Испечати | Затвори го прозорот

Тажна приказна

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Интима
Име на форумот: Љубов
Опис на форумот: Верност, другарство, страст, љубомора, мерак... или се’ заедно?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=8034
Датум на принтање: 24.Ноември.2024 во 13:39
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Тажна приказна
Постирано од: Invisibleman
Наслов: Тажна приказна
Датум на внесување: 20.Јуни.2007 во 16:54
Pricinata koja se zacleniv na ovoj forum e tokmu ovaa tazna prikazna koja ja najdov na nekoj drug forum,no ne e vazno toa.Vazno e da procitate za da ne se najdete vo nesto vakvo.
Pa koga ke imate vreme procitajte.


... Моето име не е важно.
Тогаш имав 26 години. Бев многу успешен, при крај со студиите, со хонорарна работа која ми носеше повеќе пари за џепарлак од што ми требаа. Спортував и добро изгледав. Посебно бев горд на плочките на стомакот, на кои долго работев после болното раскинување на долгата врска.

Мојата девојка беше слатка, витка и многу пријатна. Друштвото ја обожаваше. Повремено работеше и беше последна година на економија. Фино се сложувавме. Сексот беше одличен.

Тогаш имав многу хобиа. Бев доста друштвен и сакав да си удоволувам на секој начин.

Имав најдобри другари кои можат да се посакаат. Толку бев горд на нив што ако некој ме прашаше што е највредното нешто што сум го постигнал, би одговорил : другарите.

Односите со родителите ми беа одлични. Посебно бев горд на својот брат кој можеби не сакаше да учи, но израсна во одличен човек.

Се` на се` бев млад, успешен и перспективен дечко. Секогаш насмеан, со само еден белег на душата од раскинувањето на долгата врска. Но и белегот се излечи, па почна да ми делува позитивно. Девојките во моите очи гледаа дека пред нив имаат искусен дечко. Исто така и мудроста која ја стекнав бодејќи се за себе тие неколку месеци после раскинувањето, почна да се слуша во секој мој збор. Бев посмирен и точно знаев што сакам од животот - да го живеам.

И токму тоа го правев.

Елена ја запознав на море.
Беше права мала експлозија на убавина, долга плава коса, зелени очи, секогаш во лепршави фустанчиња со весели бои од кои и се гледаа совршените нозе.
Од сите приказни на околните момци, мојата беше најинтересна. Неколку ноќи се гледавме во кафичот на плажата, игравме, се смеевме и третата вечер се бакнавме. Таа вечер толку диво и лудо водевме љубов помеѓу карпите на плажата, што имав модрици по цело тело. Морам да признаам дека со девојката со која тогаш бев во врска неколку месеци, таков вид на страст не постоеше. Можеби постоеше на почетокот, сега веќе не се сеќавам.

Елена беше апсолвент. Исклучително негувана, миризлива коса и нереално бели и здрави заби. Мирисот на нејзината коса и нејзините течности просто повикуваа на грев. Се сеќавам дека можев само да лежам на кревет или во када и да се самозадоволам само со присетување на нејзиниот мирис. Ми се допаѓаше допирот на нејзината кожа и начинот на кој кажа: "На усните", кога ја прашав каде сака да свршам.
Со еден збор, чудо од девојка.

Повторно се среќававме во истиот кафич и само загонетно се смешкавме. Ми годеше таа мистерија.

Не разменивме ни телефони, ни никаков друг контакт. Не ни требаше. Тоа беше совршен момент и тоа е тоа. Искусен, го знаев тоа, а очигледно и таа.

Неколку вечери подоцна се вратив дома. Со тогашната девојка одма раскинав. Едноставно, долго време ме пратеше имиџот на дечко кој ги изневерува своите девојки, па без оглед што не ме интересираше тоа дека бев со чиста совест, искуството од другите врски ме научи дека девојките гледаат многу работи, а уште повеќе претпоставуваат. На крај, не сакав да ја продолжам врската со лага. Не ми беше тешко да измислам некоја причина за да се разделиме колку-толку нормално.

Дека сум заразен со ХИВ вирусот дознав случајно, додека давав крв. Ете, сакав да направам некое добро дело и некому да спасам живот. Испадна дека можам да одземам. За среќа, неколкуте врски после Елена имаа услов: секс со презерватив. Не поради болести, туку поради несакана бременост. Девојките понекогаш имаат среќа ... понекогаш не.

Ништо повеќе нема смисла. Зошто да завршам факултет? Зошто тие малку денови кои ми преостануваат да ги поминам во учење, кога тие предмети и така не ме интересираат?

Одам на море, се зезам, излегувам.

Понекогаш паѓам во депресија кога ќе видам некоја слатка девојка за која мислам дека можам да ја освојам. Но не, не дозволувам ни бакнеж.
Не сакам уште некој да плаче над жолтата хартија на која пишува "позитивен".

... и така. Вирусот не е активен сеуште, со други зборови сеуште водам нормален живот. Никој не знае, а и крв давав под лажно име. Ако ме прашате зошто дадов лажно име, нема да можам да ви одговорам - но, како да знаев.
Ми јавија на мобилен, припејд број кој не е регистриран. Бев уште еднаш, да се осигураат. Беа сигурни, не е тоа работа во која се греши.

Како знам дека е Елена?

Давав крв и пред неа.
После ја побарав, преку факултетот.
Починала пред три месеци, но не од сида, туку од запаление на белите дробови. Запалението ја убило бидејќи нејзиното тело измачено од вирусот, неможело повеќе да се бори. Нејзините родители кои ми го кажаа тоа, беа скршени. Борбата со болеста ги исцрпила до крајни граници. Бев сигурен дека нема и моите родители да ги вовлечам во таква ситуација.
Не знам дали знаела тоа лето дека е заразена. Не е ни важно. Сеќавањето на тој совршен секс ќе ми трае додека сум жив. Единствениот проблем е што тоа нема да трае долго ...

И да. Сите мои успеси, воодушевувањето кон другите поради добри девојки и пари, сега не ми значат многу. Никому не смеам да кажам и внимавам никој да не дојде во контакт со мојата крв. Немам ни секс. Немам ни девојка. Немам ни интерес за некакво хоби или спорт. Едноставно, седам и чекам да се случи.

Постојано му кажувам на брат ми зошто е добро да се носи презерватив со себе. Никогаш нема пари за нив, но јас му ги купувам и му ги ставам во џеб, скоро секојдневно. Малку чудно ме гледа поради тоа, но ќе преживеам ... мислам, неговиот поглед.

Само за едно жалам. Знаете за што нели?

И доста важно: имав многу девојки. Многу секс. На ниеден не се сеќавам. Ако ме прашате сега, би го дал цел тој секс, дури и да останам невин до 27 години, само да сум здрав.
Да се откажеш од еден секс поради остатокот на животот, кога немаш презерватив при рака, потполно е логично!

Незнам што ми беше тој ден, бидејќи се` знам за сидата, а знаев и пред тоа.

Ако извлековте нешто од мојата приказна, фино. Ако не, тогаш сте будали како мене. Можете да се нервирате, да пцуете или да плачете - на крај ќе седите, ќе гледате бледо во далечина и ќе се прашувате зошто баш вие ... "



Коментари:
Постирано од: LEGENDA
Датум на внесување: 20.Јуни.2007 во 16:58
Od sida ne se umira ...imaat pronajdeno lek u London ... garantiram 100 posto drugar mi raboti ko doktor tamu 


Постирано од: Goddes of Chaos
Датум на внесување: 20.Јуни.2007 во 17:25

Strasna prikazna ova ne e tazno ova e

uplaf!!!!!!!OuchOuchOuch  sekoj treba da znae


-------------
Narodot za najmudra kniga ja smeta onaa koja e najnerazbirliva za nego.-A.Hitler


Постирано од: Mindy
Датум на внесување: 20.Јуни.2007 во 17:37
Invisibleman, dodeka go citav tvojot post, me potseti na edno masko sto go znam i epten se uplasiv

ama koga gi sporediv IP adresite, vidov deka stanuva zbor za drugo masko.

Btw, u posledno vreme, se tazni informacii mi kazuvaat, duri denes dodeka se vozev so S-Bahn, mozese da se sluci tragedija, ama fala mu na Gospod se pomina vo dobar red.Unhappy



-------------


Постирано од: Isis
Датум на внесување: 20.Јуни.2007 во 17:41
zalno no vistinito



Постирано од: MisIcA,
Датум на внесување: 20.Јуни.2007 во 17:44
sto si baral
toa si dobil
 
zalno ama jebiga ZASLUZIL, strast, sex , ludilo, e sega  agonija STO PONATAKA I KAKO PONATAKA


-------------
атеист да бидеш е слично како да си далтонист
а цел живот да пишуваш и зборуваш
за боите...(модератор аџија)


Постирано од: Ангелче
Датум на внесување: 21.Јуни.2007 во 01:54
Originally posted by Mona Liza Mona Liza напиша:

Invisibleman, dodeka go citav tvojot post, me potseti na edno masko sto go znam i epten se uplasiv

ama koga gi sporediv IP adresite, vidov deka stanuva zbor za drugo masko.
 
И што? Ти олесна кога дозна дека тоа не е пријателот твој и си велиш "Фала богу што си ти а не мојот пријател' ?
Кога вакви работи им се дешаваат на луѓе кои не ни се блиски си велиме уффф суров е светот, а кога ќе го закачи некој наш близок пријател, од фамилијата или можеби и нас самите, е тогаш остануваме без здив. Колку е себичен човекот. И јас се ставам во тој круг, сите сме такви, повеќе или помалку - Господ нека ни е напомош!
А најмногу тебе срц (инвизбл) ако ти е вистинска приказната. (извини за сомнежот, одамна сум на нет)


-------------
1 2 3


Постирано од: Mindy
Датум на внесување: 21.Јуни.2007 во 09:56
Originally posted by Ангелче Ангелче напиша:

И што? Ти олесна кога дозна дека тоа не е пријателот твој и си велиш "Фала богу што си ти а не мојот пријател' ?
Кога вакви работи им се дешаваат на луѓе кои не ни се блиски си велиме уффф суров е светот, а кога ќе го закачи некој наш близок пријател, од фамилијата или можеби и нас самите, е тогаш остануваме без здив. Колку е себичен човекот. И јас се ставам во тој круг, сите сме такви, повеќе или помалку - Господ нека ни е напомош!
А најмногу тебе срц (инвизбл) ако ти е вистинска приказната. (извини за сомнежот, одамна сум на нет)


Angelce, nikade ne go pisuva toa sto ti si go napisala, taka da, te molam citaj kako sto treba i ne prevrtuvaj misli.
A sto se odnesuva di prijatelot, imam jas i takov prijatel so uste potazna prikazna, taka da citaj kako sto treba, ne gi mesaj rabotite.


-------------


Постирано од: MisIcA,
Датум на внесување: 21.Јуни.2007 во 10:13
za Invisibleman ne se raboti."taznava prikazna" ja pastiral na forumov kako pouka .denes sme site svesni sto proizleguva od vakvite zadovolstva i nepoznavanjeto na sexsualniot partner.


-------------
атеист да бидеш е слично како да си далтонист
а цел живот да пишуваш и зборуваш
за боите...(модератор аџија)


Постирано од: LEGENDA
Датум на внесување: 21.Јуни.2007 во 10:29
Abe ne se umira od sida ... samo treba na vreme da se otkrie bre ama ste needucirani


Постирано од: монте кристо
Датум на внесување: 21.Јуни.2007 во 10:37

citam i se cudam , a be koj ste vie da mu sudite na coekot , treba da ve sudi nekoj ako slucajno ste fatile bolest pa bilo grip  ili sida ? ova vi e poucna stvar . Gospod neka mu e napomos na coekot i na nas i na nego.



-------------
во овие години што следат , ќе видиме дали европа и христијанството ќе се спасат . И ТИ !!! можеш да помогнеш . ОД НАС СИТЕ ЗАВИСИ .


Постирано од: Dogi
Датум на внесување: 21.Јуни.2007 во 10:40
како Magic Johnson се излекува не ми е јасно?

-------------
Јас сум мајстор!

http://widget.meebo.com/mm.swf?asMwhdKtFb" rel="nofollow - Кликни овде за комуникација со мене (потоа кликнете во полето 'Edit nickname' и впишете го вашето име)


Постирано од: LEGENDA
Датум на внесување: 21.Јуни.2007 во 11:01
taka ima serum apcinja ama toa na zapad a kaj nas mozes da umres i od grip


Постирано од: Marta
Датум на внесување: 16.Јули.2007 во 00:15
Navistina tazna prikazna...i toa epten,me naezi i ostavi bez zborovi ama vsusnost toa e realnosta..mora da se zastitime..


Постирано од: MENANY
Датум на внесување: 16.Јули.2007 во 13:05
Sto si poseal toa ke si znees,i jas imav eden takov tip,mislese deka moze da gi ima site najubavi devojki na svet samo so taa razlika so negoviot kraj e so si se zeni so edna od najgrdite a i plus ne ja saka.
So si baral da ima sex bez zastita na denesno vreme so nekoj nepoznat ,koga dobro sme informirani za site bolesti so demneat.


Постирано од: connected
Датум на внесување: 17.Јули.2007 во 22:28
pozdrav do Invisible i do negoviot hrabar poteg, sepak alal da mu e na covekot so sobral hrabrost da ne potseti site nas kolku e kratok zivotot i kolku treba da go cenime


Постирано од: green-eyes
Датум на внесување: 18.Јули.2007 во 00:40
денес сме а утре можеби не сме


Постирано од: brza
Датум на внесување: 18.Јули.2007 во 00:41
stvarno,...tuzno,..

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: BiG_kIsS
Датум на внесување: 18.Јули.2007 во 13:47
Лошооо... Мене вакво нешто да ми се случи незнам што ќе направам OuchOuchOuch Ауу, се наежив....  И после кога ќе слушнам некој дека било побезбедно без отколку со презерватив ќе го истепам..... 
Иначе за лекот и јас слушнав дека е најден ама уште не е 100% сигурно зашто ако стварно е тогаш ќе има по сите весници и телевизии и интернет страни.... Значи уште е неофицијално... А и да го најдат некогаш, не верувам дека сите ќе можат да си го дозволат зашто ќе биде доста скапичок.....


-------------
Never be afraid to Dream... Live... Love and Laugh. Be afraid not to!!!


Постирано од: connected
Датум на внесување: 18.Јули.2007 во 14:17
upla da te fati, da ti e strav da se testiras. poarno da ne znaes i onaka nisto ne ti vredi. ke umreme site eden den,zosto da si go zamaram zivotot? i onaka nema lek


-------------


Постирано од: ZeZnAtA
Датум на внесување: 18.Јули.2007 во 14:18
Originally posted by connected connected напиша:

upla da te fati, da ti e strav da se testiras. poarno da ne znaes i onaka nisto ne ti vredi. ke umreme site eden den,zosto da si go zamaram zivotot? i onaka nema lek
 
 
koja glupost!
 


Постирано од: ANAKONDA.
Датум на внесување: 18.Јули.2007 во 14:23
Originally posted by zeznata zeznata напиша:

Originally posted by connected connected напиша:

upla da te fati, da ti e strav da se testiras. poarno da ne znaes i onaka nisto ne ti vredi. ke umreme site eden den,zosto da si go zamaram zivotot? i onaka nema lek
 
 
koja glupost!
 
 I   JAS  POTPOLNO TE PODRZUVAM "ZEZNATA"  OVA E NAJGOLEMA GLUPOST DOSEGA.......

-------------
...sakam da e*am mnogu...anakonda...


Постирано од: connected
Датум на внесување: 18.Јули.2007 во 14:27
posto e glupost, dali moze da mi kazes kako pomina tvoeto iskustvo so testiranjeto? posto gledam deka veke si imala takvo iskustvo pa da znam zosto ne sum vo pravo

-------------


Постирано од: MissWarrior
Датум на внесување: 18.Јули.2007 во 23:58
Lek za SIDA ne postoi da ne se lazeme.
Lekovite sto gi primaat HIV+ sano im pomagaat da go kontroliraat napredokot na virusot, i da ne dozvolat, odnosno da go prolongiraat pojavuvanjeto na SIDATA. Lugeto sto se pod takva terapija i rezim na zivot seuste se opasni za lugeto koi ne se zarazeni i ja sirat bolesta.


Постирано од: zajkoo
Датум на внесување: 19.Јули.2007 во 00:18
Pamet vo glava i prezervativi vo dzebot

-------------
Биди добар со сите,услужлив за повеќето, близок со неколку, пријател со еден, непријател со ниеден.


Постирано од: blue_line
Датум на внесување: 19.Јули.2007 во 02:46
stvarno tazno!

-------------
FERARI No. 1


Постирано од: ZeZnAtA
Датум на внесување: 19.Јули.2007 во 08:01
Originally posted by connected connected напиша:

posto e glupost, dali moze da mi kazes kako pomina tvoeto iskustvo so testiranjeto? posto gledam deka veke si imala takvo iskustvo pa da znam zosto ne sum vo pravo
 
 
jas ke ti kazam dve pricini zosto treba da napravis xiv-test:
-ako si inficiran treba da zapocnes porano so terapija koja ke ti go prodolzi zivotot.
-a ako ne si inficiran-ke ja nadmines napnatosta i bez rizik ke prodolzis da se zastituvas sebesi od virusot.
 
a dokolku te interesiraat poveke raboti eve kontektiraj so lugeto koi se strucni za taa rabota:
 tel.broj:070-63-16-23
e-mail : mailto:tacci_cvet@hotmail.com - tacci_cvet@hotmail.com
 


Постирано од: zbunet
Датум на внесување: 20.Јули.2007 во 00:00
Ona sto bidnalo, nema da se vrati na ispravka i zatoa postojat alternativni nacini da se uziva vo ostatokot na zivotot


Постирано од: connected
Датум на внесување: 22.Јули.2007 во 16:21
Originally posted by zbunet zbunet напиша:

Ona sto bidnalo, nema da se vrati na ispravka i zatoa postojat alternativni nacini da se uziva vo ostatokot na zivotot



indeed


-------------


Постирано од: izabella19
Датум на внесување: 04.Септември.2008 во 00:05
da se zeme primer od statijava, najdobro................................
nemam drug komentar

-------------
Ако човек не го очекува неочекуваното не ќе го открие,оти e тешко да се открие и e недостижно.


Постирано од: Lady Blue
Датум на внесување: 04.Септември.2008 во 00:52
Da , ova e navistina tazno i prikaznava e napisana so najdobra namera ....samo sto mora da priznaeme deka uste ne ja sfakame seriozno zastitata, pa nekogas se koristi a nekogas koga ja nemas pri raka si vikas "ajde de ne e nisto strasno"...zal mi e тага

-------------
I love life!!!


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 04.Септември.2008 во 01:22
Според она што јас го читав за СИДАта ако организмот бил претходно доволно јак може да се живее и подолго. Но во денешно време знаејки дека од самиот воздух кој е презагаден овде кај нас може да се земе како една причина плус за рак на бели дробови, од самата вода (која е дозволена за пиење) може да се добие песок или камен во бубрег...Кој може да има јак имунитет!? Јас за една недела паднав скроз со имунитетот и станав алергична на својата мачка со која делам кревет 4 години а да спомнам и дека израснав со мачки.
Да не забегувам од темата.
Храбар потег на членот секоја му чест, иако сепак јас би рекла. Не е само до заштитата...не се има денес секс „со кој ке стигнеш„ .
Таа била несовесна и му се нафрлила, начекала жртва...а на секој може да му се случи да е предизвикан и да не мисли на никакви последици.
Воопшто не го обвинувам него.
За жал кобна грешка.
Секоја чест повторно ке кажам за текстов.


-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: IQ
Датум на внесување: 04.Септември.2008 во 23:58
ova ne e tazna prikazna, tuku glupa. koa e nekoj dovolno glup da se oneduva so nepoznat chovek bez zashtita, ke si go dobie! trebalo da si misli na vreme a ne da legnuva so sekoj fustan. posle cacko e kriv.

-------------
http://imageshack.us">
[URL=http://g.imageshack.us/g.php?h=521&i=00001awbzx1.jpg][IMG]http://img521.imageshack.us/img521/


Постирано од: Monuska
Датум на внесување: 05.Септември.2008 во 00:28
Originally posted by LEGENDA LEGENDA напиша:

Abe ne se umira od sida ... samo treba na vreme da se otkrie bre ama ste needucirani


Не шири секакви си дезинформации овде и деца читаат. Ако не забележа, поентата на текстот беше дека односот без заштита може да биде кобен, токму поради СИДА... Се потепаа луѓево да им објаснат на младиве зошто треба да се заштитат, а ти овде ко многу едуциран промовираш некакви си лекови што само Доналд Трамп или Бил Гејс можат да ги купат... и ППБ (полови преносливи болести ако не знаеш) се лечат па пак треба да се заштитиш од нив...

-------------
Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...


Постирано од: zbunet
Датум на внесување: 05.Септември.2008 во 19:36
Sidata ve demne site VAS so slabi karakteri...kletvata na Desanka e golema


Постирано од: Zdravko81
Датум на внесување: 05.Септември.2008 во 19:48
Seriozna rabota ... sepak treba da se vnimava, nekogas sami si go barame nekogash toa ne najduva ... vo dvata slucaevi edniot pobrzo go nosi vodata a drugiot odma posle nego... i ushte najmalku cetvorica koi posle toa ke stanat 16 pa 256 iiiiiiii ............ jebiga, ajt .

-------------
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор


Постирано од: Eli
Датум на внесување: 09.Септември.2008 во 16:42
Sekoj sam si odgovara za svoite postapki..gi znaeme site posledicite od sex bez zastita..pa ne mi e jasno kako moze eden moment na slabost,da mi bide povazen od sopstveniot zivot..kolku i neso da te privlekuva ne go zimaj dodeka ubavo ne proveris sto e..u sekoj slucaj prikaznata e zalna..ama so da se prai..so pamet u glavata na ostanatite,toa ni ostanuva..

-------------
Човекот секогаш треба да остане човек,без разлика со што се бави и каков успех има..


Постирано од: RayBan
Датум на внесување: 19.Јули.2009 во 18:52
Awe Tazna e prikaznata...toa ti e jbg nekad bil nesto faca ova ona imal koja sakal a sea mu se slucilo toa. Ama najvazno e toa so toj koa svatil so mu e se povlekol a gi ima nekoi svakat so im e pa od bes neznaat so da pravat i vikaat "Zasto bas ja" pa da ne bidat samo oni se sexaat so koj stignat pa se desava "Strangers in the night AIDS in the morning!" Ama ne e ubavo toa taka....


Постирано од: RayBan
Датум на внесување: 19.Јули.2009 во 19:12
Btw toa deka za sida ima lek ne mi se veruva mnogu ama napredna e tehnologijata i medicinata denes pa se e mozno   

-------------
Да љубиш е како песна да пееш,но нема песна без крај!!!


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 16.Јули.2010 во 10:31
file:///C:%5CDOCUME%7E1%5Civica%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtmlclip1%5C01%5Cclip_colorschememapping.xml -

file:///C:%5CDOCUME%7E1%5Civica%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtmlclip1%5C01%5Cclip_colorschememapping.xml - - Вистинска приказна која ја прочитав пред неколку месеци во едно списание ...ме остави без зборови, до каде може да отиде човековата суровост и бесчувствителност...има многу за читање, но вреди да се прочита.

file:///C:%5CDOCUME%7E1%5Civica%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtmlclip1%5C01%5Cclip_colorschememapping.xml - - Се започна толку спонтано и неочекувано. Никогаш не помислував дека посетата на Германија ќе значи и заљубување.  Кога ќе се сетам дека на почетокот воопшто не ни сакав да одам, но си велев ништо страшно, ќе го посетам мојот разведен вујко, ќе разгледам неколку катедрали и ќе го збогатам Facebook албумот со нова дестинација поради која сите ќе ми завидуваат. Но, трите недели поминаа во три месеци...трите месеци поминаа во година... а јас немав абер да се вратам дома.

file:///C:%5CDOCUME%7E1%5Civica%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtmlclip1%5C01%5Cclip_colorschememapping.xml - - И зошто воопшто да се враќам назад кога причината да се будам, да создавам, да се радувам...беше токму таму. Нашата романса започна типично на германски начин, јас се возев во метро, а тој седна до мене. Почна да ми зборува на нивниот груб и неразбирлив (за мене) јазик, а јас му вратив само со едно WAIT! Тоа беше доволно за да разбере дека ќе мора да се помачи со англискиот што едвај го говореше. Обичниот разговор за тоа од каде си, што работиш и каде одиш со метрово, заврши со покана за пиво во паб. Нормално, јас како и секое типично Македонче  бев исплашена дека можеби ќе ме киднапира и ќе завршам некаде како бело робје. Му објаснив како се кани девојка на македонски начин, а тој прифати да ги размениме броевите и да ме собере од  дома пред сведок - вујко ми.

file:///C:%5CDOCUME%7E1%5Civica%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtmlclip1%5C01%5Cclip_colorschememapping.xml - - Нашата врска беше голема вест за моите дома. Самиот факт дека тој е Германец беше доволен, нивната ќерка доби доживотна виза и влез во Европска Унија, а тоа значеше отворање нови хоризонти и светла иднина. Се сеќавам колку мајка ми беше горда што успеав да се снајдам за толку кусо време. Уживаше кога ќе и се јавев и кога ќе почнев да и зборувам на германски. Мојата врска беше исто како да добиле на лото...крај на бедата и сиромаштијата. Сега дури почнувам да станувам свесна за тоа колку е лесно да се залаже обичниот народ...

file:///C:%5CDOCUME%7E1%5Civica%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtmlclip1%5C01%5Cclip_colorschememapping.xml - - Имаше само една личност што не беше воодушевена од мојата џекпот романса...тоа беше вујко ми. Уште првиот пат кога го запозна направи кисела фаца, а кога се вратив дома после состанокот, замислено ме чекаше на фотелјата. Целото негово тело беше така наместено како да сака да ми каже некоја голема тајна што треба да ме замисли и исплаши. Ги оставив клучевите на маса, седнав спроти него и само изустив едно: „И", а неговите зборови како река почнаа да течат од збрчканата уста.

file:///C:%5CDOCUME%7E1%5Civica%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtmlclip1%5C01%5Cclip_colorschememapping.xml - - Ме предупреди, морам да признам дека ме предупреди. Не ми наредуваше, можеби тука беше грешката, но убаво ми кажа какви се Германците. Велеше:  „Ладни се, нечувствителни... утре ако се разболиш нема да те гледа, ќе си ги спакува куферите и ќе си замине без размислување. Никој не гледа жена како Балканец , слушај постар!" Но, како можев јас да поверувам во тие зборови? Бев заслепена од љубов до тој степен да заборавам дека ми недостасуваат домашните. Само едно имав на ум, да бидам со него, да ги бакнувам тие меки усни и да си играм со таа златна коса.

file:///C:%5CDOCUME%7E1%5Civica%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtmlclip1%5C01%5Cclip_colorschememapping.xml - - Вистинското уживање почна кога почнавме да живееме заедно. Тогаш можев вистински да се опуштам бидејќи го немаше вујко ми и неговиот прекор во очите. Често се замислував и по малку се плашев дека  е невозможно да сум толку среќна. Дојдов во најладната земја на светот, а најдов топлина...се плашев да не помине некој бран и да угаси с - .

file:///C:%5CDOCUME%7E1%5Civica%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtmlclip1%5C01%5Cclip_colorschememapping.xml - - Најмногу од с - се сеќавам на тоа како го дочекавме католичкиот Велигден, не поради тоа што ми приреди цела трпеза со традиционална германска храна, туку поради тоа што ми кажа дека размислува да појдеме во Македонија за да ги запознае моите. Бев обземена од таквата вест, вечерта не можев да заспијам, веднаш почнав да го планирам нашето заминување.

file:///C:%5CDOCUME%7E1%5Civica%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtmlclip1%5C01%5Cclip_colorschememapping.xml - - Нема потреба да ви зборувам за тоа како изгледа пречек во македонска куќа...јадење и пиење до припаѓање и по цена да се преживува наредниот месец. Деновите минуваа брзо и пред да трепнам јас требаше да ги пакувам куферите за назад. За 5 часа требаше да тргнеме накај аеродром, а тој клекна пред сите и на нејасен македонски ме побара за жена. Се прегрнавме, сите пуштија по некоја солза, а јас го карав зошто тоа не го сторил уште првиот ден кога стигнавме,  за да има простор вистински да се радуваме...

file:///C:%5CDOCUME%7E1%5Civica%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtmlclip1%5C01%5Cclip_colorschememapping.xml - - ...Животот во Германија продолжи по старо, тој работеше по цел ден, а јас не се делев од речникот по германски. Морав да го научам јазикот што побрзо за да почнам да барам работа. Моите грижи спласнуваа штом тој ќе го пречекореше прагот. После топлата бања, си легнувавме на спалната и фантазиравме за нашата свадба. Планиравме да ја направиме во Македонија, бидејќи тој немаше никој, неговите го имаа избркано од дома уште на 18 години и не контактираа воопшто.

file:///C:%5CDOCUME%7E1%5Civica%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtmlclip1%5C01%5Cclip_colorschememapping.xml - - Во една прилика додека опуштени си зборувавме, го прегрнав силно и на уво му шепнав како едвај чекам да му родам деца. Информацијата ја прими со толку страшен израз на лицето...исто како да му кажав дека чувам пиштол под перница и планирам да го убијам. Почна брзо да зборува и да пцуе на германски, пола го разбирав пола не, човекот доби нервен слом и излета низ врата. Заѕвони на ѕвончето после цели 7 часа, целиот избезумен ме турна, седна на кревет и почна да зборува. Всушност тоа и не беше разговор, туку услов, ме стави пред свршен чин да одбирам, или ќе бидам со него и само со него или ќе си најдам некој друг што сака да има деца. Искрено во моментот не го сфатив сериозно, си помислив дека тоа е обична машка реакција. Мижев и пред испрашувањата дали сум се напила апче за контрацепција и пред - Да и се случеше тоа на некоја американка сигурно ќе ја сфатеше пораката, но како тоа да го разбере традиционална девојка што цел живот е растена во духот на фамилијарните вредности? -

file:///C:%5CDOCUME%7E1%5Civica%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtmlclip1%5C01%5Cclip_colorschememapping.xml - - Кога малку спласнаа работите и кога се подзаборави проблемот, јас направив погрешен потег за кој не зажалив ниту еднаш. Ги откажав апчињата за контрацепција и секоја вечер пред него пиев витамини. За помалку од два месеци останав бремена и тогаш осетив вистински кошмар. Цели 5 месеци живеев кај вујко ми лажејќи го дека мојот свршеник заминал да работи на брод и дека кога ќе се врати планира да купиме куќа каде што ќе сакам јас. Неколку пати одев и плачев на неговиот праг да ми отвори врата, си мислев дека кога ќе го види мојот пораснат стомак file:///C:%5CDOCUME%7E1%5Civica%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtmlclip1%5C01%5Cclip_colorschememapping.xml - -   во син ми отколку во мене. Животот под македонското небо не го менувам за ништо. На цел глас велам дека сум среќна жена...моето дете нема да расте покрај монструм што пред моите очи крвнички ги кинеше сликите од него.



-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 16.Јули.2010 во 13:26
Originally posted by Schatzii Schatzii напиша:

file:///C:%5CDOCUME%7E1%5Civica%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtmlclip1%5C01%5Cclip_colorschememapping.xml -

file:///C:%5CDOCUME%7E1%5Civica%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtmlclip1%5C01%5Cclip_colorschememapping.xml - ........



Приказнава е ....аууу......се наежив цела....тага
тагаПамет за ситеда


-------------
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.


Постирано од: FeaR
Датум на внесување: 22.Јули.2010 во 17:47
devojka go prasuva svojot decko: dali si zaljuben vo mene?
i on odgovara: ne!
ona povtorno prasuva:dali mislis deka sum ubava?
toj i vika: ne!
i devojkata povtorno go prasuva:dali sum jas vo tvoeto srce?
toj i odgovara:ne!
i na kraj devojkata go prasuva:koga bi te napustila dali bi placel za mene?
i toj povtorno i odgovara so NE!
devojkata razocarana od odgovorite sto gi slusnala od nego resila da se razdeli od nego i vo migot koga taa sakala da si odi toj ja pregrnal i so nezen glas i rekol...
jas nesum zaljuben vo tebe jas te sakam ♥...
jas nemislam deka si ubava, mislam deka si preubava ♥...
ti nesi vo moeto srce, ti si moeto srce ♥...
jas ne bi placel po tebe koga bi me ostavila, jas bi umrel bez tebe ♥...

Vo vrska bile 6 meseci, potoa se skarale megutoa koa gi nadminale problemite nivnata vrska se zacvrstil uste poveke...

Eden den mu rekla deka e bolna, bolna od srce vo toj moment toj ja gusnal cvrsto i zaplakal.
Denot koga taa zaminuvala na oiperacija toj ne otisol na aerodrom da se pozdravi so nea.
Otkako devojkata zazdravila od operacijata se vratila doma no nego nikade go nemalo.
Ja prasala majka i kade e dali slusnala nesto za nego...
majka i se svrtela kon nea i so solzi vo ocite i rekla:
ZAREM NEZNAES KOJ TI GO DADE SRCETO??? </3

-------------
"А ти поарен да не си?" -македонски начин на прифаќање критика


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 08.Јануари.2011 во 23:51
....тага.....
 
Си беше една девојка,која имаше црна виткана коса и плави очи. Таа имаше 13 години и беше вљубена во едно момче од нејзиното мало. Но како дете кое нема зрел ум беше залетана до облаци кон него. А тој не ни ја погледнуваше кога ке се разминат. Тој ја сакаше нејзината најверна другарка.Но таа него не, но кога таа разбра дека нејзината другарка е лудо вљубена во него таа од инает се плеткаше со него. Правеше се за да ја растажи другарка си. Таа си легнуваше секоја вечер со насолзени очи. Нејзините родители се загрижија таа престана да јаде. Се повеке и повеке слабееше и лицето и помодруваше. Една вечер кога сите другари од школото и дојдоа на посета дојде и момчето вое таа беше вљубена таа само што сакаше да каже пред него и сите дека го сака тој избрза и рече ајде стани немој да бидеш таква види ја твојата другарка здрава и убава, ајде стани направи се и ти како неа и ке си фатиш некој исто како што таа ме има мене. Таа неможеше да издржи и со милостив глас рече ве молам одете си сакам да одморам. Тие си отидоа и утре дента слушнаа дека таа умрела. Сите отидоа кај неа дома и земаа по некој нејзини работи за да ја имаат како спомен, момчето тражеше и тражеше и реши да скине еден лист од нејзиниот дневник. Тој го скина листот каде пишуваше дека го сака и занего ке умре гладна и модра. Тој ден тој отиде кај нејзината другарка и пред тој да почне таа се изнасмеа и му рече многу си глуп одиш со мене а јас несакам ни да те прегрнам а сега доагаш да ми кажеш за она што го прочита знам и знаев. А сега оди си. Тој веднаш истрча на железничката станица и го прегазе воз. На оној свет тој неја ја помоли да му прости ....и рече и да ми простиш и не .......јас сепак ке седам гладен и модар........


-------------


Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 09.Јануари.2011 во 00:06
Originally posted by Schatzii Schatzii напиша:

file:///C:%5CDOCUME%7E1%5Civica%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtmlclip1%5C01%5Cclip_colorschememapping.xml -

file:///C:%5CDOCUME%7E1%5Civica%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtmlclip1%5C01%5Cclip_colorschememapping.xml -  

-------------
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.



Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 09.Јануари.2011 во 00:35
А зошто трошиш воопшто време за читање на патетични прикаскизбунетостзамисленост

-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 09.Јануари.2011 во 00:44

Od kaj znam kakov e krajot na filmot ako ne go izgledam do kraj....збунетост

Dokolku curava vo prikaznata gordo si go svitkala opasot bez toa placenje pred vrata i ne znam ona so cepanje na slikite koi mu gi pracala i nemase da bide pateticen krajot....Da ne recam celata prikazna....Vakaaaaaaaa....cccc....не



-------------
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.


Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 09.Јануари.2011 во 01:26
Фале уше едно -и тогаш Естебан се разбуди од кома. И туто комплето.

-------------
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality


Постирано од: Calipso
Датум на внесување: 03.Јуни.2011 во 02:06
... ДРУГАТА СТРАНА НА ЉУБОВТА !!! ...
Се разбуди покрај неа, како и секое утро.Сонцето се пробиваше низ тешките завеси, кршејќи ја темнината во собата.Тој ги отвориочите, се прозевна и стана, упатувајќи се мрзеливо кон купатилото.На враќање го зеде утринското кафе, една столица и седна недалеку од неа.Таа лежеше со затворени очи, прекрасна жена во неговиот кревет, прва љубов што воопшто некогаш ја доживеал.Беше нежна и прозирна, а наместа кожата и беше прошарана со тенки вени, кои ја нарушуваа таа совршена белина. Ја гледаше со поглед на човек кој знае да препознае убавина. Секој дел однејзиното тело го познаваше како да е негово. Патецот на косата, ушните школки, обликот на веѓите, сјајот в очи, нејзините усни создадени за бакнежи, сите насмевки и гримаси кои понекогаш го изобличуваа тоа анѓелско лице. Имаше обли,но сепак детски гради, совршено долги нозе, со мали убави прсти.. Бавно го испиваше кафето, не чувствувајќи го вкусот. Првпат кога ја виде.. таа беше толку недостижна за него. Не, не дека не можеше да и пријде, туку во нејзиниот свет немаше место за никој освен неа. Побудуваше кај него страв, посакување и омраза. И велеше дека ја ЉУБИ каква и да е, но никогаш не јаприфати. Се обиде неколкупати да ја скрши, да ја направи зависна од себе, но безуспешно. Беше врзан за неа и тоа го плашеше. Кога ја гледаше, се чувствуваше како пред него да сеотвориле портите на рајот, а тој, обичниот смртник, не можеше да допре до неа. Таа беше се она што тој отсекогаш посакувал, се она што значеше ЉУБОВ.. Понекогаш исчезнуваше со денови, без да се јави, да го побара. Немаше извинувања, само молк. Никогаш не се караше со него, само го гледаше загадочно како да знаеше нешто што за него засекогаш ќе остане тајна. Тој молк...тој молк го убиваше.
-“ Ме излуди “- извика, стискајќи ја шољата со кафе. Таа не го слушна. Лежеше во креветот нестварно убава, лежеше гола, изложена на неговиот поглед. Секое утро стануваше пред неа
за да украде дел од нејзиниот сон. Само во тие кратки моменти
чувствуваше дека ја има, дека му припаѓа, само тогаш тој беше во
предност. Не, не беше тоа натпревар меѓу нив. Тоа беше однапред изгубена битка развлечена во времето.Тој беше немоќен и свесен за својата немоќ, беше исплашен и свесен за својот страв, беше луд од ЉУБОВ и свесен дека никогаш не ја имал.. Се исправи. Денот беше длабоко навлезен во собата.
Застана пред неа.. Таа лежеше в кревет...нежна...со прозирна кожа...скоро совршено бела...освен модроцрвената линија на вратот, обвиткан со жица...

-------------
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!


Постирано од: laki_bu
Датум на внесување: 03.Јуни.2011 во 02:16
Мораме да запомниме дека не сме единствените кои се нашле во безизлезна ситуација. Исто како што леталото од хартија се крева на ветрот, дури и најтешките маки можат да нé направат посилни. Како што илјадниците пред нас ги снашла иста судбина и успеале да се справат, така можеме и ние! "

-------------
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....


Постирано од: Klara-D
Датум на внесување: 24.Јуни.2011 во 10:43
 
 
 

http://makedon.blog.mk/2009/08/01/damjan-i-monika-vistinska-prikazna/ - ДАМЈАН И МОНИКА (вистинска приказна)

Тоа летно попладне  во почетокот на осумдесеттите портокаловиот автобус на Транскоп – Битола на познатата релација ББ – Битола – Брајчино и назад истовари само двајца чудни патници. Млад пар, на свои дваесеттина години, облечени прилично чудно за селската конзервативна средина.

Тој: со долга костенлива виткана коса, негувана брада, цвикери „ленонки“, облечен во џинс со кожено елече и карирана тексас кошула и високи кожени чизми на нозете. На грбот ранец (од него  никогаш не се откажа кај и да одеше), со голема патничка торба во десната и огромен касетофон во левата рака.

Таа: со долга плава права коса, тркалезно румено лице, облечена во долг индијански бел летен фустан до земја, наметната со шарено кадифено елече со цветчиња и летни сандали, помал ранец на грбот и патна торба  во десната рака.

„Море, море… кои се сега овие?“ – веднаш реагираше селското разузнавање кое од памтивек го водеше женската популација. „Сигурно се хипици, се „напиле“ дрога па заспале или го промашиле автобусот“ – беше нивната прва оценка.

http://yfrog.com/57img0918lj - http://yfrog.com/6dimg0679rj -

Откако постоеја некоку моменти на Полената (средсело) разгледувајки ги високите планини кои се протегаа на сите страни наоколу, необичните гости полека се упатија кон селската продавница (кооперација) , епицентарот на сите настани во селото.

„Јас сум Дамјан од Словенија, а оваа ми е пријателка фрау Моника од Германија“ – се претставија пред одборот за дочек сочинет од целокупното машко население. „Останавме тука и автобусот се враќал назад дури утре сабајле во 5 часот. Ако има некаде да преспиеме?“ – додаде Словенецот будно следен од љубопитните погледи.
„Е де, знаеме и гледаме… и да сакате понатаму не можете, освен ако не сте тргнале кај мечките. Последна станица… Не се секирајте ќе ве сместиме некаде“ – утешно ги советуваа.

Се сместија кај еден од нив, но по еден час Словенецот сам се врати во кооперацијата подобро да се запознае со своите гостопримливи домаќини. Набрзина му беа прочитани основните правила на однесување зачинето со повеќе пива и исечен мезен нарезок на бела месарска хартија со чачкалици и поголема количина „вегета“.

Запознавањето се одолжи до сабајле, автобусот пак замина…

„Не се секирај, попладне пак ќе дојде автобусот и утре ќе си одиш“ – го утешуваа домаќините. Вечерта се повтори истата сцена…  Дамјан сериозно се вклучи во „читање“ со новите пријатели кои добронамерно го советуваа:  „Слушај, поарно е да останеш со нас до сабајле а после во 4 ќе си ја земеш пријателката и директно ќе си заминеш. Ќе те испратиме со музика…“

Така и би… автобусот пак замина празен.

Наредниот ден Дамјан доби понуда која не се одбива – А да останеш тука? Ете има празни куќи чии сопственици од странство и ќе дојдат за едно сто години. Ќе ти дадеме една и седи слободно.

Дамјан се согласи, Моника со нескриено задоволство… Вредниот Словенец веднаш ја среди, самиот си направи мебел од дрво, платно и коноп,  ја офарба и наслика (!) внатрешноста на просториите и стана дел од селото. Еднствениот електричен апарат што го користеше беше неговиот касетофон!

Извонредно се вклопи во екипата – научи добро да пие, да игра Бељот и се разбира да пцуе… Од него пак присутните слушаа за земјите во кои никогаш не биле, додека помладите со задоволство ги слушаа хитовите од неговиот касетофон (единственот електричен апарат што го користеше) од светските музички групи Битлсите, Стоунси, Дип Парпл, Лед Цепелин, Свит, Слејд…

Не помина долго време низ селото се пронесе блага ангелска вест – Моника е благословена!, на општа радост на женскиот дел на популацијата која ете имаше неповторлива прилика да ги провери своите гинеколошко акушерски знаења, додека машкиот дел од популацијата со нетрпение го чекаше денот кога новопечениот татко ќе го прослави тоа во кооперацијата. Изненадувањето беше уште поголемо кога дознаа дека новите комшии одлучиле породувањето да биде дома! Нешто што во селото се немаше случено којзнае од кога…
Кутрата Моника… со денови беше облетувана од бабичките слушајки ги нивните долги монолози за прерано починатиот сопруг, за синот во Америка кој и испратил најубава честитка за Нова Година и цели десет долари во неа, смешкајки се и одобрувајки иако не разбираше ниту збор!

Дојде и тој ден…

„Имаме нов човек!“, како к*ршум проструи веста низ селото предизвикувајки нескриена радост кај сите. Дамјан и Моника добија син -  Сан (Сонце)! Остана енигма како успеа да ја породи Моника таа ноќ кога едвај го довлечкаа до дома видливо „наштиман“ од кооперацијата. Немаше жена што не ја посети новата мајка на повојница, зачудено гледајки како новороденчето наместо во нови „купечки“ е облечено во старите волнени пелени одамна исфрлени од употреба пред налетот на новото.

Времето минуваше. Парите кои им стигнуваа козјнае од каде проретчија. Помошта од селаните беше недоволна. Дамјан почна да работи се’ и сешто да обезбеди егзистенција, но во зафрлениот крај тоа беше повеќе од уметност. Некој се сети на неговите сликарски способности и предложи да ја наслика малата црквичка Свети Танас која токму тогаш се градеше. Дамјан прифати и се зафати со работа… На ѕидот останаа неколку прекрасни фрески со неговите иницијали „DK“…

http://yfrog.com/57img0933ij - http://yfrog.com/41img0693cj -

http://yfrog.com/29img0696pj - http://yfrog.com/0timg0774rfkj -

Но тоа не беше доволно за егзистенција… и еден ден селаните со жалење констатираа дека Дамјан, Моника и Сан ги нема… Заминаа тивко и мистериозно исто онака како што дојдоа… Никој повеќе не слушна ништо за нив…

Останаа само спомените, изреката „Ко Дамјана со ранецот“ и насликаните фрески на ѕидовите од празната куќа и црквичето…



Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 02.Август.2011 во 12:41

Јест да љубовта е слепа и кога некој е заљубен до уши  може да направи све можно и неможно за својата сакана , но да си го ,,извади,, бубрегот  и да си го продаде , за може да купи најубав и најскапоцен веренички прстен , е тоа никаде го нема … упсссс , всушност го има во Украина  …

                                                       http://2.bp.blogspot.com/_SHz-I1PEjcs/TFMa4FIUKpI/AAAAAAAAAGM/gJNER4wVIw0/s1600/organ-trade.jpg                                          http://i52.tinypic.com/25jblep.jpg http://www.manhattanlsat.com/blog/images/no-finger.JPG

Сирот украинец немал друг излез за да купи веренички прстен и да ја запроси својата принцеза освен да си го продаде бубрегот  За тој орган од своето тело украинецот добил скоро 20 000 Е и купил прекрасен веренички прстен…   

Продавањето  на човечки органи  стана вистински исплатлив бизнис  , еве табела со цена за еден бубрег и државите каде може лесно да се купи , со смешна цена од 1000 Е во Ирак и околу 60 000 Е во Босна …


Ете во Украина околу 20 000 Е за еден бубрег … на пример ако некој побара од  Африка да купи бубрег и се јави донатор во Бразил кој добива ептен никакви 2 000 Е  од организираниот ланец на компании кои илегално се занимаваат со ваков исплатив бизнис , бубрегот се пренесува во специјални успови на зачувување на истиот во Њујорк каде до Африка веќе се наплатува над 100 000 Е на примачот…

Украинецот купил прстен и кога ја запросил својата сакана и при тоа ја раскажал својата агонија за да дојде до тие пари за да го купи , љубената му рекла НЕ !!! и го напуштила осудувајќи дека ваков гест само ,,ненормален ,, човек го правел и дека тоа не било љубов…

http://4.bp.blogspot.com/_zf1xcLdg8IA/TSTg7VhgqeI/AAAAAAAAArc/EVlXbaa67Xw/s1600/Grown+man+crying.jpg       http://2.bp.blogspot.com/_dVC25p81Z0o/S9BIsYfSiTI/AAAAAAAAACw/qOK8UwzcpE8/s1600/Broken+Heart.jpg   

Дали Вие би биле спремни да дадете некој дел од своето тело за својата сакан/ а …??



-------------


Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 10.Февруари.2014 во 23:18
Не ги мешајте страста и љубовта ! Цената е превисока !
(Вистинска приказна)

Целиот наш живот е вечна борба меѓу срцето и разумот! И, иако повеќето од нас веруваат дека срцето никогаш не греши, јас сосема одговорно ќе ви кажам дека тоа не е така! Срцето е понесено од емоции, кои во комбинација со голема доза на еуфорија, создавват погрешни заклучоци. Заклучоци дека сакаш, а всушност си тогаш, во заблуда. Заклучоци дека си рамнодушен, а всушност си оставил здодевноста да те излаже. Заклучоци дека треба да направиш храбар чекор напред кон најголемата среќа, а таа всушност те чека стуткана во темниот агол од собата.

Наидов на една вистинска приказна, која откако ја прочитав не излегуваше од мојата глава. Приказна која нема да ви каже кој е во право – срцето или разумот. Но сигурно ќе ве натера да размислите кои се најважните работи во вашиот живот!

“Се вратив дома доцна, но жена ми ме чекаше. Додека ми сервираше едно од моите омилени јадења, јас и дадов плик со документи и и реков дирекно: “Сакам развод”!. Таа ме погледна и промрмори тивко: “Добро. Но зошто?” Немаше зошто да ја лажам. Таа одамна се сомнева за мојот однос со Ана. Затоа бев искрен, дека моето срце и припаѓа на друга жена. Жена ми ништо не рече и отиде да ми донесе уште малку леб. Ми стана чудно. Воопшто не се караше, не бе обвинуваше, не ми ни кажа дека сум свиња! Ми посака добра ноќ и си легна.

Следното утро ги најдов документите за разводот – потпишани! Таа немаше апсолутно никакви претензии кон менe – ниту автомобилот, ниту живеалиштето, ниту денар од вкупниот наш буџет. Ова тотално ме вџаши! И токму тогаш влезе. Ми рече дека не сака ништо матерјално од мене, но има само 3 молби. Првата беше да ги потпишам документите по еден месец. Добро! Тоа не беше никаков проблем за мене, ќе почекам. Второто барање беше да не кажувам на нашиот мал син до последно. Не сакав да кријам толку важно нешто од него, но до сега, признавам, жена ми секоаш знаеше што е најдобро за нашиот син. И третото барање најмногу ме зачуди. Таа сакаше да ја носам на раце до спалната секоја вечер во текот на овие 30 дена. Онака како што сум правел на денот на нашата свадба и уште неколку месеци потоа. Прво ми доаѓаше да и кажам да престане со тие глупости, но потоа си помислив дека таа не сака ништо друго од мене, затоа се согласив.

Дојде вечерта и јас ја зедов на раце кон нашата спална соба. Не бевме интимни долго време, затоа се чувствував прилично непријатно. Но токму во тој момент се појави  нашиот син и радосно извика: “Ха, тато ја носи мама!” Започна една искрена детска смеа и радост, која дирекно го прободе моето срце. Ја однесов сопругата. И ништо. Само што ми се чинеше малку полесна од пред тоа… Втората вечер сликата беше горе-долу иста, а по неколку дена нашиот син со нетрпение го чекаше моментот кога тато ќе ја носи мама на раце. Толку многу се забавуваше!

И јас почнав да се забавувам. Дури и ми стануваше се попријатно да ја чувствувам жена ми блиску до мене. Сватив дека многу долго време не сме ги допреле телата. Како дозволивме да дојде до тука?! Едната вечер толку многу сакав да ја бакнам, но се запрев. Јас го донесов своето решение и немаше враќање назад.

И последниот ден од месецот дојде. Ја зедов жена ми во раце и тргнав кон спалната.  Не сакав да ја пуштам! Но веднаш ја избркав таа мисла од главата. Бев обврзан кон Ана. Таа со нетрпение чекаше да пројде овој месец и да бидам со неа. Тогаш еден ѓавол во мојата глава викна: “Будала, не беше ли обврзан кон семејството!” Си легнав и неможев да заспјам. Го гледав нејзиното кревко тело до мене. Беше толку блиску, а во исто време толку далеку.  Толку сакав да ја повлечам, да ја прегрнам и така да останеме до утрото. Но не го направив тоа. Донесов одлука и немаше враќање назад.

Следното утро тргнав кај Ана, за да и кажам дека веќе спокојно можеме да бидеме заедно. Но кога таа ја отвори вратата, јас веќе знаев дека не можам да го направам тоа. И реков: “Жал ми е, не сакам да ја оставам жена ми, ја сакам!”. Ана ми залепи шамар. Ми ја тресна вратата пред нос. Чудно, но не ме заболе. Немав трпение да се вратам дома – кај жена ми.

Застанав пред една цвеќара, купив огромен буќет рози и разгледница на која напишав: “Сакам да те носам секоја вечер на раце до нашата спална соба. Додека смртта не не раздели!”  Во еден здив ги искачив скалите и влегов дома. Потпевнував, бев многу весел, чувствував дека моето срце е преплавено од љубов не кон кого да е, туку кон мојата жена! Милата, нежната, паметната, прекрасната…  Каква будала сум бил да барам интимност на друго место, наместо да се потрудам да ги решам проблемите во бракот.

Жена ми ја немаше во дневната соба. Влегов во спалната и ја видов како лежи на креветот… Ми се стемни! Беше бела како платно, ладна и не дишеше. Ја тресев, ја бакнував, викав, но таа не ми одговараше. Тогаш видов една мала белешка на нејзиното ноќно шкафче. Таму пишуваше дека повеќе од една година таа се борела со една од најпознатите предавнички болести – рак. Боже, бев толку зафатен со Ана, дури не сум ни забележал. Пишуваше дека не ме обвинува и ми се заблагодраува што сум и ја исполнил нејзината најголема желба, нашиот син да запомни дека мама и тато до последно се сакале, како на денот на нивната свадба.

Не знам дали некогаш ќе си простам, зошто дозволив да се грижам за друга, кога најскапата била во мојот дом. Зошто ја измешав страста со љубовта, зошто не се борев за вистинската! Онаа која ја имав со жена ми. Го пишувам ова со болка во срцето, но ве молам, научете нешто од мојата грешка. Дајте шанса, борете се, затоа што, штом сте решиле да креирате семејство со еден човек, сигурно сте доживеале силни чувства кон него! Борете се, не се откажувајте! Најлесно е да избегаш. Но штом избегаш, враќање назад нема… Животот ни става стапици. И тоа заводливи стапици! Само што се си има цена! Цена која не секогаш ќе бидете подготвени да ја платите!”



-------------
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 13.Март.2014 во 00:25
Ако ги затворам очите , нема да го гледам тоа што не сакам ... 
Но така нема да е полесно ... Нема да гледам ... Но ќе чувствувам ... 
Затоа што не можам да ги запрам чувствата кои не сакам да ги чувствувам ... 
Навираат длабоко во душата ... 
Се борат видот и мислата ... 
Што е полесно ??? ... 
Ниту едно од нив ...!


Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 18.Март.2014 во 22:51
Потажна здравјетага
http://popara.mk/2014/kalabalak/vistinska-prikazna-ljubov-koja-kje-ve-potrese-do-dnoto-na-dushata/" rel="nofollow - Вистинска приказна: Љубов која ќе ве потресе до дното на душата !

Еден врнежлив ден Ива се шеташе низ улиците по градот. Таа сакаше да шета по дождот и секогаш велеше дека и помага да ги заборави секојдневните проблеми. Ива беше ученичкa и имаше 17 години. Беше одлична ученичка, се додека не ги сретна тие плави очи кои и рекоа “здраво“. Од тој ден незините родители забележаа дека нешто се случува со нивната ќерка. Почна да се шминка чудно,  почна да облекува сукњи, а претходно не можеа да ја убедат да облече нешто друго освен фармерки.

По неколку дена нејзиниот татко ги најде и сликите од Кристијан во нејзината фиока. Од тогаш не смееше да излегува надвор. Понекогаш кога ќе и задоцнеше автобусот и дома ќе дојдеше покасно нејзините родители не и веруваа. Ива секој ден беше се потажна и потажна, цело време во главата и беше Кристијан… Сеуште не се познаваа доволно а знаеа дека припаѓаат еден на друг. Кога врнеше дожд тие секогаш се шетаа заедно, а тогаш Ива ќе речеше “ајде под нашето дрво “, ќе седнеа на клупата под дрвото и цела вечер ќе разговараа.

Ова траеше шест месеци.

Шест месеци незаборавна љубов, прекрасни денови…

Ива беше цело време надгледувана од нејзините родители но тоа не можеше да му го каже на Кристијан. По извесно време под голем притисок на нејзините родители таа мораше да го заборави Кристијан. Тој секогаш ја чекаше на клупата под дрвото, но Ива не доаѓаше. Ја немаше, а кога ќе прашаше за неа, сите чудно молчеа.

Ива потполно се промени. Еден ден другарките и кажаа дека Кристијан заминува од градот со првиот воз, а на тоа само рече “тука ја најдов и тука ја изгубив среќата“.

Возот тргнуваше во 14.00 часот. Таа се враќаше од училиште, и место дома таа отиде на железничката станица. Го најде возот кој требаше да тргне ,го најде и него, со солзи во очите. Кога Кристија ја виде Ива и скокна и силно ја гушна. Двајцата плачеа.

Кристијан рече “ ќе престанеме Ива, што да правиме, само да живееме среќно“? А, таа само молчеше и гледаше во неговите плави очи кои беа полни со солзи.

Возот тргна “збогум Ива, може ќе се сретнеме некогаш. Јас заминувам, а ти знај дека секогаш ќе те сакам и вечно ќе живееш во моето срце“

Долго време на прозорецот се гледаше раката на Кристијан, а таа стоеше и мафташе со раката по возот. Потоа појде дома и влезе во нејзината соба.

Незнаејќи како да најде начин да излезе од овој кошмар таа реши да посегне по својот живот. Кога неј зините родители заминаа на работа, таа седна во нејзината соба и размислуваше како да го изведе тоа. Беше Петок 13-ти. Одеднаш влезе во бањата пушти и топла вода и посегна по жилетот…

Ива полека но сигурно чекореше кон смрта.

Незиниот татко влезе во бањата и почна да вика “јас сум за се виновен,за се!“.“Јас ја убив!“. Мајката отпрвин не го разбра, но кога виде падна и се онесвести.

Дојде и брза помош , но беше предоцна.

Во нејзината соба најдоа писмо,во кое пишуваше :

Петок 13 ти

Драги тато

Немој да ми се лутиш. Ова беше најдобро и најлесно решение. Мојот Кристијан замина од овој град а јас засекогаш од овај свет. Вие сте уште млади. Ако некогаш би имале ќерка, дајте и го моето име Ива. Нека има се што немав јас. Нека биде среќна.

И покрај се јас ВЕ САКАМ… вашата Ива

Ден после смрта на Ива стигна писмо од родителите на Кристијан, а во него пишуваше:

Сабота 14-ти

Драга наша Ива

Кристијан не е повеќе жив. Од кога се врати, делуваше некако изгубено. Беше Петок 13 ти. Овде врнеше дожд, не сакаше да земе чадор, незнам зошто. Чекорејки по мократа улица одеднаш се фрлил под кола. Пред да умре ни остави писмо: “Јас морам кај мојата Ива , таа ме вика“.

Ни ја даде твојата адреса за да ти пишиме ДЕКА МНОГУ ТЕ САКАЛ.

Родителите на Кристијан…”



-------------
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 19.Март.2014 во 23:11
 

http://mkd-news.com/namesto-svadba-plach-i-taga-24-god-bremena-devojka-pochinala-vo-bolnitsa-vo-skopje/" rel="nofollow - НАМЕСТО СВАДБА, ПЛАЧ И ТАГА – 24 ГОД, БРЕМЕНА ДЕВОЈКА ПОЧИНАЛА ВО БОЛНИЦА ВО СКОПЈЕ


Наместо најсреќниот ден во животот, да се облече во бело и венча, 24 годишната Доњета Ахмети го зави во црно семејството.donjeta_ahmetiСе подгптвувале за свадба, оро, среќа но сега се подготвуваат за погреб на младата девојка. На денот на свадбата, Доњета доживеала излив во мозокот, паднала во кома и починала пет дена подоцна, јави дописникот на МИА.За трагедијата да биде уште поголем, девојката била бремена, пишуваат медиумите.

- Два часа пред да дојдат сватовите таа се струполи во куќата на нејзините родители, од каде требаше да излезе во бела венчаница. Прво ја однесоа во болницата тука, но за да добие подобар третман ја префрлиле во Скопје. Само што пристигнаа во Скопје не известија дека мозокот и е мртов… И го одржуваа во живот само срцето, изјавила низ плач нејзина блиска колешка.

Ведрата, секогаш насмеана, енергична, вака ја опишале девојката нејзините пријатели. Доњета била академски граѓанин и работела во компанијата ИПКО.




Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk