![]() |
|
Потомците на нашите во светот |
Внеси реплика ![]() |
Автор | |
Messenger ![]() Администратор ![]() Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Испратена: 11.Август.2015 во 04:28 |
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
![]() |
|
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Торонто: Најстариот жив македонец го развијори македонското знаме
Во центарот на канадската метропола Торонто, во паркот
„Квинс", денеска, на Денот на независноста на републиката, се развиори
македонското знаме, кое го подигна 108-годишниот Методија Тод Петков, најстариот
жив Македонец на светот. ![]() Знамето беше подигнато во организација на Генералниот конзулат на РМ во Торонто, со одобрение на високите провинциски власти на Онтарио. На свеченоста присуствуваа неколку стотини македонци кои живеат во Канада, како и голем број странски гости, пријатели на Македонија. По овој настан, македонскиот Генерален конзулат во Торонто приреди свечен прием и масовна семакедонска прослава на која, покрај стотиците Македонци, присуствуваа и голем број членови на конзуларниот кор во Торонто, но и влијателни личности од општествениот и од политичкиот живот во Канада. За културно - уметничкиот дел од прославата се погрижија еминентни македонски уметници и музичари од Канада, меѓу кои и пијанистот Оливер и неговата сопруга Александра Балабурски, баритонот Мартин Георгиевски, младата виолинистка Ема Николовска, професорот Васко Петровски, ансламблот за игри и ора „Македонка", уметниците Вангел Никовски и Дубравко Наумов и други. По повод Денот на независноста на Република македонија, честитки упати премиерот на Онтарио, Далтон Мекгинги и градоначалникот на Торонто, Роб Форд. Во Канада постојат околу 200 000 Македонци, а најголемиот дел од нив е во Торонто. |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
![]() |
|
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ПРИЛЕПЧАНКА ВО САРИ ИГРА ИНДИСКИ ТАНЦ Прво гимнастика и јога во Загреб, современ танц во Германија Танцот е кодиран јазик за молитви кон Бог, умот и срцето пренесувајќи приказни од историјата и индиската митологија
Старт со гимнастика и јога Николина е родена во Загреб пред 34 години. Татко и Благоја од селото Вранче како офицер, заминал во Загреб. Се запознал со хрватката Ѓурга, а плод на љубовта е Николина, која од малечка ја привлекувал танцот, индиската култура, митологијата, Почнала со гимнастика, јога, завршила средно училиште за танц и ритми во Загреб. Отишла на танчарската академијата во Германија, добила стипендија во Индија, преку индиската влада. Првите студии по баратанатјам, класичниот јужно индиски танц, ги започнала во јужна Индија. Потоа се префрлила на институтот во Њу Делхи. Веќе шест години, откако е дипломирана, професионално се занимава со танцот, а подучува деца и во училишта. Уживам, ми се допаѓа оваа култура, начинот на живот, климата, секогаш е топло, сончево, со ведро небо, шарено, полно со случувања. Го сакам овој танц. Среќна сум што го остварив мојот сон. Секој е роден за нешто, за сликарство, за уметност, само прашање е кога ќе се препознае талентот и со тоа да се занимава. Ја препознав димензијата на индискиот танц како сличност со карактерот, со мојот тип на личност. Како мала не патував во Индија, ниту сум имала допир. Само гледав и читав документарни филмови и книги. Првата средба беше преку сцената. Гледав претстави и препознав блиско. Целиот процес на студии, се случуваше брзо, многу брзо учев, нов фантастичен вокабулар - вели Николина. Танц на митологијата Индискиот танц е еден вид кодиран јазик. Секој потег носи порака, сé е наративно и ја отсликува богатата култура, историја, митологија, еповите, приказните, поезијата, народните преданија за харемските танчарки кои танцувале за Бог, срцето, умот. За разлика од модерниот танц во Европа, кој е поатрактен и нема комуникација, пренесување на идеја, став, во Индија танцот доаѓа од историјата, од митологијата, од еповите Рамајана, Махабхарата. Се разликува по нагласокот на позитивен хепи енд, и по судирот и на крајот секогаш доброто победува. Има полесна и потопла димензија, а кореграфијата е приказна. Секое движење пренесува настан од историјата - вели Николина. Кавалот и тапанот заеднички за Индија и Македонија Според неа, индиската музика има сличности со македонската. Има блиско во ритамот, инструментите. Го слушав Тоше, компилации од Драган Даутовски, изворна музика. Во звукот на индискиот мелос, може да се препознае звукот на кавалот и тапанот. Ритмичноста на индиската музика потсетува на Македонија. Инструментите потекнуваат од фамилијата тапани, на кавалот - дад дам, банковач, трамблан, кавал, кој го свират на поинаков начин. Ако се направат паралели, се најдува поврзаност меѓу Индија и Македонија - вели Николески. Музиката и танцот стил на живот во индиската култура. Во секое семејство, секој знае да свири по два инструменти, секој знае да пее. Тоа се вештини како работа со компјутери, како готвењето. Секоја вечер во главниот град со 18 милиони жители има по стотина концерти, претстави. Далеку во земјата која е рај за љубителите на музиката и танцот, Николина Николески, сонува за скорешна средба со роднините во Македонија, со братучедите, тетка í, стрико í, дедо í во Скопје. Живее од танцот и за танцот. Вежба шест саати дневно
|
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
![]() |
|
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Т'ГА ЗА ПРИЛЕП Потомокот на аптекарското семејство Симиџиоски, Даниел Мелвил се врати од Швајцарија дома Пензионерските денови ги минува во преводи на својата необјавена литература
Прилеп е претворен во друг свет Не му е лесно да ја одреди разликата меѓу Прилеп и Швајцарија. Заминав од еден свет во 1959 година и се вратив во Политички азил Заминал во Франција во 1959 година, по прекинот на студиите по медицина во Белград, поради недостиг на средства и недоразбирања со семејството. Првин живеев во Ница. Бев градежен работник, а живеев манастир. После во Париз добив и политички азил без никакви политички мотиви, оти немаше друга шанса да го легализирам престојот. Не бев комунист, ниту антикомунист. Можеби ми помогна едно писмо од некој француски генерал со кого комуницирал дедо ми, а јас го носев да ми се најде. Го покажав и добив документ за законита работа. Работев во Париз на заштитување од 'рѓа на челични конструкции на поштенски и телевизиски конструкции на височини. Бев и на бродоградилиште во Авр. Ја дератизирав париската канализација. Оти бев релативно писмен човек со матура, се вработив на контрола во фабриката Цитроен во Париз - кажува Мелвил. Таму запознал повеќе политички емигранти како Цветковиќ од последната предвоена влада. Имало малку политички емигранти. Некои сакаа да нé научат дека не сме Македонци при добивањето на визите. Дојде амнестијата на политичките бегалци, иако не знаев ништо од политика, освен за Македонија. Се вратив дома без проблеми. Влакно не ми фалеше од главата. Не најдов работа и заминава во Швајцарија да се најдам со свршеничката. Таа почина и ми го остави синот Дамјан, кој загина во 1990 година - вели тој. Студирав фармација, но не завршив од сомнителни причини. Но, станав фармацевтски промотор и работев до пензија. Застапував повеќе фирми на промоција на предимствата на лековите. Претставував лекови кај матичните и другите лекари за повеќе компании - раскажува Даниел Мелвил, прилепскиот сонародник, кој се вратил дома да ги остави “коските” на родната грутка. Французинка прави ајвар Сопругата Даниела Мелвил се согласила да живее во Прилеп, по завршувањето на работниот век како професорка по повеќе предмети поврзани со филозофијата. Веќе разбира македонски. Ја совладала и македонската кујна Подготвува вкусен ајвар со денови, без нервоза, туку во релаксирана атмосфера. Ја сакам Македонија. Ме потсетува на начинот на живеење во провинцијата кога бев дете во Франција. Фамилијата има важност. Извесни вредности се почитувани. Луѓето се недисциплинирани, но знаат да живеат. Топли се и блиски, љубезни и гостољубиви. Ми се допаѓа животот. Се чувствувам релаксирана, оти живеам како што сакам, без ограничувања, слободно. Овде правам нешта што никогаш не би ги правела во Швајцарија - вели таа, која е воодушевена од Старата чаршија со ориентален амбиент. Била во повеќе градови, на гробовите на Ордан Пиперката, местото на загинувањето на Ѓорѓи Сугаре... Дојде сестра ми и го бендиса ајварот што сама го правам. Сега сами печат црвени пиперки прават ајвар во Швајцарија. Бендисувам ширдени. Не научив да ги готвам. Главно се храниме со македонски манџи - вели Даниела, која, со сопругот Даниел, двапати ги слават, по католички и по православен начин, Велигден и Божик. |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
![]() |
|
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Светлана била болна и успеала да го победи канцерот, а Фреди е стоматолог во државна болница, а вонредно работи во приватна стоматолошка ординација Домот е каде што ти е срцето. Ако срцето се исполни со хармонија, благодет, љубов - тоа е домот
Во семејното гнездо и четири сираци Социјалниот работник од поранешната фабрика Билјана, Светлана, се грижи за семејството, кое, покрај ќерката, го сочинуваат и четири сираци од блиски роднини на Фреди кои починале од сида. Фреди е стоматолог во државна болница, како и во Прилеп. Работи вонредно во приватна стоматолошка ординација за надополнување на семејниот буџет. Светлана раскажува дека била болна и успеала да го победи канцерот. Дава придонес во афирмација на хуманитарни акции во асоцијацијата за борба против ракот. Во два милионската Кампала обиколена со џунгли и метеж од целото животинско царство, карактеристично за Африка, особено со крокодили, Светлана жали за Прилеп, иако е во контакт со пријатели секојдневно со интернет. Пријателите ми ја ублажуваат болката за моите починати родители. Ми даваат морална поддршка. Разговараме, се мајтапиме преку интернет. Ми го доловуваат градот во кој не сум била четири години, а ме трга носталгија. Ќе дојдам пак да се прошетам по калдрмата на сокаците на Старата чаршија. Сакам да ме “опие” мирисот на сушен тутун. Ме влечат корените, иако не се жалам дека не живееме добро. Разговараме со Фреди, третото доба да го минеме пак во градот на моето детство, на мојата младост. И него го врзуваат пријатни спомени на младоста. Фреди е дружељубив. Имаше многу пријатели во 15 годишниот работен стаж во градот под Марковите кули - вели Светлана, која најавува дека ќе ја донесе ќерката со африканска култура, да го види родниот град каде е одгледувана. Живеат во изнајмена куќа во Кампала. Кажува дека ја одржува традицијата. Покрај акциите за донации за асоцијацијата, ги негува православните адети со посетување на христијанска црква во земјата, која 80 отсто е христијанска. Жилаво и храбро се борела од нападот на рак.. Го правам редот како мајка ми за Божик и Велигден. Во христијанската црква ја ублажувам “духовната” глад, се причестувам, иако има и православна, која е, подалеку. Најдувам душевен мир, се храбрам да не ме јаде неизвесноста, по болеста. Тажам за починатите родители и треперам во радост од семејната среќа на децата. Сакам син ми да се одомаќини, да се ожени, да создаде фамилија, и да станам баба, макар што уште учи и работи. Не сме одлучиле каде ќе продолжи ќерка ми. Приготвувам македонски јадења. Ангела сака ајвар, но тешко е тоа оти нема црвени пиперки, само бабури. Инаку, има српска заедница која брои над 200 души. Тие се побројни и готват српски специјалитети, блиски на нашите - вели Светлана. Прилепски тертип на црниот континент Прилепчанката, која едно време беше и прв женски солист во прилепските групи и свиреше пијано, замина во Африка во 1999 година. Додека се надвиваа БАВНО ТЕМПО НА ЖИВОТ Во Уганда не е поразлично од другите африкански земји. Се живее пристојно во бавен ритам. Жителите пулсираат низ звуците на националниот тапан. Климата е тропска, со топли зими и убави лета со температура до 28 степени. Земјата е пред големи предизвици во трансформацијата. Чекори напред во демократскиот и економскиот развој, со странски инвестиции и приватизација и децентрализација. Наезда туристи предизвикуваат изворите на реката Нил, а разновидната африканска флора и фауна и богатството природни ресурси, мамат не само авантуристи, туку и луѓе од бизнисот кои наоѓаат почва за профит. Белците се необично почитувани, иако не се повеќе од еден милион. Временската разлика е само еден час понапред од кај нас. Животниот ритам во африканската земја е потром во споредба со Европа. Сé оди бавно меѓу 22 милиони луѓе во нацијата која е во прогрес. Нема семејство без минимум пет деца. Тоа им е култура и традиција. Покрај јазиците на повеќето племиња, од кои доминира Ваванду, официјално се зборува англиски. Жителите главно се христијани - католици, протестанти и православни. Малку има муслимани, а се негува и хинду верата на Индијците. ВО МИСИЈА ЗА ПОМОШ НА ГОРИЛА Еден месец Светлана Галоња Семакула ќе оди во соседната држава Руанда во Националниот резерват за заштита на горила. Мисијата за помош на животните прилепчанката ќе ја спроведе со желба за подобрување на условите и придонес на човекот за одржување на одредени видови животни. Помагањето на животните, Светлана вели дека ја релаксира и ја прави среќна кога може да помага. |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
![]() |
|
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
СЕМЕЈСТВО НА АНКИЦА И ГИДОН И ЖИЛ ПРИЛЕПЧАНКА И ФРАНЦУЗИН ВО КАЗАБЛАНКА Христијанка и католик во муслиманска земја
СЛУГИ СЕ УШТЕ "ЦВЕТААТ" ПО ДОМОВИТЕ - Мароко е муслиманска земја. Религијата е заштитена од државата. Луѓето имаат обврска на почитување на верата. Казабланка е богат град, познат по филмот со Хемфри Богарт. Живеат околу 17 - 18 илјади французи, кои се најбројни. Официјални јазици им се арапскиот и францускиот. Документите се изработуваат на двата официјални јазици. Мароко е кралство. Кралот Мухамед шести е сега на власт. Пред неколку години била француски протекторат. Французите оставиле траги, но повеќе немаат влијание. Сите одлуки на владата и парламентот ги потврдува кралот. Тој ја има најголемата моќ - објаснува Анкица. СЕ ДРУЖАТ САМО ВО ПОСЕБНИ КЛУБОВИ И ПЛАЖИ Задоволна е од животот со сопругот и од фамилијата. Се дружи со странци, зашто македонки се само две во Мароко. Забавата е по скапи приватни клубови каде треба да се зачлениш. ПРОШЕТКИТЕ ЈА "ГАСНАТ" НОСТАЛГИЈАТА КОН МАКЕДОНИЈА Во близина на Мароко е Сахара. Прошетале таму, како и низ Мароко, Шпанија и Португалија. Желна е да ја виде Франција, земјата на сопругот, да ги запознае роднините. ПРИЛЕПЧАНИ ПРИЈАТНИ ЛУЃЕ Свекорот Ален е општ доктор во францускиот и американскиот конзулат. Со свекрвата Жармен Гидон го засакале Прилеп и Македонија. |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
![]() |
|
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
АЛЕКС КОРМУШОВ ОД ЧИКАГО НА ДЕДОВИТЕ КОРЕНИ ВО ПРИЛЕП Крстен бил по дедо му Алекса, кој на Водици се фрлал во американските води да го бара крстот во дваесетите години од минатиот век Големата прилепска заедница изградила црква со името Свето Благовешетние, како прилепската, во градот Стиллтон, во Пенсилванија во 1909 година Силен впечаток од Прилеп
Четврта генерација Кормушофи во САД
|
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
|
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |