IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Фрчковски имаш ли коментар за Глигоров 1995-та?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Фрчковски имаш ли коментар за Глигоров 1995-та?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 151617
Автор
Порака
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2010 во 21:51

Котелецот на криминалот се размотува
22.04.2009
 

Кога во соседството и во државата има неколку сведочења за криминалот правен во времето кога Фрчкоски беше министер на полицијата која требаше да се бори со него, не може а да не се постави прашањето за неговата ролја во спиралата која 18 години се рефлектира врз кредибилитетот на државата Помалку

Шверцувањето цигари и други стоки во кои учествуваа макеоднските политичари во спрега со српското подземје за финансирањето на војните на Слободан Милошевиќ се’ уште се калта во која се препелка Македонија

Минатата година Форум го презентираше сведочењето на Петрит Аме, една од најконтроверзните личности што последниве две децении се појави на балканските простори, како алка меѓу криминалното милје и политичарите. Од големиот материјал, во кој се споменуваат имињата на српските и на македонските политичари сместени во бизнис-зделки со лица кои беа познати по криминални работи од кои се финансираа специјални операции на тајните служби, а и режимот на Слободан Милошевиќ, недвосмислено произлезе и мотивот за атентатот врз поранешниот македонски претседател Киро Глигоров, во моментите кога тој побара да се спречи влијанието на организираниот криминал во државата. Нашите тврдења беа дека токму најавата за прекинување на криминалниот балкански синџир на финансиите на Милошевиќ е основната причина криминалот и политичарите како заложници на тајните служби да се решат за ликвидација на македонскиот претседател.
А, кога се знае, дури тоа никогаш не беше ниту сокривано, поврзаноста на македонските политичко-криминално-бизнис-разузнавачките структури со исто таквите српски, не може да се остане инфериорен кон нештата од оваа сфера кои одвреме-навреме испливуваат на површината. Со цел да се детектираат вистинските причини кои доведоа до тоа перспективната млада македонска самостојност да биде посипана со криминален пепел во кој, за жал, уште години ќе се прпелка. И, се разбира, да се откријат протагонистите на ваквиот злостор кон сопствената држава и нација, кои повремено се појавуваат на политичката сцена како самонабедени наши месии, бранители на демократијата и на граѓанските слободи?!

Незгодни сведоци

Последните неколку процеси во соседна Србија, како што е оној на Јездимир Василевиќ, сопственик на пропадната банка Југоскандик, во која исчезнаа 190 милиони германски марки, јасно упатуваат на заклучокот дека Македонија на чело со Бранко Црвенковски, следен од Љубомир Фрчкоски и тајфата, го финансирала не само Слободан Милошевиќ, туку и злосторничката војна на етничко чистење во Босна и Херцеговина. Толку ефикасно и профитабилно, што заслужуваат да завршат во Хаг како воени профитери. Се разбира, откако ќе одлежат во Македонија за атентатот и грабежот на заедничкиот имот!
Газда Језда, имено, сведочи дека губењето на парите и нивното “перење” било под директно влијание на оперативците на Милошевиќ за купување оружје и за финансирање на тајната полиција.  И дека тој бил изнесен од Србија по наредба токму на разузнавачките шефови. 
Сретен Јоциќ со прекар Јоца Амстердам, пак, само седмица подоцна на 7 април пред истиот белградски Окружниот суд се бранеше дека не го нарачал убиството на Горан Марјановиќ, викан Гокси Бомбаш, во јули 1995 г., во спортскиот центар Олимп во Белград.
“Не го познавам Марјановиќ, ниту со него сум бил во судир”, тврдеше Јоциќ.
Тој е обвинет дека на полицајците Миодраг Продановиќ и Бојан Милосавлевиќ во јули 1995 г. им платил 50 илјади германски марки да го убијат Марјановиќ и човек со прекар Дуцо.
Јоциќ на сведочењето раскажа дека по десет години престој во странство се вратил во Србија во 1992 г., затоа што го повикале поради одредени позиции кои ги имал во безбедносно-дипломатските структури на СРЈ (Сојузна Република Југославија).
“Помагав на српската влада да набави технички средства, енергија и хуманитарна помош, а во Бугарија, Романија и Македонија лобирав да бидат 'малку флексибилни' во однос на прашањето на санкциите против СРЈ. Беше договорено никој од нас да не заработи ништо за тој патриотски чин. Меѓутоа, во 1994 г. ми стана јасно дека поединците од партијата почнаа да се богатат”, раскажува Јоциќ на судењето.
Тој нагласи дека поради тоа дошол во судир со тогашниот прв оперативец на српското Министерство за надворешни работи на Србија, Радован Стојичиќ Баџа, кој му се заканувал, по што морал да замине во Бугарија. Баџа, подоцна, да потсетиме, беше брутално ликвидиран среде бел ден во еден белградски локал.
“Таму ме штитеше нивниот разузнавачки сектор, Бојко Борисов, кој подоцна стана градоначалник на Софија, и Николај Гигов, сопственик на фудбалскиот клуб Локомотив, со кој имав бизнис-релации, бидејќи тој беше легален трговец со оружје. Може малку е чудно, но таква беше соработката”, изјави Јоциќ.

Како се одвивал државниот шверц?

Во текот на 1993 и 1994 г. на територијата на Балканот се формирани многу моќни шверцерски илегални лоби-групи, раскажува во едно свое интервју Јоца Амстердам.
Меѓу нив најмоќна била тутунската мафија, или како што ја нарекуваа – Балканска тутунска мафија. Поради силните санкции, кои во тој период ги трпеше, Југославија стана погодна почва за да процветаат сите облици на прилично доходовно воено профитерство.
Дури и партијата на Милошевиќ – СПС (социјалистичка партија на Србија), која ја држеше целата држава под контрола, влезе во бизнисот преку одредени политичари, службеници во царинските служби и Министерството за внатрешни работи, како и во тајните служби. Но, тие не инвестираа и не учествуваа директно во распределбата, туку само посредно со цел да не бидат искомпромитирани. Така целата работа ја организираше и контролираше тутунската мафија, која не ја сочинуваа само најголемите шверцери од Балканот, туку од целиот свет. За таа цел, мафијата на располагање ја имаше царината, полицијата, банките... Приходот од бизнисот се делел така што 60 отсто добивала мафијата, а 40 отсто српската држава. Процедурата била крајно едноставна со оглед дека ја имала поддршката од владата.
“Цигарите главно пристигнуваа од бесцаринските зони во Бугарија и Македонија (н.з. тоа се фри-шоповите кои се врзуваа со името на братот на Љубомир Фрчкоски, во тоа време министер за внатрешни работи), а од таму со камиони стигнуваа до крајната дестинација – Србија). На царина стоката обично се декларираше како “сунѓери”, или нешто слично што не бара посебни проверки. Бидејќи Бугарите и Македонците, според договорот добиваа по 10.000 долари од секој камион, царинските служби ги дочекуваа и пропуштаа обележаните камиони без проблем, бидејќи тоа и онака беше наредба од Милошевиќ. Од царина до Белград, камионите се испраќаа со задолжителен ескорт од два полициски џипа и осум полицајци. Во царинските документи, како крајна дестинација беа наведувани Република Српска и Република Српска Краина, иако цигарите остануваа во Србија. Тоа беше правено за да изгледа стоката како транзитна”, признава Јоца Амстердам во едно свое интервју.
Целата работа од државна страна, ја водел тогашниот српски заменик-министер за внатрешни работи, генерал потполковник Радован Стојичиќ Баџа, додека главен човек бил Вања Бокан, од Атина.
Секој кој ќе се обиде неовластено или, пак, неповикано ќе се вклучи во работата, веднаш бил најстрого казнет, цигарите на лице место веднаш му биле одземани, некои биле физички малтретирани и уценувани, а повеќето по кратка постапка биле ликвидирани.
На ова место од сведочењето на Јоциќ, недвојбено се надоврзува и исповедта на Петрит Аме, забележана во записникот од разговорот направен со него во просториите на Државна безбедност и контраразузнавање, што ја докажува вмешаноста на македонските транзициони политичари во криминалните активности. Тие, како што сведочи Аме, не само што овозможувале одвивање на прекуграничниот криминал, туку и најдиректно биле инволвирани во него и имале материјална полза.
Петрит кажува и за перењето пари од илегална продажба на цигари кое, како што тврди, а што никогаш не е демантирано, се вршело преку братот на тогашниот министер за внатрешни работи на Македонија, Љубомир Фрчкоски. Тоа се вршело преку фри-шопот “Челебија”, при што цигарите се истоварале, а камионите оделе празни за Србија, со тоа што за пазарот на Косово морало да одат оригинални цигари (во тоа време јавна тајна во Скопје беше дека при купување оригинал марлборо цигари се бараше т.н. “петка”), производство на Филип Морис, а на пазарите во Македонија одела и “четворката” која е фалсификат и се произведувала во Бугарија и во Југотутун, односно во Стококомерц од Прилеп со знаење на македонската влада.
Шверцот на цигари бос и ЛМ кои потекнувале од Македонија-табак се одвивал на тој начин што се носеле до Албанија, каде што се истоварале во околните села до границата и уште истата вечер по споредни патишта со магариња и коњи преку преминот “Блато” преку селото Спас се враќале назад. Во јули 1997 г., така требало да бидат префрлени дури пет шлепери!
Петрит се занимавал и со шверц на цигари марлборо кои ги носел за Косово и Србија, а партнери му биле Вања Бокан и Мики Пешиќ, и двајцата од Белград. Вања Бокан отворал акредитив кон Филип Морис во вредност од 2.700.000 долари преку Беркли банка од Кипар. Цигарите ги купувале по цена од 270 долари за еден мастер бокс (50 штеки), а тие на една тура товарале по 960 до илјада мастер бокса, а декларирале по 300 до 400 мастер бокса. На еден камион заработувале по 70 до 80 илјади долари, кои потоа ги делеле на три дела.
Аме како главен за илегалната трговија со цигари во Македонија го посочува починатиот Данчо Шутурков, вечниот “втор човек” на Македонија табак, за кого на полицајците им кажува дека ја ужива заштитата на премиерот Бранко Црвенковски и на кадрите од СДСМ како логистика и дека како противуслуга за тоа ја финансирал партијата. За секоја пратка цигари која ќе минела преку македонската територија, на Шутурков, според исказот на Петрит Аме, морало да му се плати такса од 25.000 германски марки, кој издавал сертификат дека цигарите се производство на Македонија табак, а на границата со тогашна СР Југославија се покажувала друга фактура во која стоело дека камионите се товарени со друга стока. Петрит кажува дека за период од една година тие успеале да пренесат 300 шлепери натоварени со цигари наменети за СР Југославија.

И Нуиши во мрежата на МВР од времето на Фрчкоски

Во неделата, во импровизирана чајџилница во скопското село Крушопек, е уапсен 44-годишниот Арслан Нуиши од село Грчец, со прекар Бос, кој сега употребувал друго име, баран со домашни и меѓународни потерници. Кај него беа пронајдени “фантомки”, две радиостаници, двоглед, ракавици, автоматски пушки и к*ршуми, што укажува дека во прашање е опасен бегалец пред правдата.
Станува збор за истата личност која се споменуваше во врска со атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров, во истрагата на т.н. Братиславска врска, сега со сменото презиме Арслан Пода.
Босанецот Осман Ватреш во 2002 г. во интервју за скопскиот неделник Национал, го споменува Арслан Нуиши, во контекстот на група којашто е снимена на видеокасета, а која е инволвирана во подготовката и изведувањето на атентатот врз тогашниот претседател Киро Глигоров во октомври 1995 г.
Арслан Нуиши е споменуван и како лицето што пред атентатот му го подари наводно блиндираниот мерцедес на Киро Глигоров. Ватреш исто така споменува дека братот на Арслан Нуиши го сменил презимето во Лесковица во времето кога Нуиши бил уапсен. Лесковица, инаку, загина во мистериозна сообраќајна несреќа, а полициски извори велат дека тој во хаварисаниот автомобил се наоѓал токму со Петрит Аме, која останал без гребнатинка.
И без разлика на тоа што по приведувањето на Нуиши веднаш по атентатот врз Глигоров, тој во недостиг од докази беше ослободен , барем такво беше официјалното соопштение на Министерството за надворешни работи кога со него раководеше Љубомир Данаилов Фрчкоски, многу индикативно е запишаното сведоштво  на Ватреш, кому во Словачка Нуиши му се доверил околу контакти што ги имал со македонски полициски и политички личности пред атентатот врз Глигоров.
Арслан Нуиши, според македонската полиција, инаку во криминалистичките архиви е забележан како предводник на т.н. Група од Грчец која со години директно е инволвирана во криминали, но давала логистика во многу криминални акции од големи размери.
Ватреш натаму тврди дека Нуиши му се доверил дека лица од Македонија, за кои тој вели дека се Фрчкоски и Добри Величковски, барале од него да “набави” мерцедес како негов подарок за претседателот Глигоров. Подоцна се покажа дека оние што требаше да се грижат за безбедноста на Глигоров, го излажале дека возилото е блиндирано. Но, една од веројатните тези е дека токму во мерцедесот некој ставил сензор кој синхронизирано реагирал на сензорот во автомобилот-бомба ами 8 на 3 октомври 1995 г. пред хотелот Бристол.
Без разлика на важноста и на улогата на Нуиши при атентатот, несомнено е дека тој како припадник на меѓународното подземје контактирал со високи полициски и политички македонски функционери.
Вака, според библиското дека ништо тајно не останало тајно, повремените сведоштва ќе ги разоткриваат дел по дел валканиците на главните протагонисти на криминалната македонска транзиција. А, тоа е една од основните причини на Македонија да и’ бидат 18 години врзани оловни тегови за нозете на патот на евроинтеграциите. Многу повеќе отколку што тоа се политичките причини, затоа што никој во своето друштво не сака држава која учествува или е логистика на организираниот криминал.


Претседателскиот кандидат и атентатот врз Глигоров
27.03.2009
 

Отворено обраќање до Бранко Црвенковски Помалку

Зошто Црвенковски како премиер ја префрли одговорноста за атентатот од тогаш првиот човек на МВР, Фрчкоски, врз себе кога го нема тоа право и зошто смета дека министерот нема морална и политичка одговорност за атентатот? Дали е во прашање политиката на дајми–дајство, политика што претседателскиот кандидат ја следи како животно кредо, не само кога беше во власта, туку и на факултетот?

Пишува: Проф. Д-р Светомир ШКАРИЌ



Вам ви се обраќам лично, со желба пошироката јавност да дознае дали вашиот кандидат за претседател на Република Македонија поднел оставка по извршениот атентат на претседателот Киро Глигоров на 3 октомври 1995 г. или имал само намера тоа да го стори?
Во времето на атентатот, претседателскиот кандидат што вие го поддржувате беше министер за внатрешни работи, а вие бевте во тоа време претседател на Владата на Република Македонија. Во врска со оставката на поранешниот министер за внатрешни работи постојат различни спекулации, без јавноста да знае што точно се случи. Актерите се живи и време е тоа да се расчисти, да се дознае вистината.
Да ве потсетам, осум години по атентатот, Киро Глигоров смета дека министерот за внатрешни работи не поднел оставка. Во јули 2003 г., за белградски НИН, во врска со оставката на министерот, тој го изјави следново: “Има разни прикаски, но јас не би се впуштал во тоа, бидејќи тоа се спекулации. Тогаш министер за внатрешни работи беше г-дин Љубомир Фрчкоски, универзитетски професор за меѓународни односи, кој не нашол за потребно да поднесе оставка, ако не за нешто друго, тогаш поради моралната одговорност, бидејќи тоа се случи среде бел ден, среде Скопје”.
Одредено појаснување, но недоволно, понуди пратеникот Никола Поповски, висок функционер на СДСМ во тоа време. По повод иницијативата за формирање Анкетна комисија за утврдување на извршителот на атентатот, на пленарната седница на Собранието на РМ во април 1996 г., тој го кажа следново:
“Оставката, понудената, прецизно да разговараме, понудената оставка од г-дин Фрчкоски, јасно ја лоцира одговорноста за атентатот. Тоа јасно беше кажано. Тој ја презема врз себе одговорноста. За нас таа е битна. Фактот што господинот премиер не му ја прифати оставката, укажува дека премиерот во тој момент ја префрлил одговорноста од сопствениот министер врз себе. Како Собранието натаму ќе одлучува во врска со тие прашања, е работа на ова Собрание”.

ПОЛИТИКА НА ТИ-ДАЈ МИ

Претседателот Глигоров зборува за поднесена оставка - формулација што ја познава Уставот. Притоа тврди дека министерот не поднесол оставка. Од друга страна, пратеникот Поповски зборува за понудена оставка – формулација што не ја познава Уставот. Тој тврди дека министерот понудил оставка, но дека премиерот Бранко Црвенковски не му ја прифатил.

Од гледиште на Уставот на Република Македонија, оставката се поднесува, а не понудува. Тоа е така затоа што оставката е морален чин за чија судбина никој нема право да одлучува, освен подносителот. Кога се дава оставката, таа е еднократна и конечен чин на слободната волја на оној што ја поднесува. Со ваквиот карактер на оставката на преден план доаѓа моралната одговорност на конкретната личност, а не политичката одговорност.

Поднесената оставка, претседателот на Владата не може да ја отфрли или да ја замени со нешто друго. Тој може само да ја достави до Собранието, и ништо повеќе од тоа. Може да побара и разрешување на министерот, ако смета дека има политичка одговорност за атентатот. Но, министерот за внатрешни работи не беше разрешен, туку беше поставен на уште позначајна функција - министер за надворешни работи на Република Македонија.

Но, да се вратам на изјавата на Никола Поповски. Тој јасно тврди дека
премиерот ја префрлил одговорноста за атентатот од министерот врз себе. Со изјавата за префрлување на одговорноста од министерот врз премиерот, Либералната партија го повлече предлогот за истрагата на атентатот. Тоа е време кога ЛП е дел од владејачката коалиција и кога претседател на Собранието на РМ беше Стојан Андов. Дека нешто не е во ред покажува повторното поднесување на предлогот за формирање на анкетната комисија за атентатот во 1998 г., од страна на ЛП, кога таа е дел од опозицијата и кога претседател на Собранието на РМ беше Тито Петковски. Предлогот е одбиен од парламентарното мнозинство, што само по себе зборува дека СДСМ има тврд однос кон атентатот. Иако станува збор за личност која долго време беше многу блиска до СДСМ и до вашата влада.

Време е да ви се постави следново прашање: зошто вие, господине Црвенковски, ја префрливте одговорноста за атентатот од министерот врз себе кога го немате тоа право и зошто сметате дека министерот нема морална и политичка одговорност за атентатот?

Јавноста исто така треба да знае зошто СДСМ, кога вие бевте негов лидер, не го дозволи формирањето на анкетната комисија за испитување на атентатот, и во 1996 и во 1998 г.?
Дали е во прашање политиката на дајми–дајство, политика што претседателскиот кандидат ја следи како животно кредо, не само кога беше во власта, туку и на факултетот?

ПОДДРШКАТА ЗА ФРЧКОСКИ ГО НАМАЛУВА РЕЈТИНГОТ НА ЦРВЕНКОВСКИ

Одговорот на поставеното прашање може да го побарате во трудовите на американскиот истражуваш Роберт Хислоп, напишани за корупцијата за време на вашите први две влади. Истиот истражувач тврди дека Павле Трајанов е итно сменет од местото заменик на министерот за внатрешни работи поради тоа што прв ја забележал коруптивната размена меѓу етничките елити.


Дали е логично поддршката на претседателскиот кандидат да ја правдате со тоа што тој е борец на политичката сцена кога и вие, лично, бевте подолго време изложени на груби напади од негова страна? Знам дека имате негативно мислење за моралните квалитети на кандидатот што го поддржувате. Тоа лично ми го рековте по вашето враќање од службената посета на Република Бугарија пред неколку години.

Вашата поддршка на претседателскиот кандидат ќе ви го намали уште повеќе и така слабиот авторитетот во СДСМ и македонската јавност. Немавте потреба да поддржите таква личност, бидејќи имате голем број други кандидати кои поуспешно би ги застапувале интересите на вашата партија.

Но, изгледа дека вие не водите многу сметка за тоа. Премногу сте преокупирани со себеси и личните интереси, а не со СДСМ и земјата во целина. Не водевте никаква сметка за тоа што им го ветувате на граѓаните на 15 септември 2002 г. Тоа го заклучив врз основа на разговорот што го водевме заедно во вашиот кабинет во Владата, неколку дена по загинувањето на претседателот Борис Трајковски.

Се сеќавам како да беше вчера. Ме поканивте да дојдам во Владата за да ви објаснам кој е редоследот на нештата за да се избере нов претседател на Република Македонија. Повеќе часови се подготвував во утврдување на редоследот на чекорите, бидејќи состојбата беше многу сложена, како од гледиште на Уставот, така и од гледиште на Законот за избор на претседател на Република Македонија.
По моето излагање на чекорите, Вие не се интересиравте за ништо друго, освен за моето мислење за еден мој колега од Факултетот. Во тој момент вие веќе се видовте на новата функција – Претседател на РМ, а на колегата за кого ме прашувавте му ги препуштивте вашите дотогашни функции – премиер и лидер на СДСМ. Тоа ви беше голема грешка. Грешка ви е и поддршката на личноста која не може лесно да се одлепи од одговорноста за атентатот врз првиот претседател на Република Македонија.

На заминување од нашата средба ме замоливте да не се оддалечувам од Скопје. Но, јас се оддалечив оној момент откако дознав дека сакате да бидете Претседател на Република Македонија.

Убаво е да знаете дека се сеќавам на нашето прво видување. Тоа беше во осумдесетите години, во дебатната сала на ЦКСКМ.

Јас седев на тркалезната маса, а вие зад неа, млад како студент на ЕТФ.
Кога станавте Претседател на Република Македонија, вие имавте ваши (партиски) советници за уставни прашања. Мене ме викавте само тогаш кога тие не можеа да ви помогнат. И сега би дошол, ако чувствувате потреба од пошироко образложение на мотивите за ова мое лично обраќање.
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2010 во 21:53


Од оаза на мирот до Мека за криминалот
11.06.2009
 

Криминализацијата на Македонија почна со Б.Ц. (2) И дополнението на исказот на контроверзниот Петрит Аме е полно со имиња кои ги посочува како главни протагонисти во спрегата на организираниот криминал, политичарите и тајните служби. Оттаму, воопшто не зачудува што подоцна бевме сведоци на ликвидации и атентати со цел да се прикријат криминалите. Луѓето како Аме очигледно многу добро го познавале и користеле менталитетот на македонските политичарите и нивната несопирлива алчност која подоцна ги прави всушност марионети на криминалот кои само глумат мафијашки босови Помалку




Исповедта, или попрво пораката на Петрит Аме, би биле забавно четиво, но за жал, записникот од разговорот направен со него во просториите на Државна безбедност и контраразузнавање ја докажува вмешаноста на македонските транзициски политичари во криминалните активности. Тие, како што сведочи Аме, не само што овозможувале одвивање на прекуграничниот криминал, туку и најдиректно биле инволвирани во него и имале материјална полза.
Петрит кажува и за перењето пари од илегалната продажба на цигари што наводно се вршело преку братот на тогашниот министер за внатрешни работи на Македонија, Љубомир Фрчкоски. Тоа се вршело преку фри-шопот “Челебија”, при што цигарите се истоварале, а камионите оделе празни за Србија, со тоа што за пазарот на Косово морало да одат оригинални цигари (во тоа време јавна тајна во Скопје беше дека при купување оригинал цигари марлборо се бараше т.н. “петка”), производство на Филип Морис, а на пазарите во Македонија одела и “четворката” која е фалсификат и се произведувала во Бугарија и во Југотутун, односно во Стококомерц од Прилеп со знаење на македонската влада.
Шверцуваните цигари бос и ЛМ кои потекнувале од Македонија-табак се носеле до Албанија, каде што се истоварале во околните села до границата и уште истата вечер по споредни патишта со магариња и коњи преку преминот “Блато”, преку селото Спас се враќале назад. Во јули 1997 г., така требало да бидат префрлени дури пет шлепери!

КРИМИНАЛЦИ, ПОЛИТИЧАРИ, АДВОКАТИ И СУДИИ “НА ИСТО ОРО”

Во оваа илегална трговија од времето за кое сведочи Петрит Аме, бил вмешан и член на партијата ПДП којашто тогаш беше коалициски партнер на СДСМ на Бранко Црвенковски, а него го помагале Ванчо Лазаровски и Илија Илоски, тогаш директор на Царинската управа на Македонија. Притоа, Аме ги споменува и партискиот лидер на ПДП Абдурахман Алити и фирмата Фати компани на некој министер од ПДП и тогашниот министер Насер Зибери.
Петрит раскажува и дека основал фирма Еуро Шипад, порано позната како Шипад граѓа, чиј директор бил извесен Владо Шарвалинов, која се занимавала со увоз на дрвен градежен материјал од Србија, а која соработувала со Акики од Белград, сопственост на Ирфан Акики. Ирфан, пак, имал мешовита фирма со синот тогашниот директор на Заводот за платен промет во Скопје. Всушност, фирмата била формирана за “покривање” на другите дејности, а плаќањата секогаш се вршеле во готово.
Натаму, на видеолентата Петрит Аме споменува повеќе лица од албанското, македонското (како ликвидираните Орце Коруновски и Марјан Тушевски) и српското подземје кои биле поврзани со бизнисмени во двете држави, но биле блиски и со политичари. Во тој контекст го споменува примерот со извесен Нагип Тоска, кој требало со помош на политичари да земе некој еколошки британски грант во вредност од сегашни два милиона евра со кои, всушност, било планирано да се отвори акредитив во Филип Морис за купување оригинал цигари марлборо коишто требало да се шверцуваат…
Исказот на Аме го разоткрива и криминалниот систем по кој функционира македонското правосудство. Имено, тој лично споменува имиња на скопски адвокати, при што на едниот му дал 30.000, а на другиот му дал 40.000 германски марки за да биде ослободен од притвор и за да подоцна против него никогаш да не бидат подигнати обвиненија. Овие пари, и не само во неговиот случај, оделе во системот на адвокатите, судиите и оние што имале особено политичко влијание врз правосудството и врз полицијата.

СРПСКИ РЕЗИДЕНТИ ПЕРЕЛЕ ПАРИ, МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ ДРУГАРУВАЛЕ СО НИВ


Покрај, во најмала рака, збунувачката леснотија со која ги споменува имињата на политичарите од регионот во поврзаност со организираниот криминал, интересно е и како без двоумење зборува и за неговите врски, контакти и активности со странските разузнавачи служби. Петрит Аме признава, а своевремено и јавно признаваше во скопските локали, дека одржувал врски и извршувал задачи за повеќе странски разузнавачки служби. Особено ја потенцира својата поврзаност со поранешната КОС во времето на Слободан Милошевиќ од која добил задача да заведува Албанци од Косово да се зачленат во партијата “Јул” на Мирјана Марковиќ (сопругата на Милошевиќ). Неговиот псевдоним по сопствено признание бил “Птица”. За успешно извршените задачи добивал соодветен паричен надомест како и непречено да ги извршува неговите криминални дејности во шверцот на оружје, дрога и цигари.
Петрит, како што им соопштува на инспекторите на македонската државна безбедност, таа задача ја извршил по наредба на извесен Маријан Рене, кој “го држел на врска” и Жан Пјер Мишел.
Петрит одржувал контакти и со албанската служба, при што преку вујко му Башким контактирал со амбасадорот на Албанија во Македонија, Шабан Мурати. Петрит одржувал контакти и со поранешниот премиер на Албанија,  Александар Мекси, со Генс Рули, тогашен албански министер за надворешни работи, како и со други лица од врвот на политичкиот живот во Албанија.
Петрит признава дека пред две години одлучил да влезе со 20 отсто од вкупната добивка во казината Шери во Скопје и Аполонија во Гевгелија, чиј директор бил Швеѓанецот Ларс Клинк, а главен финансиер белграѓанецот Драган Стошиќ.
Бидејќи бил одбиен, Петрит одлучил до процентот да дојде на друг начин и по кратко време, откако претходно побарал и добил дозвола од Жељко Ражњатовиќ - Аркан, го киднапирал Стошиќ од пред белградскиот хотел Метропол. Петрит го извршил киднапирањето со помош на извесни Чуме и Вуке, прекари кои подоцна се споменуваат како на едни од главните луѓе во процесите против т.н. Земунски клан.
Киднапираниот Стошиќ, откако бил ставен во комбе и го однесле кај белградската населба Сурчин во подрумот на Чуме, по два часа го пуштиле бидејќи им го ветил бараниот процент. Но, по два дена Петрит бил повикан на разговор во српската државна безбедност кај Зоран Недељковиќ, кој му дал до знаење дека Драган е нивни човек и му се обратил со зборовите дека тоа може многу да го налути потсекретарот на службата Јовица Станишиќ. Според сведоштвото на Аме, Стошиќ другарувал и со македонски политичари и членови од тогашниот владин кабинет на Бранко Црвенковски, при што го споменува Димитар Бузлевски, но не кажува дали тие знаеле која е неговата вистинска задача.
Всушност, на страниците од Форум цитираниот службен запис од архивата на ДБК е сведоштво за начинот и за лицата што ја криминализираа македонската држава. Притоа, наметнувајќи ì хипотека од која тешко закрепнува.


,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2010 во 22:21

Трајанов: Фрчкоски треба да е предмет на истрага
10.06.2009
 

авниот обвинител Љупчо Шврговски треба да поведе целосна истрага за да се утврдат мотивите и одговорноста на Љубомир Фрчкоски, во врска со неговите пишувања дека зад атентатот врз Глигоров стои СДБ, криејќи се зад изјава на “сведок” со сомнителен кредибилитет Помалку

Ова го побара денеска претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, откако вчера обвинителот Љупчо Шврговски обелодени дека ниту едно тврдење на крунскиот сведок не било точно.
„Да обвините некого јавно дека е учесник или извршител на атентат, а за тоа да немате никакви докази, е злосторство и за тоа треба да се понесе одговорност“, заврши Трајанов.
Исто така, Трајанов рече дека атентатот врз Киро Глигоров бил насочен и против самостојна и независна Македонија, поради што неговата злоупотреба за себерекламирање и дискредитирање на политичките противници, или пак лечење на лични фрустрации, е крајно опасно, неприфатливо и непознато за демократските системи.
„Сосема е извесно дека на Љубомир Фрчковски во 1995/96 г., кога беше министер за внатрешни работи, му беа достапни сите битни информации и докази сврзани со атентатот врз Киро Глигоров, па вклучително и оние кои му беа предочени од ’сведокот’, но и покрај тоа, тие информации, се разбира дополнети и од негова страна, јавно ги објави, со што, на крајно манипулативен начин нанесе огромна штета, предизвикувајќи Јавното обвинителство да преземе процесни дејствија“, рече Трајанов.
Според него, Фрчковски е одговорен за две тешки последици, и тоа: нанесување огромни штети врз меѓународниот углед на Република Македонија, тврдејќи дека ДБК го извршила атентатот врз Киро Глигоров и за создавање огромна вознемиреност кај семејствата на сите оние кои беа повикувани на разговор во МВР под сомнение дека се учесници во атентатот врз Киро Глигоров.


,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2010 во 22:28

Балкански јазол на шверцот
10.06.2009
 

Немајќи друг избор, тогашната владејачка гарнитура на Б.Ц. и неговите го обвинија организираниот криминал за атентатот врз Киро Глигоров во 1995 г. Оттогаш, можеби сметајќи го за помало зло, го отворија прашањето кој и со што им овозможи на криминалците толку да се осилат и острастат за да се обидат да нападнат претседател на држава. Едно од сведоштвата за политичко-криминалната спрега во Македонија е исказот на Петрит Аме, досега непотврден, но и недемантиран... Помалку



ружје, нафта, цигари, дрога, злато и луѓе во првата половина на 90-тите непречено се шверцуваа преку македонските граници. Се разбира, сето тоа не можеше да се одвива без амин од тогашните власти, но и со нивно директно учество. Алчноста и чувството на недопирливост кај тогашниот македонски политички естаблишмент прерасна во безобразие и ароганција кон секое укажување дека таквиот криминал ì штети на државата. Кооперативноста на македонските политичари со организираниот криминал во тие години резултираше со отворено рекетарство, грабеж и уништување на македонските претпријатија и предизвика случувања какво што беше демолирањето на  дискотеката Хард рок во 1994 г., а кулминацијата беше атентатот врз Киро Глигоров. Дури и во почетокот на конфликтот во 2001 г. беше забележлива логистиката на балканскиот организиран криминал во дејствувањето на ОНА.
Власта, тогаш на СДС, долго време ги одмолчуваше информациите за нејзината спрега со подземјето, толкувајќи ги како злонамерни шпекулации и подметнувања, негирајќи каква и да е поврзаност со криминалците.
Сепак, во летото 1997 г., случајно или не, во првиот сектор на Третата управа на Управата за државна безбедност и контраразузнавање, стигнува од нејзината гевгелиска канцеларија допис проследен со “Државна тајна” во кој е забележан разговорот што инспекторот на ДБК од Велес го водел со Петрит Аме. Форум го поседува и видеоматеријалот од информативниот разговор од кој посебно е впечатлива леснотијата и самоувереноста со која Аме на инспекторите им ги раскажува врските на македонските политичари и бизнисмени со криминалните структури во Србија.

ШВЕРЦОТ НА ОРУЖЈЕ И НАФТА

Наводно, Петрит Аме е приведен во Велес заради проверка на негова вмешаност во тогашните судири меѓу полицијата и екстремни Албанци при симнувањето на албанското знаме од пред општинската зграда во Гостивар.
Признанијата и податоците што Петрит Аме со леснотија ги дава пред камерата, предизвикуваат чудење како човекот кој за себе признава дека е криминалец кој се занимава со шверц оружје, дрога, нафта, цигари, рекетарење итн., кажува податоци од важност за безбедносните служби, воопшто не стеснувајќи се да ги спомене имињата на највисоки политичари од Македонија и од регионот.
Инаку, службената белешка од текот на сослушувањето започнува со информациите што Петрит им ги дава на службениците на ДБК за внесувањето оружје во државата. Според записникот од сослушувањето, тој никогаш не продавал оружје во Македонија бидејќи го познавал менталитетот на Албанците и бил свесен дека тие истото ќе го употребеле против Македонците, а со тоа би си наштетиле самите себеси. Но истовремено, тој дава податоци дека најмногу оружје од Албанија влегувало во Македонија преку Дебар, а како најголеми шверцери посочува членови на дебарската фамилија Цапа, Г'зим, Галип, Идриз и Риза Цапа.
Петрит, пак, за неговите активности во шверцот со оружјето вели дека се одвивале на релација Белград преку Црна Гора во Италија. Како свој главен партнер го наведува името на Аца Ѓукановиќ, брат на тогашниот и актуелниот премиер на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, кој оружјето го набавувал преку Владата на Црна Гора од крагуевачка Црвена застава и истото го товареле во глисери во Зеленика кај Игало, а потоа илегално го префрлувале во Италија.
Особено е интересен делот каде што Петрит Аме зборува за шверцот со нафта во времето на ембаргото за режимот на Слободан Милошевиќ. Тој открива дека повеќемина од Албанија, Македонија и Србија биле негови партнери, меѓу кои и Генс Рули, тогашен министер за надворешни работи на Албанија, со кого профитот го делеле на половина со албански пратеник кого го именува со “Ајдари”, потоа и Жељко Ражњатовиќ Аркан, од кој земал 950.000 германски марки во кеш и лично му ги дал на кавадарчанецот Мишо Шкатров, сопственик на фирмата Ламида, да набави нафта од Бугарија за потребите на владата на Милошевиќ. Шкатров подоцна беше “наместен” од моќници од Македонија заради преземање на “бизнисот”, па третата негова пратка заглави на границата, поради што на Аркан му должеше пари, а за да го исплати долгот во Бугарија беше киднапиран и пуштен дури откако платил 45 илјади швајцарски франци, а на Аркан долгот му го исплатил во три рати.
Аме кажува дека има многу влијателни пријатели и дека никогаш не бил во затвор. Полицајците кои го сослушуваат, ги предупредува дека за еден ден ќе излезе од затвор. Меѓу влијателните пријатели кои му помагале да остане недостапен за законот, тој директно го посочува тогашниот премиер Бранко Црвенковски. Во полицискиот извештај стои: “... за кого кажа дека интервенирал за него на двапати досега: првиот пат било пред една и пол година за кривично дело обид за убиство кога Петрит пукал во Брле во Академија. Петрит бил во друштво на Златко 'Јукан' и Премиерот, кој интервенирал кај судијата по што Петрит бил ослободен од обвинение, и втората интервенција била по неговиот упад во телевизиската станица А1, при што бил приведен и однесен во притворот во Шутка. Петрит побарал од чуварот да му дозволи да му се јави на Премиерот, услуга за која му платил 1.000 германски марки на чуварот (мито)”.
Кога станува збор за шверцот со нафта, Петрит го споменува Златко Соколиќ, сопственик на Интерфалко и на многу други фирми, меѓу кои фирми во Јужноафриканската Република, Австрија, Швајцарија, Србија, Бугарија. Тој на полицијата ì дава податоци за Соколиќ дека за време на ембаргото многу шверцувал нафта, цигари и хемикалии, а најмногу работел со Србија. Според Петрит, добивањето на контигентите на Соколиќ му ги овозможувале Слободан Богоевски, тогаш советник во Владата, и премиерот Бранко Црвенковски, за што наводно плаќал голема сума пари. Кога зборува за Интерфалко, Петрит Аме ги споменува и поранешниот министер за стопанство Јован Андонов Реган, кој наводно преку оваа фирма “перел” пари.

ХЕЛИКОПТЕРИТЕ И ЦРНИТЕ ВРЕЌИ СО МАРКИ

Според кажувањето на Петрит, бил очевидец на многу злоупотреби од страна на припадници на МВР. Тој, наводно, лично присуствувал кога извесен Агим Шерифи ги исплаќал неговите соработници од МВР кои биле редовно исплаќани во една скопска пицерија.
Петрит се занимавал и со шверц на цигари марлборо кои ги носел за Косово и Србија, а партнери му биле: Вања Бокан, кој бил сопственик на 30-ина фирми, а сега работел на италијанската берза, и Мики Пешиќ, и двајцата од Белград. Вања Бокан отворил акредитив кон Филип Морис во вредност од 2.700.000 долари преку Беркли банка од Кипар. Цигарите ги купувале по цена од 270 долари за еден мастер бокс (50 штеки), а тие на една тура товареле по 960 до илјади мастер бокса, а декларирале по 300 до 400 мастер бокса. На еден камион заработувале по 70 до 80 илјади долари, кои потоа ги делеле на три дела.
Аме како главен за илегалната трговија со цигари во Македонија го посочува починатиот Данчо Шутурков, вечниот “втор човек” на Македонија табак, за кого им кажува на полицајците дека ја ужива заштитата на премиерот Бранко Црвенковски и на кадрите од СДСМ како логистика и дека како противуслуга за тоа ја финансирал партијата. За секоја пратка цигари која ќе минела преку македонската територија, на Шутурков, според исказот на Петрит Аме, морало да му се плати такса од 25.000 германски марки, кој издавал сертификат дека цигарите се производство на Македонија табак, а на границата со тогашна СР Југославија се покажувала друга фактура во која стоело дека камионите се товарени со друга стока. Од самата граница, цигарите ги преземала СДБ на Црна Гора и ги носела до директорот на Зета, Ѓукановиќ.
За шпедитерските услуги била задолжена Македонија табак, а парите во Македонија ги носел Мики Пешиќ, кој последната пратка ја донел со хеликоптер на МВР на Црна Гора, во придружба на двајца инспектори и Петрит, при што слетале на аеродромот, сега Александар Велики, и во вреќа му предале 2.750.000 германски марки на Шутурков. Петрит кажува дека за период од една година тие успеале да пренесат 300 шлепери натоварени со цигари наменети за СР Југославија.
Иако овие информации доаѓаат од лице кое и по сопственото признание е припадник на подземјето, никогаш досега никој не ги демантираше. Ниту, пак, е демантирана автентичноста на документот и на видеоснимката, што е позната практика – сè споменато да остане во доменот на шпекулацијата. Петрит Аме, сепак, не е/беше случаен човек и неговото сведоштво за ДБК може да се толкува и како порака до некого. Најверојатно до оние кои се спомнати како главни протагонисти во илегалната трговија со политичко-партиска заднина.
Но, исто така, загрижувачки е што досега никој од надлежните државни органи и во ниту една власт не се нафати барем да се обиде да потврди дел од наводите на службената белешка на ДБК. Очигледно станува збор за тешка и, пред сè, опасна работа и никој не сака да чепка во криминално-политичкиот јазол.

Кој е Петрит Аме
Петрит Аме е роден дебарчанец по кого сè уште е активна потерницата на Интерпол. Во македонското подземно и бизнис милје е посебно активен од 1993 г.
Неговото минато беше мистифицирано со негово наводно повеќегодишно учество во француската Легија на странците. Дел од македонските разузнавачи сметаа дека тој под друг идентитет “работел” во Јужна Америка и оттаму се неговите врски со некој колумбиски картел. Исто така, била следена и неговата врска со француски бизнисмени на Балканот за кои постојат индиции дека се резиденти на француската разузнавачка мрежа.
Иако тој негираше дека кога и да е работел со дрога, македонската полиција во 1999 г. во една пратка од неколку колумбиски вина адресирана до него, која повеќепати се повторувала, откри дека во виното всушност се наоѓа кокаин, кој се извлекува со посебна дестилаторска процедура. Според количествата, полицијата претпоставуваше дека тие пратки се за лична употреба. Со дрогата, инаку, го поврзува непотврдената информација дека за сметка на македонската полиција ги продавал 25-те килограми висококвалитетен кокаин кои исчезнаа од трезорот во кабинетот на министерот за внатрешни работи. Инаку, исчезнувањето беше забележано во времето кога ресорот го водеше проф. Томислав Чокревски, наследникот на Љубомир Фрчкоски.
Кон крајот на 1998 г. беше организирано негово апсење кај ноќниот клуб МЦМ, но како што претпоставуваа тогаш од МВР, некој од нивните редови го предупредил. Нешто слично се случи и неколку години претходно, кога МВР беше обвинувана за алиби акција за негово апсење.
Полициски извори велат дека високи полициски функционери повеќепати интервенирале кај странски полиции за ослободување на Петрит Аме, со образложение дека станува збор за нивен соработник.
Петрит, исто така, ги истакнуваше своите особено добри релации со Мирјана Марковиќ, сопругата на Слободан Милошевиќ, од која наводно имал добиено  потврда за пред српската полиција дека станува збор за многу значајна личност.
И неговата смрт остана мистерија. Во 1999 г. беше соопштено дека тој е ликвидиран во приштинскиот Гранд хотел. Постојат сомневања дека тој ја лажирал својата ликвидација и дека неговата “мисија” во овој регион е завршена, но дека најверојатно ќе биде активен под друг идентитет.


Со Бранко Црвенковски почна криминализацијата на Македонија
10.06.2009
 

Досие: Глигоров V Атентатот врз претседателот Киро Глигоров само го забрза процесот на криминализација на Македонија. На повидок беше победата на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори, како последица на украдените избори во 1994 г., но и грабежот на државниот имот, покрај шверцот и политиката на друмски разбојници на СДСМ, кој беше сам во парламентот. На новопечената олигархија и на нејзината партија СДСМ им требаше уште време за да се консолидираат, да ги исперат парите, да го легализираат грабежот и со “владеењето на правото” да го бранат украденото од можни ревизии на идната власт! Нападот врз претседателот требаше да биде добар изговор за сите учесници во криминализацијата на Македонија. Вклучително и за самиот Глигоров, кому му ветуваа дека нема да настрада во “атентатот”! Помалку

Пишува: Екипа на Форум


- Ќе ја средиме, нема гајле!
- А што документи ми треба?
- Ништо, се во едно убаво сино плико.
- Колку?
- Илјада. Само преправи ги царинските документи како да се од моја фирма.
- Ќе има ли и идниот месец?
- Да!
Ова е дијалог, до кој дојде Форум, помеѓу газда на мала текстилна фирма која сака да извезува за Србија и директор на Тетекс, кој преку своите врски со политичките кругови постојано имал дозволи за стопанисување на лагер. Освен препродажбата на дозволи за узвоз и извоз, на малите стопанственици им бил наложен и превозот: железнички или камионски. Од едниот ќарот го прибирал Фершпед,  а од другиот Макошпед.

Ова сведоштво на тогашен комерцијалист е само една епизода од тоа што се случуваше на почетокот на деведесеттите кога тогашните директорчиња одново го открија поткупот од турско време и ì се додворија на балканската мафија. Нивните дрвени столчиња за кратко време станаа олигархиски кожени фотелји кои и по 18 години тресат и владеат со државата.
Лудилото по секоја цена за време на блокадата да се прошверцува нешто во/од Србија одеше дури и до смешни каприци. Беше многу модерно на имињата на фирмите да се достави назнаката “експорт-импорт”. Оваа наставка требаше на обичното Македонче да му покаже колку всушност е сериозна фирмата, дека денес нејзиниот газда има одвај 10.000 марки во џебот, ама со една тура до Српска Краина “заработуваше” 100.000! Шверцот беше дозволен и посакуван. Државнички! Оттаму, атентатот на Киро Глигоров е исто така крупна епизода во процесот на целосна криминализација на Македонија!
Форум во изминатиов месец во потрага на мотивите и апсурдите на досието и истрагата за атентатот дојде до фрапантни сознанија дека првиот македонски претседател е “жртва” на организираниот криминал, шверцот за време на српското ембарго и грабежот од приватизацијата на државниот капитал.
Како завршен дел од досието на Глигоров ексклузивно ви пренесуваме дел од сведоштвото на мафијашкиот бос Петрит Аме дадено во Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање во јули1997 г.
Од него јасно се гледа дека политичките и партиски лидери, олигархиските и мафијашките босови се испреплетени како “свински црева”. Аме е само еден од конците кои водат до заклучокот дека атентаторите на Глигоров треба да се бараат во тогашниот државен врв на чело со Бранко Црвенковски кој преку шпедициите на Штерјо Наков, албанската мафија, земунскиот клан и фирмите на Аркан успеа да ја искриминализира Македонија до вакво дереџе.
Ликот на Црвенковски е особено интересен. Симптоматично е неговото појавување на политичката сцена. Синот на болничарот од Воената болница и амбициозен електроинженер, со неверојатна брзина станува премиер и до денес најмоќната фигура што Македонија некогаш ја имала.
Затоа легитимно е прашањето, кој е заслужен што и покрај своето политичко неискуство во периодот 1990-1992 г. Црвенковски стана пратеник во Собранието на Република Македонија и е избран за претседател на собраниската Комисија за надворешна политика, без никакво дипломатско искуство? Само година и пол подоцна тој станува премиер!

ГЛИГОРОВ ГО ИЗБРА Б.Ц., А Б.Ц. ГИ ИЗБРА ОЛИГАРСИТЕ


Всушност, во текот на 1992 г. првата експертска влада на Никола Кљусев изработува петгодишна програма за трансформација на општествениот капитал, но и на целиот политички систем. Тоа значеше крај на врските со системот на поранешна Југославија и создавање нов систем на економија и држава. Секако, тоа не им одговараше на поранешните структури на Комунистичката партија преточени во СКМ-ПДП (Сојуз на комунисти на Македонија – Партија за демократска преобразба), т.е. во СДСМ.
Член на собраниската Комисија за политички систем од тоа време тврди дека во 1993 г., само неколку месеци по прифаќањето на 5-годишниот план, Глигоров му предложил на Кљусев гласање за доверба на владата, со ветување дека на тој начин ќе си ги зајакне позициите како премиер и владата ќе стане политичка со поширока поддршка во Собранието.
“Наместо тоа, Глигоров ја турка експертската влада и со намера да го инфилтрира младиот пулен Црвенковски, му предложил на Петар Гошев да стане премиер, но му наметнал барања за отстапки кои биле сосема неприфатливи. Гошев, кој не сака да биде, како што изјави, 'човек за еднократна употреба', не прифаќа да ги исполни условите на Глигоров и се откажува од мандатот. Така, следен на листата е Црвенковски, кој прифатил сè”, вели изворот.
Петгодишниот план на преродба е заборавен. Македонија и по 17 години до гуша е заглавена во криминал и корупција, која почна токму тогаш, со таа влада на Црвенковски.

СПРЕГАТА МЕЃУ ПЕТРИТ АМЕ И Б.Ц.

Според исказот до кој дојде Форум, познатиот бос на подземјето Петрит Аме на 17 јули 1997 г. бил сослушан во Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање во Велес. Разговорот го водел извесен инспектор А.П., а Аме бил викнат за да се “расчистат неговите активности и врски во областа на организираниот криминал, врски и работа во корист на странски разузнавачки служби и учество во терористички акции”.
Во службената белешка која ја составил инспекторот има многу сочни изјави за тоа како фирмите и луѓето блиски на Црвенковски и на денешните олигарси кои ја поседуваат државата  ги переле парите од своите валкани бизниси. Аме точно ја опишува сдсмовската машинерија која ја криминализираше Македонија од државничко до чиновничко ниво.
“Петрит за себе признал дека по занимање е криминалец и дека се занимава со илегална трговија и шверц на оружје, дрога, нафта, цигари и други недозволени активности, но тој ја потврдува својата поврзаност со Црвенковски и со други функционери на СДСМ, во шверцот со нафта, цигари и оружје”, стои во службената белешка, која ја “снемува” од архивите на ДБК, но до која Форум дојде.
Во документацијата на МВР се наоѓала касета со разговорот со Петрит Аме. Меѓутоа, оттаму исчезнала во периодот кога СДСМ заминува од власта во 1998 г. Во тоа време на трансфер на власта исчезнале и многу други документи, а по истиот принцип по кој сите информации експресно се уништуваат, се прикриваат и сите материјали и докази за неговата сообраќајна несреќа.

АСИБА, ФЕРШПЕД, ЕВРОПА, МЗТ, ТЕТЕКС.....

Пример за тоа со какви луѓе соработувал Црвенковски се неговите врски со компанијата на неговиот другар од студентските денови, Пеце Дамески, сопственикот на АСИБА&МГ, од која владата неколкупати купува поголем број возила. Вкупната бројка на купени возила приближно изнесува 300-400 парчиња. Во истата таа фирма работи и неговиот шура Владо Димитровски како менаџер за продажба, а денес истиот тој е генерален менаџер на СА&СА компани. Сите финансиски проневери на оваа фирма, наводно биле направени преку сметките во Комерцијална банка чиј директор е  Хари Костов.
Аме во исказот, освен Црвенковски, ги наведува имињата и на Јован Андонов, Данчо Шутурков, Илија Иловски, Димитар Бузлевски, Љубомир Фрчкоски, Златко Соколиќ, Ванчо Лазаров и други поранешни функционери на СДСМ, директори и бизнисмени што учествувале во организираниот криминал.
Но, она од што најмногу се заработиле пари бил шверцот со цигари. Главен за шверцот со цигари во РМ бил Шутурков, кој ужива имунитет од Б.Ц. Како противуслуга, директорот на Македонија табак станува еден од главните финансиери на СДСМ, тврди Аме.
“За секоја пратка на цигари која ќе поминела преку територијата на РМ, морало на Шутурков да му се плати таксата од 25.000 германски марки. За таа цел директорот ќе издал сертификат дека цигарите се на Македонија табак, додека пак на границата со СРЈ се покажувала друга фактура во која стоело дека камионот е товарен со опинци, кикиритки, салама и друга стока. Од самата граница цигарите ги преземала СДБ на Црна Гора и ги носела до директорот на Зета - на Мило Ѓукановиќ”, раскажува шефот на македонското подземје.
Имено, сите директори на Македонија табак (меѓу кои и Страшо Нелковски, висок функционер во СДСМ и кандидат за пратеник во 1998 г.) свесно испорачувале цигари на фирми од други држави, без притоа да обезбедат гаранции за наплатата. Според книговодствената состојба од 30 јуни 1999 г., вкупните побарувања на Македонија табак од фирми во Србија, Босна, Хрватска, Словенија и други деловни партнери од странство, изнесуваат 5,55 милијарди денари, или околу 179 милиони германски марки (90 милиони евра). Главните актери во “тутунскиот мост” преку кој од Македонија табак, односно од Македонија, се одлеани милиони марки наводно биле бившиот генерален директор Нелковски, Шутурков и Љупчо Настевски (кој од октомври 1992 г. до февруари 1994 г. раководел со службата за извоз на цигари на поранешниот ЈУ-пазар, а потоа сè до 1999 г. бил директор на Секторот за увоз-извоз на цигари).
На долгиот список странски фирми од кои Македонија табак има побарувања, покрај постоечките се наоѓаат и “фантомски” фирми кои никогаш не биле ниту регистрирани во трговскиот регистар во тие земји. Една од нив, преку која во мај 1998 г. е направена “трговија” со цигари во вкупна вредност од 5.598.840 марки (речиси 3 милиони евра), е фирмата Еуропрогрес од Подгорица. Тоа го потврдуваат податоците до кои дојде македонското биро на Интерпол во соработка со Министерството за внатрешни работи на СР Југославија. Во известувањето од полицијата на СРЈ се наведува дека фирма со такво име никогаш не била регистрирана во Стопанскиот суд, ниту, пак, ја има во евиденцијата на регистрирани претпријатија во Заводот за платен промет во Подгорица.
Црвенковски е поврзан со Аме и преку Соколиќ, сопственик на Интерфалко и пријател на Б.Ц. кој за времето на српското ембарго шверцувал нафта, цигари и хемикалии. Петрит Аме во својот исказ кажува и за перењето пари, т.е. криминал со цигари, што се вршело преку братот на поранешниот министер за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски, Владимир Данаилов, кој го раководи бизнисот во фри-шопот Челебија, за време на неговото министерување.
Сведоштво за тоа дека и денес актуелната бизнис-елита е вмешана во шверцот на СДСМ е поврзаноста на матните зделки со Илија Димитров, сопруг на Савка Димитрова (Европа), а потоа и управник на Царинарница Скопје.


,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2010 во 22:36

Ракописот на атентаторите
10.06.2009
 

Како што може да се заклучи од доказите и исказите до кои дојде Форум, ноторен и со ништо непобиен факт е дека во атентатот врз поранешниот претседател Киро Глигоров се испреплетуваат политиката и организираниот криминал. И тоа на не само на локално, туку и на регионално ниво. Инспираторите на обидот за убиство на македонскиот претседател, по коишто наводно трагаше тогашниот министер за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски, треба да се бараат во тогашниот политички естаблишмент и во Македонија, како и во најблиското соседството Помалку

faksimil-1.jpgОбидот за убиство на Глигоров имаше за цел дестабилизација на македонската држава. Мораше да се спречи воведувањето владеење на правото и ред во Македонија, во тоа време само пет години самостојна и веќе соочена со сериозни блокади и оспорувања, заглибена во страшен политички амбиент, особено за време и по изборите од претходната 1994 г., во кој брутално се демонстрираше симбиозата меѓу криминалното подземје и политиката. Атентатот беше само врвот од ајсбергот.
Но, симбиозата не се случи одеднаш. Во текот на неколкуте претходни години младите и политички неопитни македонски политичари - колку од незнаење и неснаоѓање на позициите на кои се најдоа, уште повеќе од лакомоста по лесно трупање богатство - станаа заложници на криминалците. Меѓутоа, истовремено, на тој начин станаа и најобичен сервис на тајните служби, па така се создаде обратна ситуација, во конкретниот случај, наместо Фрчкоски, Црвенковски и Глигоров да раководат со безбедносните и тајните служби на државата, тие да станат нивни марионети.

ПОЛИТИЧАРИТЕ ВО ЗАЛОЖНИШТВО НА КРИМИНАЛЦИТЕ

Илузорно беше да се помисли дека македонското стопанство толку лесно ќе може да се оддели од поранешното југословенско, особено од српското со кое имаше најблиски врски. Така, во услови на војната што ја водеше Слободан Милошевиќ и блокадите наметнати од меѓународната заедница, македонската територија и стопанските субјекти беа најтесниот и најбезбедниот извор за преживување на Милошевиќевиот режим. Операцијата во претворањето на Македонија во логистичка база за своја употреба, несомнено ја испланираа српските тајни служби, што се потврдува од подоцнежните јавни настапи на нејзините високи функционери. Тие, покрај употребата на своите резиденти, останати во македонските безбедносни служби, ги активираа и “нивните” луѓе соработници во стопанството, во услови на транзиција престорени во успешни бизнисмени. На тој список се надоврзуваат и одредени македонски политичари и мултиетничкото криминално милје претходно употребувано во акциите на југословенските служби.
Под изговорот дека во услови на економска блокада од Грција македонското стопанство тешко дека ќе преживее, а со тоа и дека државата економски може да крахира, домашните политичари дадоа зелено светло за нарушувањето на ембаргото кон Србија. Така, освен производи од интендантска природа потребни за снабдување на српските војски во Босна и во Хрватска, одредени фирми директно учествуваа во нивното снабдување со оружје, муниција и елементи потребни за српската воена индустрија.
Но, истовремено, профункционира трговијата и во обратна насока. За тоа најпознат е случајот со композициите со бакар и злато од Бор и Мајданпек, кои во скопската “Влеча” добиваа печати на “Бучим” од Радовиш. Но, според замислата на српските воени профитери, и големи количества оружје и муниција преку македонски фирми се најдоа на црниот пазар во другите кризни региони во светот. Како последица од ваквите бизниси, се случија неколку ликвидации на македонски бизнисмени. Извори од безбедносните служби укажуваат дека една од таквите “предупредувачки” ликвидации беше онаа на струмичкото семејство Мудинови. Подоцна, пак, во Чешка беше ликвидиран скопски бизнисмен, за кој чешката полиција соопшти дека е ликвидиран од мафијашки структури. Од подземјето дојде информација дека неговата специјалност била трговија со муниција.
Меѓутоа, бидејќи македонско-српската граница во тоа време е набљудувана од меѓународни претставници и од припадници на западните тајни служби, набргу станува јавна тајна дека Македонија претставува фактор за опстојувањето на Слободан Милошевиќ. На некој начин, соучесник во неговите војни и овозможувач тој во заложништво да го држи српскиот народ. По неколкуте дискретни предупредувања до Глигоров, тогаш дефинитивно дипломатското претставништво на САД во Македонија до македонскиот државен врв доставува официјален предупредувачки допис во кој се регистрира драстичното кршење на ембаргото кон Србија. Истата 1994 г. во Њујорк тајмс се појавува напис на канадски функционер на ОН чија задача била да се контролира протокот на стоки. Во тој напис директно е посочено дека балканските мафијашки структури преку бизнисмени со амин на политичарите внесуваат и изнесуваат од Србија стоки за кои има строга забрана. Тоа е и причината Глигоров, прво во Скопје јавно да изјави дека треба да се расчисти со организираниот криминал. Во тој контекст се сместува и неговата средба со Милошевиќ во Белград, ден пред атентат пред хотелот Бристол, кога на вождот требало да му соопшти дека за дотогашните активности треба да си бара алтернатива.
Ова загрозување на интересите и печалбата ја формира заговорничката коалиција од политичарите профитери, транзиционите новопечени олигарси и подземјето. Сите тие од свој аспект ја чувствуваат загрозата на нивните интереси и им станува јасно дека мора да се дејствува.

faksimil-2.jpgЗАКАНУВАЧКИ ПИСМА ЗА ПРЕСМЕТКА СО ОПОЗИЦИЈАТА

Претходно напишаното ја дава предлошката за формирањето на убиствената групација заинтересирана за дестабилизација на македонската државата. А тоа во тогашните услови, најверојатно, е проценето дека е можно преку ликвидација на нејзиниот прв човек и политичар во тој момент со најголем рејтинг кај граѓаните.
Сепак, од она што по извршувањето на атентатот врз Глигоров, особено од првичните дејствија на полицијата синхронизирани со некои други појави, може да се извлече, е заклучокот дека атентатот е добро подготвуван со знаење на одредени политичари од непосредното опкружување на Глигоров и од страна на домашната безбедносна агенција.
Без да ги преповторуваме податоците од минатите продолженија за фиќото возено од полицајци кое ја забавува претседателската колона и ја насочува на концентрираниот удар од експлозивот во амито, на фотографиите на “туристот” и фотороботот, ќе изнесеме уште еден факт.
Тој, пак, од своја страна фрла сомневање дека атентатот, во најмала рака, требало да биде искористен и за “покривање” некои политички одлуки во врска со менувањето на државното знаме и закажаниот голем протестен  митинг против Времената спогодба со Грција.
Поточно, некои македонски медиуми неколку месеци пред 3 октомври добија писма во кои беа изнесени закани за животот на Глигоров. Истрагата дури и по атентатот воопшто не обрна внимание на нив. Тоа, секако, насочува на тоа дека и тие се плод на лабораторијата на ДБК.
Првото писмо, имено, е испратено на 18 септември 1995 г. и е испратено од Скопје, со потпис “Офицер АРМ”. Второто, писмо, пак, за чудо, е испратено на 12 октомври (по атентатот), и тоа од Малме, Шведска. Во двете имплицитно се најавува атентат врз Глигоров.
Но нивната “употребна вредност” во борбата против политичкиот противник на власта (во тоа време ВМРО-ДПМНЕ), произлегува и од некои претходни дејствија. Првото писмо, имено, требаше да потсети на аферите “Сина птица” и “Бомбашите од Велес” од 1991 г. кога познати имиња од военото и цивилното разузнавање преку свои соработници во т.н. Заштитни комитети на ВМРО-ДПМНЕ, собраа нејзини членови, инаку маргиналци, и тајно снимајќи ги со камера им рекоа дека “во интерес на Македонија, ако треба ќе биде убиен и претседател, и премиер, и лидери на политички партии”. Второто писмо повторно води до истата “трага” до македонската дијаспора и подоцна при истрагата прокажаната како паравоена организација од Германија “Македонски лавови”, кои беа доведувани во поврзаност со вмровците и со Семакедонскиот конгрес на Тодор Петров.
На тоа се надоврзува и синхронизираниот настап на државниот информативен сервис. Поточно и Нова Македонија и МРТВ веднаш почнаа да лиферуваат информации “за вмровците со бради” кои со голема брзина се оддалечиле од местото на атентатот, при што се повикуваа на сведоци кои никој не ги видел. Особено е индикативно што ниту истрагата се повика на нив. Не само затоа што подоцна стана карикатурално ова тврдење, бидејќи јавноста од сведочењето за опозициони медиуми на уапсените “со бради” дозна дека тие се луѓето во години, коишто пред претставништвото на Млаз Богданци се ракувале со загинатиот Ристо Христоманов. Тоа сведочи дека тие информации, текстови и репортерски јавувања “од местото на настанот” се однапред подготвувани. Веднаш следеше и најмасовното апсење на припадници на политичка партија кога и да е се случило во Македонија.
Она што однапред било договорено, очигледно не можело да се сопре. Најверојатно од изненадувачкото, и за самите конструктори на предвидениот псевдо-атентат, убиственото дејство на експлозивот во амито и во моментите додека не се знаеше судбината на Глигоров.


Директниот извршител на атентатот
Извори од поранешното југословенско воено разузнавање според начинот на кој е извршен атентатот го препознаа стилот на извесен оперативец на југословенското воено разузнавање КОС. Од нивното искуство и соработка со тоа лице ги потсетија на извесен “Бели”. Меѓутоа, според нив, атентатот на Глигоров е најверојатно извршен од некој кој го имитирал неговиот стил или од негов ученик, затоа што нивните сознанија беа дека посочениот страдал во акција во Германија.



Една оставка, многу дилеми
10.06.2009
 

Заговор против Претседателот Киро Глигоров(2). Истражувајќи го одново отворениот случај “атентат врз Глигоров”, Форум во продолженија донесува извадоци од книгата во која поранешниот јавен обвинител Џиков систематично, преку новински написи и стручни коментари, ја гради својата теза од насловот Помалку

Пишува: Ставре ЏИКОВ

Во минатото продолжение фактографски беа забележани настаните кои уследија веднаш по атентатот врз тогашниот претседател Киро Глигоров, извршен на 3 октомври 1995 г.
Во продолжението, првично критички поставената дилема на авторот за тоа дали во овој случај, атентат врз првиот човек на државата, функционирала правната држава, се разработува од аспект на мислења на експерти. 
Така, понудената оставка на тогаш сè уште актуелниот министер за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски и нејзиното неприфаќање од страна на премиерот Бранко Црвенковски стана предмет на експертските толкувања.
Така, во дневниот весник Вечер од 10 ноември 1995 г. Беа изнесени размислувањата на професорот по уставно право Светомир Шкариќ.
“Оставката е личен чин на министерот за што тој исклучиво одлучува”, смета проф.д-р Светомир Шкариќ, додавајќи дека таа е еднократен и дефинитивен чин на слободната волја на оној што ја дава, па затоа премиерот мора да ја прими како дефинитивна.
Точно пред две недели министерот за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски, ја беше известил јавноста дека на премиерот Бранко Црвенковски му ја понудил својата оставка, како чин на негова објективна политичка одговорност по атентатот врз претседателот Киро Глигоров. На првата и дотогаш единствена негова јавна средба со новинарите, Фрчкоски појасни дека со тоа сака да даде свој придонес во градењето политичка култура во Републиката, и, пред сè, на чувството на одговорност. Притоа тој рече дека за државата е најбитно функционирањето на службите, а не функционерите кои ги раководат тие служби.
По, овој негов настап, во јавноста се јавија дилеми на кои сè до денес не е добиен одговор. Прво, кога министерот јавно ја истакна својата одговорност, многумина различно го протолкуваа тоа што наместо понудил, не кажа дека поднесол оставка. Второ, бидејќи сега “жешкиот костен” се префрла во рацете на премиерот Црвенковски, во јавноста се постави прашањето до кога тој ќе мора да размислува, односно до кога негов министер што раководи со многу значаен ресор ќе може да биде “во оставка”? Притоа, мора да се истакне дека премиерот се наоѓа во навистина деликатна ситуација поради тежината на одлуката што треба да ја донесе.
Јавноста за овие петнаесетина дена неколкупати се обиде да го “опипа пулсот” во Владата со прашањата до портпаролот Ѓунер Исмаил, но тој на вешт начин избегнува да даде некаков опиплив одговор. Во таква ситуација, а со цел да појасниме некои од овие дилеми, се обративме до проф. д-р Светомир Шкариќ од Правниот факултет во Скопје.
“Уставот не прави разлика меѓу термините понудена и поднесена оставка. Тој само зборува за поднесување оставка. Терминот понудена оставка не постои во Уставот. Штом ќе се поднесе оставката, таа за односниот министер е дефинитивен чин, за чија судбина никој нема морално право да одлучува”, вели проф. д-р Светомир Шкариќ, и притоа додава: “Оставката е личен чин на министерот за што тој исклучиво одлучува. Согласно на тоа, оставката кога се дава, таа е еднократен и дефинитивен чин на слободната волја на оној што ја дава. Преку ваквиот карактер на оставката на преден план доаѓа моралната, а не политичката одговорност. Политичката одговорност доаѓа до израз преку разрешувањето на министерот од Собранието, на предлог на премиерот.
Во таков контекст - смета професор Шкариќ - премиерот понудената оставка мора да ја прими како дефинитивна одлука на министерот, а не како предлог за којшто тој или Владата треба да одлучуваат. По сила на Уставот, тој е должен да го извести веднаш Собранието, за да може Собранието без расправа да констатира дека престанува министерската функција на оној што поднесува оставка и дека со тоа се исполнети условите за избор на нова личност за министер на испразнетиот ресор”.
Со други зборови, вели Шкариќ, понудената оставка премиерот не може да ја отфрли или да ја игнорира, бидејќи таа има морална, а не политичка димензија. Тој може за неа да одлучува само ако смета дека конкретниот министер треба да биде разрешен од должноста поради неговата политичка одговорност. Оставката е личен и морален чин на вршителот на јавната функција, а не политички чин за којшто треба да одлучува Владата или Собранието.
“Оставката е израз на одговорност на министерот кон јавноста, а не израз на одговорност кон Владата. Оттука, оставката не може да се колективизира со солидарната одговорност на Владата. Ако понудената оставка е дадена колку да се рече, тогаш министерот целосно се подведува на партиската или владината одговорност, а не на моралната и личната одговорност, како второ лице на граѓанската демократија”, смета Шкариќ.
Според некои, тоа е така бидејќи парламентарната демократија повеќе се засновува врз моралната одговорност на носителите на јавните функции, отколку врз нивната политичка одговорност којашто доаѓа до израз преку разрешување од функцијата на присилен начин, а не доброволно, како што е тоа случај со оставката како израз на личната одговорност.
На истата тема - оставката на Фрчкоски - е и интервјуто што новинарот Ерол Ризаов го водеше со Црвенковски, објавено во Нова Македонија, на 25 ноември 1995 г., под наслов “Зошто не ја прифатив оставката на Фрчкоски”.
“Министерот Фрчкоски понуди оставка како чувство на лична и морална одговорност. Вие, по долго размислување, не ја прифативте оставката. Вашата одлука ја соопштивте истиот ден кога го посетивме претседателот Глигоров. Дали се работи за случајна коинциденција, или за Вашата одлука го консултиравте претседателот Глигоров. Зошто немавте разбирање за моралното чувство на министерот Фрчкоски, што е длабоко лично чувство кое произлегува од неговиот карактер, што, секако, е за почит. Некои аналитичари сметаат дека прифаќањето на оставката на Фрчкоски, практично, ќе значеше и негова заштита, бидејќи сега тој министер веќе не може да биде како оној од пред 3 октомври?
- Соопштението за мојот став околу оставката на министерот Фрчковски беше испратено до медиумите пред мојата посета на претседателот Глигоров. Значи, се работи за чиста коинциденција. Што се однесува на вториот дел на прашањето, за мене е сосема легитимен пристапот на дел од јавноста, па дури и протежиран од еден дел од вас новинарите, а тоа е дека во вакви ситуации мора да се понесе политичка одговорност. Меѓутоа јас, како претседател на Владата, сум должен во секој момент да гледам многу пошироко, да оценувам што е покорисно за функционирање на институциите, за заштита на државните интереси. Ситуациите најчесто не се црно-бели. Најчесто не постои чист избор меѓу лоша и добра варијанта, туку треба сите аргументи за и сите аргументи против одредени одлуки да се стават на терезија и да се избере најдобрата, или најмалку лошата варијанта. Во конкретниот случај, моја процена беше да не ја прифатам понудената оставка и да побарам од господинот Фрчкоски максимално одговорно да продолжи да ја врши својата функција.
Навистина, што се треба да се случи кај нас за да профункционира системот на личната одговорност и неминовниот чин на оставка притоа. Дали ќе остане на некој начин правилото: два авиона паднати за да падне еден министер, два атентати на претседател на државата за оставка на друг министер итн.
- Има правила на игра. Има реална политика во простор и време. Во некои други околности, за иста работа поинаква би била одлуката. Мислам, меѓу другото, политиката мора да содржи во себе и високи норми на прагматизам. Тука нема критериуми еднаш воспоставени и кои важат за секого во секое време. Можеби, во некои други околности, за некоја сосема друга работа, за некој можеби и побенигна, да се понесе одговорноста”.
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2010 во 22:40


Митре Арсовски, генерал во пензија::Атентаторите се однатре!”
11.06.2009
 

„Не знам колку пати му кажував на претседателот Глигоров дека се однесува лежерно и неодговорно кон својата лична безбедност. Тој лаконски ми одговораше со: 'Мене народот ме сака!' Никогаш не му одреков, но секогаш го предупредував дека во неговото најблиско опкружување има потенцијална опасност за неговата лична безбедност, на што тој не обрна внимание” Помалку

БДД 3081 или 3082:  Генерал во пензија, Митре Арсовски: Во безбедносните структури околу Претседателот на Македонија ништо не е променето
Мрежата на заборавот, полека но сигурно, незапирливо се разоткрива и фактите околу тој забошотен кризен настан од новата македонска историја веќе се појавуваат на светлината на денот.  
За мотивите и можните нарачатели и сторители на досега нерасветлениот атентат врз Киро Глигоров од пред тринаесет години, Форум побара да го чуе мислењето и на генералот на АРМ во пензија, Митре Арсовски, кој на 27-годишна возраст, како млад потпоручник на ЈНА, бил прекомандуван во личната гарда на Ј.Б. Тито, неприкосновениот лидер на ДФЈ, ФНРЈ и СФРЈ. Младиот потпоручник од Македонија пет години минал во личното обезбедување на Тито, искуство што никогаш не се заборава. 

АМАТЕРСКА ПОСТАВЕНОСТ

“Многу, многу пропусти се направени во формирањето на безбедносните структури во Македонија, особено оние што беа, а и денес се задолжени за безбедноста на државната институција Претседател на Македонија”.
Оваа песимистичка оцена ја искажа на самиот почетокот генералот Арсовски.
Во функција на началник на Генералштабот на Армијата на Македонија, во 1992 г. до претседателот Киро Глигоров тој упатил официјален Предлог-план со елаборат за воспоставување безбедносна структура околу Претседателот на Македонија. Тоа е направено според аналоген заклучок дека Претседателот на Републиката е врховен командант на Армијата и врз нејзините структури лежи огромната одговорност за безбедноста на првиот човек во државата.
Тој предлог до ден-денешен не е разгледан, ниту по него е донесена некоја одлука, потенцира ген. Арсовски, со резигнација дека таквата аматерска поставеност на обезбедувањето на првиот човек на државата е основната причина за она што се случи на 3 октомври 1995 г. на улицата Македонија.
“Не знам колку пати му кажував на претседателот дека се однесува лежерно и неодговорно кон својата лична безбедност. На секоја моја таква забелешка, ми одговораше со една лаконска реченица, одмавнувајќи со раката: 'Мене народот ме сака!' Никогаш не му одреков дека тоа не е вистина, но секогаш го предупредував дека во неговото најблиско опкружување има потенцијална опасност за неговата лична безбедност, на што тој воопшто не обрна внимание”, се зборови со голема специфична тежина на пензионираниот витален генерал.

ДВАЈЦА ЉУБИМЦИ


Генералштабот на АРМ во тој период укажувал на крајното аматерско однесување на личното обезбедување на Претседателот на Македонија. Како банален пример, не навлегувајќи во повисоки и подетални објаснувања на безбедносни стандарди и процедури, генералот Арсовски објасни дека воопшто не е применувано движење на претседателската автомобилска колона по секогаш различни релации кои, по правило, ги знае само еден човек, обично личниот аѓутант, а на обезбедувањето им се кажува трасата на самото поаѓање или се тргнува по една, а потоа ненадејно се врти по друга.
Доколку овие стандардни процедури не се применуваат, секоја потенцијална цел на политички атентати станува многу лесна мета, особено ако се нема претпазливост, поточно преовладува лежерност, за фактот дека атентат врз јавна личност не е можно да се реализира доколку се немаат детални информации за целта и логистичка поддршка однатре.
“Потполно се согласувам со таквиот заклучок. Треба да потсетиме дека од врвот на тогашната власт двајца беа љубимци на претседателот Глигоров и тие беа негово кадровско решение: првиот да стане министер за внатрешни работи, а вториот - министер за одбрана. Тоа се двата ресора што се најодговорни за внатрешната и надворешната безбедност”.
Форум потсетува дека станува збор за Љубомир Д. Фрчкоски и Владо Поповски.
Ако атентатот од 3 октомври 1995 г. се случи кога љубимците на Претседателот беа на врвот на нивниот мандат, јасно е каде треба да се бара заклучокот за можните мотиви и сторителите на тој удар врз македонската државност!”, дециден е ген. Арсовски.  
Голема среќа е што претседателот го преживеа тој атентат, но и од тоа не се извлечени поуки: и натаму, според Уставот, Претседателот на Македонија е врховен командант на Армијата, а за неговото обезбедување е задолжено Министерството за внатрешни работи!
“Таквата хермафродитна ситуација можно е да се реприза и во други несакани ситуации”, изјави на крајот од разговорот генералот во пензија, Митре Арсовски.


Фрчкоски соучесник во атентатот
11.06.2009
 

Атентатот врз претседателот Киро Глигоров е дело на мафијата, категорички тврди Осман Ватреш, сараевски новинар и регионален експерт за организиран криминал. Во интервјуто за Национал објавено во 2002 г., по повторното покренување на истрагата врз основа на кривичните пријави на тогашниот министер за внатрешни работи, тој упорно и со докази тврди дека тогашниот министер Љубомир Данаилов Фрчкоски е главниот соучесник, ако не и организатор на обидот Глигоров да се преплаши и откаже од гонењето на мафијата, но и да дозволи да продолжи шверцот за Србија од кој се направија денешните астрономски богатства. Помалку

Интервјуто на Ватреш во целост го објавуваме на порталот на Форум: www.forum.com.mk, како репринт на Национал.
Во продолжение еден интересен извадок, кој повеќе од речито ги потврди исказите и тврдењата објавени во Форум.
“Па, сето тоа е дело на мафијата”, вели Ватреш. “Се разбира со голема поддршка на удбашите, не само во Македонија. Сето тоа има своја предисторија. Отворија големи фирми, многумина изнесоа грдни пари од своите републики, ги здружија парите со мафијашите и сега со тие пари кои ги изнесоа надвор се вратија по своите републики и прават и финансираат партии, носат свои луѓе на власт, во полицијата, судството. Така ја освојуваат сета моќ. Мафиите од сите југословенски републики се здружија и ги запоседнаа влијателните позиции во Македонија, Босна, Хрватска, Србија, Црна Гора. На пример, во Босна доведоа келнер и поранешен затвореник за министер на полиција. Ги истераа способните луѓе.
Во Македонија дојде до голема концентрација на мафијата која се префрли од Босна, Србија и Хрватска. Најголемиот центар се инсталираше во Скопје каде дојде до регистрирање на нови фирми. Ова подрачје им одговараше, секој од нив имаше свои фирми, авионски компании, превозни фирми како на пример: Палер Македонија, Аир Вардар Босна, која ја основа Ѓоко Даниловиќ од Босна кој се појави со еден куп контроверзни луѓе… Сите тие фирми се користеа за изнесување пари и злато, пљачка на државните фирми во кои работеа...
Знам дека и во Македонија влезе голема сума од тие пари, но вие треба да побарате одговор за тоа прво од поранешниот министер за внатрешни работи Љубомир Данаилов Фрчкоски, а потоа и од другите. Фрчкоски беше министер во тој клучен момент, кој дозволи цела таа свита да дојде во Скопје, да го разработи својот криминален бизнис. Еден мирен регион да им стане центар на делувањето. Тука им се близу Солун, Истанбул, Софија.
Се разбира Фрчкоски мора да одговори и на многу други прашања кои многу скоро ќе му бидат поставени. Но, не само нему. На пример, на Добри Величковски, поранешен директор на Агенцијата за разузнавање. Два авиона паднаа на македонска почва, а не се знае ништо. Дали можеби одговорот не се крие во списокот на патниците кои загинаа? Тоа треба Величковски да го каже. Се случија низа кривични дела, а не се знае ништо.
Се случи атентат на претседателот Киро Глигоров, а тие велат дека не знаат ништо. Кој ги водеше тие авионски агенции? Мафијашите летаа од скопскиот аеродром. Фрчкоски и Величковски велат дека не знаат ништо, а вечераа со истите тие мафијаши. Се среќаваа во странство, на пример во Цирих, за што има докази, документи.
И сега тој ваш министер, стана советник на претседателот Борис Трајковски. Ајде сега, ви се молам, објаснете ми како може вие ништо да не знаете за сите криминали кои се случија и наместо Фрчкоски да одговара, обврска му е да знае, станува советник на претседателот. Во нормална земја за тоа се оди на суд.
Фрчкоски има контрола врз многу медиуми во Македонија. Покрај тоа, има пет-шест новинари кои тој ги финансира и ги растури по Европа за да работат за него, да вршат пропаганда против луѓето што ним не им одговараат и да молчат за криминалот на Фрчкоски и неговите луѓе. Тие новинари ги финансираат со пари кои ги испокрадоа и ги изнесоа од земјата додека беа на функција...
Еден министер за внатрешни, а потоа за надворешни работи на мала земја каква што е Македонија, која не е толку богата и на која секој денар ì е потребен, на франкфуртскиот аеродром купи манжетни за кошула кои ги плати две илјади марки. А вие знаете колкава му е нему платата. Па, како не му е срам? Тоа се гледа, не може да се сокрие. Или часовник кој Фрчкоски го плати 45 илјади марки. Па од каде му се парите?!... Постои документ, сметка... Тој е поврзан со мафијата. Околу себе има луѓе како Петрит Аме, кои треба да извршат сè што ќе им нареди. Со такви луѓе работеше и работи Фрчкоски. Му се крадат слики, икони од Македонија, фрески од Свети Наум, а тој не знае каде се? А тој вечера и пие со тие луѓе кои го направија тоа...



,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2010 во 22:49


Интервју на Ватреш за Национал (1): Фрчкоски соучесник во атентатот
10.06.2009
 

Атентатот врз претседателот Киро Глигоров е дело на мафијата, категорички тврди Осман Ватреш, сараевски новинар и регионален експерт за организиран криминал. Во интервјуто за Национал објавено во 2002 г., по повторното покренување на истрагата врз основа на кривичните пријави на тогашниот министер за внатрешни работи, тој упорно и со докази тврди дека тогашниот министер Љубомир Данаилов Фрчкоски е главниот соучесник, ако не и организатор на обидот Глигоров да се преплаши и откаже од гонењето на мафијата, но и да дозволи да продолжи шверцот за Србија од кој се направија денешните астрономски богатства Помалку

ljubomir-frckovski1.jpgПишува: Екипа на Форум
Интервјуто на Осман Ватреш во целост го објавуваме на порталот на Форум www.forum.com.mk, како репринт на Национал.
Во продолжение еден интересен извадок, кој повеќе од речито ги потврди исказите и тврдењата објавени во Форум.
„Па, сето тоа е дело на мафијата”, вели Ватреш. “Се разбира со голема поддршка на удбашите, не само во Македонија. Сето тоа има своја предисторија. Отворија големи фирми, многумина изнесоа грдни пари од своите републики, ги здружија парите со мафијашите и сега со тие пари кои ги изнесоа надвор се вратија по своите републики и прават и финансираат партии, носат свои луѓе на власт, во полицијата, судството. Така ја освојуваат сета моќ. Мафиите од сите југословенски републики се здружија и ги запоседнаа влијателните позиции во Македонија, Босна, Хрватска, Србија, Црна Гора. На пример, во Босна доведоа келнер и поранешен затвореник за министер на полиција. Ги истераа способните луѓе.
Во Македонија дојде до голема концентрација на мафијата која се префрли од Босна, Србија и Хрватска. Најголемиот центар се инсталираше во Скопје каде дојде до регистрирање на нови фирми. Ова подрачје им одговараше, секој од нив имаше свои фирми, авионски компании, превозни фирми како на пример: Палер Македонија, Аир Вардар Босна, која ја основа Ѓоко Даниловиќ од Босна кој се појави со еден куп контроверзни луѓе… Сите тие фирми се користеа за изнесување пари и злато, пљачка на државните фирми во кои работеа...
Знам дека и во Македонија влезе голема сума од тие пари, но вие треба да побарате одговор за тоа прво од поранешниот министер за внатрешни работи Љубомир Данаилов Фрчкоски, а потоа и од другите. Фрчкоски беше министер во тој клучен момент, кој дозволи цела таа свита да дојде во Скопје, да го разработи својот криминален бизнис. Еден мирен регион да им стане центар на делувањето. Тука им се близу Солун, Истанбул, Софија.
Се разбира Фрчкоски мора да одговори и на многу други прашања кои многу скоро ќе му бидат поставени. Но, не само нему. На пример, на Добри Величковски, поранешен директор на Агенцијата за разузнавање. Два авиона паднаа на македонска почва, а не се знае ништо. Дали можеби одговорот не се крие во списокот на патниците кои загинаа? Тоа треба Величковски да го каже. Се случија низа кривични дела, а не се знае ништо.
Се случи атентат на претседателот Киро Глигоров, а тие велат дека не знаат ништо. Кој ги водеше тие авионски агенции? Мафијашите летаа од скопскиот аеродром. Фрчкоски и Величковски велат дека не знаат ништо, а вечераа со истите тие мафијаши. Се среќаваа во странство, на пример во Цирих, за што има докази, документи.
И сега тој ваш министер, стана советник на претседателот Борис Трајковски. Ајде сега, ви се молам, објаснете ми како може вие ништо да не знаете за сите криминали кои се случија и наместо Фрчкоски да одговара, обврска му е да знае, станува советник на претседателот. Во нормална земја за тоа се оди на суд.
Фрчкоски има контрола врз многу медиуми во Македонија. Покрај тоа, има пет-шест новинари кои тој ги финансира и ги растури по Европа за да работат за него, да вршат пропаганда против луѓето што ним не им одговараат и да молчат за криминалот на Фрчкоски и неговите луѓе. Тие новинари ги финансираат со пари кои ги испокрадоа и ги изнесоа од земјата додека беа на функција...
Еден министер за внатрешни, а потоа за надворешни работи на мала земја каква што е Македонија, која не е толку богата и на која секој денар ì е потребен, на франкфуртскиот аеродром купи манжетни за кошула кои ги плати две илјади марки. А вие знаете колкава му е нему платата. Па, како не му е срам? Тоа се гледа, не може да се сокрие. Или часовник кој Фрчкоски го плати 45 илјади марки. Па од каде му се парите?!... Постои документ, сметка... Тој е поврзан со мафијата. Околу себе има луѓе како Петрит Аме, кои треба да извршат сè што ќе им нареди. Со такви луѓе работеше и работи Фрчкоски. Му се крадат слики, икони од Македонија, фрески од Свети Наум, а тој не знае каде се? А тој вечера и пие со тие луѓе кои го направија тоа...


Инетрвју на Ватреш за Национал (2): Фрчкоски е мојот човек
10.06.2009
 

Во второто продолжение од интервјуто што „Национал“ го објави во 2002 г., соговорникот Осман Ватреш ги опишува контактите со високите службеници на македонската Државна безбедност, неговата инфилтрација во подземјето и нивните врски со македонските државни функционери. Помалку

Пишува: Екипа на Форум

Добре веќе почна со некои маневри. Јас требаше да одам со автомобил во неколку градови во Македонија, за некоја работа. На патот кон Дебар забележав дека ме следат. Утредента кога се вратив, Слободан ми ја замени колата, ми даде некоја кореанска зелена… Имав некој „опел“. Бидејќи видовме дека Добре нé следи, утредента кога се сретнавме во канцеларијата кај Слободан тој кажа дека мора да се вклучи и Добри, дека тој има право како директор на Агенцијата за разузнавање. Тогаш се појавува една контраверзна личност која работеше во МВР, Александар Чанчар, кој по потекло е од Фоча, од позната фамилија која е обвинета за воени злосторства. Слободан, јас и Мите се договоривме јас да направам еден директен разговор со Добре, во неговата канцеларија. Тогаш Слободан ми рече дека Ѕвонко, неговиот возач, ќе ме однесе во хотел на Водно, каде бев префрлен… Кога дојдов во канцеларијата на Добре, тука беше уште еден човек и Чанчар, кој постојано си доаѓаше и си одеше, а потоа ни се придружи и Диме Ѓурев. Ме понудија со ручек, но, јас не сакав. Јас на Добре му реков вака: 'Запомни што ќе ти кажам сега. Ти си директор на Агенцијата, а јас сум борец против апаши, мафија и криминалци кои ти ги поддржуваш. Еве ти ја оваа телефонска картичка, со неа од Братислава му се јавував на Богоевски дека поаѓам од Братислава кон Македонија. Ти знаеш зошто ова ти го кажувам. Ти не зборуваш искрено.' Добре се замисли и замолче. Кога разговараавме, тој инсистираше дека трагата е погрешна. Јас му одговорив дека трагата е добра, но дека тој не дозволува, кочи да одиме докрај. Кога завршивме, отидов кај Слободан и му реков дека сакам да заминам од Македонија, на што тој се согласи дека нема проблем за моето заминување. Бидејќи немаше авион од Скопје, се договоривме да заминам од Софија… Пред тоа, кога заминував од кај Добри, тој ми најави: "Ќе дојде Чанчар нешто да те праша. Да знаеш ако те бара во хотелот. Кога дојдов во хотелот, и се јавив на мојата пријателка Фана Кочоска за да се видиме на кафе. Воопшто не разговаравме за случајот, туку онака пријателски. Само што завршивме со Фана со кафето, ми се јави Чанчар дека ќе дојде… Бев сместен во приземна соба која иако барав, не ми ја сменија. Пред хотелот имав полициско цивилно обезбедување по наредба на Слободан. Тие по правило не смееја да дозволат Чанчар да дојде до мене, но кога размислив, сфатив дека може да ми се случи нешто лошо особено што Чанчар инсистираше да се видиме во собата. Се подготвив на најлоша варијанта... Мислев како да се одбранам. Ја отворив вратата од терасата, зашто доколку дојдат двајца дека нема да можам да се борам, па да побегнам преку терасата. Чанчар кога дојде со уште еден човек за кој ми рече дека работи во полиција, ми рече: 'Слушај, јас и ти мораме нешто да разјасниме, уште некој мозаик да видиме". Веднаш му одговорив: ’Нема што јас и ти да разјаснуваме'. Тој влезе во бањата и извади пиштол. Тогаш јас му реков: 'Да ти ебам мајката, нема да успееш во тоа што си намислил. За три дена цел свет ќе знае дека си ме убил. Знаев дека ќе дојдеш да ме убиеш, на сите им се јавив, само што разговарав со Фана Кочоска'. Тој веднаш ја сврте работата: 'Ама не, таман работа, јас само сакам да разговараме како пријатели'. Тој и човекот што беше со него заминаа. Јас веднаш го викнав Слободан Богоевски и Мите, тие веднаш дојдоа и решивме да заминам веднаш од Македонија“.
Настанот според Ватреш се случил во јануари 1996 г., кога е решено дека треба да замине во Германија и таму со помош на македонски дипломат да продолжи да се уфрли во криминалната мрежа.
„Кога стигнав во Минхен, на моменти чувствував дека некој ме следи, но одбегнував да барам помош од полицијата. Само еднаш приквечер дојдоа тројца на врата, од кои еден го познавав од Братислава. Станот ми беше сигурен и повикав полиција, но, тие заминаа. По некое време во Германија дојдоа Мите и Слободан, јас ги пречекав во Минхен на аеродром. Тие спиеја во хотелот Холидеј Ин... По извесно време преку некои босански пријатели дојдов во контакт со човек од Македонија, кој престојуваше во Германија и Белгија. Кога му кажав дека многу сакам да одам во Охрид, тој ме праша: 'Кого ти Бошњак имаш во Македонија. Дај да прошириме бизнис, јас работам со Македонија'. Јас го прашувам каков бизнис има, а тој одговори: 'Па, ако знаеш за збор, јас работам се'. Разговорот продолжи дека тој имал сериозен човек во Македонија, кој работи и продава сé што треба. Тогаш јас му реков: ’Слушај, дали би сакал да работиме заедно, јас имам еден богат Арап', а немаше врска, сакав да го навлечам. 'Кажи ми, имаш ли некои справи, со оружје'. Тој одговори: 'Имам колку сакаш и какво сакаш. Само да е сериозно'… Мислев што да му побарам. Му реков дека барам оружје и технички направи, далечински. Тој одговор: 'Ма супер, имаме што сакаш, како онаа во Македонија, она што се случи со Глигоров'. Јас му реков дека токму таква работа сакам, а тој ми одговори: ' Внимавај, ова ти го продавам, да бидеме јасни - ми се случи ли мене нешто, ме следи ли некој, јас веднаш се сомневам во тебе и тебе те нема. Кога ќе се разделиме јас и ти, те нема. Оваа работа е таква. Јас ти продавам, ти даваш пари и ништо повеќе немаме…. Јас со друг, ниту со Арапот не треба и не сакам да се гледам... Моите луѓе од полицијата во Македонија ќе го префрлат. Имам луѓе коишто ќе наредат сé таму, сé што треба. Мој е министерот, тој ќе нареди сé“. 'За кој министер станува збор. За Фрчкоски?' Да. Да, за Фрчковски. Јас го прашувам кој е тој министер, а тој ми вели: ' Фрчкоски, тој е мој човек а и други имам. Што мислиш, како ја напуштив Македонија. Сé може, што треба' . Сé ми кажа по ред како било, со име и презиме, како што се правело и со кого. Сé, со име и презиме. До детаљ…  Значи, ми опиша сé за атентатот на Глигоров“.
Соговорникот на „Национал“ натаму вели дека на микро-касети го снимил она што го зборувал со орагнизаторот на продажбата на оружје.
„Морав да го снимам, затоа што видов со каков човек си имам работа. Дванаесет касети снимив со него. Кога го снимив веднаш го повикав …. Веднаш организиравме состанок во хотелот Маритин во Келн … Ги слушна касетите и јас му ги предадов нему. Се разбира, си преснимив копии и за себе… Таа средба беше некаде по две и пол години истрага за атентатот. Не можам во моментов да ти ја прецизирам датата, но имам сé забележано во мојот дневник… Кога ги слушна имињата на Фрчкоски и на уште неколку имиња од 'пеачот' , како што го нарековме, ми рече: 'Осмо, овој Фрчко е тежок мафијаш. Гледаш колку пари има. Купи пред мои очи на франкфуртскиот аеродром кога го чекав, додека беше министер, манжетни за 2.000 марки од фри-шопот. Ова што ми го даде веднаш оди за Скопје, ќе го добијат Слободан и Мите многу бргу. Одам уште утре за Скопје. Само и јас да преснимам копија од касетите, ќе биде дар-мар кога ова ќе го слушне стариот'. Ми рече и да му се јавам на Слободан



Интервју на Ватреш за Национал: (3): Групата на Фрчковски ги крие доказите за атентатот!
10.06.2009
 

Во третото продолжение на интервјуто од 2002 г. на Босанецот Осман Ватреш, соговорникот на македонскиот неделник „Национал“, зборува за врските меѓу македонските полицајци, политичарите и нивната соработка со криминалното подземје. Ватреш тврди дека видеолентите со сниманите материјали во кои неговите соговорници зборуваат за атентатот врз Глигоров се во Македонија, но дека се тргнати од архивите на МВР Помалку

Пишува: Екипа на Форум


Кои се луѓето кои се снимени на касетите?
Кога касетите стигнаа во Скопје од функциите беа сменети Фрчкоски и Величкоски. И Диме Ѓурев настрада. Нему му понудија место во Сараево, но тој не сакаше, а на овие двајцата ништо не им понудија. На касетата беа снимени луѓе од групата.

Аслан Нуиши?

Да, во таа група е и Аслан Нуиши.

А како се викаше пеjачот?
Засега нека остане непознат. Но ќе се дознае, сигурно ќе дојде време за тоа.

Кажете барем дали е Македонец?
Македонец е ..., вистински Македонец. Се’ ќе излезе на виделина. Јас сум задоволен од ова што го завршив, како човек кој не работи во безбедносни служби туку како новинар, завршив една чесна работа.

Но, кога касетите со материјалот за атентатот пристигнаа во Скопје, зошто не е затворен случајот?
Тоа прашајте го премиерот на македонската влада Бранко Црвенковски.

Какви справи Ви нудеше ,,пејачот“?
Секакви видови. Експлозивни направи на далечинско управување. Тврдеше... „Го имаме тоа, го чуваме во Прилеп на една локација . . .“,.

А што е со Нуиши?
Нуиши е во операцијата.

Се спомнува ли името на Нуиши на касетите?
На касетите има многу детали.

Што конкретно?
Имиња и детали. Многу имиња од полицијата, но и надвор од неа. На аеродромот во Скопје една полицајка учествувала во извршувањето на задачата. Таа му е жена на тој и тој, кој правел тоа и тоа, ... се стои на касетата. Потоа сопругот на полицајката го уапсија во Грција. И тој призна некои работи. Но, за тоа подобро знае Богоевски. На касетите има се’ за мафијата во Македонија, кој зад кого стои, кој со кого работи... Со име и презиме. Очигледно е дека тие информации ги има и Љубе Бошкоски кој затоа и ја даде таа изјава. Ако тој нема такви аргументи, не би давал такви изјави, за разлика од интервјуто на Величковски кој дава изјави за атентат во кој лично учествувал.
Кој е автор на информацијата која се пушти кај нас дека Нуиши го извршил атентатот?
Види, јас никогаш не сум рекол дека Нуиши е извршител на атентатот. Но, знам дека е дел од таа група, затоа што подарувањето на „мерцедесот“, доаѓањето пред атентатот во Скопје, под друго име, спиеше во хотел ,, Јадран“ и сите тие случувања. Тој признал и некои работи во Словачка. Тоа се крупни работи кои ќе одат натаму.

Вие тврдите дека Нуиши е во затвор, но, тој дава интервју за весници и тврди дека не е во затвор?
Фотографијата која е објавена во весниците му е од младоста. Кога сме кај него, чудно е како загина брат му. Зошто брат му го смени презимето кога Нуиши беше уапсен?

Кој го смени презимето?
Па, брат му на Аслан. Од Нуиши стана Лесковица. По апсењето на брат му.

Кој е мотивот на оваа група да го изврши атентатот?
Мафијата секогаш има свој мотив. Кој и’ пречи тој мора да замине. На нив им пречеше човекот кој сакаше да се бори против криминалот. Неговата полиција, не му беше верна да го чува. Сетете се што се случи со автомобилот. Кога се понудија да помогнат сите полиции, министерот требаше да им дозволи на странските полиции целосно испитување на автомобилот. - Но, тука се беше тргнато. Кој можеше да го нареди? Па, министерот. Се сеќавате ли каде беше министерот по атентатот? А и таа конференција за новинари беше подигрување. Видете што се случува во Србија, Босна, Хрватска,. . . Видете го случајот Марино. Овој, Марино мртов, но ги открива работите затоа што водел дневник.

Дали можеби некои групи не сакаат намерно да го актуелизираат атентатот врз Глигоров поради изборите кои не’ очекуваат (н.з. избори  2002 год) ?

Никако ова не може да се доведе во врска со изборите. Знаете, се’ си има свој тек. Српската полиција интензивно работи во соработка со многу полиции да ја решат работата. Во Босна, Хрватска, исто така. Дали и ова што се случува во Македонија е случајно? Не е. Америка покрена акција со сите свои сојузници за борба против криминалот и тероризмот. Сега полициите се во заедничка акција. Европа сака да се заштити од наезда на криминалци.

Се спомнува ли името на Бранко Црвенковски на касетите?
Не.

Дали сега тие касети се во МВР?
Мислам дека не, но ги има Слободан Богоевски и уште некој.

Имате ли информации што се случи со жената која наводно го возела „ами“- то, Сузана Сулејмани?
Исчезна. Отиде во Австралија.

Кога исчезна?
После тоа.

Величковски тврди дека Вие сте се фалеле дека сте спиеле со Сузана Сулејмани?
Никогаш не сум дал таква изјава. Јас знам со кој човек таа живееше. Затоа, ете гледаш, тие го кријат човекот со кој таа живееше.

Со кого живееше Сузана?
Со пријател на Аслан.

Како се вика?
Демир.

Каде живееја?
Во Скопје. Во Сарај. Таа живееше со него, покрај неговата жена.

Која е нејзината улога?
Знам дека беше приведена.

Точно ли е дека Сузана била пејачка?
Да, се занимаваше и со пеење. Таа е голема пријателка и на Петрит. Јас се дружев со тие луѓе. Сузана ја водев на вечера четири пати. Но, не за нешто друго, туку да добијам информации. Гледате каков валкан човек е Добре Величковски штом зборува такви глупости. Не би ја потценил својата жена никогаш во животот.

Имате ли докази дека таа го возела „ами“-то?
А, не знам како натаму ќе покажат истрагите. Но, таа нон-стоп беше на врска со Аслан, и со Демир и Петрит. Таа ги обавуваше сите телефонски разговори кој МВР го прислушуваше.

Сузана Сулејмани е Албанка?
Не, торбешка. Нејзиниот татко претходно беше во полиција. Торбеш, како што вие ги нарекувате Бошњаците, Mакедонец муслиман.

Дали Сулејмани правела некои пластични операции по атентатот?
Имаше некоја операција, баш ми кажуваше дека нешто правела. Но, тие знаеја кој тоа го прави, бидејќи овој мене ми нудеше, ако треба и тоа.

И потоа ја снемува?
За Австралија отиде. Добре и’ даде документи да оди за Австралија.

И сега е таму?
Не знам дали и сега живее таму, но таму стаса. Станицата се знае.

Величковски тврдеше дека Нуиши имал алиби и дека за време на атентатот не бил на тоа место?
Не ги знам јас тие изјави. Јас не велам дека тој го стиснал копчето, само тврдам дека се знае и дека е во групата. И ништо повеќе. А, кој притиснал, таа група знае меѓу себе.

Добри Величкоски тврди дека е барана патна исправа за Осман Ватреш и Слободан Богоевски инсистирал да му се даде за да му се заштити идентитетот. Дали е тоа точно?
Не. Лаже. Не е точно бидејќи јас имам патна исправа со која можам да се движам, ниту е босанска, ниту македонска со која престојував во Скопје.

Величковски вели дека Нуиши бил пуштен по соочување со Вас, откако се увериле дека од оваа трага нема ништо. Што точно се случи?
Јас барав соочување, да му кажам во лице. Директно му кажав дека е во таа група и во сето тоа.

И како реагираше тој?
Почна да вика ,,не, не“. Натаму не ми дадоа ништо да кажам. Не даде овој Чанчар.

И што се случи после тоа?
Ништо. Го пуштија човекот. Јас во лице му кажав како ги добив информациите.

Дали Аслан Нуиши е човекот кој зборува во касетите?
Не е, друг зборува.

А што Аслан Нуиши ви кажа во Братислава?
Ние случајно се сретнавме во Братислава, преку негов познаник. Во една вила во шума каде се состанува мафијата. Потоа дојдов во Скопје.

Значи Нуиши е првиот човек кој Ви раскажа за атентатот?
Да, се’.

Што точно?
Се’. Ти кажав, неговата врска со тој словачки офицер од кој ги барал направите, дека подоцна словачката полиција се’ открила.

Што бараше?
Бараше да набави некои запалки, таа неговата мафија, група од Словачка.

Каде бараше?
Бараше таму во Словачка.

Пред атентатот?
Да, да пред атентатот.

Што ќе му е кога има во Македонија?
Не, тие тоа го купуваа од војската директно. Сите тие справи доле им ги префрлаат во Скопје. Тие работи многу ги бараа. Тоа и го призна на словачката полиција. Штом излезе од Македонија веднаш го уапсија во Словачка. По 20 дена.

Како реагираше министерот Чокревски на „братиславската врска“?
Ништо не спроведуваше, се откажа. Гледаш дека се е закочено, дека ништо не е спроведено.

Што знаете вие за „мерцедесот“ кој Нуиши му го подарил на Претседателот и зошто го сторил тоа?
Да, тоа лично Аслан во Братислава ми го кажа: ,,Ние на онаа мрцина и’ подаривме еден „мерцедес“. Мои луѓе ми кажаа да подарам „мерцедес“. Да збарам “мерцедес“ за Претседателот и јас ,,збарив“.

Кои луѓе му кажале? Фрчкоски и Величкоски?
Да, да. Вели, мене ми предложија луѓе од полиција, од внатрешни, да подарам еден „мерцедес“ од мене.

Во јавноста се споменуваше и некој Албанец кој излегол од Идризово во 1994 г., пред да ја одлежи казната. Каква е неговата улога?

Голема. Неговата улога е многу голема, премногу голема.

Што знаете за него?
Дека е пуштен со специјални документи.

Кој го пуштил?
МВР, Фрчкоски. Специјална кола му обезбеди.

И каде отиде?
Прво го изведоа на Косово.

И од таму за Германија?
Тој го предаде Фрчкоски.

Како го предал?
Па, го издаде, еден од оние кои го издадоа. Тој го издаде.

Значи тој е сведокот?
Тој е еден од сведоците.

Како го издал?
Фактички, го обвини.

Го обвини за атентатот?
Го обвини за многу работи.

А како се вика?
Не знам, тоа не знам. Тоа можете Вие таму доле да го проверите. Мислам дека кажав доста работи. Ова досега не го имало никаде. А ќе тераме докрај. Има уште.

Кој уште е инволвиран во истрагата?
Помагаше уште еден човек, се вика Жељко Шаин. И тој помагаше за откривање на атентатот. Има македонски дипломатски пасош. Скопјанец. Има многу луѓе кои не се повлекоа, упорни, не сакаат да се уништи дело што се знае и сите се вклучуваат.

Учествувал ли Албанецот кој излегол со помош на Фрчкоски во атентатот?
Фрчкоски и други луѓе постојано беа на врска надвор со него. И секогаш му говореа дека не може да дојде во Македонија, дека не е време. Дека има време да чека за да дојде во Македонија. Тој е Албанец.

А, зошто?
Има причина. Знаеш, што сакам да кажам сега на крајот. Јас сум уверен сто насто, и гарантирам дека ќе доживеам суд за тој што го направи атентатот врз Глигоров. Глигоров е голем човек. Да не му го направија атентатот тој немаше да дозволи да се случат овие срања кои се случија.

Се плашите ли од некакви последици после ова интервју?
Не се плашам од ништо. И ова сакам да се објави. Град во кој сакам да одам е Виена, и многу сакам да испијам кафе со мојот пријател Раденко.

Што е па сега ова? Кој е тој Раденко?
Ќе се дознае.


Интервју на Ватреш заНационал (4):
10.06.2009
 

Во третото продолжение на интервјуто од 2002 г. на Босанецот Осман Ватреш, соговорникот на македонскиот неделник „Национал“, зборува за врските меѓу македонските полицајци, политичарите и нивната соработка со криминалното подземје. Ватреш тврди дека видеолентите со сниманите материјали во кои неговите соговорници зборуваат за атентатот врз Глигоров се во Македонија, но дека се тргнати од архивите на МВР Помалку

Пишува: Екипа на Форум


Кои се луѓето кои се снимени на касетите?
Кога касетите стигнаа во Скопје од функциите беа сменети Фрчкоски и Величкоски. И Диме Ѓурев настрада. Нему му понудија место во Сараево, но тој не сакаше, а на овие двајцата ништо не им понудија. На касетата беа снимени луѓе од групата.

Аслан Нуиши?

Да, во таа група е и Аслан Нуиши.

А како се викаше пеjачот?
Засега нека остане непознат. Но ќе се дознае, сигурно ќе дојде време за тоа.

Кажете барем дали е Македонец?
Македонец е ..., вистински Македонец. Се’ ќе излезе на виделина. Јас сум задоволен од ова што го завршив, како човек кој не работи во безбедносни служби туку како новинар, завршив една чесна работа.

Но, кога касетите со материјалот за атентатот пристигнаа во Скопје, зошто не е затворен случајот?
Тоа прашајте го премиерот на македонската влада Бранко Црвенковски.

Какви справи Ви нудеше ,,пејачот“?
Секакви видови. Експлозивни направи на далечинско управување. Тврдеше... „Го имаме тоа, го чуваме во Прилеп на една локација . . .“,.

А што е со Нуиши?
Нуиши е во операцијата.

Се спомнува ли името на Нуиши на касетите?
На касетите има многу детали.

Што конкретно?
Имиња и детали. Многу имиња од полицијата, но и надвор од неа. На аеродромот во Скопје една полицајка учествувала во извршувањето на задачата. Таа му е жена на тој и тој, кој правел тоа и тоа, ... се стои на касетата. Потоа сопругот на полицајката го уапсија во Грција. И тој призна некои работи. Но, за тоа подобро знае Богоевски. На касетите има се’ за мафијата во Македонија, кој зад кого стои, кој со кого работи... Со име и презиме. Очигледно е дека тие информации ги има и Љубе Бошкоски кој затоа и ја даде таа изјава. Ако тој нема такви аргументи, не би давал такви изјави, за разлика од интервјуто на Величковски кој дава изјави за атентат во кој лично учествувал.
Кој е автор на информацијата која се пушти кај нас дека Нуиши го извршил атентатот?
Види, јас никогаш не сум рекол дека Нуиши е извршител на атентатот. Но, знам дека е дел од таа група, затоа што подарувањето на „мерцедесот“, доаѓањето пред атентатот во Скопје, под друго име, спиеше во хотел ,, Јадран“ и сите тие случувања. Тој признал и некои работи во Словачка. Тоа се крупни работи кои ќе одат натаму.

Вие тврдите дека Нуиши е во затвор, но, тој дава интервју за весници и тврди дека не е во затвор?
Фотографијата која е објавена во весниците му е од младоста. Кога сме кај него, чудно е како загина брат му. Зошто брат му го смени презимето кога Нуиши беше уапсен?

Кој го смени презимето?
Па, брат му на Аслан. Од Нуиши стана Лесковица. По апсењето на брат му.

Кој е мотивот на оваа група да го изврши атентатот?
Мафијата секогаш има свој мотив. Кој и’ пречи тој мора да замине. На нив им пречеше човекот кој сакаше да се бори против криминалот. Неговата полиција, не му беше верна да го чува. Сетете се што се случи со автомобилот. Кога се понудија да помогнат сите полиции, министерот требаше да им дозволи на странските полиции целосно испитување на автомобилот. - Но, тука се беше тргнато. Кој можеше да го нареди? Па, министерот. Се сеќавате ли каде беше министерот по атентатот? А и таа конференција за новинари беше подигрување. Видете што се случува во Србија, Босна, Хрватска,. . . Видете го случајот Марино. Овој, Марино мртов, но ги открива работите затоа што водел дневник.

Дали можеби некои групи не сакаат намерно да го актуелизираат атентатот врз Глигоров поради изборите кои не’ очекуваат (н.з. избори  2002 год) ?

Никако ова не може да се доведе во врска со изборите. Знаете, се’ си има свој тек. Српската полиција интензивно работи во соработка со многу полиции да ја решат работата. Во Босна, Хрватска, исто така. Дали и ова што се случува во Македонија е случајно? Не е. Америка покрена акција со сите свои сојузници за борба против криминалот и тероризмот. Сега полициите се во заедничка акција. Европа сака да се заштити од наезда на криминалци.

Се спомнува ли името на Бранко Црвенковски на касетите?
Не.

Дали сега тие касети се во МВР?
Мислам дека не, но ги има Слободан Богоевски и уште некој.

Имате ли информации што се случи со жената која наводно го возела „ами“- то, Сузана Сулејмани?
Исчезна. Отиде во Австралија.

Кога исчезна?
После тоа.

Величковски тврди дека Вие сте се фалеле дека сте спиеле со Сузана Сулејмани?
Никогаш не сум дал таква изјава. Јас знам со кој човек таа живееше. Затоа, ете гледаш, тие го кријат човекот со кој таа живееше.

Со кого живееше Сузана?
Со пријател на Аслан.

Како се вика?
Демир.

Каде живееја?
Во Скопје. Во Сарај. Таа живееше со него, покрај неговата жена.

Која е нејзината улога?
Знам дека беше приведена.

Точно ли е дека Сузана била пејачка?
Да, се занимаваше и со пеење. Таа е голема пријателка и на Петрит. Јас се дружев со тие луѓе. Сузана ја водев на вечера четири пати. Но, не за нешто друго, туку да добијам информации. Гледате каков валкан човек е Добре Величковски штом зборува такви глупости. Не би ја потценил својата жена никогаш во животот.

Имате ли докази дека таа го возела „ами“-то?
А, не знам како натаму ќе покажат истрагите. Но, таа нон-стоп беше на врска со Аслан, и со Демир и Петрит. Таа ги обавуваше сите телефонски разговори кој МВР го прислушуваше.

Сузана Сулејмани е Албанка?
Не, торбешка. Нејзиниот татко претходно беше во полиција. Торбеш, како што вие ги нарекувате Бошњаците, Mакедонец муслиман.

Дали Сулејмани правела некои пластични операции по атентатот?
Имаше некоја операција, баш ми кажуваше дека нешто правела. Но, тие знаеја кој тоа го прави, бидејќи овој мене ми нудеше, ако треба и тоа.

И потоа ја снемува?
За Австралија отиде. Добре и’ даде документи да оди за Австралија.

И сега е таму?
Не знам дали и сега живее таму, но таму стаса. Станицата се знае.

Величковски тврдеше дека Нуиши имал алиби и дека за време на атентатот не бил на тоа место?
Не ги знам јас тие изјави. Јас не велам дека тој го стиснал копчето, само тврдам дека се знае и дека е во групата. И ништо повеќе. А, кој притиснал, таа група знае меѓу себе.

Добри Величкоски тврди дека е барана патна исправа за Осман Ватреш и Слободан Богоевски инсистирал да му се даде за да му се заштити идентитетот. Дали е тоа точно?
Не. Лаже. Не е точно бидејќи јас имам патна исправа со која можам да се движам, ниту е босанска, ниту македонска со која престојував во Скопје.

Величковски вели дека Нуиши бил пуштен по соочување со Вас, откако се увериле дека од оваа трага нема ништо. Што точно се случи?
Јас барав соочување, да му кажам во лице. Директно му кажав дека е во таа група и во сето тоа.

И како реагираше тој?
Почна да вика ,,не, не“. Натаму не ми дадоа ништо да кажам. Не даде овој Чанчар.

И што се случи после тоа?
Ништо. Го пуштија човекот. Јас во лице му кажав како ги добив информациите.

Дали Аслан Нуиши е човекот кој зборува во касетите?
Не е, друг зборува.

А што Аслан Нуиши ви кажа во Братислава?
Ние случајно се сретнавме во Братислава, преку негов познаник. Во една вила во шума каде се состанува мафијата. Потоа дојдов во Скопје.

Значи Нуиши е првиот човек кој Ви раскажа за атентатот?
Да, се’.

Што точно?
Се’. Ти кажав, неговата врска со тој словачки офицер од кој ги барал направите, дека подоцна словачката полиција се’ открила.

Што бараше?
Бараше да набави некои запалки, таа неговата мафија, група од Словачка.

Каде бараше?
Бараше таму во Словачка.

Пред атентатот?
Да, да пред атентатот.

Што ќе му е кога има во Македонија?
Не, тие тоа го купуваа од војската директно. Сите тие справи доле им ги префрлаат во Скопје. Тие работи многу ги бараа. Тоа и го призна на словачката полиција. Штом излезе од Македонија веднаш го уапсија во Словачка. По 20 дена.

Како реагираше министерот Чокревски на „братиславската врска“?
Ништо не спроведуваше, се откажа. Гледаш дека се е закочено, дека ништо не е спроведено.

Што знаете вие за „мерцедесот“ кој Нуиши му го подарил на Претседателот и зошто го сторил тоа?
Да, тоа лично Аслан во Братислава ми го кажа: ,,Ние на онаа мрцина и’ подаривме еден „мерцедес“. Мои луѓе ми кажаа да подарам „мерцедес“. Да збарам “мерцедес“ за Претседателот и јас ,,збарив“.

Кои луѓе му кажале? Фрчкоски и Величкоски?
Да, да. Вели, мене ми предложија луѓе од полиција, од внатрешни, да подарам еден „мерцедес“ од мене.

Во јавноста се споменуваше и некој Албанец кој излегол од Идризово во 1994 г., пред да ја одлежи казната. Каква е неговата улога?

Голема. Неговата улога е многу голема, премногу голема.

Што знаете за него?
Дека е пуштен со специјални документи.

Кој го пуштил?
МВР, Фрчкоски. Специјална кола му обезбеди.

И каде отиде?
Прво го изведоа на Косово.

И од таму за Германија?
Тој го предаде Фрчкоски.

Како го предал?
Па, го издаде, еден од оние кои го издадоа. Тој го издаде.

Значи тој е сведокот?
Тој е еден од сведоците.

Како го издал?
Фактички, го обвини.

Го обвини за атентатот?
Го обвини за многу работи.

А како се вика?
Не знам, тоа не знам. Тоа можете Вие таму доле да го проверите. Мислам дека кажав доста работи. Ова досега не го имало никаде. А ќе тераме докрај. Има уште.

Кој уште е инволвиран во истрагата?
Помагаше уште еден човек, се вика Жељко Шаин. И тој помагаше за откривање на атентатот. Има македонски дипломатски пасош. Скопјанец. Има многу луѓе кои не се повлекоа, упорни, не сакаат да се уништи дело што се знае и сите се вклучуваат.

Учествувал ли Албанецот кој излегол со помош на Фрчкоски во атентатот?
Фрчкоски и други луѓе постојано беа на врска надвор со него. И секогаш му говореа дека не може да дојде во Македонија, дека не е време. Дека има време да чека за да дојде во Македонија. Тој е Албанец.

А, зошто?
Има причина. Знаеш, што сакам да кажам сега на крајот. Јас сум уверен сто насто, и гарантирам дека ќе доживеам суд за тој што го направи атентатот врз Глигоров. Глигоров е голем човек. Да не му го направија атентатот тој немаше да дозволи да се случат овие срања кои се случија.

Се плашите ли од некакви последици после ова интервју?
Не се плашам од ништо. И ова сакам да се објави. Град во кој сакам да одам е Виена, и многу сакам да испијам кафе со мојот пријател Раденко.

Што е па сега ова? Кој е тој Раденко?
Ќе се дознае.




,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2010 во 23:02

 Bez somnenie site koi bile dosega na vlast , isto kako i segasnata znaat koj stoi pozadi atentatot na poranesniot pretsedatel Kiro Gligorov.

No, izgleda deka site ja pocituvaat zelbata na gospodinot Kiro Gligorov da ne se objavuva imeto na atentatorite i da se zapre istragata zaradi strav od odmazda vrz negovata familija. Toa e jasno kako den.

No, mene me interesira edna druga rabota:

1. ZOSTO se izvrsi atentat?

 2. KOJA bese PRICINATA i sto SAKAA DA POSTIGNAT ?
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2010 во 23:03


Самоубивана вистина
10.06.2009
 

Еден од најзначајните моменти коишто потврдуваат дека атентатот врз Глигоров е дело на конспирација на тајните служби, политиката и криминалното подземје се мистериозните несреќи на полицајците и ликвидациите на балканските криминалци. Таа врска ја самоуби полициската службеничка во Втората управа на МВР, Тања Павловска - заради нејзините точни сознанија за амито Помалку

Пишува: Екипа на Форум

 

Настаните коишто во низа се редеа по атентатот врз поранешниот претседател Киро Глигоров, беа споредувани со она што се случуваше по убиството на американскиот претседател Џон Кенеди. Особено, во поглед на исчезнувањето на сведоците. Сообраќајната несреќа во којашто смртно страда Ноиши кој беше осомничен дека од Германија го донесол наводно блиндираниот мерцедес во кој се возеше Глигоров, при што неговиот сопатник Петрит Аме останува без гребнатинка, е едно од низата мистериозни убиства и самоубиства кои го следат атентатот од 3 октомври 1995 г. Инаку, за истиот мерцедес, во пресметките меѓу припадниците на македонските тајни служби беше споменуван и извесен штипјанец Димо Топката, кој во Германија беше доведуван во блиска поврзаност со криминалните кругови од балканските простори контролирани од тајните служби. И двајцата беа доведувани во поврзаност со мерцедесот од две причини. Едната е затоа што Глигоров од неговите блиски соработници, вклучително и тогашниот министер за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски, бил убедуван дека мерцедесот е блиндиран, но по атентатот се обелодени дека, всушност, станува збор за тоа дека лимузината била фабрички засилена поради ексклузивноста на моделот. Втората причина поради којашто беше споменувана набавката на мерцедесот беа сомневањата дека уште при неговото внесување во Македонија во автомобилот е монтиран сензор кој реагирал на истиот уред вметнат во амито паркирано пред хотелот Бристол. Оваа теорија е поттикната од извонредната прецизност и насоченоста со којашто се случи експлозијата при атентатот, што не ја исклучи и алтернативната претпоставка дека покрај далечинското активирање, експлозијата е иницирана и со сензори монтирани на двете возила, а улогата на полициското фиќо повторно е иста - и да ја забавува колоната на претседателот и да “го намести” точно на ударниот бран од експлозијата.
Покрај ова загинување, се случи и сè уште неразјаснетото загинување на еден од членовите на физичкото обезбедување на Глигоров присутен на самиот чин на атентатот, за кој се тврдеше дека го извадил повредениот претседател и со БМВ-то од колоната, со парчосана гума од предното десно тркало, го пренел контактибилниот Глигоров, според медицинскиот извештај од скопската Градска болница.
Во меѓувреме, се случија и други мистериозни загинувања на личности од безбедносните структури кои беа донесувани во некакви релации или сознанија во врска со атентатот и инволвираноста на македонските безбедносни служби. Притоа, не треба воопшто да се исклучат и ликвидациите на лица од бизнисот во тесни врски со балканското подземје. Тука, се разбира во прв ред спаѓа наводното самоубиство на Иво Јанков, претставник на софиската Мултигруп, којашто од Фрчкоски беше обвинета како најверојатен извршител на атентатот врз Глигоров. Овој потег на Фрчкоски, како што покажа подоцнежниот период, беше само обид да се дефокусира јавноста, а можеби и вистинската истрага за атентатот. Неколку години подоцна, претседателот на Мултигруп, Иван Павлов, на Киро Глигоров во Охрид му ги изнесол сознанијата до кои дошла нивната интерна истрага и го убедил дека корпорацијата не стои зад обидот за негово убиство. Ова на новинарот на Форум му го соопшти лично Павлов, пред неговата ликвидација во Софија.
И скопскиот контроверзен бизнисмен Спирос Куцурелос, кој беше доведуван во врска со атентатот, беше најден мртов во неговиот дом. Според полицискиот извештај, Куцурелос се самозастрелал.
Како што атентат врз претседател на држава, особено како овој врз Глигоров, не може да биде извршен без логистика од службите задолжени за неговата безбедност, така јасно е и дека конспирацијата ќе биде насочена кон мистификација и релативизирање на сите подоцнежни случувања. Тоа, се разбира, најмногу подразбира физичко отстранување на непожелните сведоци.
Во тој контекст, пак, најинтригантно е наводното самоубиство на полициската службеничка Татјана Павловска во 1997 г., една година пред веќе очигледниот трансфер на власта. Официјално, сè уште МВР го води случајот како самоубиство. Меѓутоа, полицискиот извештај од самото место каде што била пронајдена, најверојатно направен од увидна екипа којашто сè уште не била инструирана што треба да стои во записникот и за кого станува збор, фрла голем сомнеж врз официјалната верзија за трагедијата. Имено, полициски извори велат дека Павловска била пронајдена во последните улички во населба на падините на Водно, со три прострелни рани и со покриена глава?! Нешто што на МВР му се случи и во 1991 г. при исто така наводното самоубиство на полицискиот службеник Миле Илиевски, кој се самоубил со повеќе истрели од автоматски пиштол, што го потврдуваа зрната најдени во рамките од прозорците од неговиот стан.
Но, што е причината (само)убиството на Павловска да биде поврзувано со атентатот врз Глигоров? Таа беше припадничка на Секторот за следење комуникации, поконкретно на изготвување известувања од прислушувањата. Извор на Форум, многу близок до неа и кој имал неколку контакти во периодот пред убиството, тврди дека Павловска му соопштила дека таа од некои лица од безбедносните служби добила понуда што не можела да ја одбие - била натерана да го купи и да го паркира амито на улицата Македонија! Според нашиот соговорник, таа најверојатно веќе ја чувствувала опасноста по личната безбедност.
Да потсетиме, по информациите од граѓани дека забележале дека посоченото ами го возела жена со руса перика и очила, МВР не се обиде да направи фоторобот. Но според овој опис, неколку дена беше држена на информативен разговор Марија Стојменова, кабаетлика зашто беше членка на тогаш опозициската ВМРО-ДПМНЕ. 
Но, во случајот на Павловска постои уште една информација. Имено, имајќи пристап до материјалите од следењето на комуникации и прислушувањата со кои во тој период беа опфатени дури и министерствата заради спречување на истекување информации во полза на тогашната опозиција, таа дошла до многу значајни податоци. Во тоа време, имено, се случува буквалната купопродажба на Министерството за градежништво (се споменуваат 4 милиони германски марки) од премиерот Бранко Црвенковски кој ресорот што дотогаш го водеше кадар на неговата СДСМ го отстапи на коалиционата ПДП. И, според изворите на Форум, тогаш се случува отпочнувањето на “државно” криумчарење дрога за западноевропскиот пазар преку приватни туристички и транспортни фирми. А парите кои се добивале од продажбата на дрогата, се користеле за купување оружје за војната што ОВК ја водеше подоцна на Косово.
Оттаму, несфатливо е што досега ниту едно раководство на Министерството за внатрешни работи не се обиде да ги истражи наводите што се појавија во јавноста за овој и за сите други мистериозни загинувања и самоубиства на негови поранешни припадници. Очигледно структурата којашто стои зад овие инциденти ги има сокриено трагите, но преку своите пипки го оневозможува секое истражување во оваа насока.


Факти за вмешаноста на УДБА
11.06.2009
 

Идентитетот на сведокот од колумната на Фрчкоски стана јавна тајна, и не е ништо повеќе од обид да се фрли прашина в очи и да се затскрие вистината, но и одговорноста!. Вознемирени се и постарите припадници на СДБ. Изворите на Форум велат дека станува збор повеќе за нивно себепреиспитување за акциите што по налог на шефовите ги преземале пред атентатот и подоцна во текот на водењето на истрагата. Тоа произлегува од тоа што, по написите на Форум, некои од нив веќе биле повикани на разговори во МВР Помалку

Нашите соговорници велат дека во некоја рака “најбезбедни” во овој случај се припадниците на тогашната т.н. Прва управа. Тие, имено, во тој период биле тргнати настрана од редовните работи на Службата. Впрочем, тоа го потврди и Слободан Богоевски, кој во тоа време беше поставен за нејзин началник. Всушност, Богоевски десетина дена пред атентатот е сменет од потсекретар во Министерството, а само два дена пред атентатот морал да поднесе оставка. Како што велат нашите извори, дал оставка поради наводната резигнираност за нефункционирање на целото МВР и посебно на Службата.
Истражувајќи упорно Форум и врз основа на анализите на разните искази и сведочења, може слободно да заклучи дека ноторна вистина е дека атентат врз претседател на држава не може да се изврши без логистикчка поддршка однатре, без обезбедување информации за точното движење на метата, начинот на нејзиното обезбедување итн.
Но, ова не е единствената трага која води до Службата. Две нешта се многу индикативни за вмешаноста на лица од полицијата во подготовките и реализацијата на атентатот, што продолжува и по него со дефокусирање на вниманието и на вистинската истрага.

Фотомонтажа од лабораторијата на Фрчко

Едната е веќе прозваната фотографија за којашто дури по 13 години и Фрчкоски и неговиот извор од полицијата признаваат дека е фотомонтажа. Уште тогаш постоеше стручна експертиза и разузнавачки извори кои потврдуваа дека фотографијата направена пред хотелот Бристол, што на медиумите им беше поделена една седмица по атентатот од страна на МВР, со кое тогаш сè уште раководеше Љубомир Фрчкоски, е производ на лабораторијата на МВР.
Исто така, дали поради невнимателност на оперативецот на СДБ или, пак, со предумисла, на фотографијата е снимен (или монтиран) службеник на Министерството. Неговиот идентитет уште е шпекулација, но поранешни и сегашни припадници на полицијата велат дека препознаваат свој колега кој подоцна долги години заедно со неговата животна сопатничка постојано високо котираа во хиерархијата на МВР.
Втората фотографија што, исто така, беше поделена на медиумите, а укажува на инволвираноста на СДБ во атентатот, е фотороботот на наводниот учесник во атентатот. Имено, фотороботот беше изграден врз основа на автентична фотографија. И уште позбунувачки е што на фотографијата е личност која во јавноста беше препознаена како лице кое живеело во скопската населба Кисела Вода, блиско до лица од т.н. група за обезбедување на СДСМ и нејзините државни функционери, но кое повеќе месеци пред 3 октомври се отселелило во Канада.


Кој му телефонираше на Глигоров?
Уште неколку моменти ја разоткриваат инволвираноста на делови од Службата во атентатот. Без разлика дали станува збор за заговор со кој Глигоров треба да се исплаши или морбидна конструкција која требаше да ја дестабилизира државата. Меѓу другите факти е и тоа што никој досега не сака да се позанимава ниту со фактот дека фиќото коешто ја успори колоната на Глигоров и со прикочување точно на свиокот го “нацентрира” претседателскиот мерцедес на ударот од насочениот експлозив, беше сопственост на МВР и во тој момент управувано од двајца полицајци. Податок кој беше сокриван во првиот момент, а разоткриен од полицајци кои незнаејќи дека станува збор за заговор со чудење го препознаа возилото коешто и самите го управувале во некои полициски акции на следење. Интересно е што првичниот одговор на МВР беше дека станува збор за службени лица од Првата полициска станица “Беко”, (највероајтно заради нејзината близина до местото на злосторството), но сепак подоцна се откри дека двајцата се припадници на 6-тата Управа за обезбедување лица и објекти. Интригантно е како тогашната истрага и двајцата по 15 минутно испрашување следниот ден, ги ослободи од кавов и да е сомнеж.
Другиот момент е што досега никој не ја негираше, ниту, пак, ја потврди информацијата дека постоела и уште една автомобил-бомба. Таа била поставена по алтернативната маршрута, во близина на Соборниот храм, каде што неколку часа по атентатот полицијата вршеше проверка на паркираните возила. Односно, според нашите извори, Глигоров утрината требало да оди во друга институција, но од непознати досега причини морал да се упати кон Собранието.
Високи полициски извори на Форум велат дека утрото Глигоров, по вечерното враќање од Белград и средбата со Слободан Милошевиќ , на кого јасно му ставил до знаење дека Македонија нема повеќе да шверцува за сметка на српската воена машина, добил телефонски повик со преупредување непосредно пред да замине за кабинетот во Собранието.


Што крие Фрчкоски?
11.06.2009
 

Сејачите на магла, разголени од Форум, упорно ја кријат со вешти манипулации и директна, експресна употреба на речиси мртвата Фабрика вистината за најголемата корупциска афера во нашата историја: купопродажбата на FYROM. Фрчкоски го продал името на Република Македонија и сакајќи да го исплаши, наместо да го спречи заговорот, прифатил да го осакати претседателот Киро Глигоров, бидејќи не прифаќал поткуп! Лесно нашле заеднички јазик со тајкуните на Помалку

Пишува: Екипа на Форум

Од Вистината не се бега. Сеедно дали сите едновремено ја гледаат - ќе ја здогледаат; сеедно дали ја признаваат конечноста на фактите - ќе сфатат дека како што небото нема скалила, морето нема капак, умирачката нема чаре, така и Вистината - ниту можеш да ја надвисиш, ниту да ја покриеш, а уште помалку од неа да се спасиш.
Не се заборава. Да поминат и уште 13 години и Љубомир  Д. Фрчкоски да понуди уште еден сведок кој ќе ги разоткрие сите шеми и јазли на службите за државна безбедност, никој во оваа држава нема да заборави дека 3 октомври и без атентатот на Киро Глигоров ќе беше значаен ден во македонската историја. Да не беше обидот за убиство на првиот претседател на независна Македонија, Собранието ќе гласаше за измена на државното знаме и на Уставот, а маса од неколку десетици илјади народ се закануваше дека ќе ги урива институциите на државата поради продавањето на идентитетот. Такво беше спонтаното сценарио за 3 октомври 1995 г., очигледно не во полза на владејачките структури на СДСМ. Затоа смислија друго сценарио, се решија да го убијат Глигоров, божемски. Нацијата потресена од настанот, со сочувство за моментот во кој кревката држава остана без претседател, не забележа, или барем се направи дека не забележува, кога два дена по атентатот го промени знамето, а само една недела подоцна и Уставот, со што ì се удоволи на Грција во нејзините апсурдни барања.

ПОРАЗИТЕЛНИ ПОТВРДНИ ОДГОВОРИ

Форум не може да ги одмолчи фактите, нема да игра во платеничката драмолетка полна хартиени гладијатори во пустата арена на Оазата на мирот, па затоа јавно прашува:
1. Дали е вистина дека во Обединетите нации, во НАТО, во Европската Унија, во речиси сиот меѓународен сообраќај нашата држава ја викаат FYROM - БЈРМ?
2. Дали е вистина дека претседателот Глигоров депонирал изјава пред службени лица дека му е нуден поткуп за да го смени името на Република Македонија?
3. Дали е вистина дека Фрчкоски јавно напиша дека куфер со пари е донесен од Грција во Министерството за внатрешни работи кога тој беше министер, токму во времето кога му е нуден поткуп на претседателот?
4. Дали е вистина дека врз Глигоров е извршен атентат во времето кога Љ.Д.Ф. беше министер и кога на претседателот му е нуден поткуп?
5. Дали е вистина дека на денот на атентатот Собранието всушност требаше гласа за измена на државното знаме затоа што претходно имаше дил за тоа помеѓу СДСМ и Грција?
6. Дали е вистина дека истрагата откри (а потоа се забошоти) дека “фиќото” што го запре автомобилот на претседателот за да биде изложен на експлозија припаѓал на службеници на МВР?
7. Дали е вистина дека возилото во кое се возеше Глигоров е добиено на подарок од познат мафиозо, украдено некаде?
8. Дали е вистина дека атентаторите добивале команда на полициска фреквенција во времето кога Љ.Д.Ф. беше министер?!
Одговорот на сите овие прашања е потврден. Се чека само уште на Јавното обвинителство и на судот, се разбира, за да се добие и потврда на тврдењето на Форум дека Бранко Црвенковски нарача, УДБ/ДБК изврши, а Фрчко сè уште покрива.

СЕПАК СЕ СМЕНИЈА ВРЕМИЊАТА


Ова е само врвот на ледениот брег факти објавени во медиумите кои и во тоа време беа под контрола на режимот на Б.Ц. и Љ.Д.Ф. Допрва ќе следат и други. Се сменија времињата, јавноста е многу позрела и покритична од кога и да е порано. Се смени и довербата!
Ако на овие прашања изведени од потврдени факти се погледне од денешна перспектива и, како што стручно укажува некогашниот шеф на ДБК Слободан Богоевски, од повеќе агли за да се утврди и некој друг интерес за заплашување на претседателот Глигоров, тогаш повеќе од логично е атентатот, исто така, да биде и јасна порака до шефот на државата, кој не сакал мито, купопродажбата на нашето име да остане докрајна тајна! Не можеа да го казнат без да ја загубат неговата позиција, па решија да го замолчат, тврдат повеќе разузнавачки извори, како и луѓе на тогашната растурена ДБК!
Доволно е да се фрли око во новинските архиви, или во НУБ. 
Ако тргнеме по логиката што доминира во јавноста и ако прифатиме дека толку е доволно, тогаш заклучокот е јасен: организираниот криминал на кој во тоа време му пречел упорниот Глигоров, кој отиде дури во Белград да предупреди дека нема веќе простор за маневра, за кршење на блокадата, за шверц во име на државата, доби уште еден сојузник, се вкрстија и обединија интересите тогашниот влијателен претседател - да биде онеспособен и замолчан!
Љ.Д.Ф., според сите факти набројани во прашањата, го продал името на Република Македонија и, сакајќи да го исплаши, наместо да го спречи заговорот, прифатил да го осакати претседателот, бидејќи не прифаќал поткуп! Лесно нашле заеднички јазик со тајкуните на Б.Ц.!
Глигоров јавно, пред некое време, преповтори дека му нуделе пари за името! Тој за Форум потврди дека одбил! Одби, и го осакатија и него и државата.

САМ СВОЈ СВЕДОК?!

Поранешни високи структури во ДБК пред и во времето на атентатот ì тврдат на редакцијата на Форум дека всушност Фрчкоски сам себе се сведочи (или клевети?!) кај јавниот обвинител Шврговски. Изворот од ДБК вели дека Фрчкоски одамна ја знае приказната за “демек германската” фотографија и дека токму од неговиот министерски кабинет во 1995 г. исчезнале доказите дека таа е, всушност, “македонско масло” на високите структури во МВР на Фрчкоски и на владата на Црвенковски.
Професорот Љ.Д.Ф. се одлучи на македонската јавност да ја продаде само едната страна на паричката, онаа дека има “крунски сведок” кој го откри не поради вистината, ами, како што пишува во најновата колумна во Дневник, за да види “дали во оваа држава сè проаѓа”, па дури и “најидиотски приказни”.
Но Љ.Д.Ф. заборава дека “пу-пу не важи!” - не важи во играта на големите. Посочувањето а ла “фатете го крадецот” е премногу наивна стратегија која треба да си ја дозволи еден еминентен професор. Особено затоа што знае многу повеќе за атентатот отколку што открива.
“Лично јас му ги предадов негативите и фотографијата од амито во неговиот кабинет (н.з., во министерскиот кабинет на Љ.Д.Ф.), за потоа оттаму и да исчезнат доказите”, ни сведочи поранешниот функционер на ДБК.
Уште повеќе што тој функционер му подготвил и извештај за истрагата на атентатот на Глигоров.
“Изготвив извештај во 13 точки за тоа каде е промашена истрагата, но и каде исчезнуваат докази”, вели поранешниот раководител во ДБК.

НАЈМАЛКУ 4  КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ


Ваквата низа факти проверени во јавноста и признаени од (со)учесниците треба да е доволна за најмалку 4 кривични пријави: за обид на убиство врз Киро Глигоров и нанесени телесни повреди, за заговор против Претседателот на Републиката и за велепредавство и кршење на Уставот, за продажба на името!
Токму затоа, кога конечно почна да се разоткрива оваа чудовишна афера со трајни и тешки последици, чуварите на ликот и делото на Љ.Д.Ф., не криејќи ја својата платеничка лојалност, тргаат во сеење магла. Целта е по секоја цена да се сврти вниманието од купопродажбата на FYROM како мотив за атентатот врз Киро Глигоров, исто толку силен и присутен како и тој на шверцерите, црноберзијанците и вистинските злосторници за во Хаг.
Требаше да се најде нешто што може, макар и лажно, да се прикаже како пострашно од митото од милион долари, амфората, златниот ролекс и Господ знае уште што за да го смениме името во БЈРМ!
Не им успева, и во паниката, вадејќи се, се дозаглавија.

ПОТТИК ДА СЕ РАЗОТКРИЕ И ВИСТИНАТА ЗА 2001.

Дадоа поттик и за отворање на вистината за конфликтот во 2001 г., со што нивната улога докрај ќе се разјасни. Тоа е посебно и уште потажна приказна како на Македонија ì се скрои капата и потстрижа главата од “берберите”, како што се самонарече Љ.Д.Ф. во тоа време, бегајќи од осудата во јавноста дека како автор на Рамковниот договор дал повеќе отколку што се барало.
Мендух Тачи и Али Ахмети, нивната пресметка што трае на видело, ќе ги исфрлат македонските квислинзи, пишувачите на капитулацијата. Еден од нив беше Љ.Д.Ф.
Јавноста со нетрпение ги чека документите и исказите што конечно ќе ги побара Обвинителството од актерите во атентатот. Ќе чепне, според нашите информации, и во купопродажбата на името, аферата со куферите злато, часовниците, амфорите... за до може потоа да ги повика надлежните да ја здогледаат, ако не ја гледаат, врската помеѓу најголемата корупциска афера: купопродажбата на FYROM и атентатот врз Претседателот на Републиката со пишувањето на планот на претседателот Борис Трајковски, неговата мистериозна и неразјаснета гибел, како и смртта на Ана Линдт.
Околу Љ.Д.Ф. на неразјаснет начин ИСЧЕЗНУВААТ документи, искази, имиња но и тие што предупредуваа дека ќе ја кажат вистината за пучот во 2001 г., за локалниот, домашен криминален заговор против Република Македонија...


frckovski1.jpgМВР доби прецизни насоки од Обвинителството
Посебен тим е задолжен во Министерството за внатрешни работи за расветлување на атентатот на поранешниот Претседател Киро Глигоров.
Министерката Гордана Јанкулоска во вторникот соопшти дека МВР од Обвинителот добило неколку прецизни насоки по кои веќе почнало да постапува и за што е формиран посебен тим како зајакнување на веќе постоечкиот.




Кои се лицата од фотографиите на МВР
11.06.2009
 

Време“ во четвртокот објави текст во кој се опишува атмосферата во Министерството за внатрешни работи, по повторното отворање на досието „Атентат врз Киро Глигоров“. Според овој дневен весник, во полициските кругови, особено кај постарите припадници на поранешната Служба за државна безбедност и контраразунавање, владее паника поради се’ поголемата извесност дека во обидот за убиство на Глигоров учество земале припадници на Службата. Оваа тема ја отвори „Форум“ по порверката на сопствените инфомации од поранешниот работник на СДБК со прекар Удбаш Помалку

Којзнае како ќе минеше колумната на професорот Љубомир Фрчкоски за Дневник и неговиот наводен информатор за фотографијата со „амито“ снимена ден пред атентатот на улицата Македонија, тогаш се’ уште Маршал Тито“. Може да се претпостави дека повторно ќе биде вообичаено за македонските прилики и оваа информација ќе беше забошотена, особено како досега и сите информации поврзани со атентатот врз Глигоров.
Во Министерството за внатрешни работи велат дека идентитетот на сведокот од колумната на Фрчкоски е идентификуван, затоа што се знае кој во тоа време работел во тој сектор од Службата. Имено, во Седмата управа, во 1995 г. имало двајца службеници кои можеле да ја извршат оваа работа. Едниот од нив е починат, па според таа логика останува вториот и тогаш помлад колега во Службата.
Време, исто така, објавува дека се вознемирени и постарите припадници на СДБ. Изворите на Форум велат дека станува збор повеќе за нивно себепреиспитување за акциите што по налог на шефовите ги преземале пред атентатот и подоцна во текот на водењето на истрагата. Тоа произлегува од таму што некои од нив веќе биле повикани на разговори во МВР.
Нашите соговорници велат дека во некоја рака „најбезбедни“ во овој случај се припадниците на тогашната т.н. Прва управа. Тие, имено, во тој период биле тргнати настрана од редовните работи на Службата. Впрочем, тоа го потврди и Слободан Богоевски, кој во тоа време беше поставен за нејзин началник. Всушност, Богоевски десетина дена пред атентатот е сменет од потсекратар во Министерството, а само два дена пред атентатот морал да поднеса оставка. Како што велат нашите извори, од наводната резигнираност за нефункционирање на целото МВР и посебно на Службата.
Ноторната вистина дека атентат врз претседател на држава не може да се изврши без логистика однатре, со обезбедување информации за точното движење на метата, начинот на нејзиното обезбедување итн., не е единствената трага која води до Службата. Имено, две нешта се многу индикативни за вмешаноста на лица од полицијата во подготовките и реализацијата на атентатот, што продолжува и по него со дефокусирање на вниманието и на вистинската истрага.
Но Форум, кој од порано поседуваше одредени информации, реши да ги потврди. Потврдата дојде од поранешниот соработник  на ДБК, пиротехничарот со прекар Удбашот, кој водејќи се од неговите сознанија, сомнежите ги насочи кон лица од тогашниот состав на Службата. За неговите информации пројави интерес и Државното јавно обвинителство. Според последните информации од таму, се размислува за можноста и Удбашот да биде повикан да ги образложи неговите искази во Форум“ што сепак ќе оди потешко поради тоа што тој е и хрватски државјанин.
Во Министерството за внатрешни работи велат дека идентитетот на сведокот од колумната на Фрчкоски е идентификуван, затоа што се знае кој во тоа време работел во тој сектор од Службата.
Две нешта се многу индикативни за вмешаноста на лица од полицијата во подготовките и реализацијата на атентатот, што продолжува и по него со дефокусирање на вниманието и на вистинската истрага.
Едната е веќе прозваната фотографија за којашто дури по 13 години и Фрчкоски и неговиот извор од полицијата признаваат дека е фотомонтажа. Тогашниот неделник Дело, повикувајќи се на стручна експертиза и разузнавачки извори, уште тогаш тврдеше дека фотографијата направена пред хотелот Бристол, што на медиумите им беше поделена една седмица по атентатот од страна на МВР, со кое тогаш се’ уште раководи Љубомир Фрчкоски, е производ на лабораторијата на МВР. Исто така, дали заради невнимателност на оперативецот на СДБ или, пак, со предумисла, на фотографијата е снимен (или монтиран) службеник на Министерството. Неговиот идентитет уште е шпекулација, но поранешни и сегашни припадници на полицијата велат дека препознаваат свој колега кој подоцна долги години заедно со неговата животна сопатничка постојано високо котираат во хиерархијата на МВР.
Втората фотографија што, исто така, беше поделена на медиумите, а укажува на инволвираноста на СДБ во атентатот, е фотографијата на фоторобот на наводниот учесник во атентатот. Имено, дали заради несфатлив дилетантизам (или, пак, станува збор за буквалистичко сфаќање на терминот ’фото’) фотороботот беше изграден врз автентична фотографија. И уште позбунувачки е што на фотографијата е одредена личност, која во јавноста беше препознаена како лице кое живеело во скопската населба Кисела Вода, но повеќе месеци пред 3 октомври било отселено во Канада, но и која беше блиска со лица од парамилитантната групација околу тогаш владејачкиот СДСМ.
Има уште неколку моменти (факти) кои ја разоткриваат инволвираноста на делови од Службата во атентатот. Без разлика дали станува збор за заговор со кој Глигоров треба да се исплаши или морбидна конструкција која требаше да ја дестабилизира државата.


Бранко нарача, УДБА изврши, Фрчкоски покрива?!
11.06.2009
 

 Бившиот министер за внатрешни работи Љубомир Данаилов Фрчкоски, од комотната позиција на универзитетски професор во вторникот конк*рираше за наградата од 1 милион евра што ја дава МВР за битна информација во врска со атентатот на Киро Глигоров. Професорот не можеше да ја открие мистеријата за тоа кој се обиде да го убие претседателот на “Оазата на мирот” додека тој беше министер во МВР, но затоа 13 години подоцна во неговиот универзитетски кабинет му дошол “крунски сведок”, негов полицаец, кој му дал јасна слика за тоа што се случувало во структурите со кои тој, инаку, раководеше и на кои им издаваше наредби Помалку

Пишува: Екипа на Форум

Според Фрчко, Бранко го нарачал атентатот, ДБК го извршила, а Фрчкоски го покрил. И тоа во Вашингтон, каде што замина како полицаец, а се врати како дипломат.
Признанието на професорот во целост ја потврдува анализата на Форум, објавена пред две недели по повод 13 години од трагичниот настан, дека атентатот на Глигоров беше само обид да се исплаши претседателот кој упорно и тврдоглаво инсистираше на борба против организираниот криминал, наспроти тогашниот премиер Бранко Црвенковски за кого отворено се ширеа муабети дека е близок со структури кои го организираа шверцот со нафта и цигари, како и пирамидалните штедилници.
Впрочем, уште во тоа време се говореше дека Црвенковски бил приморан од Глигоров да го одржи познатиот говор во Собранието за расчистување со “октоподот” и за криминалните “пипки” кои длабоко навлегле во државните структури.
Фрчкоски во колумна во Дневник објавува дека “сведокот”, поранешен полицаец од државна безбедност, му тврдел дека фотографијата сликана од германски турист еден ден пред атентатот со амито, всушност била направена од него.
“Професоре, јас сум тој службеник на МВР кој ја сликаше фотографијата на наводниот германски турист пред Бристол на која се гледа паркираното ами 6, ден пред атентатот. Еден од државна (н.з., Дирекцијата за државна безбедност) ми рече да сликаме куп фотки секој ден, не ми објаснуваше зошто. Јас сликав и му ги предадов фотографиите и негативите нему и заборавив”, пишува Фрчкоски за тоа што му кажал некогашниот полицаец на некогашниот негов шеф, во кабинетот на сега веќе “еминентниот” професор и “експерт” без чија запршка нема политичка чорба во Македонија!
Бившиот министер, кој неуспешно ја водеше истрагата за трагикомичниот атентат на Глигоров извршен токму во негово време, на овој начин признава дека атентатот не бил организиран од надворешни фактори како што најавуваше во 1995 г., туку од внатрешни структури, полициски структури.
Со сета нему својствена апсурдност, Фрчкоски раскажувајќи ја “прикаската” пропушта да потсети дека тој беше челникот во МВР во тоа време, тој ì издаваше наредби на Дирекцијата за државна безбедност и, згора, сите информации му беа достапни. Сега, 13 несреќни години подоцна, се прави невешт, вистинољубив, безмалку безгрешно зачнат!

МОТИВИТЕ НА ФРЧКОСКИ

Зошто и токму сега Фрчкоски го објавува ова? Кои се мотивите на министерот кој не го реши случајот, а за тоа подоцна од неговиот премиер Црвенковски наместо со оставка беше награден со позицијата министер за надворешни работи? Кои, пак, биле мотивите на човекот, кој отишол право кај својот поранешен шеф, а не кај сегашната министерка за внатрешни работи или во јавното обвинителство кои го водат случајот?
“Многу е чудно тоа што го пишува Фрчкоски. Вели дека сведокот е бивш полицаец. Во таков случај, тој точно ја знае процедурата и точно знае каде да се обрати”, велат во обвинителството.
“Деновиве кај мене дојде едно лице што сега работи во компанија надвор од полицијата и ми се претстави како бивш полицаец од Државна безбедност, вработен во времето на атентатот на Киро Глигоров во Седмата управа за следење. Фино!”, сведочи во колумната Фрчкоски.
Согласно со ова, велат во обвинителството, можни се три претпоставки:
- човекот постои, но нешто е во ред со неговата психа. Но, ако е така, велат во обвинителството, зошто универзитетскиот професор по меѓународно право и бивш министер му верува, па дури и го објавува?;
- човекот постои, и свесно оди кај својот бивш шеф;
- сведокот не постои, а Фрчкоски само вади одредени информации кои му биле познати уште во времето на атентатот поради негови лични мотиви.
“Професоре, тие што ми наредија ги знам со име и презиме, тој што го купи амито од фотороботот го знам, тој е службеник на ДБК и мој колега, кој се издаде дека ја купил колата  за негов братучед од Алексинац. Тоа е спец-акција на ДБК, се знае кој ја наредува и се знае без чие знаење може да се нареди”, пренесува Фрчкоски за тоа што му рекол сведокот.
Со ова поранешниот министер директно посочува на ДБК. Во негово време, т.е во времето на атентатот, директор на Дирекцијата беше Добри Величковски, кој сега е починат. Претходно, многу брзо пред атентатот, неочекувана оставка од тоа место даде Слободан Богоевски.
Според она што бившиот вработен во полиција му го пренел на Фрчкоски, се работело за фотографијата на која се гледа автомобилот-бомба ситроен ами, паркиран пред хотелот Бристол ден пред атентатот. МВР во 1995 г. тврдеше фотографијата ја добило од германската разузнавачка служба, а тие, пак, дека е добиена од германски турист. Истражните судии кои го водеа случајот, Ставре Џиков и Здравко Василев, заминале и во Германија за да го најдат залутаниот Германец. Верзијата на Фрчкоски вели дека фотографијата била направена од домашните служби.

ДРЖАВНИОТ ВРВ, СЕПАК, БИЛ ВМЕШАН ВО АТЕНТАТОТ?

Како што објавивме пред два броја во Форум, поранешен пиротехничар од македонското МВР за нашиот неделник откри нови детали за обидот за убиство, од кои се гледа сета трагикомичност на македонската политичка и инаква олигархија.
Станува збор за хрватски државјанин, со прекар Удбаш, кој побара неговиот вистински идентитет да остане анонимен поради чувствителноста на прашањето. Според анализите на експлозивниот материјал кој се користел во атентатот на Глигоров, а до кои Удбаш дошол во неговата експертиза, тој тврди дека цел на атентатот не било убиство на претседателот, туку само негово заплашување.
“Уплашениот претседател во 1995 г. - кој за прв пат отворено побара борба против организираниот криминал, шверцот на нафта и цигари, ја осуди лошата приватизација и размислуваше и за ревизија - беше потребен за да сè остане по старо. Од тој недовршен процес на расчистување со криминалните структури денес произлегуваат сите наши олигарси”, вели нашиот извор.
По обидот за убиство, ниту престрашениот и сериозно начнат Глигоров, а уште помалку задоволниот и полн сила Црвенковски, сериозно не застанаа зад борбата со криминалот. Времето во кое се случува атентатот е времето кога Македонија отворено го крши ембаргото на НАТО и ЕУ кон Србија. Време кога преку ноќ се прават богатства од кои му застанува здивот дури и на Бил Гејтс!
“Тогаш се појавуваат црните кеси со пари од шверцот со нафта и цигари. Српскиот бакар се продава како да е произведен во Бучим. Македонија стана најголем извозник на бакар во светот. Замислете, рудникот кој сега е затворен поради тоа што нема руда за експлоатација, тогаш 'произведуваше' ненормално многу”, открива висок политичар од тоа време.
Тој тврди дека при повлекувањето на ЈНА, во магацините наводно останале тони од цигарите марка партнер, детергент за перење алишта на ОХИС, масло на велешката фабрика Благој Ѓорев, кочански ориз, шлемови. Провијант што експресно беше однесен во “Република Српска Краина” во Книн, каде што потоа беше реквириран од хрватските власти и американските разузнавачи.
“Сето тоа го извезуваа нелегално наши шпедитерски куќи кршејќи го дрско ембаргото на Србија. Од овие зделки и шпедиции, денес влечат корени нашите денешни олигарси. Многумина од нив беа, останаа и сега се финансиери на партијата која ја водеше Црвенковски”, вели изворот.
Паралелно се одвива и сомнителна приватизација на општествениот капитал.
Впрочем, само неколку часа по атентатот, Црвенковски веднаш го заклучи претседателскиот кабинетот на Глигоров. Она што било во кабинетот на Глигоров му стана достапно само на премиерот.

ОКТОПОДОТ И ДЕНЕС ПУШТА ПИПКИ

Непосредно пред обидот за убиство, под притисок на јавноста и меѓународната заедница, Црвенковски и Глигоров најавуваат борба со “октоподот” на организираниот криминал и расчистување на сметките.
“И покрај тоа што можеби намерите беа само декларативни, тоа не му одговараше на дел од подземјето кое поврзано, пак, со одредени политички и безбедносни структури лесно може да ги прекине истрагите за неуспешниот атентат, но и да си го спаси капиталот”, толкува политичарот.
Трагајќи, како што доликува на професионални новинари и аналитичари, дали сведокот на Фрчкоски се јавил во обвинителството, дознавме уште еден интересен факт. Извори од скопското основно обвинителство нè информираа дека предметот за атентатот на претседателот пред извесно време бил префрлен во Одделението за организиран криминал поради сомневањата за заднината на случајот. Досега предметот, никогаш, иако имаше понекоја изјава за вмешаност на некои бизнис-елити, не бил третиран на таков начин.
Ова е уште една потврда дека мотивот за убиство на Глигоров не е политички, туку од чисто криминални бизнис-причини.
Професорот Фрчкоски не се јавуваше на својот мобилен телефон за да ги потврди, доразјасни или, пак, да ги негира информациите.


СПОРНИТЕ ФАКТИ СПОРЕД ПИРОТЕХНИЧАРОТ

Експлозив без шрапнели: “Експлозивната направа што е употребена во атентатот на Глигоров не содржи шрапнели, што според стручното мислење е невообичаено. Бидејќи, ако атентаторот сака да ја елиминира целта, да демонстрира сила и да остави јасен политички белег, тогаш тоа ќе го направи со автомобил-бомба чие разорно дејство секако ќе доведе до убиство на метата. Во експлозивот би требало да има делови од железо, клинци, лагери, шрафови - материјали кои терористите ги користат за да предизвикаат што повеќе сигурни жртви, оти распрснувањето на експлозивот не е доволно, особено ако метата е автомобил во движење”, раскажува Удбаш.
Според него, исто така спорна е поставеноста и начинот на кој е активирана бомбата.
“Дали улогата на фиќото не е само да го забави автомобилот на претседателот и речиси да го застане на место кое не би било погубно за Глигоров? Не е возможно, ако целта на нападот била Глигоров да е мртов, бомбата да експлодира и да биде насочена само во предниот дел на автомобилот, кон моторот”, вели пиротехничарот.
Ова уште повеќе, што атентаторите претпоставувале дека претседателот седи на задното седиште, дијагонално од шоферот.
“Да седел таму, Глигоров ќе поминеше речиси без никакви повреди. Задниот дел од автомобилот, јасно е дека остана цел. Тоа би било преголема утка за едни вистински атентатори”, констатира Удбаш кој работел на анализата на експлозивот користен во неуспешниот обид за убиство. Според неговата анализа, правецот на експлозијата бил контролиран само од “фамозниот” песок по кој трагаше полицијата со месеци после атентатот.
Случајни жртви: Во атентатот има само две жртви: возачот на Глигоров и случаен минувач. Обдукцијата на шоферот Спирковски покажа дека тој починал од смртоносни повреди кои ги здобил од залутан метал кој се нашол среде експлозијата.
“Парчето метал можеби потсетува на тоа дека, ете, во бомбата имало шрапнели, но всушност станува збор за превид на атентаторите. Металот од кој загина возачот е парче од каросеријата на амито. Не го предвиделе мекиот француски метал”, вели полицискиот стручњак за експлозивни материјали.
Втората жртва била само “колатерална штета”. Христоманов не е повреден од шрапнел, туку од пламенот кој настанал при експлозијата.
Никој не ја презеде одговорноста: По обидот за убиство на Глигоров не се појави ниту една организација или поединец кој ќе ја презеде одговорноста за претседателскиот атентат.
“Ова укажува дека немало политички мотив за насилна смена на власта или, пак, за лична ликвидација на претседателот од која политички би поентирал некој негов ривал како што тоа е најчесто случај. Немаше ни терористичка организација која би имала некои свои политички барања”, вели стручњакот.
Телефонскиот разговор: Удбаш предупредува и на уште еден неразјаснет факт, а тоа е што се случило со транскриптот од разговорот што бил фатен на радиоврска непосредно неколку минути пред атентатот, а во кој се споменува локацијата каде што е изведен нападот. Имено, непосредно по атентатот беше објавено дека полицијата фатила разговор помеѓу две лица на радиоврска и дека од тоа било направено транскрипт. Таа информација подоцна никогаш не се спомна.
“Ако станувало збор за радиоврска, тогаш имало и фреквенција за која е потребна дозвола од надлежен орган”, вели Удбаш.
Дали можеби тоа не било разговор помеѓу структури на полицијата?


Засега, МВР нема да реагира на признанието на Фрчкоски. Високи извори во МВР велат дека Фрчкоски само се обидува да го покрие она што е очигледно: “дека не успеа или не сакаше да се справи со истрагата за атентатот на Глигоров”.
Во обвинителството до затворањето на весникот мистериозниот човек не се појавил да посведочи.


Досега на листата сомнителни се најдоа “Ослободителната војска на Македонија” со седиште во Австралија, како и бугарската Мултигруп или југословенската КОС, но не се пронајдени докази околу нивната вмешаност во атентатот. Осомничен беше и Аслан Нуиши, кој пред две години беше уапсен од словачката полицијата поради шверц. Во април годинава во јавноста проструи информација дека Арбен Шефќини, поранешен прв разузнавач за Тирана, Авни Колдаши и Будјон Мече (инаку, обвинети за киднапирање и исчезнување на скопскиот бизнисмен Ремзи Хоџа) исто така се вмешани во атентатот на Глигоров.

,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2010 во 00:14
Интересно:
ДПМНЕ бара појаснувања од Фрчкоски за Глигоров.
Дебата на тема: ,,Атентатот врз претседателот Глигоров мистерија или настана Ад Акта?,, одржавме на 30 Септември 2010 година во Доморт на АРМ. Сите опоканети дојдоа сем преставници од ДПМНЕ, Љубомир Данило Фрчковски за кого ја отворив и темава а на кого имав и дда му поставам многу прашања врзани за, пре и по настанот. Исто  Така не дојде и Павле Трајанов.
Власта во полн состав тој ден имаше задача н пратенички прашања да одговара, но не одговори ниту на едно штом на прашањето до каде е поднесениот ,,Предлог Закон за измена и дополнување на Законот за Борци ос АФНОВ 1941/45 на Р. Македонија,, поднесен од борците од војната 201 година дале одговор дека ќе одговорат во писмена форма. Брука Македонска.
А сега појаснување од Фрчковски. Па што не беа мажи да испратата бар жена па макар и Благородна Вулиќ на таа Дебата па да имаат лице денес од како јас напишав цел роман а за амата вистина за атентататот има ода се шува уште многу.
ДПМНЕ, прво треба да каже кој и зошто во 2001 година ја нарача смртта на истражниот судија Здравко Василев и каде се доказите за сторителот и нарачателот на атентатот, од причина што тие беа на власт кога се случи смртта на Здравко Василев.
Впроцхем ако имате се погоре прочитано погледајте го и ова па дајте свој коментар:


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E1BC933ADA4B9D4E97262DC2D8B1E208



 
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2010 во 00:25
погледајте го и ова:


 Сведокот лажел, се’ друго било дрн-дрн јариња 10.06.2009
 

Шврговски објави дека фотографијата е направена од германски професор Хајнц Хербриг кој бил во посета на МАНУ за време на атентатот. Не биле точни ни наводите дека амито било купено од негов колега полицаец, бидејќи таков полицаец каков што посочил сведокот не работел ни во МВР ни во ДБК Помалку

Беа сослушани 5 лица и беше направена анализа и вештачење на цела документација. Изнесените тврдења се неточни“, објави, Државнито јавен обвинител Љупчо Шврговски на денешната прес-конференција.
Сепак, тој тврди дека истражувањето на случајот продолжува, иако предметот по ова практично ќе ставен ad acta.
“Па нема истрага по предметот. Тој е во предистражана постапка и таму оти нема конкретен сторител. Покренување на постапка по непознат сторител е само дрн-дрн јариња“, налутено одговори обвинителот за тоа оти предметот 13 години тапка во место и досега ниту еден обвинител не покренал постапка.
Нов обвинител кој ќе работи на случајот ќе биде Марко Зврлевски.

Спорните фотографии сепак се германски

Инаку, сведокот три пати бил во Обвинителството. Бил сослушуван од јавен обвинител кој потоа бил тргнат од случајот, како што тврди Шврговски поради тоа што заминал на боледување.
Обвинителството го проверувал наводот на сведокот дека неврзан разговор со негов колега дознал дека амито од атентатот на Глигоров бил купен од него, но никој од ДБК и од МВР не го препознало лицето кое го опишал сведокот, а ни тој самиот не поседувал докази за ваквото тврдење.
„Во однос на тврдењето дека не постои германски турист кој ја направил фотографијата на местото на атентатот и дека сведокот сам ја фотографирал, а потоа заедно со негативите и развиената фотографија ја доставил до ДБК, не е вистина оти ја поседуваме оригиналната фотографија и негативи добиени од германски научник Хербриг кој бил на службено патување“, тврди Шврговски.
Според проверките на обвинителството, Хербриг бил германски професор на службено патување во МАНУ  во време на атентатот и тогаш направил 64 туристички фотографии од цела Македонија, меѓу кои и две фотографии пред Старата железничка станица, каде се гледа спорното ами. Филмот од фотоапаратот бил евтина германска марка која не се користела во Македонија. Фотографиите биле откриени при подоцнежна возвратна посета на двајца македонски професори. Била направена уште една слична фотографија, на која се гледа и самиот професор Хербриг, но и раниот Климе Коробар. Оваа фотографија била направена од неговиот колега Вернард Трининг. На двете фотографии има едно лице во позадина кое ДБК по атентатот го открило неговиот идентитет, оперативно го следел и набљудувал, но ништо не го поврзувало со атентатот.
По препознавањето, фотографиите со асистенција на тогашниот амбасадор во Германија, Срѓан Керим и германската служба БНД и нашата ДБК е добиена во Обвинителство.
Фотографијата  и негативите била заведена во втор оддел на ДБК на 14 декември 1995 г., два месеца по атентатот.
„Во деловодната книга нема заведено службена белешка како што тврди сведокот, а со која му се наложува да го слика местото на настанот“, вели Шврговски.
Лицето, за кое сведокот тврдел дека го развил филмот одделот за пиротехника во МВР, исто така не работело таму од мај 1995 г.

Кривична пријава за сведокот поради лажна пријава?


Јавниот обвинител Шврговски не сакаше да каже дали ќе има кривична пријава поради лажна пријава на сведокот, но тоа не е исклучено со оглед на тоа дека се работи за тврдења кои споменуваат државни институции и се работи за кривично дело против претседател на државата.
Инаку сведокот бил соочен со фактите и доказите и немал коментар на тоа.
„Не сум психијатар за да давам психолошка оценка за неговата подобност“, рече Јавниот обвинител
Сега обвинителството ќе ги проверува мотивите на сведокот за лажната пријава. Од кривично гонење ќе биде ослободен Фрчкоски, бидејќи тој самиот ништо не тврдел, туку го пренел во јавноста само она што сведокот му го кажал. За другите наводи во јавноста, како оние на Павле Трајанов и на Слободан Богоевски, Шврговски рече:
„Тоа се само балони за јавноста. Нека бидат храбри и нека дојдат во обвинителството, а не да објавуваат по медиуми. Се работи за шпекулации и нема зошто по службена должност да ги проверуваме“.
Во врска со одредени наводи дека сведокот добил електронска пошта од МВР со инструкции за тоа каков исказ да даде пред обвинителството, Шврговски потврди дека постоела порака, но таа не се однесувала на сведочењето, ниту на атентатот.
„Ми даде плик со дискета. Ги проверивме податоците, имаше информација дека двајца службеници на ДБК во времето на атентатот биле во Германија, но ни самиот сведок не знаеше да објасни каква врска има тоа со атентатот“, објаснува Шврговски.
Според него нема значење ни неодамнешната оставка на ЈО Звонко Ристески кој во времето кога Ставре Џиков беше Јавен обвинител го водеше предметот за атентатот.
Шврговски не сакаше да коментира ни зошто предметот е во Обвинителството во организиран криминал.


,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2010 во 00:50
Но, колку да им се даде к*рс во размислувањата на ДПМНЕ со цел да погнат сами од себе еве и една интересна но и работа која секој не може дда ја свари.
Простете схто ви ја презентирам на англиски и верувам дека нема да бидам сватен и да добијам критика дека сум ,,оф топик,, а сето е од немање на време да ја преведам на македонски но и онака сите нема да ја рзберат па нека ја цхитаат оние за кои и е наменета односно ја наменувам на оние кои кје ја разберат а верувам дека знаат и англиски.
поглдедајте:


July 31, 1995 Digest News Agency No 200

Life

Serbia: Serbs without Coffee

Work on the Serb Encyclopedia is one of the top priorities for the Serbian Academy of Arts and Sciences (SANU) which also intends to set up a museum of Serbian literature. It published the third volume of the Illustrated History of the Serbs which has been called the "highest achievement of our publishing" while the Short History of Serb Culture "rights a great injustice". And those are just some examples of projects which are intended to raise Serbia.

A regular session of the SANU assembly (May 25) heard its vice chairman Aleksandar Despic announce the start of work on the encyclopedia because "it is a great work that aims to gather in one place all that represents the history and culture of the entire Serb nation and the territory it has inhabited for ages".

Three years ago when the Serbian government suggested a Law on the Serbian Encyclopedia, academician Cedomir Popovic, vice president of the Serb National Foundation and the man who heads the encyclopedia team, said "the encyclopedia will include general terms but only the one that are directly linked to the historic development of the Serbs. Not to view the world from our small Balkan perspective but to see who we are, what we are and where we are in Europe, in the world. That is an almost imperialist ideology which claims that we are the world and we know we aren't. Because of that the encyclopedia should be dominated with our topics and our links to the world. It will include those foreigners who influenced our history. For example, we won't deal with great geographic discoveries, like the discovery of America since it has no direct bearing on Serb history. Probably we won't include the word coffee since what explanation could we give in a Serbian encyclopedia? But we will cover historic figures like Maria Theresa since she ruled a part of our people for a long time and affected our history."

 

 

Slovenia: Trouble With the Neighbors

Until recently it seemed Italy was the only obstacle standing in Slovenia's way to the European Union, now it seems the Slovenes are going to have just as much trouble with Austria.

During the break-up of the former Yugoslavia, Austria wholeheartedly helped Slovenia and relations between the two states were never better. The time seems to have come for Austria to hand its bill to Slovenia but because of public pressure at home and the Italy-Slovenia disputes. Karl Muller, Austria's Charge d'Affaires in Ljubljana asked to see Foreign Minister Zoran Thaler to inform the Slovenes that Austria, under public pressure, will demand recognition for the German minority in Slovenia and the return of all property seized after the end of W.W.II.

Several days later, that same demand was voiced by Austrian Foreign Minister Wolfgang Schussel. Austria also asked Slovenia to shut down all the duty frees on its border and close the Krsko nuclear power plant.

Austria's diplomatic service reiterated its stands that Slovenia cannot be the successor of the state treaty between the former Yugoslavia and Austria which ensures protection for the Slovene minority in Austria. The disputes with Italy gave those demands priority. Although all property issues between Italy and Slovenia were resolved in 1992 thanks to a reconfirmation of the 1983 Rome Accord, the new Italian administration managed to raise the issue again. Finally, faced with constant Italian opposition to its treaty on associate membership in the EU, the Drnovsek government offered to return 300 property titles to Italian owners. Once it was clear that Italy's ultimatum's drew no opposition from the rest of the EU, Austria made its demands.

There are rumors that Austria is trying to profit from the fact that its southern neighbor is no longer a state that can endanger it offensively while Austria has offensive capabilities.

Similar warnings were heard in the early 1990s when Slovenia was debating independence, but the public laughed them off. Now even the rightist press is writing about Austrian neo-colonialism, paternalism and profitable support.

 

Macedonia: Purges in the Government

Corruption and dirty deals within Macedonia's top government and ruling party ranks reached levels where Prime Minister Branko Crvenkovski had to declare an uncompromising fight against crime at the initiative and with the support of several high-ranking officials.

The ice was broken and the Prime Minister fired six government officials,

Everyone knew about the crimes among the authorities but it was dangerous to say anything about it until the Prime Minister spoke up.

Pavla Trajanov, former assistant public safety minister, voiced public warning in March last year of the country being taken over by criminals and corruption with the frequent involvement of the authorities and party officials. Home Affairs Minister Ljubomir Frckovski reacted immediately. He fired his assistant for voicing claims he could not substantiate.

The first purges started in the army. Defence Minister Blagoje Handziski fired four of his associates (undersecretary Aleksa Stamenkovski and three aides: Kiril Ninevski, Bozidar Petrvoski and Tomislav Dimitrievski) without warning early in July for "not showing adequate work results".

The big purge went on to the home affairs ministry where a large number of officials were dismissed and there are indications another 150 could soon follow.

The Prime Minister said he fired six officials: Kire Sonevski director of the public income board, Vencislav Efremov director of the property directorate, Dimitar Belcev undersecretary in the foreign ministry charged with economic relations, Dragan Pacinov undersecretary in the urbanism ministry, Angel Nikolovski chief republican market inspector and Vera Markova chief labor inspector. The explanation was that their work results were not satisfactory. The Prime Minister then immediately added that he wouldn't stop there and announced a special program to prevent crime in all forms with emphasis on corruption, organized crime, money laundering and drug dealing.

Ilijaz Sabriju, Labor and Social Policies Minister, could be next along with Esterfu Aliju, Culture Minister, (both members of the Economic Prosperity Party) who have faced a lot of criticism.

Party affiliation is another problem. Namely, Risto Ivanov and Stevo Crvenkovski are Liberal Party members which is now being linked to the danger of the government coalition breaking if the Prime Minister persists, Many analysts predict that the Prime Minister will have to compromise in the end.


,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 151617
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,500 секунди.