IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Регистрација на нов корисник
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Регистрација на нов корисник


Правила и одговорности

Покрај општите правила за членовите на moj.idividi, за корисниците на форумот на ИДИВИДИ важат и следните правила:

Секој има право на регистрирање и избор на корисничко име. Со самото регистрирање, се обврзувате дека нема да го споделувате своето корисничко име или својата лозинка на други лица. Се согласувате дека нема да користите две или повеќе кориснички имиња при користењето на форумот.

На корисниците на ИДИВИДИ форумот не им е дозволено:

  • Објавување, испраќање и размена на содржини кои ги прекршуваат постојните закони на Република Македонија или меѓународни закони, содржини кои се навредливи, вулгарни, порнографски, заканувачки, расистички или шовинистички и штетни на било кој друг начин, како и содржини кои ги повредуваат верските чувства на корисниците и шират или промовираат нетолерантност.
  • Објавување, испраќање и размена на информации за кои посетителот знае или претпоставува дека се лажни, а чие користење би можело да нанесе штета на други корисници
  • Лажно претставување во име на други правни или физички лица
  • Манипулирање со информации со цел да се скрие потеклото на содржините кои се објавуваат или праќаат преку услугите на ИДИВИДИ порталот
  • Објавување, испраќање и размена на содржини кои се заштитени со авторски права, во согласност со закон
  • Објавување, испраќање и размена на содржини на корисници без нивно барање или согласност
  • Свесно објавување, испраќање и размена на содржини кои содржат вируси или слични компјутерски датотеки или програми создадени со цел да се уништи или ограничи функционирањето на било кој компјутерски софтвер и/или хардвер и комуникациска опрема
  • Користење на ИДИВИДИ порталот на било кој начин за испраќање односно поттикнување ширење на небарани комерцијални содржини (спамирање)
  • Собирање, чување и објавување на лични податоци на други посетители на порталот и корисници
  • Објавување информации кои не се поврзани со темата, лични пораки и слично. За се’ што не е поврзано со темите на форумот, може да се комуницира преку приватните пораки.
  • Отворање на теми кои веќе постојат во истиот или во друг подфорум
  • Постирање и читање на подфорумот „Секс“ доколку се помлади од 16 години

Треба да сте свесни дека модераторите и администраторите на форумот имаат целосно право и должност да ги избришат сите информации приложени на форумот со кои се кршат правилата. Тоа вклучува секакви содржини објавени на форумот, информации за корисникот, аватари, потписи, па дури и целото корисничко име - доколку тие одлучат дека тоа е потребно.

Основен јазик на форумот е македонскиот и неговите дијалекти, а препорачливо е користење на кирилското писмо и нормална големина на фонт и букви (мали букви), освен во исклучителни ситуации.

Кршењето на правилата ќе резултира со привремена или трајна забрана за користење на форумот (бан).

Ако се повредени законите на Република Македонија или некоја друга држава, доколку е потребно, администраторите може да соработуваат со сите правни институции, откривајќи ги сите потребни информации на прекршителот (IP адреса, e-mail итн.).

Содржината на коментарите не се одговорност на ИДИВИДИ и модераторите/администраторите на форумот го задржуваат правото за нивно бришење.


Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.