IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - КУЛТОТ ЗА МАРИЈА
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

КУЛТОТ ЗА МАРИЈА

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5152535455 60>
Автор
Порака
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2009 во 02:33

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:



Терминот обожавање може да се искористи за верувањето на римо-католиците дека Богородица е безгрешно зачната (нешто случно како Господ), за разлика од Православната Црква која Богородица ја ПОЧИТУВА,

Не туку ги обвинувајте католиците дека тие ја обожавале Марија, кога и вие го правите истото. Или пак сакаш да кажеш дека следниве богохулни титули се израз на почитување? трепкање
 
пресвета (титула која ниту Господ Бог ги нема во Библијата! )
преблагословена (титула која ниту Господ Бог ја нема во Библијата! )
Најголемата
Царица
Владетелка
Господарка на ангелите
Господарка на мирот
Господарка над сите
Таа што на ангелите слава им дава
Спасителка
Владетелка на светот
проповед и слово на сите пророци (иако има само едно пророштво за неа кај пророците, наспроти предавникот Јуда кој има 2).
Заштитничка на Скопје.
итн.
 
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2009 во 03:28
ЕвАнгелосе, доста спамираш. Да не случајно правилата за тебе се поинакви од оние за останатите?

Еве и дополнителни цитати од отците на црквата. Некои се светители, а некои не (поради паѓање во ерес), но сепак сите тие исповедаат дека ја почитуваат Богородица како онаа која Го родила Бог и ја сметаат за највелика меѓу секој христијанин и секое Божјо творение:


Св. Ефрем Сирин (+361)

Самиот Ти и Твојата Мајка сте попрекрасни од кој било, бидејќи нема ниту недостотаток во Тебе ниту некоја дамка врз Твојата Мајка. Кој од моите деца можат да се споредат во убавина со овие? (Nisibene Hymns 27:8)


Св. Амвросиј Милански (+387)

… Подигни ме не од Сара, туку од Марија Дева не само неосквернета, туку Дева која благодатта ја направи неповредлива, слободна од секоја дамка на грев (Коментар на Псалм 118:22-30)


Теодотиј Анкирски (+446)

Дева, невина, чиста, без некаква неисправност, недопрена, неизвалкана, света во душата и телото, како крин израстен меѓу трња. (Беседа 6:11)


Јаков од Сарук (+521)

Самиот факт дека Бог ја избрал неа докажува дека никој не бил посвет од Марија, и дека ако некоја дамка ја извалкала нејзината душа, ако некоја друга дева била почиста и посвета, Господ ќе ја избереше таквата и ќе ја отфрлеше Марија.





Изменето од Maran Ata - 12.Ноември.2009 во 03:29
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2009 во 04:14
Евангелос - да не ги редам титулите - АКО БОГ ЈА ИЗБРАЛ за ПРЕКУ НЕЈЗЕ ДА СТАНЕ ЧОВЕК - ТОГАШ БОГ СО ТОА КАЖУВА ДЕКА ТАА Е ПРЕСВЕТА И ПРЕБЛАГОСЛОВЕНА БИДЕЈЌИ ПРЕКУ НЕА (Богородица - Марија) БОГ СТАНА ЧОВЕК...

Тоа е човекољубие - ЧОВЕКОЉУБИЕТО е ПРОЦЕС КОЈ ТРАЕ... не е ограничено само во БИБЛИЈАТА - ТОА ТРАЕ... ТОА ДЕЈСТВУВА... ПРЕКУ НЕГО СЕ ЖИВЕЕ... ТОА Е ЉУБОВ НЕИЗМЕРНА, ЉУБОВ НЕОПИСЛИВА, ЉУБОВ НЕПОВТОРЛИВА...

и сега ако тегниме и ако се замараме овај вака онај онака - ништо...
само суета и инает...

Доволно е една реченица - не е тешко да се разбере тоа погоре... Така БОГ САКАЛ... - Тој ја избрал - а не јас или ТИ.


Изменето од Tetratka - 12.Ноември.2009 во 04:19
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2009 во 10:21

Св. Исус Христос (околу 0 - 33г.)

Кога сврши виното, Му рече на Исуса Неговата мајка: „Немаат вино.” Исус и одговори: „Што имам Јас со тебе, жено? (Евангелие по Јован 2:3-4, Светото Писмо)
 
Исус, штом ја виде мајка си, и покрај неа, ученикот, кого го љубеше, и рече на мајка си: „Жено, ете ти син!” (Евангелие по Јован 19:26, Светото Писмо)
 
И некој Му рече: „Еве, мајка Ти и Твоите браќа стојат надвор и сакаат да Ти зборуваат.” А Тој во одговор му рече на оној, кој му кажа: „Која е Мојата мајка, и кои се Моите браќа?” И ја протегна Својата рака кон Своите ученици и рече: „Еве ја Мојата мајка и Моите браќа; зашто, кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата, тој Ми е брат, и сестра, и мајка.” (Евангелие по Матеј 12:47-50, Светото Писмо)
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2009 во 13:40
Според муабетиве на неправославниве тука на темава имам мислење дека соблазенти од навистина забеганото нејзино (НЕ)почитување од страна на римокатолиците,и припишување на тоа по дифолб на правоверните(на кои пак им се превртува утробата од тие римокатолички басни).

Ја унижуваат до тој степен Богородица што на крај крава испаѓа дека и не ни битно која е таа девојка во која се овоплотило Второто лице од Света Тројца.
Ја била она или друга нема везе на крај краева....


Изменето од ahmar1 - 12.Ноември.2009 во 13:52
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2009 во 13:59
ЕвАнгелосе, гледам ти е здодевно и повторно сакаш да избегаш и да ја заташкаш работата, ама не паѓам на тоа. Ајде прво едно сумирање на твоите демагошки изјави и испревртувања, само колку да останеш „прв и прав во се’“:

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Бог е причина за само ДВЕ титули на Марија – "благословена меѓу жените" (Лука 1:28) и "блажена" (Лука 1:48), додека за сите други "титули" на Марија причината се отпадничката официјална "Црква" во раните векови


Ама изгледа не си доследен сам на себе:

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Блажената Марија Го роди Христос и затоа сосема е легитимно да се нарекува Христородица.


Па од горе и заташкуваш титули, и покрај тоа што ти се одлично познати:

Лука 1:28 И кога влезе ангелот кај неа, рече: „Радувај се, благодатна! Господ е со тебе!”

Значи, од твојата прва констатација дека Богородица има САМО ДВЕ титули, на крај стигна да изјавиш дека има најмалку УШТЕ ДВЕ ДРУГИ.

Па понатаму пак сакаше да ја извртиш вистината:


Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

„за да биде фалена славата на Неговата благодет, со која не облагодати преку Својот Возљубен Син,“ (Ефешаните 1:6, Библијата)

Комплетно истиот коине-грчки збор „χαριτόω“ што овде се однесува за СИТЕ христијани, се наоѓа и во Лука 1:28 однесувајќи се за Марија


Па потоа повторно порекнување на она што пред тоа си го рекол и кажување на уште поголема невистина. Овој пат не бил употребен зборот „χαριτόω“ во двата стиха, туку само во стихот за Лука 1:28 за Богородица:

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Грчкиот збор κεχαριτωμενη (kecharitomene) не е употребен за Марија, туку за христијаните

„за да биде фалена славата на Неговата благодат, со која не облагодати (κεχαριτόωμένη) преку Својот Возљубен Син“ (Ефешаните 1:6, Библијата)

„И кога влезе ангелот при неа, рече: “Радувај се благодатна! (χαριτόω)“ (Лука 1:28, Библијата)

Фактички, целиот твој коментар на зборот „ κεχαριτωμενη “ погоре се однесува на христијаните, а не на Марија


Ама и оваа лага беше разобличена со помош на Свето Писмо на грчки јазик, па беше убаво образложено дека во стихот Лука 1:28 стои зборот „κεχαριτωμενη“

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

ΚΑΤΑ ΛΟΥΚΑΝ 1:28 Greek NT: Textus Receptus (1894)

και εισελθων ο αγγελος προς αυτην ειπεν χαιρε κεχαριτωμενη ο κυριος μετα σου ευλογημενη συ εν γυναιξιν


А во стихот Ефесјаните 1:6 стои зборот „έχαρίτωσεν“


Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

ΠΡΟΣ ΕΦΕΣΙΟΥΣ 1:6 Greek NT: Textus Receptus (1894)

εις επαινον δοξης της χαριτος αυτου εν η εχαριτωσεν ημας εν τω ηγαπημενω


Зборот „ κεχαριτωμενη“ и зборот „ εχαριτωσεν“ имаат ист корен од зборот
χαριτόω , но воопшто не значаи дека, како што тврди ЕвАнгелос:


Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Коине-грчките зборови ἐχαρίτωσεν и κἐχαρίτωσενη (κ-ἐχαρίτωσεν-η) имаат исто суштинско значење. Времето и падежот воопшто не го менуваат значењето на одреден збор.


Ајде да разгледаме зошто не е така, и зошто она што се однесува за Богородица има допирна точка со она што се вели за Христијаните, ама е далеку далеку побитно и поголемо и посуштествено.

Стихот Лука 1:28 гласи: ... Радувај се, благодатна! Господ е со тебе!

Самиот збор благодатна индицира на тоа дека таа веќе е облагодатена уште пред да дојде архангел Гаврил да ја посети и да и’ ја соопшти радосната вест. Кога архангел Гаврил и’ вели на Богородица „Радувај се, БЛАГОДАТНА!“, Господ Исус Христос не бил ниту зачнат од Светиот Дух, а камоли пак да бил распнат и да воскреснал. Јасна индикација дека Богородица била облагодатена уште пред сето тоа да се случи со Господ и уште пред воопшто и да и’ била соопшетна Радосната вест.

А стихот Ефесјаните 1:6 гласи: За да биде фалена славата на Неговата благодат, со која не дарува преку Својот Возљубен Син

Христијаните се облагодатени преку СИНОТ БОЖЈИ, откако тој се родил, бил распнат и воскреснал.

Од лингвистички и граматички аспект додека Kecharitomene е перфект пасивен партицип, echaritosen е активен индикативнен аорист. Kecharitomene значи "биле" или "веќе се" облагодатени.

Тоа можеме да го видиме и во други стихови. На пример во грчкиот превод на Стариот Завет во

Псалм 117: 26 Нека е благословен оној, кој оди во името на Господа!

за благословен е искористен зборот 'eulogamenos' кој буквално значи "бил благословен" т.е. означува дека тоа се извршило пред времето на говорникот и делото е веќе завршено. Говорникот кој го користи овој збор се осврнува дека оној за кој зборува веќе бил благословен. (Фредерик П. Милер „Обновување на Захарија и Евреите: Од мрак до слава“, глава 31 Захарија 20)

Ефесјаните 2:8 Зашто по благодат сте спасени преку верата…

Зборот „спасени“ е преведен од грчкиот збор „σεσέσμένοι“ (sesosmenoi), кој е перфект пасивен партицип. Означува дека спасението се случило во некое време во минатото и продолжува во сегашност…

Граматичарот по грчки јазик J. Gresham Machen (Грчки на Новиот Завет за почетници, стр. 187) вели: „Грчкиот перфект ја означува сегашната состојба која е резултат на мината акција“ Перфектот е употребен во Матеј 4:4, 7, 10 („Напишано е“) што буквално означува дека било напишано во минатото и сеуште е во сила.

Перфектот во грчкиот јазик е минато време со посебно значење: се користи за да се направи осврт на мината акција чиј ефект се пренесува во сегашноста.

Во Лука 1:28 е искористена посебна форма на променлив глагол од "charitoo" т.е. "kecharitomene," додека во Ефесјаните 1:6 е искористен зборот "echaritosen", кој е различна фома од глаголот "charitoo". Echaritosen значи „ги облагодати“ (или дарува благодат) и означува моментална акција, акција доведена до минливост (Блас и ДеБрунер, Грчка граматика на Новиот Завет, стр. 166).

Значи, Kecharitomene означува целосност со постојан, неменлив резултат, односно континуитет на извршената акција (Х. В. Смит, Грчка граматика [Harvard Univ Press, 1968] стр.108-109, 1852:b исто и Блас и ДеБрунер, стр. 175)










Изменето од Maran Ata - 12.Ноември.2009 во 14:02
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2009 во 00:09
аплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплауз


за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2009 во 00:51
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Echaritosen значи „ги облагодати“ (или дарува благодат) и означува моментална акција, акција доведена до минливост (Блас и ДеБрунер, Грчка граматика на Новиот Завет, стр. 166).
 
Нормално дека акцијата „облагодатување“ е моментална и минлива, ама нејзиниот ефект е траен „благодатен“.
Обелувањето на некој предмет може да трае и 2 секунди, но потоа тој останува трајно бел намигнување
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2009 во 01:12
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Echaritosen значи „ги облагодати“ (или дарува благодат) и означува моментална акција, акција доведена до минливост (Блас и ДеБрунер, Грчка граматика на Новиот Завет, стр. 166).

 

Нормално дека акцијата „облагодатување“ е моментална и минлива, ама нејзиниот ефект е траен „благодатен“.

Обелувањето на некој предмет може да трае и 2 секунди, но потоа тој останува трајно бел намигнување


Со главата во ѕид, или со свој камен по глава.

Една работа што лажеш, друга работа што манипулираш ДУРИ И СО БИБЛИСКИТЕ ЦИТАТИ во оргинал, а сега се правиш поголем лингвист и од светски лингвисти и познавачи на грчкиот јазик???

Дете, ти реков не ја терај дискусијата понатаму ако не сакаш да заглавиш!

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Стихот Лука 1:28 гласи: ... Радувај се, благодатна! Господ е со тебе!

Самиот збор благодатна индицира на тоа дека таа веќе е облагодатена уште пред да дојде архангел Гаврил да ја посети и да и’ ја соопшти радосната вест. Кога архангел Гаврил и’ вели на Богородица „Радувај се, БЛАГОДАТНА!“, Господ Исус Христос не бил ниту зачнат од Светиот Дух, а камоли пак да бил распнат и да воскреснал. Јасна индикација дека Богородица била облагодатена уште пред сето тоа да се случи со Господ и уште пред воопшто и да и’ била соопшетна Радосната вест.

А стихот Ефесјаните 1:6 гласи: За да биде фалена славата на Неговата благодат, со која не дарува преку Својот Возљубен Син

Христијаните се облагодатени преку СИНОТ БОЖЈИ, откако тој се родил, бил распнат и воскреснал.


Душичке, Богородица била облагодатена уште ПРЕД Христос да го изврши своето дело за искупување на луѓето од гревот, уште ПРЕД Тој и да се роди

Изменето од Maran Ata - 13.Ноември.2009 во 01:14
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2009 во 01:21
Не манипулирам со библиските цитати, туку едноставно од немарност се помешав, како што и ти се помеша само 2-3 коментара пред тоа. Со таа разлика што ти ми се извини за твојата неосновата клевета и јас потоа не те клукав за твојата грешка и клевета, а ти жива среќна со денови се радуваш и се самоцитираш дека си ме фатила во некоја збунка (небаре јас не сум човек па не можам да се збунам). Но, кога ниедно мое прашање не можеш да одговориш и се загалви на секоја тема, нормално е дека само тоа ти останува, да се фатиш за одреден мој збор и цело време да вртиш околу него матејќи ја дискусијата и правејќи ја истата напорна и досадна.
 
Инаку овде дискусијата ја терам во сосема правилна насока. Јас велам дека обеленото е бело. Оние кое се облагодатени преку Христос се благодатни. Оние на кои Христос им ја подари благодатта се благодатни. Што има тука не јасно? збунетост
 
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:


Душичке, Богородица била облагодатена уште ПРЕД Христос да го изврши своето дело за искупување на луѓето од гревот, уште ПРЕД Тој и да се роди
 
Па што? Некој се облагодатил завчера, некој вчера. Која е разликата денес? Зарем не се и двајцата облагодатени?
Авраам е благословен со векови пред Марија, па сепак тој според вас не е Најголемиот, Царот, Пресветиот, Преблагословениот, Владиката на Небото, словото и проповедтта на сите пророци, Заштитникот на Скопје итн.


Изменето од EvAngelos - 13.Ноември.2009 во 01:25
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2009 во 01:24
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Не манипулирам со библиските цитати, туку едноставно од немарност се помешав, како што и ти се помеша само 2-3 коментара пред тоа. Со таа разлика што ти ми се извини за твојата неосновата клевета и јас потоа не те клукав за твојата грешка и клевета, а ти жива среќна со денови се радуваш и се самоцитираш дека си ме фатила во некоја збунка (небаре јас не сум човек па не можам да се збунам).



газење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеење
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2009 во 01:34
ЕвАнгелосе, душичко, јас збунка направив во однос на твоето цитирање, а не во цитирањето на Библијата.

Џабе ти е, лагата е разобличена, па сега мисли му ја како ќе се ваѓаш. Само пробај со некој подобар обид, не вака да се дорезилуваш и самофалиш.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2009 во 01:44

И твојата лага (и клевета) беше разобличена (како и сите предходни) па сепак јас не пробувам да ја заташкувам тековната дискусија со нив. Доколку сакаш да си праиш неврзан муабет, симни си некој мирц и таму прави си муабет. А тука на оваа тема дискутираме за култот на Марија.

За сите останати што сакаат да дискутираат на темата, поставувам ново прашање

Зошто Исус во Библијата и се обраќа на Марија со зборот „жено“, а не со „мајко“?
Мене искрено ова ми падна во очи уште при моето прво читање на евангелијата? Дали сте го забележале и вие тоа?  Кое е вашето размислување на оваа тема?
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2009 во 01:56
Чекај малку, јас тебе не сум завршила.

И да не ти останам должна:

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Дали облагодатените преку Божјиот Возљубен Син се благодатни или пак само привремено биле облагодатени, а потоа повторно станале неблагодатни?


Стихот Лука 1:28 гласи: ... Радувај се, благодатна! Господ е со тебе!

Самиот збор благодатна индицира на тоа дека таа веќе е облагодатена уште пред да дојде архангел Гаврил да ја посети и да и’ ја соопшти радосната вест. Кога архангел Гаврил и’ вели на Богородица „Радувај се, БЛАГОДАТНА!“, Господ Исус Христос не бил ниту зачнат од Светиот Дух, а камоли пак да бил распнат и да воскреснал. Јасна индикација дека Богородица била облагодатена уште пред сето тоа да се случи со Господ и уште пред воопшто и да и’ била соопшетна Радосната вест.

А стихот Ефесјаните 1:6 гласи: За да биде фалена славата на Неговата благодат, со која не дарува преку Својот Возљубен Син

Христијаните се облагодатени преку СИНОТ БОЖЈИ, откако тој се родил, бил распнат и воскреснал.

Од лингвистички и граматички аспект додека Kecharitomene е перфект пасивен партицип, echaritosen е активен индикативнен аорист. Kecharitomene значи "биле" или "веќе се" облагодатени.

Тоа можеме да го видиме и во други стихови. На пример во грчкиот превод на Стариот Завет во

Псалм 117: 26 Нека е благословен оној, кој оди во името на Господа!

за благословен е искористен зборот 'eulogamenos' кој буквално значи "бил благословен" т.е. означува дека тоа се извршило пред времето на говорникот и делото е веќе завршено. Говорникот кој го користи овој збор се осврнува дека оној за кој зборува веќе бил благословен. (Фредерик П. Милер „Обновување на Захарија и Евреите: Од мрак до слава“, глава 31 Захарија 20)

Ефесјаните 2:8 Зашто по благодат сте спасени преку верата…

Зборот „спасени“ е преведен од грчкиот збор „σεσέσμένοι“ (sesosmenoi), кој е перфект пасивен партицип. Означува дека спасението се случило во некое време во минатото и продолжува во сегашност…

Граматичарот по грчки јазик J. Gresham Machen (Грчки на Новиот Завет за почетници, стр. 187) вели: „Грчкиот перфект ја означува сегашната состојба која е резултат на мината акција“ Перфектот е употребен во Матеј 4:4, 7, 10 („Напишано е“) што буквално означува дека било напишано во минатото и сеуште е во сила.

Перфектот во грчкиот јазик е минато време со посебно значење: се користи за да се направи осврт на мината акција чиј ефект се пренесува во сегашноста.

Во Лука 1:28 е искористена посебна форма на променлив глагол од "charitoo" т.е. "kecharitomene," додека во Ефесјаните 1:6 е искористен зборот "echaritosen", кој е различна фома од глаголот "charitoo". Echaritosen значи „ги облагодати“ (или дарува благодат) и означува моментална акција, акција доведена до минливост (Блас и ДеБрунер, Грчка граматика на Новиот Завет, стр. 166).

Значи, Kecharitomene означува целосност со постојан, неменлив резултат, односно континуитет на извршената акција (Х. В. Смит, Грчка граматика [Harvard Univ Press, 1968] стр.108-109, 1852:b исто и Блас и ДеБрунер, стр. 175)

Значи, одговорот на твоето прашање е: ДА, оние христијани кои се облагодатени преку Божјиот Возљубен Син, а отпаднале од верата поради непослушност и изопачување на истата, повторно остануваат без благодат:

Евреите 12:15 гледајќи, да не би некој да се лиши од Божјата благодат

1 Петар: 5:5 Така и вие помладите, покорувајте им се на старешините. А сите, препашете се со понизност еден спрема друг, зашто "Бог им се противи на горделивите, а на понизните им дава благодат."

Римјаните: 1:5 преку Кого добивме благодат и апостолство за послушност кон верата на сите народи во Неговото име...







Изменето од Maran Ata - 13.Ноември.2009 во 02:00
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5152535455 60>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,406 секунди.