|
Скопје низ годините |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
добра тема, тука може да ја разгледаме урбаната историја на Скопје која е мошне интересна, хронолошки да разгледаме некои работи, простори и тоа како се менувале
инаку, мене омилени периоди на градот ми се периотдот меѓу двете војни и постземјотресниот период, се до осумдесетите, бидејќи Скопје тогаш било во најисполнет развој |
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дечки има една тема за плоштадот Плоштадот - срцето на Скопје, друга План за Скопје после земјотресот.. и трета Каква архитектура има Скопје?...ама мене ова во ниедна не ми се вклопуваше. Се се некои конкретни муабети, па не сакам да го нарушам текот...
Една споредба на Скопје низ годините. Ако смета темава, слободно префрлете во една од постоечките СКОПЈЕ НИЗ ГОДИНИТЕГрадот Скопје своите почетоци ги бележи уште во старата Римска империја кога под името Скупи се наоѓал на левата страна на р. Вардар. Градот се развил од легионарски логор во 13-11 год.п.н.е., во време на владеењето на Октавијан Август. Градот станал престолнина на провинцијата Дарданија, сe до неговото разурнување во катастрофалниот земјотрес во 518 г. Место него, се подигнал нов град, главно на територијата на денешно Скопје, кој во византискиот период бил нарекуван Јустинијана Прима, според својот жител, императорот Јустинијан, роден во околината на Скопје. По смртта на Јустинијан и повеќегодишните напади на Словените врз градот, племето Берзити го зазело Скопје и засекогаш се населило во него. Следните неколку века, Скопје било постојано освојувано и ослободувано, а се менувала власта на Византијците, па на Србите, Бугарите. Во 14 век Скопје станал втора царска престолнина на српскиот цар Душан. Во тој период градот имал не само политичко туку и културно значење заради обновувањето и изградбата на многу цркви, манастири, болници и сл. Благодарејќи на својата географска положба, Скопје се издигнал како важен трговски и економски центар. Биле изградени анови во кои се одморале трговски каравани кои оделе сe повеќе во правец кон Скопје, отколку кон Запад. Градот тргувал и со Византија-Солун и со Дубровник. По заземањето на Скопје од страна на Турците во 1392 год. настапил период на стагнација и иселување на словенското население од него, а градот бил колонизиран со турско население. Градот претрпувал постојани растежи и падови и од природни катастрофи. Сепак, повеќе странски патеписци запишале дека Скопје до 17 век пораснал во голем центар, трговски и економски, со жив безистен, караван-сарај, пазари, водовод, чаршија и преубава саат кула. Сета оваа убавина била уништена со опожарувувањето во 1689 год. од страна на австрискиот војсководец Пиколомини. По повеќевековното стагнирање, во 19 век Скопје повторно се возобновува и развива. Кон средината на 19 век градот повторно станува главен трговски центар на Повардарјето. Во развојот на градот посебна улога одиграла железничката линија Солун-Скопје-Косовска Митровица, изградена во 1873 год., а особено линијата Белград-Скопје-Солун од 1888 год. Тогаш Скопје станува железнички крстопат и добива непосредна врска со Белград и преку него со Средна и Западна Европа. Со лоцирање на железничката станица на десната страна на реката Вардар, овој дел прераснува во средиште на градот и се развива во модерен европски град, додека на левата страна на реката Вардар останува чаршијата како старо јадро на Скопје. На 13.10.1912 год., по 520 год. турско ропство, Скопје го заземаат српските војски и воспоставуваат своја окупациона власт која ќе трае сe до Втората светска војна, со единствен прекин од 1914 до 1918 год. кога за време на Првата светска војна градот бил окупиран од германски, австриски и бугарски војски. По Првата светска војна Скопје станало главен стопански центар на целата моравско-вардарска област. До почетокот на ХХ век градот се наоѓал на левата страна на реката Вардар и по текот на реката Серава. По изградбата на железничката станица од десната страна на р. Вардар, градот Скопје се шири кон неа сe до подножјето на Водно, односно кон Каршијакот. Тој дел постепено станувал средиште на градот и се развивал во модерен европски град, додека левата страна сe повеќе добивала карактеристики на вистински турски-источен град. Иако градот Скопје не бил секогаш главен трговски центар, тој со својата географска поставеност долго време бил главна точка каде што се судирале патиштата кои воделе низ средиштето на Балканскиот Полуостров. Така на пример, низ Скопје минувале главните комуникациски линии од Приморјето до Цариград, од Белград до Солун, потоа од Скопје до Сараево, т.н. “Босански пат”, Скопје-Солун, Скопје-Ниш итн. Покрај овие, постоеле и локални патишта, “Кумановски” од Скопје до Куманово, “Тетовски” од Скопје до Тетово, “Штипски” од Скопје до Штип итн. Географската положба на градот Скопје имале огромен удел во неговиот историски развој. ИЗВОР | http://www.staroskopje.vestel.com.mk Првата железничка станица во Скопје. Изградена 1873 година со возни линии до Солун и Белград. Подоцна уништена од Србите кои изградиле нова моденрна желеничка во 1930-тите, која пак подоцна е уништена за време на катастрофалниот земјотрес во 1963 година. По изградбата… 1963 година по земјотресот Скопското Кале, изградено во времето на византискиот император Јустинијан. Сликата е од времето на Турците. Поголем дел од него е уништен за време на земјотресот во 1963 година. Скопје во времето на Србите. Градскиот парк во турско време, нарекуван Ислахана. На сликата е истотака Кермес, легендарниот Скопски ресторан од 19-тиот век, уништен за време земојотресот во 1963 година. Куршумли Ан. Хотел во турското време (16-ти век). Го преживеа земјотресот во 1963 година. Џамијата која ги преживеа сите земјотреси, војни, владетели. Изградена во 1492 година. Постои и денес како активна џамија посетувана од муслиманското население. Саат кула, втората најубава џамија во Скопје која преживеала се. Денес сеуште постои но не е толку атрактивна колку што заслужува. Џамија која повеќе непостои. Срушена за време на Србите кои на тоа место изградиле Офицерски дом кој подоцна бил жртва на земјотресот во 1963 година. Офицерскиот дом Српскиот крал во посета на Скопје. Куќата на Српскиот крал во Скопје. Скопскиот плоштад во 30-сетите. Воена болница Скопскиот Универзитет, уништен за време на земјотресот 1963 година. Соборната црква Св. Богородица Црквата била градена од делкан камен од скопската околина. Иако надворешноста на храмот била скромна, внатрешноста била складна и убава со богат иконостас од мермер и ореово дрво со длабока резба на Светите Двери и богат архиерејски стол. За време на Втората светска војна, црквата била запалена од страна на бугарските окупатори и не биле најдени остатоци од богатиот црковен инвентар-иконостасот, олтарот и др. Стариот Скопски театар изграден во првата половина 20-сетите, уништен од земјотресот во 1963 година. Скопски театар 1960 годнина Народната банка, уште една жртва на земјотресот во 1963 година. Народната банка заедно со Камениот мост. Улица Македонија низ годините 1910-сетите 20-сетите 30-сетите 50-сетите 1963 година Скопје 1963 година по земјотресот Плоштадот Македонија низ годините 20-сетите 30-сетите 50-сетите 60-сетите 2004 година Денес Скопје и понатаму се гради, а каква иднина му престои… |
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |