IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Штосеви, вицеви...
  Активни теми Активни теми RSS - За мажите и жените
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

За мажите и жените

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 34>
Автор
Порака
Julija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Март.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Julija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: За мажите и жените
    Испратена: 03.Мај.2006 во 21:06
Зошто жените сакаат секс?

- Затоа што конечно можат да вриштат, а никој да не ги прогласи за хистерични.

- Затоа што сакаат да ги потрошат калориите од двете парчиња торта кои ги каснале кај комшиката.

- Затоа што конечно има можност да поразговара со него, иако речениците не се целосни.

- Затоа што дознала дека нејзината најдобра пријателка го прави тоа секој ден.

- Затоа што и е поедноставно, отколку да објаснува зошто не е расположена за секс.

- Затоа што после тоа две недели ќе биде на раат.

- Затоа што подоцна, полесно ќе го наговори мажот да чисти со правосмукалката.

- Затоа што неговиот најдобар другар денес нема време.

- Затоа што спокојно може да гледа во таванот и да види дали е потребно бојадисување.

- Затоа што нејзиниот фитнес тренер и рекол дека треба да поработи на фигурата.

- Затоа што така полесно ќе добие нови чизми.


Кон врв
Julija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Март.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Julija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2006 во 14:44
(Машки шовинистички виц)

Што е полошо од машка шовинистичка свиња?

- Жена којашто нема да послуша да направи тоа што ќе и се каже.

Зошто жените имаат помали стапала од мажите?

- Тоа е една од оние работи на еволуцијата која им овозможува да стојат поблиску до садоперот.

Жените нема никогаш да бидат рамноправни со мажите...

...се додека не можат да одат по улица со ќелави глави и пивски стомаци, притоа се' уште мислејќи дека се секси.

Како знаете дали жената ќе каже нешто паметно? - Доколку ја започне реченицата со "Еднаш, еден маж ми кажа..."
Кон врв
natalija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Министерка за гушкање

Регистриран: 26.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 13319
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај natalija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2006 во 15:17
      Ова беше јако
Си најдов смајки кај коментирај
Кон врв
Julija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Март.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Julija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2006 во 15:35

Еве уште едно:

Разлики меѓу мажите и жените

ПРЕКАРИ:

Доколку Ана, Маја и Марија излезат на ручек, помеѓу се*е ќе се нарекуваат како Ана, Маја и Марија. Но, доколку Васко, Мартин и Диме излезат на пиво, помеѓу се*е ќе си се обраќаат како "Де*ели", "Лепи", "Компир"...

МАЧКИ:

Жените сакаат мачки. Мажите велат дека сакаат мачки, но кога жените не гледаат - мажите ги шутираат мачките.

ШОПИНГ:

Мажите би платиле и 1000 денари за некој предмет кој реално вреди 500 и им е потре*ен. Жените би платиле 500 денари за предмет кој вреди 1000 и не им е потре*ен.

ТЕХНИКА НА ДИСКУТИРАЊЕ:

Жените го имаат последниот збор во секоја караница. Се што ќе каже мажот после тоа е почеток на нова расправија.

СТАТИСТИЧКИ:

Жените се загрижени за нивната иднина додека да најдат сопруг. Мажите се безгрижни додека не се оженат.

УСПЕХ:

Успешен маж е оној кој заработува повеќе отколку што неговата жена може да потроши. Успешна жена е онаа која ќе пронајде таков маж.

БРАК:

Кога жената стапува во брак, се надева дека мажот со тек на време ќе се промени, но тој не се менува.
Кога мажот се жени, се надева дека жената нема да се промени, но таа се менува.

ДОТЕРУВАЊЕ:

Жените се дотеруваат за на шопинг, наводнување на цвеќињата, фрлање на ѓубрето, читање книга, јавување на телефон ... Мажите се дотеруваат за на свадба и за на погреб.

КОНДУРИ:

Кога се подготвуваат за на работа, ќе се дотераат, ќе наврат на нозе рамни кондури, а салонките на висока штикла ќе ги носат во картонска ќеса со натпис "Baldinini", "Мanolo Blanic"... за да ги облечат пред да стигнат на работното место. Пет минути подоцна, ќе ги соблечат бидејќи стапалата им се под бирото. Мажот го носи истиот пар кондури преку целиот ден.

ПЛАЌАЊЕ ВЕЧЕРА:

Кога ќе стигне сметката, Васко, Мартин и Диме во исто време ќе се брцнат во џебовите, секој од нив вадејќи банкнота од по 1000 денари. Никој од нив ќе нема ништо поситно, и никој нема да признае дека го сака кусурот. Кога девојките ќе ја добијат сметката, секоја од нив има спремено точен износ за нејзиниот дел






    

Изменето од Julija - 16.Мај.2006 во 15:37
Кон врв
Julija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Март.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Julija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2006 во 22:08
Жените се родени возачи:

Прво те палат,
потоа те возат,
па те газат
и на крај те заобиколуваат...
Кон врв
Julija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Март.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Julija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2006 во 22:17
Постојано ги слушаме "правилата" на однесување од жените.

Време е и мажите да ги обнародат СВОИТЕ правила!

Ова се правилата:


1. Женските гради постојат за во нив да се зјапа. Не обидувајте се тоа да го смените.

1. Научете ги правилата на користење ВЦ. Ако даската е долу, дигнете ја горе. Или обратно. Ние никогаш не ви приговараме кога даската ја оставате долу, нели?

1. Сабота = спорт и спортска кладилница. Да се смени тоа е исто како да се сменат законите за плима и осека.

1. Шопингот НЕ е спорт. И не, ние никогаш нема да мислиме поинаку.

1. Плачењето и цмиздрењето е исто што и уцена.

1. Кога нешто ви треба, прашајте. Да се објасниме малку:
• Ние не ги разбираме вашите дискретни знаци.
• Ние не разбираме кога вртите околу темата.
• Ние не разбираме кога се обидувате нешто да ни кажете.
• Едноставно, кажете го тоа!

1. Да и Не се сосема нормални и соодветни одговори на прашањата кои ги поставувате.

1. Немојте да не мачите со своите проблеми, освен ако стварно сакате да ги решиме. Зашто, ние тоа го правиме - решаваме проблеми. За сожалување си ги имате своите пријателки.

1. Главоболката која трае со месеци е голем проблем. Одете на доктор!

1. Се' што мажот кажал пред 6 месеци веќе не важи. Всушност, сите наши коментари стануваат неважечки по 7 дена.

1. Ако сте помислиле дека сте преде*ели можеби стварно сте! Ако е така, тогаш не не прашувајте и нас за тоа.

1. Ако нешто што сме кажале може да биде протолкувано на два начина од кои едниот ве лути и повредува, знајте дека ние сме мислеле на она другото.

1. Можете да не замолите во нешто да ви помогнеме или можете да ни кажете како сакате да ви помогнеме.
• НЕ и едно и друго заедно!
• Ако веќе знаете како нешто најдобро да се направи, тогаш направете го сами

1. Додека гледаме утакмица, можете да ни кажете се што сакате... исклучиво додека траат рекламите.

1. На Кристофер Колумбо не му требаа насоки додека се возел па не ни требаат ни нам.

1. Сите мажи гледаат само 16 бои, како дифолт сетинзите на Виндоуз.
   • Кајсијата, на пример, е овошје а не боја.

1.
• Ако нешто чеша ќе биде почешано. Едноставно, тоа ние така го правиме.

1. Кога ве прашуваме што се случило а вие кажете "ништо", ние ќе се однесуваме како да веруваме во тоа. Знаеме дека лажете ама не можеме секогаш да се бориме за вистината...

1. Кога поставувате прашање за кое очекувате дека нема да добиете одговор, ќе добиете одговор кој не сте го очекувале

1. Кога излегуваме некаде, се што ќе облечете за нас е ок, стварно.

1. Немојте да не распрашувате за што размислуваме освен ако не сте подготвени да зборувате за:
- секс,
- спорт,
- авотомобили

1. Имате доволно облека.

1. Имате и премногу чевли.

1. Јас сум добро обликуван. Тркалезното е облик.

Кон врв
Julija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Март.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Julija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2006 во 22:28

Човек се нашол на суд, обвинет за тешко убиство со предумисла.

Судијата: Овде се работи за тежок деликт, крваво убиство со предумисла. Го повикувам обвинетиот во своја одбрана а со цел да се обиде евентуално да ја ублажи казната да ја изнесе својата одбрана и олеснителните околности.

Обвинетиот: Беше глупа... морав да ја убијам.

Судијата: Тоа не го сметам за олеснувачка околност. Ако не сакате остатокот од животот да го минете зад решетки морате да најдете нешто поубедливо.

Обвинетиот: Во ред, ценет Суде, дозволете ми да ви раскажам како беше. Живеевме во една зграда. Над нас живееше семејство со две деца. Жална ситуација, децата беа многу ниски. Синот од 12 години беше висок 80 сантиметри а оној постариот од 19 години се' на се' 85 сантиметри. Еден ден разговарав со жена ми за тоа и и' кажав дека навистина ми е жал за нив.

- Да, рече жена ми, тоа се пиринеи.

- Мислиш, Пигмеи - и' реков.

- Не, одврати таа, пигмеи се она што го имаме под кожата и поради што поцрнуваме на сонце. -

- Тоа е пигмент - забележaв.

- Не...пигмент е она на што пишувале старите Римјани.

- Побогу жено, тоа е пергамент.

- Не, пергамент е кога некој ќе прочита или прикаже само дел од некое дело.

Почитуван Суде, претпоставувате дека немав воља да и објаснувам дека се работи за фрагмент. Отидов на тросед, легнав и почнав да читам весници. Набргу дојде мојата жена со книга во раце, ја отвори и почна да чита нешто.

- Душо, погледај: 'Сончевата тераса од рачна торба била учителка од макрото 15'.

Ја земав книгата, ја погледнав и и' реков:

- Драга моја, ова е книга на француски јазик и тука пишува
".... La Marquise de Pompadour est la Maitresse"
а тоа значи дека Маркизата од Помпадур му била љубовница на Луј 15-ти.
- Не - рече таа- мора буквално да се преведува. La Marquise е сончева тераса, Pompadour е рачна торба, La Maitresse е учителка а Louis XV е 15 макро. И потоа продолжи - јас тоа сигурно го знам, не џабе земав часови по француски и вежби со својот легионер.

- Веројатно мислиш на лекторот.

- Не, лектор е еден грчки херој.

- Тоа беше Хектор и беше Тројанец.

- Не, Хектор е мерка за површина.

- Мерка за површина е хектар.

- Не, хектар е пијалок за Боговите.

- Жено, тоа е нектар.

- Не е, тоа е река во јужна Германија.

- Таа река се вика Некар.

- Не знаеш ти ништо, јас уште како мала пеев во дуо за реката Нектар.

- Си пеела во дует.

- Не, дует е кога играат Милан и Барселона.

Почитуван Суде... тогаш земав чекан и ја опалив по глава. Конечно замолчи.

Судија... Пресуда...

"Обвинетиот се ослободува, јас би ја опалил со чекан по глава уште кај Хектор!"
Кон врв
Julija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Март.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Julija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2006 во 00:13

Професор по математика и' праќа факс на жена си. Пишува:

- Драга жено: сигурно сфаќаш дека имаш 54 години и дека јас имам одредени потреби, коишто ти едноставно не можеш квалитетно и во потполност да ги задоволиш. Од друга страна гледано, нашиот брак е складен, задоволен сум од те*е како од сопруга и навистина искрено се надевам дека овој факс нема да те разжалости и вознемири. По часовите ќе одам до мотелот со мојата 27 годишна асистентка, но ќе бидам дома пред полноќ. Твојот маж.

Кога стигнал до мотелот на рецепција го чекал пристигнатиот факс од жена му:

- Драги мажу, и ти имаш 54 години, а во моментот кога ќе ги читаш овие редови јас ќе бидам во друг мотел со 27 годишниот келнер од барот. Бидејќи ти си генијален математичар, сигурно нема да ти биде тешко да согледаш дека 27 во 54 оди двапати повеќе отколку 54 во 27, па затоа, немој да ме чекаш. Твојата жена.


    

Изменето од Julija - 31.Мај.2006 во 00:16
Кон врв
Julija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Март.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Julija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2006 во 00:26
ЖЕНИ СО КОИ НЕ ТРЕБА ДА СЕ ЖЕНИТЕ ЗАШТО ИМААТ ЛОШИ НАВИКИ

1. Благајнички

- Ве молам, платедете однапред

2. Лекарки

- Следниот молам, што е на ред

3. Аптекарки

- Три пати дневно по јадење

4. Учителки

- Многу добро, повторете уште еднаш

5. Кондуктерки

- Средина туркај напред, има место да влезат уште

6. Телефонистки

- Свршете, пројдоа три минути



Кон врв
Julija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Март.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Julija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2006 во 23:08
Му вели чивек на Господ:

- Цел живот бев праведен и не грешев, па дозволи ми малку да уживам пред смртта. Отсекогаш сакам да одам на Хаваи, ама многу ми е страв да летам со авион, а на брод добивам морска болест. Може ли да ми направиш мост до Хаваи и таму да отидам со кола?

Господ му одговорил:

- Тоа навистина нема смисла, каде би биле потпорните столбови, морето е немирно, да возиш дотаму би било опасно. Навистина, тоа што го бараш е многу тешко и технички неизводливо. Можам ли да ти исполнам некоја друга желба?

- Добро, вели човекот. Би сакал да ги разберам жените, зошто зборуваат едно, а мислат друго. Зошто плачат. Зошто не не' разбираат. Зошто не можат да бидат отворени и искрени. Зошто не гледаат некои работи или погрешно ги толкуваат. Тоа сакам. Да ги разберам жените!

Господ на тоа му одговорил:

- Сакаш мост со две или со четири ленти?

Кон врв
Julija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Март.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Julija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2006 во 21:04
Жена пржи јајца за појадок за маж и'. Одеднаш тој влетува во кујната.

- Пази. ПАЗИ! Стави уште малку масло! Оооо, боже! Ги пржиш на прејако! ПРЕЈАКО! Сега сврти ги! СВРТИ ГИ! Треба уште масло. Леле! Каде си го ставила маслото? Ќе ти се залепат! Пази... ПАЗИ! Ти реков да пазиш! никогаш не ме слушаш дури готвиш! Никогаш! Сврти ги! Побрзај! Дали си ЛУДА? Не заборавај да ги посолиш. Знаеш дека секогаш забораваш да ги посолиш! ПОСОЛИ! ПОСОЛИ!

Жената во чудо го гледа:

- Што ти е те*е? Мислиш дека не знам да испржам неколку јајца?

Мажот мирно одговорил:

- Не, само сакав да ти покажам како ми е мене дури возам...
Кон врв
Julija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Март.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Julija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2006 во 20:42
Доказ дека жените се зло:

ЖЕНА = ВРЕМЕ X ПАРИ, а бидејќи
ВРЕМЕ = ПАРИ, следува дека
ЖЕНА = ПАРИ X ПАРИ = ПАРИ^2 (пари на квадрат)
Бидејќи за парите важи дека се корен на злото, т.е.
ПАРИ = КОРЕН ОД ЗЛО, следува дека
ЖЕНА = (КОРЕН ОД ЗЛО)^2
ЖЕНА = ЗЛО

Кон врв
Julija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Март.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Julija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2006 во 22:29
Зошто жените во брак се поде*ели од немажените?

- Немажената девојка кога ќе си дојде дома, погледнува што има во фрижидерот и си легнува во кревет.

- Мажената кога ќе дојде дома, погледнува што има во кревет и оди до фрижидерот.
Кон врв
Julija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Март.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Julija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2006 во 20:43
Мажите сегогаш губат во дискусиите со жените, зашто имаат потреба да кажат нешто што има СМИСЛА.
Жените не дозволуваат да скршнат од својот пат заради нешто што се вика СМИСЛА.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 34>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 6,047 секунди.