|
Тип на исхрана кога имате болен желудник |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |
fifika
Нов член Регистриран: 10.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
a ja nikogas ne sum bila na pregled a imam nekoi problemi vo zeludnikot mnogu me maci koga ke se najadam kako da se duva i primer ako ispijam mleko ako izedam eden sendvic od sendvicara od sto mi e naduvan zeludnikot kako da ima vozduh vo nego i po nekoe vreme kako da se izdisi i posle srceto pocnuva da mi cuka silno ne sum bila na lekar od strav od toa crevo sto muvat moze li da mi kaze nekoj dali imal takvi problemi i kako da go resam toa
|
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Проблеми со желудник имам од средно,и на моменти ми доаѓало да земам нож и да си го распарам скомакот.
Посебно ме боли и пече кога доаѓа премин на годишни времиња од лето во есен и зима во пролет,значи штом дојде Октомври и Март болката почнува.Трае околу месец дена и тогаш се трудам првенствено да не пијам кафе оти сум забележал дека многу го надразнува желудникот и пијам апчиња Ранитал или Ранитидин постојано по две во денот без разлика дали имам болки.
На болница ми велеле дека е најмногу од стрес и нервоза и вероватно е така.
Понекогаш се случува да не ме боли со години но пак ќе се јави болка после некое време.
Не се прејадувајте и без големи количини на алкохол,посебно вино црвено,на тоа најмногу ми реагира мене.
Исто така на кромид,лук и марула понекогаш.
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
Glenn
Сениор Тата-Мата Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3166 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Има видови на храна кои знаат посебно да го отежнат варењето затоа секој треба да си провери, ама најважно е како што пишаа сите други да се избегнува онаа храна што нам лично ни предизвикува проблеми.
Несомнено до пред 3 години си имав закачено некој гастрит но откако престанав да пушам и пијам турско кафе сериозно ми се смири желудникот и не добивам веќе нагони на повраќање и киселини. Треба да се избегнува и премногу масна, зачинета храна исто така. |
|
Beauty fades, dumb is forever
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
таквите болки обично докторите ги викаат гастритис
Лично, кога бев студент заради нередовната исхрана, заради многу кафиња пред испит на ’’голо’’ редовно имав болки. Со вработувањето, посебно со раѓањето на децата кога морав заради доењето да редуцирам кафиња, цигари, луто полека се редуцираа болките а со време како и да ги однема. Веројатно правилниот начин на исхрана, задолжително прикаснување залак пред пиење кафе наутро си го направи своето. Сега веќе го нема она на ’’нервна база’’. |
|
polzavce
Сениор Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Многу се важни редовните оброци..........
1. не прескокнувајте оброци........ 2. јадете 5 пати на ден....и јадете полека за да соџвакате храната убаво 3. Пржена храна помалку, варена и печена повеќе 4. Кажете му чао на кафето 5. Алкохол никако 6. После јадење не пијте вода или било каква течност (сок, чај, кафе) 7. Супата е благодет, пире од компири, варен морков, грашок, боранија, проја, двопек, јогурт, варено месо.....ете примери....... |
|
МИР со сите
|
|
Eli
Сениор Регистриран: 30.Ноември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1968 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Никако да не се скокаат обрците и да се изгладнува организмот!а и да не се внесуваат продукти кои ви сметаат..мене на пр.краставица страшно ми пречи така да се трудам да ја внесувам колку што можам понекогаш,зашо била корисна со минерали итн..ама мн.ретко..
|
|
Човекот секогаш треба да остане човек,без разлика со што се бави и каков успех има..
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Луѓето со болен желудник и црева треба да внимааат на исхраната
Заболувањата на желудникот и цревата се јавуваат кај многу луѓе. Брзото темпо на живеење, животот исполнет со психичка напнатост предизвикува стрес на организмот со реакција на зголемено лачење на желудочна киселина - основна причина за појава на заболувањата на желудникот и дванаесетпалачното црево. Многу лекари мислат дека прекумерното лачење желудочна киселина најчесто е резултат на голема возбуда и напнатост во организмот. Доколку во желудникот нема доволно храна или ако се произведува желудочна киселина во големи количества, таа почнува да ја напаѓа желудочната слузокожа, да ја разорува, при што се јавуваат болни чирови. Од ваквите заболувања најмногу страдаат амбициозните и енергичните луѓе, луѓе што секогаш сакаат да направат и постигнат повеќе отколку што можат. Најдобро е лебот да биде бајат или да се користи двопек. Да се избегнува леб направен од грубо брашно. Не се препорачува користење на многу шеќер или кондиторски производи (бонбони, чоколада, слатки, торти). |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
sneska_v
Сениор Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
caj od crven kantarion najdobar lek za zeludnik
|
|
viks13
Нов член Регистриран: 06.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 23 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Диета при проблем на желудникот
Општи принципи: Исхрана богата со белковини, умерено јаглехидрати, храна сиромашна со масти. Дозволена храна: •Млеко: обезмастено млеко, јогурт, кисело млеко, младо сирење, урда. •Месо: сите видови немасно месо и риба. •Јајце: до три пати неделно, умерена конзумација на жолчка. •Житарици: леб, ориз, компир. •Овошје и зеленчук: сите видови. •Напивки: овошни сокови (кои не се многу кисели), чаеви. •Слатки: компот, овошни желеа, не многу масни кремови и слатки. Недозволена храна: •полномасно млеко, •топени сирења, •кајмак, •мајонез, •масни меса и риба, •многу слатки овошја (урма, смоква, суво овошје), •масни овошја (лешници, бадеми, ореви), •зеленчук со груби жили и тврда лушпа (праз, кељ, зелка), •газирани пијалоци, •алкохол и цигари. Препораки: После јадењето да не се легнува, малку да се прошета. Вечерата никогаш да не е пред спиење, да се спие на малку подигната перница. Да се избегнуваат обилни оброци, груба храна и храна која ја дразни слузницата (премногу зачинета и кисела храна). Кулинарска припрема: Варена, печена храна. Да се избегнува пржена и похована храна. Број на оброци: 4-5 помали оброка. |
|
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |