|
Што би работел кога ке се вратам од печалба во Мк |
Внеси реплика | страница <123 |
Автор | ||
nostalgija
Сениор сениор Регистриран: 12.Септември.2010 Статус: Офлајн Поени: 231 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Значи сепак проблемот е кај нас самите,а не кај институциите и системот.Зошто секогаш причината за нашиот неуспех ја бараме кај друг,а никогаш не ја бараме кај нас самите.Многу е лесно да се обвини некој друг за својата неспособност да се направи нешто повеке во животот. Ке ги земам за пример Кумановци кои се добри 10 години по Ирак и Авганистан.На прсти се бројат тие кои во Куманово се обидоа да отворат свој бизнис.Останатите се фрлија на трошење на купување скапи коли,одмори,телефони,итн....А зошто?Или е оној наш синдром да не видат каде сме стигнале.А трагедијата е што иситите тие луге сега се пак во Ирак и Авганситан бидејки парите се потрошени.И сега кој е крив?Државата,владата,министрите..... Затоа никогаш нема да се помрднеме од мртва точка..... |
||
I WILL NEVER APOLOGIZE FOR BEING MACEDONIAN
|
||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Добра ти е поентата на темава, ама лоша ти е споредбата.. Зошто е лоша, претпоставувам се мислиш.. Епа Албанците и Македонците како народ се различни многу. Кај албанците сеуште важи правилото дека парите спечалени во странство задолжително е да се инвестираат дома. Тие каде и да се, на крајот дома се враќаат. Таму живеат каков таков живот, некои поубав, некои полош, но се задолжени да испраќаат секој месец пари дома. Е сега на кој му упалила среќата, па заработил добра пара (не навлегувам на каков начин), задолжително ја инвестира во МКД. Исто така кај муслиманите важи правилото да се помага и на сиромашните и тие што немаат. А за жал или за волја на вистината, нашето македонче, ќе оди во туѓина, ќе рмба што ќе рмба.. Ќе живее каков таков живот и во туѓината, ако остане да пушти дома некоја паричка ок, ако не сето тоа оди на сметка и се акумулира. Значи огромен дел од тие печалбари, само акумулираат парични средства и никако не вршат обрт со нив, ниту пак сакаат да ги множат, него се водат по принципот колку се, толку се, токму се... Евентуалната инвестиција на тие пари значи купување на сопствен дом во родната земја, под услов ако го немаат како лично свој и толку. Остатокот ќе се акумулира и ќе се чува за недај боже за црни дани, за децата ако сакаат некој ден бизнис да отворат или слично. Е тука сме многу различни од албанците. Друга работа е што албанците се заштитени како бели мечки па така да нивните бизниси тука можат да пропаднат само од нивната неукост или неспособност, а од разно разни инспекции, владини лихвари и други ствари нема шанси да пропаднат. Даноците за нив се поим кои само на вести го слушаат и ред др. работи. Што се однесува до привремените печалбари, од типот Авганистан, Ирак и сл. можам да кажам дека исто така во голема мера од нив ја прават истата грешка како и другите печалбари од македонска националност. Заработуваат, праќаат пари дома семејствата да живеат, остатокот оди на сметка во банка и се акумулира. Кога ќе се вратат, се градат куќи, се купуваат станови, коли, се оди по одмори, се луксузираат.. Мал дел од нив за кои лично знам пробаа или сеуште пробуваат да се протнат во некаков бизнис од типот кафич, кафана, препродавање возила, лихва и сл. Можам да кажам дека ни 0.001 % од нив парите не ги има пуштено во оптек, најпрво заради несигурноста во државата, друго заради неспособноста да се започне некој профитабилен бизнис. Сепак постојат многу фактори и параметри околу инвестирањето на парите од туѓината, но свеста на печалбарите премногу споро се менува и мислам дека така ќе остане и во недогледна иднина. И ова да го надополнам за да не го заборавам. Кај албанците сеуште е развиена свеста за бизнис. Способноста да се заработат пари на било каков начин. Тие ги учат децата уште од мали како да дојдат до пари, како да ги зголемат, како да ги вртат. И само заради тоа можам да кажам дека албанците иако самоуки, се одлични бизнисмени (за наши услови). Никогаш не се срамеле да работат ништо, а додека македонците се водат по правилото дека децата се деца и не треба да се замараат со заработка. Од една страна исправно од друга страна лошо. Лошо бидејќи ги правиме нашите деца зависни од нас, од тоа што ние ќе им го дадеме, а додека албанските деца не се разгалени и се научени како да заработат за тоа што го сакаат. Образованието е сила, образованието е моќ, но во Македонија сеуште важат правилата на џунглата. Послабиот секогаш бива изеден од појакиот, а тоа ќе потрае уште долго време. Изменето од NRGMKD - 22.Ноември.2012 во 01:11 |
||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||
gonzo
Сениор Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Кога ќе ми се запали сијаличката за бизнис тогаш најверојатно и ќе почнам со бизнис. Вака си седам и фаќам сеир на овие што почнаа бизнис и го изедоа немиен.
А уствари тие што имале нос за бизнис што барале на печалба, кој си го бива, пари прави и овде во Мк, на овој или на оној начин... |
||
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
...ili ..ako ne bash tie,...ke bidat onie nesposobnite ...shto ne znaat na konj da javaat . ...shto e i napolno tochno toa ama,...koj bre cheka od takvite da ''javaat konj'' tamu ? |
||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ама полесно е да убедуваш некој како тука е одлично да отвориш свој бизнис, отколку ти да го отвориш и комплетно да се посветиш само на него
|
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Mislev pazi se sea...koga ke dojdat da ti ja rasipat i ovaa tema..
A veruvaj deka nikoj od ovie sto ziveat na visoka noga tamu nekade nema da se spustat od konj na magare...ete zatoa ne bi se ni vratile od pecalba.. Podobro e da si ja trosis penzijata vo MK...ama ne i zastedata Sto znaci ako bi se vratile najverojatno ne bi bili vo bliska idnina...pa da mu ja mislat... |
||
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
||
nostalgija
Сениор сениор Регистриран: 12.Септември.2010 Статус: Офлајн Поени: 231 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јак коментар.А и тоа се очекуваше од тебе.. |
||
I WILL NEVER APOLOGIZE FOR BEING MACEDONIAN
|
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ќе ви кажам што прави мојата бивша девојка од Куманово :
Уште кога бевме пар она беше во војска . Одлучи да оди да заработи во Афганистан . И така работи 4 години . Од почетокот на оваа година ( 2012 ) се врати во Куманово . Во истото време парите спечелени од странство си ги вложи во ренивирање на куќата . Фатила си е дечко ,нејзин колега од Далас . На моето прашање кога прочитав на фејсбук дека е обврзана каде ќе живеете со момчето она ми одговори видам ли го дека е озбилен заминувам за Америка и нема да се вратам повеќе .
|
||
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Pazi se sea
|
||
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
||
nostalgija
Сениор сениор Регистриран: 12.Септември.2010 Статус: Офлајн Поени: 231 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ме натера да ја отворам оваа тема една јака дискусија во врска со тоа што би работеле кога би се вратиле од печалба во Мк...
Значи доага време да се вратиш дома,ете си бил на печалба(Ирак,Авганистан,Америка,итн)имаш некој капитал и сега што?Дали да се почне свој бизнис и да се работи или да се стават парите кои се спечалени со мака во банка и да се живее од камата. Од мое предходно искусто во Мк,работејки низ градовите во Западна Македонија и во Албанија забележав еден интересен да го наречам феномен.Албанците,барем јас со кои соработував сите работеле во Швајцарија,Германија,итн....и сите сега имаат некој свој бизнис.Не навлегувам во тоа дали им оди добро бизнисот или не,дали плакаат рекет на некој и сл,туку нивната заинтересираност да на некој начин инвестираат во својот роден град. За разлика од нив нашите кои работеле и сеуше работат во странство,на прсти се бројат оние кои одлучиле да отворат свој бизнис.Повекето од нив,за жал или ги потрошиле парите на скапи автомобили и одмори во Европа,само еден дел одлучил да ги стави во банка па да живее од камата(ако се живее со 30000евра вложени од камата,тогаш добро),а само 1% од нив се одлучиле да отворат свој бизнис. Сите знеме дека во овие матни времиња,е многу тешко да се започне сопствен бизнис,но дали тоа важи само за нас или Албанската популација е порешителна да почне свој бизнис или можеби е нешто друго во прашање.Да,сите ке речат па они плакаат,па рекет,па не знам што друго.Во ред,штом е така зошто тогаш и ние не правиме како нив,па белким ке ни тргне и на нас. Генерално гледано,и од мое лично искуство овој проблем се влече долг временски период,и да е трагедијата најголема не се превземаат конкретни мерки да се реши. На крај секогаш ја обвинуваме владата дека не ни помага,итн,итн.....За нашата неспособност секогаш друг ни е крив. Па повелете.. |
||
I WILL NEVER APOLOGIZE FOR BEING MACEDONIAN
|
||
Внеси реплика | страница <123 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |