IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Љубов
  Активни теми Активни теми RSS - Тажна приказна
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Тажна приказна

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
Автор
Порака
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2011 во 23:51
....тага.....
 
Си беше една девојка,која имаше црна виткана коса и плави очи. Таа имаше 13 години и беше вљубена во едно момче од нејзиното мало. Но како дете кое нема зрел ум беше залетана до облаци кон него. А тој не ни ја погледнуваше кога ке се разминат. Тој ја сакаше нејзината најверна другарка.Но таа него не, но кога таа разбра дека нејзината другарка е лудо вљубена во него таа од инает се плеткаше со него. Правеше се за да ја растажи другарка си. Таа си легнуваше секоја вечер со насолзени очи. Нејзините родители се загрижија таа престана да јаде. Се повеке и повеке слабееше и лицето и помодруваше. Една вечер кога сите другари од школото и дојдоа на посета дојде и момчето вое таа беше вљубена таа само што сакаше да каже пред него и сите дека го сака тој избрза и рече ајде стани немој да бидеш таква види ја твојата другарка здрава и убава, ајде стани направи се и ти како неа и ке си фатиш некој исто како што таа ме има мене. Таа неможеше да издржи и со милостив глас рече ве молам одете си сакам да одморам. Тие си отидоа и утре дента слушнаа дека таа умрела. Сите отидоа кај неа дома и земаа по некој нејзини работи за да ја имаат како спомен, момчето тражеше и тражеше и реши да скине еден лист од нејзиниот дневник. Тој го скина листот каде пишуваше дека го сака и занего ке умре гладна и модра. Тој ден тој отиде кај нејзината другарка и пред тој да почне таа се изнасмеа и му рече многу си глуп одиш со мене а јас несакам ни да те прегрнам а сега доагаш да ми кажеш за она што го прочита знам и знаев. А сега оди си. Тој веднаш истрча на железничката станица и го прегазе воз. На оној свет тој неја ја помоли да му прости ....и рече и да ми простиш и не .......јас сепак ке седам гладен и модар........
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2011 во 00:06
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2011 во 00:35
А зошто трошиш воопшто време за читање на патетични прикаскизбунетостзамисленост
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2011 во 00:44

Od kaj znam kakov e krajot na filmot ako ne go izgledam do kraj....збунетост

Dokolku curava vo prikaznata gordo si go svitkala opasot bez toa placenje pred vrata i ne znam ona so cepanje na slikite koi mu gi pracala i nemase da bide pateticen krajot....Da ne recam celata prikazna....Vakaaaaaaaa....cccc....не

You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2011 во 01:26
Фале уше едно -и тогаш Естебан се разбуди од кома. И туто комплето.
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2011 во 02:06
... ДРУГАТА СТРАНА НА ЉУБОВТА !!! ...
Се разбуди покрај неа, како и секое утро.Сонцето се пробиваше низ тешките завеси, кршејќи ја темнината во собата.Тој ги отвориочите, се прозевна и стана, упатувајќи се мрзеливо кон купатилото.На враќање го зеде утринското кафе, една столица и седна недалеку од неа.Таа лежеше со затворени очи, прекрасна жена во неговиот кревет, прва љубов што воопшто некогаш ја доживеал.Беше нежна и прозирна, а наместа кожата и беше прошарана со тенки вени, кои ја нарушуваа таа совршена белина. Ја гледаше со поглед на човек кој знае да препознае убавина. Секој дел однејзиното тело го познаваше како да е негово. Патецот на косата, ушните школки, обликот на веѓите, сјајот в очи, нејзините усни создадени за бакнежи, сите насмевки и гримаси кои понекогаш го изобличуваа тоа анѓелско лице. Имаше обли,но сепак детски гради, совршено долги нозе, со мали убави прсти.. Бавно го испиваше кафето, не чувствувајќи го вкусот. Првпат кога ја виде.. таа беше толку недостижна за него. Не, не дека не можеше да и пријде, туку во нејзиниот свет немаше место за никој освен неа. Побудуваше кај него страв, посакување и омраза. И велеше дека ја ЉУБИ каква и да е, но никогаш не јаприфати. Се обиде неколкупати да ја скрши, да ја направи зависна од себе, но безуспешно. Беше врзан за неа и тоа го плашеше. Кога ја гледаше, се чувствуваше како пред него да сеотвориле портите на рајот, а тој, обичниот смртник, не можеше да допре до неа. Таа беше се она што тој отсекогаш посакувал, се она што значеше ЉУБОВ.. Понекогаш исчезнуваше со денови, без да се јави, да го побара. Немаше извинувања, само молк. Никогаш не се караше со него, само го гледаше загадочно како да знаеше нешто што за него засекогаш ќе остане тајна. Тој молк...тој молк го убиваше.
-“ Ме излуди “- извика, стискајќи ја шољата со кафе. Таа не го слушна. Лежеше во креветот нестварно убава, лежеше гола, изложена на неговиот поглед. Секое утро стануваше пред неа
за да украде дел од нејзиниот сон. Само во тие кратки моменти
чувствуваше дека ја има, дека му припаѓа, само тогаш тој беше во
предност. Не, не беше тоа натпревар меѓу нив. Тоа беше однапред изгубена битка развлечена во времето.Тој беше немоќен и свесен за својата немоќ, беше исплашен и свесен за својот страв, беше луд од ЉУБОВ и свесен дека никогаш не ја имал.. Се исправи. Денот беше длабоко навлезен во собата.
Застана пред неа.. Таа лежеше в кревет...нежна...со прозирна кожа...скоро совршено бела...освен модроцрвената линија на вратот, обвиткан со жица...
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
laki_bu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Лидер

Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki_bu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2011 во 02:16
Мораме да запомниме дека не сме единствените кои се нашле во безизлезна ситуација. Исто како што леталото од хартија се крева на ветрот, дури и најтешките маки можат да нé направат посилни. Како што илјадниците пред нас ги снашла иста судбина и успеале да се справат, така можеме и ние! "
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Кон врв
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2011 во 10:43
 
 
 

ДАМЈАН И МОНИКА (вистинска приказна)

Тоа летно попладне  во почетокот на осумдесеттите портокаловиот автобус на Транскоп – Битола на познатата релација ББ – Битола – Брајчино и назад истовари само двајца чудни патници. Млад пар, на свои дваесеттина години, облечени прилично чудно за селската конзервативна средина.

Тој: со долга костенлива виткана коса, негувана брада, цвикери „ленонки“, облечен во џинс со кожено елече и карирана тексас кошула и високи кожени чизми на нозете. На грбот ранец (од него  никогаш не се откажа кај и да одеше), со голема патничка торба во десната и огромен касетофон во левата рака.

Таа: со долга плава права коса, тркалезно румено лице, облечена во долг индијански бел летен фустан до земја, наметната со шарено кадифено елече со цветчиња и летни сандали, помал ранец на грбот и патна торба  во десната рака.

„Море, море… кои се сега овие?“ – веднаш реагираше селското разузнавање кое од памтивек го водеше женската популација. „Сигурно се хипици, се „напиле“ дрога па заспале или го промашиле автобусот“ – беше нивната прва оценка.

Откако постоеја некоку моменти на Полената (средсело) разгледувајки ги високите планини кои се протегаа на сите страни наоколу, необичните гости полека се упатија кон селската продавница (кооперација) , епицентарот на сите настани во селото.

„Јас сум Дамјан од Словенија, а оваа ми е пријателка фрау Моника од Германија“ – се претставија пред одборот за дочек сочинет од целокупното машко население. „Останавме тука и автобусот се враќал назад дури утре сабајле во 5 часот. Ако има некаде да преспиеме?“ – додаде Словенецот будно следен од љубопитните погледи.
„Е де, знаеме и гледаме… и да сакате понатаму не можете, освен ако не сте тргнале кај мечките. Последна станица… Не се секирајте ќе ве сместиме некаде“ – утешно ги советуваа.

Се сместија кај еден од нив, но по еден час Словенецот сам се врати во кооперацијата подобро да се запознае со своите гостопримливи домаќини. Набрзина му беа прочитани основните правила на однесување зачинето со повеќе пива и исечен мезен нарезок на бела месарска хартија со чачкалици и поголема количина „вегета“.

Запознавањето се одолжи до сабајле, автобусот пак замина…

„Не се секирај, попладне пак ќе дојде автобусот и утре ќе си одиш“ – го утешуваа домаќините. Вечерта се повтори истата сцена…  Дамјан сериозно се вклучи во „читање“ со новите пријатели кои добронамерно го советуваа:  „Слушај, поарно е да останеш со нас до сабајле а после во 4 ќе си ја земеш пријателката и директно ќе си заминеш. Ќе те испратиме со музика…“

Така и би… автобусот пак замина празен.

Наредниот ден Дамјан доби понуда која не се одбива – А да останеш тука? Ете има празни куќи чии сопственици од странство и ќе дојдат за едно сто години. Ќе ти дадеме една и седи слободно.

Дамјан се согласи, Моника со нескриено задоволство… Вредниот Словенец веднаш ја среди, самиот си направи мебел од дрво, платно и коноп,  ја офарба и наслика (!) внатрешноста на просториите и стана дел од селото. Еднствениот електричен апарат што го користеше беше неговиот касетофон!

Извонредно се вклопи во екипата – научи добро да пие, да игра Бељот и се разбира да пцуе… Од него пак присутните слушаа за земјите во кои никогаш не биле, додека помладите со задоволство ги слушаа хитовите од неговиот касетофон (единственот електричен апарат што го користеше) од светските музички групи Битлсите, Стоунси, Дип Парпл, Лед Цепелин, Свит, Слејд…

Не помина долго време низ селото се пронесе блага ангелска вест – Моника е благословена!, на општа радост на женскиот дел на популацијата која ете имаше неповторлива прилика да ги провери своите гинеколошко акушерски знаења, додека машкиот дел од популацијата со нетрпение го чекаше денот кога новопечениот татко ќе го прослави тоа во кооперацијата. Изненадувањето беше уште поголемо кога дознаа дека новите комшии одлучиле породувањето да биде дома! Нешто што во селото се немаше случено којзнае од кога…
Кутрата Моника… со денови беше облетувана од бабичките слушајки ги нивните долги монолози за прерано починатиот сопруг, за синот во Америка кој и испратил најубава честитка за Нова Година и цели десет долари во неа, смешкајки се и одобрувајки иако не разбираше ниту збор!

Дојде и тој ден…

„Имаме нов човек!“, како к*ршум проструи веста низ селото предизвикувајки нескриена радост кај сите. Дамјан и Моника добија син -  Сан (Сонце)! Остана енигма како успеа да ја породи Моника таа ноќ кога едвај го довлечкаа до дома видливо „наштиман“ од кооперацијата. Немаше жена што не ја посети новата мајка на повојница, зачудено гледајки како новороденчето наместо во нови „купечки“ е облечено во старите волнени пелени одамна исфрлени од употреба пред налетот на новото.

Времето минуваше. Парите кои им стигнуваа козјнае од каде проретчија. Помошта од селаните беше недоволна. Дамјан почна да работи се’ и сешто да обезбеди егзистенција, но во зафрлениот крај тоа беше повеќе од уметност. Некој се сети на неговите сликарски способности и предложи да ја наслика малата црквичка Свети Танас која токму тогаш се градеше. Дамјан прифати и се зафати со работа… На ѕидот останаа неколку прекрасни фрески со неговите иницијали „DK“…

Но тоа не беше доволно за егзистенција… и еден ден селаните со жалење констатираа дека Дамјан, Моника и Сан ги нема… Заминаа тивко и мистериозно исто онака како што дојдоа… Никој повеќе не слушна ништо за нив…

Останаа само спомените, изреката „Ко Дамјана со ранецот“ и насликаните фрески на ѕидовите од празната куќа и црквичето…

Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Август.2011 во 12:41

Јест да љубовта е слепа и кога некој е заљубен до уши  може да направи све можно и неможно за својата сакана , но да си го ,,извади,, бубрегот  и да си го продаде , за може да купи најубав и најскапоцен веренички прстен , е тоа никаде го нема … упсссс , всушност го има во Украина  …

                                                       http://2.bp.blogspot.com/_SHz-I1PEjcs/TFMa4FIUKpI/AAAAAAAAAGM/gJNER4wVIw0/s1600/organ-trade.jpg                                          http://i52.tinypic.com/25jblep.jpg http://www.manhattanlsat.com/blog/images/no-finger.JPG

Сирот украинец немал друг излез за да купи веренички прстен и да ја запроси својата принцеза освен да си го продаде бубрегот  За тој орган од своето тело украинецот добил скоро 20 000 Е и купил прекрасен веренички прстен…   

Продавањето  на човечки органи  стана вистински исплатлив бизнис  , еве табела со цена за еден бубрег и државите каде може лесно да се купи , со смешна цена од 1000 Е во Ирак и околу 60 000 Е во Босна …


Ете во Украина околу 20 000 Е за еден бубрег … на пример ако некој побара од  Африка да купи бубрег и се јави донатор во Бразил кој добива ептен никакви 2 000 Е  од организираниот ланец на компании кои илегално се занимаваат со ваков исплатив бизнис , бубрегот се пренесува во специјални успови на зачувување на истиот во Њујорк каде до Африка веќе се наплатува над 100 000 Е на примачот…

Украинецот купил прстен и кога ја запросил својата сакана и при тоа ја раскажал својата агонија за да дојде до тие пари за да го купи , љубената му рекла НЕ !!! и го напуштила осудувајќи дека ваков гест само ,,ненормален ,, човек го правел и дека тоа не било љубов…

http://4.bp.blogspot.com/_zf1xcLdg8IA/TSTg7VhgqeI/AAAAAAAAArc/EVlXbaa67Xw/s1600/Grown+man+crying.jpg       http://2.bp.blogspot.com/_dVC25p81Z0o/S9BIsYfSiTI/AAAAAAAAACw/qOK8UwzcpE8/s1600/Broken+Heart.jpg   

Дали Вие би биле спремни да дадете некој дел од своето тело за својата сакан/ а …??



Изменето од volkswagen - 07.Август.2011 во 01:50
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2014 во 23:18
Не ги мешајте страста и љубовта ! Цената е превисока !
(Вистинска приказна)

Целиот наш живот е вечна борба меѓу срцето и разумот! И, иако повеќето од нас веруваат дека срцето никогаш не греши, јас сосема одговорно ќе ви кажам дека тоа не е така! Срцето е понесено од емоции, кои во комбинација со голема доза на еуфорија, создавват погрешни заклучоци. Заклучоци дека сакаш, а всушност си тогаш, во заблуда. Заклучоци дека си рамнодушен, а всушност си оставил здодевноста да те излаже. Заклучоци дека треба да направиш храбар чекор напред кон најголемата среќа, а таа всушност те чека стуткана во темниот агол од собата.

Наидов на една вистинска приказна, која откако ја прочитав не излегуваше од мојата глава. Приказна која нема да ви каже кој е во право – срцето или разумот. Но сигурно ќе ве натера да размислите кои се најважните работи во вашиот живот!

“Се вратив дома доцна, но жена ми ме чекаше. Додека ми сервираше едно од моите омилени јадења, јас и дадов плик со документи и и реков дирекно: “Сакам развод”!. Таа ме погледна и промрмори тивко: “Добро. Но зошто?” Немаше зошто да ја лажам. Таа одамна се сомнева за мојот однос со Ана. Затоа бев искрен, дека моето срце и припаѓа на друга жена. Жена ми ништо не рече и отиде да ми донесе уште малку леб. Ми стана чудно. Воопшто не се караше, не бе обвинуваше, не ми ни кажа дека сум свиња! Ми посака добра ноќ и си легна.

Следното утро ги најдов документите за разводот – потпишани! Таа немаше апсолутно никакви претензии кон менe – ниту автомобилот, ниту живеалиштето, ниту денар од вкупниот наш буџет. Ова тотално ме вџаши! И токму тогаш влезе. Ми рече дека не сака ништо матерјално од мене, но има само 3 молби. Првата беше да ги потпишам документите по еден месец. Добро! Тоа не беше никаков проблем за мене, ќе почекам. Второто барање беше да не кажувам на нашиот мал син до последно. Не сакав да кријам толку важно нешто од него, но до сега, признавам, жена ми секоаш знаеше што е најдобро за нашиот син. И третото барање најмногу ме зачуди. Таа сакаше да ја носам на раце до спалната секоја вечер во текот на овие 30 дена. Онака како што сум правел на денот на нашата свадба и уште неколку месеци потоа. Прво ми доаѓаше да и кажам да престане со тие глупости, но потоа си помислив дека таа не сака ништо друго од мене, затоа се согласив.

Дојде вечерта и јас ја зедов на раце кон нашата спална соба. Не бевме интимни долго време, затоа се чувствував прилично непријатно. Но токму во тој момент се појави  нашиот син и радосно извика: “Ха, тато ја носи мама!” Започна една искрена детска смеа и радост, која дирекно го прободе моето срце. Ја однесов сопругата. И ништо. Само што ми се чинеше малку полесна од пред тоа… Втората вечер сликата беше горе-долу иста, а по неколку дена нашиот син со нетрпение го чекаше моментот кога тато ќе ја носи мама на раце. Толку многу се забавуваше!

И јас почнав да се забавувам. Дури и ми стануваше се попријатно да ја чувствувам жена ми блиску до мене. Сватив дека многу долго време не сме ги допреле телата. Како дозволивме да дојде до тука?! Едната вечер толку многу сакав да ја бакнам, но се запрев. Јас го донесов своето решение и немаше враќање назад.

И последниот ден од месецот дојде. Ја зедов жена ми во раце и тргнав кон спалната.  Не сакав да ја пуштам! Но веднаш ја избркав таа мисла од главата. Бев обврзан кон Ана. Таа со нетрпение чекаше да пројде овој месец и да бидам со неа. Тогаш еден ѓавол во мојата глава викна: “Будала, не беше ли обврзан кон семејството!” Си легнав и неможев да заспјам. Го гледав нејзиното кревко тело до мене. Беше толку блиску, а во исто време толку далеку.  Толку сакав да ја повлечам, да ја прегрнам и така да останеме до утрото. Но не го направив тоа. Донесов одлука и немаше враќање назад.

Следното утро тргнав кај Ана, за да и кажам дека веќе спокојно можеме да бидеме заедно. Но кога таа ја отвори вратата, јас веќе знаев дека не можам да го направам тоа. И реков: “Жал ми е, не сакам да ја оставам жена ми, ја сакам!”. Ана ми залепи шамар. Ми ја тресна вратата пред нос. Чудно, но не ме заболе. Немав трпение да се вратам дома – кај жена ми.

Застанав пред една цвеќара, купив огромен буќет рози и разгледница на која напишав: “Сакам да те носам секоја вечер на раце до нашата спална соба. Додека смртта не не раздели!”  Во еден здив ги искачив скалите и влегов дома. Потпевнував, бев многу весел, чувствував дека моето срце е преплавено од љубов не кон кого да е, туку кон мојата жена! Милата, нежната, паметната, прекрасната…  Каква будала сум бил да барам интимност на друго место, наместо да се потрудам да ги решам проблемите во бракот.

Жена ми ја немаше во дневната соба. Влегов во спалната и ја видов како лежи на креветот… Ми се стемни! Беше бела како платно, ладна и не дишеше. Ја тресев, ја бакнував, викав, но таа не ми одговараше. Тогаш видов една мала белешка на нејзиното ноќно шкафче. Таму пишуваше дека повеќе од една година таа се борела со една од најпознатите предавнички болести – рак. Боже, бев толку зафатен со Ана, дури не сум ни забележал. Пишуваше дека не ме обвинува и ми се заблагодраува што сум и ја исполнил нејзината најголема желба, нашиот син да запомни дека мама и тато до последно се сакале, како на денот на нивната свадба.

Не знам дали некогаш ќе си простам, зошто дозволив да се грижам за друга, кога најскапата била во мојот дом. Зошто ја измешав страста со љубовта, зошто не се борев за вистинската! Онаа која ја имав со жена ми. Го пишувам ова со болка во срцето, но ве молам, научете нешто од мојата грешка. Дајте шанса, борете се, затоа што, штом сте решиле да креирате семејство со еден човек, сигурно сте доживеале силни чувства кон него! Борете се, не се откажувајте! Најлесно е да избегаш. Но штом избегаш, враќање назад нема… Животот ни става стапици. И тоа заводливи стапици! Само што се си има цена! Цена која не секогаш ќе бидете подготвени да ја платите!”

»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2014 во 00:25
Ако ги затворам очите , нема да го гледам тоа што не сакам ... 
Но така нема да е полесно ... Нема да гледам ... Но ќе чувствувам ... 
Затоа што не можам да ги запрам чувствата кои не сакам да ги чувствувам ... 
Навираат длабоко во душата ... 
Се борат видот и мислата ... 
Што е полесно ??? ... 
Ниту едно од нив ...!
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2014 во 22:51
Потажна здравјетага

Еден врнежлив ден Ива се шеташе низ улиците по градот. Таа сакаше да шета по дождот и секогаш велеше дека и помага да ги заборави секојдневните проблеми. Ива беше ученичкa и имаше 17 години. Беше одлична ученичка, се додека не ги сретна тие плави очи кои и рекоа “здраво“. Од тој ден незините родители забележаа дека нешто се случува со нивната ќерка. Почна да се шминка чудно,  почна да облекува сукњи, а претходно не можеа да ја убедат да облече нешто друго освен фармерки.

По неколку дена нејзиниот татко ги најде и сликите од Кристијан во нејзината фиока. Од тогаш не смееше да излегува надвор. Понекогаш кога ќе и задоцнеше автобусот и дома ќе дојдеше покасно нејзините родители не и веруваа. Ива секој ден беше се потажна и потажна, цело време во главата и беше Кристијан… Сеуште не се познаваа доволно а знаеа дека припаѓаат еден на друг. Кога врнеше дожд тие секогаш се шетаа заедно, а тогаш Ива ќе речеше “ајде под нашето дрво “, ќе седнеа на клупата под дрвото и цела вечер ќе разговараа.

Ова траеше шест месеци.

Шест месеци незаборавна љубов, прекрасни денови…

Ива беше цело време надгледувана од нејзините родители но тоа не можеше да му го каже на Кристијан. По извесно време под голем притисок на нејзините родители таа мораше да го заборави Кристијан. Тој секогаш ја чекаше на клупата под дрвото, но Ива не доаѓаше. Ја немаше, а кога ќе прашаше за неа, сите чудно молчеа.

Ива потполно се промени. Еден ден другарките и кажаа дека Кристијан заминува од градот со првиот воз, а на тоа само рече “тука ја најдов и тука ја изгубив среќата“.

Возот тргнуваше во 14.00 часот. Таа се враќаше од училиште, и место дома таа отиде на железничката станица. Го најде возот кој требаше да тргне ,го најде и него, со солзи во очите. Кога Кристија ја виде Ива и скокна и силно ја гушна. Двајцата плачеа.

Кристијан рече “ ќе престанеме Ива, што да правиме, само да живееме среќно“? А, таа само молчеше и гледаше во неговите плави очи кои беа полни со солзи.

Возот тргна “збогум Ива, може ќе се сретнеме некогаш. Јас заминувам, а ти знај дека секогаш ќе те сакам и вечно ќе живееш во моето срце“

Долго време на прозорецот се гледаше раката на Кристијан, а таа стоеше и мафташе со раката по возот. Потоа појде дома и влезе во нејзината соба.

Незнаејќи како да најде начин да излезе од овој кошмар таа реши да посегне по својот живот. Кога неј зините родители заминаа на работа, таа седна во нејзината соба и размислуваше како да го изведе тоа. Беше Петок 13-ти. Одеднаш влезе во бањата пушти и топла вода и посегна по жилетот…

Ива полека но сигурно чекореше кон смрта.

Незиниот татко влезе во бањата и почна да вика “јас сум за се виновен,за се!“.“Јас ја убив!“. Мајката отпрвин не го разбра, но кога виде падна и се онесвести.

Дојде и брза помош , но беше предоцна.

Во нејзината соба најдоа писмо,во кое пишуваше :

Петок 13 ти

Драги тато

Немој да ми се лутиш. Ова беше најдобро и најлесно решение. Мојот Кристијан замина од овој град а јас засекогаш од овај свет. Вие сте уште млади. Ако некогаш би имале ќерка, дајте и го моето име Ива. Нека има се што немав јас. Нека биде среќна.

И покрај се јас ВЕ САКАМ… вашата Ива

Ден после смрта на Ива стигна писмо од родителите на Кристијан, а во него пишуваше:

Сабота 14-ти

Драга наша Ива

Кристијан не е повеќе жив. Од кога се врати, делуваше некако изгубено. Беше Петок 13 ти. Овде врнеше дожд, не сакаше да земе чадор, незнам зошто. Чекорејки по мократа улица одеднаш се фрлил под кола. Пред да умре ни остави писмо: “Јас морам кај мојата Ива , таа ме вика“.

Ни ја даде твојата адреса за да ти пишиме ДЕКА МНОГУ ТЕ САКАЛ.

Родителите на Кристијан…”

»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2014 во 23:11
 

НАМЕСТО СВАДБА, ПЛАЧ И ТАГА – 24 ГОД, БРЕМЕНА ДЕВОЈКА ПОЧИНАЛА ВО БОЛНИЦА ВО СКОПЈЕ


Наместо најсреќниот ден во животот, да се облече во бело и венча, 24 годишната Доњета Ахмети го зави во црно семејството.donjeta_ahmetiСе подгптвувале за свадба, оро, среќа но сега се подготвуваат за погреб на младата девојка. На денот на свадбата, Доњета доживеала излив во мозокот, паднала во кома и починала пет дена подоцна, јави дописникот на МИА.За трагедијата да биде уште поголем, девојката била бремена, пишуваат медиумите.

- Два часа пред да дојдат сватовите таа се струполи во куќата на нејзините родители, од каде требаше да излезе во бела венчаница. Прво ја однесоа во болницата тука, но за да добие подобар третман ја префрлиле во Скопје. Само што пристигнаа во Скопје не известија дека мозокот и е мртов… И го одржуваа во живот само срцето, изјавила низ плач нејзина блиска колешка.

Ведрата, секогаш насмеана, енергична, вака ја опишале девојката нејзините пријатели. Доњета била академски граѓанин и работела во компанијата ИПКО.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.