|
Современ (Динамичен) Нов Завет |
Внеси реплика | страница <1 202122 |
Автор | |
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еееее, дојдовте на моето! Ами јас што правев во моите написи на темата што не’ учи библијата? И јас давав цитати од библијата и прашував зошто е така, а „одбраните“ (меѓу кои мислам беше и ти) ми даваа свои видувања, свои толкувања на библијата. Неможело така да се свати, овака требало...! |
|
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Гледано историски, христијаните се утврдувале во верата со помош на епископите поставувани од светите апостоли. Тогаш Светото Писмо не било унифицирано, па христијаните ја чувале верата, како што им била предавана од апостолите (во Елада и Македонија на пр., христијаните никогаш директно не го виделе Христос, па верата ја примале по кажувањата од апостолите). Тоа предавање на верата било писмено или усно. Писменото се одвивало во форма на посланија, а усното, за време на присуството на самите апостоли во тие градови кадешто живееле христијаните. Самите христијани, во лицето на својот Епископ, го гледале Христос, а тој бил одговорен за духовниот раст на своето стадо. Тој взаемен љубовен однос на Епископот и нему доделените духовни чеда, останал ненарушен и до ден денеска. Тогаш имало масовни гонења на христијаните, и нивниот број бил мал, па скришно се збирале по домовите или по катакомбите, и преданието оставено од апостолите го предавале усно еден на друг. Со текот на времето, стадото нараснувало, Епископот добивал премногу чеда за гледање, па за да се намали напорот, а истовремено Епископот да има повеќе време во духовните работи, т.е. молитвено да го застапува својот народ пред Христа, Црквата одлучила да постави презвитери кои ќе се грижат за духовните чеда и ќе ја организираат заедницата административно. Црквата уште на почетокот се соочила со искривување на верата, намерно или ненамерно, па затоа одлучува, учењето на Црквата, за Господ Исус Христос да го систематизира во една книга, составена од Евангелијата, некои од посланијата, како и книгите од Стариот Завет. Не дека и претходно ги немало тие книги, ги имало, ама биле поединечни. Потоа, во некои помесни Цркви, се читале едни посланија, во други помесни Цркви - други. Се појавувале и апокрифни Евангелија. За да се избегнат сите недоразбирања (а и за да не му се најде некому оправдување пред Страшниот Суд, дека од незнаење погрешно ја практикувале верата), се организирале разни Собори од епископи, кадешто се разгледувало какво ќе биде устројството на Светото Писмо. Тој процес бил доста бавен, и како што наведов вчера, формално - правно завршил кон крајот на 7миот век. Ова кратко резиме беше од историски поглед, секако за една работа може да се дискутира од повеќе погледи - во зависност од духовниот степен (како што имам прочитано од книги на духовници на МПЦ, а си го имам потврдено и од книги на Светите Отци). Вака, најпросто историски гледано, мислам дека е сосема очигледно како се поучувале првите христијани во верата. Ќе напоменам уште ова, дека, сето тоа не би се остварило толку прецизно (во толкуте векови на унификација да не настане грешка), доколку не било делувањето на Светиот Дух. Исто како што и пророците од Стариот Завет беа вдахновени од Светиот Дух, така и христијаните, водени од Светиот Дух, биле поучувани во верата. Преку Светиот Дух добивале сили во прогоните и мачењата. Со изговарањето на името на Господ Исус Христос ги поразувале демоните (а како на друг начин, ако не преку молитвата). Даровите на Светиот Дух од првите векови, кои обилно и видливо се излевале врз народот Божји, во својот интензитет продолжуваат да се излеваат и ден денеска, и секако, во целата своја полнота единствено во Едната Света Соборна и Апостолска Црква - Црквата востановена од самиот Господ, а нам предадена преку апостолите. Токму преку благодатта на Светиот Дух, биле напишани и Евангелијата (Свети апостол Лука не бил сведок на историските случувања на животот на Христос), преку благодатта на Светиот Дух, Свети апостол Павле и останатите апостоли ги пишувале посланијата, и токму преку благодатта на Светиот Дух, овие одделни книги биле склопени во една книга - Светото Писмо. Светото Предание оставено од Отците на Црквата (а кое е живо дури и денеска, и ќе се надополнува се до крајот на овоземниот свет), не е во противречност на Светото Писмо, а самото Свето Писмо е произведено од Живата Црква Христова, но не и обратно - Црквата не произлегува од Светото Писмо. Затоа, и самото толкување на Светото Писмо надвор од Црквата е бесмислено, и ја губи својата сила. Вистинската смисла на Светото Писмо се пронаоѓа само внатре во Црквата. Е сега, која е Црквата денеска? Денешната Црква е онаа која го чува Преданието и чистотата на верата, предадено од Христос преку Неговите апостоли, и Црквата во која е зачувано апостолското преемство; Црквата во која и ден денеска во изобилство може да се вкуси благодатта на Светиот Дух; Црквата во која може овоземно да се вкуси предвкусот на Царството Небесно (тоа е веќе кај совршените); Црквата којашто и покрај толку превирања, мачења, прогони, глад, војни, поделби - останува Една и Вечна. Изменето од makarios - 21.Октомври.2008 во 17:18 |
|
MOYA
Нов член Регистриран: 19.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 24 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
E sega ushte edno prashanje do tebe, a bi sakal da go slushnime odgovorot i od Evagelos na ova prashanje na koe ti veke dade odgovor.
A tvoeto novo prashanje e? Tie shto go utvrdile Novozavetniot kanon, kako znaele koi se pravite, a koi apokrivnite spisi i koj odluchuval za toa? |
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ми текна да додадам уште нешто.
Христијанинот не се натпреварува, и не се усовршува со цитирање на Светото Писмо наизуст (земете го на пример старец Клеопа - најпрост овчар, не знам дали имал и основно училиште - а теолози и научници оделе кај него за совети). Стремежот на христијанинот е да ја увиде својата падната природа, и со помош на молитва, пост и духовно раководство, да го очисти своето срце од страстите. Очистеното срце од страсти е празно, и природно во него се вселува молитвата, и станува непресушен извор на љубов, и таквиот човек се стекнува со богопознание и мудрост, која ги запрепастува и најголемите теолози, теософи (за философи ич и да не праам муабет). Според учењето на Светите Отци, постои и повозвишена состојба, на постојано безмолвие, во чија состојба, човек може да ја види Нетварната Светлина, и да биде грабнат со умот на Небесата. Ова што го зборувам не е од мене, ниту пак од личен опит, туку од преданието оставено од Светите Отци, кое се потврдува и со опитот на многу живи Старци и во наше време (замислете, ги има дури и во Македонија ). А што има врска ова со темата? Па, посовремено и подинамично живеење на Новиот Завет во пракса - здравје. п.с. Оваа додавка е пред да го прочитам прашањето на MOYA. Изменето од makarios - 21.Октомври.2008 во 17:45 |
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
MOYA, веќе одговорив во вториот дел од постот. Да, и мене ме интересира ставот на Евангелос во поглед на ова прашање. Затоа што, со најприземно размислување - користејќи ја само човековата логика (да не збориме за божествена интервенција), целото негово излагање е апсурдно. Или, барем го сведовме на Reductio ad absurdum. Или, можеби го користи методот на авторитет (затоа што некој пастор така му рекол). Лелее, ќе забегам во философии Изменето од makarios - 21.Октомври.2008 во 17:46 |
|
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Момче,
добро одговори, но внимавај. Ај да го чуеме и Евагелос, вистина. Каде е? |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Малку бегате од темата. Ако не се врати ова кон Динамичниот Превод и неговите предности/недостатоци - или ќе ја затворам дискусијата или ќе ја префрлам во друга тема.
|
|
Do what is right, come what may...
|
|
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
се сложувам
|
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ова баптистичкиов динамичен превод е извор на бисери, или поточно, баптистите едно преведуваат, друго зборуваат.
Неодамна на темата „Култот на Марија“ беше разгледуван терминот „благодатна“ во Лука 1:28 кој е употребен само за Богородица, и меѓу повеќето преводи кои ги разгледав, стоеше преводот како „благодатна“, но кога го прочепкав овој динамичниов на баптистите во „превод“ на пасторот им Иван Грозданов, открив интересно нешто. Лука 1:28 Доаѓајќи кај неа, ангелот и рече: „Радувај се, зашто си преблагословена и Господ е со тебе!“ (Динамичен превод на пасторот на баптистичката црква во Македонија - Иван Грозданов) Значи, баптистите велат дека Богородица е само една обична Марија, која послужила само како средство за Господ да се роди (иако според нив таа не Го родила Господ, туку само човекот Исус), а од друга страна велат дека е ПРЕБЛАГОСЛОВЕНА. Ги обвинуваат православните дека давале титули на Богородица кои ниту Господ ги има, а тие истото го прават. Каде Господ во Светото Писмо е наречен преблагословен? Динамичниов превод е само доказ дека сакам кажам - ама секогаш лажам!!! |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
Внеси реплика | страница <1 202122 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |