|
Бегај од Македонци кога си во странство |
Внеси реплика | страница <12345 6> |
Автор | |||||
nostalgija
Сениор сениор Регистриран: 12.Септември.2010 Статус: Офлајн Поени: 231 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Гледам дека дискусијата почнува да се движи во насока на мегусебно обвинување.Значи сличноста помегу парламентарците наши и обичниот Македонец не е случајна.Темата е ...Бегај од Македонци кога си во странство...Значи искуства лични,како да се смени тој менталитет,зошто другите нации се посложни од нас кога се во странство,итн,итн....
Значи генерално,со чест на исклучоци е кажана таа реченица.Значи никој не ја измислил на памет,или ја кажал без врска.Значи има нешто повеке од тоа.Е сега проблемот е како да се реши(искорени..)тој синдром кој владее кај нашиот народ.Дали е од завист,љубомора,или е нешто друго треба да пронајдеме и конечно да се реши тој проблем.Ама како што ми изгледа во догледно време тешко.Семката ни е таква расипана... Јас лично сум помагал кога сум бил надвор од Мк,колку што сум можел.Е сега за понатаму не знам.Само знам и дека нашиот народ е неблагодарен и дека бара леб преку погача.Можеби и тука лежи проблемот.Лошо искуство со наши кои барале леб преку погача,и сега се влече тој наш синдром кој никогаш нема да се искорени се додека постоиме како нација. Се додека се делиме таму некаде далеку на Македонци од Скопје,Велес,Куманово.Битола,итн немојте да очекувате напредок.Да ти забие нож во грб туг човек боли,ама свој повеке и затоа дупката ке биде поголема........ Затоа подобро побарај помош од некој кој прв пат го гледаш во твојот живот,туку од клето Македонче..... Од мене толку..... |
|||||
I WILL NEVER APOLOGIZE FOR BEING MACEDONIAN
|
|||||
Polar Bear
Сениор Регистриран: 04.Декември.2007 Локација: Канада Статус: Офлајн Поени: 1152 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Не се секирај за нас од ПМ, не се плашиме ние толку лесно, посебно не од wanna be иселеници кои се веќе до смрт преплашени пред да емигрираат и им требаат роднини да им го држат стравот. Ние сме ја покажале и докажале својата способност да се снаоѓаме по светот.
Ако било кој работодавец те отера у 300 ПМ, наместо да ти каже дека кај него во тој момент нема работа за тебе, најдобро е тој работодавец никогаш повеќе да не го контактираш за работа, веројатно не те заслужува.
Не бе пријател, јас не се срамам што сум балканец и македонец. Никогаш не сакам да го снема балканското во мене, тоа само ме прави подобар. Тоа што ти на „балканството“ и на македонците во странство гледаш со подсмев и негативно има врска со твојот животен став, комплекси и фрустрации. Не ти останува ништо освен да избегаш од нив како што сугерира насловот на темата.
|
|||||
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
|
|||||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Невидов дека ниту еден од нас кој сме во прекуокеанските земји (Меси, Мечката, Зекси и јас) сме кукале. Напротив ве охрабрувавме да превземете соодветен чекор, како би си ја подобриле сопственат материјална состојба, а богами и душевен мир.
Советите беа давани врз онова на стекнатото искуство, а не мислеење кое е формирано на втора, трета и незнам која рака информации. Мислам дека советите беа добронамерно дадени, а кој читал меѓу редови ќе осознаел дека советите се насочени и кон превисоките очекувања кои новите мигранти, генерално ги имаат. Брзо вработување, висок стандрад, професионален просперитет..... Да небиде разочарувањето поголемо, па и таму некаде да почне да се кука, едноставно сослушајте. Нема што да изгубите, напротив може само да добиете. Ќе застанам во одбрана на Мечката во врска со црвениот коментар. Тој коментар не е македонски, ниту балкански. Тој е светски, а тоа може само да се дознае кога имаш интеракција со другите. Да небиде разочарувањето уште поголемо прифатете го црвениот коментар исто така добронамерен. Никој од ништо не се плаши, а најмалку од лицата споменати во хипотетичкиот пример. Поентата е дали на такви карактери некој воопшто би сакал да им излезе во пресрет. И тука пак нема да го потенцирам само македонскиот и балканскиот ментален склоп, туку дека таквиот ментален склоп е присутен и надвор од географските граници на Балканот. Јас мислам дека и ова што го пишуваме, на некој начин е помош! Но, мислам дека не се цени. Причината за тоа наверојатно е кршењето на илузиите и соочувањето со реалноста. Кои сте пак сега вие(спасените) нам да ни солите памет?! Дојдете тука па да видите? Убаво ве прарафразирав, нели? Ете и јас се фатви во стапица, се делам! ПС.Не ако работодавецот ти е братучед, туку и ако ти е татко, мајка, брат или сестра може да не ти излезе во пресрет. Посебно кога се работи за приватен бизнис. Многу коцки треба да се сложат. Такви примери имаш колку сакаш и не се балкански. Изменето од Platenik - 19.Ноември.2012 во 06:42 |
|||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Какви дискутанти таква дискусија. ГЛупа поента само ќе кажам нешто..најдобро ќе беше да не претпоставувавте кој што би и како би, тука од форумот. А тие што ги набројавте сигурно не би барале работа или сместување од вас..не се плашите де до толку Значи глејте си ја темата, членовите нека не се тема на дискусија
Мене еднаш ми рекоа дека бодело очи оваа сината, па ќе те замолам од сега да пишуваш со црна боја. Што ако работодавецот ти е братучед? И му се обратиш за работа, а тој те отера во 300 лепи и назад? Со она црвеното, докажа дека балканското во тебе не е умрено. Кога беше дискусија за животот таму негде у ПМ се утепавте од жалење сите до еден. Да не бевте балканци сигурно немаше ни уста да отворите А и во круг се вртевте, немајќи што друго да кажете... А јас се чудам дали тоа балканското во мене го снемало, кога ќе се споредам со вас де
|
|||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
|||||
Polar Bear
Сениор Регистриран: 04.Декември.2007 Локација: Канада Статус: Офлајн Поени: 1152 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Рајт то д`поинт. Негативната енергија е деструктивна. Со таков атитјуд не се стига никаде. Воспитаниот свет на западов многу води сметка за позитивниот животен став.
|
|||||
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
|
|||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Тогаш најголемиот плукач ќе ти стане најголемиот лицемер. Мислиш ќе остане доследен на своите зборови напишани на форумов ??? |
|||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Еве едно хипотетично прашање. По некоја случајност Брза или Орка или Носталгија завршуват кај мене во Австралија. Се нешле луѓето во небрано, им треба помош, наши сме, Македонци. Дали тие со својот однос оставиле простор некој безрезервно да им помогне?
Негативниот однос, би рекол кој е повеќе деструктивен, не би сакал да го има никој околу себе, не само Македонците, туку било кој работодавач, без разлика на неговата национална припадност. Јас би рекол бегај од луѓе кои се набиени со негативна енергија, а во тој контекст не ги вклучнувам само Македонците, туку сите кои имаат ситна душа, големо его, и се професионално нереализирани. Изменето од Platenik - 19.Ноември.2012 во 00:35 |
|||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Амин! И ќе го повторам уште еднаш заклучокот од скоро сите наши дискусии на форумов:
Изменето од Messenger - 18.Ноември.2012 во 22:06 |
|||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||
Polar Bear
Сениор Регистриран: 04.Декември.2007 Локација: Канада Статус: Офлајн Поени: 1152 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Не дека ми македонци смо идеални, ама нејќу некакве бабе да ми гу ружив нацију на генералну основу! Нејќу да се извињавам на никога, најмалце на тије бабе, как`в сам так`в сам, македонац сам.
Не ми е јасно како тој Орка, кој не е иселеник и како што вели му е убаво во базата, дава генерални судови (!?) за иселениците. Пак на основа на рекла-казала. На некои од „нашите“ не им е удобно во нивната кожа, а не знаат како да се „спасат“, па плукаат по нас „спасените“.
|
|||||
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
|
|||||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
А бе Носталгија, гледам тесно ти го скроиле кожичето кое го носиш.
Има лек и за тоа, смени го гунчето, можеби како Србин, Грк, Бугарин, Хрват или Албанец.....неверувам дека Евреите ќе те прифатат, полесно ќе ти биде. Дефинитвно држам до ставот: I'll not appologize for being Macedonian. Поларна Мечко, Дефинитвно може да се заклучи дека очекувањата на новиот бран на миграција се превисоки, па и одтаму разочарувањето е големо. Наместо проблемот да го бараат кај себе, се некој друг им е крив. Полесно е да се повикуваат на синдромот. Не слушаа паталец, туку гаталец! Не веруваа дека во просек на луѓето им одземаше 3-5 години да се адаптираат на новите услови на живеење(и тоа во добрите времиња). Туку ајде, кому ќе му кажеш?! Изменето од Platenik - 18.Ноември.2012 во 21:47 |
|||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||||
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Си дадов отстапка,оти повеќе не пишувам на темава...За само да речам типично за нашиот менталитет...Инаку фала на грижата,но само нека тера вака таман ми е овде у базава Но на страна идеализамот и индивидуалноста,реално гледам во стварноста. |
|||||
Polar Bear
Сениор Регистриран: 04.Декември.2007 Локација: Канада Статус: Офлајн Поени: 1152 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
А зошто толку те секира кој што ќе каже и зошто вадиш генерален заклучок за стотици илјади (можеби и повеќе од милион) луѓе врз основа на малограѓански муабети? И јас сум слушнал слични злобници како ломотат, па не мислам дека сите македонци (и балканци) сакаат да ми наштетат. Еденоставно ги елиминирам таквите од мојот круг, не губам време со нив. Најголем број од многу свежите иселеници, зборувам за луѓе кои се помалку од една година иселени, имаат погрешна представа како општеството функционира, и поради анксиозноста и стресот - сосема оправдани, имаат нереални очекувања од своите сонародници. Иселувањето и прилагодувањето е процес, и најмалку треба да зависи од некои си заедници формирани околу некои други цели, некогаш сосема спонтани и недоволно дефинирани. Сум живеел во многу градови, и ниту една од балканските заедници кои ги знам немала организирана програма да им помага на ислелениците од сопствениот вид. Ако мислиш дека таква програма е потребна, фати се на работа и организирај ја.
Туку, кажи што те мачи, дали си ти тазе иселеник и бараш прва работа?
|
|||||
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
|
|||||
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Кога ќе размислам...Какви дискутанти таква дискусија.
Значи и на место си е насловот... Кога буквално два примери сфаќате,буквално и насловов тука јас го прифаќам. Ни малце не би сега продлабочувал.Уште помалце би поверувал дека Вие сте тој пример на неколкуте ретки... Ќе си бегам ја подалеку од македонциве во странство... Да не си слушнам муабети некому и работа оти му барам Впрочем слушаме што се прават македонските заедници...Ова интернетов незгодна работа...Па какви сте си живи здрави да сте си,на вас нека ви е арно А антагонизамот нека не ве плаши.Барем таму е лесно да се сокрие |
|||||
Polar Bear
Сениор Регистриран: 04.Декември.2007 Локација: Канада Статус: Офлајн Поени: 1152 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Многу бараш... Има еден слој луѓе во сите заедници (посебно балканските) кои предпочитаат да се жалат до бесвест, да се вртат во круг, обвинуваат, плукаат и чекаат некој друг да им ги заврши нивните обврски. Работа не се бара од братучед (кој знае кој грев е и тој), туку од работодавец. Најлошо од се е што мислат дека само заради македонштината не се должни да ги исполнат минималните критериуми за вработување, пред се познавање на јазик и стручни квалификации.
|
|||||
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
|
|||||
Внеси реплика | страница <12345 6> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |