Испечати | Затвори го прозорот

Тип на исхрана кога имате болен желудник

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Исхрана и кулинарство
Опис на форумот: Еднаш се живее... здраво или нездраво?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=7492
Датум на принтање: 24.Ноември.2024 во 11:05
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Тип на исхрана кога имате болен желудник
Постирано од: Ghost
Наслов: Тип на исхрана кога имате болен желудник
Датум на внесување: 12.Мај.2007 во 14:46
Ме интересира каков тип на исхрана треба да се практикува, доколку се утврди дека имате проблем со желудникот, и скоро после секое јадење имате нагони на гадење???
Идете на лекар, ви утврдуваат гастрититс, или некој чир, или што и да е, меѓутоа, ви даваат апчиња, а многу многу не кажуваат за исхараната...
Мислам дека треба да им се помогне на тие личности со наши совети каква храна да користат за да немаат проблеми со гадење и слични работи...


-------------
    MACEDONIA - LAND OF SUPERIOR NATION          



Коментари:
Постирано од: oblachinja
Датум на внесување: 12.Мај.2007 во 15:21
Od lichno iskustvo,moe i na domashen chlen znam deka treba da se odbegnuva masna hrana,premnogu slatka ili zachineta..megjutoa pravilo e DA SE ODBEGNUVA SE SHTO VI SMETA toa e premnogu razlichno kaj site lugje..na primer jas od przeni kikiriki nemozam da se sozemam so denovi,postojano mi se povraka..ama ne i od pecheniBig%20smileznachi se shto vi prechi-mu velite baj-bajSmile

-------------


Постирано од: Dogi
Датум на внесување: 16.Мај.2007 во 13:44
и јас имав порано многу проблеми со стомакот, ама намалувам мрсно, колку што можам, се откажав од кафето, цигарите оддамна, помалку алкохол и сега ми е подобро.
а чудно, но вистинито, најдобро се чувствувам кога ќе се испостам цел ден. но после треба се пази, да не се земаат наеднаш големи количини храна.


-------------
Јас сум мајстор!

http://widget.meebo.com/mm.swf?asMwhdKtFb" rel="nofollow - Кликни овде за комуникација со мене (потоа кликнете во полето 'Edit nickname' и впишете го вашето име)


Постирано од: angied
Датум на внесување: 16.Мај.2007 во 14:30
Nema koj nemal nekogas problemi so zeludnikot zatoa bi trebalo :
 
-da ne se prejaduvameConfused
-da ne jademe nabrzina
-da ne jademe vo eden obrok poveke vidovi hrana
-pravilna kombinacija  na hranata(najlosa e kompir i meso.a e najcesta)
-da ne jademe mnogu luto i zacinetoAngry
-da ne jademe mnogu zesko ili smrznato
-caj namesto kafe......
 


Постирано од: Julija
Датум на внесување: 16.Мај.2007 во 21:53
Прво треба да утврдиш која е причината што се јавивил гастрит. Ако е од лоша и нередовна исхрана, тогаш решението е едноставно (препорачувам пиење јогурт),но може причината да е стрес... Претпоставувам дека е ова второво...

Јас лично, престанав да јадам кикирики, лешници, мед, комбинација мед и млеко, мед и чај, медењаци (продукти коишто содржат мед) зашто многу ми го иритираат желудникот. Бурек не сум пробала 10 години, од тавче-гравче кревам температура, па затоа грав јадам само чорбест...

Препорачувам да јадеш свежа зелка салата, не многу зачинета, многу е добра за стомакот.

И на крај....Чај од нане !!!!



-------------


Постирано од: mamma
Датум на внесување: 25.Мај.2007 во 00:21
Prvo na lekar!!!
Soleno,kiselo.luto,zacineto....nikako!!!
OBAVEZNO: Caj od kantarion-nezasladen!!



-------------
http://imageshack.us">
Shot at 2007-06-30[/IMG]


Постирано од: Salveoi
Датум на внесување: 12.Јуни.2007 во 15:06
Za Problemi so Zeludnikot, vi preporacuvam Caj od Aloe Vera - Propolis Tableti i Aloe Vera Gel Zoltiot.
Ako nekoj ima potreba od ovie proizvodi slobodno posetete ja ova web stranata.
www.mujaser.piczo.com

Tamu ke najdete informacii.

ili pak javete se na telefon.

070 901 271

Na milioni luge im gi smeni problemite so Zeludnikot, pa i vie ne cekajte javete se odma.

Garantirano 100 %.


So Pocit,

Salveoi


Постирано од: MECE
Датум на внесување: 01.Декември.2007 во 14:36
so HERBALIFE ke si go resite problemot
www.nrg-fit.com
mence2006@freemail.com.mk


-------------
HERBALIFE


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 03.Декември.2007 во 20:08
јас најново што дознав препорачано од доктор зашто имам проблеми при секое јадење и по секое јадење со причина дека желудникот ми бил МНОГУ УШТЕТЕН е дека треба да пијам секое утро сок од 2 моркова, и секоја вечер сок од зелка. тоа помагало многу.

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: MECE
Датум на внесување: 05.Декември.2007 во 10:41
sheikot od Herbalife gi hrani kletkite i gi obnovuva megutoa ne e magicno stapce
za 1mesec ke vi se smirat bolkite vo zeludnikot a za 6-12meseci ke imate nov regeneriran zeludnik



-------------
HERBALIFE


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 05.Декември.2007 во 16:48
еххх мече...да знаеш како и сега ме боли...тага

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: orlov
Датум на внесување: 06.Декември.2007 во 21:39
Originally posted by Ghost Ghost напиша:

Ме интересира каков тип на исхрана треба да се практикува, доколку се утврди дека имате проблем со желудникот, и скоро после секое јадење имате нагони на гадење???
Идете на лекар, ви утврдуваат гастрититс, или некој чир, или што и да е, меѓутоа, ви даваат апчиња, а многу многу не кажуваат за исхараната...
Мислам дека треба да им се помогне на тие личности со наши совети каква храна да користат за да немаат проблеми со гадење и слични работи...


Ма, јади све и не бери гајле за желудецот. Не се привикнувај ти на него. Нека тој се прилагоди на твоите навики и потреби.


-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              


Постирано од: D_r. C.
Датум на внесување: 23.Јуни.2008 во 13:54

NB!
Dokolku odte na lekar no kaj internist-gastropenterolog i so pomos na gastroskopski ispituvanja ili so rentgenska slika po predhodno bienje na "barrieva kasa" vi e utvrdeno deka imate akuten ili hronicen gastrit treba prvo da se prepishat kapsuli za da se namali kiselinata koja go nadraznuva zeludnikot i toj e taka crven od vnatresnata strana i ako ne se vnimava 100% vodi do cir na zeludnikotNa samiot organizam mu e potrebno vnimanie i nega, doklku sakame da ni bide od plza i da ne sluzi zdravje za postarite gosiniizbegnuvaj kafe,ljuto. blago i sok od portokal, limon i slicno, a pred spienje ispi edna casha l;adno presno mleko bez seker, i kapsula omezol ili lanzul no kapsulite pri bolki.prekini da drzish sekakvi dieti za slabeenje,i mrsnotii,ostavi go pushenjeto i nervozata(90% od gastritite se od pregolema nervoza)Mleko pij po 1 caska i nautro i na rucek 30 min pred jadenje i li polse jadenje a veceraj najkasno vo 20:00 casot. za 1 sedmica kje imash golemo podobruvanje doklku se drzish na seto ova koe go napishav i kje bidesh blagodaren-na. pozdrav


Постирано од: Eli
Датум на внесување: 23.Јуни.2008 во 19:45
Dobro e so se otvori temava,poso nekad ne znam so da praam so sebe od bolki u zeludnik...


Постирано од: fifika
Датум на внесување: 03.Август.2008 во 19:46
a ja nikogas ne sum bila na pregled a imam nekoi problemi vo zeludnikot mnogu me maci koga ke se najadam kako da se duva i primer ako ispijam mleko ako izedam eden sendvic od sendvicara od sto mi e naduvan zeludnikot kako da ima vozduh vo nego i po nekoe vreme kako da se izdisi i posle srceto pocnuva da mi cuka silno ne sum bila na lekar od strav od toa crevo sto muvat moze li da mi kaze nekoj dali imal takvi problemi i kako da go resam toa


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 11.Мај.2009 во 11:34
Проблеми со желудник имам од средно,и на моменти ми доаѓало да земам нож и да си го распарам скомакот.
Посебно ме боли и пече кога доаѓа премин на годишни времиња од лето во есен и зима во пролет,значи штом дојде Октомври и Март болката почнува.Трае околу месец дена и тогаш се трудам првенствено да не пијам кафе оти сум забележал дека многу го надразнува желудникот и пијам апчиња Ранитал или Ранитидин постојано по две во денот без разлика дали имам болки.
На болница ми велеле дека е најмногу од стрес и нервоза и вероватно е така.
Понекогаш се случува да не ме боли со години но пак ќе се јави болка после некое време.
Не се прејадувајте и без големи количини на алкохол,посебно вино црвено,на тоа најмногу ми реагира мене.
Исто така на кромид,лук и марула понекогаш.


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: Glenn
Датум на внесување: 11.Мај.2009 во 13:06
Има видови на храна кои знаат посебно да го отежнат варењето затоа секој треба да си провери, ама најважно е како што пишаа сите други да се избегнува онаа храна што нам лично ни предизвикува проблеми.
Несомнено до пред 3 години си имав закачено некој гастрит но откако престанав да пушам и пијам турско кафе сериозно ми се смири желудникот и не добивам веќе нагони на повраќање и киселини.
Треба да се избегнува и премногу масна, зачинета храна исто така.

-------------
Beauty fades, dumb is forever


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 11.Мај.2009 во 13:36
 таквите болки обично докторите ги викаат гастритисголема%20насмевка
Лично, кога бев студент заради нередовната исхрана, заради многу кафиња пред испит на ’’голо’’ редовно имав болки.
Со вработувањето, посебно со раѓањето на децата кога морав заради доењето да редуцирам кафиња, цигари, луто полека се редуцираа болките а со време како и да ги однема.
Веројатно правилниот начин на исхрана, задолжително прикаснување залак пред  пиење кафе  наутро си го направи своето.
Сега веќе го нема она на ’’нервна база’’.


-------------


Постирано од: polzavce
Датум на внесување: 12.Мај.2009 во 02:51
Многу се важни редовните оброци..........

1. не прескокнувајте оброци........
2. јадете 5 пати на ден....и јадете полека за да соџвакате храната убаво
3. Пржена храна помалку, варена и печена повеќе
4. Кажете му чао на кафето
5. Алкохол никако
6. После јадење не пијте вода или било каква течност (сок, чај, кафе)
7. Супата е благодет, пире од компири, варен морков, грашок, боранија, проја, двопек, јогурт, варено месо.....ете примери.......

-------------
МИР со сите


Постирано од: Eli
Датум на внесување: 13.Мај.2009 во 10:19
Никако да не се скокаат обрците и да се изгладнува организмот!а и да не се внесуваат продукти кои ви сметаат..мене на пр.краставица страшно ми пречи така да се трудам да ја внесувам колку што можам понекогаш,зашо била корисна со минерали итн..ама мн.ретко..

-------------
Човекот секогаш треба да остане човек,без разлика со што се бави и каков успех има..


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Февруари.2010 во 10:10
Луѓето со болен желудник и црева треба да внимааат на исхраната

Заболувањата на желудникот и цревата се јавуваат кај многу луѓе. Брзото темпо на живеење, животот исполнет со психичка напнатост предизвикува стрес на организмот со реакција на зголемено лачење на желудочна киселина - основна причина за појава на заболувањата на желудникот и дванаесетпалачното црево.

Многу лекари мислат дека прекумерното лачење желудочна киселина најчесто е резултат на голема возбуда и напнатост во организмот. Доколку во желудникот нема доволно храна или ако се произведува желудочна киселина во големи количества, таа почнува да ја напаѓа желудочната слузокожа, да ја разорува, при што се јавуваат болни чирови. Од ваквите заболувања најмногу страдаат амбициозните и енергичните луѓе, луѓе што секогаш сакаат да направат и постигнат повеќе отколку што можат.

Во лекувањето на овие заболувања, од секогаш како основа служела диетотерапијата, односно се применува соодветен начин на исхрана. Освен некои општи правила за хигиената на исхраната кои сигурно имаат одредени влијанија врз развојот на болестите, потребен е и одреден специфичен пристап.

Храната што се користи во текот на денот потребно е рамномерно да се распореди на повеќе од пет оброци. Значи, треба да се јаде често, во одредено време, но во мали количества. Ако чирот е во активна состојба, треба да се јаде на секои 2-3 часа дури и преку ноќта. Обилните оброци напладне или навечер треба да се одбегнуваат зашто тие значително го оптоваруваат желудникот. На организмот му е потребна избалансирана исхрана, редовно излачување на мочта и празнење на цревата. Човекот треба да воспостави телесна и душевна отпуштеност. Потребно му е повеќе одмор. Особено критични временски периоди во текот на годината се пролетта и есента.

Потребните протеини најдобро ќе се обезбедат со консумирање благо и кисело млеко, сурутка, посно сирење, изварка, павлака, меко варени јајца, младо говедско или телешко варено месо, варена риба или печена на скара. Во исхраната не се препорачуваат стари ферментирани сирења, јајца пржени на око или пржени со сланина, како ни тврдо варени јајца, масно свинско месо, сушено или чадено месо, колбаси или месо од жилав дивеч.

Потре*ите од масти и белковини најдобро ќе се обезбедат со употреба на маслиново, сончогледово или соино масло. Може да се користи и путер. Не се препорачува сало, сланина, лој или консумирање мајонези.

Најдобро е лебот да биде бајат или да се користи двопек. Да се избегнува леб направен од грубо брашно. Не се препорачува користење на многу шеќер или кондиторски производи (бонбони, чоколада, слатки, торти).

Од зеленчукот треба да се одбегнуваат зелката, кељот, печурките, доматното пире, ренот, 'родквите, а од овошјето не се препорачува јагодестото овошје.

Силните зачини предизвикуваат посебни проблеми, и затоа не се дозволени: црн пипер, сенф, лук, рен, лути пиперки, а од напивките не се препорачува црно кафе, алкохолни пијалаци и газирана минерална вода



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: sneska_v
Датум на внесување: 09.Март.2010 во 16:53
caj od crven kantarion najdobar lek za zeludnikголемо%20гушкање


Постирано од: viks13
Датум на внесување: 11.Март.2010 во 09:50
Диета при проблем на желудникот
Општи принципи: Исхрана богата со белковини, умерено јаглехидрати, храна сиромашна со масти.

Дозволена храна:

•Млеко: обезмастено млеко, јогурт, кисело млеко, младо сирење, урда.
•Месо: сите видови немасно месо и риба.
•Јајце: до три пати неделно, умерена конзумација на жолчка.
•Житарици: леб, ориз, компир.
•Овошје и зеленчук: сите видови.
•Напивки: овошни сокови (кои не се многу кисели), чаеви.
•Слатки: компот, овошни желеа, не многу масни кремови и слатки.
Недозволена храна:

•полномасно млеко,
•топени сирења,
•кајмак,
•мајонез,
•масни меса и риба,
•многу слатки овошја (урма, смоква, суво овошје),
•масни овошја (лешници, бадеми, ореви),
•зеленчук со груби жили и тврда лушпа (праз, кељ, зелка),
•газирани пијалоци,
•алкохол и цигари.
Препораки: После јадењето да не се легнува, малку да се прошета. Вечерата никогаш да не е пред спиење, да се спие на малку подигната перница. Да се избегнуваат обилни оброци, груба храна и храна која ја дразни слузницата (премногу зачинета и кисела храна).

Кулинарска припрема: Варена, печена храна. Да се избегнува пржена и похована храна.

Број на оброци: 4-5 помали оброка.



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk