IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Писмени состави,семинарски...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Писмени состави,семинарски...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3435363738 113>
Автор
Порака Обратен редослед
 Оцена: Оцена на тема: 3 Гласови, Просечно 3,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
slobotka11 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 06.Јуни.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај slobotka11 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2013 во 17:20
ми треба некој текст,за писмена по македонски јазик,во врска со
Кон врв
murdzo Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 03.Јуни.2013
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај murdzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2013 во 15:30
Па ми треба некој текст,за писмена по македонски јазик,во врска со книгата,насловот е "Книгата е патот кон светлината".ако може некој текст,па да го научам на памет
Благодарам
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2013 во 15:15
Mozes da iskoristis del od ova:

Не попусто големиот германски мајстор на пишаниот збор Гете рекол: "Тој што не може да се приближи до три илјади години живее од денес до утре". Човечкиот живот е чудна приказна. Во него нештата се одвиваат онака како се предодредени. Се редат лица, настани. Секојдневието, мечтите и фантазиите го трасираат текот. Различностите се вплеткуваат, дополнуваат.
   Светот и животот денес се разликуваат многу од она што биле пред неколку години. Технологијата, науката, медицината од ден на ден напредува со цел да му овозможи на човекот подобар живот и побрз пристап до најпотребните работи. Луѓе трчаат со брзина на светлина, мислиш во неповрат. Како да очекуваат дека бескрајноста ќе им го донесе убавиот крај. Еден се кренал толку високо, мислиш ќе полета,а другиот паднал толку ниско.Живееме во оп-во кое си ги измени своите основи и погледот на светот.Околу нас насекаде војни,убиства,глад,сиромаштија,немоќ.Ситите и големите ги газат гладните и немоќните.Дали некој не може или не сака да го смени тоа? Сите се борат за мир, сакаат мир, декларираат миротворни намери, но сите се подготвуваат за војна, произведуваат оружје, ги развиваат воените сили и системи, дури глобални системи, така ниту географијата повеќе не може да помогне на никого да остане надвор од настаните со кои нема никаква врска ниту пак во нив на било кој начин сака да учествува.Но јас би сакала да живеам во еден свет каде што тревата е зелена, а небото сино.Каде се слушаат само птици како пеат, а цвеќињата се шарени и мирисаат и каде што сите се среќни и еднакви.Што би правеле ние таму?Каков би бил светот, без зло, или без гневни, алчни, пожудни, завидливи, луѓе? Што би правеле ако нема алчни луѓе што го сакаат и грабаат сето богатство само за нив? Си купуваме весник, а во него само убави работи пишува,слушаме на вести само за успеси на другите и се радуваме подеднакво како и тие.Свет каде што нема војни, свет каде што нема терористи кои ги убиваат луѓето по пазари и трговски центри,свет во кој нема гладни и болни, кај што не се експериментира со разни вируси врз луѓе. Дали сме сковани да живееме во еден таков свет, каде што кога ќе купиме весникот или ќе погледниме вести нема да бидеме пресреќни затоа што таму некаде има некој кој страда повеќе од нас.На крај, во светот мора да победи совеста.Дека само во вакво среќно оп-во можеме сите среќно и безгрижно да живееме,да се радуваме и да твориме. Чуден е човечкиот разум. Имаме голем напредок во науката, техниката, културата, а расте и оружјето за самоуништување. Ова е парадоксот на денешницата. Бараме убавина , добиваме самоубијци кои се лишуваат од својот младешки живот. Уште еден парадокс - се гнасиме од нив но сепак се дружиме со нив. Затоа целта на секој поединец , секој здрав човек е да ја пренесува вистината за злото што не демни и се што ќе превземе да биде силно мотивирано од името на човекот и човештвото и на напредокот на човекот.
Уживајте во животните радости и бидете сопствени режисери на сопствениот живот кој продолжува со неговиот тек, кој сакале или не некогаш бавно а некогаш пребрзо минува и оди во неповрат!



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14598
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2013 во 14:36
Види го линкот, може ќе ти помогне да се инспирираш и напишеш нештосреќа

Би го направил светот подобро место за живеење




Кон врв
Karadafov Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 27.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Karadafov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2013 во 14:14
Ако може некој да ми напише една писмена на темата "Светот во кој посакувам да живеам".Се разбира ако има слободно време,бидејќи јас сум зафатен за утре ми е писмената,а исто така и утре праам тест математика,и денес праев екстерно по математика така да неам време и ми треба помош ако може некој би му бил многу благодарен. :)
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2013 во 14:02

Азбука за непослушните - Венко Андоновски


Азбука за непослушните

Творештвото на Великанот, од неговата рака испишано уште едно ремек-дело, испишани најсовршените страници, е духовна аура во којашто се отсликува интуитивно неговиот имагинарен свет.

Врз него паѓа сенката на стварниот свет, маѓепсана игра од загатки и разгатки за тајните на светот, тајните на писмото, универзалната азбука како и отсјајот на мисловниот свет, рефлектираната историја на човештвото, креација на циклус на романи, прутска потрага по изгубеното писмо, јазик, потрага по заборавениот идентитет.

Тој дава Божествен благодет и чест за секој кој минува низ страниците на неговите дела...

Несомено самото негово творештво ненаметливо му сугерира на неговиот читател, пред сè на уметнички начин, дека македонскиот јазик не е вчерашен, туку древен, исконски, раскошен јазик, дека и самиот е алка од синџирот на медитерански јазици со древна историја и традиција и дека не може да се прочита, ако се чита изолирано од целокупниот културно-историски контекст.

Имагинарниот отец Варлаам: „Оној што слепо слуша, слепо ќе го слуша и нечестивиот, оти во слепилото нема да види дали му се јавил Бог, или сатана“.

Па, подобро е да се биде непослушен и глаголив: „Оној пак со два јазика и на сатаната може да му каже „не“, со едната половина, а со другата „да“ умее да каже, кога Господ му се јавува“ .

Зар е просто возможно да не се воодушевиш на човек како Андоновски?

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Culse Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 13.Март.2013
Статус: Офлајн
Поени: 7
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Culse Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2013 во 13:43
Анализа на "Азбука за непослушните" Венко Андоновски ?
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2013 во 12:33
КЛИМЕНТ   И  НАУМ ОХРИДСКИ

Охридскиот крај уште во втората половина на ВИИИ век станал привлечно подрачје за бугарската држава. За време на бугарскиот цар Борис македонските територии во воено-административен поглед биле опфатени во неколку "комитати". Охрид бил во комитатот што ги опфаќал Охридско-деволските краишта. Со вклучувањето на поголемиот број "склавини" во рамките на бугарската држава, бил прекинат нивниот самостоен развиток.

Во Охридскиот крај христијанството како официјална вера се наложило уште во ИВ век. Градот Лихнид од првата половина на ИВ век постанал дури и седиште со епископ.Со паѓањето на Охридскиот крај под бугарска власт, кнезот Борис и овде го наложил христијанството, затоа што тој сакал и преку црквата да ја зацврсти својата власт. Христинизацијата во Охридско особено се засилила по 864 година кога Борис прифатил грчки свештеници да ги покрстат поданиците на неговата држава.

Во 886 година Климент (Охридски) по краткото задржување во бугарскиот двор бил испратен во Македонија со важна државна мисија. Тој бил испратен во областа наречена Кутмичевица како учител. Областа ја опфаќала Југозападна Македонија и Јужна Албанија, со главните градови Охрид и Девол. Овие два градови тогаш биле седиште на соборните, односно катедралните цркви. За време на својата учителска дејност Климент имал голем број ученици. Бројот на таквите "избрани" ученици изнесувал околу 3500. Изградувајќи толкав број словенски црковен кадар, Климент за кратко време успеал насекаде во Охридско и низ Македонија да ја воведе словенската богослужба во возобновените и новоизградени цркви. Со таквата своја активност Климент ги удрил темелите на словенската црква во Македонија. По седумгодишна учителска дејност во 893 година Климент бил поставен од новиот бугарски владетел Симеон (893-927) за епископ на Дрембица или Велика. Бугарскиот владетел на местото на Климент за учител го поставил Наум. Неговата учителска дејност главно била насочена во градот Охрид, за што сведочи и манастирот, изграден на самиот брег на Охридското Езеро.

Како учител и епископ Климент заедно со Наума ги поставиле основите на т.н. Охридска глаголска книжевна школа. Самиот Климент напишал или превел околу 50 дела со што ги зацврстил темелите на македонската и општословенската литература и култура. Благодарејќи на дејноста на Климент и Наум, градот Охрид, во втората половина на ИЏ век израснал во еден од најразвиените и најпознатите средновековни словенски културни центри. Колку Климент и Наум биле поврзани со овој крај говори и фактот што и двајцата по нивната смрт биле погребани во манастирите што самите си ги изградиле на брегот на Охридското Езеро. Наум умрел 910, а Климент 916 година .

Св. Климентовото дело-поука за Велигден и похфала на нашиот блажен  татко и учител Кирил Филозофот

            Св. Кирил и Методиј на Словените им го дале најсилото оружје во борбата против асимилацијата-азбуката. Нивниот најистакнат ученик, доследен на делото на своите учители, со успех го продолжил нивното дело во ширењето на словенската писменост и култура. Овој ученик, основач на првиот унивирзитет во Охрид и прв словенски писател на патот на писменоста пишувал слова и похвали со кои ги водел верниците кон патот на светлината. Св. Климент во својата просветителска дејност посебно внимание им посветувал на верниците. Со своите дводелни морално-поучни слова ги поучувал верниците да ги почитуваат Божјите заповеди и да ги применуваат во живот,  на основните христијански добрини: вера, надеж и љубов кон Бога и Неговата црква и за прославувањето на празниците.

 Во „Поуката за Велигден“,  во првиот дел почнувајки со зборовите: „ Послушајте возљубени браќа и синови, да ви раскажам за силата и честа на овој ден, во кој нашиот Господ Бог го сотре ѓаволот...“ им го објаснува значењето на овој голем христијански празник. Во вториот дел ги поучува  како да се однесуваат во деновите на пости, во црква и дома. Потоа, на наредните миси со реторски прашања ги прашува за ползата од постите и ги бодри да издржат со зборовите“ Се ближи денот на нашето спасение“. На мисите ги повикува да ги отфрлат: злобата, гневот, срамните мисли,  а да ги возљубат : мирот, кроткоста, постот и чистотата.

Св Климент како писател во своите дела,  посебно место им посветил на своите сакани учители. Во едно од најпоетските и највдахновени творби , химната на љубовта и благодарноста „Похфала на нашиот блажен  татко и учител Кирил Филозофот“ му  оддава признание на својот учител за неговото големо дело. Похфалното слово се состои од 15 нееднакво  долги строфи. Секоја од нив започнува со „блажени“ и ги опева деловите на телото, усни, очите, лицето... на својот првоуичтел св. Кирил  Филозофот. Со избрани зборови ја опева целата негова личност и завршува со опевањето на неговата смрт. Словото обилува со бројни епитети и споредби, со пофалби и со разни украсни средства. Неговите најсакани изрази за споредба се: сонцето, светлината, зората, зраците и слично, кои му даваат на словото живот, светлина, оптимизам и надеж. Св. Кирил се споредува  со орел кој го прелетал целиот свет, со сонце кое ја озарува вселената. Користи цитати од псалмите:”Благодат се излива од Твојата уста, затоа Бог те благословил довека”. Св Кирил Филозофот е опеан како духовен учител и просветител на словенскиот народ и на целиот свет, апостол во кој  Премудроста Божја создал свој храм.  

„Поуката за Велигден“ и ,„Похфала на нашиот блажен  татко и учител Кирил Филозофот“   се од извонредно значење за историјата, литературата и постоењето на словенските народи. Тие беа, се и ќе бидат најбогатиот извор од кои се црпат податоци за првите словенски просветители,за вербата во Бога и христијанската вера.

Изменето од Перун - 16.Март.2009 во 20:15
Кон врв
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2013 во 12:31
Црноризец Храбар

Да се зборува за словенската средновековна литература  значи да се зборува за Црноризец Храбар. Псевдонимот на овој анонимен писател- Црноризец Храбар значи храбар калуѓер. За него се знае дека е автор на делото О писменех- За буквите. За него нема многу податоци, освен што се претпоставува дека живеел во десетиот век и дека зад овој псевдоним се крие името на Наум Охридски.

          Делото О писменах е пронајден во еден препис во Света Гора.   О писменах е трактат со јасен и жив стил,  со тема, појава и постоење  на словенската писменост. Идејата му е одбраната на словенската писменост од нападите на тријазичниците. Тие ја негирале и сакале да ја уништат.  Црноризец Храбар храбро ја докажува оправданоста на нејзината појава и постоење. О писменах  е напишан во вид на теоретска статија. Композициски е составена од два дела: историски и полемички дел. Во првиот дел, со историско-јазичен карактер се проследени развојните фази на појавата на првата словенска азбука. Во првата фаза  ни е претставен периодот кога Словените биле пагани, многубошци и се користеле со рецки и црти бидејки немале своја азбука. Словените се служеле со фигуративно писмо кое немало гласовна вредност, со кое ја изразувале потребата да се остави нешто важно, некој податок. Во втората фаза во развитокот на словенската писменост се совпаѓа со времето на нивното прексрување и откажувањето од многубоштвото, односно нивното примање на христијанската вера. Со примањето на новата вера тие биле принудени да учат грчко и римско писмо. Но писмото кое го учеле било туѓо  ин е било погодно затоа што ги немало словенските гласови: ч, ж, б, ѕ и други. Третата фаза од писменоста се софпаѓа со мисионерската дејност на Кирил и Методиј. Овие двајца апостоли на словенската писменост, за полесно да го спроведат покстувањето сватиле дека Словените мора да имаат свое писмо, азбука со која лесно ќе се служат. Црноризец Храбар тука го фали филозофот Константин- Кирил кој на Словените им приготвил азбука, глаголица со 38 букви од кои 24 биле по образец на грчката азбука, а 14  нови кои сам ги измислил според гласовниот систем на словенскиот јазик.

Во вториот дел од О писменах, Храбар полемизира со  прашања и одговори, со тези и доминантни антитези со тријазичниците. На сите нивни аргументи им наоѓал против аргументи. Тој со своето знаење докажал дека е многу образован Словен со голема ораторска дарба. Отворено ја покажувал омразата кон непријателите и ги омаловажувал Грците и ги исмевал дека за нивната азбука биле потребни 70 мажид а ја напишат. Отворено ја искажувал   својата голема љубов кон словенските народи  .  Верувал во надареноста и способноста на Словените. Истакнувал дека за создавање на словенската писменост биле потребни само двајца храбри мажи.
Во завршниот дел на трактот истакната е големата љубов на словенските писатели кон творците на словенската писменост браќата Кирил и Методиј и  општествено значење на нивното дело и нивната прогресивна идеја дека секој народ треба да има свое писмо и култура. Секој народ има право на своја самобитност.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2013 во 12:30
Панонски легенди

Св. Кирил и Методиј на Словените им го дале најсилото оружје во борбата против асимилацијата-азбуката. Нивните најистакнати ученици, доследни на делото на своите учители, со успех го продолжиле ширењето на словенската писменост и култура.На патот на писменоста како моќно оружје го користеле напишаното дело Едно од првите оригинални дела напишани на словенски јазик е Панонски легенди.
Композицијата на двете житија  е мошне добро изградена. Тие содржат воведен дел во кој се слават величината на господ, изложување   во кој е раскажан животниот пат на браќата по хронолошки ред, а во завршниот дел се искажани цитати од Евангелието. Изобилуваат со компарации, епитети, раторички прашања, а стилот е разбирлив за сите Панонски легенди содржат две житија  Житието на Св. Кирил и Житието на Св Методиј. Во овие житија познати уште и како Моравски легенди најопширно е опишан животот и работата на словенските браќа во Панонија, односно Моравија. Житието на Св. Кирил почнува со опис на животот на св. Кирил од неговите детски години и неговата наклонетост кон науката и мудроста,
“ ...Кога почна да оди на училиште, Константин напредуваше  во учењето најмногу од сите ученици...“
и продолжува со опис на неговото школување во Магнаурската школа, потоа како библиотекар во црквата Св. Софија. Авторот опширно ги објаснува мисите  на св. Кирил, времето на пишувањето на азбуката. Посебно место зазема неговиот престој во Моравија, радоста на Словените за можноста за учење на мајчин јазик. Авторот ја опишува и зависта и клеветите на германските свештеници пред папата, како и борбата за одбрана на словенската писменост. Во Житието за Методи опишан е животот и делото на постариот брат Методиј. Во двете житија, односно во Панонски легенди основната идеја е да се докаже  и одбрани правото на Словените на свој јазик, писменост и култура. Авторот двајцата браќа ги нарекува, раби божји, прикажувајки ги како апостоли и светци, божји избраници за големи дела кои не сакале ништо за себе. Овие учени  луѓе го одбраниле своето дело со мудрост: Зарем Сонцето не не грее сите?”. Поради тоа папата ги ослободил, а луѓето ги сакале и  на секој чекор им ја искажувале својата љубов.
Панонски легенди се од извонредно значење за историјата, литературата и постоењето на словенските народи. Тие беа, се и ќе бидат најбогатиот извор од кои се црпат податоци за првите словенски просветители, творците на првата словенска азбука.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
mampemkd Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 26.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mampemkd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2013 во 10:39
Итно ми треба писмена работа по македонски јазик на теми:                    1. О писменех - одбрана на Словенската писменост                         2. Климент-науморен уцител надарен писател и столб на словенската писменост                                                                3. Паномските легенди - сведоштво за големината на Кирил И Методиј како мисионери и просветители    fala odnapred.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2013 во 13:52

Животот и делото на Свети Кирил и Методиј


Св. Кирил и Св. Методиј Солунски се родени браќа од Солун, од угледно и богато византиско семејство, татко Лав и мајка Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер помина десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечи на гората Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (Константин Филозоф). Кирил и Методиј, познати како солунските браќа просветители, имаат голема улога во словенската историја. Нивното дело ги описмени словенските народи.

Во почетокот на IX век била веќе подготвена солидна основа за поширока и поорганизирана мисионерска активност во Западна Бугарија. Во тоа време Византиската Империја доживува нов расцут на културен план, па овој бран ги заплиснува и градовите што биле оддалечени од Цариград, посебно Солун. Во првите децении на IX век во Солун живее и семејството на висок службеник на царската власт, помошник на византискиот стратег на Солун и солунската област. Тоа бил Лав со својата сопруга Марија. Нивната народност е нејасна. Семејството имало повеќе деца, но се спомнуваат само имињата на најстариот - Методиј и најмалиот Константин. Дури не се спомнува и световното име на Методиј, кој ова го добил при замонашувањето.

Побожните родители ги упатиле своите рожби уште од најраното детство во христијанството, трудејќи се да им помогнат да ги применуваат возвишените христијански вистини во својот живот. Костантин уште од својата младост се занимавал со списите на свети Григориј Назијанзин и на Дионисиј Аеропагитски. Татко му го испратил во Цариград да го продолжи своето образование во императорското Магнаурско училиште, каде, освен богословските науки, се изучувале и граматика, аритметика, географија, астрономија, музика, поезија, реторика. Покрај овие науки, Константин учел и јазици - латински, еврејски и сириски. Откако го завршил своето високо образование, Константин бил назначен за библиотекар при црквата Света Софија, а потоа бил поставен за професор по философија во училиштето што го завршил. Тогаш го добил и името Константин Филозоф.

Како високо образовени и талентирани личности на Кирил и Методиј ќе им бидат доделувани многу тешки и одговорни задачи од страна на византискиот двор. Најпрво биле испратени во мисија кај Сарацените (Арапите) во Багдад, која како и Хазарската и Моравската мисија претставувале дел од политичката програма на Византија, чија основна цел е да ги христијанизираат Сарацените, Хазарите, Моравските Словени, Бугарите, Русите и другите народи на исток и север од Византија и да им ја наметнат византиската црковна власт. Кога хазарскиот цар Каган побара од царот Михаил проповедници на верата во Исус Христос, тогаш на заповед на царот беа пронајдени овие двајца браќа и беа испратени меѓу Хазарите. Откако го уверија Каган во верата Христова, тие го крстија овој цар и голем број негови доглавници и уште помногуброен народ. По извесно време се вратија во Цариград, каде што ја составија словенската азбука од триесет и осум букви и почнаа да ги преведуваат црковните книги од грчки на словенски.

На повик од царот Ростислав отидоа во Моравија и таму ја распространија и ја утврдија православната вера, па ги умножија книгите и им ги дадоа на свештениците за да ја подучуваат младината. А подоцна на повик од папата заминаа за Рим, каде што Кирил се разболе и умре, на 14 февруари 869 година. Тогаш Методиј се врати во Моравија и до смртта се потруди на утврдувањето на Христовата вера меѓу Словените. По неговата смрт - а тој се упокои во Господа на 6 април 885 година - неговите ученици Петочисленици, на чело со Свети Климент Охридски како епископ, го преминаа Дунав и се спуштија на југ во Македонија, каде што од Охрид продолжија да работат меѓу Словените на истото дело што го започнаа Методиј и Кирил на север.


Што се однесува до Методиј, постојат мошне оскудни извори, според кои тој се здобил со световно образование и се посветил на државната и воена служба. Бил надарен со христијански добродетелен живот и државнички и воени способности. Подолго време управувал со брегалничката област и придонесол христијанството длабоко да се всади во македонската душа во тој дел на Македонија. За овој успех бил особено заслужен и неговиот брат Константин.

Мисионерската дејност на светите браќа меѓу Македонците, посебно возобновувањето и применувањето на македонската азбука е забележано во житието на Свети Наум. Ова му претходело на преведувањето на светите книги на јазикот на Македонците од солунско и на мисионерското дело меѓу западните Словени во Моравија.

Извесно време пред својата мисионерска дејност, светите браќа се повлекле во манастирот Полихрон на планината Олимп, каде всушност конечно се подготвиле за своето епохално мисионерско дело. Манастирското осамување го прекинале двапати кога биле испраќани од византиската власт од цариградскиот патријарх во мисии меѓу Сарацените и Хазарите. Овие мисии ги извршиле со голем успех. Во Краткото житие на Константин-Кирил, напишано од неговиот ученик Климент Охридски, се кажува дека Кирил открил пред Хазарскиот каган дека не потекнувал од византиски род, ами дедо му бил од хранените људе на туѓ „цар„, но побегнал во Византија.

Ростислав, кнезот на Велика Моравија, испратил молба до византискиот император Михаил III овој да испрати, епископ и учител, кој ќе им објаснува на нивни јазик вистинската христијанска вера. Изборот паднал на светите браќа. Тие биле речиси подготвени и за оваа мисија, зашто голем број од светите книги веќе ги превеле на словенски јазик. Тие избрале достојни ученици и помошници и тргнале во Моравија. Таму биле пречекани со голема радост и со големи почести. Набргу потоа отвориле училиште, во кое ги подготвувале идните свештенослужители и учители за западните словенски народи. Тука наишле на голем отпор од германски свештеници: обвинувани за ерес. Биле принудени да појдат во Рим и да го докажат своето правоверие. Во Рим биле примени со големи почасти од папата Адријан II. Тој ги одобрил словенските богослужбени книги и наредил да бидат поставени во олтарот на црквата Санта Марија Маџоре и богослужби да се вршат на словенски јазик во три римски цркви. Кирил во Рим тешко се разболел и починал на 14 февруари 869 година. Методиј епохалното мисионерско дело меѓу западните Словени го продолжува сам со помош на своите ученици, кои во Рим биле ракоположени во свештенички чин. Непријателството од германските свештеници не престанувало. Истоштен од напори и измачувања, Свети Методиј почина во Нитра, 885 година. Неговите ученици биле подложени на измачувања и прогони. Некои од нив распродадени како робови.

Делото на светите браќа по смртта на Свети Методиј паднало во голема криза, но благодарение на нивните најдаровити ученици - Свети Климент и Свети Наум, охридските светители и чудотворци, учители и просветители, ползувајќи се со својот мисионерски метод, што имал за цел да им ја објави божјата вистина на новите народи, почнувајќи ја нивната културна самобитност, останал жив образец за Светата Црква и за мисионерите на сите времиња.

Светите браќа Кирил и Методиј успеале да станат апостоли на Словените. Тие сакале да му служат на доброто на сите словенски народи и на единството на Универзалната црква. За овие и вакви свои заслуги, во своето апостолско послание egrigae virtulis папата Јован Павле II на 31 декември, 1980 година ги прогласил за ко-покровители на Европа, чиј покровител е Свети Бенедикт, прогласен од папата Павле IV на 26 октомври, 1964 година.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Kafeavioci Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 25.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kafeavioci Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2013 во 13:19
Ве замолувам доколку имате семинарска или некои кратки делови за браќата Кирил и Метофиј да ми испратие ми треба под итно а немам време да направам сама...многу ќе ми помогните...Фала ви однапред <3
Кон врв
gorancento Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 21.Април.2011
Статус: Офлајн
Поени: 8
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gorancento Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2013 во 21:30
солиден број на семинарски, поволна цена, а покрај продажба врши и размена на семинрски..http://barajseminarska.blogspot.com

Изменето од gorancento - 23.Мај.2013 во 21:32
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3435363738 113>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.