|
Романија |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |
*MIMI*
Нов член Регистриран: 17.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 12 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Jas licno imav mnogu loso mislenje za Romanija, ama prijatno se iznenadiv najveke od planinite, skijackite tereni i starite gradovi. Ima golem potencijal za eko turizam. Lugeto se mnogu fini i gostoprimlivi. Del od Romanskata kujna mnogu mi se dopadna kako na pr. salata de vinete. Kaj nas pretezno se sirat ne tolku dobri mislenja za Romanija, no mene iskreno mi se dopadna. Ocigledno deka mnogu se investira i se razviva i toa ne samo Buk*rest tuku i drugite gradovi.
Eh da imase nesto sto ne mi se svigase... MANELE... mnogu losa turbo folk muzika sto strasno me iritirase Pop muzikata e super. Dobri faci super spotovi A jazikot e strasno tezok... |
|
jmama
Нов член Регистриран: 30.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 14 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Znaci vaka jas si pominav super.
Go vidov Buk*rest. Sinaja, Brasov, bevme i na ezeroto Snagov.
Buk*rest e prekrasen grad vo arhitektonska smisla.
Kralskiot dvorec Peles e definitvno mesto koe treba da se vidi. Inaku e uzasno skapo.
|
|
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Слушам разни кажувања. Од најдобри до најлоши.
|
|
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|
topsexy
Сениор 10-K-H-HOT Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 3022 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Brat mi bese letovo tamu i kaza deka ubavo si pominal,ali i ja sum bila ednas kako pomala
|
|
Филип-МК
Нов член Регистриран: 23.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 5 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас бев во Бук*решт, и тој е како Париз за мене, многу ме подсеќа на него. Западна Романија е сиромашна и нема ги многу градовите таму, а Источна, поготову од Бук*решт до Констанца е ехтра Изменето од Филип-МК - 23.Ноември.2007 во 22:54 |
|
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Буик*решт е метропола а не како Скопје, и затоа е убав град иако копија на старите европски градови...Еве и ние сакаме да градиме во барокен стил..?///
Инаку одличен е Бук*решт...Има многу убави градби...
|
|
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
|
Omar
Сениор Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Замокот Поенари, Романија
Image Да не ве лажат да го посетите замокот Бран во Романија за да го видите домот на злиот Влад Тепеш (инспирацијата за Дракула). Замокот Бран е само туристичка атракција и нема никаков доказ дека Влад Тепеш воопшто престојувал таму. Како и да е, недалеку од таму се наоѓа рушевината на замокот Поенари, вистинскиот дом на Влад. Бил подигнат на почетокот на тринаесеттиот век од првите владетели на јужна Романија. Околи 14 век, Поенари била главната цитадела на басарабската династија владетели. Во следните неколку декади името, како и сопствениците, се менувале неколку пати, за на крај местото да биде напуштено и оставено во рушевини. Во 15-от век, согледувајќи го потенцијалот на местото како замок на врвот на стрмна карпа, Влад Тепеш го реновирал местото, правејќи од него една од неговите главни тврдини. По неговата смрт замокот бил запуштен но се уште постои и е достапен за туристи. За да се стигнете до замокот посетителите треба да се искачат по 1500 скали. Замокот ја има репутацијата на едно од најопседнатите места во светот. |
|
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во земјата на ДракулаРоманскиот “Холивуд“ Букви на планината, налик на оние во Холивуд ни најавуваат дека пристигнуваме во Брашов - местото каде ќе отседнеме за време на нашиот престој. Сега мала доза факти - Брашов е главен град на истоимената општина во Трансилванија. На оддалеченост од 166 километри од Бук*решт и со популација од околу 290.000 жители, Брашов претставува значаен туристички центар. За тоа е најмногу заслужна локацијата на Брашов која го прави одлична стартна точка за повеќе туристички дестинации во Романија. Но, тоа не значи дека самиот град и неговата блиска околина не се доволно атрактивни. Имено, на 1.200 метри надморска височина, непосредно до Брашов, се наоѓа Поиана Брашов - најпопуларниот ски центар во Романија. Тука е и одлично зачуваниот стар град кој исто така е значаен за туристите. Што се однесува до општината Брашов, истата е пример дека локалната самоуправа може да биде и плодоносна. По тешките времиња за народот во комунизмот, од 1991. година, преку новите закони и членови од новиот Устав, општините во Романија го започнуваат успешниот процес на осамостојување и развој. Меѓу вкупно 41 општина, Брашов е една од најпросперитетните. Причина за овој напредок се бројните инвестиции (најчесто странски) како и фактот дека истата ги има најатрактивните туристички дестинации во Романија. Едно од поголемите изненадувања за нас беа романските цени. Очекувавме дека во земја членка на ЕУ со просечна плата од 440 евра, и цените ќе бидат делумно повисоки од оние во Македонија. Но, наместо тоа наидовме на (повеќе или помалку) пониски цени. Облеката, такси превозот, пивото - со прилично пониски цени споредено со оние кај нас. Храната, било онаа во супермаркетите или рестораните, алкохолнте пијалоци и сместувањето, со цени* приближно исти или нешто пониски од македонските. Нагласуваме дека станува збор за туристички места во кои навистина е преполно со туристи од целиот свет (сетете се само на цените во Охрид за време на туристичка сезона :) ). Забележавме и дека, наместо фаст фуд ресторани и ресторани во кои менито се состои од месо на скара како што е обично случај во Македонија (иако, таквата храна ни малку не е поврзана со нашата традиција), во Брашов, а и останатите места кои ги посетивме, акцентот е ставен на локална, традиционална храна која е кулинарско обележје на Романија. И верувајте дека местата на кои се служеше таква храна беа многу попосетени од неколку фаст-фуд ресторани. * Се работи единствено за личен впечаток, односно за споредбата на цените не се користени официјални статистички податоци. Но, доста со локални самоуправи и цени - да се вратиме на “естетиката“ :) Една од градбите во градот Брашов која се смета за еден од најзначајните симболи на градот, а и нам лично ни остави најголем впечаток е Biserica Neagra (во превод Црната црква). Готичката градба чија изградба започнала во доцниот 14 век оригинално била позната како Црквата на Св. Марија. Но, по пожарот подметнат од Хабзбурговците во1689 година, црквата претрпела големи оштетувања и го добила името Црна црква. Освен што претставува најголема и една од најзначајните Лутерански цркви во регионот, Црната црква е значајнa по ѕвоното тешко 6 тона (најголемото во Романија) како и по оргулата со импресивни 4.000 цевки. За жал, не можевме да ви приложиме фотографии од внатрешноста на оваа црква. Интересна е и жичарата која води до планината Тампа, од каде има прекрасна панорама на градот и околните ски ресорти. Тука се наоѓа и “холивудскиот“ знак кој веќе го споменавме. Се разбира, има уште многу места кои вреди да се погледнат во овој симпатичен град, без сиви облакодери и урбан хаос. Луксузот на аристократијата На 44 километри од Брашов во соседната општина, Прахова, го посетивме замокот Пелеш. Сместен во идиличен предел на Карпатите, Пелеш се смета за еден од најубавите и најлуксузни замоци во Европа. Неговата приказна започнува кога романскиот крал Карло 1, воодушевен од околната природа, решава таму да изгради замок. И тоа го прави прилично амбициозно. По одбивањата на предлог проектите на бројни проекти, кралот се одлучува за германскиот архитект Вилхелм Додерер, поради што и надворешниот изглед е близок до германскиот нео-ренесансен стил. Изградбата започнала во 1873. година, а по официјалното отворање во 1883. година, разни измени и доградби продолжиле до 1914. година. Во целокупното градење и декорирање на Пелеш учествувале повеќе од 300 занаетчии ширум светот. Дури и во тоа време замокот имал централно електрично греење, внатрешен лифт и правосмукалка. Но, со своите 170 соби (од кои само 10 се отворени за туристи), замокот се покажал како преголем за кралското семејство. Тврдејќи дека е невозможно да се живее во него и дека неговата големина и луксуз негативно влијаат на психата, кралот Фердинанд 1. и кралицата Марија се преселиле во помала реплика на главната зграда позната како замокот Шелитор, градена помеѓу 1889 и 1903. година од архитектот Карел Лиман. Интересен податок е и тоа дека Чаушеску му го фрлил “меракот“ на замокот, сакајќи да го претвори во своја резиденција. Среќа, еден досетлив кустос одговорен за музејот, кој бил свесен дека власта има обичај да ги “празни“ и реновира ваквите градби, рекол дека замокот е зафатен со опасната печурка Serpula lacrymans (што било точно само за еден мал дел од дрвената конструкција) и дека е штетен по човековото здравје. Со оглед на хипохондријата на Чаушеску, ова било доволно тој да се откаже од замокот. Не бевме во можност да ја фотографираме ниту внатрешноста на замокот, но можеме да го разбереме кралското семејство кое не можело да живее во Пелеш. Што е премногу, премногу е, макар тоа да е луксуз. :) Домот на Дракула По сјајот на Пелеш, се упативме кон по “мрачна“ дестинација - замокот Бран. Градбата позната и како замокот на Дракула се наоѓа во градот Бран и го привлекува најголемиот број на туристи во Романија. Во тоа се уверивме и лично. Се чекаше во редица за да се влезе во замокот, а внатре едвај можевме да се разминеме со луѓето. Ако очекувате нешто спектакуларно, овде нема да го најдете. Се разбира, вреди да се посети како историска градба, но во неговата внатрешност најчесто ќе гледате празни соби и ѕидови (благодарение, пред се, на комунистичкиот режим во чија власт потпаднал замокот во 1948. година, и кој бил систематичен во “празнењето“) и понекој предмет од владеењето на кралицата Марија. Во 2006. година, романската влада му го доделува замокот на Арчдуке Доминик - архитект од Њујорк и син на принцезата Илијана (ќерка на кралицата Марија). Во 2007. година Доминик го дава замокот на продажба за 78 милиони долари, а се очекувало да достигне цена над 135 милиони долари. Истата година комисија на романскиот парламент започнува истрага за враќањето на замокот на наследникот на кралското семејство, тврдејќи дека истото е нелегално, но Уставниот суд ја одбива петицијата на комисијата и одлучува дека се е изведено според законот и прописите. Во 2009. година семејството на Доминик открива дека нема да го продаде замокот, туку ќе го претвори во историски музеј посветен на кралицата Марија и нејзиното семејство. Се разбира, одвоен и е простор за најзначајниот жител на замокот - Влад Тепеш, кого благодарение на делото на писателот Брам Стокер сите го знаеме како Дракула. |
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ништо посебно, не сум воопшто воодушевена од Романија,
кој би рекол дека се во ЕУ единствено позитивно беше тоа што си најдовме мотел во Бук*решт за 10 е од вечер и тоа не беше некој крш мотел, туку собите беа одлично средени со тв и интернет |
|
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
БуК*решт
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |