве го решаваат тоа со луѓе што се помалку од 5 години надвор од земјата. Не гледам зошто не би се применил истиот принцип и во Македонија.
Инаку - лично сум против тоа луѓе кои се многу долго време надвор да гласаат... |
|
Do what is right, come what may...
|
|
Polar Bear
Сениор Регистриран: 04.Декември.2007 Локација: Канада Статус: Офлајн Поени: 1152 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Гласањето е право да се одлучува поврзано се местото на живеење. Не станува збор дали некој и мисли добро на Македонија, колку е информиран и дали е писмен, или дали плаќа данок.
Еве како е ова прашање решено во Канада. Иако до сега не го знаев ова, моите сфаќања се поклопуваат.
Q: Can I vote if I am living or travelling outside Canada?
A: Canadians who are temporarily living or travelling outside Canada can, under certain conditions, vote in federal elections, by-elections, and referendums.
|
|
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А што мислите - кој има појасна слика за Македонија - некој што живее во Канада само две-три години, што редовно се информира за настаните во Македонија и што активно учествува во активности за нејзино промовирање, учествува во активности врзани директно со Македонија - или некој што живее во Македонија, што нема никаква врска ниту со настаните, со политиката, со економијата, гласа онака како што сопругот ќе каже да се гласа, и никогаш во животот со ништо не допринел/а за напредокот на државата?
Многу често се слушаат коментари за емигрантите од типот - ама тие не плаќаат тука данок... основана забелешка... но во тој случај речиси 40% од државата не треба да има право на глас. Не велам дека треба да се дозволи на сите емигранти да гласаат, но дефинитивно треба да се изградат некакви критериуми. Светот е глобален и растојанијата стануваат се помали. Мене ми е полесно (и дури побрзо) да стигнам од Торонто до Скопје, отколку што е му е на некој што живее во Мариово да стигне до Скопје. Не сум сигурен кој модел на гласање е предложен сега - но мислам дека е Италијанскиот - секоја зона има одреден број на претставници во зависност од бројот на емигранти во соодветните земји. Односно - од Европа се бираат 2ца претставници. Од Северна Америка уште двајца, од Австралија 2ца итн... На тој начин, емиграцијата има удел во политиката на државата, но доста ограничен, заради малиот број на пратеници. |
|
Do what is right, come what may...
|
|
chuchuliga
Сениор Регистриран: 27.Мај.2006 Статус: Офлајн Поени: 893 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кажи ми, дали ти си роден во Италија? Таму ти е фамилијата? Имаш таму пријатели? Си пораснал таму, си одел во школо, си го откривал и осознавал светот? си работел таму? И си живеел барем 25 години?
Ајде те молам.
Не е сега времето кога со гулаби и по бродови кои патуваат по две недели се пракјаат писма или телеграми. Во денешно време скоро сеедно станува каде живееш, секоја информација е достапна.
Оние кои се интересираат, следат што се случува во земјата и редовно ја посетуваат ќе имаат интерес да се одмкнат до амбасада и да гласаат. А тие изолираните и незаинтересираните (постарите генерации на иселеници) нема ни да знаат дека има избори во нивната матична земја.
|
|
seka
Сениор Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
nie bare ke glasama bez da ni napravat ulici! posto sekogas pred izborite nesto po gradovite se pravi, a potoa? od kako se se glasa za niv? sto dobivaat graganite? Nie "strancite" (kako sto ne narekuvate) barem ke glasame za TOJ sto mislime deka za drzavata ke pridonese pozitivni promeni!!!
I samo ako mi rekol nekoj deka nie od tuka ne mozeme da procenime!!! I nie tuka imam nasi programi, vesti i novini, koi redovno gi pratime!!!
I da vovedeno e da mozeme i nie da glasame koi ziveeme vo stranstvo, treba vo ambasadata na Republika Makedonija da si pojdes i tamu imas moznost... podobro bi bilo da mozes i po posta da go napravis toa... ili po internet, za identifikacija moze broj na pasos da se vnesuva i licni podatoci...
|
|
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta. |
|
biljana.madrid
Сениор Прилепчанка Регистриран: 22.Ноември.2007 Локација: Spain Статус: Офлајн Поени: 358 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Problemot e sto mislite deka e sekoj koj e nadvor od Makedonija e ANTIMAKEDONEC. Pozadovolni sme koga Kosovarite i drugite imaat pravo da glasaat i gledame kako da napravime tie da glasaat zosto mnogu ¨pridonesuvaat¨za drzavava, ama koga ke se spomne deka trebalo makedoncite da glasaat sto se nadvor od Makedonija ne sakame ni da slusnime....
Izvinete, ama taka meno ova mi lichi.... Изменето од biljana.madrid - 06.Октомври.2008 во 11:57 |
|
Прилепчанка
|
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
..definitivno na dve stolcinja ne se sedi...!
....po moe nemaat dolznost ,nitu pak treba da im se dozvoli da glasaat..!toa bi doslo isto kako jas da bi glasal za Italija...!nema da obrazlozuvam zosto bas za nea,no taka mu doaga...!..mnogu e lesno odstrana da se deli pamet....iako na golema vrata zboruvaat za nivnata tatkovina...nekoi duri ni zbor ne znaat makedonski...
.. a za graganite od drugite nacionalnosti, koj za glasanjeto doagaat organizirano,i ne zalat za parite sto ke frlat za da dojdat i da glasaat za nivnite,neznam sto da kazam...
|
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
BACHIOS
Сениор Регистриран: 21.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 1517 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
vo kotrola ne se tie sto se tuka ,a kamoli tie sto ke bidat na kilometri |
|
I'm gonna make him an offer he can't refuse- Don Corleone
|
|
biljana.madrid
Сениор Прилепчанка Регистриран: 22.Ноември.2007 Локација: Spain Статус: Офлајн Поени: 358 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Donekade ste vo pravo deka nekoi navistina pojma nemaat sto se sluchuva vo Makedonija. Zboruvam za emigrantite. Kako i da e mozebi tuka treba nesto da napravi drzavata za da gi povrze na nekoj nachin so matichnata zemja za poveke da se interesiraat i da znaat sto se sluchuva. Ima luge sto so godini (20-30) ne se dojdeni vo Mk i mislat uste e kako vo 70-tite Makedonija.
Sepak ne mozam da recham deka sum protiv da glasame... ne se site isti i nekoi navistina se interesiraat.
Isto taka edna rabota mnooooooooogu vazna. e bas toa sto sme nadvor ni pomaga mnogu dobro da gi sogledame rabotite. Jas lichno postojano sporeduvam so Spanija i znam (barem taka mislam) sto e loso a sto dobro i kako treba da bidi vo spòredba so toa sto nekoi napravile. Mnogu tesko da me impresionira nesto sto go pravi nekoj politichar bidejki za da me impresionira mnogu treba bidejki nie nisto nema da izmislime, se e izmisleno od drugite i ostanuva istoto da go sprovedime.
|
|
Прилепчанка
|
|
Внеси реплика | страница 123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |